Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Каменуван патнички воз на релација Скопје – Кичево

На железничката пруга помеѓу Сарај и Кондово, вчера, попладне, бил каменуван патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево при што нема повредени лица.Како што соопшти МВР, во инцидентот што се случил во 17.45 часот, е скршено прозорско стакло.

Македонија | пред 7 години

7 год.
aaaaaaaa

Најголем број од жртвите се млади: Идентификувани 14 загинати во трагедијата кај Ласкарци

Зоран Давидоски, Јовица Трпевски, Ајден Исмаили, Реметула Абдурахими, Онур Садику, Бобан Аврамоски, Бесим Камбери, Есад Емрули, Трпана Јовановска и Павле Костовски се меѓу 14-мина загинати во автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.Ајден Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водичЗоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.Раметула Абдурахими, работел во администрација во СкопјеЈовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК ГостиварОнур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје, чие семејство живее и работи во хрватскиот град ПоречБесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во СкопјеБобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОНПавле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на МакедонијаТрпана Јаневска, од ГостиварВалдете Хамити (1989) од ДебрештеЕсад Емрули од ГостиварБејза Узеири од БањицаБесим Фетаи од ВрапчиштеДејан Ристоски, вработен во Народна БанкаПричините за несреќата се уште се утврдуваат.Директорот на Институтот за судска медицина, Алексaндар Станков за МИА изјави дека е завршена е обдукцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubid-3

Нема алкохол и дрога во крвта на возачот на автобусот

Надлежниот јавен обвинител од скопското Обвинителство заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи информира дека во 13.15 минути го завршил увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени. Поради тежината на настанот и обемот на истражни дејства, во овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител.„Автобусот на компанијата 'Дурмо турс', кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти, излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детаљно техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет, која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење“, соопшти Обвинителството.На самото место со јавниот обвинител била присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде што треба да бидат изготвени писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.Од Обвинителството информираа дека јавниот обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ за дозволите за јавен превоз што ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени билети во автобусот што сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите што ги поминал возачот на критичниот ден.Обвинителството соопшти дека возачот што управувал со автобусот е хоспитализиран поради телесни повреди. „Веднаш по несреќата, јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон“, соопштија од Обвинителството.На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител, извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, а за едно лице обдукцијата е во тек. Од екипите на MВР, по завршениот увид, до скопското Обвинителство ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фотодокументацијата и други обезбедени материјални докази.Во зависност од утврдените факти Обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

Претседателот Иванов упати сочувство до семејствата на загинатите патници

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до семејствата на загинатите патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.Почитувани,Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово.Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување.д-р Ѓорге Иванов

Македонија | пред 7 години

7 год.
traka-crna

Идентификувани 14 те загинати во автобуската несреќа

Во трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи кај селото Ласкарци загинаа 14 лица, сите се од Гостивар или околните села.1. Ајден Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водич,2. Зоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.3. Раметула Абдурахими, работел во администрација во Скопје,4. Јовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК Гостивар5. Онур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје,6. Бесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во Скопје7. Бобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН8. Павле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на Македонија9. Трпана Јаневска, од Гостивар10. Валдете Хамити (1989) од Дебреште11. Есад Емрули од Гостивар12. Бејза Узеири од Бањица13. Бесим Фетаи од Врапчиште14. Дејан Ристовски, вработен во Народна БанкаПричините за несреќата се уште се утврдуваат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zemon

Илија Максимовски на ФБ: МВР Веднаш да го приведе Рубин Земон!!!

Колку сака нека биде пратеник,советник на Заев,лидер на политичка партија и професор,. . . за изјавата дека има информации според кои несреќата кај Ласкарци е терористички акт нарачан и организиран од странство Рубин Земон,ако веќе не е досега приведен, мора ВЕДНАШ да биде приведен и подложен на полициска обработка за неговата поврзаност со несреќата во која загинаа, засега 14 лица, напиша на ФБ новинарот Илија Максимовски.Тој во својот пост додава:Пратеничкиот имунитет не е никаква пречка за приведувањето и безбедносна антитерористичка обработка на Земон, особено што истрагата за несреќата е во тек а доколку има и малку вистина во тоа дека се работи за тероризам, се поставува прашањето дали може да се случат и други „ несреќи „ ?П.С. Лично сметам дека Рубин Земон, иако е пратеник, советник на Премиерот Заев, професор на сомнителен факултет, . . . е будала и политички шарлатан и уште една катастрофална грешка на Зоран Заев и Владата, но, тоа не го штити од законска постапка. Самото објавување на содржина дека : Земон : „ Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара„ - е кривично дело според КЗ.https://www.facebook.com/ilija.maksimovski.16/posts/1183395551816201Инаку Максимовски реагира на постот на ФБ на пратеникот Рубин Земон, во кој тој напиша дека постои можност вчерашната автобуска несреќа, во која официјално загинаа 15 лица, а неколкумина се борат за живот, да е нарачана од странство.Според него треба да бидеме претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, бидејќи можно било на некои сили тоа да не им одговара.– Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни! – напиша пратеникот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crven-krst

30.000 денари од Црвениот крст на РМ за семејствата на загинатите

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредени граѓани во трагичниот настан од автобуската несреќа која се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово.Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство.Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани, велат од Црвен крст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pavle

ОПМ: Нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски го загуби својот живот во трагичната несреќа

Со голема тага соопштуваме дека нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски го загуби својот живот во трагичната несреќа на 13.02.2019. Нашите мисли се со семејствата на починатите. Нека им е вечна слава!, објавија од Организацијата на портошувачи на Македонија на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/organizacijanapotrosuvacitenamakedonija/photos/a.1531710563710170/2212147505666469/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
ambasada-sad

Бејли на Твитер: Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи

Амбасадорот Џес Бејли на Твитер објави фотографија од знамето пред Амбасадата на САД кое е на половина копје поради загинатите во вчерашната автобуска несреќа.„Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување, напиша амбасадорот Бејли на Твитер.https://twitter.com/AmbBaily/status/1095985030504112128?fbclid=IwAR34cgkX9dEukWE8mV_2ABsDde-j3hmNsGFZxBKrsZ3LTC4KdHVtl0EWf4Y

Македонија | пред 7 години

7 год.
boban-FON

ФОН објави дека во несреќата загинал и студентот Бобан Аврамоски

Почитувани, со длабоко жалење ве известуваме дека во вчерашната трагична несреќа загина и нашиот студент на Факултетот за дизајн и мултимедија - Бобан Аврамоски. Изразуваме длабоко сочуство до неговото семејство и семејствата на сите загинати. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, објавија од ФОН на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/FONUniversity/photos/a.303830677698/10157855961032699/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
pocinati-nesreka

На социјалните мрежи се изразува сочувство

Се открива идентитетот на починатите во автобуската несреќа. Иако официјално се уште не се споделени целосни информации, на социјалните мрежи, веќе се изразува сочуство.Досега во јавноста се објавени идентитетите на 4 од загинатите лица.Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово. Погребот на момчето ќе се одржи денеска.Меѓу загинатите е и Раметула Абдурахими.Град Скопје објави дека настрадал и нивни вработен, колега и пријател Зоран Давидоски.Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар, воедно и син на пратеникот од редовите на СДСМ, Благојче Трпевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

Мицкоски во посета на повредените: Македонија е во црно поради страшната несреќа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека бил во посета на повредените од вчерашната несреќа.„Штотуку бев во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа во Градската општа болница 8-ми Септември.Им посакав побрзо закрепнување и враќање во секојдневниот живот кај нивните најблиски, силна волја, утеха и надеж, нашите молитви се со нив.Македонија е во црно поради страшната несреќа.Голема е тагата за оние кои ги загубија животите. Слава им.Бог да е со нивните семејства во овие тешки мигови“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
komemorativna-sednica-gostivar

Kомеморативна седница во чест на загинатите во сообраќајната несреќа – Советот на општина Гостивар прогласи тридневна жалост

Во чест на жртвите од трагичниот настан жариште што се случи вчера, како последица на сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Гостивар, во салата на Советот на општина Гостивар, се одржа комеморативна седница на која присуствуваа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорѓи Иванов, министри, пратеници и други личности од општествено-политичкиот живот.На почетокот на комеморативна седница, градоначланикот Таравари побара од присутните да оддадат едноминутно молчење, а на крајот, претседателот на Советот на општината, Насир Муслиу прогласи тридневна жалост на општинско ниво, и тоа 14, 15 и 16 февруари. По комеморативна седница, присутините се запишаа во книгата на жалост која беше отворена специјално за оваа трагедија.Со утешни говори, на присутните им се обратија градоначалникот Арбен Таравари премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге ИвановГоворот на градоначалникот Таравари ви го пренесуваме интегрално:“Пред да го започнам мојот говор, ве молам за едноминутно молчење во чест на вчерашните жртви.Нека им е вечна слава!Гостиварци! Вчера, смртта за само еден час зеде 14-тина од нас! 14 човечки животи, 14 прекинати приказни во мрачното попладне на 13 февруари 2019! Тие патуваа за во своите домови, се враќаа во Гостивар, но не било пишано тоа биде уште еден ден од нивниот живот!Умирачките никогаш не биле лесни, како што е и денес, кога нивната тежина едвај ми дозволува да ги артикулирам зборовите! Но, сепак, тоа е Божјата волја и со трпение треба да се покориме на сето она што Бог го напишал … и покрај тоа што болката на овие 14 семејства, кои се и мое семејство, семејство на цел Гостивар денес е толку големо што ова е едно од најстрашните искушенија во историјата на нашиот град.Како лекар по професија, во мојата работа сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија која е седната со вкрстени нозе во нашиот град! Никој не знае кои биле нивните последни мисли, но никој од нив не знаел дека ќе го загуби животот во еден ден како вчерашниот кога се враќаа дома. Болката им останува на оние кои преживееја, болката останува наша! Многу е тешко да ја контролираме нашата болка, особено мајките, децата, татковците, сестрите, браќата, оние кои се директно погодени од несреќата! Тешко ми е да го држам овој говор денес, знаејќи дека мои луѓе го загубиле животот, но тие му се предале на Бога и, се разбира, тие се во најдобри раце!Велат дека катастрофите ги зближуваат повеќе оние кои остануваат, нека биде и оваа таква! Од овој немил ден нека разбереме сите колку е важно да се сакаме и почитуваме меѓусебно, како што се живи, дека животот е краток за да се одложи плановите за човештвото, почит и посветеност! Уште еднаш се свртев на 14 жртви! Го молам Господ да прости и да го прифатам што е можно поблиску, се молам за да ги зајакнам членовите на нивните семејства, молете се за нас за Гостивар!Во оваа сообрачќајна трагедија, повеќето преживеале, 30-тина од нив се лекуваат во болница, и не се во животна опасност! Му се молам на Бога да им дадам целосно опоравување на сите нив, и ја повикувам државата да им помогне што е можно повеќе на семејствата погодени од оваа несреќа! Им благодарам на сите државни институции и приватни субјекти кои искажаа подготвеност да ни помогнат, им благодарам на сите граѓани кои помогнаа херојски спасувајќи голем број патници.Денес Македонија зваена е во црно, знамињата се спуштија на половина копје, денес и младо и старо носи болка на трајна загуба, денеска им велиме Збогум на 14 добри, чесни гостиварци, на кои ќе се сеќаваме како 14 несреќни патниците кои не успеаја да се вратат дома, но најмудрата работа е да се молиме тие да се прифатат во Вистинската дом, во Божјиот Дом!Им искажувам искрено сочувство на семејствата на починатите и брзо оздравување на повредените! Ова беше мојот најтежок говор … Бог да ни ја ублажи болката!

Македонија | пред 7 години

7 год.
KK-gostivar

КК Гостивар: Поради трагичниот настан бараме одлагање на престојниот КУП на Македонија

Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот.Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, соопштуваат од Кошаркарскиот клуб Гостивар.

Спорт | пред 7 години

7 год.
uvid-2

(ФОТО и ВИДЕО) Се врши увид на местото на несреќата

Морничава слика на местото на несреќата. Во моментов се врши увид на превртениот автобус на „Дурмо турс“.На дневна светлина се гледа вистинската слика за тоа што им се случило на патниците во автобусот. Таму се и багерите, со кои вчера спасувачите го превртеа автобусот за да можат да ги извадат настарадните патници.Се проверува се она што останало од автобусот, што може да даде било каков одговор, за тоа што ја предизвика оваа трагедија.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2259824777673110/https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2259824777673110/

Македонија | пред 7 години

7 год.
zoran-11

IN MEМORIAM: Зоран Давидоски, вработен во Град Скопје

Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател.https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.219627424750144/2199043520141848/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
nesreka-1

Филипче: Загинаа 14, не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените

Не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, и дека бројката се искачила на 15 загинати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче претпладнево, по посетата заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи, на полесно повредените кои се хоспитализирани во скопската Градска болница „8 Септември“.Премиерот Заев се заблагодари и на итната помош, на полицијата и пожарникарите, како и на „8 Септември“ и на Клиничкиот центар, како и на тетовската болница, но исто така и на локалното население што прво притрчано да помага на повредените.– Сакам да се заблагодарам на „8 Септември“ каде сме сега, на Клиничките центри, сите други јавни институции и во Тетово и во Гостивар, но и на полицајците и пожарникарите и на сите други јавни служби кои беа со желбата да помогнат на луѓето и да учествуваат во нивното спасување. Сакам да се заблагодарам од името на Владата за солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани од селото кошто притрчаа во првиот момент и буквално покажаа човечност, големина.Владата е подготвена да помогне за се што треба, за повредените, секако и за семејствата на загинатите. Навистина огромна трагедија, која ја обви во тага целата наша земја – порача премиерот Заев.И министерот Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите, како и благодарност до локалното население.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од денес почнува јавната анкета по Деталниот Урбанистички План - Градска четврт И 09 - Нова железничка станица

Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска, 14-ти февруари до 27-ми февруари ќе се спроведе јавна анкета за предлог Деталниот Урбанистички План - Градска четврт И 09 - Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром, Скопје, плански период  2017 – 2022.Деталниот урбанистички план е изложен во просториите на урбаната заедница “Мирче Мацан“ (ул.“Пролет“ бр.39), каде граѓаните имаат можност да го видат планот секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или на веб страницата на Општина Центар, во делот “Детални Урбанистички Планови“.  Во споменатиот период сите заинтерeсирани физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.Своите анкетни листови, граѓаните можат да ги достават во урбаната заедница „Мирче Мацан“и/или да ги поднесат по електронски пат на  planiranje@centar.gov.mk и веб страницата на Општина Центар, centar.gov.mk.Јавната презентација по истоимениот детален убанистички план ќе се одржи во среда, 20-ти февруари со почеток во 13:00 часот, во просториите на Општина Центар - Скопје (ул.“Михаил Цоков“ бб) во сала за состаноци, барака 6.

Скопје | пред 7 години

7 год.
svr

МВР затекна 14 нерегистрирани возила, изрече 99 мандатни платни налози, а пајакот за 24 часа подигнал 92 возила

Во текот на изминатот ден (13.02.2019 година) од преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, седум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, седум поради непоседување пропишана зимска опрема, пет поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон ешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 99 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

7 год.
blace

На Блаце приведени абански државјани поради непријавен престој

На 13.02.2019 година во 08.15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, поради непријавен престој биле приведени В.Х.(25) и Е.А.(32), двајцата од Република Албанија. Во 11.30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања