„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
bruka_skopje

(ФОТО) Скопјанец скокна по крстот, излезе без гаќи

Скопјанец скокна по крстот во Вардар, но излезе целосно гол, Овој момент им падна во очи на граѓаните кои денес присуствуваа на празничната церемонија во населбата Нерези.Скопјани на шега искоментираа: не сме сигурни, но можеби токму оваа „скопска брука“ ќе му донесе среќа на овој скопјанец во 2019-та година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2C71F664-74CE-46FE-8A73-046D9C130FC8

Избега телохранителот на Мијалков, откако вчера пукаше во пријател

Детонатор повторно пукна во Кочани. Едно лице со прострелна рана заврши во болница. Како што веќе објави ТВ 24,  Драганчо Стоименов познат како Дaцо Белски вчера во ресторан во Кочани застрела свој пријател. Инцидентот што почнал како караница помеѓу две групи завршил со куршум во пределот на стомакот и раката на Драган Здравев викан Дач. Тој од синоќа е на скопските клиники.„Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Кочани, се работи на расчистување на случајот“ - вели Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.Стоименов е во бегство, но од Основното јавно обвинителство од Кочани велат дека водат истрага против него за обид за убиство. Во нивното соопштение пишува дека отежнувачка околност е тоа што во ресторанот во моментот имало и други гости што Стојменов со пукањето ги довел во опасност.  Четворица од двете групи кои седеле во ресторанот веќе се повикани да дадат исказ во Обвинителството. Мотивот за пресметката сеуште останува непознат.Кочанчани велат дека двајцата учесници често се дел од слични пресметки и низ градот се шпекулира дека причина се нерасчистени односи околу рекет, но пред камера, никој ништо не зборува.Стоименов не е непознато име за јавноста. Тој беше телохранител на екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и клучен сведок во случајот „Детонатор“, во кој пред седум години за рекетарство и перење пари во судница седнаа 16 лица, а операцијата од позицијa смени 13 полициски командири и тогашниот прв човек на СВР Штип.Сега осудените во „Детонатор“ тогаш тврдеа дека тие се жртва на Стоименов, а не обратно. Во тој период, Стоименов преживеа и неколку обиди за убиство.На двапати му беше поставувана бомба под автомобилот, во него пукаа од ловечка пушка, а за последниот обид пред пет години осуден беше Александар Василевски - Нинџа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sase-politiko

Сопругата на Политико вели дека тој лаже, а таа имала видливи рани од нападот

Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, а не пак прва да посегнам по нож за да го нападнам, пишува во изјавата Марина Лазаревска Ивановска во врска со веста сопственик на интернет портал и сопругата се бркале со ножеви. Случајот се однесуваше на Саше Политико, а неговата сопруга на социјалните мрежи напиша:„Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести,анестезија,реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот 18.01.Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава“, пишува Лазаревска Ивановска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Златко Марин демантира: Наводните разговори меѓу мене и сопругата на Политико се лажни

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин ја демантира веста „Доказ“: Протекоа фотографии-еве што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром? која „Скопје 1“ ја пренесе од „Доказмакедонија.мк“ и не е автор на истата.„Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене, Златко Марин, и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација. Барам извинување и официјален демант од вашиот портал. Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда“, пишува во демантот на Златко Марин испратен до нашата редакција.„Скопје 1“ се оградува од веста, со оглед дека истата е пренесена од друг медиум, а никој од нашата редакција не е автор на истата. Нашата редакција немала, ниту ќе има за цел рушење на нечиј личен интегритет или репутација, најмалку на градоначалникот Марин.Поради пренесениот текст кој Марин го демантира, „Скопје 1“ му се извинува, иако, во текстот е целосно оградена нашата редакција и поставен е хиперлинк до содржината која се цитира. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
polska-gradonacalnik-2

Полска денес се прости од градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович

Полска денес се простува од градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, кој почина во понеделникот во болница откако беше прободен со нож ден пред тоа за време на една добротворна акција. Стотици полјаци се собраа во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник.-Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.Претходно околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin

(ВИДЕО) Путин и годинава нурна при традиционално богојавленско капење

Рускиот претседател Владимир Путин и годинава не ја наруши трацицијата. Тој нурна во студената вода при богојавленско капење, соопштеное е од Кремљ.Како што е наведено, тој тоа го направил во храмот Подмосковљу.Минатата година Путин го направи истото во студената вода во езерото Селигер северно од Москва.Традиционално најпрво Путин оди на литургија, а потоа на богојавленско капење.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците

Антинародниот Христијан Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците. Додека сите упатуваат честитки до граѓаните, додека сите ги промовираат вредностите на заедништво и меѓусебно почитување, Мицкоски на верски празник продолжува да лаже и да ги дели граѓаните, реагира Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен, вистината е дека во целост е во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот никако не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик кој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат од целиот свет.Антизападниот Мицкоски не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО и нема да успее преку неосновани пријави да го спречи градењето на концептот едно општество за сите, којшто е силно поддржан од мнозинството граѓани.Македонија, граѓаните, ставија крај на црнилата и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато на криминал и неизвесност“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cipras

Ципрас тактизира со ратификацијата на спогодбата од Преспа

Откако во средата владата на премиерот Алексис Ципрас доби доверба од мнозинството пратеници во грчкиот парламент, сега на ред е ратификацијата на спогодбата од Преспа, така што уште неколку дена ќе биде присутна дилемата дали Ципрас повторно ќе го обезбеди потребното мнозинство и какво мнозинство всушност е потребно. Од шестемина пратеници што завчера гласаа за доверба на Владата, извесно е дека за спогодбата, доколку не се случи некое изненадување, ќе гласаат четворица меѓу кои заменик-министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста, министерката за туризам Елена Кундура, пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, како и поранешниот член на Река, а сега независен пратеник, Спирос Данелис. Со тоа бројката достигнува до 149 пратеници. Останува енигма каква ќе биде позицијата на партијата Река, но и тоа дали ратификацијата, законски, може да мине и со помалку од 151 глас.Инаку, како што наведува „Катимерини“, на Ципрас не му е потребно апсолутно мнозинство, но целта на грчката влада е спогодбата од Преспа да биде изгласана со што е можно поголем број гласови. Весникот се повикува на Уставот на Грција, но ја наведува и изјавата на претседателот на парламентот Никос Вуцис, кој објаснил дека се потребни 151 глас од пратениците за доброто на земјата и да се покаже дека такво мнозинство постои. Во спротивно, како што дообјаснил, би се поставувало прашањето за ограничена одговорност во однос на толкувањето на договорот.– Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации – рече Вуцис.Паралелно на ова, движењето Река на завчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека „проблемот за името треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја“.Лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, на последната расправа во грчкиот парламент рече дека „глас за доверба на Владата значи во секој случај позитивен глас за Преспа, додека напротив, позитивен глас за Преспа, не значи глас за доверба на Владата“. Таквата изјава во Грција се толкуваше дека Река, веројатно, нема да го смени ставот. Доколку лидерот на партијата и уште двајца негови сопартијци останат на првичната позиција и го поддржат договорот, тогаш Владата ќе има 153 гласа за поддршка на договорот.Со своја анализа за претстојната ратификација на договорот излезе и британски „Економист“.–Дури и кога премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се согласија да му стават крај на 27-годишниот спор, во јуни минатата година, малкумина познавачи на состојбата можеа да се обложат оти парламентите во Атина и во Скопје ќе го ратификуваат Преспанскиот договор – пишува „Економист“.Магазинот наведува дека по ратификацијата во Скопје сега на ред е Ципрас да ги исполни обврските.– Неговата партија СИРИЗА планира да го претстави Преспанскиот договор пред парламентот месецов. А грчкиот премиер, кој е вешт тактичар, се надева дека ќе обезбеди мнозинство за Преспанскиот договор, на ист начин како и при гласањето доверба за Владата, кога некои пратеници ја сменија страната. СИРИЗА може да смета на поддршката на двајца пратеници од партијата Река за да осигури втора победа, според владини извори. Другите партии се против спогодбата, исто како и 60 отсто од Грците, според последните анкети. Но тоа не го вознемирува Ципрас, чиј углед меѓу европските политичари се подобрува. Тоа може да се забележи и според пофалбите од германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината неодамнешна посета на Атина – се вели во анализата на „Економист“.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski-ikona

(ВИДЕО) Мицковски го дарува со икона од Св. Јован Крстител момчето кое го фати Крстот во Охрид

За Водици меѓу православните верници во Охрид, со икона го даруваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод денешниот празник беше во Охрид. Тој од Охрид испрати честитки до сите верници, и пораче дека оваа година треба да престанат сите омаловажувања, порази и понужувања и посака сите да се обединиме за подобра иднина на Република Македонија.- Дозволете ми да од мое лично име но и од името на ВМРО-ДПМНЕ на Синодот, на пресветото свештенство, монаштво, на сите православни верници да им го честитам овој голем христијански празник. Да им посакам здравје, среќа, бериќет, успеси, насмевки за нив и нивните семејства. Оваа година повеќе да се радуваме од минатата година. Да имаме повеќе успеси како граѓани на Република Македонија, а не порази и понижувања.И исто така би сакал да му го честитам успешното фаќање на крстот на најсреќниот помеѓу православните верници кои што денеска во водите на Охридското езеро се разбира се дадоа во потрага по крстот. Да му посакам нему здравје, среќа, успех и на неговото семејство се разбира.И како што кажав оваа година и сите оние порази, понижувања и омаловажувања што ни се случуваа во минатото да исчезнат и да бидеме пообединети, посплотени, да како луѓе се почитуваме и се погласно да ги кажуваме нашите мислења затоа што само со една јасна критика ние политичарите но и целата држава може да се стреми кон поголеми успеси и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија.Бог се јави!Навистина се јави!Нека ние среќен и вековит денот!, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-krst

ВИДЕО: Иван Лотески го фати крстот во Охрид

Иван Лотески од Вевчани е среќниот фаќач на крстот во Охридското езеро.„Ова е моја втора година како го фаќам крстот. Со години учествувам во оваа манифестација. Јас сум пресреќен, прерадосен. Се надевам дека ќе бидам среќен, исто и мојата фамилија, градот. Минатата година исто прв стигнав“, вели Лотоски.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/540846689734302/?__xts__[0]=68.ARAYb5r8paeHD7LfG8Ga_uN8tjZFdLVsb_KbWzCMyGWxnrX4xWD7YSxxMNPQKdzcBQ-tdbghHYkfHREe6mb3eepeUVYMQjcc2Lu_CneV6D7WZP9kP8ouQi2vEPSGiunQWro13Q7hbox1Ixkre8Rrb53k2fTnY_gm-5Pin2J_f1eD-VLDMnK6dn_o6Hh_VhxN6Nxdb3PvsqO-nc7_Onj-fkyD3TQbHWOxYCv2cWBOMtGa1_huXaBFmALL4Ujp5gXP-p7Fd9nsBqPn1cLteX57cEr_xVO0i_kYGk4-QY-PLnG9PjLoDBFEmi0Eleu08-8xFsNaZ1FHkKC6g-9aVZXgexkj3W5GBbxI&__tn__=-RВо рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodici-skopje-fakac-kst

ВИДЕО: Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје

Дваесет и пет годишниот Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје. Тој посака здравје среќа за сите, а во Вардар скока по шести пат.Сто и четириесет лица беа пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што се одржи во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2029062544054165/Спуштањето на крстот во водите на Вардар беше напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Делчевчанец фалсификувал документи за да добие кредит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, „употреба на исправа со невистинита содржина” и  „измама при добивање кредит или друга погодност”.Во јуни 2016 година пријавената изготвила фалсификуван купопродажен договор за патничко возило „Мерцедес“ наведувајќи дека во 2015 година возилото било купено од Република Италија од лице од Делчево, како повратник од странство, иако таа го купила возилото од правно лице од Република Бугарија.Ваквиот договор пријавената го употребила како вистински пред Бирото за метеорологија-Скопје и со поволни услови го регистрирала во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi-policija

Директор на училиште во Кратово набавувал производи без оглас, поднесена пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Д.(57) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 14.01.2013 година до 20.11.2017 година пријавениот, како директор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“- Кратово, не објавил јавен оглас и не постапувал во согласност со Законот за јавни набавки, при што без склучување на соодветен договор за училиштето набавувал стоки, производи и изведувал градежни работи и монтажа од ист вид со поголем број на правни лица.Исто така, без објавување на јавен оглас склучил два договори со физички лица за извршување на градежни работи. Со наведените дејствија била причинета материјална штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 1.289.737 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sase-politiko

„Доказ“: Протекоа фотографии-еве што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром?

Љубовен триаголник или нешто сосема друго? Зошто играле ножеви меѓу Саше Политико и неговата сопруга Марина?Порталот доказмакедонија.мк во сопственост на некогашниот партнер и другар на Саше Ивановски, синоќа објави фотографии од пораки, за кои тврди дека наводно се меѓу сопругата на Саше Ивановски, Марина и градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.Овие пораки во продолжение, во целост се преземени од порталот доказмакедонија.мк Извор: ВЕЧЕР

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodici-skopje

ВО ЖИВО ОД СКОПЈЕ: Фрлање на светиот крст за Водици

Во живо од Скопје по повод празникот Водициhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2029062544054165/

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Пронајден штитеник на домот „Ранка Милановиќ“

На 18.01.2019 година во 14.30 часот во село Сопиште полициски службеници пронашле 17-годишен штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, кој беше пријавен за исчезнат на 17.01.2019 година.Во 15.30 часот момчето било предадено на воспитувач од домот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-ilustracija

Пронајден затвореникот кој избегал од Идризово

На 18.01.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар, врз основа распишана потерница од Казнено поправната установа - Затвор Идризово, било  приведено лицето Л.Ф.(56) од село Форино, со живеалиште во Гостивар.Лицето е предадено на Казнено поправната установа – Затвор Идризово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka-1

Тешка сообаќајка во Скопје

На 18.01.2019 година околу 21.45 часот на крстосницата од  улиците „Борис  Трајковски“ и  „Трајко  Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.Возачот Д.П. и В.П.(42)  од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возило излета од патот Кичево-Охрид

На 18.01.2019 година во 08.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struga-krst-1

ВИДЕО: Стефан Митрески го фати крстот во Струга

Стефан Митрески е момчето кое го фати среќниот крст во Струга.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/440789753125933/ Спуштањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим беше во 11 часот од Чаршискиот мост, а го изврши митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.Пријавувањето на капачите беше утрото во 9 часот пред хотелот „Београд“.Среќниот фаќач Стефан Митрески на светиот крст ќе биде даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата и спонзори.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања