„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе поденси кривична пријава против Талат Џафери

Од ВМРО ДПМНЕ најавија декаќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Од партијата велат дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно.ВМРО ДПМНЕ бараат Уставниот суд да пресече и оцени дали објавувањето на законот за јазици е според Уставот. Повикуваат и на бојкот на законот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lavina-111

(ВИДЕО) Лавина затрупа хотел во Австрија, досега наврнаа 7 метри снег, се очекуваат и нови врнежи

Лавина затрупа куќа и хотел на скијачкото подрачје „Рамза ам Даштајн“ во Австрија. Досега наврнаа 7 метри снев, а прогнозите на метеоролозите се дека следуваат уште врнежи. Лавината се срушила и над многу возила. Направи голема материјална штета. Од хотелот се евакуирани 60 луѓе.Поради снегот кој без престан паѓа веќе две недели во некои места е прогласена вонредна ситуација, а во некои места натрупа и до 7 метри снег.Толку многу снег паѓа еднаш во 70 до 100 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
gjorge-ivanov-1

Иванов: Ова е момент кој ќе покаже дали во Македонија постои Уставен суд

Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска, велат од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов."Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни.Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?", се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grubi

Груби: ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат први кои името на партијата ќе го напишат и на албански

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби на денешната прес-конференција изјави дека први кои треба да стават натпис на албански јазик е опозицоската ВМРО-ДПМНЕ.„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.„Демократски е да ги изгубиш изборите исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските“, рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.ДУИ е против превремени парламентарни избори, оти како што вели пратеникот Груби, има многу реформи за спроведување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sehtanski-e1519410070929

ТМОРО: Потпишувањето на Законот за јазици од неовластено ли деце претставува државен удар

По вчерашното објавување на Законот за јазици и уставните измени во Службен весник, со реакција се произнесе и партијата на Ванчо Шехтански, ТМОРО.„За ТМРО, потпишувањето на Законот за јазици и уставните измени од неовластено лице и нивното објавување во службен весник претставува државен удар, со кој е нарушен територијалниот интегритет и уставниот поредок на македонската држава .Македонскиот народ очекува итна реакција од претседателот на македонската држава“, велат од ТМОРО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sluzben-vesnik

Службен весник образложува: Моравме да го објавиме Законот за јазици

Јавното претпријатие „Службен весник“ извести дека го објави Законот за јазиците, а смета дека тоа е во согласност со Уставот и законите иако претседателот Ѓорге Иванов не стави потпис на законот. Од „Службен весник“ се повикуваат на член 52, став 2 од Уставот, кој вели: „Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“.„Во согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели ‘Секој е должен да ги почитува Уставот и законите’ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, се вели во соопштението на ЈП „Службен весник“.За објавувањето на Законот за јазиците без потпис на претседателот Иванов, реагира ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека директорот Мартин Костовски направил кривично дело што не застарува и за тоа се оди во затвор. Од „Службен весник“, пак, велат дека за секој обид за нарушување на угледот на Јавното претпријатие „Службен весник“ ќе биде поведена соодветна судска постапка.Џафери законот го чуваше во фиока повеќе од десет месеци бидејќи претседателот Иванов одбиваше да го потпише и по второто гласање кое беше во март минатата година.Заедно со Законот за јазиците, Џафери до „Службен весник“ го испратил и Законот за ратификација на договорот со Грција , кој исто така не беше потпишан од претседателот Иванов. Двата документа се објавени во новиот број на „Службен весник“.Со ова, покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
polska-2

(ВИДЕО) Илјадници луѓе демонстрираат низ Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, тие порачаа : Стоп на говорот на омраза

Илјадници граѓани се собраа на улиците во Варшава под слоганот „Стоп за омразата“, а слични демонстрации против говорот на омраза и насилството се одржаа и во други градови од Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович . Илјадиници Полјаци излегоа и во Лондон и Берлин, излегоа на улиците во нем марш против омразата, а со тоа му оддадоа почит на опозицискиот градоначалник на Гдањск Павел Адамович, кој им подлегна на повредите, откако во неделата на добротворната прослава, локален криминалец го избоде со нож.[caption id="attachment_21116" align="alignnone" width="768"]  (Photo by Janek SKARZYNSKI / AFP)[/caption]Локалниот 27-годишен криминалец Стефан В. откако со нож му нанесе тешки повреди на Адамович, во пределот на градите и стомакот, на бината извикувал дека Граѓанската платформа, чиј член бил Адамович, невин го испратила во затвор и го тероризирала и поради тоа морал градоначалникот да умре.Нападот врз Павел Адамович, кој беше градоначалник на Гдањск без прекин од 1998 година, се одигра пред очите на шокираните граѓани, на бина во текот на најголемата добротворна манифестација во Полска, кога 120.000 волонтери ширум земјата собираа пари за опрема за детска болница.

Свет | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска: Да видиме како новиот Закон за јазици ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера на својот профил на Фејсбук објави дека го потпишал Законот за јазици и истиот ќе биде испратен во Службен весник. По ова, се огласи професорката Мирјана Најчевска, која смета дека овој закон нема да промени ништо во состојбата на граѓаните.„Што се однесува до мене може да ги води и на ладински јазик, меѓутоа тоа нема ни за ангстрем да ја промени положбата на граѓаните на Македонија од албанската етничка заедница, нема да ги направи чесни луѓе партиските челници од албанската заедница, нема да го исчисти воздухот во Тетово и Гостивар и Кичево и Куманово и Струга, нема да го намали бројот на каменоломи по патот кон Маврово, нема да ја запре градежната мафија, нема да ги запре партиските вработувања, нема да ја намали неписменоста ниту пак доенечката смртност, нема ...Ова со јазициви најсериозно мислам дека е само фрлање на прашани во очите на луѓето.Значи, ајде да видиме како новиот закон за јазиците ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните.Еве моиве Македонци цело време на македонски зборат на цела територија на Македонија и тоа не ги прави ни попаметни, ни помалку алчни ни помалку корумпирани.А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_4719

ЕУ проект: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“

Постоењето на капацитети за борба против фалсификувањето на евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24 и колку побрзо ќе ги изградиме овие капацитети толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на  граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“ што се одржува во СкопјеПотребата за реализација на овој проект произлегува и од забелешките од неколкуте последователни извештаи за напредокот на Република Македонија, во кои беше утврдена потреба од јакнење на капацитетите на институциите кои имаат свои ингеренции во делот на борбата против фалсификување на еврото. Фалсификувањето на парите, вклучително и еврото ќе биде една од клучните области во поглавјето 24 кои ќе бидат таргетирани со започнување на скрининг процесот.Во изминатиот период од страна на Владата на Република Македонија, рече Спасовски, се преземени неопходните мерки за прифаќање и инкорпорирање на европското законодавство во оваа област. Веќе е воспоставена централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето на пари.Проектот ,,Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ започна со имплементација на 01 ноември 2018 година и има за цел да воспостави ефикасно функционирање на системот за спречување на фалсификување на пари, спречување на вршење на криминални активности, јакнење на монетарниот систем на Република Македонија, како и прилагодување на македонските со европските стандарди за борба против фалсификувањето на пари. Досега веќе се реализирани неколку експертски мисии со цел мапирање и запознавање со моменталната состојба. Како имплементатор на проектот, кој е предвидено да трае осум месеци, е избрана германската Бундесбанк.„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија. Во овој дел би сакал да изразам благодарност до претставниците на Народната банка за нивната континуирана соработка и поддршка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу сите засегнати чинители“, рече Спасовски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Уапсени две лица кои се обиделе да поминат граница со фалсификувани шенген визи

На 14.01.2019 година во 12.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“ при пасошка контрола, било констатирано дека шенген визите кои било во патните исправи на Ј.Р.(32) и Г.С.(26), двајцата од Косово, биле фалсификувани.Во 15.30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга, а потоа се задржани во СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dolg

Годинава ја започнавме со ново задолжување од 11,4 милиони евра

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари, обајави фактор.мк.Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изајви дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.Текстот во цалост на: фактор.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Условна казна за двете лица кои криумчареа мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Спогодби со две лица обвинети за Криумчарење мигранти по член 418-б став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно склучените Спогодби, на дваесет и три годишниот македонски државјанин и деветнаесет годишната косовска државјанка, им е изречена алтернативна мерка – условна осуда со која е утврдена казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело за време од три години. Воедно, согласно член 38- г на девојката е утврдена и казна – протерување од територијата на Република Македонија во траење од две години.Кривично правниот настан се случил на 7.01.2019 година на Граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Република Македонија. Имено, по претходен договор, обвинетиот, со патничко моторно возило „Мерцедес“, бил дојден во Приштина каде го чекале обвинетата и нејзината другарка. Со цел да се прошетаат, тројцата се упатиле кон Скопје. При наближувањето кон косовскиот граничен премин, другарката ги информирала обвинетите дека не поседува документ за идентификација за да ја премине границата. Тогаш, обвинетата ја убедила да влезе во багажниот простор на возилото. Обвинетите, заедно со дваесет годишната сокриена девојка успеале да ги поминат границата на косовската страна и службата за проверка на лична идентификација на македонската граница. Но, при рутинска контрола на македонските царински службеници, обвинетиот соочен со фактот дека се проверуваат возилата, признал дека во багажниот простор се наоѓа девојка без документи за идентификација. По Наредба на јавен обвинител, на обвинетите им беше одреден краткотраен притвор, а девојката што илегално влегла во Република Македонија беше привремено задржана во Прифатен центар за странци и по дадениот исказ пред обвинител е вратена на територијата на Косово.Надлежниот јавен обвинител имајќи ги предвид возраста на обвинетите, нивното изразено жалење и каење поради стореното кривично дело, нивното коректно однесување во текот на кривичната постапка, како и придонесот кон нејзиното ефикасно завршување, ценеше дека се олеснителни околности за склучување на Спогодбите и одмерување на видот и висината на изречените казни. Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе Пресуда со која на обвинетите им изрече условни осуди.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во изминатиот ден вкупно 10 сообраќајки во Скопје, шест лица полесно повредени

Во текот на изминатиот ден (14.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 13 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и еден пешак затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак".   

Скопје | пред 7 години

7 год.
2

Фатен гостиварчанец кој избегал од затворот Идризово

На 14.01.2019 година околу 13.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле Ф.Р.(47) од село Речане, гостиварско, по кого од ноември 2018 година, поради бегство од затвор, била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.Ф.Р. бил приведен во Полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
evro

Конференција во НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра

Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи Конференција за означување на почетокот на проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ).Проектот ќе трае осум месеци и буџетот за него изнесува 250.000 евра. Ќе го спроведуваат Министерството за внатрешни работи, Народната банка и Дојче Бундесбанк, со поддршка од експерти од хрватската, австриската и од Европската централна банка.На Конференцијата предвидено е обраќање на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицегувернерката на НБРМ, Емилија Нацевска, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.Како што информираат од ИПА одделението Оддел за Европска Унија, целта на овој Твининг лајт проект на ЕУ е да се поддржи воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра.Тој опфаќа анализа на функционирањето на системот за борба против фалсификување банкноти и монети, утврдување на неговите недостатоци и препораки за негово подобрување. Проектот придонесува за зајакнување на соработката со сите релевантни домашни и странски институции.

Македонија | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

СДСМ: Се зголемува бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид

Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски потпишаа Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии со што се обезбедени евтини летови во наредните три години, велат од СДСМ.„Финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра до 2022 година, а покрај досегашните релации, се воведуваат уште 8 нови линии, 4 од скопскиот и 4 линии од охридскиот аеродром.Покрај зголемениот број на авиолинии, се зголемува и бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид.Со овој Договор, издиша уште еден балон на лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто лажно тврдеше дека граѓаните ќе останат без евтини летови, и ширеше неоснована паника дека ниту една авиокомпанија нема да биде заинтересирана да обезбеди евтини летови.Лажната вест на антинародното ВМРО-ДПМНЕ пропадна. Не само што се укинати евтините летови, туку се обезбебедени 8 нови дестинации.Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на спроведување на мерките што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
butikofer-slika

Бутикофер: Северна Македонија да добие покана за ЕУ и НАТО во 2019!

Рајнхард Бутикофер, ко-претседател на Европските зелени и европратеник, на  својот Tвитер профил напиша дека Македонија го исполни својот дел, а зелените ќе работат да ги добие двете покани за ЕУ и НАТО  во 2019 година.„Северна Македонија го исполни својот дел! Им благодарам на премиерот Заев и на многу други, вклучително и ДОМ! Се надевам дека и Грција ќе ги почитува ветувањата на премиерот Ципрас. Зелените ќе работат да ги убедат владите во ЕУ дека Северна Македонија треба да ги добие двете покани за ЕУ ​​и НАТО во 2019 година!“, напиша Бутикофер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-vucic

Белград подготвен да го дочека Путин - 250 руски специјалци ќе го чуваат Рускиот претседател

Претседателот на Русија Владимир Путин во четврток ќе пристигне во Белград. Путин ќе оствари средба со домкинот, претседателот на Србија Александар Вучиќ. Путин доаѓа во Белград во време кога Русија е заинтересирана за потполна реализација на Турскиот тек, кој би донел гас во југоисточна Европа, како и за дипломатски статус за соработка за риско - српските соработки во хуманитарниот центар во Ниш.Дел од обезбедувањето на Путин , веќе е во главниот град на Србија, а во соработка со руските агенти и Српската полиција ќе се грижат за безбедниот пречек на рускиот претседател.Се проценува дека во обезбедувањето на Путин ќе бидат ангажирани од четири до седум илјади полицајци, од сите безбедносни служби на Србија, односно од МВР и војската на Србија, БИА, ВБА и ВОА.Како што најавија над 250 руски специјалци ќе го чуваат претседателот во Србија.За време на посетата безбедносните мерки во градот ќе бидат подигнати на највисоко ниво. Тоа значи дека воздушниот простор над Србија ќе биде затворен за сите авионски летови при слетувањето на претседателскиот авион, кој по влегувањето во српскиот воздушен простор ќе го следат авиони на српската војска до слетувањето на белградскиот аеродром, пишува „Србија данас“.Улиците по кои ќе се движи рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите ќе бидат заварени, на зградите ќе бидат поставени руски и српски снајперисти, а на граѓаните што живеат покрај трасата на движење на претседателската колона ќе им се нареди да ги затворат прозорите и да ги повлечат завесите. Исто така, ќе биде засилена и контролата за движење на пешаците, посебно на прометните места, на железничките и автобуските станици. Интернет-комуникацијата во Србија и во странство ќе биде под засилен надзор. Покрај овие мерки, ќе бидат користени и пософистицирани методи за заштита на важни личности.Според претходните најави, се очекува за време на посетата да бидат потпишани над 20 билатерални договори за соработка во различни области, а ќе се разговара и за реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и иновациите.

Свет | пред 7 години

7 год.
48967469_997046760481268_4810095554539290624_n

Балетот „Самсон и Далила“ вечерва во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.Ќе настапат и Саша Ефтимова, Ендру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Сценографијата на претставата е на Зоран Костовски, костимограф Александар Ношпал.

Магазин | пред 7 години

7 год.
40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Мухамед Зекири: На власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна, а сега сакаат да се китат со туѓи перја

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порача на членовите на ДУИ да не се китат со туѓи перја, алудирајки на тоа дека неговата партија е позаслужна за донесувањето на Законот за јазици и неговото денешно стапување на сила.,,Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот ,,Македонија едно општество” за сите!!!Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша пратеникот на својот профил на ФБ.Ваквата реакција на Зекири следуваше откако повеќе функционери на ДУИ објавија дека Законот за употреба на албанскиот јазик е објавен во Службен весник.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања