Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Денес ќе се постави новата табла на „Богородица“

Царинската управа денес на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата.Вчера на сила стапи преспанскиот договор, по што Владата ја задолжи Царинската управа во рок од три дена да го промени името на таблите на граничните премини како и на двата аеродроми во земјата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
knigi

МАИ: Министерството за култура да го ревидира и списокот на прифатени проекти

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) реагира на годинешната распределба на проекти и средства преку Програмата за издавачка дејност и смета дека оваа одлука, исто како и минатата година, придонесува за влошување на состојбите во издаваштвото и обезвреднувањето на работата на издавачите, авторите, преведувачите и другите професионалци во областа.„Годишнава програма ја оспоруваме од повеќе причини, и тоа:1) Внесување нов систем на „бодување“ кој е паушално применуван, без унифицираност и вистинска основаност;2)Намалување на буџетите за реализација во голем број случаи во однос на минати години, како и постоење на двојни стандарди за одредување на износот со кој проектот е поддржан, што посебно ќе се одрази во делот за авторски хонорар;3) Отсуство на почит кон етаблираните издавачки куќи, нивното портфолио, досегашно искуство, број на ангажирани лица, сите аспекти кои гарантираат квалитетна реализација и пласман на поддржаните книги – преку нивно изедначување со новоформирани фирми;4) Поддршка на проекти кои воопшто не можат да бидат сметани за литературни, а не пак за литература со високи вредности, што е еден одглавните критериуми на овој Конкурс;5) Уривање на дигнитетот на авторот преку доделување на рекордно ниски средства за реализација. Наместо да расте од година в година, посебно во делот за оригинални книжевни дела, се деградира и се распределува без постоење на какви било параметри.Како издавачи, бараме Министерството за култура, покрај најавеното ревидирање на отфрлените проекти, да го ревидира и списокот на прифатени проекти и одново, на транспарентен начин да направи нова распределба. Притоа, бараме Министерството да ја има во прв план целта да ја унапреди издавачката дејност и книжевната продукција во Македонија преку поддршка на проекти што навистина ќе придонесат за тоа, а особено да го почитува дигнитетот на авторите и нивните дела, без разлика на кој јазик творат“, велат од Македонската асоцијација на издавачите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Костадинов: Не би го загрозиле датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни избори

СДСМ превзема одговорност пред грѓаните и интересите на државата. Државотворна партија на која на прво место и се овие интереси и не мисли на предвемени парламентарни избори дури и кога рејтингот е многу поголем од оној на опозицијата, изјави Костадин Костадинов по завршувањето на Извршниот одбор на партијата.„Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија не би ја загрозила таа шанса Не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени избори и стопирање на реформите.Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти фер и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. Фер избори на кои ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите ќе бидат поразени.Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар да направи консултации со коалициските партнери како и други парламентарни и вонпарламентарни партии за да дојдеме до консезуален кандидат за претседател на државата“, изјави Костадинов.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-zapleneti-gumi

Расчистена депонија од гуми за греење во Горно Нерези

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези.„Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал.Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување.Нашите инспектори се  постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот“, велат од Општина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
52590202_402317733858020_1998259991462543360_n

Амди Бајрам на церемонијата за НАТО во славната бунда од 20 000 евра

Пратеникот Амди Бајрам денес на церемонијата пред Владата на сега веќе Северна Македонија се појави облечен во истата бунда која ја носеше на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , од каде еуфорично најави дека по изборите ќе го затвори Зоран Заев во кафез и ќе му даде да јаде морков, а за  Радмила Шеќеринска рече дека спаднала на толку ниско ниво, што морала да е посматрач во Шуто Оризари.Цело време додека Амди Бајрам зборуваше на бината во Охрид, во првите редови се смееја и аплаудираа Никола Груевски и целото тогашно раководство на ВМРО ДПМНЕ.По настанот во Охрид Амди Бајрам излезе во јавност и кажа дека тој не носел бунди од зајаци, бундата која ја носел на митингот е како таа на Доналд Трамп, дека е од вистинско крзно на „Нерц“ и дека чинела повеќе од 20 000 евра.ВИДЕО ОД НАСТАПОТ НА АМНДИ БАЈРАМ ВО ОХРИД ОБЛЕЧЕН ВО БУНДА ОД 20 000 ЕВРА 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Села: Размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.„Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец.Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите“ рече Села.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nuit-des-idees-centre

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Францускиот институт во Скопје

Меѓународната манифестација Ноќ на идеите во Скопје, насловена „Како филозофијата ја гледа иднината“, ќе се одржи в четврток, 14 февруари 2019, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје.„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува во сите Француски институт низ светот, на иницијатива на Францускиот институт во Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата помеѓу г-ѓа Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието. Дебатата е отворена за публика и за истата има обезбедено консекутивен превод.Г-ѓа Делфин Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, која е во организација на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 11 до 15 февруари 2019.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sela-2

Алијанса за Албанците: Бараме да се спроведе ревизија во врска со нерегуларностите во Клиничката болница во Тетово

„Сведоци сме на енормна миграција на младите лекари од Северна Македонија во последната декада, која добива размери на епидемија во едно општество која поминува од проблем во проблем, од скандал во скандал, ненаоѓајќи крај на проблемите и прекинувањето на овој канцер со несогледливи последици за здравството на населението во блиска иднина.Ова убивање на надежта продолжува во континуитет и расте после секој оглас за вработување на здравствените работници, поради нерегуларности и непочитување на добиените резултати од тестирањето, поради огромното влијанието на партиите од власта што и понатаму ќе ја зголеми убивањето на надежта на младите и губењето на квалитетни кадри.Почнувајќи од огласите за вработување во градските болници во Кичево, Битола, Гостивар, "8 Септември" и др. овој феномен се шири без контрола и се повторуваше и во минатите недели. Во Универзитетската Клиника за Нефрологија во Скопје примени се тројца лекари и три мед. сестри, од кои ниту еден Албанец  и покрај фактот што имало кандидат кој ги исполнувал условите, а Клиниката нема вработен ниеден лекар Албанец.Најсвежиот скандал е во Клиничката болница во Тетово, каде после завршувањето на тестирањето објавени се резултатите и утредента истите едноставно исчезнуваат и место нив се објавуваат нови резултати, каде се елиминирани првичните кандидати кои ги исполнувале условите за прием и место нив се ставени кандидати кои не го поминале бодовниот лимит или воопшто не  учествувале на огласот. Како пример за неправедност е случајот на колешката Вјоса Илјази од Тетово, која беше второрангирана со 74.80 бодови но елиминирана од страна на комисијата на Клиничката болница во Тетово без да биде дадено конкретно образложение што е преседан и неприфатливо за “граѓанско” и ”демокрастко” друштво.Комисијата за Здраство при Алијансата за Албанците на колегите кои ги исполниле условите за прием им честитаме и им посакуваме успешна работа и понатамошни успеси, додека на раководствата на сите болници опфатени со овој скандал им апелираме и им бараме да  спроведат ревизија на овие нерегуларности и да ги отвараат вратите за најдобрите почитувајќи ја нивната професионална подготвеност а не блискоста со политичките партии дел од власта, бидејќи ова е спротивно на заложбите за деполитизирано здравство, посебно во кадровската политика, со што во голема мера ќе ја намалиме миграцијата во блиската иднина а зошто да не и да ги вратиме нашите лекари во нашите болници, каде им е местото“, се вели во соопштението од Алијаса за Албанците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Преспанскиот договор влегува во сила, нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.– Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер , откако Владата соопшти дека Преспанскиот договор стапи на сила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0152

Заев на средба со претставници на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска, се сретна со претставници на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, на која се разговараше за правилно искористување на природниот ресурс Попова Шапка и беа изнесени конкретни предлози за надминување на досегашни недоследности и иницирање на активности за негово одржливо и хумано управување.На средбата, покрај претставниците на Иницијативата, спортски работници, поранешни и активни скијачи и ентузијасти, предводени од Хамди Сулемани, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Џемаил Јусуфи, управител на „Елем Турс“, компанија-ќерка на А.Д. „ЕЛЕМ“, која управува со туристичкиот центар Попова Шапка.Премиерот Заев и неговите соработници, одговарајќи на конкретни барања на претставниците на Граѓанската иницијатива во врска со одземање на управувањето на „ЕЛЕМ“ со скијачкиот центар, како и стопирање на донесувањето на Урбанистичкиот план за викенд населбата на Попова Шапка и подготовка за концесионирање на скијачко-рекреативниот центар, информираше дека веќе е во тек изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор на прашањата како правилно да се искористат скијачките капацитети без да се наруши природната убавина на овој дел од Република Македонија.„Подготвени сме да разговараме и да ги разгледаме можностите за применување на концептот на јавно-приватно партнерство. Остануваме отворени за соработка со вас, Граѓанските иницијативи за да бидеме интензивни во подобрување на преземените активности“, рече премиерот Заев на средбата, која обете страни ја оценија како конструктивна

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Владата почна со менување на натписите: Називот Република Македонија не смее да го има никаде

По оддржаниот прв состанок, Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, ги донесе следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели.Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака ‘NMK”  за регистерските таблички на возилата. Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности.Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
b9834986-resize-820x0x100

Од денес живееме во Република Северна Македонија

„Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави  во Службен весник.Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани. Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp-2

Нападнат снимател на Би-Би-Си за време на митингот на Трамп

Симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп го нападна снимателот на британскиот јавен сервис Би-би-си Рон Скеанс на митинг во Ел Пасо во Тексас.Тој носел капа со слоганот на Трамповата политика „Да ја направиме Америка повторно голема“, напаѓачот ги пцуел и другите новинарски екипи кои биле таму пред да биде исфрлен.Туркањето, според Скеанс, дошло од неговиот мртов агол. „Не знаев што ќе се случи“, изјави тој.Претседателот Трамп го видел нападот и со кренати палци се обидел да праша дали е сѐ во ред.Скеанс со истиот гест му одговорил дека е во ред, по што Трамп продолжил со говорот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
sneg-605x420

Слаб снег провејува на ГП Деве Баир и на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви. Слаб снег провејува на ГП Деве Баир и на Попова Шапка.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitropolit-petar

Митрополит Петар: МПЦ нема да го менува називот

МПЦ-ОА не планира да го промени своето име и покрај тоа што државата го смени уставното име во Република Северна Македонија, изјави денеска Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Петар.„Ние не можеме никому да му заповедаме, да му наредиме како ќе не вика нас, но ние ќе си се викаме така како што сме. Моите мислења и ставови не се поразлични од ставовите на светиот Синод и остануваме на сите тие ставови. Едно име имаме, така е песната.Ние ќе инсистираме да бидеме признаени под нашето име, што не е случај досега со ниту една црква по етничка основа да биде признаена, туку се признавани еве да споменеме, Цариградската патријаршија, Александриска патријаршија, Ерусалимска патријаршија, Антиохиска црква. Но како и да биде, ние сме биле Охридска архиепископија и ја обновивме Охридската архиепископија и не можеме да бегаме од фактот дека сме биле и сме обновена Охридска архиепископија и Јустинијана прима, бидејќи станува збор за цркви кои биле на нашите простори, на просторите на Република Македонија“, изјави Митрополитот Петар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Levica

Власта да престане да ги третира сиромашните граѓани како вреќа гласови

Иако во буџетот за 2019 година се предвидени значителни дополнителни средства за исплата на социјалните надоместоци, при нивната исплата за месец јануари не дојде до нивно зголемување, велат од Левица.„Со тоа, власта си подигрува со социјално најзагрозените категории граѓани, ветувајќи им дека ќе ја подобри нивната материјална состојба и правејќи политички пресметки кога зголемувањето на социјалните надоместоци може неа да ѝ донесе најголема политичка корист. Покрај тоа, на овој начин власта создава сомнение дека неискористените средства предвидени за исплата на социјални надоместоци на крајот на годината ќе бидат пренаменети во цели кои воопшто не се соодветни.Во драстично зголемениот буџет за 2019 година, кој повторно содржи дефицит, средствата за исплата на социјални надоместоци се зголемени за 2,2 милијарда денари (35 милиони евра). Согласно дополнителните средства што му се на располагање, Министерството за труд и социјална политика уште на почетокот на новата буџетска година требаше да донесе одлуки за повишување на социјалните надоместоци и веќе со јануарската исплата на надоместоците да ја изврши корекцијата. Тоа луѓето кои едвај врзуваат крај со крај го исчекуваа и недозволиво бесчувствително од власта е што ноншалантно си подигрува со очекувањата на луѓето во социјален ризик.Кога власта ќе ги зголеми социјалните надоместоци согласно дополнителните буџетски средства со кои располага? Дали тоа ќе го искористи за да прибире повеќе гласови за себе на претседателските избори? Или, ќе ги користи претседателските избори како изговор за уште неколку месеци да ја држи висината на социјалните надоместоци на старото, ниско ниво? Што планира власта да направи со парите што беа предвидени за зголемување на социјалните надоместоци, а кои нема да бидат искористени до крајот на годината?Левица бара од Министерството за труд и социјална политика под итно да го зголеми износот на социјалните надоместоци согласно дополнителните буџетски средства кои се предвидени за таа намена. Исто така, бара од Министерството да ѝ објасни на јавноста зошто при исплатата на надоместоците за јануари износот на социјалните надоместоци остана ист како досега“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична за скопјанец во чиј дом биле пронајдени хашиш и марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 06.02.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Милан Зечар” во Скопје, при што пронашле и одзеле хашиш, марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vucic-111

(ВИДЕО) Вучиќ: Да изгубев на референдум како Заев ќе си поднесев оставка

„Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа, потенцираше српскиот претседател во своето интервју“, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ .Тој во гостувањето даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-22

Прилепчанец управувајќи моторцикл излетал од коловозот

На 11.02.2019 година во 11.50 часот на патот с. Големо Радобил - Прилеп, Д.Д.(24) од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ministerstvo-za-kultura-5

Стручната комисија при Министерството за култура : За „Златно славејче“ направивме грешка, другите апликации се разгледуваат

Стручната комисија при Министерството за култура по повторното разгледување на одбиените апликации, утврдила дека направила пропуст во документацијата во случајот со детскиот музички фестивал “Златно Славејче”. Фестивалот ќе добие пари од Годишната програма за финансирање на проекти од културата.„Човечки е да се згреши, ние згрешивме во одбивањето на пријавата на фестивалот Златно славејче. Фестивалот имал целосна документација и ќе добие пари од Министерството за култура“, рече денес Плеурат Гаши, претседателот на Комисијата за фолклор и музичко-сценска дејност при Министерството.Од Комисијата додаваат дека досега преразгледале околу 100 апликации.Засега нема рок по кој стручните комисии треба да одлучат по повторното разгледување на одбиените предмети. Станува збор за над две илјади апликации, од кои најголем дел конкурирале за пари од музичката дејност.Јавноста, но и засегнатите јавно го искажуваат револтот откако министртвото за култура ги одби најголемите и најреномираните музички и фолклорни фестивали.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања