„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
nbrm

Редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ

На одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на каматната стапка во декември минатата година, на оваа седница Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%. На седницата, исто така, се одлучи понудата на благајнички записи, за аукцијата која ќе се одржи на 16 јануари 2019 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари. Општо земено, и на оваа седница Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната база на банките.Споредбата на последните макроекономски показатели со нивната проектирана динамика во рамки на минатогодишниот октомвриски циклус проекции не упатува на позначајни отстапувања во одделните сегменти од економијата. Податоците за економската активност за третото тримесечје од 2018 година покажаа раст на БДП од 3%, што е нешто подобро во однос на очекувањата. Тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври - ноември 2018 година упатуваат на поповолни поместувања во економијата во четвртиот квартал, при забрзан раст на активноста во индустријата и прометот во трговијата, како и висок раст на извршените градежни работи. Со оглед на тоа, податоците укажуваат на постепено закрепнување на економијата.Кога станува збор за промените кај потрошувачките цени, остварената годишна стапка на инфлација од 1,5% за целата 2018 година соодветствува со октомвриската проекција, односно е занемарливо под проектираната стапка од 1,6%. При тековна инфлација нешто пониска од проектираната во октомври минатата година, како и при надворешни влезни претпоставки ревидирани во дивергентни насоки, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 2% засега се оценуваат како урамнотежени.Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при поволни движења на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Растот на девизните резерви во последниот квартал од 2018 година е повисок од очекувањата во рамки на октомвриските проекции, а анализите на показателите за нивната адекватност покажуваат дека тие и натаму се одржуваат во сигурната зона. Според досега расположливите показатели за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена за периодот октомври - ноември 2018 година укажуваат на можност за остварување подобро трговско салдо во однос на очекувањата. Последните расположливи податоци за нето-откупот од менувачко работење, заклучно со првата декада од декември, укажуваат на нето-приливи од приватните трансфери во последниот квартал коишто се во рамки на очекуваните со октомвриската проекција.Прелиминарните монетарни податоци за декември 2018 година покажуваат задржување на континуитетот на раст и на депозитите и на кредитите. Депозитната база продолжи да расте со забрзана месечна динамика, за што најголем придонес имаат депозитите на домаќинствата. На кредитниот пазар, месечниот раст исто така забрзува и е воден од кредитирањето на корпоративниот сектор. На годишна основа, растот на депозитите го надмина проектираниот годишен раст за крајот на 2018 година, додека годишниот раст на кредитирањето е нешто понизок во однос на проектираниот.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, на домашните пазари на пари не беше забележана поизразена активност, а во услови на понатамошно задржување на поволната ликвидносна позиција на банките. Притоа, во декември, вкупната ликвидност забележа дополнителен раст, главно поради интервенциите на НБРМ на девизниот пазар. НБРМ откупи околу 67 милиони евра во декември, или двојно повеќе споредено со истиот месец претходната година. Во текот на целата 2018 година, НБРМ откупи вкупно 382 милиона евра, што претставува историски највисок откуп во изминатите четиринаесет години.Релативно високиот откуп на девизи во декември, но и во текот на целата 2018 година, беше остварен при поволни движења на сите сегменти на девизниот пазар, при што банките во трансакциите со клиентите остварија нето-откуп на девизи, во услови на пониска нето-продажба на девизи за потребите на компаниите и истовремено повисока понуда на девизи во трансакциите со менувачниците, како сезонски ефект пред новогодишните и божиќните празници.Во текот на декември минатата и во првата половина на јануари оваа година, банките ги неутрализираа краткорочните промени кај денарската ликвидност преку приспособување на пласманите во расположливите депозити преку ноќ кај НБРМ, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата.Минатиот месец, на меѓународните финансиски пазари и натаму продолжија променливите движења, при зголемена одбивност за преземање ризик кај инвеститорите, што услови раст на побарувачката на безбедни финансиски инструменти во еврозоната и САД. Пазарното расположение беше движено од послабите макропоказатели во еврозоната и надолната ревизија на проекциите за економскиот раст и за стапката на инфлација од страна на ЕЦБ. Притоа, инвеститорите ги променија очекувањата во однос на динамиката на нормализирање на монетарната политика на ЕЦБ во текот на оваа година. Исто така, и покрај зголемените очекувања за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина, во насока на зголемување на одбивноста за преземање ризик беше и одлуката на ФЕД да ја зголеми референтната каматна стапка донесена на декемврискиот состанок, како и политичката неизвесност во околности на делумно затворање на работењето на американската државна администрација. Во услови на зголемена понуда на нафта и намалени изгледи за глобалниот економски раст, цената на нафтата достигна најниско ниво во последните шестнаесет месеци.Сумарно, на седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка минатиот месец па досега не се забележани поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната политика. Последните макроекономски показатели и оцени не упатуваат на позначајни отстапувања во однос на проектираната динамика, ниту на промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува монетарната политика. На седницата беше констатирано дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување. НБРМ ќе продолжи внимателно да ги следи движењата во економијата, како и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Скопје | пред 7 години

7 год.
PS-STRUGA

Стружанец претепал сограѓанин

На 15 јануари во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата.По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodici

Охрид се украсува за „Богојавление Водици“, подготовките на самиот крај

Подготовките за најмасовната црковно – народна манифестација за „Богојавление – Водици“, што општина Охрид ја организира заедно со Дебарско кичевската епархија, се на самиот крај.Финишираат подготовките за големиот христијански празник „Богојавление Водици“. Како и претходните години така и оваа, одбележувањето на празникот ќе биде во знакот на христијанскиот дух, без дополнително организирање на други пропратни забавни манифестации. Јавните претпријатија се активно вклучени во расчистување и уредување на просторот околу Градскиот плоштад, Градското пристаниште и Чаршијата, а од денес започнува и украсувањето на градот, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Претходните денови јавните претпријатија го исчистија снегот околу градското пристаниште, кејот и чаршијата и извршија нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде влегуваат капачите, а изминатата недела нуркачите го исчистија дното на езерото каде ќе се спушта Чесниот крст.Претседателот на координативното тело за организирање на празникот „Богојавление – Водици“, Љупчо Грданоски, истакна дека Црвениот крст од Охрид, ќе постави пунктови на кои ќе врши контролни прегледи на капачите и додаде дека во текот на утрешниот ден треба да пристигне и казанот во кој ќе се прави традиционалната рибна чорба за „Денот на рибарите“.Самата прослава на празникот ќе започне со утринска богослужба во сите парохиски цркви, а во 08 часот ќе започне божествената литургија, а во 09 часот и 45 минути ќе тргнат литиите кон градското пристаниште каде што ќе се положи чесниот и животворен крст во водите на Охридското езеро. Централната богослужба и оваа година ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, каде ќе чиноначалствува неговото правосвештенство митрополитот дебарско – кичевски господин Тимотеј, кажа Илија Ристески, претставник на дебарско – кичевската митрополија.Пријавувањето на капачите започнува од утре во сите парохиски цркви, а на пријавените ќе им следуваат маици и брошури со насоки и програма за самиот празник „Водици“ и „Денот на рибарите“.

пред 7 години

7 год.
49844959_1023668501174610_1150000209586028544_n

Млади за Македонија: Двојазичноста повторно не повикува на борба

Здружението „Млади за Македонија“, најавуваат нови протести откако во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците. Исто така тие објавија фотографија на Фејсбук и соопштија дека стојат зад фарбањето на Министерството за култура во боите на македонското знаме„Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!Млади за Македонија започна како организација која се бори против наметнување на друг јазик на целата територија на Македонија! Нелегалното објавување на промената на името и двојазичноста е акт на кој мораме да реагираме.Не е време за откажување, време е за нови протести и на масовност против промената на името и двојазичноста.Двојачизноста не смееме да ја дозволиме“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/MZMakedonija/photos/a.813114558896673/1023668497841277/?type=3

Македонија | пред 7 години

7 год.
fijat-canoski

Цановски вели дека уривањето на комплексот „Космос“ е политичко и ќе бара отштета од државата и обвинетите од 40 милиони евра

Бизнисменот Фијат Цановски и сопственикот на комплексот „Космос“, на денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на СЈО, пред судот кажа дека уривањето на комплексот било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“. Слуајот „ТНТ“ ги седне на обвинителна клупа и денеска екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на скопска Гази Баба Тони Трајковски.Сепак на нив нема да им се придружи Никола Груевски бидејќи тој во моментов е во Унгарија и таму живее со политички азил.Овој предмет стигна до доказната постапка, а според обвинителите од СЈО кои го водат овој случај се работи за желба за одмазда, по што и градоначалникот на гази Баба сторил кривично дело со користење на службената положба и овластувања и го срушил објектот Космос, сопственост на Фиат Цаноски.Цаноски пак од друга страна најави дека сумата која ќе ја бара за отштета за она што го загуби со уривањето на комплексот изнесува 55 милиони евра.

пред 7 години

7 год.
micevski

(ВИДЕО) Мицевски: Власта го злоупотреби европското знаменце, донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“

„Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството. Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Пратеникот со став дека „Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“.„Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари. Владата која ветуваше живот за сите потроши две години за антидржавни дејанија кои не им носат подобар живот на граѓаните, не носат повеќе пари за живот, ниту подобар стандард во целост. Наместо подобри услови за живот граѓаните добија нови поделби и понижувања“ - рече Мицевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Приведени четворица дилери на марихуана

На 15.01.2019 година околу 23.00 часот на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово, полициски службеници пронашле две торби со 20 килограми опојна дрога марихуана. Д.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Дебар.Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија. Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во посета на Турција со цел потпишување на Меморандум за соработка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе оствари работна посета на Република Турција од 16-ти до 18-ти јануари 2019 година, при што, покрај со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, предвидено е да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања. Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

Македонија | пред 7 години

7 год.
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

РЕК Битола ќе го исклучи Блок 3 поради дефект

РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3. Планираното исклучување на постројката се прави заради отстранување на помал дефект, како и заради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.„Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2.Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство“, велат од РЕК Битола. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнителни активности со исплатите на штети предизвикани од земјотресите во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на проблемите кои настанаа при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 како и предлог-мерки за нивно надминување. Затоа, денес од Советот на општина Охрид како највисок орган на општина Охрид бараме да го надополни дневниот ред со оваа точка и истата заради итноста да се разгледува како прва точка на дневен ред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„​Со цел операционализација на активностите на општина Охрид и во услови кога гледаме дека раководството на локалната самоуправа несериозно пристапува кон надминување на оваа состојба, ги предлагаме следните заклучоци:В.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески веднаш, усно на самата седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотреситеСе задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Основното јавно обвинителство во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Секторот за внатрешни работи во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе ја извести Владата на Република Македонија за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;Се задолжува В.д. Градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред.​Во изминатиов период до ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа определени информации од кои може да се утврди дека постојат многу сомнителни активности со исплатите на проценетите штети предизвикани од земјотресите во 2017 година.​Како одговорна политичка партија, а се’ со цел да ги потврдиме нашите индиции, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до општина Охрид доставивме барање за информации од јавен карактер, со кое побаравме да добиеме информации за нашите сомнежи и соодветна пропратна документација поврзана со случајов.​Од тој момент раководната структура во општина Охрид отпочна постапки со цел расчистување на настанатата состојба во однос на испплата на штетите.​Од нашите информации кои се јавно достапни прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Кој знае колкава ќе беше штетатата на општина Охрид и Буџетот на Република Македонија и какви се’ не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем.​И во периодот потоа, очигледна е збунетоста и нерешителноста на раководството на локалната самоуправа и надлежните институции за надминување на оваа состојба.​Отворено се сомневаме и во направените проценки на штети и исплатата на високи штети кај одредени високи структури ангажирани во локалната самоуправа во Охрид.​Сето ова не’ наведува на тоа да се сомневаме за направени огромни штети на буџетот на Република Македонија.​Од тие причини бараме денес Советот на општината да го надополни дневниот ред со цел надминување на проблемот во интерес на граѓаните.​Советот има надлежност и мора да го разгледа овој проблем како донесувач и чувар на буџетот на општина Охрид“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija-brod

Во Грција запленета огромна количина канбис и таблети фенетелин

Грчката крајбрежна стража во брод кај островот Крит пронашла и запленила 6,5 тони канабис и околу 258.000 таблети фенетелин. Грчките медиуми објавуваат дека истиот брод и во 2017 година бил користен за шверц на дрога.Покрената е истрага, а крајбрежната стража не објави повеќе детали.

Свет | пред 7 години

7 год.
49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Сончево со умерена облачност, викендов врнежи од дожд

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се движи од -14 до -3 степени, додека максималната од -3 до 8 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и температури од -9 до 3 степени.Утре ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-zgolemuvanje-na-higiena

Нови мерки во Општина Карпош за зголемување на јавната хигиена

Општина Карпош воведува нови мерки за зголемување на јавната хигиена во сите урбани заедници. Од овој викенд, комуналните служби на Општината ќе работат и во текот на викендот, со цел да се зголеми тековното одржување на јавната хигиена.Саботата ќе биде работен ден за хигиеничарите, а во недела се воведуваат дежурни служби.„Имајќи го предвид фактот дека хигиената и заштитата на животната средина е еден од најгорливите проблеми на граѓаните, во претстојниот период, освен викенд работата за хигиеничарите, Општината дополнително ќе постави и нови корпи за отпадоци низ населбите.Исто така, во соработка со Град Скопје, ќе бидат поставени и нови подземни контејнери кои ќе овозможат правилно управување со отпадот. За оваа мерка, Советот на Општина Карпош одвoи два милиони денари.Во оваа прилика, ги потсетуваме сите граѓани дека е активна и телефонската линија за пријавување на електричен и електронски отпад: 070 – 236 – 000.Освен овие нови мерки, Секторот за животна средина и енергетска ефикасност работи на воспоставување на систем за собирање на кабастиот отпад. Граѓаните навремено ќе ги информираме за локациите на собирните пунктови во нивните населби.Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и правни лица, посебно градежните компании, да водат повеќе грижа за заштитата на животната средина. Во спротивно, сите субејкти кои придонесуваат за загадувањето на околината ќе бидат санкционирани“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност за појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од снег на коловозот. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-399565

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да се обврзат дека ќе стават вето на промената на македонското име

„По средби со руски и кинески претставници, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права испрати писма до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и до кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во кои ги повикуваме двете земји, како членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации да:Поднесат барање до Обединетите Нации со кое ќе се побара ОН да ја почитува својата Повелба и владеењето на правото, и веднаш да и дозволи на Република Македонија да биде примена под своето вистинско име, и со тоа трајно да се стави крај на сите обиди за негово менување, иНедвосмислено да повикаат да се стави крај на принудното и илегално спроведување на Преспанскиот договор и да стават вето на било каква промена на македонското име и идентитет.ММДЧП побара поддршка за да се одбрани нашето право на самоопределување, и појасни дека западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција и се помага во нејзианта цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.Во нашите дискусии со претседателот Ѓорге Иванов и со неговите советници за надворешна политика, ММДЧП, заедно со нашите партнери во борбата за одбрана на Македонија, ги подвлекуваме барањата претседателот да преземе итни мерки со кои ќе се помогнат погоре наведените акции и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија.Понатаму, ги повикуваме сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на Македонија и на македонскиот народ“, се веили во соопштението од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Македонија | пред 7 години

7 год.
intervju-misel-4

Наумоски: „Секогаш е најтемно пред зората, но светлината ќе блесне од Охрид“

Претседателските избори ќе се распишат на 8 ми февруари. Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде во моментов има в.д. градоначалници. Една од тие општини е и Општина Охрид.Партиите во Охрид, прават калкулации кој кандидат може да ја добие довербата на граѓаните. Вообичаено се прават анкети, каде се вртат имиња на познати јавни личности. Некои од нив велат дека и покрај тоа што нивните имиња се вртат во анкетите сепак не би се нафатиле на тоа и покрај тоа што станува збор за примамлива функција. Други се смешкаат и велат дека ќе размислат, но има и искрени, кои отворено признаваат дека имаат план, стратегија, идеи, но и поддршка и дека со чисто срце и образ би ја превзеле оваа функција, секако доколку партијата се одлучи да застене зад нив.Токму таков е познатиот охридски адвокат Мишел Наумоски, кој кога го запрашавме дали навистина ќе аплицира во неговата матична партија за функцијата градоначалник, ни рече, да, одамна размислував за тоа, подготвувам и програма.... За жал се случи тоа што се случи, Охрид многу порано треба да бира градоначалник, поради несреќата која се случи. Токму поради тоа ќе побрзам сите мои идеи да ги ставам во Програма и да секако дека сум подготвен за ваков чекор, доколку и ВМРО-ДПМНЕ ми даде подршка и доколу одлучат јас да бидам кандидат за оваа функција.Скопје1: Каква локална самоуправа заслужува Охрид? Како вие ја замислувате општината? Од што би почнале?Мишел Наумоски: Сметам дека крајно време е на Охрид му се случи „локална самоуправа“ на која приоритети ќе и бидат граѓанството и Бизнис заедницата и конечно широко отворени врати за нивните потреби и нивното решавање. Ние треба на непосреден начин да организираме партиципативни активности за жителите на општината Охрид , за планирање во секоја област на децентрализираните услуги, а пред се во образованието, урбанизмот, животната средина, спортот, локалниот, економски развој, преку развој на туризмот и културата како и во другите области.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски-фискален мониторинг.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Како на пример евидентен е фактот дека Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски -фискален мониторинг. Впрочем општината најлошата репутација ја има токму во овој сегмент на локална надлежност.Неминовно е финансиско зајакнување на општината каде влегува и разрешување на преостанатиот долг и деблокирање на градот. Препорачливо е на пр. долгот да се финансира преку издавање локална обврзница на среден рок каде трошоците се далеку помали споредбено со банкарските, па понатака пристапување кон меѓународните фондови за добивање на развојни проекти, инвестиции на бренд хотели и угостелски ланци , трговски брендови, што ќе ја зголемуваат и вработеноста и платите на вработените во сите сектори.Скопје1: Капиталните инвестиции во Охрид скоро да ги нема, а градежната експанзија и тоа како му наштети на Македонскиот бисер. Центарот се пренатрупа, комуналната инфраструктура крајно застарена, не го издржува товарот. Размислувате и на овие проблеми. Мислите ли дека може да се решат, имате ли план?Мишел Наумоски: Перцепција на жителите на општина Охрид е дека после долг период на стагнација во изградбата на локалната комунална инфраструктура постои потреба од забрзан развој на истата и планирање соодветни мерки и спроведување активности за напредно програмирање, планирање и за финансирање на капиталните инвестиции. Впечаток е дека токму градежната експанзија особено во градот Охрид создаде скоро неиздржлив притисок на застарената инфраструктура и дека е последен момент нешто да се стори на тој план. Охрид не е само крајбрежјето, центарот на градот .... , Охрид е и Радојца Новичиц, Железничка, Далјан, Видобишта ... , општината мора да инвестира во инфраструтурно поврзување на секоја точка од општината со квалитени улици но и комплетна поврзаност што ќе има аспект на кавалитетот на животот и аспект на туризмот .Од она што го разговарам секојдневно со граѓаните на општина Охрид, сметаат дека има поголем простор за поактивна улога на локалната самоуправа во поддршката за забрзан локален економски развој која ги вклучува сите сегменти на заедницата.Културното наследство, туризмот, квалитетна животна средина мора да биде еден од врвните приоритети на градот. Поддршката на општината преку грижата на градот за Езерото, крајбрежната зона, состојбата и пристапот кон културните знаменитости и промоција на истите за туристички цели се со цел создавање на целогодишен туристички маркет.Скопје1: Невработеноста на младите еден од поголемите проблеми со кои мака мачи Охрид. Општината не може дирекно да ги вработи, но може да создаде услови за инвестиции, а со тоа индирекно да помогне во намалувањето на овој проблем. Неодамна ми споменавте дека досега не се користеа можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства?Мишел Наумоски: Мојата препорака е дека е непоходен скрининг на релевантниот локален, регионален, национален, приватен сектор и на граѓанското општество, кои имаат широка мрежа, добра репутација и се способни да мобилизираат млади и други специфични ранливи групи и да генерираат основање социјални партнерства за инклузивна испорака на услуги, како и за воспоставување соработка за инклузивен локален развој. Мапирање на (постојните и потенцијалните) модели на социјално претприемништво - општествено одговорни економски иницијативи кои можат да привлечат инвестициски фондови во локален контекст, мапирање потенцијални аранжмани за меѓу општинска соработка поврзана со локалниот економски развој, како и со целокупните можности за јавно-приватни партнерства и за издавање концесии во насока на намалување на трошоците за администрацијата или во насока на намалување на трошоците за обезбедување услуги кои имаат влијание врз локалниот економски развој и врз стапката на (не)вработеност во заедницата.Можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства за подобрување на услугите и на инфраструктурата на децентрализираните услуги во општината Охрид не се докрај искористени и поради селективната практика во минатото. Неопходно е превземанње на низа мерки како да се формираат партнерства на кои им претходат консултации и прифаќање од локалната јавност, односно од другите засегнати страни.Кога се пристапува кон Јавно приватно партнерство, препорачливо е од јавниот сектор да се трансферира на приватниот сектор управувањето со подготовката и со испораката на услугите, а со тоа и одговорноста за квалитетот на процесот на подготовка и испорака како и финалниот квалитет на услугите. Практиката покажува дека треба да се избегнуваат шеми со споделено управување.Придонесот на јавниот сектор треба да се фокусира врз процесот на планирањето, финансирањето на партнерството и врз други политички и нормативни подготовки кои се неопходни за едно функционално партнерство. Партнерства треба да се склучуваат и условно кажано, за мали и средни проекти, а не само за големи проекти. Јавниот сектор треба да ја задржи и доследно да ја спроведува контролата врз спроведувањето на договорот за јавно приватно партнерство од приватниот сектор, гарантирајќи високо ниво на отчетност на партнерството пред јавноста. Јавниот сектор, исто така, треба да гарантира дека политичките ризици ќе бидат сведени на минимум. Подршка за спроведување на проектот преку „Шема на мали грантови“, која ги поврзува ресурсите на централната и локалната власт, поврзана со придонеси од приватниот сектор за унапредување на корпоративната социјална одговорност со долгорочна цел која е надвор од проектниот циклус за одржлива финансиска поддршка на акциите на младите и обезбедување на социјални услуги.Скопје1: На крај не можеме, а да не прашаме, сите знаеме како во последно време се избираат кандидатите и како се спроведуваат избори. Дали сте подготвени, доколку сте кандидат покрај со презентација на вашата програма, она што треба да биде приоритет, да се справувате и со сопки од „вашите сопартијци“ и оние кои избираат лична корист во замена за придобивките на охриѓани?Мишел Наумоски: (Се смешка...) Имам чист образ, уште почиста душа. Мојата цел е само Охрид да го добие заслуженото, да го задржи епитетот БИСЕР, затоа што тоа и е. Имаме капацитет, имаме ресурси, доста е веќе делби и сопки. Треба сплотено да работиме за Охрид, доколку го сакаме овој град. Охрид бил и ќе биде место од кое сите се гордеат. Нема непоправливи грешки, штом се има желба се може се. Јас знам дека заедно можеме да му го вратиме сјајот на Охрид. Имам две ќерки кои живеат, учат, растат овде. За моите, но и за сите деца, за идните генерации дајте да ја направиме нашата општина приоритетна. Дајте да го вратиме сјајот на Охрид. Затоа што Охрид заслужува, деталните проекти ќе ги претставам доколку ја добијам поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатура, а нa нив работам веќе подолго време со поддршка од поголем дел на експерти и бизнисмени од нашиот град. Нема повеќе место, ни време за импровизации во Охрид. Тоа е мој пристап и мое мото зад кое барам да застанат и партиски, но и неопределени сограѓани.

пред 7 години

7 год.
vakcini-novi

Министерството за здравство веведува нови задолжитени вакцини, овој пат против пневмококна бактерија и рота вируси

Нови задолжителни вакцини од месец април. Овој пат вакцини против пневмококна бактерија и рота вируси. Овие вакцини ќе бидат задолжителни за сите деца. Иако здравствените власти ги најавуваа по нова година, го пролонгираа проширувањето на календарот поради незавршениот тендер за набавка на вакцини.Лекарите се убедени дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст.По оваа најава родители со уште поголем скептицизам дискутираат за вакцините. Тие веднаш се огласија на социјалните мрежи со коментари дека не веруваат дека има потреба од проширување на календарот за вакцинирање.Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација, а рота вакцината ќе има две или три боцкања, но тоа надлежните ќе го утврдат по завршување на тендерот за набавка на вакцини.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Џафери претседателските избори ќе ги распише на 8 ми февруари

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Џафери вели дека според тоа, првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Претседателот на собранието истакна дека дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на 14 април, а вториот на на 28 април, но бидејќи се совпаѓа со Велигден, изборите ќе се поместат за една недела подоцна.Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде сега има в.д. градоначалници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tereza-Mej

Пратениците не го поддржаа Брегзитот

432 пратеници гласа против договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ постигнат помеѓу премиерката Тереза Меј и претставници од Европската унија , додека 202 го поддржаа Овој договор. Ова значи дека Британските пратениците не го подржаа договорот на Британската премиерка Тереза Меј .Меј го претрпе најтешкиот парламентарен пораз на било кој друг британски премиер во демократската ера откако пратениците го отфрлија нејзиниот договор за Брегзит со убедлива разлика од 230.Премиерката Меј пак беше сигурна дека ќе ја добие поддршката од пратениците. Таапред гласањето им порача:„Излезноста на референдумот беше висока, а резултатите јасни. Оваа дебата е историска за парламентот и нашата земја. Никој нека не се сомнева во силата на оваа институција кога е демократијата во прашање“, рече Меј.

Свет | пред 7 години

7 год.
485241-tito-belichanec-trebashe-da-se-puka-vo-narodot-206093

Беличанец бара суспензија за Борко Ристовски и Стојанче Стоилов

Професорот Тито Беличанец побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.Беличанец на својот Фејсбук сподели вест во која се вели дека Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“, а над неа напиша суспензија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања