„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
vrabotuvanje

Министерството за финансии објави оглас, вработува медицинска сестра, дефектолог, педагог

Министерството за финансии имало потреба од Виша медицинска сестра, дефектолог, педагог. Платата во зависност од работното место се движи од 8588 денари до 25. 023 денари.„Конкретното работно место е предвидено за детската градинка во рамки на министерството. Градинката е формирана согласно „Законот за заштита на децата“ , работните места се регулирани и во Законот и во „Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност на установите за деца“. Во истиот е наведена потребата од ангажирање на медицинско лице, како стручен соработник во градинките. Во правилникот е наведено дека за градинките со мал капацитет овие соработници е предвидено да работат со половина работно време, односно 20 часа неделно, како што е предвидено во огласот.“се вели во допсиот од финансии.Од таму посочуваат дека и дефектологот и педагогог се за потребите на градинката.На истиот оглас се бараат и советници, помлади соработници и други профили. Според огласот на министерството ќе работат на определено време за период од пет години.Инаку огласи за вработувања во моментов има во повеќе државни институции. Меѓу нив се Царинската управа, ДИК, УХМР, Министертво за правда за надворешни, Државен архив, агенција за вработување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец доби кривична поради загрозување на сигурноста на пратениците во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на И.Ј. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот за информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје, градоначалникот на Град Скопје ги објавува следниве препораки до граѓаните:• да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило;• да се користи јавниот превоз;• рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;• за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;• да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;• печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;• редовно да се чистат оџаците;• да се одложат сите активности на отворено;• да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје.Овие препораки градоначалникот на Град Скопје ги објавува во согласност со Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран ПРАГОТ НА ИНФОРМИРАЊЕ на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Град Скопје) и добиеното соопштение за надминување на прагот на информирање од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Министерството за здравство потпиша договор за имплементација на иновации во здравството

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.-Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
morbili

Од морбили 75 заболени, најмногу деца до четири години

Информираме дека заклучно со вчерашниот ден (17.01.2019) во епидемијата од морбили (мали сипаници) се пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на мали сипаници, а за 65 од нив е добиена лабораториска потврда. Возраста на заболените се движи од 8 месеци до 42 години. Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 1 до  4 години, а пет деца се на возраст до една година. Во возрасната група над 20 години се заболени 18 лица (27,7%). Во однос на полот, 34 случаи (52,3%) се женски лица.Според вакциналниот статус, 55 лица, односно 84,6% од заболените се невакцинирани  или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните деца, пак, 5 деца се на  возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.Од вкупниот број заболени, 42 случаи (64,6%) биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, од кои 73,8% на возраст од 1 до 4 години. Кај 15 од нив (23,1%) се регистирани компликации, од кои најголем број, односно 12 (80%) се кај деца на возраст до 4 години.За потсетување, во декември 2018 година беше прогласена епидемија на морибили на територијата на населба Радишани, општина Бутел со седум случаи на мали сипаници. Заради појава на зголемен број заболени лица од различни делови на Скопје, на 02.01.2019 пријавена е епидемија на територијата на град Скопје. Епидемијата се прошири на територијата на сите општини на град Скопје, досега најголем број (32,3%) на случаи се регистрирани од општина Аеродром.По прогласување на епидемија на територија на град Скопје, екипи на Центар за јавно здравје-Скопје и Здравствен дом-Скопје извршија увид во сите вакцинални пунктови.Согласно последните податоци, доставени од Здравствен дом-Скопје беше утврдено дека од 41.189 деца на возраст од 1 до 5 години, невакцинирани се 12.437 или 30% од децата кои подлежат за вакцинација, додека од вкупно 63.815 училишни деца на возраст до 14 години во град Скопје - невакцинирани се 3.924 деца (6.1%). Најголем број на невакцинирани деца се од  прво одделение, односно 1.532 од вкупно 7.494 првоодделенци (20%).Во текот на втората недела од 2019 се вакцинирани 817 деца на возраст до 14 години од кои од 92% се на возраст до 5 години. Инаку, вкупно од почетокот на епидемијата до 13.01.2019 се вакцинирани вкупно 2.925 деца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
15

Министерот Бектеши ги посети компаниите во Полошкиот регион

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги посети компаниите од Полошкиот регион. Бектеши се сретна со управата на компанијата „Везе Шари“ во тетовското село Требош како една успешна компанија во Македонија која бележи раст на производството и извозот секоја година.– Нашите мерки за помош на компаниите имаат за цел зголемување на нивното производство, нивната конкурентност на пазарите во регионот и пошироко, а со тоа и зголемување на вработувањата. При денешната посета на „Везе Шари“ од управата ме запознаа со нивните идни планови за зголемување на капацитетите. Мерките за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото беа спроведени во текот на 2018 година и резултатите покажуваат дека со нив ќе продолжиме и во оваа година како наша потврда дека покрај странските инвеститори ние ќе продолжиме со силна подршка и на домашните производители и компании – рече Бектеши.Сопственикот на „Везе Шари“ Арбен Абдурахмани, рече дека денешната средба со министерот Бектеши била коректна и во ова прилика размениле идеи и искуства, како и што да се направи подобро во иднина за поуспешни резултати.– Соработката со Министерството е на високо ниво и никогаш оттаму не недостасувала подршка за нашите планови. Очекуваме дека со ваква соработка ќе продолжиме и понатаму особено околу законското решение за биогасните централи ако се знае дека ние имаме ваков капацитет и за што е потребно донесување на подзаконски акти за подобро регулирае и на оваа област на нашето делување – рече Абдурахмани.Во рамките на денешната псоета на тетовско, министерот Бектеши со соработниците ги посети и се сретна со управите на компаниите Авто – Цем и Металекс во Тетово. За време на разговорот со сопствениците на овие компании се нагласи недостигот на нов кадар за овие профили, додека министерот Бетекши ги информираше сопствениците на овие компании дека тој како министер, но и како влада се заинтересирани да најдат најдобри механизми за решавање на овој проблем.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7364

Меркел: Дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку пристап до повеќе информации

Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела, што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на  Глобалниот Форум за храна и земјоделство (GFFA). Оваа година темата на форумот е „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“. На денешниот состанок, на оваа тема на меѓународните министри за земјоделство им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел заедно со министерката за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, Julia Klöckner.Пред министрите од 70 земји во светот Меркел зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.Меркел истакна дека земјоделството има долга традиција и многу важно место во економиите на сите земји. Сите земјоделци се соочуваат со заеднички проблеми како што се климатските промени, трговската размена и пласманот на земјоделските производи, но со помош на дигитализацијата се олеснува нивната работа и се овозможува пристап до повеќе и попрецизни информации.Според проценките на Обединетите нации до 2050 година треба да се произведува 70% повеќе храна за потребите на светот.„Со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија можеме подобро да ја користиме храната, за помалку да се фрла и да се хранат повеќе луѓе. Ова е само еден од проблемите со кои ќе треба заеднички да се соочиме, а дигитализацијата може многу да помогне во овој процес. Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.Глобалниот форум за храна и земјоделство е меѓународна конференција која се фокусира на централните прашања за иднината на светската индустрија за храна и земјоделство. Ова е уникатна можност за претставниците од политиката, бизнис секторот, науката и граѓанското општество од целиот свет да споделуваат идеи и подобро да ги разберат темите од земјоделската политика. Форумот се одржува во рамки на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин, организиран од Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
spektra

Мерко како во 2011, тогаш рече „Господ го даде, господ ќе го крени“, поради ова над 90 граѓани завршија со скршеници

Струга руши рекорди во замрзнати, лизгави и неисчистени улици. Досега во струшката болница завршиле околу 90 граѓани поради скршеници. Стружани се револтирани на неажурноста на локалните власти, велат ништо не е исчистено, а голем дел од повредените најавуваат и тужби против општината.Дознаваме дека Јавното Комунално претпријатие на терен работи со 30 луѓе, две сопствени и уште четири возила од надворешен оператор. Граѓаните сметаат дека тоа е недоволно да се исчисти снегот и велат дека им преостанува само да се молат да се стопли времето за снегот и мразот сами да се стопат.Да потсетиме во Струга градоначалник е Рамиз Мерко. Кога станува збор за проблем со снег Мерко во неговиот претходен градоначалнички мандат во 2011 год, беше јасен и категоричен, тогаш Мерко рече: „Господ го даде, господ ќе го крени“.фото: ТВ Спектра

Македонија | пред 7 години

7 год.
praga

Маж се запали на плоштадот во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година. Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил. Не се знае какви му биле мотивите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева во полициска станица: Нема да ме замолчите, ќе се видиме пред лицето на правдата

Професорката Тања Каракамишева Јовановска преку својот профил на Фејсбук информираше дека била повикана во полициска станица поради поднесена пријава од Хелсиншки комитет.„Само што излегов од полициска станица Центар.Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица "под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем".Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ "за Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа, објаснува Каракамишева. Таа додава дека фејсбук статусот за кој е под сомнение се однесувал за мигрантите.„И јасно е се!Политичкиот прогон го пуштаат на максимум.Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата!Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото!Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашитеБорбата почна, нема враќање!“, стои во објавата на Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Саше Политико и сопругата меѓусебно се нападнале со нож

Саше Политико и неговата сопруга меѓусебно се пријавиле за семејно насилство кое се случило средата во вечерните часови.Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.„На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grdanoski-vodici-2

Охрид ќе го реши проблемот со кучиња скитници - стационарот е готов, се чека дозволата од АХВ

Општина Охрид го изгради долгоочекуваниот стационар за кучиња скитници, се чека уште дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски појаснува дека стационарот е изграден, набавени се две возила за транспорт на животните, вработен е и шинтер во ЈП „Охридски комуналец“.Стационарот е со капацитет за третман на 30 кучиња дневно.– До АХВ доставено е соодветно барање од наша страна така што веруваме дека веднаш откако ќе ја добиеме дозволата ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Проблемот е дотоколку поголем што во неколку наврати добиваме дојави од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат десетици кучиња, рече Грданоски.Како проблем тој посочи на практиката на несовесни граѓани кои ги оставаат на улица своите дотогашни домашни миленичиња, за кои повеќе не се грижат.Што се однесува на појавите на носење кучиња од други населени места во Охрид, Грданоски истакна дека за тоа се известени надлежните служби, како и оти се преземаат активности за спречување таква практика во иднина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Нови протести, револтираните пазарџии пред собрание

Новиот закон со кој се бара од пазарџиите да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, ги крена на нозе пазарџиите. Тие утрово излегоа на протест пред Собрание. Протестираат затое што им се забранува да продаваат на пазарите и поради обврските и зголемените давачки кои им се наложуваат.За потесетување со новиот закон лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.За дел од нив, како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
centar-za-kultura

Зоран Пејкоски е нов в.д директор на Центарот за Култура во Охрид

Досегашниот в.д директор на центарот за култура Григор Прличев, Стрезо Стаматоски денеска е разрешен од оваа функција. Со потпис на министерот за култура Асаф Адеми, за директор на оваа установа е именуван е Зоран Пејкоски, малку познат на јавноста инаку член на комисијата за култура од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gradnik-ortopedski

За првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници

За првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник.„Жени, ве информирам дека во функција е процедурата за добивање бесплатен градник, еднаш годишно во соработка со ФЗОМ“, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Министерот ја објасна и процедурата за добивање на овој градник:- Потребна е пoтврдa oд мaтичен која се заверува зaверувa вo ФЗO;- Сo пoтврдaтa, градникот може да се купи во специјализирана продавница, сочувајте ја фискaлнa сметка и земете и сметкo-пoтврдa;- Сo oвие дoкументи и сo кoпијa oд трaнсaкцискa сметкa во ФЗOМ ќе пополните бaрaње зa рефундирaње нa средствaтa;- Фoндoт рефундира сума 1,266 денари од градник.Акo мaтичниот лекaр не јa знaе шифрaтa кoјa требa дa јa пишувa нa издaденaтa пoтврдa тaa е: 75-02 OРТOПЕТСКИ ГРАДНИК СO ЏЕБОВИ ЗА НOСЕЊЕ НА ВЕШТАЧКА ДOЈКАИсто така, за првпат обезбедивме и психолошка поддршка на пациентите, која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат овој тежок период.

Македонија | пред 7 години

7 год.
osvetena-voda

Како и зошто се употребува осветената вода

Осветената вода е образ на Божјата благодат: Таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, ја чува грижливо како голема светиња, причестувајќи се со неа, особено во време на болести и при секоја немоќ.Богојавленската вода, како и Светата Причест, верните ја пијат/употребуваат на гладно. „Осветената вода – како што пишувал светителот Димитриј Херсонски – има сила за осветување на душите и телата на сите што се ползуваат со неа“. Таа, примана со вера и молитва, ги лекува нашите телесни болести.Светата вода го гаси пламенот на страстите, ги изгонува злите духови – еве зошто со света вода се попрскува секое живеалиште и секој предмет што се осветува.Препоодобниот Серафим, после исповедта секогаш на поклониците им давал да пијат света богојавленска вода.Преподобниот Амвросиј на еден смртно болен човек му испратил шише со света вода – и неизлечивата болест, за чудење на лекарите, ја снемало.Старецот еросхимонах Серафим Вирицки секогаш советувал да се попрскуваат производите и самата храна со Јорданската (богојавленската) вода која, според неговите зборови, „самата осветува сè“. Кога некој тешко боледувал, старецот Серафим благословувал да се зема по една лажица осветена вода на секој час. Старецот говорел дека нема посилни лекарства од светата вода и осветеното масло.Свети Јован Шангајски советувал: „Секој треба да има дома богојавленска вода доволна за целата година и да се ползува со неа во секоја потреба: во случај на болест, тргнување на пат, кога некој е вознемирен, учениците пред испити итн. Луѓето што пијат по малку света вода секој ден, пред јадење, прават добро. Таа ги укрепува силите на нашата душа – ако тоа се прави со молитва и набожност, без да се очекуваат механички резултати од тоа“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
otec-arsenie

Отец Арсеније Јовановиќ открива зошто се добива и како се лечи депресијата

Отец Арсеније Јовановиќ - монарх во манастирот Острог, стоматолог по професија, но пред се харизматична личност, писател, успешен сликар, православен учител, ментор, проповедник, православен психолог, филозоф, кој на специфичен начин држи духовни проповеди, така што практично се исповедува пред присутниот аудиториум.Тој во едно свое интервју се осврна на најраспространетата болест на современото општество – депресијата и ја откри причината зошто оваа пандемија не запира. Тајната според него е во една работа!– Зошто луѓето на Запад се премногу дебели? Бидејќи нивната душа е бескрајно гладна, а телото им е сито. Тие јадат за да го утолат гладот, не физичкиот, туку духовниот, а тој не може да се утоли со „фаст фуд“ (брза храна).Причината за таква состојба е, според отец Арсениј, недостаток на љубов.– Нема љубов. Општеството ги оддалечува родителите од дома, преоптоварени се, немаат време за децата. Ние сме воспитувани без љубов. Затоа имаме епидемија на ментални болести. Од полесни, како анксиозност, страв и депресија, до најтешки состојби. Сето тоа потекнува од уништувањето на една жена која губи две од нејзините најмоќни оружја: женственост и грациозност. Губење на контакт со Бог и она што Бог и го дал, таа се натпреварува со мажот. Децата растат во оваа средина и кога мајката ќе ја изгуби таа женска црта, тогаш и девојките, нивните ќерки, стануваат уште полоши. Машките деца почнуваат да ги мразат мајките кои не ги воспитале да ги сакаат жените, а тоа создава атмосфера на насилство во кое мажите ги малтретираат жените и децата. Се губи секоја мерка, вели отец Арсеније.Отец Арсеније објаснува како самите си правиме пекол.– Самите создаваме пеколот. Бог не создаде пекол, ние го создаваме. Со автодеструктивен живот, лоши мисли и дела ја уништуваме душата, срцето, умот, кој соочувањето со божественото, нематеријалната светлина по смртта ја доживува како тортура и пеколот. Како што болниот се крие од сонце, така и на болната душа и пречи светлината на Божествената љубов со која се соочува по смртта на телото, вели отец Арсеније.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Обид за убиство во Батинци , пукано кон автомобил

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.„Тројцата на 22.10.2018 година во село Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.“ стои во соопштението

пред 7 години

7 год.
ncionalna-strategija-transport

Презентирана националната трнспортна стратегија 2018-2030

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одржа прес-конференција на која ја презентираше Националната Транспортна Стратегија 2018-2030.Националната Транспортна Стратегија е документ со кој се дефинираат јасни насоки за инвестициони планирања во инфраструктурата и развој на целокупниот транспортен систем во Република Македонија.Стратегијата содржи имплементационен план во кој се опфатени 104 активности со проценет буџет од околу 4,2 милијарди евра, планирани да отпочнат со реализација до 2030 година.Во своето обраќање, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека крајната цел на Националната стратегија е да развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.Инаку национална транспортна стратегија е изготвена врз база на детална анализа на состојбите во целокупнио транспорт и овозможува проценка на најдобрите решенија и дефинирање на транспортните цели на Владата за постигнување на високо ниво на одржливост и ефикасност во националниот транспортен сектор.Со Стратегијата е предвидено да се постигнат 4 главни цели:1. Зајакнување на Интеграцијата во ЕУ и промовирање на регионална соработка преку завршување на патната и железничката мрежа на Пан-Европските Коридори и европските рути.2. Подобрување на економската одржливост на национално ниво заради повисоко рангирање на земјата со Индексот на логистички перформанси на Светска банка.3. Воведување на „зелена мобилност“ и логистика, фокусирана на еколошка ефикасност на транспортниот сектор преку намалување на емисиите стакленички гасови од транспортот за 15,1% во 2025 година и за 18,6% во 2030 година, споредено со претходните нивоа.4. Воспоставување на сигурен и безбеден транспортен систем во сите видови на транспорт преку намалување на бројот на смртни случаи на патиштата до 50% до 2030 година.Во рамките на оваа цел планирано е завршување и модернизација на патните и железничките Коридори 8 и 10, како и Рута 6, 8 и Рута 10 и тоа:- Модернизација на Коридор 10, Дозавршување на автопатот Кичево-Охрид, Изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, Модернизација на автопатот од Скопје до Гостивар, Изградба на автопатот од Скопје до Блаце, Изградба на ниво на автопат делницата од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, Надградба на регионалниот пат Куманово-Страцин, Надградба на автопатска делница Струга-Ќафасан, Завршување на Коридор 10Д преку изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, изградба на ниво на автопат од Прилеп до Битола и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија, Изградба на ниво на автопат од Струмица до границата со Бугарија, Воведување на електронска патарина на Коридор 10 и Коридор 8, Изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија (трите делници), Изградба на пруга до Кичево до граница со Албанија за да го комплетираме цел Коридор 8. Реконструкција на пругата од Скопје до граница со Косово, Преземање на активности за изгардба на пруга од Скопје до аеродорм Скопје, Оваа цел вклучува и финализирање на Усогласувањето на домашната транспортна легислтива со Европското законодавство.„Сакам да потенцирам дека ова е Документ што ги дефинира стратешките политики во развој на транспортниот систем во земјава. Проектитет што се опфатени во Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата“ истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зоран Крстески: “Со што се храниш, таков стануваш“ - Каде одиме?

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.прессЗа да доживееме среќа, постигнеме успех и оствариме мир, неопходно е да утврдиме кон какви вредности се движиме и што правиме за да го оствариме тоа што го посакуваме. Прашањето не се однесува само на индивидуалниот пат кон среќата, мирот и успехот, туку и на колективната определба овие категории да станат концепт на живеење, во кој општествениот напредок наместо да биде наша илузија, конечно ќе стане долгоочекувана реалност.Не може да постои среќно, напредно и успешно општество, ако во него не егзистираат самосвесни, позитивни, одговорни, верни на должноста и работно ангажирани поединци. Кога секој влече на своја страна и не води сметка за колективниот напредок, тогаш нема основа да се надеваме дека нештата ќе тргнат кон подобро, а среќата, мирот и успехот ќе станат наше секојдневие. Причините за индивидуалната и колективна стагнација можеме да ги бараме на различни страни и во разни нешта, но едно е сигурно – секој ќе го добие тоа што го заслужува, некој порано, а друг подоцна ќе се соочи со последиците од своето дејствување.Ако не сакаме животот да ни помине во постојана борба, неизвесност и исчекување на хармонијата и позитивните вредности, ќе мора повеќе да работиме на самите себе, духовно и интелектуално да се воздигнеме и да создадеме предуслови за градење праведно, здраво и напредно општество. Затоа, секој од нас треба да си ги постави прашањата:Каде одам; какви вредности негувам; за што се застапувам; колку придонесувам за самиот себе и за другите; дали ја извршувам својата професионална должност или гледам од се да искористам; кому служам и за какви центри одработувам; какви морални начела практикувам; дали зрачам со љубов и уживам во малите радости на животот; што ме прави среќен, смирен и опуштен итн.Решението никогаш нема да го пронајдеме ако наместо добрите примери, наши идоли станат алчните и негативни личности; ако прифатиме дека сите се исти и веруваме дека секој ќе краде, лаже и искористува кога ќе добие можност за тоа; ако размислуваме дека е нормално да изневеруваш, да правиш прељуби и да уживаш во ниските страсти на телото; ако сметаме дека не е битна благосостојбата на народот и напредокот на државата, туку најбитно е да исцрпиме се што можеме од колективните добра и да ги обезбедиме поколенијата со неброени вреќи нечесно заработени пари; ако профитот го ставиме над се, без оглед дали поради тоа ќе страда здравјето на децата, на повозрасните, односно на консументите и пациентите; ако дозволиме да продолжи атмосферското и културолошко загадување и ширење на реата на невкусот, шундот и декаденцијата како стил на нормално живеење; ако ја деградираме здравата клетка на семејството и ја уништиме вредноста на чистиот образ, моралот и сочувството. Сите овие нешта не туркаат кон провалијата на опстојувањето, бидејќи не умееме да застанеме и кажеме стоп на личниот и колективен синдром на себеуништувањето.Главното прашање е каде тоа ние одиме и кон какви вредности се движиме, ако притоа го загубиме мирот во душата, го изопачиме чувството за сродност и хуманост и се оддалечиме од духовната и национална посебност?Аристотел има кажано дека среќата, мирот и хармонијата им припаѓаат на оние кои се задоволни сами од себе. Дали ние сме задоволни таму каде што сме, што преземаме да ги промениме нештата и колку вложуваме во личниот развој, духовната вредност и моралот на личноста? Одговорот може да биде поразителен за многумина, кои вредноста ја наоѓаат во ниските побуди, површните цели и тесните интереси.Трчајќи по разни телесни и материјални задоволства, сите ние како да заборавивме на вистинскиот миг на среќата, мирот и хармонијата. Нервозното темпо на живеење, борбата за преживување, егзистенцијалната неизвесност и погрешната вредностна ориентација: “Ако не му припаѓаш на естаблишментот, не си материјално реализиран, високо позициониран или под партиска заштита – ти си никој и ништо”, сериозно го загрозија духовниот мир на луѓето. Овие наметнати правила на игра создадоа армија фрустрирани поединци, кои стануваат се понесреќни, растроени и зависни од водството на економските експлоататори и политички моќници.Врз сите нас катадневно се надвиснати големи очекувања, а мали реализации, кои заедно со зависноста од надворешните фактори предизвикаа чувство на изневереност, незадоволство, губење на внатрешниот мир и сигурноста на животот.Наместо да се радуваат што постојат и ја имаат можноста на достоинствен и позитивен начин да ја креираат својата судбина, најголемиот број од луѓето се понагласено го чувствуваат товарот на животот врз своите плеќи, незнаејќи каде да се свртат, кон што да тргнат и за што да се одлучат. Подјармени, заборавени и оставени на милост и немилост на разните моќници, кои со години им го определуваат степенот на слобода и квалитетот на животот, многумина почнаа се подлабоко да тонат во бездната на духовната неосвестеност, замаеност и подвоеност.Кога не умееме да се избориме за дигнитетот на својата личност и да го подигнеме гласот против неправдите и ударите на негативците, тогаш интелигибилните сили на универзумот ќе дигнат раце од нас и нема да ни помогнат кога тоа ќе ни биде најпотребно. Во народните умотворби е запишано: “Ако самиот не си помогнеш, ни Бог нема да ти помогне”.Секој од нас треба да си даде шанса самиот на себе, доколку сака и среќата да му даде шанса – животот да го подигне кон повисоките стадиуми на постоењето. Вака, испадна дека сите ние го добиваме тоа што го заслужуваме. Дали ќе добиеме повеќе, зависи и од подготвеноста духовно да прогледаме и направиме се што е потребно работите да тргнат кон позитивниот правец на животот. Концептот на среќата за секого е индивидуална категорија – таа зависи од неговата способност да ги забележи и негува позитивните можности на постоењето. Некои поединци, кои се опсесивно водени од волјата за моќ, славата, ниските страсти, егото и парите како да заборавија на најсуштинската вредност – душата, без која животот станува празен, бесмислен и духовно непостоечки.Бездушноста е патоказ кој води кон суровото, алчно, неморално и себедеградирачко постоење. Да се уништува вредното, да се негира моралното, да се заборава на човечкото претставува пат кон ништожното и влез во темното.Добро е самите да одлучуваме за својата животна определба, зашто на тој начин и лично ќе ја сносиме одговорноста за постапките кои ги спроведуваме. Лошо е кога некои други ќе ни определат како да размислуваме, постапуваме и живееме, без притоа да умеат самите да се водат и себекреираат низ благородните патеки на животот.Кога од неукиот бараме совет; од изгубениот очекуваме водство; од материјално заслепениот чекаме духовно да не просветли и да ни го покаже патот кон мирот, среќата и хармонијата, тогаш или премногу ќе се изначекаме или никогаш нема да успееме да се извлечеме од амбисот во кој се наоѓаме.Судбината е таква, каква што ние со својот ум, дух и душа ја создаваме. Кога доброволно дозволуваме умот да ни го исперат манипулантите; духот да ни го затупат неосвестените; душата да ни ја загадат нечестивите, и сето тоа поради лични цели и себични побуди, тогаш треба да се запрашаме себеси: Дали ние заслужуваме подобра судбина од таа што ја имаме?Каква ни е енергијата, таков ни е и изборот и состојбата на животот. Кога изборот е негативна енергија, себичност, алчност, лага и неморал, тогаш каква може да ни биде перспективата. Германскиот филозоф Јохан Фихте има кажано:“Со што се храниш, таков стануваш“. Ако се храниме со негативното, го практикуваме неморалното, го живееме лажното и му се предаваме на нечестивото, тогаш не треба да се чудиме што на колективен план се побрзо тонеме кон ништожното.Да се немаме себеси е знак дека не можеме позитивно да се поврземе и со другите. Кога не сме во хармонична симбиоза со другите, тогаш загубено и осамено талкаме низ опустошените оази на животот. Тогаш мислиме дека постоиме, а всушност не постоиме, туку вегетираме или глумиме постоење. Херман Хесе има кажано: “Секој човек има само една вистинска цел – да го најде патот до себе си и до сопствената судбина и неа да ја живее целосно и решително.Се друго би било само божемно постоење, обид за избегнување, враќање на идеалите на широките маси, едноумието и стравот од сопствената суштина”.Значи, време е да ја преземеме судбината во своите раце, да го најдеме патот до себе, да го подигнеме духот и да сфатиме дека човекот не е пуст остров доволен на самиот себе. Тој е социјално битие кое е должно да создаде мир со себеси, да изгради среќа во семејството и да поттикне хармоничен напредок во општеството.Промената е чин на мигот – таа никогаш не доаѓа од случајноста, туку од напорното и посветено работење. Кога размислуваме за среќата, вложуваме во вредноста, се насочуваме кон љубовта, тогаш мирот и радоста ќе станат наша судбина и единствена вистина за која вреди да постоиме.Заклучокот е дека во животот три нешта се најзначајни – да бидеме вљубени, среќни и духовно реализирани. Тоа ќе го постигнеме, ако знаеме каде одиме, со кого се дружиме, колку вредиме и какви вредностни начела градиме за самите себеси, за семејството на кое му припаѓаме и за општеството во кое живееме.

Коментари | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања