„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ предупредува: Објавувањето на законот во Службен весник е кривично дело за кое се лежи казна затвор

Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони.СДСМ уште еднаш ја силува демократијата и го руши правниот поредок во Република Македонија.Веднаш по промената на името, Владата на СДСМ на незаконски и насилен начин ја прави Република Македонија двојазична држава.Ова е само уште еден груб и провиден обид на Власта на СДСМ преку носење несуштински работи за албанците, да им се додвори на целиот албански електорат во пресрет на Претседателските избори и да ги изманипулира албанските гласови.Доколку се искрени во намерите, наместо со носење несуштински работи, треба да се потрудат преку економски политики да ги реалзираат ветувањата кои ги дадоа пред изборите за подобар живот и навистина да им го подобрат животот на албанците во Република Македонија преку отворање нови работни места и се она што ветија.Но, бидејќи ова им е само обид за додворување на албанците пред изборите преку правење на кривично дело, еден ден кога ќе паднат од власта ќе сносат одговорност пред лицето на правдата и ќе се соочат со предвидените казни кои следуваат за ова дело“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault-5-1

Франција го поздравува усвојувањето на уставните амандмани во македонското Собрание

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на македонското Собрание и оценува дека станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на преспанскиот договор, кој треба да стави крај на спорот со Грција.„Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор, кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година помеѓу оваа земја и Грција.Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор.Како што наведе и претседателот на Француската Република, договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа.Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува договорот”, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил (Agnès Von Der Mühll), која што ја пренесе Амбасадата на Франција во земјава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
14

Стартуваше второто издание на кампот на Реал Мадрид Фондацијата во Охрид

Вториот интернационален камп на Реал Мадрид Фондацијата вчера и официјлно беше отворен во Охрид. Добредојде на децата им посака носителот на лиценцата Влатко Тодев и менаџерот на Реал Мадрид Фондација, г-динот Карлос Касиљас Санчез ."Драго ми е што сме овде во Македонија и што со нашите тренери од Мадрид, Хуан Андрес Гонзалес и Жоакин Валерио ќе Ви пренесеме дел од фудбалското искуство кое ќе ви овозможи нови знаења. Ќе учиме фудбал, а секојдневно преку едукативните предавања ќе ги имплементираме и основните вредности кои се темел на работата на нашата Фондација. Тоа се лидерство, тимска и напорна работа, почит и самоконтрола." изјави Санчез.Нашите мадридисти се сместија во хотел " Аквалина", подготвени за ново искуство тие ја добија и својата оригинална опрема од Реал Мадрид. Денот им започна со индивидуалнон и групно фоторгафирање, а според правилата на Фондацијата, беше одржано и првото предавање на тема лидерство. На отворањето беше прочитано и писмо од општина Охрид во кое се изразува поддршката и реализација на визијата која кон овој камп ја даде прерано починатиот градоначакник Стојаноски.Во прилог Ви праќаме писмото на Општина Охрид, во чије име на децата интегрално им го пренесе преставникот на Спорт Арена, г. Влатко Тодев.Со тренинзи тимот на тренери од Шпанија стартуваше во попладневните часови, со традиционалните тест натпревари за согледување на квалитетот со кој располага секој кампер одделно. Децата се поделени во групи според возраст и според фудбалското искуство кое го поседуваат

Спорт | пред 7 години

7 год.
5-pica-620x350

Канадски контролори на лет испратија пици до нивните колеги во Америка

Канадските контролори на лет купија стотици пици за своите колеги во Соединетите Американски Држави во знак на солидарност поради делумната блокада на американската влада што ги погоди контролорите на летот.Претседателот на Здружението на канадските контролори на лет, Питер Дафи, рече дека иницијативата почнала во четвртокот кога вработените во контролниот центар во Едмонтон почнале да собираат пари за да им купат пици на своите колеги во Енкориџ на Алјаска, објави АП.Набргу им се приклучија и други контролни центри во Канада, а според Дафи, досега пици од Канада пристигнаа во 36 објекти.Поради блокадата на владата, која настана затоа што демократите во Конгресот не сакаат да го одобрат финансирањето на ѕидот со Мексико што го бара Трамп, околу 10.000 контролори на лет работат без плата од декември.

Свет | пред 7 години

7 год.
talat-dzaferi-potpis

Џафери потпиша, албанскиот од вечерва официјален јазик во Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на својот официјален Фејсбук профил објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник.Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.„Со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку отсто“, се вели во образложението на Законот.Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но една година подоцна, беа изгласани уставните измени. Законот за јазиците, до официјализирањето чекаше една година, затоа што претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише. Џафери го одложуваше потпишувањето на Законот за јазиците бидејќи во стручната јавност беше спорно, дали документот ќе ја има силината на закон доколку во „Службен весник“ излезе само со потпис на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rusko-MNR

Руско МНР: Промената на името не е одраз на народната волја, Советот за безбедност на ОН да расправа за името

Одделот за информирање и печат на руското Министерство за надворешни работи (МНР) изгласувањето на новите амандмани на македонскиот Устав за промена на името на земјава го нарече „вештачка промена на името на државата со цел форсирано внесување на Скопје во НАТО“ и порача дека проблемот со преименувањето на земјава да се разгледува од Советот за безбедност на Обединетите нации во согласност со членот 3 од Резолуцијата 845 на Советот.„Станува збор за продолжување на процесот на вештачко менување на името на државата под странски притисок со цел насилно внесување на Скопје во НАТО. Тоа е прекршување на македонските закони. Ставот на шефот на државата и ставот на мнозинството од населението кои го отфрлаат Преспанскиот договор се игнорираат. Постојаните протести во Скопје и другите македонски градови покажуваат длабока поларизација на општеството. Очигледно е дека ваков начин на решавање на прашањата од национално значење за иднината на земјата не е одраз на волјата на нејзиното население и не може да служи како алатка за долготрајно решение за проблемот со имемто на земјата“, се вели во соопштението.Од руското МНР велат дека и развојот на настаните во Грција, односно оставката на Панос Каменос, досегашниот министер за одбрана и претседател на Независни Грци, коалицискиот владин партнер на СИРИЗА, зборува за „експлозивноста на ситуацијата“. Дополнително, се обвинува и дека во Грција се спроведува истата формула како во Македонија – притисок за усвојување на Преспанскиот договор преку газење на волјата на грчкиот народ.„Ставот на Руската федерација за проблемот со името на македонската држава останува неизменет: мора да се најде одржливо решение без надворешни притисоци, наметнати решенија и услови од надвор, кое ќе се заснова на широка јавна поддршка – и во Република Македонија и во Грција – и единствено во рамките на правото. Сметаме дека ова прашање мора да се разгледува од од Советот за безбедност на Обединетите нации во согласност со членот 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1547475316183-tan2019-1-132220412681-830x0

Почина градоначалникот на Гдањск, бил избоден со нож долг 14,5 см

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт, објави полското радио на својот твитер канал.Докторите велат дека тој бил тешко ранет во пределот на срцето, дијафрагмата и внатрешните органи.Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција.Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор.Од Обвинителството велат дека досега е извршен распит на 20 сведоци, а набрзо ќе биде испитан и осомничениот. Според информациите тој го избодел градоначалникот со нож долг 14,5 сантиметри.

Свет | пред 7 години

7 год.
F45BD798-B4EC-4C0A-B0CE-C93B6585138D

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ може да ги бојкотира претседателските избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за Алсат изјави дека опозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори.За избор на претседател е потребен цензус од 40 отсто излезност и доколку опозицијата бојкотира шансите ќе бидат мошне големи да не се избере шеф на државата. Двегодишниот мандат на Ѓорѓе Уванов истекува, а на 3 февруари се очекува да се распишат изборите за нов претседател.Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините, Јанушев ги наведе уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ustav

Северна Македонија објавена во Службен весник

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.Со ова тие веќе стапуваат на сила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-tasevski

Сашо Тасевски: Соживотот постои само во вашите партиски брошурчиња

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил обави статус во кој реагираше на тоа што ниту еден албанец не го осуди коментаторот на МТВ 2."Не пишувам демагогии, соживот, меѓуетничка толеранција, бла бла бла... Се обидувам да пишувам за сликата зад платното, а таа не е убава. Простете ако грешам, но освен Нора Шаќири од јавните личности не видов друг албанец да го осуди коментаторот на МТВ2. Тоа е реалноста. Се друго е демагогија и јадење бурек со праз. Што ако беше обратно? Македонскиот коментатор да викнеше: Играчот со број тој и тој му даде гол на Симан од корнер. Сите албанци во сите партии ќе рипнеа против тој коментатор. Соживотот постои само во вашите партиски брошурчиња. Нигде на друго место. Размислете за ова. Сите до еден. И македонците. Се продолжи ли вака, Босна ќе биде вагинален чад за она што ќе се случува овде. Јас не можам да мразам друг народ, тоа е глупо. Видовме тоа до што донесе во Југославија. Затоа мора да има осуди и казни за лудаците во медиумите кои се задоени со омраза", напиша Тасевски на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

7 год.
sugareski-2

Потпишан договорот со „Визер“, добивме уште 8 нови авиолинии

„На мое огромно задоволство го потпишавме Договорот со Визер. Граѓаните оваа година ќе добијат уште 8 нови авиолинии: од Охрид кон Малме, Милано, Мемингем и Дортмунд; а од Скопје кон Карлсруе, Бремен, Ларнака - Кипар и Турку - Финска, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по потпишувањето на договоот со претставници на авиокомпанијата „Визер“ .Овој договор е за финансиска поддршка на евтини авиолинии по трет пат склучен помеѓу Македонскат Влада и авиокомпанијата. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.Од Охрид ќе се лета кон Малме во Шведска, Милано во Италија и кон Меминген и Дортмунд во Германија. Од Охрид ќе се лета за 20 евра до Малме и Милано, меѓу новите осум авио-линии што ќе ги воведе „Виз ер“ како услов за субвенционирање на билетите од страна на државата.Покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.Билетите за Милано и Малме ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија.Летовите до Малме почнуваат на 18 март. До 13 септември, од охридскиот аеродром до Малме летовите се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела.Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.Летовите Охрид-Меминген ќе почнат да се реализираат од 1 јули и ќе бидат два пати во неделата, односно во петок и понеделник.Летовите Охрид-Дортмунд стартуваат на 2 јули и ќе бидат во вторник и сабота.

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-crna-boja

Општина Аеродром офарбана со црна боја, а министертвото за култура со жолта

Влезната врата и ѕидовите на зградата каде што е сместена Општината Аеродром изминатата ноќ биле исфарбани со црна боја. Вандализмот во МВР го пријавил чуврот од општината. Полицијата извршила увид, но засега не соопштуваат детали, освен дека на вработените им било дозволено да влезат во работните простории. Веднаш по увидот вработените почнаа да го чистат влезот.Пред зградата има камери.Во текот на ноќта непознати лица истуриле жолта боја на влезот на Министерството за култура.  Покрај бојата, на зградата на Министерството со црвени букви било испишано „МКД“.Меѓу првите, фотографијата од обоеното министерство беше споделена на Фејсбук страната на движењето „Млади за Македонија“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vozi-960x639

(ВИДЕО) Балканец дивее на лизгав пат во Босна

За време на викендот на Фејсбук се појави видео снимено во близина на Томилавград во БиХ, каде еден автомобил дивееле по лизгавиот пат.Снимката која е објавена со опис: „Погледајте го идиотот кој го глуми Вин Дизел од филмот Брзи и жестоки…Страшно е какви кретени дивеат по улиците“ и поставен е на Фејсбук страната Црна хроника Балкан.На снимката се гледа автомобил кој по ноќ се лизга лево-десно.Видеото наиде на бројни коментари, а имало и такви кои го осудувале ваквото возење.„Треба сите да ги затворат, Заради вакви ни гинат децата“  се само дел од коментарите.https://www.facebook.com/crnahronikabalkan/videos/320093521941350/

Свет | пред 7 години

7 год.
todor-petrov

Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров - ќе се собираат потписи за распишување на референдум

Со 8 гласа „за“ и еден воздржан, Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за распишување на нов референдум за името со прашањето: „Дали сте за Република Северна Македонија“.За да се реализира оваа постапка, потребно е спикерот Талат Џафери да даде мислење дека иницијативата е уредна, а откако ќе ја извести ДИК, подносителот има рок од три месеци да собира потписи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
peter-vanhojter

Ванхауте: Честитки за уставните измени – време е да се посветите на економијата, здравството и образованието

Посредникот на ЕУ во изработката на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, на својот фејсбук профил го честиташе завршувањето на процесот за уставни измени во Собранието. Тој порача дека е време државата да се посвети на подобрување на условите во здравството и образованието.„Навистина е компромис, но таков од кој сите граѓани ќе имаат корист. Време е да се продолжи напред и за справување со другите приоритети: здравството, образованието, економскиот развој и животната средина. 2019 е година за да се направи напредок на овие полиња“, пишува Ванхауте.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Damjan-Mancevski1

Манчевски на твитер: „Политиката надвор од спортот “

„Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари, напиша министерот за информатичко општество и информатика, Дамјан Манчевски, на Твитер. Со ова тој испрати порака до ракометарите порачувајќи политиката да се тргне надвор од спортот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
bitola-plnina

Препораки до сите кои ќе одат на планина

Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:-континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;-да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;-да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;-да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;-да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;-луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;-планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pojadok-vasilica

Заеднички василичарски појадок во Општина Охрид

На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Весна Митреска, Тихомир Дурнев, Симон Илијески и Томе Џамтоски. Заедничкиот појадок го организираа минатогодишните кумови Царе Наумоска, Габриела Милошоска и Гоце Симоноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-sreba

Василичарски средби во општина Аеродром

И годинава се одржаа традиционалните василичарски средби што се организираат на територијата на Општина Аеродром. Централните манифестации се одржаа вчера, 13.1.2019 година, во Ново Лисиче, на Детската улица „Тоше Проески“ и на платото во паркот во населбата Мичурин, во организација на здруженија на граѓани.Во рамките на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, се одржа богата музичка програма и кршење на традиционалната погача со златна паричка, а беа избрани и новите кумови.Голем број граѓани присуствуваа на овие прослави, на кои им се придружи и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Општина Аеродром и годинава логистички ги поддржа двете манифестации.

Скопје | пред 7 години

7 год.
karnevalkuratica

Два дена карневал во Куратица по 21 пат

Жителите на охридското село Куратица по 21 пат празникот на селото Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски. Карневалската програма започна синоќа со поаѓањето на Василичарската поворка, во чии рамки курајчките василичари ги посетуваат сите домаќинства во селото. Манифестацијата продолжува денеска, а во попладневните часови ќе биде поделена традиционалната храна варејнца како и пијалок за постарите лица кои не се во можност да учествуваат на завршната церемонија. Самиот карневал под маски почнува во 18 часот, а дефилето на маските ќе биде проследено со пригодна музичка програма.Карневалот во Куратица од година во година се збогатува со нови содржини и се вбројува меѓу позначајните во државата, покрај струмичкиот, вевчанскиот и прилепскиот. Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања