Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
dimce-nepotizam

ВМРО ДПМНЕ обелодени нов случај на непотизам: Пратеничка на СДСМ си го вработила синот во МВР

Стана всушност секојдневие за пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска, инаку меѓу народот позната како Мира Дизел, да дознаеме дека бил ангажиран некој близок од нејзиното семејството во државна институција за многу висока плата, истакнува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.-Откако се вработија синот и нејзиниот брат, последна информација е дека и нејзиниот сопруг Илчо Стојчевски е назначен за командир на шумската полиција во Делчево на ден 11.02.2019 година односно понеделник. Да потсетиме на 11. февруари со работа почнаа и нејзиниот син и нејзиниот брат, а сега и нејзиниот сопруг. Многу среќен ден е овој датум за семејството на Мира Стојчевска, па можеби треба да го земе и за куќна слава. Очекуваме дека Мира Стојчевска и за ова нема информација или пак повторно е изненадена и воопшто не знае. Ова веќе не е непотизам. Ова е епидемија од непотизам од кое што во само еден ден се заразило целото едно семејство Стојчевски. Ако веќе не е новост да разбереме дека член од семејството на Мира Стојчевска се вработува, тогаш денес ќе ви посочиме за уште еден скандалозен случај на вработување на член на семејството од уште еден пратеник од редовите на СДСМ. Имено, според кои критериуми е вработен синот на пратеничката на СДСМ од Радовиш, почитуваната Милева Ѓорѓиева, нејзиниот син се вика Стојче Ѓорѓиев, како инспектор за јавна безбедност во МВР без огласување на јавен оглас? Патем мора да потенцираме и да и обзнанеме на јавноста дека синот Стојче е пријавен на оваа работна позиција со средна стручна спрема, замислете, фармацевтски техничар. Фармацевтски техничар како инспектор за јавна безбедност, истакна тој.Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали е тоа така само затоа што е син на Милева-Ѓорѓиева?-Ова веќе е болна работа, ова веќе е епидемија на непотизам кое може да се реши само на еден начин. А тоа е СДСМ да не бега од избори и излезе на избори каде што народот ќе си го каже своето мислење за нив. Нема човек во државата кој не е разочаран кога гледа дека без критериуми се вработуваат синови, ќерки, сопрузи, браќа, сестри, мајки, баби, дедовци на и сите останати роднини, блиски и подалечни кои што се роднини на партиските функционери на СДСМ. Веќе и на членството на СДСМ им е јасно дека си имаат работа со криминален картел кој гледа за себе да си обезбеди високи плати за семејството, високи бизниси, огромни тендери, огромни грантови и на тој начин да се натоварат што побрзо дури не паднале од власт, бидејќи деновите им се одбројани. Оваа криминогена екипа од СДСМ веќе знае дека нивниот политички крај се ближи бидејќи ништо не направија за граѓаните и државата. Единствено уништија и напакостија. Времето и народните пари ги трошат единствено за нив и нивните семејства, порача Арсовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
36963485283_527d51a418_o-1

(ВИДЕО) Пародија на УМС Прилеп - кучето на Мира Стојчевска во Граничната полиција

По информациите дека пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска успеа да си го вработи синот во ЕЛЕМ, братот во РЕК Битола и да го унапреди својот маж во командир на шумската полиција во Делчево, денеска се појави пародија подготвена од УМС Прилеп.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabla-severna-2

(ФОТО) Добредојдовте во Република Северна Македонија

Бројни го проследија поставувањето на првата табла со новото уставно име на граничниот премин „Богородица“, каде што надлежните служби ги поставија лепенките со називот Република Северна Македонија.Називот на нашата земја е напишан на македонски и англиски јазик. Не станува збор за нова табла, туку промената е направена со налепница врз стариот натпис.Инаку новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Службен весник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
daniela

Исчезна Даниела Пецевска од скопско Драчево, семејството моли за било каква информација

Семејство од Скопје моли за помош. Исчезнато е лице Даниела Пецевска од скопско Драчево. Доколку ја имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309.Последно забележана во реон на скопски Аеродром.

Македонија | пред 7 години

7 год.
forum_za_zdravstvo_4

(ВИДЕО) Заев и Филипче на Национален форум за здравство, организиран од СЗО

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, учествуваа и се обратија на Националниот форум за здравство „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Северна Македонија“, кој во Скопје беше организиран од Светската здравствена организација (СЗО).„Создавајќи сигурен и цврст здравствен систем, систем којшто за сите ќе нуди беспрекорни услуги, Република Северна Македонија истовремено исполнува една од 17-те цели за одржлив развој, од Агендата за одржлив развој, 2030-та година на Организацијата на Обединетите Нации. Постигнување на целите кои се содржани во целта за одржлив развој под број 3, којашто вели „Обезбеди здрав живот и промовирај благосостојба за сите граѓани, на сите возрасти“, може да се направи исклучиво преку унапредување на превентивната здравствена заштита“, подвлече премиерот Заев говорејќи за темата на денешниот Форум.Премиерот Заев посебно истакна дека фокусот на Владата е да обезбеди и гарантира што поквалитетна примарна здравствена заштита за сите граѓани, како еден од носечките столбови на целиот здравствен систем, посебно осврнувајќи се и на важноста на вклучувањето на сите останати фактори како социјалните, економските и еколошките влијанија вклучително и планираните кампањи за физичкото здравје остварувани преку образовниот процес.„Годинава во буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што во споредба со 2018 година, е за околу две милијарди денари повеќе“, рече премиерот Заев, додавајќи дека во таа насока за постигнување на социјална и здравствена еднаквост, се преземаат координирани политики на неколку нивоа и во неколку сегменти, вклучувајќи измени на одредени закони и прописи, промена на средината, како и информативни и едукативни кампањи.За измените на законските регулативи како еден сегмент во настојувањата за подобрување на целокупниот здравствен систем и превенцијата и грижата за мајките и децата, старите и ранливите групи на населението, како дел од примарната здравствена заштита, говореше министерот за здравство Филипче, кој пред аудиториумот на Форумот ги изнесе и анализите од секундарната и терцијалната здравствена заштита како дел од севкупниот систем.„Со добар систем, за релативно кус период успеавме да ја намалиме новороденечката смртност. Условите на Клиниката за гинекологија и акушерство, ги доведовме на ниво, каде новороденечката смртност е намалена за 8 процентни поени или од 25 на 18 отсто. Ги подобруваме условите секаде каде има деца на лекување, купуваме нова опрема, образуваме и вработуваме соодветен стручен кадар.Одобрена е набавка за осум мамографи во вредност од 85 милиони денари. Мамографите ќе се дистрибуираат во цела Северна Македонија, каде што е најкритично и во руралните средини. До граѓаните ги доближуваме програмите за скрининг и превенција од рак на дојка и цервикален карцином“, информираше министерот Филипче, кој подвлече, дека со поддршка на СЗО во нашата држава се спроведуваат низа проценки на системот за спроведување на здравствените услуги со посебен фокус на примарната здравствена заштита.„Целта беше да се добијат докази на кои ќе се заснова нашата нова визија и нашите планови. Нов модел кој ќе одговори на предизвиците и ќе се заснова на зајакнување на примарната здравствена заштита како основ за обезбедување подобро здравје и здравствен систем воопшто. Но, исто така и да го намалиме оптоварувањето во болничкиот сектор и да најдеме решение за предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници“, оцени министерот Филипче.На Форумот, на кој беа презентирани резултати од истражувања, модели како и услови за нивна интеграција и имплементација за примарната здравствена заштита во Република Северна Македонија, воведно обраќање имаше и Ханс Клуге, директор на одделот за здравствени системи и јавно здравје во рамки на Светската здравствена организација (СЗО).

пред 7 години

7 год.
delegacija_1

Делегација предводена од Главен технички преговарач Бојан Маричиќ се сретна со Претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс

Во рамки на објаснувачкиот скрининг за Поглавје 18 - Статистика во Луксембург, делегација предводена од Посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и главен технички преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, во придружба на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, оствари средба со Претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс.На средбата, Претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс упати искрени честитки до Владите и Парламентите на Република Северна Македонија и Република Грција за надминување на 27-годишната разлика во уставното име меѓу двете земји потенцирајќи дека Договорот од Преспа е доказ дека Европската унија се уште е мировен проект.Во разговорот, претседателот Ленартс рече дека владеењето на правото е камен темелник на Европската унија и е заедничка одговорност како на земјите членки, така и на идните земји членки. Потенцираше дека за демократија, владеење на правото и почитување на човековите права е потребно време, но и голема волја. Тој исто така ги истакна потребата од подобрување на ефикасноста на судската администрација и дигитализација на судството како клучни актуелни прашања за европското правосудство.Главниот технички преговарач Бојан Маричиќ се заблагодари на упатените честитки, објаснувајќи дека Европската унија имаше круцијална улога во враќањето на демократијата во нашата земја, во реформирањето на судството и борбата против корупцијата како приоритетна област, како и во решавањето на отворените прашања со соседите. Маричиќ посочи дека поддршката на ЕУ и залагањата на Владата го отворија патот на Северна Македонија за одлука за почеток на преговорите за членство која ја очекуваме во јуни 2019 година.На крајот од средбата, нашата делегација упати покана до Претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс да ја посети Република Северна Македонија, за поблиску да се запознае со спроведувањето на реформите и да даде дополнително охрабрување и мотивација на нашите институции и граѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
emuc-1

Започна изградбата на спортска сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Во дворот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ започна изградбата на спортска сала, што се изведува во рамки на проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид.Спортската сала ќе се протега на површина од 650 метри квадратни, и ќе биде опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката на изградбата ќе зависи и од временските услови. Предвидено е таа да биде пуштена во употреба на почетокот од наредната учебна година.Во рамки на проектот предвидена е и замена на постојната покривна конструкција, како и замена на дотраената дрвена дограма со нова. Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО поднесе обвинителен предлог против четири лица вработени во Катастар - Консултанти од Србија им ги полнеле џебовите

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување и спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности, склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод Србија.Договорите биле склучени на ист датум во декември 2016 година, во рамките на Проект за управување со недвижности, а врз основа на нив на обвинетите им биле исплаќани средства во текот на повеќе месеци во 2017 година. На овој начин, секој од обвинетите, во зависност од својот ангажман, за себе прибавил противправна имотна корист од поголема вредност – односно 1.000.541 денари, 763.031 денари, 753.072 денари и 930.378 денари соодветно.

пред 7 години

7 год.
angelov-sdsm

И Претседателот на СДСМ Гостивар доби работа во ЕЛЕМ

И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов доби работа во државната ЕЛЕМ, дознава ТВ 24.Тој од пред некој ден е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“. Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата дека со последниот оглас кај нив добил работа и Ангелов, како инженер за машинско одржување, на неопределено време.Текстот во целост на 24.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
7478438452_99cbe66773_b

Проф. Плевнеш до Фрчковски: П***рче ниедно педофил импотентен и смрден албанизиран и содомизиран од Сатана лично“

Константин Плевнеш, кој предава на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, континуирано објавува коментари со говор на омраза на својот Фејсбук профил, објаави civilmedia.mk.Порталот пишува:Меѓу останатите, пораки со говор на омраза беа упатени кон новиот декан на Универзитетот ФОН проф. д-р Љубомир Фрчковски и проф. д-р Катерина Колозова.Во една од објавите пишува: „Љубомир Данаилов Фрчковски е п***р и педофил али импотентен“.Јавните изливи на „патриотизам“ на Константин Плевнеш се преполни со вулгарности, омаловажување, навреди и говор на омраза, не само кон лицето кон кого е упатена пораката, туку и кон цели категории на луѓе.Без оглед на личните несогласувања, неприфатливо е еден професор да користи таков речник воопшто, а да не зборуваме за јавен говор. Во случајов, неговите студенти и нивните семејства можат да посведочат на ниското ниво на јавна комуникација на нивниот професор.Текстот во целост на: civilmedia.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И Кирацовски по стапките на Мира Стојчевска - го вработи својот дедо во ЕЛЕМ

Борче Поповски таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ , Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ во Битола пишува Лидер.Кирацовски тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.-Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови, изјави Кирацовски, пренесе ТВ24.Минатиот месец Мери Поповска, мајка на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
36963485283_527d51a418_o-1

И сопругот на пратеничката Мира Стојчевска унапреден во командир во шумска полиција

За само два месеци, пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска успеа да си го вработи синот во ЕЛЕМ, братот во РЕК Битола, а најново и да го унапреди својот маж во командир на шумската полиција во Делчево.Илјо Стојчевски, сопругот на пратеничката, од јануари станал командир на шумската полиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Lufthansa

Авиокомпанија „Луфтханза“ поднесе тужба против еден патник, кој не се појавил на лет

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ поднесе тужба против еден патник, кој не се појавил на лет за последната делница на патувањето. Патникот патувањето го резервирал и платил.Како што јавува Си-ен-ен, станува збор за пракса која ја користат некои патници за билетот да го платат поевтино. Патниците кои преседнуваат на некоја локација не го продолжуваат патот до крајната дестинација бидејќи патувањето така им е поевтино.Луфтанза сега го тужи патникот кој купил билети за повратен лет од Осло за Сиетл, со преседнување во Франкфурт. Патникот се појавил на сите летови, но не се појавил на повратниот лет од Франкфурт за Осло. Наместо тоа, букирал друг лет на Луфтханза од Франкфурт до Берлин.Германската компанија од патникот бара 2.112 евра компензација.

Свет | пред 7 години

7 год.
titanik

Поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко, одложено судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска не се одржа рочишта за случаите „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.Судијата Осман Шабани рече дека со писмен поднесок од 12 февруари 2019 година бил информиран дека Ендмонд Темелко е спречен да присуствува на денешната расправа поради нарушена здравствена состојба.Адвокатот на Темелко кажа дека обвинетиот е хоспитализиран и е на болничко лекување во Струга.Во судница не беа спроведени од домашен притвор и обвинетите Мунир Пепиќ и Миле Јанакиески.Обвинетиот Илија Димовски го извести судот дека од 13 до 21 овој месец нема да може да присуствува на рочишта бидејќи како шеф на делегација на Собранието ќе присуствува на Парламентарно собрание на НАТО.Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување материјални докази.На минатото рочиште меѓу другото беа прикажани службени белешки, партиски известувања, изјави од лица, потврди за одземени предмети…Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 27 февруари поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

пред 7 години

7 год.
gdu

ГДУ: Младите одамна ни отидоа од земјава, останаа само оние што се докажуваат дома пред тато и мама, за да ја наследат нивната функција

Вчера излезе извештај на Голд брокер, според кој нашата Македонија се наоѓа на 6-то место. Не е лошо местото, туку е лоша основата на која е правен извештајот. Истиот извештај е за стапка на невработеност и според истиот Македонија со 20% невработеност е на делба на 6-то место со Ангола. Полошо котираат од нас Босна и Херцеговина (35%) и Косово (30%), велат од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Тие додаваат:Извештајот кој е изработен е невалиден и заснован на стари, непроверени, не update-ирани податоци, кои најверојатно се од времето на Режимот. Нашата нова Влада со сите сили се бори со невработеноста и според сите статистички показатели (јавно објавени и лесно достапни) невработеноста е целосно искоренета и сега имаме 100% вработеност.Ама вработеност во семејствата на функционерите. Проектот Минимум едно вработување од секое семејство на функционер ги надмина очекуваните и предвидени резултати, па вроди со плод што никој не го очекуваше. Нема дете, жена, родител, роднина по права или странична линија или сватовство што не е вработен. Зачудува и фактот што сите се сместени во државната администрација.Со тоа се оневозможува нивниот претприемачки дух и се гаси иницијативата за сопствен бизнис и за енормни заработки преку тендери (малку филувани и поднаместени), но во корист на нашата напатена земјичка, сите тие сложно решија да земаат плата од заедничкиот буџет. Колку и да е истата плата, барем редовно се зима, а и за намален број на работни часови.Сега државните институции и претпријатија се полни со висококвалификувани и обучени кадри со звучни имиња (Фрчковски, Бучковски, Џафери, Бејта, Грчев) што е огромен плус за нас. Странските инвеститори веруваат на докажани и проверени кадри, кои со сопствени напори и мака се пробиваат на пазарот на трудот и ги земаат најдобите места. Затоа и странците (во широк лак) не заобиколуваат како земја за инвестирање. Си станавме дупка за складирање на светскиот отпад.Младите, квалификувани и паметни веќе одамна ни отидоа од земјава. Останаа само оние што се докажуваат дома пред тато и мама, за да ја наследат нивната функција, од Бога дадена и пренослива по крвно сродство.Е вака- НЕМА ДА НЕ БИДЕ!!!, велат од Центарот за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ

Македонија | пред 7 години

7 год.
Belgija

Генерален штрајк во Белгија

Во Белгија денеска парализирани се воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, а затворени се и стотина фабрики, поради генералниот штрајк на работниците низ земјата, кои бараат повисоки плати.Според белгиските медиуми синдикатите протестираат против лимитирањето на платите во време на економски раст и бараат подобри услови за предвремено заминување во пензија, минимлна плата и подобро стручно усовршување.

Свет | пред 7 години

7 год.
mnr-logo

Конечната Спогодба влегува на сила: Доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН

Вчера било доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји, велат од МНР.Од таму додаваат дека Вербалните ноти до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка сме, ќе бидат испратени во најкус можен рок, тој процес е во тек.

Македонија | пред 7 години

7 год.
den-na-evropa

Претседателка на ЕДРМ до Адеми: Со одбивањето на проектот „Ден на Европа“ згаснува една препознатлива традиција

Претседателката на Европското движење на Република Македонија проф. д-р Милева Ѓуровска испрати отворено писмо до министерот за култура Асаф Адеми. Во писмото се вели:Откако Министерството за култура на 8 февруари ја објави Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година, стана јасно дека не е одобрен проектот на Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа.Би сакале да Ви укажеме дека бурните реакции од јавноста се сосема оправдани ако се знае дека со одбивањето на овој проект директно се минимизира значењето на европските вредности, кои ние секоја година ги промовираме преку низата активности опфатени со него, меѓу кои препознатливиот студентски ораторски натпревар, изборот на европска личност на годината (меѓу кои беа Тоше Проески, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски...), потоа детскиот ликовен конкурс во кој учествуваат дечиња од осум основни училишта, традиционалниот масовен планинарски марш на Водно и уште неколку слични манифестации по повод Денот на Европа.Со одлуката да се прекине реализацијата на проектот, исто така, се придонесува да згасне една долгогодишна и препознатлива традиција за одбележување на Денот на Европа, која почна уште од осамостојувањето на Република Македонија, поздравена и од Европската делегација во Република Македонија и од речиси сите амбасади на земјите-членки на Европската Унија во Република Македонија.Сметаме дека е скандалозно да се прекине европска традиција на македонската општествена сцена токму во време кога Република Македонија прави невидени напори и жртви со цел да се приближи кон членството во ЕУ и кон европските вредности, чие негување се обидува да го спречи токму Министерството со кое раководите.Активностите за одбележување на 9 Мај не само што ги промовираат овие европски предности преку стимулирање на креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија на возраст од 7 до 77, туку целосно ги исполнуваат и условите кои ги дефинира и самото Министерство за култура, а тоа се негување и поттикнување на културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој.Затоа, сметаме дека одлуката да не се поддржи проектот на ЕДРМ за одбележување на Денот на Европа е неоправдана и бараме да ја преиспитате уште еднаш, впрочем како што и самите Вие и ветивте на јавноста и како што дури и премиерот Зоран Заев најави.Ви стоиме на располагање да ги дополниме или коригираме евентуалните забелешки или пропусти во одност на техничката документација, за која тврдиме дека е комплетна и уредна исто како и сите претходни години, се вели во писмото од Претседателката на Европското движењење Република Македонија Ѓуровска до министерот за култура Асаф Адеми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Biznis

Стопанските комори спроведоа истражување за оцената на бизнис средината во Македонија

Преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата, одржа презентација на годишното истражување за оцена на бизнис средината во Македонија за 2018 година. Ова истражување се спроведува веќе трета година по ред, на репрезентативен примерок кој го претставува македонскиот бизнис сектор. Добиените резултати треба да им помогнат на стопанските комори и останатите креатори на стратешките државни политики за подобро разбирање на моменталната ситуација во бизнис секторот во Македонија, особено во делот на најчестите предизвици со коишто секојдневно се соочуваат компаниите при извршување на своите активности."Силна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е важна за создавање на деловно опкружување кое ќе го поддржи и поттикнува растот. Силната и енергична мала бизнис заедница е од суштинско значење за да се изгради столбот на секоја економија и ги повикувам сите тука да се посветат во развивањето и приоретизирањето на овој важен сектор во општеството", изјави Гречен Биркл, вршител на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Македонија.Резултатите покажуваат дека во споредба со изминатите две години информациите поврзани со законската усогласеност постепено се зголемуваат меѓу компаниите. Во согласност со ова, во 2018 година резултатите покажаа позитивен тренд од 35% во споредба со 2016 година, каде компаниите пријавиле зголемено ниво на вклученост во развојот на деловната регулатива. Во однос на целокупната проценка на националното законодавство, компаниите посочија дека сивата економија е едно од клучните прашања кои го попречуваат растот на деловниот сектор во Македонија. Се посочува дека решавањето на ова прашање ќе го подобри деловното опкружување и ќе им помогне на компаниите да го подобрат своето работење. Покрај тоа, повеќето од испитаниците како најголеми приоритети на коишто треба да се работи во наредниот период ги наведоа реформите за создавање ефикасен судски систем и овозможување стабилно макроекономско опкружување. Сепак, генерално, компаниите веруваат дека во изминатите 3 години земјата ја зголемила својата регионална конкурентност во трката со другите земји од западен Балкан.Коморите со досегашните напори за застапување веќе дадоа конкретни резултати кои носат придобивки за приватниот сектор во Македонија. Досега намалени се казните за мали даночни и царински прекршоци , а рокот за приватизација на земјиштето е продолжен; со финализирање на новиот Закон за јавни набавки кој и официјално е донесен пред две недели, се очекува да се зголеми транспарентноста, да се овозможи подобар квалитет на набавките, да се зголеми конкуренција и да се цели кон подобра контрола во јавните набавки; новиот Закон за практикантство и новиот Закон за инспекциски надзор, кои наскоро треба да бидат усвоени, исто така беа подготвен врз основа на добиените информации од приватниот сектор.Стопанските комори и понатаму ќе ги обработуваат и анализираат резултатите од истражувањето со цел да се развијат конкретни предлог политики за подобрување на деловната клима и олеснување на управувањето на бизнисите. При тоа коморите ќе ја користат Платформата за јавен приватниот дијалог, која претставува механизам за олеснување на дијалогот помеѓу клучните претставници на владата и приватниот сектор, со цел да се изнајдат решенија за надминување на идентификуваните предизвици кои придонесуваат за неповолно деловно опкружување. Во текот на првата седница на Комисијата за јавно приватен дијалог која се одржа во декември минатата година, коморите презентираа 38 предлог политики поврзани со градежништвото, урбанизмот, јавните набавки, туризмот и управувањето со отпадот, при што истите и директно беа претставени пред заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и релевантните министри кои се дел од овој механизам. Ваквите препораки во моментот се земени предвид при креирањето на идните реформи кои го засегаат бизнисот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
karpos-deponija-1

Расчистена дива депонија на бул. „8 Септември“

Комуналните служби на Општина Карпош во континуитет работат на отстранување на новонастанати депонии од отпад на своја територија. Така вчера исчистија уште една дива депонија, долж булеварот „8 – ми Септември“, во Тафталиџе 1.По пријава на повеќе граѓани и Здружението на граѓани – Македонски центар за одржлив развој и конкурентност – Скопје (МЦОРК), хигиеничарите отстранија поголемо количесто на пластика, стакло и друг вид отпад.Општина Карпош продолжува со секојдневната грижа за животната средина и расчистување на диви депонии по јавните површини.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања