Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
DSC_1278

Започнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство

Согласно одлуката објавена во службен весник, а којашто неодамна ја донесе Владата на Република Македонија, започнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.Целта на овој модел на Јавно приватно партнерство е да се унапреди системот за стерилизација во областа на хирургијата, како и да се намали ризикот од пост-оперативни инфекции.Согласно предложениот модел на Јавно приватно партнерство, опфатен е период од 15 оперативни години. Вредноста на инвестицијата е околу 16 милиони евра, а приватниот партнер ќе биде должен да ги вложи овие средства во период од 2 години, односно околу 35% или 5,8 милиони евра во текот на првата година и останатите 65% или 10,3 милиони евра во втората година од работењето.Моделот на Јавно приватно партнерство предвидува избраниот приватен партнер да биде одговорен за финансирање на моделот во четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација на територијата на државата, финансирање на изведба за реновирање/адаптирање на објектите во постојните центри за стерилизација (4 коишто ќе бидат одбрани како најсоодветни), понатаму целосно опремување на регионалните центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обезбедување на персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, нивно редовно одржување и обновување во консултација со докторите хирурзи, обезбедување стерилизиран медицински материјал (облека и опрема), третман на медицинскиот и техничкиот отпад од хируршките сали, како и целосно менаџирање и управување со интегрираните услуги за стерилизација согласно прифатени стандарди и протоколи.Од друга страна јавниот партнер, односно државата како дел од Јавното приватно партнерство ќе има обврска да обезбеди локации со објекти за четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, да ја врши контролата врз обврските преземени од страна на Приватниот партнер, како и контролата и мониторингот над извршувањето на работите, и да го изврши плаќањето за извршената јавна услуга.По истекот на предвидените 15 години, според моделот, приватниот партнер во целост на Јавниот партнер ќе ја предаде развиената инфраструктура, вклучително и целосно опремените четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обновени хируршки сали, нови хируршки инструменти, санитетски возила и софтверскиот ИТ систем.Ваквата одлука на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија е резултат на физибилити студија, којашто беше изработена во декември минатата година.Процесот на избор на Јавен приватен партнер ќе се одвива транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки. Како прв чекор, министерството за здравство ќе организира стручна дебата за докторите хирурзи, како и со целокупниот медицински персонал којшто ги извршува хируршките интервенции.Моделот на Јавно приватно партнерство ќе овозможи долгорочно унапредување на реализацијата на хируршките интервенции. Дополнително, ќе придонесе за поголем развој на здравствениот систем во целина, нови вработувања и редовни обуки и доквалификации за медицинскиот кадар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
18300974_1648631935165304_7254538458709759171_n

Симона Спировска: „Летањето орли” и „Букефал” станаа поважни од нас самите

Актерката Симона Спировска преку статус на својот Фејсбук профил му се обрати на Министерот за култура.„(Не) културно спрдачење и препродавање на културата! Видете вака! Културата не ви е за исполнување на вашите ,,влажни” наци фантазии. Па мајку му јебем! Зар не ве вреѓа тоа што сме сведени на проценти? Зар не ве вреѓа тоа што поголема вредност има етничката припадност од нашите човечки и професионални квалитети?Зар не ви е гадно тоа што градиме соживот базиран на бројки?Зар не ве вреѓа тоа што ќе ги снема фестивалите кои ни го изградија колективниот идентитет?Зашто мене ме вреѓа. ,,Летањето орли” и ,,мудата на Букефал” станаа поважни од нас самите.#ШејмОнЈуМинистреА сега за старите и новите претплатници една стара, ама добра!Театарчето "Зелената гуска" ви го прикажуваСТРАШНИОТ РАЗГОВОР МЕЃУ ШУШУМИГА И ДУХОТ НА НАЦИЈАТАНастапуваат:Јоне Шушумига и Духот на нацијатаМесто: Кафуле на улица "Македонија" (може да биде и пред Влада)ШУШУМИГА: Што има ново?ДУХОТ НА НАЦИЈАТА: Ништо.ШУШУМИГА: Е, тогаш се е во ред“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

Заев смета дека е потребата од воведувањето на заменици директори во ЈП е неопходна

Потребата од воведувањето на заменици директори во ЈП е неопходна, вели премиерот Зоран заев, одговрајќи на новинарско прашање. Тој додава:Во некои од институциите од таму произлезе и ... потребата е неопходна. Затоа ги скративме, мислам дека се 12, од сите институции, околу 1.800, зборуваме за дванаесет. Ако сакаме „МЕР“ да се развива, да се споиме со „ГАМА“, да ја разгранува гасоводната мрежа по сите градови, барем во урбаните средини, затоа што се гради националниот гасовод. Веќе почнуваме со изведба на секундарните гасоводни мрежи и во самите градови, во Скопје и во сите градови на Македонија и те како има потреба за менаџмент соодветен со сериозна одговорност. Согледавме дека во некои институции, каде што вистински постои таа потреба, а ја немаа, ефикасноста е помала. Некаде каде што ја има ја има. Тоа не значи дека треба да се претера, да се бираат директорски позиции, заменички, само за да постојат, Ние, ветивме дека ќе имаме рационализација на средствата, за да можат квалитативно поголем број да бидат насочени кон враќање кон граѓаните, кон капитални инвестиции и во тој правец ќе се движиме.Колку ќе ја чини тоа државата, имате проценка?Дванаесет плати се тие, значи дванаесет плати на администрација од над 120.000 или 140.000 со општините како е дефинирана, навистина се мал број на плати. Ако, тие ја дадат својата ефикасност, нивните плати ќе бидат во стотици пати повеќе оправдани, вели Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51440599_248807682679932_4662359335370752000_n

(ФОТО) Цевката ја поправија, патот остана раскопан

По поплавата која на булеварот Илинден се случи на 4 февруари , во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 остана закрпен булевар.Причина за поплавата беше пукната голема цевка, но цевката ја поправија, а патот остана раскопан.Вака изгледа булеварот Илинден по поправањето на дефектот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-123

Заев: Јас би бил добар консензуален кандидат, но се сметам за поприлично млад

На прашањето Дали бие се гледате како консензуален кандидат? Премиерот вели:Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по групни и тешки, односно ни малку лесни одлуки, кои што се донесоа, добиваме „убав ветар во грб“. Треба да сработиме. И се сметам за поприлично млад.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Заев: Треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, вистински личности за кандидати за претседател

Премиерот Зоран Заев денеска не дада конкретен одговор дали е за предвремени парламентарни избори, нити пак конкретно посочи кои се негови фаворити како претседателски кандидати. На овие прашања премиерот вели:Се доближуваме до датумите кога мојата политичка партија која што ја водам треба да формулира свој став. Знаете, дека дилемата е помеѓу двете опции. А тоа е, дали, примамливоста за нас политичарите, за еден цел, нов мандат, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи, подобрување на севкупниот живот е доволно привлечна и ќе се определиме за тоа или, онаа определба каде што, според мене, превагнува интересот на државата, наспроти политичарите и политичките партии, а тоа е, да не дадеме никаков изговор на земјите-членки, кој што, дел од нив се, еве, генерално против проширувањето. А Македонија, чека позитивна одлука на Самитот на Европската Унија во јуни, каде што, јас верувам дека Комисијата, која што е на крајот на својот мандат, сака да остави свое наследство, свое „legacy“. Македонија блеска, во делот на политичкото решавање на билатералните отворени прашања. Ние сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите, сме комплетно успешни. Верувам дека Парламентот низ дијалог, ќе продолжи така консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува и процесот на изборот на Антикорупциската комисија, каде што се гласаше консензуално.Судските реформи во февруари, верувам дека Парламентот ќе смогне сили да ги донесе, се надевам со консензус, заради тоа што се посветува многу време на дијалогот, новиот Закон е при крај, за делот на реформите во УБК (Управа за безбедност и контраразузнавање), реформите во администрацијата течат, ние имаме успешен процес на реформи. Се надевам, заради граѓаните, не заради Европската Унија, имплементацијата исто така, ќе биде многу видлива, до 22, до 26 јуни кога треба да се одржи Самитот на Советот на Европа и да се донесе позитивната одлука за Македонија. А, истовремено пак, земјите-членки ќе бидат со завршени избори за ЕвропскиотПарламент, поприлично релаксирани и очекувам позитивни во тој дел, за да можеме навистина да се надеваме на добивање на датум за преговори, односно отворање на Поглавјата. Ние, го добивме датумот, со проекција, јуни 2019-та, но одлуката за отворање на Поглавјата, верувам дека точно ќе биде донесена. Таа е таа причина, која што превагнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на својата партија каже свој став, ќе ја „утапи“ дебатата внатре. Јас, ги кажувам аргументите реално, кој се што се, верувам ќе им помогнам на сите, кои што се во процесот на одлучување.Но, овие денови разговараме со коалиционите партнери, разговараме со политички партии надвор од Коалицијата, политички партии кои што не се парламентарни, многу значајни здруженија на граѓани, се консултираме со граѓаните, правиме анкети и анализи. Јас, сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество, изразена преку политичките партии и да ги повикам сите, да направиме една заедничка одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности, зад кои што би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии, заради тоа што граѓаните застануваат, токму поради нив...Ако најдеме личности, зад кои што граѓаните доминантно застануваат, тоа би бил некој вистински консензуален кандидат, кој што ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21-от век, со прогресот и просперитетот кој што Македонија го има и дополнително го очекува. Тогаш, е вредно да направиме напори, да дадеме шанса, да изнајдеме таква личност.Ги повикувам и ДУИ, ги повикувам и БЕСА на Африм Гаши, БЕСА на Билал Касами, Алијансата, на турските партии, сите други помали партии, да смогнеме сили. На локалните избори направивме квантен скок , граѓаните гласаа за личност, за граѓани. Не Албанци за Албанци, Македонци за Македонци, Турци за Турци. Не, гласавме за личност. Можеме да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, секако вреди тоа да го направиме. Можеби ќе успееме, можеби не, но, вредно е да дадеме шанса.Уште еднаш напоменувам. До 21-ви март се поднесуваат кандидатурите, имаме доволно време за внимателно реализирање. Нашиот Конгрес е закажан на 3-ти март, како една од најголемите политички партии. Гледам и опозицијата кон крајот на февруари организира Конгрес и носење на одлука, така да треба да посветиме сите достоинствено внимание, да изнајдеме, да изнедриме, вистински личности, заради тоа што претседателот на државата е првата личност во нашата земја и многу е важна оваа функција во Република Македонија, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
znamemce

Се случуваат грешки, вели Заев одговарајќи на прашањето зошто наместо македонскиот јазик стоеше знаменце

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска по посетата на Клиниката за неврологија, во рамки на комплексот на клиники „Мајка Тереза“, во Скопје одговараше на новинарски прашања. На прашањето може ли да го искоментирате потегот на Алијансата, каде на нејзината веб страна наместо македонскиот јазик стоеше знаменце? Имајќи го предвид фактот дека лани во јули, кога имаше напишано македонски јазик, Социјалдемократскиот сојуз го поздрави ова и го оцени како признавање на македонскиот јазик и идентитет?Премиерот Заев вели:Добро, меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот кој што го испративме ќе го коригираат тоа. Некој пат се случуваат грешки. Веројатно и во делот на формулацијата, за сите е новина и за меѓународната заедница исто така е новина, сето тоа што се случува во делот на Северна Македонија и новото име на нашата земја, кое што се надевам ќе биде во функција по гласањето во грчкиот Парламент, затоа што, самото користење и на новото име е различно од идентитетските прашања кај нас, како што сме Македонци, кои што зборуваме македонски јазик, а ќе бидеме од Северна Македонија. Треба јасно да се разграничи. Постојат веќе формулирани, готови протоколи како тоа се објаснува на сите, за да можат меѓународните организации да бидат свесни. Знаете дека и писмо треба да испрати нашата земја, до сите 193 земји-членки на Обединетите нации, веднаш по Ратификацијата на Протоколот. А и во тоа писмо ќе бидат објаснети сите аспекти на употребата на новото име, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
penzija

Нашите иселеници 8 месеци не зеле македонска пензија, каде е проблемот?

Иселеници од Австраија, Швајцарија и други држави, кои се стекнале со право на користење  пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар. Скопје 1 сакајќи да открие која е причината, најправо се обрати кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш не препрати за ова прашање одговор да побараме во министерството за Труд и Социјална Политика.Портпаролот на министертсвото веднаш ни кажа дека ова не е прашање за нив туку за ПИОМ. Од ПИОМ пак портпаролката Анифе Зекири, ни кажа дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побара прашањето да го пратиме на mail и дека ќе ни биде одговорено во текот на следната недела.Ги запрашавме:- Дали е точно дека нашите иселеници кои се стекнале со право да земаат македонска пензија, немаат земено 8 месеци?- Доколку е точно која е причината и дали ќе им се исплатат пензии?- Колку иселеници се регистрирани во ПИОМ кои земаат македонски пензии?Веднаш штом ни биде одговорено, одговорот на ПИОМ ќе го објавиме.Инаку пштите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 години за жени и минимум 15 години пензиски стаж. Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред навршување 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во случај на смрт на осигуреникот, правото на пензија може да се стекне за минимум 5 години осигурување или за најмалку 10 години пензиски стаж.Повлекувањето на средствата од индивидуалната сметка во задолжителните пензиски фондови од вториот столб, пред возраста за пензионирање не е дозволено, со исклучок во случаите на инвалидност или смрт. Во случај на инвалидност или смрт на членот, средствата од индивидуалната сметка се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ), којшто е овластен за исплата на инвалидски и семејни пензии. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата од индивидуалната сметка може да ги наследат наследниците на починатото лице.Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velo-pateka-1

Реконструкција на Вело патека на улица „Даме Груев“

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на реконструкција на пешачката и на велосипедската патека на улицата Даме Груев во должина од 250 метри. Реконструкцијата се врши на потегот од крстосницата со булеварот Партизански одреди до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски.За да се спречи непрописното паркирање возила на тротоарите и да се овозможи непречено движење на пешаците и на велосипедистите, по реконструкцијата на овој потег на улицата Даме Груев ќе се постават заштитни столпчиња.Апелираме до лицата кои го користат овој простор да не паркираат на оваа локација со цел побрзо изведување на градежните работи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
20.4.kamcev

Дополнителни 30 дена притвор за Орце Камчев

На барање на СЈО, Апелацискиот суд ја продолжи мерката куќен притвор за бизнисмените Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Тие следните 30 дена ќе останат дома.Што се однесува пак за осомничениот Тодор Мирчевски освен без пасош и сега ќе има обврска да се јавува еднаш неделно во суд.

пред 7 години

7 год.
avalon

Бобан Авалон распали по Министерство за култура: Шокиран сум!

Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.Во продолжение Милошески пишува:Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продуцкија наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа на Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По 90 евра оштета за секој ден минат во затвор за осудените во „Сопот“

Владата на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор.„Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата.Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Тие беа осудени на вкупно 156 години затвор. Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата, што подоцна се докажа дека е вистина. Откако беа прогласени за невини осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.

пред 7 години

7 год.
ana-karenjina

Ана Каренина вечерва во МОБ

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде одиграна на сцената на МОБ вечерва со почеток во 20 часот.„Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман ‘Ана Каренина’ на големиот руски писател Толстој. Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…“, се вели во најавата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stokholm

Маж со нож нападнал луѓе пред полициската академија во Стокхолм

Припадницире на шведската полиција пред зградата на полициската академија во Стокхолм уапсиле маж кој бил осомничен дека со нож нападнал неколку лица.Во соопштението од полицијата се наведува дека едно лице е рането пред станбена зграда во јужниот дел на Стокхолм, и истото со хеликоптер е пренесено во болница.Исто така во соопштението се наведува дека полицијата е на местото на настанот и дека најверојатно станува збор за обид за убиство.

Свет | пред 7 години

7 год.
pilot

Уапсен пилот на „Американ ерлајнс“ во Манчестер

Пилот на авио-превозникот „Американ ерлајнс“ е уапсен на аеродромот во Манчестер поради сомнение дека бил под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.Од полицијата велат дека вчера утрото добиле пријава дека постои можност еден од пилотите на аеродромот да е пијан.Пилотот е уапсен под сомнение дека во крвта имал поголемо количество на алкохол од дозволеното. Во соопштението од полицијата се наведува дека пилотот е пуштен со кауција.Од компанијата потврдуваат дека еден член од екипажот е притворен на аеродромот и дека летот за Филаделфија е откажан, а патниците се пренасочени на другите летови. Исто така изјавија дека соработуваат со локалните злужби за спроведување на законот во врска со инцидентот.

Свет | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

СВР Охрид: Во Октиси пронајдени и одземени се саксии со стебла од марихуана, укрдени пари од црква

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.Р.(34) од струшкото село Октиси.При извршен претрес во неговиот дом, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis како и дрога марихуана.На 06.02.2019 година во Полициската станица Струга било пријавено дека во периодот од 15.00 до 17.00 часот во црквата „Св.Недела“ во село Драслајца струшко, непознат сторител извршил кражба при што одзел пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pumpa-1

Нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на Неготинско - Тремник

Работници на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино се присутни на терен и работат на поставување на нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на селото Тремник.Како што информираат одговорните, поради дефект прво е демонтирана и отстранета старата пумпа која ќе се репарира, по што е пристапено кон чистење и перење на бунарот за создавање услови за поставување на новата пумпа од 18,5 киловати.Се очекува во текот на денот новата пумпа да биде поставена и ставена во функција со што ќе се придонесе за стабилизирање и подобрување на снабдувањето со вода за пиење на жителите на неготинското село Тремник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грип или први знаци на морбили – како да се препознаат симптомите?

Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица – ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници – морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Примариус д-р Лилјана Лазаревска, началник на епидемиолошкото одделение во Центарот за јавно здравје, за Фактор вели дека простор за паника нема. Симптомите кај морбилите се слични како оние на грипот, но тие навреме треба да се препознаат и да се побара стручна помош. Mалите сипаници, вели д-р Лазаревска, се акутно, вирусно, многу заразно заболување, предизвикано од вирусот на морбили, кое се манифестира со катарални симптоми и макулопапулозен исип, а се јавуваат во помали и поголеми епидемии. По инкубација од 10-12 дена, се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност. Истовремено се јавуваат и катарални симптоми како солзење на очите, течење на носот, сува кашлица т.н. “плачна маска“.-Карактеристично е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи”, вели прим. д-р Лазаревска.Како се пренесува болеста и што треба да се направи додека трае?-Малите сипаници, додава д-р Лазаревска, се типично респираторно заболување и се пренесува преку воздушно-капков пат. Покрај горните дишни патишта, како влезна врата се и коњуктивите. Резервоар на инфекцијата е исклучително човекот, дoдека изворот на заразата се секретите на заболениот. Се смета дека 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат. Во тешките форми на заболувањето може да се добие бронхопневмонија, бронхиолитис, ларингитис или бактериска пневмонија како дополнување на основната болест. Во потешки форми се јавуваат и отитис-воспаление на увото, синуситис-воспаление на синусите, и енцефалитис-воспаление на мозочните обвивки. Најважно е болниот во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови, на амбиентална температура од 24 степени, да зема многу течности, чаеви, природни сокови и витаминска терапија. Ако болеста е пропратена со висока температура со контрола и препорака на лекар се земаат и антипиретици – лекови за намалување на истата. Болеста, објаснува д-р Лазаревска, се пренесува преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта кои при кашлање, кивање и гласно зборување ги исфрлаат заразените лица. Вирусот може да живее до два часа во надворешната средина и тоа на предмети и површини што даваат можност за индиректно пренесување како детски играчки, загадени предмети и работни површини. Согласно Календарот за имунизацијата во Македонија, вакцинацијата против мали сипаници се дава во две дози. Првата доза по навршените 12 месеци од животот, а втората на 6 годишна возраст. Траен имунитет се создава по прележување на заболувањето и штити во текот на целиот живот. Во Скопје прогласена епидемија! Се очекува зголемување на бројот на заразени! Епидемија на мали сипаници се прогласува кога има повеќе епидемиолошки поврзани случаи. Зголемување на бројот на заболените од мали сипаници обично се јавува циклично на секои 2-3 години. Во зависност од текот на епидемијата се предлагаат и преземаат соодветни мерки, што вклучува дополнително и евентуална вакцинација на одредени групи на лица, блиски контакти во семејството, затворени колективи, колективи со групно сместување. Засега се евидентирани 25 лабораториски потврдени случаи, но нивниот број се очекува да биде поголем.“Наша должност и обврска е да им укажеме на родителите и апелираме за нивно вакцинирање, а да би се избегнало заразувањето и евентуално можните компликации. Според опфатот на вакцинација заклучивме дека кај децата родени во 2012 година многу е намален опфатот на вакцинација со МРП, и изнесува околу 80 отсто. За да бидеме сигурни да не дојде до епидемија ни треба опфат од 95 до 98 отсто. Ставот наш е дека најдобар начин на заштита е вакцинацијата со две дози вакцина против мали сипаници. Како најчести компликации се примарното вирусно воспаление на белите дробови, морбилиформен постинфективен енцефалитис”, вели прим. д-р Лазаревска.Согласно Законот за заштита на населението за заразни заболувања, вакцината против мали сипаници е задолжителна за лицата до 14 годишна возраст. Засега во скопските градинки и училишта нема случаи на морбили. Епидемија на мали сипаници имаше и во 2010/ 2011 кога заболеа повеќе од 900 лица. Морбилите имаат широка дистрибуција низ светот, а луѓето се единствените природни домаќини. Вакцинацијата против морбили во светот започнала во шеесеттите години на 20 век. Во 2000- тата година морбилите беа на петто место од причините за смрт кај децата ширум светот, со пресметани 777 000 смртни случаи. Епидемиолозите апелираат родителите да не одбиваат да ги вакцинираат своите деца, бидејќи на тој начин оставаат можност за проширување на болеста во сериозни размери. И покрај казните за бојкот на редовната вакцинација кои се движат до 650 евра, минатата година околу педесетина родители заработиле прекршочни пријави бидејќи одбиле да ги вакцинираат децата. (фактор)

Македонија | пред 7 години

7 год.
turcija-1

Се зголемува бројот на загинати во Истанбул, три спрата биле нелегално изградени

Бројот на загинати во зградата која се сруши во Истанбул порасна на десет, додека 13 лица се извлечени од рушевините со тешки телесни повреди, соопштија денес надлежните.Меѓу повредените е и 5-годишно девојче кое е спасено 18 часа по рушењето на зградата.сто така во текот на ноќта спасено е и уште едно 9-годишно дете.Зградата во која живеат 43 лица се сруши во средата. Се уште трае истрагата со цел да се утврдат причините за рушењето на зградата. Властите изјавија дека последните три спрата биле нелегално изградени.

Свет | пред 7 години

7 год.
bogoev-1

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, на работа ќе од оди со велосипед

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска се приклучив кон Winter Bike To Work Day - Skopje #5.-Не само денеска туку секојдневно да го користиме велосипедот како превозно средство. Си земав обврска дека почесто ќе бидам #НаТочак. Здраво е и еколошки исправно, напиша Богоев на својот Фејсбук профил.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања