Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Brexit-Protester

(ВИДЕО) Економистка од универзитетот Кембриџ се појавила гола на интервју, пораката е “Брегзит ќе ја остави Британија гола”

Џон Хамрис, водител на “BBC Radio”, се шокирал кога економистка од универзитетот Кембриџ се појавила гола на интервју.Д-р Викторија Бејтмен која често и предава гола, го изненадила овој водител кога ја соблекла јакната и ја продолжила дебатата за Брегзит без облека, а водителот се збунил.“Ох, гледам дека сте голи”, рекол Хамрис и им објаснил на слушателите дека Викторија има напишано на своето тело “Брегзит ќе ја остави Британија гола”.На прашањето зошто имала потреба да се соблече гола додека разговара за Брегзит, таа одговорила:„Напишав илјада зборови за тоа зошто Брегзит е лош за Велика Британија, но сакав сето тоа да го соберам во една силна порака. Брегзит е царевото ново руво. Британија само себе си продаде нешто што не може да го испорача. Во целост се чувствувам добро во своето тело. Луѓето брзо ги проценуваат жените на основа на нивните тела“ – објаснила таа.Сѐ уште не е познато дали од “BBC” знаеле дека Бејтмен има намера да се соблече во текот на интервјуто, а слушателите тврдат дека водителот видно се збунил додека таа го истакнувала своето мислење за Брегзит.Интервјуто со неа било договорено откако ден претходно таа расправала на Твитер со новинарот Пирс Морган и објавила видео снимка на која гола зборува за женските права ширум светот. Ваквата снимка, Морган ја нарекол “смешна” и ѝ кажал да облече нешто пред да настине. Извори од “BBC” велат дека нејзината голотија на интервјуто е одговор на негативните коментари, како и поради тоа што нејзиното предавање за Брегзит во јануари предизвика бура во јавноста.

Свет | пред 7 години

7 год.
hirurg-dea

Возачот на авобусот е во шок, сака да ја види водителката Деа, таа сеуште е во шок соба

Возачот на автобусот кој во четвртокот во шест наутро и ја откина раката на водителката Деа во Белград, сака да ја посети по несреќата. Бојан Јовановиќ е уште во шок по несреќата.Неговиот татко за српските медиуми вели дека Бојан тоа утро возел полека и сакал да ги избегне автомобилите. Според него, Бојан е свесен возач кој вози со години.Инаку Деа Џурџевиќ во несреќата се здоби со сериозни повреди. Според еминентниот доктор Вучетиќ голема среќа во несреќа што настанот се случил пред самата врата на една болница и што за многу кратко време успеале да се соберат најеминентните експерти од Клиничкиот центар Србија и Военомедицинската академија."Деа Џурџевиќ имаше многу тешка повреда која беше високо над лактот, што е многу неблагодарно за зачувување на екстремитетот. Имаше голем број на повреди во подолгиот сегмент на раката. Имавме трка со времето, и повредата и операцијата беа на границата на невозможното, но успеавме! Наредните неколку дена се клучни за нејзината состојба да се стабилизира и да влезе во мирен тек, но засега е добро", истакнал за српски "Kurir" доктор Чедомир Вучетиќ, лидер на Одделението за коскени инфекции во Клиниката за ортопедска хирургија и трауматологија KCS и микрохирург кој заедно со доктор Марко Бубаширевиќ, ја оперирал водителката Деа Џурџевиќ."Клучно беше циркулацијата во раката да се воспстави во шест до осум часа откако успеавме. Оперативниот тек беше регуларен и течеше по план, без дополнителни компликации. Уште е рано за било какви прогнози, но ситуацијата засега е добра. Да се има екстремитет е клучна работа, иако заздравувањето ќе биде долго и раката можеби ќе има извесни функционални ограничувања", вели Вучетиќ.Чедомир Вучетиќ е професор на Медицинскиот факултет и еден од пионерите за микрохиругрија во Србија. Меѓу операциите кои ги направил, позната била таа кога во 2017-та година спасил целосно отсечена рака од машина.

Магазин | пред 7 години

7 год.
trajkovski-gruevski

Александар Трајковски тврди дека добил дисциплинска постапка бидејќи немал право на иследување во странство

Царинскиот службеник Александар Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека против него е покрената дисциплинска постапка која како што вели е спротивна на мноштво закони.„Царинската управа продолжува да ја реализира фингираната дисциплинска постапка против мене која е класичен пример за политички реваншизам кон мене како истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ а вооедно и Советник во Советот на Општина Гази Баба. На еден ден пред распишувањето на претседателските избори е донесено Решение за формирање на комисија за утврување на моја одговорност, што го сметам за директен политички притисок кон мене во пресрет на изборите.Дозволете да ја информирам јавноста за основата за покренувањето на дисциплинската постапка како и тоа дека истата е спротивна на мноштво закони, е фингирана и има за цел политички реваншизам.Целокупната дисциплинска постапка е заснована на база на мислење на комисија од Лекарската комора на Република Македонија во кое комисијата на Лекарската комора вели дека не било потребно второ мислење за мојата здравствена состојба и дека не сум имал право на иследување во странство бидејќи не биле искористени сите ресурси за лекување во здравствениот систем на Република Македонија:Никој неможе да ми го ускарти правото на второ лекарско мислење за состојбата на моето здравје. Со ваквото мислење на Лекарската комора е повреден Членот 39 од Уставот на Република Македонија вели: На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Исто така повреден е и членот 9 од Законот за заштита на правата на пациентите кој вели: Секој има право на второ лекарско мислење. Наводите дека не се искористени сите ресурси за лекување во здравствениот систем на Република Македонија се ирелевантни затоа што испитувањата во странство кои ги извршив не е на товар на државата туку во сопствена режија и на сопствен трошок. Ваквото мислење на комисијата на Лекарската комора ги крши моите основни човекови права и слободи загарантирани со Универзалната декларација за човекови права на Организацијата на Обединетите нации и Европската Конвенција за Човекови права.Мислењето на Лекарската комора на Република Македонија е издадено врз основа на Правилникот за состав и начин на работа на комисиите за контрола на оцената за привремена спреченост за работа. Мислењето кое лекарската комисија при Лекарската комора го издала е спротивно на самиот Правилник бидејќи во истиот јасно стои дека: Комисиите свое мислење даваат врз основа на медицински преглед на осигуреникот, во мојот случај јас не сум повикан на медицински преглед од страна на комисија на Лекарската комора а издадено е мислење. Овој факт го докажува тоа дека оваа постапка е фингирана и има за цел политички реваншизам кон мене.Имајќи предвид дека е извршена повреда на самата постапка која претходела на поведувањето на оваа фингирана дисциплинска постапка па донесувањето на одлука со која би бил казнет по автоматизам би била незаконита.Со сето ова како и со незаконските прераспоредувања уште еднаш се докажува дискриминаторското однесување по основ на политичка припадност од страна на раководството на Царинската управа кон мене“, стои во објавата на Фејсбук.Царинскиот службеник претходно зел боледување од работа за да изврши специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. За неговиот престој во Будимпешта се дозна кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со Никола Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

По десетти пат Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 22 февруари во Струга.Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.На свеченото отворање на десеттата Школа за млади лидери во понеделник, 11 февруари 2019 година, во Струга, покрај претседателот Иванов, ќе се обрати и д-р Талал Абу-Газалех, претседател на Tag-org, глобалната организација за професионални услуги и едукација. На првиот ден од Школата за млади лидери предавање ќе одржи г. Сани Шенер, извршен директор на ТАВ аеродроми, а ќе се одржи и панел дискусија за предизвиците на 4-та индустриска револуција, тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери се г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, г-ѓа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, г-ѓа Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, д-р Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, г. Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, д-р Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, г. Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, г. Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија. Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.Во рамки на одржувањето на 10. Школа за млади лидери, учесниците ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како најголем аеродром во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијата Turkish Airlines.Школата за млади лидери е лична иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус, г-ѓа Ваира Вике – Фреиберга и г. Валдис Затлерс, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов, г. Бамир Топи и г. Реџеп Меидани, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација.Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Osmani-Berkli1

Османи: Македонија останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на западните вредности

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневната работна посета на Вашингтон, оствари средба со Вилијам Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во  Националниот Совет за Безбедност при администрацијата на Белата куќа„Веројатно не постои подобар тајминг за оваа средба, имајќи го предвид и формалното потпишување на протоколот за НАТО, со што Македонија и официјално седнува на столчето во евроатланската алијанса“ – изјави Османи на средбата, посочувајќи го овој успех како заеднички интерес на сите НАТО земји, а за што упати особена благодарност за поддршката на САД во овој процес.„Македонија останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот“ изјави Османи, пренесувајќи ја пораката од страна на Владата за посветеноста кон реформскиот процес, изградбата на стабилни и цврсти институции, како и добри односи со соседите. Османи посочи на активностите во реформскиот План 18, како основа и за напредок и во евроинтегративниот процес, посочувајќи на нашите очекувања за уште еден позитивен извештај и препорака од страна на Европската Комисија, како основа на која очекуваме почеток на преговорите со ЕУ оваа година.На денешната Агенда на Османи се и посетите на најголемите американски меѓународни институти, каде ќе оствари средба со Пол МекКарти, регионален Директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт ИРИ (IRI), како и со Шери Брајан, Потпретседател на Демократскиот Национален Институт НДИ (NDI). Претходно, Османи учествуваше и на тркалезната маса каде пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа - „Германскиот Маршалов Фонд“ (German Marshal Fund), имаше свое обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“ (Next Steps: Macedonia on the Road to Democratic Reform, NATO and EU Membership)

Македонија | пред 7 години

7 год.
popova-shapka

Спасени двајца тетовци што залутале на Попова Шапка

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С, вчеравечер ( 7 февруари ) околу 19 часот и 30 минути, во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, кои со ратрак, сопственост на „ЕЛЕМ турс“ се упатиле кон посочените места и ноќеска ( 8 февруари ) околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
heroin-111

Приведени две лица од Гостивар поради поседување на хероин

На 09.02.2019 година во Гостивар од страна на полициски службеници биле лишени од слобода лицата В.А.(45) од с.Неготино-гостиварско и Ј.Т.(38) од Гостивар бидејќи при личен преглед кај нив бил пронајден хероин.Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Гостиварчанец организирал игри на среќа без лиценца

На 08.02.2019 година околу 21,45 часот од страна на полициски службеници извршена била контрола во угостителски објект во с.Добридол-гостиварско сопственост на В.Џ.(57), при што била пронајдена опрема за организирање игри на среќа “Кено“ за која сопственикот не поседувал документи, односно приредувал игри без лиценца.Пронајдената опрема била фотодокументирана и одземана за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетничка се здоби со тешки телесни повреди откако автомобил удри во ограда од двор

На 09.02.2019 година во 02,30 часот било пријавено дека во Берово на раскрсницата од улицата „Пионерска“ и улицата „Карпош“ патничко моторно возило “БМВ X5“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.К.(31) од Берово, удрило во метална ограда од двор.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 17 годишна сопатничка, која со возило на Итна медицинска помош-Берово била пренесена во Клиничката болница во Штип, а потоа во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5285c9b1ab6711d9c4ad1a328207bb65_w790

Иванов се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата претседатели изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.„Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.Македонскиот претседател изрази сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20171202105826

Един Јакуповиќ: Неправдата кон НУ Турски театар да биде исправена веднаш, а со тоа да му се даде достојна шанса да продолжи да живее и да создава

Актерот Един Јакуповиќ со отворено писмо се обрати да македонската јавност, барајќи помош да ја спаси како што вели самиот „честа на НУ Турски театар Скопје“.Почитувани медиуми,Од дното на душата ве замолувам да опстанете и да ми помогнете да ја спасам честа на НУ Турски театар Скопје.Иако сум невработен во истата институција, поради партиски игри секогаш системот ме отфрлал поради  својата природна одлука да застанам "карши карши" со режимот.Од една страна Режемски поданици од друга страна јас.Успеавме паднаа, но набргу истите режимски поданици се насукаа во новата власт!Сега повторно му ја кројат истата судбина на НУ Турски театар Скопје.НУ Турски театар со 70 годишна традиција на постоење, речеси еден од нај наградените театри во државата и репрезент на македонската култура и уметност низ европа и светот сега е на маргините на сопственото преживување!Режимските поданици, правеа популистички мерки но го оставија турски театар без технички кадар! Програмата ја симнаа од од 4 на 3 театарски претстави и на ниту едно уметничко вработување. По падот на режимот првиот назначен ВД директор успеа за 12 месеци да врати 80% од техничкиот кадар на редовно неограничено работно време без кој театарот неможеше да функционира, да оствари бројни гостувања надвор од државата, еминентни фестивали, барања за нови вработувања повеќе тетарски проекти активирање на млади уметници и секако најдрагиот детал да ја врати театарска публика во НУ Турски театар Скопје.Но за жал, повторниот живот на некој очигледно премногу му пречи па реши на брзина да направи серија на бројни притисоци закани и уцени па сите го знаете настанот кој оддекна во тој период кога ВД директорот поради овие причини реши да поднесе неотповиклива оставка, веднаш другите режимски поданици успеаа да увезат повторно друг режимски поданик кој не го интересира институцијата туку само уништување на истата институција! Оваа година театарот доби само 1 проект и не успеа да ја реализира годишната програма, нив ги интересираше само реваншизам и лечење на сопствените хирови, му нанесоа непоправлива штета на театарот!Во оваа институција има плеада на одлични млади веќе искусни актери кои заслужуваат да бидат на пиедесталот на театарската уметност, заслужуваат да бидат лидери а не аутсајдери во уметноста!сите ние нив добри ги познаваме!Ги прашувам јавно членовите на комисијата,  дали воопшто не се засрамивте кога го направивте овој културен злочин!?почитувани,медиуми, театарски работници, обожаватели на театарот и уметноста,  ве замолувам и ве повикувам да ми помогнете,  мојот крик со ваша помош да допре до таму каде што треба и неправдата нанесена кон НУ Турски театар да биде исправена ВЕДНАШ а  со тоа да му се даде достојна шанса на театарот да продолжи да живее и да создава. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

СВР со детали за сообраќајната несреќа кај Оровник

На осми февруари оваа година, во 18.45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, се случила сообраќајна незгода во која М.П. (23) и Л.С.(29), двајцата од Охрид, се здобиле со повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.Во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици, управувано од повредената М.П. и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од повредениот Л.С.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nbrm-narodna-banka

НБРМ: Продолжуваат активностите за натамошно јакнење на финансиската стабилност во земјава

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. Со таква цел беа подготвени и Стратегијата за денаризација и Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани, коишто беа предмет на меѓуинституционално разгледување. Овие стратегии вклучуваат повеќе мерки, за чиешто спроведување е предвидено вклучување и на други надлежни институции.Со Стратегијата за денаризација на Република Македонија се потврдуваат заложбите за натамошно јакнење на довербата и ширењето на употребата на домашната валута, што ќе придонесе за натамошно намалување на евроизацијата како значаен фактор за одржување стабилна економија и здрав банкарски сектор. Воедно, натамошното јакнење на довербата во домашната валута е во функција на поддршка на монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс на денарот. И покрај големиот напредок во намалувањето на евроизацијата (учеството на девизните депозити и депозитите со валутна клаузула во вкупните депозити од околу 59% на почетокот на глобалната криза е намалено на околу 40%), постои потреба од натамошно преземање активности во оваа сфера. Стратегијата нагласува дека прв и основен столб за соборување на евроизацијата е одржувањето на макроекономската стабилност, што успешно се остварува години наназад. Втор столб се посебните таргетирани мерки во различни области од страна на носителите на политиките.Покрај редовните анализи за соодветно приспособување во доменот на оперативното водење на монетарната и фискалната политика, се предвидуваат и повеќе мерки за развој на домашните финансиски пазари и вложувањата во хартии од вредност во домашна валута. Макропрудентните мерки во однос на банкарското работење, исто така ќе бидат редовно преиспитувани во контекст на намалување на евроизацијата. Регулаторните институции од областа на финансискиот систем ќе продолжат со постојана финансиска едукација, заради подигнување на општата свест за финансиските услуги и развој на финансиските вештини кај населението, коишто ќе ја зголемат свесноста за финансиските ризици.Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани (лоши кредити) има за цел да придонесе кон подобрување на условите и зголемување на ефикасноста во наплатата на овие кредити, како и кон создавање услови за унапредување на деловните практики при прометот со побарувањата. За одржување здрав банкарски систем, но и за овозможување одржлив кредитен раст, од клучно значење е да се продолжи со поттикнување на активности за натамошно намалување на обемот на нефункционалните кредити кај банките, иако веќе се сведени на релативно ниско ниво (тековно изнесуваат околу 5% и се меѓу најниските во регионот), вклучително и системски активности, кои би придонесле за подобрување на вкупниот амбиент за управување со нефункционалните кредити.Исто како и за соборувањето на евроизацијата, така и за намалување на нефункционалните кредити, основен предуслов е макроекономската стабилност и водењето здрави политики коишто се основа за стабилен и предвидлив амбиент за работење на банките и на другите економски субјекти. Покрај макроекономските предуслови, особено важна улога имаат и остварувањата на корпоративниот сектор, квалитетот на управувањето со компаниите, но и начинот на кој банките ја оценуваат кредитната способност на своите клиенти. Исто така, регулаторната рамка, функционалноста на правниот систем, јасната даночна регулатива и степенот на развиеноста и функционалноста на пазарните сегменти претставуваат сфери коишто можат да придонесат кон подобрено управување со нефункционалните кредити.Во оваа насока, покрај зајакнување на супервизорскиот надзор на управувањето со нефункционалните кредити на банките, НБРМ ќе работи на натамошно подобрување во доменот на поставеноста и функционирањето на кредитниот регистар. Преку вклучување и на други надлежни институции, меѓудругото, ќе се преземат активности за подобрување на финансиското известување и корпоративното управување на компаниите, ќе се спроведе анализа на одредбите од законска регулатива во доменот на извршување, нотаријатот, стечајот и од областа на процената на имотот и нивното значење за управувањето со нефункционалните пласмани. Предвидени се и активности за развој на пазарот за нефункционални побарувања, како специфичен пазарен сегмент.Се очекува активностите на НБРМ, Министерството за финансии и на осумте државни институции вклучени во процесот на спроведување на двете стратегии да придонесат за натамошно јакнење на стабилноста на финансискиот систем.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-8

Свет без ѕидови – Поетско читање во Струмица

На 09 февруари 2019 година (сабота), со почеток во 20:00 часот во Jazz club ДЕПО, Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Светското поетско движење (World Poetry Movement) се приклучуваат на новата глобална акција „Свет без ѕидови“ и со тоа ја мапираат Струмица како дел од градовите во светот кои ја подржуваат оваа иницијатива и самото меѓународно поетско движење.Македонија е учесник во ова движење со организација на два поетски настани во Скопје и Струмица. На настанот во нашиот град ќе настапат: Ице Беличев, Сузана Мицева, Ѓорги Калајџиев, Вања Изова Велева, Стефчо Стефанов и Митко Гогов (модератор).Настанот е предвиден како портретирање на поетскиот опус на авторите со поезија која содржински ја обработува конкретната тема, а секако доколку некој од публиката сака да се вклучи со сопствени стихови ќе може да го направи тоа по завршувањето на официјалниот дел од програмата.Денес можеме да сведочиме на разни места во светот (од Америка преку Европа, Среден Исток до Индија...) како се издигнуваат нови ѕидови кои ги разделуваат луѓето. Бетонски ѕидови, ѕидови од бодликави жици, или невидливи многу високи ѕидови изградени за пари и за нерамноправност. Светското поетско движење (World Poetry Movement) се залага за свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања. Поезијата ги урива ѕидовите, ѕидовите меѓу нас и ѕидовите внатре во нас. Затоа во текот на месецот февруари 2019 година низ повеќе од 145 земји ширум светот, со потврдени 905 настани во 384 градови ќе се одржуваат поетски читања, поетски акции сплотени со танц, музика и театар.Светското поетско движење е непрофитна организација и меѓународно поетско движење, а неговата мисија е да придонесе за создавање на еден поинаков и непрекинат хуманизам на 21 век и за интеркултурен дијалог остварен преку братскиот и универзален јазик на поезијата, како и да изгради пат кон преобразба и обнова на свеста на едно човештво за мир, кое ќе биде помирено со природата и културната разноликост, како и кон правда и социјално учество за сите жители на оваа планета.

Магазин | пред 7 години

7 год.
berlin

(ВИДЕО) Во Берлин отворена најголемата зграда на разузнавачка служба во светот

Германкста канцеларка Ангела Меркел денеска го отвори новиот комплекс на германската Федерална разузнавачка служба (BND).Комплексот е граден 12 години , а трошоците се над милијарда евра. Големината на комплексот на разузнувачката служба е колку 6 фудбалски игралишта.Вработените во овој комплекс имат посебни правила. Тие во него не смеат да внесуваат приватни мобилни или лаптопи. Не смеат да ги проверуваат ниту приватните меил адреси , ниту на социјалните мрежи.На крајот на работниот ден , сите картички за влез во зградата се заклучуваат во сеф.

Свет | пред 7 години

7 год.
tv-img

Започнува мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци, пред денот на распишување на изборите.Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.На веб страницата на Агенцијата, поставен е посебен банер посветен на Изборите 2019 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг и линкот до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika-1

Николоски на средби во Стејт Депарментот – Предупредува за високото ниво на корупција во Владата

Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт. На сите средби Николоски ја нагласи потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.Николоски исто така го нагласи високото ниво на корупција во Владата кое зазема се пошироки размери и побара да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови. Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели.Со своите соговорници се осврна и на актуелните Претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.Нагласи дека постои огромна загриженост за регуларноста на Претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии. Побара да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес.На средбите со Фондацијата Херитиџ и Меѓународнит Републикански Институт стана збор и за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со овие две престижни институции при што беше заклучено да се продлабочи соработката и да се работи на новите концепти и политики на ВМРО-ДПМНЕ.Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

СДСМ: Се воведува субвенцијата за набавка на „зелена нафта“ со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци

Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците, велат од СДСМ.„За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари.Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_8540

Заев одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука.„Одржавме досега неколку средби со претставниците на компанијата „Евромакс ресурсис“ кои што се добитници на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација, со претставниците на граѓанските здруженија, но ветивме и со граѓаните дека ќе дојдеме да се информираме, да ги слушнеме, да научиме од нив, но и ние да ги пренесеме информациите кои што ги имаме. Се работи за значајни одлуки, кои што ќе влијаат на иднината секако на овој микрорегион Иловица, Штука, на Општина Босилово, Општина Ново Село, кој на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа, се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки, согласно законите во Република Македонија, со кои што никогаш нема да се каеме, а сепак ќе овозможиме иднина на развојот и на државата, но пред се и на овој регион од кој и јас потекнувам. Денеска, немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.Премиерот Заев додаде дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници„Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите. Целиот технолошки процес е променет, повеќе нема цијаниди и опасни материи во обработката на рудата, но донесовме и нов Закон, во кој што се забранува употребата на цијанидите и опасните супстанци, така да многу работи денеска се сменети. Во едни вакви околности, ние мораме да бидеме најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не сме Владата, пред се граѓаните. Ние постоиме, да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект, за вака важни работи не смееме ниту општеството, ниту граѓаните, ниту општините, ниту пак Владата и државата, шпекулациите да ги носат, да ги манипулираат и да бидат пресудни во нивните одлуки. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се последни во процесот на одлучување“, изјави Заев.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvWk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRRN01EQV8vMGI3YWEzNTlkMTY3NzgxZDEyODgwOTcxOGZiZjQwNDUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Израелската војска уби двајца тинејџери

Израелските војници убија двајца палестински тинејџери за време на протестот на границата во Газа.Тинејџерите биле на возраст од 18 и 14 години.Израелскиот воен портпарол изјави дека денес на границата се собрале повеќе од 6.000 Палестинци, од кои некои фрлале камења и експлозивни средства кои експодирале на територијата на Газа.Палестинците протестираат секоја недела од март минатата година на границата во Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 220 Палестинци се убиени во протестите.Израел соопшти дека нема друг избор освен да користи сила против демонстрантите кои се обидуваат да ја поминат границата. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања