(Видео) Несреќа во Франција: Автобус падна во река
Автобус со патници денеска падна од мост во Франција во реката Сена, во близина на местото Живизи-сир-Орж, јавуваат француски медиуми.Според првичните информации, во возилото се наоѓале четири лица. Дел од патниците и возачот биле спасени, но едно лице сè уште се води како исчезнато.На местото на несреќата веднаш пристигнале спасувачки служби, вклучително и речна полиција и противпожарни единици, кои продолжуваат со потрагата и обезбедување на теренот.Француските медиуми наведуваат дека возачот најверојатно ја изгубил контролата над автобусот пред тој да излета од мостот и да заврши во водата.Засега нема потврдени информации за жртви, а локалните власти ја опишуваат несреќата како шокантна и неочекувана.
Свет | пред 7 минути