„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
reka-kola

Кавадарчанец излетал од патот и со автомобилот паднал во реката

На 17.01.2019 година во 20.30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко, патнички автомобил „Југо“ со битолски регистарски таблици, управуван од Е.Б.(40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката. Притоа, со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Македонскиот бугараш Димитров со писмото до Грција и официјално потврди дека нема Македонци

„Маските на марионетската власт во Скопје паднаа. Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото министерство за надворешни работи во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека владата на Заев брише се што е македонско.Со писмото Димитров и официјално потврди дека со Договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти според писмото нема македонска етничка група а кое писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето за доверба на неговата влада која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо-доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат.Излезе на виделина големата лага на триото Заев, Димитров и Шеќеринска кои велеа во секоја прилика дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.Од друга страна се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право каде зборот „nationality„ според меѓународното право означува државјанство а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот „етнички„ (ethnicity) а кое нешто вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со дговорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lavina

Тројца загинати, седум исчезнати лица - лавина на Хималаите

Тројца загинаа, а седуммина се водат како исчезнати во лавина која се случи на планинскиот премин на Хималаите во делот на Кашмир под индиска контрола.Трите тела се пронајдени, а спасувачките полициски тимови и војската ги бараат останатите исчезнати.Лавината паднала на преминот Кардунг Ла во оддалечената област Ладак и потрупала десет луѓе, вели цивилниот администратор Басир Кан.

Свет | пред 7 години

7 год.
grip

Интитут за јавно здравје: Најмногу заболени од грип во Куманово, а најмалку во Дебар

Во текот на 2-ра недела од 2019 година (07.01-13.01.2019), во Република Македонија пријавен е 281 (I=13,6/100.000) новозаболен на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е зголемување за 43,4% во споредба со минатата недела.Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3% споредено со 2-ра недела од минатата сезона (n=428), а во однос на бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 80,4% .Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=35,07/100.000). Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 2-ра недела, најголем број заболени (n=198; 70,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7/100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од 0-4 години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 20 извештајни единици, а во 12 извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Куманово (n=39), а највисока инциденца (I=104,5/100.000) е регистрирана во ПЕ Дебар .

Македонија | пред 7 години

7 год.
mile-janakieski

Јанакиевски пред почетокот на денешното рочиште го праша пријателот на Груевски:„Јадеше гулаш, а?“

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му постави прашање на пријателот на Никола Груевски, Александар Трајковски,  дали јадел гулаш?„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори:„Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-vodici-1

Охрид подготвен за Водици, од Црвен крст апелираат капачите да внимаваат-темепратурата на водата е 6.5 степени

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.Денес, од 19-23 чaсот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“, медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од 6.5 oC., потенцираат од Црвен крст.Традиционалната крводарителска акција „Водици 2019“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19-ти јануари, сабота, од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот во соработка со Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст.За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2019 (сабота), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.На денот на рибарите на 20-ти јануари, недела, тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
parking-oh

Во Охрид бесплатен паркинг за Водици

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 19. 01 2019 година (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.Во духот на овој празник ЈП Билјанини Извори ја донесе оваа одлука како почит кон една од најголемите и најмасовни црковно - народни манифестација „ Богојавление - Водици“ .ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници !

Македонија | пред 7 години

7 год.
mtv-1

Состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо - вработените се качуваат по 19 ката пешки

Зградата на Македонската радио телевизија е во катастрофална состојба. Неодржувањето на инвентарот, низата катастрофи, како и поплавите уште еднаш го отвораат прашањето кој го доведе овој објект во ваква состојба?Вработените сведочат дека не работат ниту лифтовите, па така, оние кои се сместени на 19 кат, мора пешки да се качуваат и симнуваат. Фотографиите кои ги доби „Скопје 1“ покажуваат дека состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо. Лифтовите, не работат веќе подолг временски период, иако се неопходни, никој нема намера да ги поправи.Пред една недела, во градата на МРТВ, каде се сместени повеќе државни институции, се случи и поплава, водата се исцрпуваше од лифтовите и просториите, биле поставени и вреќи со песок. Од тој момент, зградата е оставена во уште позапуштена состојба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vodokrst

Денеска е Водокрст - на полноќ се отвора небото

На 18 јануари се слави празникот Водокрст. За православните Христијани е строг пост.Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. На празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа.Се верува дека во глуво доба од ноќта, пред Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.Некои овој празник го нарекуваат Водокрштение или Водопост. Овој празник е празнува на 18 ти јануари. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mitropolit-Agatangel

Агатангел удри по Груевски: Избеганиот екс-премиер, има вина во страдањата на македонскиот народ

Во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, синоќа гостуваше Владиката Агатангел. Тој дебатираше за последните политички случувања во Македонија.„Мислам дека со Договорот од Пржино почнаа сите трауми, сите страдања, страмотилаци и понижувања на македонскиот народ. Тука најголема вина има екс-премиерот, Никола Груевски, затоа што според мене,тој не требаше да го потпише тој Пржински договор. Потоа дојде и Договорот со Бугарија“, истакна Агатангел.

Македонија | пред 7 години

7 год.
transport-i-vrski

Министерството за транспорт и врски ќе ја презентира Националната транспортна стратегијa

Министерството за транспорт и врски денеска ќе ја презентира Националната транспортна стратегија.Националната транспортна стратегија е оперативен стартешки документ со кој се опфатени активности за периодот од 2018 до 2030 година. Меѓу целите на оваа стартегија е да се подобри економската ефикасност, сигурност и пристапноста на транспорот, влијанието врз животната средина на постојните и идните транспортни активности и да се обезбеди интеграција со другите секторски политики.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antikorupciska-komisija

Нов Закон за спречување на корупцијата и сметките на функционерите може да се на увид

Со 81 глас за и ниту еден против, власта и опозицијата го изгласаа Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Владеачкото мнозиство во Собранието прифати 20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО ДПМНЕ. Новиот закон дава повеќе ингеренции на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата.Со прифатените амандмани нема промени во проширената надлежност на комисијата, на која инстистираше власта, но сепак се прават измени во однос на начинот на кој се пријавува незаконско финансирање на политичките партии, а затворено е и прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции. ДКСК ќе има право на директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци, но и тука власта прифати одредени измени во однос на првичното решение.Да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и во изминатите десет години да не бил пратеник во Собрание, член на Владата, донатор на политичка партија или да не вршел функција во органи на политичка партија.Ова се дел од условите, согласно новото законско решение, што треба да ги исполни претседателот на Државната комисија за спречување на корупција.Пратениците вчера овој закон го донесоа по скратена постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deca-ulica

Во тек се конкурси за поддршка за активности за заштита на децата на улица и во социјален ризик

Министерството за труд и социјална политика објави јавни конкурси за поддршка на активности на здружениja за социјална заштита на деца на улица и психо-социјална поддршка на деца во социјален ризик. МТСП наскоро ќе објави уште два конкурса на кои ќе финансира активности поврзани со деца со пречки во развојот и со аутизам. Со овозможување повеќе и поквалитетни услуги надвор од институциите градиме поефикасен систем за заштита на децата и нивна интеграција во општеството.Со конкурсите коишто се во тек МТСП поддржува активности за заштита на децата на улица и нивно вклучување во општеството, намалување на негативните влијание на улицата врз децата и нивниот развој, зајакнување на системот за заштита на децата на улица и промовирање на вонинституционалната форма на социјална заштита - Дневен центар за деца на улица.Меѓу предвидените активности ќе се работи и на обезбедување храна, облека и хигиенски средства за потребите на децата, медицинска нега и едукација за здравствената заштита, мотивација и подготовка на децата и нивните родители за вклучување во редовниот образовен систем, како и теренски активности и работа со децата на самото место (раскрсници, семафори и други места).Целта на доставените проекти за психо-социјална поддршка на деца во социјален ризик треба да биде зајакнување на животните вештини на децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, со посебен акцент на деца кои употребуваат психоактивни супстанции. Во рамки на овој проект ќе се спроведат активности за идентификација и поддршка во надминување на социјалниот ризик на децата кои употребуваат психоактивни супстанци, а ќе се овозможи и помош за совладување на образовните содржини, односно довршување на образовниот процес или доквалификација заради полесно вклучување на пазарот на труд.Конкурсите траат 5 дена од денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот.Двата јавни конкурси се достапни на: http://www.mtsp.gov.mk/oglasi-izvestuvanja.nspx

Македонија | пред 7 години

7 год.
dijaspora-1

Потпишан Меморандум за соработка во областа на дијаспората

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска, оствари работна средба со претседателот на Претседателството на Турците во странство, г-дин Абдулах Ерен.На средбата, министерот Адеми изрази задоволство од високото ниво на соработката со Република Турција, и ги потврди традиционалните добри пријателски односи помеѓу двете држави. Ваквите средби и дополнително допринесуваат во одржувањето на интензивна комуникација и подобрување на севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.Министерот Адеми, истакна дека македонските државјани од турско потекло и турските државјани по потекло од Република Македонија уште повеќе ги зајакнуваат пријателските односи на двете земји. Во таа насока, меѓу другото, министерот Адеми укажа на политиките на Владата на Република Македонија во градење на едно општество за сите, во која се посветува посебно значење за обезбедување правична застапеност на турската како и на другите етнички заедници на сите полиња.Министерот Адеми, информираше дека Република Македонија го прославува 21 декември, Денот на турски јазик во РМ, со што го потврдува меѓусебното почитување и разбирање помеѓу двете земји.Во врска со македонската дијаспора во Турција, министерот Адеми информираше дека истите се организирани во разни друштва и организации, кои преку разни активности и проекти придонесуваат во зачувување на културата, јазикот и обичаите, во Турција, и во едно се заблагодари на претседателот Ерен и на Владата на Република Турција за поддршката на овие асоцијации и организации.Претседателот на Турците во странство, г-дин Абдулах Ерен се заблагодари на приемот и пријателскиот пречек од страна на министерот Едмонд Адеми, и во едно ги поздрави и последните преземени активности на Владата на РМ во насока на европските и евроатлантските интеграции на земјата.Претседателот Ерен, на средбата, кратко информираше за дејностите и активностите на Претседателството на Турците во странство и сестринските заедници (YTB), потенцирајќи дека работата на истата е основена на неколку области, меѓу кои клучни активности се зајакнување на односите и соработката со турската дијаспора, зачувување на турскиот јазик и култура, соработка со сестрински заедници кои имаат културна и историска поврзаност со Република Турција како и програмата за стипендирање на меѓународни студенти, во моментот истите стипендираат студенти од над 150 земји од светот.Претседателот Ерен, меѓу другото информираше и за начинот како турската дијаспора е организирана и функционира.Во разговорите беа разменети мислења и заеднички предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контакт на дијаспората, и во таа насока министерот Адеми и претседателот Ерен се договорија во наредниот период да се потпише Меморандум за соработка, со која би се размениле знаења и искуства и ќе се реализираат заеднички проекти во насока на зајакнување на нашите заеднички интереси во делот на дијаспората.

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-111

Анѓушев: ФЕНИ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија

Успешно завршената стечајна постапка за комбинатот „ФЕНИ индустри“ од Кавадарци, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.„Јас пред сè можам да го искажам своето задоволство што конечно се растераа сите магли околу случајот и денеска ФЕНИ е прв успешно завршен стечај во Република Македонија, со целосно исплатени доверители, и пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи. Практично вчера или завчера, судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ФЕНИ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ФЕНИ, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sostanok-ekstremizam

Донаторски состанокостанок на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  го одржа третиот донаторски состанок наменет за тековно информирање на организациите од невладиниот сектор и странските мисии во Република Македонија.Целта на Донаторскиот состанок беше споделување на информации и координација помеѓу донаторите - претставници на странските мисии и меѓународните организации во Република Македонија, од една, и организациите од невладиниот сектор кои работат на проекти поврзани со превенција од насилен екстремизам од друга страна.Замениците национални координатори за спречување насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и за борба против тероризам, Златко Апостолоски ја искажаа потребата невладините организации пред донаторите да ги претстават нивните реализирани, тековни и идни проекти од областа на превенција од насилен екстремизам. Презентираните проекти од страна на НВО секторот се во согласност со планираните активности од Акциските планови и владините Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам.Претставниците на странските мисии имаа прилика да го претстават видот на проектите кои ги поддржале, постигнатите резултати и идните планови за поддршка наменета за овие области.Националниот комитет ќе продолжи со реализација на планираните стратешки активности во Акциските планови, а кои претставуваат приоритет за 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prognoza-za-18-ti

Времето денеска облачно и магловито, на места со слаб дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Прогнозата на метеоролозите за утре е дека ќе преовладува умерено облачно со услови за магла по котлините.Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има утре. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
heroin-111

Кај стружанец пронајден и одземен хероин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Б.П. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 28.07.2018 година околу 22.40 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило управувано од Д.У. (32) од Струга, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
andonov

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов, попладнево имал сообраќајка - повредена една жена

На 17.01.2019 околу 15.45 часот на бул. АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило Опел Астра со скопски регистерски таблици, управувано од О.А., инаку поранешен министер за внатрешни работи и патничко моторно возило Сеат со скопски регистерски таблици, управувано од А.М.До сега е пријавено едно повредено лице М.С., која е пренесена во ГОБ Св. Наум Охридски. Во тек е увид

Скопје | пред 7 години

7 год.
filipce-11

Новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, применета во Македонија

На пациент кој доживеал мозочен удар, поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим лекари невролози, анестезиолози и радиолози, спасен му е животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која кај нас веќе станува практика.„Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и да биде со семејството“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Зафатот го изведе тим од лекари и медицински сестри од Универзитетските клиники за Неврологија д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски, од Клиниката за Радиологија д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов и од КАРИЛ анестезиологот д-р Азби Агуши.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања