Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
fatime-fetai

Фатаи даде завршни зборови за предметот „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“.На рочиштето завршни зборови даде обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство.Обвинителката рече дека Сашо Мијалков како тогашен директор на УБК и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го искористил своето реално влијание и му овозможил на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, кој ги изгубил изборите, да продолжи да учествува на изборите, а на тогашниот градоначалник, Зоран Заев, му било ускратено правото на победа во првиот круг.Фетаи ја исцитира и бомбата во која Мендух Тачи му вели на Бедредин Ибраими: „Ќе гласаш да се поништи, пошто се договоривме за Чаир“.Спорд неа поништувањето на изборите резултати на три избирачки места во Струмица, од страна на ДИК, било направено по егзакна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се повторат изборите во овие места.-Кога виделе дека ги изгубиле изборите во Струмица, од ВМРО-ДПМНЕ ги впрегнале сите логистички капацитети. Со својата моќ и реално влијание Мијалков, како прв човек на УБК, стапил во контакт со Тачи, кој пак му рекол на Бедредин да гласа за поништување на изборните резултати на три избирачки места, а за возврат на поништување на изборни гласови во Чаир, а во корист на ДПА, истакна Фетаи.Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

пред 7 години

7 год.
morbili

Почина шест месечно бебе од морбили во земјава

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Машкото бебето кое е жртва од мали сипаници во земјава е од кумановско. Тоа утринава починало на Клиниката за инфективни болести.– Бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација од воспаление на белите дробови – изјави денеска министерот за здравствои Венко Филипче и нагласи дека редовната вакцинација е најдобра заштита против ова и други заразни заболувања.Филипче додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tajland

Тајландска принцеза и ѕвезда од ТВ-сапуници влезе во трката за премиерското место

Сестрата на тајландскиот крал влезе во трката за премиерското место, како главен кандидат на народна партија лојална на соборениот премиер Тахсин Шинаватра, што е случај без преседан во кралското семејство. Тајландската политичка партија „Таи ракса чарт“ денес ја именуваше принцезата Уболратана Махидол како своја кандидатка за премиерка, во спротивно со традицијата на палатата која ја избегнува политиката.Принцезата Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, 67-годишната постара сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорн. Уболратана (Убол Ратана) Махидол најстарата ќерка на кралот Бумибол Адуладеј. Родена е 1951 година во швајцарска Лозана. Студирала на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес математика и биохемија, а има и магистратура од областа на здравството. Се откажала од титулата и се преселила во 1972 година во САД заедно со сопругот колега од факултетот MIT, Питер Лед Џенсен, но се вратила во Тајланд по разводот во 1998 година.Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има огромно влијание и милиони поддржувачи.

Свет | пред 7 години

7 год.
lozari

Влада: Лозарите ќе ги добијат своите пари

Владата на редовната 119-та седница донесе Предлог-одлука за утврдување на дополнителна помош, како мерка за исплата за продадено винско грозје. Дополнителната помош ќе им се исплаќа на лозарите коишто го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а коешто досега не им е платено од страна на откупувачите. Висината на дополнителната помош се утврдува според сортата на продаденото грозје, а којашто не е повисока од просечната цена за откуп на килограм винско грозје, во периодот од 2014 година до 2016 година.Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и врз основа на анализите на терен на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година. За таа цел, но и за им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, со одлуката се предлага да се исплати продаденото и ненаплатено винско грозје од страна на државата.Во насока на реализација на оваа дополнителната помош, Владата вчера ја прифати и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019-та година. Во неа, се врши изменување на вкупниот износ на средства во програмата предвидени за растително производство и се додава нова мерка како Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lagadin-2

ЅОЅ: Знаете, нели, дека не може да ги задоволите и едните и другите?

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ со јавно обраќање до в.д. градоначалник на Општина Охрид. Во писмото кое го испратија до медиумите тие велат:Господине Георгиески, по вашата неодамнешна изјава во која напаѓате граѓани и ги наведувате дека „ненавремено“ реагирале при носењето на урбанистичко-планската документација за Лагадин и останатите подрачја, ве прашуваме дали се потрудивте да се информирате дали воопшто биле одржани јавни расправи за предметните документи? Дали се потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорните документи; дали било обезбедено нејзиното присуство?Не, не сте се потрудиле да се информирате, бидејќи ако се потрудевте да ги добиете овие информации ќе знаевте дека во Лагадин живеат и охриѓани и тоа во текот на целата година. Охриѓани кои на никаков начин не биле известени за носењето на спорната урбанистичко-планска документација за тој потег за која ниту се одржала јавна расправа ниту се одржала јавна анкета. Охриѓани кои многу добро го знаат „успешниот стопанственик“ Толески и неговите активности „во согласност со законот“ и кои до ден-денес се прашуваат на кој начин деталниот урбанистички план за Лагадин во рок од една деценија се деградира во урбанистички план вон населено место, за на крај да заврши како општ акт.Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ – што лагадинци го формираа за да си го остварат уставно-загарантираното право на учество во одлуките кои ги засегаат на локално ниво – истово прашање му го постави и на Уставниот суд на РМ од кој наскоро се очекува одлуката за оценување на уставноста и законитоста на Општиот акт за Лагадин.Во изјавата велите „кога ќе дојде инвеститор и ќе побара одобрение за градба на постоечки план, јас како градоначалник сум должен да постапам по тоа барање... кога се донесол планот на 50 метра од обала да има таков објект – завршена е работата“. Вистина? Бидејќи пред само две години, поточно на 15 март 2017 г., советничката група на сдсм изјави „На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправа за незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба.“Што се смени во овие две години во однос на (не)законитоста на дивиот хотел во Лагадин освен позицијата на вашата партија во локалната власт? Пред да прозивате граѓани со излитеното „каде бевте“, поставете ѝ го прашањето на вашата советничка група во Општина Охрид, само во сегашно време. Законите, господине Георгиески, не се сменија со истапувањето на сдсм од опозиција.На позиција на власт, што вие и вашата партија правите за да се справите со разузданата урбана мафија во Градиште, Љубаништа, Трпејца, Пештани, Рача, Коњско, Лескоец, Косел, Горица?! Зошто свесно допуштивте на дневен ред на седница на Совет да дојдат одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во автокампот „Градиште“? Одлуките изобилуваа со парцели со погрешен број, ниви без никаква градба впишани како да има на нив објекти, а вие како образложение за повлекувањето на точките нудите „разрешена комисија“?! Исто како што формалната причина за поништувањето на клаузулата за правосилност на одобрението за дивиот хотел во Лагадин гласеше „инвеститорот ненавремено известил за отпочнување со градежни активности“?! А поништувањето се случи веднаш по укажувањата на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ).Во решението на ДИЖС се вели дека Општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина. ДИГУ, пак, на ниедно место во своето решение не спомнува „ненавремено известување“, туку врз основа на координиран инспекциски надзор посочува на утврдени „низа неправилности во постапката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин – Општина Охрид, како и во постапката за издавање на одобрението за изградбата на предметниот хотелски комплекс“. На крај од решението ДИГУ упатува барање до Општина Охрид „одобрението за градење да се поништи“.Вие во моментов ја извршувате функцијата градоначалник, а не лице за односи со јавност на сдсм. Таа функција подразбира првенствено и единствено грижа за општината, за доброто на граѓаните и за владеењето на правото.Доколку законот вели дека не може да се гради во 50 метри бидејќи се работи за заштитен појас на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија, дали вие како одговорен нема да засукате ракави и да утврдите како тоа се дозволило? Тоа што вас воопшто не ве засега како вакви „исклучоци“ се дозволуваат, отвора загрижувачки прашања за вашата кредибилност, чесност и одговорност. Или покажете дека имате способност да раководите со Општината, а со тоа и со дел од УНЕСКО регионот, или оставете работата да ја заврши некој посовесен од вас. Навистина повеќе не знаеме на кој начин да ви ставиме до знаење дека немате ни милиметар простор за демагогија. Можеби кога ќе почнеме со поединечни тужби насочени кон конкретни лица на функции ќе разберете што значи одговорност на јавен функционер. И ние нема да застанеме на македонските лесно подмитливи судови.Во овој контекст, особено ни се допадна делот каде што „откривате“ дека ја испитувате законитоста на планските документи. Ја испитуваме истовремено и ние, па да видиме дали ќе дојдеме до ист заклучок. Ние сме и посебно заинтересирани за кривична одговорност кај носители на јавни функции и официјални службени лица. Ако не сте запознаени какви последици има, еве ние ќе ве запознаеме со дел од нив:Според чл. 244-а од Кривичниот законик на РМ, службеното лице во локална самоуправа кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе се казни со затвор од три до осум години. Според истиот овој член службеното лице подлежи на истата казна доколку при издавањето на бесправно решение за градба му нанесе штета на друг.А до тогаш, имате конкретни и обврзувачки препораки со конкретен рок од УНЕСКО кои мора да ги исполните инаку вие ќе бидете таа партија која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност. Знаете ли за ноемврискиот извештај на владата на РМ до УНЕСКО во кој се вели „Република Македонија активно работи на зачувување на крајбрежниот појас и воспоставување ред во урбаната трансформација на светското наследство“? Знаете ли за препораката бр. 9 од Реактивната мисија на УНЕСКО која налага „ригорозна примена на законите и регулативата со цел да се оневозможи какво било понатамошно нелегално градење во рамките на доброто“. Осврнувајќи се на вашата последна изјава, несреќната изјава на премиерот Заев, очајните одлуки за вклопување бесправно изградени објекти во Градиште, мораме да ве прашаме во која насока работите? Во насока на исполнување на обврзувачките препораки на УНЕСКО или во насока на исполнување на ветувањата дадени на вашите бизнис-партнери и партиски финансиери?Знаете, нели, дека не може да ги задоволите и едните и другите?Со почит,Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_1278

Ќе се зголеми платата за 5% на вработените на Медицинскиот факултет

Владата на редовната 119-та седница донесе предлог - одлука за утврдување на дополнителна помош, како мерка за исплата за продадено винско грозје. Дополнителната помош ќе им се исплаќа на лозарите коишто го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а коешто досега не им е платено од страна на откупувачите. Висината на дополнителната помош се утврдува според сортата на продаденото грозје, а којашто не е повисока од просечната цена за откуп на килограм винско грозје, во периодот од 2014 година до 2016 година.Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и врз основа на анализите на терен на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година. За таа цел, но и за им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, со одлуката се предлага да се исплати продаденото и ненаплатено винско грозје од страна на државата.Во насока на реализација на оваа дополнителната помош, Владата вчера ја прифати и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019-та година. Во неа, се врши изменување на вкупниот износ на средства во програмата предвидени за растително производство и се додава нова мерка како Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје.На вчерашната седница, Владата ја усвои информацијата за давање согласност за покачување на платите на вработените на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Притоа Владата ги задолжи стручните служби на Медицинскиот факултет да направат пресметка и да извршат исплата на платите на сите вработени со полно работно време на Медицинскиот факултет во Скопје, повисока за 5% почнувајќи од јануари 2019-та година.Министрите на 119-та седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за изготвување на предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија, со предлог одлука. Истовремено, Владата донесе одлука за започнување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија. Исто така, Владата ги задолжи министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, кабинетите на Претседателот на Владата и на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на економските ресори, понатаму Регулаторната комисија за енергетика и АД МЕР Скопје, во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија. Потоа министерството за економија е задолжено до Владата да достави предлог решение за формирање на Комисија за спроведување на оваа постапка. Паралелно на ова, продолжува започната активност преку Европската Банка за обнова и развој за изградба на гасоводната мрежа.На вчерашната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за судскиот предмет 19П4-939/18, во јавноста почнат како случај „Сопот“ и можноста за спогодбено решавање и исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда, доставен до Државното правобранителство. Притоа Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот. Владата исто така, го овласти Државниот правобранител за подрачје Скопје, Зоран Петковски да потпише спогодба за судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој судски предмет.Министрите на седницата ја прифатија предлог - одлуката за доделување на средства на Државниот студентски дом „Доне Божинов“, во Пробиштип. Студентскиот дом ќе добие околу 210 илјади денари, за подмирување на трошоците за тековно работење, односно режиски трошоци за потрошена електрична енергија и вода, а коишто не можеле да се предвидат и планираат во буџетот на институцијата.Владата на 119-та седница го донесе предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински прашања. Со измените се пропишува законска обврска за приложување на фискалната сметка кон сметката која се сторнира. Ваквата обврска досега беше уредена со подзаконски акт и истата не секогаш беше почитувана од даночните обврзници поради што се предлага дополнување на законот со ваква одредба, како и глоба за санкционирање на непочитувањето на пропишаната обврска.На предлог на министерството за одбрана, Владата го усвои предлог – законот за класифицирани податоци. Со него се уредува системот за заштита на класифицирани информации во Република Македонија, при што се става акцент на класифицирањето на информациите, определувањето на степените на класификација, критериумите, мерките и активностите за заштита на класифицираните информации, размената на класифицираните информации со странски држави и меѓународни организации, постапките за издавање и времетраењето на безбедносните сертификати, органите за заштита на класифицирани информации, плановите и програмите за работење на Дирекцијата, вршењето надзор, прекршочните и казнените одредби при неовластено откривање на класифицирани информации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hristijan-768x511

Мицкоски - Пленковиќ: Постои сомнеж за можен фалсификат на претстојните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба во Загреб со премиерот на Република Хрватска претседател на сестринската партија ХДЗ Андреј Пленковиќ.На средбата Мицкоски и Пленковиќ разговарале за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија.„Остварив средба во Загреб со премиерот на Република Хрватска и претседател на сестринската партија ХДЗ Andrej PlenkovićРепублика Хрватска е земја членка на ЕУ и НАТО, а средбата беше добра прилика да се разменат искуства и да се интензивира меѓусебна соработка. Го запознав со состојбите во Република Македонија при што ја пренесов мојата загриженост поради растечката корупција, криминал и заробена држава, трговијата со правото и правната држава, назадувањето на евро интеграции, како и отворениот сомнеж за можен фалсификат на престојните избори.Ја нотиравме добрата соработка меѓу двете сестрински партии и подготвеноста дополнително истата да се продлабочува во периодот што следи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Во Струмица се запали автомобил во движење

Утрово околу осум часот на улица „Ленинова“ во Струмица во движење се запалил автомобил „ауди“. Нема повредени, но а причинета е поголема материјална штета.Од ТППЕ Струмица, велат дека опожарениот автомобил е угаснат со брза интервенција на пожарникарите и не е дозволено пожарот да се прошири и да зафати други возила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

При преглед на возило пронајдена марихуана и семки од марихуана

На 07.02.2019 година во 22,00 часот  на регионалниот пат село Банско - ,,Свидовичка раскрсница“, запрено е и контролирано патничко моторно возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки управувано од  А.С.(23) од село Банско, струмичко.При преглед во возилото пронајдена е марихуана, семки од марихуана и метална дробилка. Лицето е лишено од слобода во СВР Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Пронајдени две лица кои вчера при скијање се изгубиле на Попова Шапка

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С,  вчеравечер ( 7 февруари ) околу 19 часот и 30 минути, во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места и ноќеска ( 8 февруари ) околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lagadin-novo

Граѓанин до Заев за Лагадин: Некој ве става во заблуда, многу сум револтиран

Револтиран граѓан се обрати до медиумите со цел премиерот да ја слушне неговата мака. Дали имате некаков начин моево писмо да стигне до премиерот?, прашува тој.Писмото на Иван Поповски во објавуваме во целост:Ви се обраќам по повод Вашиот јавно-приватен дијалог со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин, бидејќи длабоко верувам дека Вашите помошници/советници не Ви објасниле дека криминалот за хотелот во Лагадин е направен не кога му е дадена дозвола за градба, туку претходно, кога е противзаконски донесен Општ акт за Лагадин. ОПШТ АКТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ВО МЕСТА КАДЕ ШТО ПОСТОЕЛ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН (кој за Лагадин постои од 1966 година). ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ САМО СО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, НО НИКАКО СО ПОНИЗОК ДОКУМЕНТ, КАКО ШТО Е ОПШТ АКТ.Некој Ве става во целосна заблуда. Не е точно дека во Општина Охрид има „мечка” што го малтретира „чичко Никола” и не му дава да си го доизгради хотелот, туку има некои исплашени мечиња што со судни маки сакаат да ѝ се спротивстават на мафијата и со поддршка на граѓаните и граѓанскиот сектор да направат да излезе на виделина „грешката” што е направена за Лагадин, а која понатаму ќе се шири и ќе го уништува целото непроценливо природно и културно богатство на овој дел на планетава и на нашава татковина.Ги прочитав Вашите изјави и ветувања до „чичко Никола”. Многу бев и сум револтиран. Пред 3 години, ќерка ми Павла, му пишуваше писмо на еден друг, во тоа време многу поважен, чичко Никола. Непосредно пред да го објавиме писмото, јас ја убедував дека треба да почекаме, дека се појави еден нов чичко Зоран и дека тој ќе даде сè од себе за да ги запре глупостите од чичко Никола (сега веќе сигурно ви е јасно за кого станува збор). Срам ќе ми биде од ќерка ми кога ќе разбере дека сум ја излажал. А како што тргнало, наскоро ќе разбере. И тогаш не Ви гине едно вакво писмо, а можеби и полошо – порасната е. Се мислев дали да чекам, ако со ваква моќна поддршка овој новиов чичко Никола стане градоначалник на Охрид, па тогаш да го објавам писмото, ама си викам, еднаш згрешив што не го објавив и да не ја повторувам грешката.Поповски го објавува и писмото до „чичко Никола“. Еве што таа напишала, во писмото кое никогаш не е испратено:„Чичко Никола, добар ден!Се викам Павла. Имам 6 и пол години. Сестра ми се вика Петра и има 2 и пол години. Ви пишувам од Москва. Тука сме родени и тука живееме во текот на годината. Ние сме полумакедонки и полурусинки. Секое лето доаѓаме во Македонија. Таму јас зборувам македонски, а во Москва руски. Таму е куќата на татко ми, во Охрид, во Лагадин. Таму живеел дедо ми Павле, кого јас не го познавам. Баба ми Цветанка ја познавав, а Петра ни неа не стигна да ја запознае. Ние многу го сакаме езерото. Пливаме, си играме со другите деца, фаќаме риби со тегли и кеси, правиме куќички од камчиња и тврдини... Мене многу ми се допаѓа нашата плажа. Тато ми кажа дека Вие сакате да направите друга плажа, голема, за да доаѓаат повеќе луѓе. А зошто Ви требаат уште повеќе луѓе?Понекогаш во јули и во август ние гледаме дека езерото станува многу валкано. Морам да Ви откријам една тајна: ние со децата лани видовме како од колекторот (ние често си играме на колекторот – ни личи на кула од тврдина), чичко Никола, ова е тајна, ние видовме како од колекторот излегуваат гомца (во Прилеп, од каде што беше баба ми Цене, ги викаат многу смешно, лајна). И ете така ние си пливаме во езерото заедно со гомцата, пластичните шишиња, опушоците, кесињата од смоки, хартивчињата од сладолед... А после тоа понекогаш нѐ боли стомак и повраќаме. Возрасните тоа го нарекуваат „охридски вирус“. А понекогаш по езерото плива пена. Возрасните викаат дека тоа не е пена за бањање, туку пена од перењето чаршафи во хотелите.Затоа Ве прашав, чичко Никола, зошто Ви треба уште поголема плажа со повеќе луѓе и повеќе хотели? Повеќе луѓе значи повеќе гомца, а и повеќе чаршафи за перење. А и повеќе коли. Кај нас и така одвај се поминува од коли и сите бараат место за паркирање. Каде ќе се паркираат, во езерото? Тоа не е убаво. Ние, луѓето, не смееме да му го заземаме просторот на езерото и на неговите жители. А Вие сте биле ли некогаш во Охрид за 2 август? Има премногу луѓе. Во градот не можеш ни да поминеш од луѓе и на плажа и во Свети Наум. Мислам дека Свети Наум би сакал да си избега од таму, толку му е тесно и загушливо и неубаво. А кај Канео, чичко Никола, зошто им дозволивте да изградат згради? Беше толку убаво – како играчка, како приказна. Ако можете, тргнете ги од таму тие згради.Мене не ми се допаѓаат палмите во Охрид, (ниту во Скопје). А Вам Ви се допаѓаат? Барем да раѓаа банани. А вака само бели пеперутки носат. Лани во Лагадин имаше цели облаци од бели пеперутки. Сите деца ги ловевме, а потоа се чешавме. Нѐ носеа на доктор. На родителите на Роди, моето другарче од Русија, им рекоа да го носат во „Маларична“. Тие, пустите, од памет се извадија додека не разбраа дека болницата се вика така и дека нема врска со болеста маларија (јас не знам каква е таа болест, ама изгледа дека е многу страшна). Ние во дворот имаме елки и борови и брези и багреми и липа. Колку убаво мириса липата во јуни. Многу се убави нашите дрва. А погоре има и дабови и ореви и јасени. И тие се многу убави. А палмите во нашиот амбиент не се убави. Чичко Никола, многу е убаво дека се грижите и садите дрва, само не садете палми, садете дрва што со векови се навикнале да живеат во нашите краишта и си се сакаат со нашите животни, птици и инсекти. И не ги сечете трските, тие многу убаво шумолат и се нишаат кога има бранови и дува ветар. А тато ми кажа дека ако ги исечете трските, можеби и лебедите ќе си заминат засекогаш и некои риби... Се плашам да не ни умре езерото. И уште нешто сакам да Ве замолам. Не ѝ правете лузна на планината Галичица. Таа е толку убава. Кога се возиме со кола од Скопје за Охрид, по патот гледам некои изгризени планини. Многу ми е жал за нив. Не сакам Галичица да биде изгризена и пресечена. Зошто сакате таму да направите голем пат? За по тој голем пат да дојдат уште повеќе луѓе, значи уште повеќе коли и гомца и чаршафи?! А покрај ова ќе се случат уште многу други неубави работи. Ќе бучи патот, ќе се загади воздухот, најубавите пеперутки на светот (не како тие белите од палмите, туку убави шарени, најразновидни) ќе изумрат, а без нив нема да можат да си го замислат животот и некои цвеќиња и растенија, птиците ќе избегаат, животните нема да знаат каде да одат, над патот или под патот, накај водата, накај населбите, а некои фамилии животни ќе останат разделени, зашто ќе им биде страв да го поминат патот. Чичко Никола, дали сте сигурен дека Вашиот пат и Вашите плажи со палми и без трски ќе направат животот на нашето езеро да биде поубав???Таму каде што јас живеам, во Москва, имавме еден стар, голем парк. Него го направија нов и многу убав. Сите почнаа да доаѓаат во тој парк и на паркот му стана многу тешко, а и на луѓето им стана многу тешко – многу гужва, многу ѓубре, многу канти за ѓубре, многу коли и гужва пред влезот во паркот... И за да не умре тој парк, на некои паметни чичковци им текна дека треба да направат други, нови, поинакви, но исто така многу убави паркови. И така луѓето не беа толку алчни и глупави за маста да му ја извадат на тој парк и тој парк сега е жив и здрав.Чичко Никола, Вашите деца сигурно мислат исто како мене. Ако не ми верувате, прашајте ги... Прашајте ги и моите другарчиња од Лагадин и од Москва. Од Москва секое лето кај нас доаѓаат гости. Многу го сакаат и езерото и Охрид и храната и залезите (ги фотографираат цело време) и Галичица. На Галичица планинарат со Илина. Илина е многу добра и убава. Исто така и Јасна и Игор и Искра и Мерита и Огнен и Нуне и Ленче и Софија и доктор Станко и чичко Перо и тетка Буба и Дени и Стефан и многу други.Сите ќе Ви кажеме фала ако бидете паметен и ги запрете лошите чичковци со секирите, булдожерите и лопатите со цемент и бетон.Чичко Никола, на крајот ќе Ве замолам за тајната – поправете го колекторот за да не пливаме со гомцата и поправете ги шахтите за да не ни смрди улицата и, знаете, понекогаш ни снемува струја и вода - и нив поправете ги. Уште сакав да Ви кажам дека во Охрид има многу малку детски игралишта со нишалки и лизгалки, а најчесто, таму каде што има, искршени се и старовремски. И „Маларична“ мислам дека многу одамна не е поправана. Кога ќе пораснам, ќе пливам до Вашата вила и можеби таму ќе Ве видам како пливате и ќе Ви кажам фала што го спасивте езерото и планината Галичица.Господине Заев, ова беше писмото што поради Вас не го испративме до тогашниот премиер Никола Груевски. За среќа, некои од работите се средија: палмите си умреа, а заедно со нив и лошите, бели, туѓи пеперуги, патот (лузната) на Галичица е стопиран (се надевам засекогаш)... Останаа чаршафите, булдожерите и лопатите со цемент и бетон, ... тајната... па има уште доста работи што треба да се средуваат.И уште нешто – јас моите ќерки ги учам дека не е страшно да си ја признаат грешката, пострашно е да не знаеш дека си згрешил, а најстрашно е да знаеш и да си ќутиш.Сè уште со надеж и почит,Иван Поповски, режисерP.S. Сепак верувам дека моите ќерки и нивните помали и поголеми комшии, другари и гости ќе се израдуваат и ќе Ви пишуваат писма и разгледници со израз на благодарност кога ќе се соберат во летото 2019 во Лагадин и наместо хотелот, таму ќе видат зачнато убаво паркче со млади липи или дабови или јасени, со клупи и цвеќиња.P.P.S. Замолете ги Вашите помошници/советници да Ви покажат фотографија од објектот (ги има по интернет од нашите протести) „објектчето за семеен бизнис” – за почеток ќе видите дека дотичниот отворено Ве лаже, а кој лаже... треба да проверите што уште друго таму прави и кој му помага итн.P.P.P.S. Претходната власт направи сè за сериозно да ГО ЗАГРОЗИ статусот на Охрид како светско наследство на УНЕСКО. Ама тоа сите ќе го заборават. И сите ќе паметат која власт ГО ИЗГУБИ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Пронајдени три вреќи марихуана во возило на патот Дебар - Маврово

На 07.02.2019 година околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар - Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.При преглед на возилото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М.  е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sala-768x489

Британската Полиција потврди дека на дното на Ла Манш го пронашле телото на фудбалерот Сала

Британската Полиција потврди дека телото на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала е пронајдено во авион потопен на 21 јануари во Ла Манш, беше објавено на Твитер од полицискиот оддел на округот Дорсет по идентификација на телото.https://twitter.com/dorsetpolice/status/1093640230173900801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093640230173900801&ref_url=https%3A%2F%2Finfonews.mk%2F2019%2F02%2F08%2Fbritanskata-politsija-potvrdi-deka-na-dnoto-na-la-mansh-go-pronashle-teloto-na-fudbalerot-sala%2F“Телото, кое денеска беше испратено во пристаништето Портланд, официјално е идентификувано од страна на патологот Дорсет како тело на професионалниот фудбалер Емилијано Сала”, се вели во извештајот.Заедно со 28-годишниот фудбалер во авионот бил пилот, Дејвид Ибботсон. Неговата судбина останува непозната. “Семејствата на Сала и пилотот Дејвид Ибботсон беа информирани”, рече полицијата.Малибу леталото-моторот PA 46 Малебу полета на 21 јануари од аеродромот Нант во Кардиф и исчезна од радарите за контрола на летање во регионот на Каналските Острови. Операцијата за спасување иницирана по ова од страна на властите на Велика Британија, Франција и Каналските Острови не донесе никакви резултати и беше прекината по три дена. Како што истакнаа спасувачите, шансите за наоѓање на исчезнатите живи во тоа време веќе беа многу мали.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Преку вложување во развој на дигиталните вештини до нови работни места

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.„Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и прекфалификации ќе можат да се вработат.Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.По завршувањето на учеството во предвидените мерки, невработените лица кои нема да се вработат, ќе имаат можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план.Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација, а очекувањата се планот за 2019 година да има уште поголем успех.Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции“, велат од МИОА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maicka-when

Викендов се одржува фестивалот на отворено „When in Krusevo – WInter is Here“

Викендов се одржува фестивалот на отворено „When in Krusevo – WInter is Here“ на кој веќе се пријавени неколку стотина учесници, а сместувачките капацитети, кои се дел од органзиацијата, се речиси исполнети до последно место.Викендот што претстои, 08 – 10 февруари, Крушево ќе го посетат повеќе од 1 000 туристи кои ќе пристигнат заедно со учесниците на фестивалот, но и заради програмата која овој викенд е богата.Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски овие настани се дополнителен поттик во зголемувањето на бројот на посетители.„Настаните како „Вен ин Крушево“ се сериозен поттик за зголемување на бројот на посетители, а исполнетата програма со културни и спортски настани полека го претвора Крушево во дестинација за 4 сезони. Токму затоа, ги поттикнуваме сите млади луѓе, организации и други да организираат активности во Крушево и за тоа локалната самоуправа ќе дава целосна поддршка “, порачува градоначалникот Христоски.На последното летно издание на фестивалот Крушево беше посетено од 3 000 посетители во само еден викенд, а организаторите најавуваат дека ќе продолжат со организација и оваа година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kreiraj

Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“- Проект за разубавување на Скопје Зоо

„Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment).Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне.„Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни... Сите сте добредојдени!Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest.Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014“, велат од Зоо Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
koncerti

Охрид нема да дава повеќе пари за Северина и Шерифовиќ - од 15 јуни до 15 август нема финансирање на концерти

На следната седница на советот на Општина Охрид ќе биде поднесен предлог градот повеќе да не субвенционира концерти од 15 јуни до 15 август, дознава „Скопје 1“. Според нашите информации, ваковиот предлог се темели на фактот дека тогаш туристичката сезона е во тек, а пак сите хотелиери се со исполнети капацитети. Па така, градот е преполн, а пак со тоа и концертите кои ги организираат различни продукции.Ова значи дека Охрид од буџетот нема да дава пари за концерти, фестивали и манифестации кои се организираат во овој период од годината. Ваквата одлука ќе треба да биде изгласана од мнозинството советници за да стапи во сила.Минатата година јавноста ја разбрани информација дека две познати продукции земале 5,5 милиони денари за организација на неколку концерти. Остри критики имаше за трошењето пари за концертите на Марија Шерифовиќ, Северина, фестивалот „Охрид колинг“.Предлогот до советниците во Општина Охрид ќе достави в.д. градоначалникот Константин Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори

Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори. Никој повеќе во државата не може да го игнорира расипништвото и арамилакот на власта. Потребно е СДСМ да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Власта која за само една година ја задолжи државата и идните генерации за нови 450 милиони евра, а притоа нема ниту една позначајна капитална инвестиција, не може да ја води Република Македонија напред, туку само назад.СДСМ за само една години со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.Власта треба да одговори на што се потрошени овие пари, кога нивото на реализација на капитални инвестиции е на рекордно најниско ниво од очајни 65%?Лудилото не запира тука. Власта која ја задолжи државата за неверојатни 450 милиони евра за една година без да направи било што за државата, сега лаже и вели дека ќе изгради нов Клинички центар за 480 милиони евра.Власта која поништи веќе готов проект со обезбедени пари за Клинички центар кој ќе ја чинеше државата 4 пати помалку или 120 милиони евра, сега манипулира со 4 пати повисока сума, за проект чиј старт е неизвесен.Доколку СДСМ не го прекинеше проектот за изградба на ВМРО-ДПМНЕ до сега истиот ќе беше до половина реализиран, а неговото пуштање во употреба ќе беше за две години од сега. Поради СДСМ се ова е прекинато и нов Клинички нема, а тешко дека во догледно време и ќе има.Власта која расипнички се однесува со парите на граѓаните не заслужува да биде власт и мора да си замине.СДСМ направи преголеми штети за државата и затоа потребни се итни и неодложно предвремени парламентарни избори заедно со претседателските“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grip

Пријавени 1.252 случаи со симптоми на грип

Во периодот од 28.01 до 03.02.2019 година, во Република Македонија пријавени се 1.252 случаи со симптоми на грип/ заболувања слични на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, велат од Институтот за јавно здравје.„Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4% споредено со 5-та недела од минатата сезона, а во однос на бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива постои намалување од 62,7%.Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран.Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители).Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто.Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини.Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје“, велат од Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gavazova-1

(ВИДЕО) Сузана Гавазова ја промовираше новата песна на српски јазик

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект.Новитетот на пејачката е насловен „Намазана“ ( Намачкана ).Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.Во спотот Гавазова е ултра модерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна.Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници. 

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања