Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Zaev

СДСМ: Граѓаните ќе изберат нов претседател кој заедно со Владата ќе работи за државата и за народот

Распишувањето на претседателските избори навестува една добра вест за граѓаните и една очекувана за Мицкоски, велат од СДСМ.„За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов.Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат.Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста на власта

СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела. Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред.Република Македонија не смее да продолжи да губи. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp

Трамп помина четири часа на лекарски преглед, еве какво е неговото здравје

Американскиот претседател Доналд Трамп е во добра здравствена состојба, изјави неговиот доктор по четиричасовен преглед.„Задоволство ми е да соопштам дека претседателот на САД е во добра здравствена состојба и очекувам дека така ќе остане во текот на неговиот мандат, па и подолго од тоа“, изјави докторот Шон Конли.Здравствената состојба на Трамп во јануари минатата година исто така беше добра, по низа проверки.Американскиот претседател не е обврзан да прави лекарски прегледи, но тоа стана негова редовна пракса со цел да ја увери јавноста дека е способен да ја извршува неговата работа. 

Свет | пред 7 години

7 год.
asaf-ademi-696x385-1-696x385

Асаф Адеми: За мене политичката функција ‘Министер’ не е света

Министерот за култура, Асаф Адеми по реакциите во јавноста од објавените резултати по Годишните конкурси на Министерството за култура се огласи на Фејсбук.„После реакциите на еден дел на здружениjата и медиуми, би сакал да ве известам:- Одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија; и- Во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при министерството.После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.Истовремено, би ви обврнал внимание на следното:- моето мото ‘култура за сите ‘ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда; и- Јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење.Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата.За мене политичката функција ‘Министер’ не е света“, напиша Адеми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-belopeta

Оливер Белопета: Секој поединечен искажан збор на Заев за конкурсот за култура е комплетна лага

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, го демантираше премиерот Зоран Заев кој изјави дека џез фестивалот не доставил ниту еден документ според протокол„Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“.Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“, напиша Балопета на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протест против загадувањето на воздухот пред Собрание

Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“ за денеска најави нов протест против загадувањето на воздухот. Протестот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 13 часот.„•Веднаш бараме свикување на итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот во нашата земја.• Бараме итно вклучување на експерти(Доктори, Еколози, Еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата).• Бараме владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.• Бараме вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.• Како главно барање, владата и институциите да престанат со така наречени решениа кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени.На сите нас е во Сабота да ги дополниме или подобриме нашите заеднички барања се со цел за најдобро и најбрзо решение“, стои во описот на настанот.Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес сончево со умерена облачност, од вторник нов студен бран

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.Во Скопје слично време со температура од -1 до 8 степени.Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер. Од вторник подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на студен бран од северните делови на Европа што ќе услови значително заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО

По ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Парламентот на Грција, премиерот Зоран Заев на својот  официјален фејсбук-профил напиша дека Грција е прва земја што го ратификуваше Протоколот. – Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО, напиша Заев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-5

(ВИДЕО) Железничка несреќа во Шпанија, едно лице го загуби животот

На североистокот на Шпанија во железничка несреќа, едно лице го загуби животот, а најмалку 16 се повредени. Локалните медиуми пренесуваат дека два воза се судриле еден во друг.Едниот воз се движел кон Барселона, а другиот кон Манреса. Несреќата се случила во 18:20 часот по локално време.Едно лице е со тешки телесни повреди.https://twitter.com/6W_es/status/1093934499585552385?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093934499585552385&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031492-sudar-vozova-na-severoistoku-spanije-jedna-osoba-poginula-8-povredjeno

Свет | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа кај Оровник - Охридско, лесно повредени три лица

Вечерва околу 19 часот на магистралниот пат Охрид - Скопје во близина на селото Оровник, се случи сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион. Во несреќата лесно се повредени три лица и истите се префрлени во болницата Св. Еразмо.СВР изврши увид на лице место.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6762-rada

(ВИДЕО) Шекеринска: Јас и денес знам да влезам во автобус и да одам пешки

Новинарот Александар Чомовски ја прашува вицепремиерката Радмила Шекеринска дали има чувство за скромност.До кога ќе ве возат една лимузина напред, четири назад?, прашува Чомовски.Видеото на својот фејсбук профил го сподели пратеникот Антонио Милошоски, Одговорот кој го дава Шекеринска за него е „уникатен“. Таа вели дека се вози во автобус и дека оди пеш во Скопје.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/videos/2479608982068366/

Македонија | пред 7 години

7 год.
parlament-grcija

Грција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

По 11 часовна расправа, Прламентот на Грција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-6

(ВИДЕО) Мицкоски: Секоја смена на власт носи своја порака, таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната

Ми преставува особена чест и задоволство што повторно, по подолга пауза практично обновуваме едно пријателство и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка и што заеднички организираме еден работен престој кој што е добра прилика за размена на искуства, пренесување на знаења и втемелување на нови форми на соработка, изјави Христијан Мицкоски на отворењето на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и  Националниот демократски институт.„Искрено се надевам дека ова е почетокот на едно обновено суштинско пријателство кое убеден сум дека ќе донесе плодоносни резултати и ќе ни помогне за зголемување на нашите капацитети и реализација на нашите стратешки приоритети како политичка партија, што всушност се и приоритети и стратешки цели споделени со Република Македонија.Искрено сум убеден дека се поставуваат основите за една долгорочна соработка која ќе донесе одлични резултати.Ваквиот работен престој е прилика да се направи една ретроспектива за анализа на она што преставува и наслов на овој заеднички собир „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.Ова е дотолку повеќе важно затоа што она што сега ќе го испланираме, изградиме како заеднички капацитет во партиските структури ќе биде она што, уверен сум во еден извесен брз период треба да се преслика како раководење на институциите, нивно управување и менаџирање. И потполно треба да бидеме свесни дека граѓаните со право, ќе очекуваат резултати, исполнета работа и драстична разлика кон подобро. Ние сме тие кои ќе ја имаме задачата тоа да го донесеме и да не ги разочараме нивните очекувања што е првенствената обврска во се она што го правиме. Не смееме и нема да ги изневериме очекувањата на граѓаните!Но патот до таму треба да се изоди. И ништо нема да дојде незаслужено, и ние треба да бидеме подобри од било која друга политичка сила сега и во минатото. Како што рекол американскиот претседател Абрахам Линкон она што и треба на секоја една демократија е владеење на народот, од народот, за народот. И ние тоа треба заеднички да го изградиме, преку отвореност, со неверојатен слух за потребите на граѓаните, зајакнување на демократските капацитети и да се водиме од интересите на Република Македонија и нејзините стратешки цели“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека секоја смена на власт носи своја порака. Како што тоа таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната, така и ние добивавме во минатото пораки од граѓаните.„И веројатно за тоа, и таквите нивни одлуки граѓаните имале добри причини. Наша должност е да ги признаеме нашите слабости, да ги oстраниме и надминеме, зајакнеме нашите капацитети, и понудиме она што им треба на граѓаните. И ние тоа го правиме.На државата и треба лидерство кое ќе донесе стабилност и развој. После 28 години независност нам ни треба овозможување на сигурност на граѓаните и конечна верба во демократските принципи, во почитување на волјата на граѓаните која не секогаш во минатото била водилка за политичарите, а тогаш кога не била, се правеле грешки кои нашата држава ја чинеле скапа цена.И конечно на граѓаните им треба сигурност, верба во правната држава и владеењето на правото, каква во моментов за жал немаме. Но она што сега го имаме како фактичка состојба во државата е слаб институционален капацитет, разочарани очекувања, имаме поделено општество и тоа по повеќе основи. Станавме држава во која и поставувањето на директори на средни училишта предизвикува поделби, бидејќи истото е резултат на политички интереси и договори, а не последица на заслуги и минат труд. А поделеноста дезинтегрира, но нам ни е потреба интеграција. Еднакви можности за сите. Правна држава и конечно владеењето на правото.Имаме стратешки интереси кои треба да се одбранат, но и исполнат. Ние сега сме опозиција која е гласен коректив на власта. И за се она што денес критикуваме, треба утре да го исправиме и исполниме. И сум уверен дека тоа ќе го направиме. Пратеничката група, членовите на Извршниот и Централниот комитет, како секој еден член треба да знае дека оние капацитети што ќе ги изградиме сега, ќе бидат капацитети кои ќе управуваат утре и ќе имаат одговорност. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане прогресивната сила која ги носела промените и секогаш била во служба на целите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја обединува енергијата на прогресивноста, на современиот патриотизам, и отвореноста да се рушат бариерите. И ќе го донесеме она што и потребно на нашата земја, промени, нова надеж и подобра иднина за сите.Овој работен престој ќе помогне во зајакнување на внатре партиските капацитети“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џафери: Немам влијание во изборот на мојот баџанак во Антикорупциска

На новинарско прашање како неговиот баџанак влагол во составот на Антикорупциската комисија  претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери одговори дека тој немал влијание во изборот, и дека тој влегол исто како и останатите.„Како вашиот колега новинар влегол во тој состав на комисјата? За разлика од преходно, сега Собранието беше вклучено во изборот. Во изборот беа вклучени пратениците, медиумите, претставниците на владата, претставници на народниот правобранител, а во процесот на испитување на кандидатите и  претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Немам влијание во изборот“, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
n7hunsxwclqgzrc6kxgx

Зоја Бузалковска до Заев: Вие не ја ставивте културата под точка разно, вие ја жртвувавте

Режисерката Зоја Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура по повод резултатите од Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во културата.,,Да си скромен (а тоа поинаку се нарекува и – „да си будала“) и да пријавиш само една претстава за 2019 година, во Прилеп, затоа што минатата година си работел претстава во Драмски во Скопје (само една) и затоа што треба и други, нели, да работат и да не ти се одобри и таа една претстава, е тоа е навистина скандалозно! Јас, ете, не ја разбирам оваа одлука, чија и да е и од кои и да е причини и барам да ми се објасни!Веќе подолго време сакам да му се обратам на премиерот, но си велам, ајде да помине гласањево во парламентот, ајде да помине НАТО, ајде да помине… Ама помина животот, а ова денес ја прелеа чашата, па затоа, еве, и да го испратам ова што веќе некое време го имам во компјутер”, напиша Бузалковска на Фејсбук.Исто така таа му се обрати и на премиерот Зоран Заев.„Кога во септември 2016 година ме поканивте како експерт од културата на трибина со тема: “Кои треба да бидат итните реформи кои новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?”, претпоставувајќи или надевајќи се дека токму Вие ќе ја предводите новата влада, зборував во 5 точки. Таму меѓу другото реков:„Потребна е итна ревизија на Законот за култура, во насока на ослободување на институциите во културата од политичко влијание, како и донесување одлуки за уметнички прашања. Да се спроведе децентрализација како системско решение.Министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, особено што тоа во изминативе скоро две децении се прави по партиски клуч.Културата мора да ѝ се врати на самата фела. Менаџерското и уметничко раководство, како и креирањето на политиката на куќата со која тие раководат, мора да бидат во рацете на самите професионалци, на самите вработени“.Но НАЈВАЖНОТО што на таа трибина го реков, беше:„Најсуштинското прашање за мене е, дали оној кој ќе практикува власт во Република Македонија во наредниот период, ќе ја разбере улогата на уметноста? Дали ќе разбере дека ова што се случува во моментов во државата, ова што ѝ се случува во повеќедецениски период и особено во последните десет години е директно врзано со едни тенденции за маргинализација на културата и уметноста во однос на економијата во раните фази на развој на државава и злоупотреба на културата и уметноста во подоцнежната фаза која трае до денес? Културната матрица во која се формираат личности во изминатиов период е застрашувачка и сосема погрешна, оди до размери на губење на идентитетот и се привикнува на стиропор, лавчиња и невкус. Каде е местото на културата во образованието? Каде е местото на културата во медиумите? ... Сакаме јасна порака дека некој во оваа држава разбира колку е важно децата да влезат во театар - вистински театар од најмала возраст и тоа да не е полчасовно правење муабет со нив од сцената, туку вистинска претстава, која ќе ги маѓепса и ќе ги натера тука веднаш да се вљубат во театарот; сакаме јасна порака дека разбирате колку е важно децата да влезат на изложба (еве во моментов можам да се сетам само на една во Скопје по осамостојувањето, која ме потсетила на Париз - онаа на Личеноски во МСУ), после која ќе посакаат повторно да дојдат, а да не бидат присилени на тоа... и да не набројувам во сите области...Сѐ додека не разбереме дека културата не смее да биде ставена под ТОЧКА - РАЗНО, ќе имаме вакво гласачко тело и ќе мора да ги живееме своите животи на улица, а не онаму каде што ни е местото и каде што сме попродуктивни“.И како постапивте Вие, г-дине Заев, откако „се консултиравте“, меѓу другите, и со мене? Вие г-дине Заев, не ја ставивте културата ПОД ТОЧКА РАЗНО, вие ЈА ЖРТВУВАВТЕ! Секогаш кога Ви е потребен „пазар“ за одлуки и гласови, прво посегнувате по КУЛТУРАТА и по ОБРАЗОВАНИЕТО! Тоа само говори за тоа, колку Вие и не го разбирате нивното огромно, суштествено значење за една држава, и посебно за нашава, која претендира да биде дел од едно пошироко европско семејство (бидејќи, сфаќам, тоа Ви е во моментов најважно). Многу е важно да разберете дека над тие два министерски ресора треба деноноќно да бдеете и да стравувате за секоја погрешна одлука или невнимателно направен чекор, уште од изборот на министрите, па сè до нивните вакви или онакви одлуки и потези! Резултатите од погрешните политики ги трпат сите граѓани, а јас, пак, имам среќа/несреќа да бидам дел и од двете засегнати области и да поднесувам небулози секаде каде што се обидувам и самата да придонесам во насока на конструктивни промени!!!За крај, погледнете ја, г-дине Заев, вака попладневно, по дома, на раат, Годишната програма на проекти од културата од национален интерес за Театарска дејност (можете да ги отворите и другите дејности, исто е) - како да немате ништо со неа, како Вас да не ве засега. Не е тешко да забележите, и со букви, и со бројки, за каков национализам и проценување пред сè по критериум „етничка припадност“, а не по квалитет на предложеното, се работи. Кога ова ќе ви го каже некој што веќе повеќе од 15 години се бори на страната на човековите права и разрешувањето меѓуетнички конфликти, а учествува и во програмите на школите за толеранција, тогаш значи дека ептен сте ја закашкале работава! А на од Вас избраниот Министер за култура имам само да му порачам – немам намера да Ви пишувам посебен допис – ДАВАМ ОСТАВКА во Советот за култура, Ваше советодавно тело, кое практично и не постои, бидејќи Вам не Ви требаат совети, Вие сè си знаете и самиот.Премиере, имав голема до/верба во Вас. Но, вашата политика е неконсеквентна. Денес нешто одлично, утре нешто катастрофално. Изградете систем! Вака, сè зависи од некаков етно-базиран компромис или меѓупартиски договор, а не од стручност и компетенција. Сè додека не покажете дека Вие ја водите Владата и дека Вие сте одговорен за секој министер и за неговите постапки, зашто изборот е Ваш, позитивните резултати ќе бидат инцидент, а не систем, ќе бидат пријатно изненадување, а не секојдневие на добро работење. Вие од мене побаравте поддршка и мислење. Јас од Вас сега барам јасни, конкретни, бескомпромисни постапки, од кои ќе ми стане видливо дека сте ме разбрале! Такви постапки засега правите само на едно поле, само по едно прашање, за што Ви се восхитувам, но за тоа да биде така, жрвувавте многу, а има опасност да жртвувате и сè“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault

Д.р. Бурнески со молба до Филипче: Јас лично ќе ја донирам мојата плата – да формирате солидарен фонд

Докторот Јово Бурнески преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд. Како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:„Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд. Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Магла на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла 80 – 100 м има на П.Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
C4wk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1RRN01EQV8vNGYxY2M1ZmRlYmJjZTc4N2UxODJhOGMwODgzZDg2NzEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Еден од најактивните вулкани во Индонезија повторно исфрла пепел и лава

Вулканот Мерапи во Индонезија, еден од најактивните во светот денес повторно почна да исфрла сива пепел, додека низ неговите падини истекува лава.Вулканската ерупција започна вчера вечер по локално време, но се уште нема предупредување за евакуација.Во 2010 година животот го загубија повеќе од 300 лица, а околу 280.000 беа евакуирани.Индонезија има повеќе од 17.000 острови и околу 130 активни вулкани. 

Свет | пред 7 години

7 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

СДСМ: Мицкоски го чека изборен пораз на било какви избори

Христијан Мицкоски многу добро знае дека го чека нов пораз, на следните претседателски избори, го чека пораз на било какви избори, велат од СДСМ.„Хидро Мицкоски нема поддршка кај граѓаните, нема поддршка ниту во неговата паретничка група.Успехот на Македонија и местото во НАТО се неговиот последен и најголем пораз.Речиси нема ден да помине без при тоа антизападниот Мицкоски или раководството на криминалната ВМРО-ДПМНЕ да не излезе во јавноста брајаќи некакво алиби за изборниот пораз што знаат дека ги чека.Не Мицкоски, помина времето на кое си навикнат, заврши времето на злоупотреби, изборни манипулации и непочитување на волјата на граѓаните како што правеше твојата ВМРО-ДПМНЕ и твојот шеф Никола Груевски.Граѓаните знаат дека неосновано бараш алиби за поразот.Дури и претседателот на Државната изборна комисија, патем предложен од ВМРО-ДПМНЕ, го демантираше Христијан Мицкоски, јасно акцентирајќи дека ДИК има капацитет да ги организира изборите во најдобар ред.Сега кога претседателките избори се веќе распишани со сигурност може да се каже дека Мицкоски и неговиот антизападен кандидат ќе бидат поразени на слободни, фер и демокартски избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања