Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
vaterpolist

(ВИДЕО) Во Сплит нападнати Ватерполистите на Црвена Звезда, еден скокнал в море

Ватерполистите на Црвена Звезда биле нападнати во Сплит денес околу пладне. Четворица играчи седеле во кафетерија во маици од клубот, а потоа ги нападнале поради тоа што на нив имале обележја од Црвена Звезда.Играчите почнале да бегаат, а еден за да се спаси скокнал во морето. Како што пишуваат медиумите, полицијата брзо реагирала и спречила поголем инцидент.https://twitter.com/JuricNovaTV/status/1094239257147965440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094239257147965440&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Farchives%2F102452

Спорт | пред 7 години

7 год.
frckovski

Фрчкоски: Депримира нивото на култура кај министерот за култура

Професорот Љубомир Фрчкоски на емисијата „Стадон“ на Канал 77, упати критика кон министерот за култура Асаф Адеми, затоа што според него, македонската традиција е една од најбогатите.„Депримира нивото на култура кај министерот за култура. Нема тука никакво оправдување. Кај културата сите сме чувствителни. Македонија на некој начин преживува како мала нација и македонскиот народ воопшто преку културата. Ние немаме баталјони економии, но имаме култура која е на рамниште со нациите кои се поголеми од нас“, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bitola-poligon

Општина Битола го доби имотниот лист за полигонот

Со издавањето на имотниот лист Општина Битола официјално го има во владение новиот објект, полигон, стациониран во населбата Горно Оризари.Со поседувањето на овој официјален документ, Општина Битола сега веќе може да отпочне постапка за пренесување на правото на стопанисување на објектот на јавното претпријатие „Нискоградба“, за што треба да се донесе одлука од страна на Советот на Општина Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51612695_2454489301270007_8906976914443337728_n-1

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните градежниот шут да не го фрлаат во контејнерите

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош.“ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на нивните живеалишта, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини.  Овој вид на отпад може трајно да ги оштети специјалните комунални возила и со тоа да предизвика значителна финансиска штета на Претпријатието, како и проблеми при собирањето и  транспортот на комуналниот отпад во градот.Садовите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, без разлика дали станува збор за надземни или подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци, се наменети исклучиво за одлагање на комунален отпад.Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина. Според Законот за јавна чистота, граѓаните на Скопје се должни градежниот отпад да го одложат директно во депонијата „Дрисла““, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kumanovo

Општина Куманово доби ново ЈП изработка на просторни и урбанистички планови

Започна со работа Јавното претпријатие за изработка на просторни и урбанистички планови„Куманово –План„Куманово.Одлуката за формирање на оваа претпријатие, ја донесе Советот на Општина Куманово, а по иницијатива на Градоначалникот Максим Димитриевски е позитивен исчекор кој ќе придонесе за современо просторно и урбанистичко уредување на градот. Со формирање на оваа претпријатие, општината ќе го превземе во надлежност планирањето на урбаното уредување на просторот во градот, што претставува пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сегмент.Во ЈП „Куманово-План” Куманово работи стручен тим од единаесет луѓе сместени во центарот на градот (зградата на Катастар – ул. „Гоце Делчев„).ВД Директор на оваа претпријатие е Горан Митевски – поранешен градски архитект.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg

На Тибет настрадаа неколку илјади животни поради снегот

Во снежна бура на Тибет настрадаа неколку илјади животни, а на локалнте патишта падна снег до 45 сантиметри, јавија кинеските медиуми.Локалните власти испратија ветеринари во оваа област, како и лекови и храна за животните.Селата се наоѓаат на висина од преку 5.000 метри и работниците од надлежните служби се обидуваат да ги расчистат патиштата за да се обезбеди снабдувањето. Напорите за расчистување се отежнати од силни ветрови и ѓубришта.Жителите на селата на Тибет одгледуваат стока, најмногу овци и кози и на тој начин опстануваат во тешките природни услови.

Свет | пред 7 години

7 год.
marihuana

30 дневен притвор за три лица кои пренесувале три вреќи марихуана преку граница

Надлежен јавен обвинител од Основното jавно oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден македонски и двајца албански државјани. Истрагата е поради постоење на основи на сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.На почетокот на месецов, осомничените преземале активности за неовластена набавка и пренесување на наркотична дрога – марихуана од територијата на Република Албанија во Република Македонија. Крајниот пазар за продажба на дрогата била Република Турција. Двајцата државјани, кои биле ангажирани од страна на продавачот на дрогата, во вечерните часови на седми овој месец, ја пренеле марихуаната, преку Граничниот премин Блато и според договорот, во близина на муслиманските гробишта во Дебар, му ја предале на македонскиот државјанин.На излезот од Дебар во правец кон Маврово, полициските службеници при рутинска контрола на возилото пронашле три вреќи наркотична дрога – марихуана, спакувана во 31 најлонско пакување со вкупна тежина од 28 115 грама. Во исто време, на Граничниот премин Блато, на излез од Република Македонија, полициските службеници ги лишиле од слобода и двајцата албански државјани.Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи притвор во траење од 30 дена за сите три лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skolo-4

Наставничка удрила дете со дрвен предмет, па го однеле на лекар

На 08.02.2019 година во 11,00 во Полициското одделение Жеровјане С.З.(53) од с.Челопек пријавил дека на 07.02.2019 година околу 09,30 часот неговиот 10 годишен син додека бил на час по математика од страна на наставничката Х.З. од с.Челопек бил удрен со дрвен предмет по рацете.На  детето му е укажана лекарска пмош во амбулантата во с.Челопек. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-10

(ВИДЕО) Царовска: Го исполнивме долгогодишното барање на рударите да одат во пензија со бенефициран стаж

Се грижиме за сите граѓани на Македонија и продолжуваме да градиме фер општество во кое секој е важен. Во собраниска процедура се пакет закони со кои граѓаните ќе ги извлекуваме од сиромаштија и очекувам пратениците наскоро да ги изгласаат, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред многубројните граѓани, кои покажаа интерес да учествуваат на трибината „Фер општество – шанса за сите“, која се одржува денеска во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Општина Штип.„За Штип има добра вест, во 2019 ќе заврши изградбата на нова градинка со капацитет од 200 деца, со што ќе се затвори проблемот со недостиг на места за згрижување на деца,“ порача Царовска на трибината, додавајќи дека во наредниот период и инвестициски и капацитетно ќе се градат градинките.Потенцирајќи дека детската сиромаштија е прескапа за земја како нашата и затоа детски и образовен додаток ќе земаат сите деца кои имаат потреба од тоа, за да создадат услови сите деца да имаат редовно образование и да бидат еднакви. Место сегашните 3.200, детски додаток со реформата ќе земаат 73.500 деца, а образовниот го прошируваме за над 64.000 деца место сегашните 3.800.Царовска подвлече дека кога зборуваме за праведно општество, треба целосно да ја вратиме и социјалната правда во нашата земја.„Трансферираме пари во социјалните семејствата но и ќе работиме истите да се вратат на пазарот на труд. Новиот концепт е висок минимален гарантиран приход но и брза активација на пазарот на труд на лицата од социјален ризик“, додаде Царовска.„Во Штип којшто е текстилен град работниците земаа плата која е под нивото на минималната плата. Ние ја зголемивме минималната плата која сега изнесува 12,126 денари со тоа ја отворивме спиралата на раст на плати и просечната плата порасна за 5,6 проценти”, рече Царовска.Царовска додаде дека е исполнето и долгогодишното барање на рударите да одат во пензија со бенефициран стаж.Рударите ќе одат во пензија со 40 години стаж за мажи и 35 години стаж за жени. Досега, благодарение на овие законски измени околу 50 рудари ќе заминат во пензија порано, користејќи го бенефицираниот стаж, со што и се обновува работната сила во рударството.Осврнувајќи се на Гаранцијата за млади, Царовска објасни:„За да можеме да ја намалиме невработеноста на младите на возраст од 19 до 25 години во Оперативниот план и минатата година и годинава се спроведува младинската гаранција, што не прави единствена држава што не е во ЕУ, а ја имплементира. Се враќа довербата помеѓу Агенцијата за вработување и младите луѓе“, рече Царовска во своето обраќање додавајќи дека очекува вклучување и од бизнис заедницата.Трибината, каде учествува и министерката за правда Рената Дескоска е интерактивна дебата со граѓаните и заинтересираните субјекти за реализацијата на политиките на праведна социјална реформа која обезбедува фер општество, еднакво за сите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pretepan

Прилепчанец нападнат од двајца браќа поради должничко доверителски односи

На 08.02.2019 година во 18,00 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(42) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14,00 часот отишол во домот на Џ.О. со цел да се договорат околу нерасчистени должничко доверителски односи, а присутни биле и неговата сопруга и брат, по што настанала вербална расправија и во еден момент Џ.О. со тврд предмет го удрил пријавителот во пределот на левото рамо, а потоа и неговиот брат физички го нападнал.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana

При претрес во Скопје пронајдени марихуана, амфетамини и хашиш

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против Г.Ѓ.(27), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.Имено, на 06.02.2019 година, врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот каде што престојува пријавениот, при што пронајдени се марихуана, амфетамини, хашиш-масло и други предмети. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
b9834986-resize-820x0x100

Откако службен весник објави стануваме Северна Македонија

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.“По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени”, се вели во соопштението на МНР

Македонија | пред 7 години

7 год.
asaf-ademi-696x385-1-696x385

Mинистерот Адеми ја вработил својата сестра во ЕЛЕМ

Асаф Адеми, министерот за култура, ја вработил својата сестра во ЕЛЕМ, објави Тетовасот.Во редакцијата на порталот стигнаа пораки од активисти на Движењето Беса кои сметаат дека министерот Асаф Адеми неодамна ја ангажирал својата сестра во ЕЛЕМ, оставајќи ги членовите на партијата без работа.Нивните забелешки не завршуваат тука. Општинскиот советник на од редовите на Беса, Телат Фетаи ја вработил неговата жена во општина Гостивар.Тие, исто така, објавија дека Емерли Асани, член на Централниот совет на движењето Беса, ја вработил неговата жена во Палатата на културата во Гостивар.Инаку министерот Адеми беше дел и од скандалот во Фондот за иновации, затоа што неговата сопруга добила средства од Фондот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-1-1

(ФОТО) СКАНДАЛ: На работното место доктори за медицина примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата

На Фејсбук страницата Асоцијација на специјализнати и млади лекари се појави фотографија на која на работното место доктори за медицина во О.Е. Интерно одделение се примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата.„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не!Каков е овој скандал и неправда!Првата слика е ранг листата а втората примени кандидати, срамота!Бараме одговорност за овој фашизам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-skopje

Додека била вршена контрола врз багаж на Скопскиот аеродром и биле земени 3.000 евра

Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска.По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници. Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tepacka1

29 годишен македонец загина во тепачка во Австралија

29-годишен македонски државјанин почина како последица на жестока тепачка која се случила во австриската провинција Регау, во градот Веклабрук, соопшти австриската полиција, а пренесе порталот Лаумат.– „29-годишен македонски државјанин им подлегна на повредите. Уште девет лица биле вклучени во тепачката и истите ќе бидат приведени. Телото на починатиот е предадено на Обдукција , која треба да ги открие причините за смртта“, соопштуваат од обвинителството, пренесе „Лаумат“.Идентитетот на младиот македонец сеуште не се открива.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Asaf-Ademi-izjava-2-1080x615

Министерот за култура се правда: Повторно ќе ги разгледаме одбиените проекти

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Берлин, во врска со реакциите на јавноста за резултатите од Годишните конкурси на Министерството за култура, пред медиумите ја даде следната изјава:-Со должно внимание ги проследив сите забелешки и коментари кои се однесуваат на објавените резултати од Годишните конкурси на Министерството за култура. Големиот одзив кон објавените резултати покажува дека сме на линија со нашите заложби транспарентно и отчетно, без никакви предрасуди да донесеме Програма која ќе го поттикме развојот на културата во државата.Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата.Би сакал да ја информирам јавноста дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета. Со цел поголема транспарентност на целиот процес ќе бидат поканети и претставниците на медиумите. Воедно ги поканувам сите засегнати апликанти кои имаат потреба, да се обратат во Министерството за култура за информации поврзани со нивните проекти. Наша цел е да ги стимулираме и соодветно да го вреднуваме придонесот на уметниците, институциите од културата, независниот културен сектор, и во таа смисла остануваме силно посветени на оваа наша определба, рече Адеми.За време на својот престој во Берлин министерот Адеми ќе оствари повеќе работни средби, а ќе присуствува и на утрешната премиера на новиот македонски филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска кој е во главна селекција на Берлинскиот филмски фестивал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Robert-PRESS-0902-Glavna-Slika

(ВИДЕО) Вељановски: Г-дине Адеми Вам не Ви е света македонската култура, ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка

СДСМ продолжува со системско уништување на културата во Република Македонија. Ако мината година Годишната програма на Министерството за култура беше скандалозна, тогаш овогодинашната програма е трагична. Станува збор за општ грабеж на народните пари. Криминалната и одродена власт, предводена од аболицираниот Заев, уште еднаш покажа дека не бира ниту метод, ниту начин како да стигне до буџетските средства, до парите на македонските граѓани, изјави Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„СДСМ континуирано, две и пол години уништува реномирани установи, институции и уметници во културата, а притоа финансира анинимуси на културната сцена. Оваа година средства во програмата за култура нема за „Скопскиот џез фестивал“, и за „Оффест“, а значително помали суми од оние кои ги побараа и се потребни за реализирање на програмата добија „Фолк фест Валандово“ и фестивалот „Таксират“. Кратењето на средствата за голем дел од реномираните музички фестивали може да значи и нивно замирање на македонската културна сцена.Забележлив е и фактот дека средства се доделуваат исклучиво по етничка линија, со што дополнително се зголемува поделбата во македонското општество кое заради Заев и неговите политики е поподелено од кога и да е. Па така Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ доби поразителни 150 илјади денари, додека новоформираниот ансамбл за албански ора и песни од Министерството за култура доби 800 илјади денари“, изјави Вељановски.Тој даде дека фестивалот „Таксират“ аплицирал за помош од 6 милиони денари, а добил 500 илјади денари што е за 12 пати помалку од побараната сума, додека за фестивал во Тетово и за концерт, здружението „Артал“ од Тетово добило неверојатни 3,6 милиони денари.„Почитуван г-дине Адеми, тоа што министерската функција не Ви е света е Ваш избор, проблемот го лоцираме во фактот што Вам не Ви е света македонската култура.Веќе две и пол години македонската култура е во владение на дилетанти.Време е за оставки, ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за култура, во Владата на Зоран Заев, г-динот Асаф Адеми да понесе неотповиклива оставка. Крајно време е и некадарните кадри на СДСМ, националниот координатор за култура Робер Алаѓозовски и советничката за култура на Заев, Цветанка Ласкова да поднесат оставки и да ја ослободат македонската култура од нивните антимакедонски политики.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и сите Претседатели и членови на комисиите по дејности во културата, да понесат одговорност за системското уништување и деградирање на културата во изминативе две и пол години. ВМРО-ДПМНЕ бара и итно и неодложно повлекување на целата Годишна програма за работа во културата за 2019 година, а не само за делови од неа како што најави експертот за сите области Зоран Заев.Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ го повикува Социјалдемократскиот сојуз да се охрабри и да излезе на избори, за да утврди дали граѓаните се согласуваат со нивните политики, вклучително и со политиката во културата која, за жал, ја потоморува македонската култура“, изјави Вељановски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
01

Дескоска: Ги намаливме извршителските трошоци, трошоците за нотаријатски услуги и судските трошоци за комуналните сметки

Министерката Рената Дескоска на трибината „Силна економија - шанса за сите“ во Штип, правејќи ретроспектива на реформите кои се направија за седум месеци додека е на функцијата прв човек на Министерството за правда истакна дека е направен голем напредок, во заштита на социјално ранливите граѓани но и во други сегменти со кои создаваме правично општество. Овој напредок ќе финишира во јуни кога треба да се усогласи нашата законска регулатива со критериумите кои се бараат за членството во НАТО и преговорите со Европската Унија.„Ја усогласивме законската рамка и не отстапивме од она што беше во нашата програма, за дополнителна заштита на социјално ранливите групи граѓани и заштита на некои други групи, да не им се блокираат сметките.Направивме листа и соодветен систем во кои лицата кои примаат помош не смеат да бидат блокирани за неплаќање на комуналните сметки и тука се ограничени трошоците за извршителите да не е поголем од 20 проценти.Излезе новиот Тарифник, каде 16 ставки кои порано се плаќаа сега веќе немаат право извршителите да ги наплатуваат. Голем дел од другите трошоци се намалени за 50 проценти некои дури и повеќе, поради тоа што сметавме дека беа нереални приходите кои што ги добиваат извршителите“, рече Дескоска пред насобраните граѓани кои присуствуваат и учествуваат на дебатата.Министерката Дескоска ги спомена измените и во Законот за нотаријат каде што се предвидува граѓаните да не треба да плаќаат судска такса за издавање на нотарски платен налог за комуналните трошоци. Дескоска потенцира дека нема повеќе да се плаќаат дополнителни трошоци, што се направи со исклучувањето на судските такси, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните.Министерката Дескоска, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествува на трибината „Фер општество - шанса за сите“, заедно со граѓани и граѓански здруженија. Се дискутира за придобивките на граѓаните од реформите, со кои се создава фер општество, се намалуваат разликите по било која основа и се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0844

(ВИДЕО) Прентовиќ: Со мерката ,,зелена нафта" 200 милиони денари ќе завршат кај околу 55.000 земјоделци

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку Владата и парламентарното мнозинство, покажува што значи вистинска грижа кон земјоделците, изјави Татјана Прентовиќ од СДСМ на денешната прес-конференција.„Новите развојни мерки и програми обезбедуваат целосна и навремена поддршка, намалени трошоци, а со тоа и повеќе пари кај земјоделците.Годинава, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, популарно наречена „зелена нафта“. Со што се реализира уште една мерка од Програмата на Владата во интерес на земјоделците.Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација“, вели Прентовиќ.Таа додаде дека со ова финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет.„Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари или околу 2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.Покрај оваа мерка, усвоени се нови програми што обезбедуваат зголемена помош, повеќе пари и за овоштарите, поледелците, сточарите, производителите на ориз, млеко и сончоглед.Остануваме посветени на спроведување на земјоделските политики што обезбедуваат повисока дирекна и индирекна помош, поголема контрола и одговорност и на државата и на земјоделците. Воведуваме мерки што ќе го унапредуваат, развиваат и постепено ќе го прилагодуваат земјоделството кон стандардите на европската унија со цел развој, конкурентност и повисок приход во една од најзначајните гранки во нашата држава“, изјави Прентовиќ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања