„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
gash1

Африм Гаши на средба со Енвер Хоџај

Претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, придружуван од Генералниот секретар, Скендер Реџепи – Зејди, денес беа во официјална посета на Владата на Република Косово, каде беа пречекани од страна на Вицепремиерот Енвер Хоџај.„Во текот на оваа средба претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, го информираше Вицепремиерот Хоџај за најновите настани во земјата, како и за улогата на БЕСА во овој процес, како и за интегративните процеси во земјата, кои заземаат  позитивна насока.Вицепремиерот Енвер Хоџај ја поздрави конструктивната улога на Движењето БЕСА во историските моменти за Македонија, за Албанците кои живеат тука и, воопшто, за регионот.Двете страни се согласија дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-od-sostanok-za-sala-Partizan

Богоев: Обновата на Партизан треба да претставува добар пример како запуштените спортски објекти ги враќаме во функција

Општина Карпош иницираше работна средба во врска со салата „Наум Наумовски - Борче“ (Партизан), на која присутвуваа претставници од Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти.Почнуваме иницијатива за спас на салата Партизан и враќање на стариот сјај на овој објект. Ова е заклучокот од денешната средба.Во изминатиов период, целата јавност е сведок на пропаѓањето на овој култен спортски објект, кој во минатото претставуваше епицентар за различни спортови, простор во кој спортувале голем број на наши успешни спортисти, но се користел и за рекреативни цели.Градоначалникот Стефан Богоев уште еднаш ја истакна јасната цел и определба на локалната самоуправа за обнова на објектот.- Обновата на Партизан треба да претставува добар пример и на национално ниво., како запуштените спортски објекти ги враќаме во функција. Постои волја од сите засегнати институции за конечно решавање на проблемот со оваа сала (која е дадена под концесија), но истата секојдневно пропаѓа и се прекршени голем број на одредби од договорот за концесија.Исто така, да нема дилеми, овој простор ќе остане со намена за спорт и рекреација. Нашата цел е навистина да биде во функција на спортот, но да биде достапна и за сите граѓани на Карпош, рече Богоев.Владата на Република Македонија започнува процес на подобрување на инфраструктурата за спорт. Голем број од објектите ќе се дадат во владеење на општините или спортските федерации, посочија владините претставници.Во оваа сала, во минатото се практикувале и голем број на помалку застапени спортови кај нас, како што е: гимнастиката, стрелаштвото, пинг – понгот и сл.Исто така, во претстојниот период Општина Карпош ќе испрати и посебна Информација до Владата на Република Македонија, за моменталната состојба на објектот, целта на локалната самоуправа, проекциите за стопанисување со салата и други потребни детали.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-4-1

Подгответе го возилото за безбедно возење во зима

Изминативе неколку дена, особено во текот на вечерта и во раните утрински часови, ниските зимски температури го земаат својот „данок“ на возилата и ѝм прават проблем на возачите. Па така, после добро утро, најчестите муабети во овие зимски утра се: ... не ми „запали“ колата, акумулаторот ми „цркна“, откажа електрониката, ми замрзнаа „кочниците“, ми загрева моторот на возилото, не ми работи парното во колата, смрзнав и не можам да ги одмрзнам стаклата, немам зимски гуми и др.Ниските темперaтури значително влијaaт врз техничкaтa испрaвнoст нa вoзилoтo и тoкму зaтoa, особено кога температурите се во длабок минус, неoпхoдна е редовна техничкa прoверкa нa вoзилoтo. Но, и покрај тоа, дел од возачите, поради повеќе неоправдани причини, не прават редовна контрола и редовно одржување на возилото.Најчести изговори за неодговорниот однос кон возилото, во овие зимски услови, се: „Добро е, ама немам време за такви работи“, „Добро е, ама не ми се даваат пари и за тоа“, „Ме мрзи“, „Што и да правиш - џабе е“, „Кога не ти е гаражирано возилото, ништо не помага“, „Автомобилот не е само мој, го вози и брат ми. Нека направи и тој еднаш сервис“, „Така требало да биде“ и многу други.Многу изговори, многу неиздржани оправдувања, а исходот е само еден - проблеми со возилото и небезбедно учество во сообраќајот.Токму затоа, РСБСП со апел: Без изговори и без оправдувња! Направете техничка проверка и подгответе го возилото за безбедно возење во зима. Согласно тоа, РСБСП препорачува:• Проверете и заменете го маслото на моторот. Редовната замена на маслото значи и подобра работа на моторот на возилото, особено во зима и при ниски температури.• Проверете го акумулаторот. Ладното време и ниските температури можат да го испразнат акумулаторот, особено ако паркирате надвор. Задолжително проверете го акумулатотот и доколку е слаб, сменете го на време за да се поштедите од несакани изненадувања.• Проверете го антифризот. Кај поновите возила, антифризот трае до пет, па и повеќе години, но веќе после петтата година задолжително е да се направи сервис и промена. Кај постарите возила, задолжителен е сервис - да се испушти стариот и да се замени со нов антифриз.• Проверете ги бришачите и течноста за бришачи. Основно правило за сигурност и подобра видливост на патот во зимски услови е - здрави бришачи и полн резервоар течност за бришачи што не замрзнува и до -30˚С.• Проверете го притисокот на гумите. Притисокот на воздух во гумите секогаш треба да е соодветен со оној што е внесен во упатството за употреба на возилото. Не е точно тврдењето дека за замрзнат коловоз подобри се „помеки гуми“. Возењето во услови на снег и замрзнати коловози, со несоодветен притисок на воздух во гумите, може да биде опасно.• Проверете ги сопирачките. Сопирачките се секогаш важни за безбедност во сообраќајот, но посебно се важни кога коловозот е лизгав. Проверувајте ги почесто, проверувајте ја и течноста за функционирање на системот за сопирање-глицеринот.• Проверете ги фаровите и светлата. Фаровите (надворешниот стаклен дел) секогаш треба да се чисти, да не се покриени со кал и на нив да нема фатено мраз. Најдобар начин да ги заштитите од снег, од дожд или од вода, е да ги премачкате со восок.• Проверете го парното. Парното е исклучително важно, не само за удобно патување, туку и за одмрзување на стаклата во возилото и за спречување на нивно замаглување.• Исчистете го целиот снег од возилото. Возачите често го чистат само оној дел од возилото што ѝм е најпотребен, односно доволно за да можат да гледаат надвор. Тоа е многу лоша навика бидејќи освен тоа што тие треба да гледаат прегледно надвор од возилото, и другите возачи треба да имаат можност да го видат нивното возило - светлата, трепкачите, стоп светлата итн. Исто така, снежната покривка што останала на возилото, може да се разлета и привремено да го заслепи возачот кој доаѓа од спротивната насока.Зимска опрема. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема се применува од 15 ноември минатата година и ќе трае до 15 март 2019 година. Доколку сѐ уште не сте обезбедиле соодветна зимска опрема, направете го тоа веднаш. Комплетната зимска опрема за возилото е неопходна за безбедно движење и за успешно справување со несакани ситуации во зима. Покрај задолжителната зимска опрема (зимски гуми или ланци), препорачливо е во возилото секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа, метличка за чистење снег од стаклата, спреј за одмрзнување стакла и брави итн.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-11

(ВИДЕО) SoundEdge со нова песна „Не е цела вистина“

SoundEdge ја објавија својата нова песна насловена како „Не е цела вистина“.Оваа песна се појави на последното издание на регионалната компилација Balkan Over The Radar-Black Box на српската издавачка куќа Black Planet Records како единствеn македонски претставник меѓу 29 теми кои се појавуваат на двојното CD.Не е цела вистина е снимена во SoundEdge студио, а мастерирана од DEXY Mastering-Шведска. Авторски е дело на Симеон Спировски, текстот на  Александар Лазаревски, а новост е што за прв пат како вокал се појавува Владо Жаков.

Магазин | пред 7 години

7 год.
park

ДОМ: Бараме да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање

„ДОМ ја поздравува изработката на зелениот катастар на Град Скопје, што произлезе како обврска од Законот за урбано зеленило. Не случајно ДОМ со години се бореше за носење на овој закон, зашто зелениот катастар и задолжителниот процент зеленило на ниво на град и на градежна парцела се клучни алатки во борбата со аерозагадувањето.Сметаме дека сега треба да следат два нови чекора. Првиот чекор е да се обезбеди достапност на зелениот катастар до јавноста, за да може сите ние како граѓани да ја следиме состојбата со зеленилото. Со ова ќе бидат јавно познати просторите со урбано зеленило кои не смеат да се претвораат во градежно земјиште.Втор чекор е да се направи целосна ревизија на деталните урбанистички планови, зашто бетонирањето на просторот го спречува нормалното проветрување на градот, го задржува смогот помеѓу зградите и опасно го загрозува здравјето и квалитетот на живот на граѓаните.Затоа ДОМ и понатаму бара да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање и негово усогласување со Законот за урбано зеленило, со што ќе се внесе минимумот од 20% зеленило на градежна парцела и 25 метри квадратни зеленило на жител на ниво на град“, се вели во соопштението од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Алијанса за Албанците: Бегството на Војминовски и амнестијата за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за албанците

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните!Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.Празните оправдувања на државните челници кои често се обидуваат да ја префрлат одговорноста еднаш во судовите другпат кај Обвинителството или Министерството за внатрешни работи, станале секојдневен рефрен на СДСМ-ДУИ, и се неоправдливи за граѓаните и за АА.Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната.Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за албанците, и осудените македонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците.Упатуваме последен повик до Владата на РМ, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството, да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност“, велат од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-405787

Митревски: Младите играчи од клупата играа како се да е загубено

Македонија го доживеа вториот пораз на Светското првенство, загубивме од Шпанија со 32:21 одигравме одлично прво полувреме, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот.„Одигравме квалитетно прво полувреме, не калкулиравме, заслуживме да водиме 3-4 разлика, но не ги искористивме шансите. Во второто полувреме се случи тоа што се случи, ќе видиме утре дали било тоа за добро или лошо. Утре ни е финале, за пласман во следната фаза. Можевме да бидеме во егал до 59. минута и да изгубевме, тоа ќе беше полошо. Штета, бевме расположени за игра, но тоа е тоа, шпанците успеаа да реализираат. Треба да се спремиме за утре, Исланд имаат млади и добри играчи, ќе биде многу тешко и ќе дадеме се од себе“, изјави Кире Лазаров.„Одигравме многу лошо, имавме многу лесни голови, многу лесно се предадовме. Младите играчи од клупата играа како се да е загубено. Почнавме одлично, добив удар во пределот на слабината, па имав проблем во второто полувреме. Позитивно прво полувреме и очајно второ.Од почетокот кога беше ждрепката за групите, знаевеме дека натпреварот со Исланд ќе биде одлучувачки. Ретко кој игра 60 минути без грешки, има големи падови во текот на уткмицата, но битно е тие грешки да бидат во прав момент, и да го добиеме тој натпревар. Освен за Палмерсон, треба да се премиме добро за сите 16 играчи. Тој натпревар за нас е финале, доколку добиеме ќе биде врвот за ова првеснство, а тоа во втората фаза е само бонус“, изјави Никола Митревски.

Спорт | пред 7 години

7 год.
cipras

Ципрас „преживеа“ со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, јави дописничката на МИА од Атина.Грчките пратеници вечерва поединечно гласаа за доверба на Владата на Алексис Ципрас.Како што беше очекувано и најавувано, освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно: министерката за туризам, заменик министерот за земјоделство, кои до неодамна беа дел од Независни Грци, заменик министерката за цивилна за заштита - независен пратеник, пратениците од Независни Грци и сега веќе независниот пратеник, а до завчера член на Река.Сите пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.Откако Ципрас ја доби довербата од пратениците ќе се пристапи кон Договорот од Преспа и пратениците кои што би гласале за негова ратификација.

Свет | пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

(ВИДЕО) Мицкоски: Потребни се избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за успешна Македонија

Потребни се предвремени парламентарни избори. Народот да одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за напредна и успешна Република Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео.-Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија, вели Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/365014424281110/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град Скопје го помага планот за чист воздух со инспекциски надзор, зазеленување, загревање и транспорт

Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти од Планот за чист воздух што се во надлежност на Град Скопје, а за кои се разговараше на денешниот отворен ден за иницијативи на граѓанските организации на тема „Консултација за Планот за чист воздух за 2019 година и временската рамка за спроведување на истиот“, што се одржа во Владата на Република Македонија.- Ги засиливме инспекциите на сите потенцијални фактори на загадување. Во секторот инспекторат воведовме сменско работење и дежурства кои започнуваат од 6 часот наутро, па до крајот на денот, како и за време на празниците и викендите. Ова предизвика двојно зголемување на казните и опомените, а постигнавме и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Во октомври 2018 година бројот на казните е двојно зголемен во однос на октомври 2017 година. Изречени се околу 220 казни, мандатни казни и налози до извршителите во однос на загадувањето на воздухот и загадувањето на средината. Голем е и бројот на пријави на телефонскиот број 193 на кој се пријавуваат огновите на отворено, а на кој работи тим од социјален работник, пожарникар, полицаец и комунален инспектор кои излегуваат на лице место. Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје. Контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје. Се контролираат и другите поголеми градилишта во другите општини, како на територијата на Општина Аеродром каде што се сконцентрирани најголемиот број од градилиштата во моментов. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се 8 казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите кои излегуваат од градилиштата со церади – рече денеска Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје.Имајќи предвид дека голем процент од аерозагадувањето доаѓа од затоплувањето на домаќинствата, основањето на АД „Градски енергетски системи“ е најголемиот чекор напред што го презема Градот Скопје за долгорочно решавање на проблемот.- Со преземањето на топловодната мрежа за парно греење, како и со почнувањето на процесот на гасификација на Скопје, граѓаните ќе можат да добијат поевтин енергенс за затоплување дури и од огревното дрво, што на среден рок ќе резултира со значително намалување на загадувањето. Тука би сакал да апелирам до сите надлежни институции од Владата кои се вклучени во процесот, да ги забрзаат активностите околу преземањето на топловодната мрежа, како и активностите поврзани со гасификацијата на Скопје со цел ефектите од основањето на АД ГЕС граѓаните да можат да ги почувствуваат уште во текот на оваа година. Се разбира, продолжуваме и со субвенционирањето на набавката на печки на пелети и инвертери, а започнавме и со субвенционирање на чистењето оџаци во домаќинствата – нагласи Наумоски.Заради исклучително малиот број лиценцирани оџачари во градот, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување Градот Скопје реализираше две обуки за оџачари со цел да се зголеми бројот на стручни лица лиценцирани за вршење на оџачарска дејност во градот. Обучени се 15 нови оџачари.- Преземавме низа конкретни чекори и во делот на транспортот. Што се однесува до нашата иницијатива за налепници за возилата согласно со степенот на загадување, нашиот дел од обврските како институција го завршивме. Очекувам дека во догледно време и другите институции во чија надлежност е овој процес ќе си го завршат својот дел од обврските и дека овој систем наскоро ќе почне да функционира. Обезбедивме средства за 40 еко-автобуси на гас кои очекувам да ги имаме во Скопје кон крајот на оваа, а најдоцна на почетокот на следната година. Стимулираме одржливи форми на транспорт преку субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, обезбедување на подобри услови за поголема употреба на електромобилноста, стимулирање на комбинираниот транспорт преку комбинирање на велосипедскиот сообраќај со јавниот транспорт. Посветено работиме на ширењето и подобрувањето на мрежата на велосипедски патеки. Само за една година изградени се и реконструирани нови 12 километри велосипедски и велосипедско-пешачки патеки – рече Наумоски.Градот Скопје работи и на обновувањето и заштитата на постојното, како и на подигнување ново зеленило. За само една година се реконструирани рекордни 129.000 квадратни метри зеленило, а се засадени над 8.000 висококвалитетни повеќегодишни садници на повеќе локации во градот, при што беа засадувани нови и обновувани постојните дрвореди.- Од оваа година Скопје е побогат за неколку нови паркови. Ќе ги издвојам паркот „Ибни Пајко“ кај Македонската филхармонија, паркот во Драчево и паркот кај Архитектонскиот факултет. Го реконструиравме и стариот дел од Градскиот парк, како и Финскиот парк во населбата Ченто, а во напредна фаза е и проектот за зелен покрив на ГТЦ. Градот Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на проектот за Зелен катастар на јавните зелени површини во градот, во рамките на кој досега се попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во парковското и во булеварското зеленило. Овој проект е од исклучителна важност за управување со урбаното зеленило, минимизирање на непотребното сечење на дрвјата и уништување на зеленилото при планирањето и изведувањето на идните градежни активности во градот. Со помош на Шумарскиот факултет работиме и на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности – објасни Наумоски.Минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје беше дотогаш најголемиот буџет издвоен за оваа намена.- За 2019 година, пак, се предвидени 186,2 милиони денари што е 30% зголемување од минатата година, со што се надминува ветувањето на О2 коалицијата и граѓанските здруженија пред изборите од 3,5% од вкупниот буџет посветен на животна средина дадено пред изборите во 2017-та година. Верувам дека ако продолжиме во оваа насока, со заеднички сили на сите надлежни институции, но и на сите граѓани кои можат на директен или индиректен начин да придонесат за намалување на аерозагадувањето, ќе забележиме позитивни промени во квалитетот на воздухот – нагласи Наумоски.На отворениот ден за Планот за чист воздух за 2019 година учествуваа и дебатираа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска од здружението „Еко - свест“. Присутните имаа можност да погледнат презентација на иницијативи од претставници на граѓанските организации во врска со Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Ljubomir-Cuculovski

Цуцуловски: Не се согласувам дека Македонскиот народ е мирен и плашлив

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека не се согласува со мислењето дека македонскиот народ е мирен и плашлив, и како што вели убеден е дека македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат“НЕ МОЖАМ… Не можам да се согласам со мислењето, кое упорно се потура, дека македонскиот народ бил мирен, плашлив народ, бидејќи не соодвествува на фактите. Најмасовниот протест на работниците во СФРЈ беше протестот на железарците во 1987 година.Толку масовен и толку одлучен протест на бедните, на пролетерите/работниците пред тоа, како и по тоа, не беше забележан во СФРЈ.Во 1991 година македонскиот народ, наспроти нечии очекувања, масовно гласаше за независна и суверена Република Македонија. Во 2001 година, после режираниот пад на Арачиново, влезе во Собранието.Истото го стори 2017 година, после своевидниот политички удар, извршен во Републичкото Собрание, проследен со пеење на туѓа химна и непочитување на легислативата.Велат дека бил разединет народ, дека ниту еден друг народ немал толку предавници, како што имал македонскиот народ. Сепак, го немал Петен, како што го имаа Французите, ниту Квислинг, како што го имаа Норвежаните.Ги имаа партизаните. Го немаа (барем досега) ниту Хитлер, ниту Мусолини, кои, борејќи се „за“ својот народ, го доведоа до пропаст германскиот и италијанскиот народ. Не доживееја (барем досега) меѓусебна граѓанска војна како Хрватите (партизани и усташи), како Србите (партизани и четници), ниту имаа граѓанска војна како во Грција (1946-1949) меѓусебно поделена на антифашистичка/комунистичка и монархофашистичка.Макар што до 1994/45 година Македонците немаа своја држава, сепак ја задржаа својата историја, својата традиција, својот фолклор, својот јазик, својата музика.Затоа, убеден сум дека, и покрај сè, македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат. Историјата е полна со падови, меѓутоа и со издигања, колку тоа и да не го сакале светските Креатори и нивните креатури.П.С. Досега не сум видел „интелектуалци“, кои толку многу го потценувале и исмејувале „сопствениот“ народ”, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lozovo-5

Првите инфо денови од ИПАРД Програмата започнаа од Велес и Лозово

Покрај двете работилници кои се одржаа во Струмица и Тетово, денес од Велес и Лозово започна бранот на инфо денови во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014–2020. Утре, 17.01.2019, четврток, ќе бидат организирани и инфо денови во големата сала на општина Штип и Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш. По одржување на овие инфо денови едукативната кампања на ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжува со инфо денови, работилници и форуми низ целата територија на Република Македонија.Во Велес присуствуваше и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Авдуљ Селам - Селами, кој порача „Чест и задоволство е денеска овде во Вардарскиот дел на земјава да се објаснат можностите кои ги нуди ИПАРД програмата. Овој крај е еден од позначајните за домашното земјоделство, но и за преработувачката индустрија, затоа многу е важно навреме да ги знаете сите правила и процедури кои треба да се запазат за да ги искористите средствата кои ни се на располагање преку ИПАРД програмата. Во моментов со Мерките 1 и 3, на располагање се 25 милиони евра.“. Тој додаде дека е врвен приоритет да се искористат што повеќе средства од ИПАРД 2 програмата со што на домашното стопанство ќе му се овозможи со европските средства да се создадат производи со додадена вредност, кои ќе бидат конкурентни, а тоа ќе обезбеди поголем економски раст.Претставниците од Одделението за програмирање и проценка при Телото за управување со ИПАРД од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја презентираа Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства од ИПАРД можностите за македонското земјоделство и руралниот развој. Додека, претставниците од Секторот за одобрување на проекти при Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ги потенцираа деталите од постапката за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e

Планот за реорганизација е одобрен, Фени излегува од стечај

„Апелациониот суд Скопје со Решение ТСЖ. бр.2741/18 го потврди Решението на Основен суд Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци - во стечај.Одобрувањето на планот за реорганизација на Фени Индустри, создаден и поднесен од ГСОЛ / Еуроникел е правосилно и претставува извршна исправа согласно одредбите од Законот за стечај.Ова значи дека Фени конечно излегува од стечај и дека сега има нов сопственик, ГСОЛ/ Еуроникел, а после сите превирања оваа одлука најголемо значење има за вработените, фирмите кои соработуваат со Фени и целиот кавадаречки регион.Во изминатава година и половина Фени индустри помина низ стечај кој ќе остане како пример за најуспешниот стечаен процес спроведен во земјава. Начинот на кој беше водена стечајната постапка, со реорганизација наместо ликвидација, брзината со која беа обесштетени доверителите како и искористената можност за рестартирање на производниот процес со цел Фени да биде оперативен на минимално технолошко ниво, е доказ дека законот за стечај и неговото спроведување дава позитивни резултати.И покрај многуте обиди да се стави сомнеж на исправноста на процесот за решавање на судбината на Комбинатот, последната и конечна одлука на Судот докажува дека не се констатирани никакви неправилности, а стечајната постапка на Фени беше регуларно и транспарентно спроведена, за да резултира со потврден план за реорганизација и сигурна иднина за Фени и сите засегнати страни од неговото работење.Не помалку важно е да се напомене дека новиот сопственик на Фени, ГСОЛ е глобална компанија која со вложените приближно 90 милиони евра во Фени во изминатава година, е еден од најголемите инвеститори во државата. И вака спроведениот стечаен процес испраќа позитивна порака и кон странската бизнис заедница, постоечки и идни, потенцијални инвеститори дека институциите на системот работат во полза на правото и во насока на унапредување на економските перспективи на земјата.Фени скоро една година работи и произведува, но сега ќе го започне и својот инвестициски циклус со што повторно ќе го достигне својот некогашен сјај и значење за македонската економија“, се вели во соопштението на од ГСОЛ/Еуроникел.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-10

(ВИДЕО) Калеска: Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата

Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата, изјави Снежана Калеска Ванчева на денешната прес-конференција.„Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме.СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме.Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено.ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци.Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет.Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт“, изјави Калеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-begalecot-37rzk3eaefze5m638bherk

Избега еден од напаѓачите на Села, распишана е меѓународна потерница

Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 години затвор поради обид за убиство на Зијадин Села на 27 април во Собранието, е во бегство, велат од Кривичниот суд.„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител ,  го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка.По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ane-Laskoska-1

Лашкоска: Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не го блокираше формирањето на антикорупциска комисија

ВМРО-ДПМНЕ 9 месеци апелираше дека е потребно итно формирање на антикорупциска комисија во Република Македонија. Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ниту го блокираше носењето на антикорупциската комисија, ниту бегаше од нејзино формирање како што тврдеше СДСМ, вели Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.„Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси.Како што и претходно кажавме, како опозиција нашите амандмани беа од суштинско значење кои драстично го променија текстот на законот.Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија. Со што сите манипулации, изјави на претставниците од владејачкото мнозинство кои што беа изнесувани овие денови паднаа во вода.Прифаќањето на амандманите е показател дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред се има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во нашето општество.Сигурна сум дека после ова Република Македонија ќе добие професионална Државна комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, комисија која што ќе ги задоволува европските вредности и истовремено ќе го покаже својот квалитет.Повторувам ВМРО-ДПМНЕ ни имало намера, ни има намера да блокира вакви важни закони во Република Македонија. Напротив има намера да донесе и придонесе во носење на што е можно поквалитетни законски решенија. И морам да кажам дека искрено се надевам оти ќе биде формирана силна антикорупциска комисија која ќе се избори во корупцијата во нашата држава, која ќе се спротивстави и ќе ги реши секојдневните корупциски скандали на актуелната власт во Република Македонија“, изјави Лашкоска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1515338483160-1444-620x350

Во Србија „падна“ Лото добивка од 6 милиони евра

Во вчерашното извлекување во играта на среќа Лото во Србија, извлечена е седумка која на среќниот добитник му донесе награда вредна 6 милиони евраДобивката замина во рацете на среќниот играч кој ливчето го уплатил во Суботица.Среќната комбинација беше составена од овие броеви 1, 3, 7, 10, 19, 20 и 30.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG_2545

ЦУК, АРМ и Црвен Крст доставија храна и неопходни средства во селата кои се отсечени поради снегот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), во координација со АРМ, со припадници на Црвениот Крст на Република Македонија, денеска презедоа акција, со хеликоптер на Армијата, преку која доставени се прехранбени продукти и други неопходни средства што им се потребни на жителите на селата Танушевци, Брест и Малино Маало.„Екипите на тимовите што ги координираше ЦУК до овие населени места кои се отсечени заради обилните снежни врнежи пристигнаа со хеликоптер на АРМ и остварија контакти со населението и заради утврдување на нивните потреби од здравствени интервенции.Во оваа акција учествуваа и стручни лица од ЕВН Македонија заради проверка на далекуводот, за санирање на проблемите со електричната енергија“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brtazil-620x350

(ВИДЕО) Гром погоди фудбалер на Бразил, а натпреварот продолжи како ништо да не се случило

Средбата помеѓу Agva Santa – Atletiko Mineiro, се играше на големо невреме, a громовите не беа доволна причина за судијата да го прекине натпреварот.На почетокот на второто полувреме гром удри на теренот при што го повреди играчот Енрике.На фудбалерот му беше укажана помош, а по неколку минути натпреварот продолжи како ништо да не се случило.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Ohrid

Нова директна авиолинија од Малме до прекрасната викенд дестинација, Охрид - Македонија

Новата директна авиолинија на „Визер“ кон Охрид во медитеранскиот регион, ова е совршена дестинација за викенди. Градот, една од најпопуларните локации во Македонија, се наоѓа на Охридското Езеро, кое ги поврзува Албанија и Македонија. Тоа е нешто повеќе од еден час со автомобил од Охрид до Грција, објави swedavia.com."Добро е веста дека „Визер“воспоставува уште една директна рута од аеродромот Малме. Охрид има потенцијал да стане популарна викенд дестинација за семејствата во регионот Сканиен. Поврзувањето со воздухот го олеснува патувањето за околу 20.000 жители кои имаат македонски корени, кои сега имаат погоден начин да ги посетат пријателите и семејството ", вели Петер Веиндхадл , директор на аеродромот на аеродромот Малме.„Визер“ја воспостави својата прва воздушна врска до аеродромот Малме во 2004 година и сега нуди дванаесет директни патишта, вклучувајќи ја и новата рута до Виена, која ќе биде лансирана во февруари. Авиокомпанијата веќе нуди услуга меѓу Сканија и Скопје, главниот град на Македонија, со четири неделни заминувања, стои во објавата на swedavia.com.Инаку Визер од Македонија ќе лета на 8 нови авиолинии. Од Скопскиот аеродром од март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, а од Охрид до Милано и Малме. Од јули пак од Охрид ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку во Финска. Билетите ќе се продаваат по цени што ќе почнуваат од 1164 денари или 20 евра.Договорот со Визер беше потпишан вчера. За субвенционирање на летовите на Визер ќе му се исплатат 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања