Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
DSC_0116

Потпишан Меморандум за соработка со универзитетот на ЈИЕ

Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата, обуката на кадри и организирањето кампањи за подигнување на свеста кај населението за креирање и оддржување на еколошки амбиент, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, преку својот Институт за животна средина и здравје, денеска потпишаa Меморандум за соработка.Со потпишувањето на Меморандумот, Универзитетот на ЈИЕ и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се обврзаа на меѓусебна соработка и заемна помош и поддршка, со цел размена на искуства, знаења, едукација, практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области, како и соработка во иновативни проекти за зачувување на хигиената и заштита на животната средина.Во рамките на настанот, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, како претставник на првата генерација дипломци на Универзитетот на ЈИЕ, пред студентите се претстави со презентација на работата и активностите на Претпријатието во изминатата 2018 година.Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, проф.д-р Абдулменаф Беџети, во оваа прилика ги истакна досегашните успеси на раководниот тим на Претпријатието, а на директорот Шабани му додели Благодарница, во знак на добра волја за понатамошните заеднички проекти и активности.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
bg-4

Џафери: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Бугарскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Софија и Скопје во изминатите години, како и напорите на Бугарија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.Претседателот Талат Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата посветено работи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и исполнување на неопходните реформи и задачи.„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но со сите сили и капацитети Собранието и Владата работат на постигнување на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери.Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за добробит на граѓаните и на државата.Бугарскиот премиер Борисов истакна дека Бугарија е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија, како во 2017 година со потпишување на Договорот за добрососедство и за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, така и денеска кога Бугарскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО.Во рамките на дводневната посета, претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна и со заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија и шеф на дипломатијата, Екатерина Захариева. На средбата се нагласени пријателските и добрососедски односи меѓу двете држави. Захариева го изрази задоволството бидејќи Република Бугарија е меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за НАТО. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО, Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз

Антизападниот Христијан Мицкоскки нема капацитет да разбере што значи демоктатска процедура за избор на кандидат, исто како што нема претства што значи вистински претседателски кандидат зад кого ќе застанат граѓаните, велат од СДСМ.„Затоа не му јасна демократската процедура во СДСМ, затоа не му е јасно зошто се прават широки консултации за избор на најсоодветен кандидат, кој ќе работи во интерес на граѓаните.СДСМ, како одговорна и државотворан партија, во демократска, отворена постапка бира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крај Мицкоски сам да си го избере својот послушник.Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго.На Република Северна Македонија и нејзините граѓани не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.Потребен е вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ.Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7392

Заев и Тевдовски: Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа на младите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето Анти коцкање од Тетово.Претставниците на Движењето Анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната  близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.Премиерот Заев и министерот Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, браќата, мајките, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат.Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.Заев и Тевдовски ја доведуваат под знак прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот.Во услови кога министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65%, што е историско најниско ниво на реализација.Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-17

Министерот Спасовски на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес

“Будимпештанскиот процес две и пол децении опстојува во формулирањето на меѓувладините дијалози, успевајќи да ги препознае и синтетизира различните миграциски политики на државите, надополнети со визијата и мисијата на десетина меѓународни организации кои што се блиски соработници во градењето заеднички миграциски стратегии. Да споменам само дел од спектрумот активности што се спроведуваат во рамки на овој процес: олеснување на размена на информации и најдобри пракси во легалната и илегалната миграција, азилот, визите и визните политики, граничното управување, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, реадмисијата и уште многу други“. Ова меѓу другото ги истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање во рамки на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес, што се одржува во Истанбул, Турција.Министерот Спасовски посочувајќи го значењето на Будимпештанскиот процес како миграциски дијалог инициран во рамки на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во кој членуваат 53 земји од светот како и десетина релевантни невладини и други организации од областа на миграциите, чиј што претседавач годинава е токму Република Северна Македонија, ја потенцираше исклучителната важност на двата документи кои за време на Конференцијата беа разгледани и усвоени Министерска декларација под наслов ,,Заложбите од Истанбул,, како и ,,Повик за акција,,.Будимпештанскиот процес е мост меѓу Западот и Истокот и обезбедува блиски средби, размена на искуства и соработка меѓу претставници од различни географски локации, но кои се соочуваат со заеднички предизвици. Ова е прва министерска конференција одржана по шест години од претходната, на која што Декларацијата усвоена за време на истата има за цел да послужи за идно обликување на миграциските процеси и обезбедување цврста посветеност и соработка од страна на сите земји учеснички во Будимпештанскиот процес во нивното справување со предизвиците кои ги носи миграцијата.Учеството на министерот за внатрешни работи, г. Спасовски, е дотолку поважно во контекст на претседавањето на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во текот на 2019 година, кога ќе бидат одржани неколку состаноци во нашата земја на кои ќе присуствуваат експерти за миграција и високи делегации од сите земји членки на ИЦМПД.“Документите кои што денес ги усвојуваме – “Заложбите од Истанбул“ и “Повикот за акција“ – се конечно – вистинска можност за едно сеопфатно управување со миграцијата од сите нејзини аспекти, задржувајќи ја рамнотежата меѓу дијалогот и оперативните активности. Имено , Будимпештанскиот процес ја задржува „големата слика“ на сцената на миграцијата, обединувајќи различни миграциски реалности околу една заедничка цел – постојан миграциски дијалог, но тоа е и една од ретките организации финансиски и технички поддржана во сите области на миграцијата, не само во делот релевантен за прашања од безбедноста“, нагласи министерот Спасовски.На маргините од оваа дводневна министерска конференција, министерот Спасовски, оствари билатерална средба со домаќинот на собирот, министерот за внатрешни работи на Република Турција Сулејман Сојлу, на која двајцата министри ја потенцираа извонредната билатерална, партнерска соработка и меѓусебна поддршка не само на двете институции - министерствата за внатрешни работи, туку и меѓу двете земји во целина која што традиционално е на исклучително високо ниво. Министерот Спасовски оствари средби и со министерот за надворешни работи на Унгарија г. Петер Сијарто и со г. Михаил Шпинделегер ,Генералeн директор на Меѓународниот центар за разговор на миграциска политика (ИЦМПД) .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетници нападнати со остар предмет

На 19.02.2019 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.00 часот на улица „20“ во Сарај, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Рашче биле физички нападнати од лицата А.А. и С.С., двајцата од с.Кондово, кои употребиле и остар предмет.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-1-2

Дескоска: Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со Катерина Недељковиќ и Фредрик Сандберг - експерти од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.За време на состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија е една од земјите со највисока имплементација на препораките на Европскиот суд за човекови права.Заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права се на врвот на владината агенда – истакна министерката Дескоска, која дополни дека нејзината посветеноста кон реформите во правосудството е последица на реалната потреба на граѓаните.Министерката информираше за реформската агенда на Министерството за правда, па во таа насока Дескоска ја потенцираше добрата соработка со Венецијанската комисија, Советот на Европа, мисијата на ОБСЕ и голем број странски експерти кои се вклучени во изготвувањето и чии препораки се имплементираат во законските решенија.Министерката за правда ги извести претставниците на Оделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП, дека Република Северна Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од пресудите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезна 88-годишна жена од Скопје

На 19.02.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ј.(62) пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Ц.Б.(88).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sela

Пропадна закажаната средба Заев – Села, Лидерот на Алијансата за Албанците е лут на премиерот

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја одбил поканата на премиерот и прв човек на СДСМ, Зоран Заев, за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат.Лидерот на Алијанса за Албанците се налутил поради одземањето на ингеренциите на неговиот сопартиец, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во делот на образованието.Заев вели има простор за нова средба со Села. Меѓупартиските консултации ги продолжува за заеднички кандидат за претседател ги продолжува утре со лидерот на Беса.„Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев.Неофицијално на досегашните средби се спомнуваат имињата Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров и Рената Десковска, како можни кандидати за претседател.

Македонија | пред 7 години

7 год.
traktor-620x350

Трактор прегазил маж додека ги местел плуговите

Лицето Б.М (67) од Смедерово настрадал во несреќен случај кога тракторот преминал преку него.Несречата се случила во семејниот двор.Тракторот бил паркиран, го соборил и го прегазил.Мажот сам живеел во семејната куќа. Сеуште не е утврдено под кои околности дошло до движење на тракторот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
micotakis

Мицотакис добил закана со бомба од непознат маж

Лидерот на опозициската Нова Демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сѐ уште бил во својата канцеларија, во центарот на Атина.Повикот при којшто непознат маж му се заканил дека ќе активира бомба во рок од 47 минути, бил примен во 18.45 часот, по што била повикана полицијата која ја евакуирала зградата, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.Експертите за експлозив ја пребарале зградата, но не нашле екслозивна направа.

Свет | пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

СДСМ: Дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко?

Се преземаат морални чекори, непотизмот е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко? ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација и злоупотреба на државните институции, симбол за богатење преку непотизам и судир на интереси во јавните и државни прептријатија, велат од СДСМ.„Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, а истрага отвори и новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција.Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори и повлекување од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски.Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.Дали Христијан Мицкоски ќе си поднесе отказ поради тоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени во 2012 година, сите преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4842

Заев: Светскиот конгрес на претприемачи во Скопје ќе има за цел да го поттикне претприемничкиот дух кај младите луѓе од регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денеска остварија средба со претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и генерален секретар на Светскиот конгрес на претприемачи, Винко Ќуро, кој предводеше делегација составена од раководството на Светскиот конгрес на претприемачи.Целта на средбата беше заеднички да се утврдат насоките и правците за организација на вториот Светски конгрес на претприемачи кој оваа година, во втората половина на месец октомври ќе се одржи во Скопје, Република Северна Македонија.„Нам ни претставува огромна чест што ја избравте нашата земја да биде домаќин на овој голем настан на кој се промовира концептот на претприемништвото. Особено во период кога стануваме земја членка на НАТО и во година која очекуваме да биде година на економијата. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини и дека овој Конгрес ќе остави траен белег и ќе мотивира голем број на млади луѓе од нашата земја и регионот да го разбудат претприемачкиот дух и да започнат свој бизнис. Ние како Влада сме тука да ја пружиме потребната поддршка“, нагласи на средбата премиерот Заев.Претставниците на Светскиот конгрес на претприемачи упатија честитки до премиерот Заев за успешното затворање на отворените политички прашања со нашите соседи и  за пристапувањето на нашата земја во НАТО како важен исчекор за обезбедување сигурност и стабилност во земјата и регионот и за отворање на перспективите за развој на економијата и претприемништвото.   

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка во Тетово, едно лице со тешки телесни повреди

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(21) од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 10.01.2019 година во село Орашје, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал Е.Р.(60) од село Орашје и му нанел тешка телесна повреда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
portparoli

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата, Бошњаковски и Хоџа

Прес-конференција на портпаролите на Владата, Бошњаковски и Хоџа по повод 122-рата владина седница. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
trud-i-soc-politika

МТСП го честита Меѓународниот ден на социјалната правда

Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната реформа, заедно да изградиме поправедно и вистинско хумано општество.Социјалната правда е основен предуслов за мир и просперитет во една држава. По повод денешниот Меѓународен ден на социјалната правда, ги повикуваме пратенците да ги гласаат Законите од социјалната и детската заштита кои се во собраниска процедура, за заедно да изградиме поправедно и вистински хумано општество за сите наши граѓани.Со овие закони Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа, со која ќе извлечеме 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија, но и ќе обезбедиме еднакви шанси за секое дете. Имено, со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца.Наша крајна цел е со овие додатоци да ја намалиме детската сиромаштија, која во моментот изнесува близу 30%. Ова значи дека едно од три деца живее во сиромаштија. Нашиот фокус го насочуваме кон тоа да им помогнеме токму на овие семејства. Со социјалната реформа за првпат системот го отвораме за лицата со ниски примања. Така, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија ќе се зголемат за повеќе од 100.Истовремено, со новиот пакет закони социјалната помош се зголемува за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на труд. Со воведување на социјалната пензија обезбедуваме достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество, а немаат извор на приход од кој можат да се издржуваат.Со социјалната реформа овозможуваме праведна распределба на средствата, кои ќе бидат насочени кон оние на кои навистина им се потребни. Ги повикуваме сите пратеници, да се обединат и да ја изгласаат оваа реформа со која создадеме поправедно општество за сите наши граѓани и на сите следни генерации им обезбедуваме подобар живот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетничка силувана од нејзиниот татко

На 19.02.2019 година околу 15,00 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко.За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.Девојчето е згрижено во соодветна установа и му е пружена медицинска и психолошка поддршка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

34 возачи во Битола управувале со поголема брзина од дозволената

На 19.02.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 377 возила.При контролата, констатирано е дека 34 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола, кај еден возач е  откриено присуство на алкохол и истиот е исклучен од сообраќај. Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а еден не користел сигурносен појас. Исто така, при контролата откриени се и други 12 видови прекршоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Кривична пријава против две лица од Прилеп поради продажба на марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против А.С.(19) од Прилеп поради постоење онови на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.На 20.12.2018 година во Прилеп, при преглед над второпријавениот и 15-годишник од Прилеп, полициски службеници кај малолетникот пронашле и одзеле марихуана, по што било утврдено дека ја купил од првопријавениот. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања