„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
petar-bogojeski

Богојески: По донесувањето на уставните измени ништо не е изгубено

Реформистот, Петар Богојески, кој до неодамна ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се додека не беше разрешен од партиското раководство во бранот исклучувања, по донесувањето на уставните измени вели дека ништо не е изгубено. Внимание предизвика неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде упатува дека државата можеби некогаш повторно ќе се нарекува Република Македонија. Богојески смета дека таква шанса е возможна само откако државата ќе стане рамноправна со своите соседи, овјави фокус.мк.Според Богојески од самиот момент на потпишување на Преспанскиот договор било јасно дека е преголема работа, за да пропадне. Додава дека со интеграција во европското семејство, обединета Македонија станува реалност.-Нема што да се прославува. Едноставно направена е голема историска отстапка, во интерес на подобра иднина. Сега е најважно да се мобилизираат сите капцитети на државата, надежта да се преточи во дело. Да се валоризира загубата. Следните 10 години не очекува тешка работа. Нека тој период помине успешно, за Македонија да добие рамноправна положба со своите соседи, особено со Грција. После тоа, историјата повторно ќе донесе нова шанса за исправка на историските неправди. Нашиот сон за Обединета Македонија ќе биде реалност во Обединета Европа – вели Богојески за „Фокус“.Текстот во целост на фокус.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нов напад од куче скитик во Скопје - искасан маж

Триесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил каснат од куче скитник.„Вчера во 19 часот во Полициската станица Гази Баба Е.А.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14,20 часот на булеварот Александар Македонски бил каснат од куче-скитник во пределот на десната подколеница“, соопшти полицијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kosntantin1

Константин Георгиевски: Охрид влезе во историски процес на раздолжување на градот

Во интервју за Скопје1.мк актуелниот в.д. градоначалник на Охрид Константин Георгиевски зборува за историскиот процес на раздолжување на Охрид кој почна да се случува од како Премиерот Зоран Заев почна да го исполнува ветувањето кое го даде преку „Охрид 1“ дека ќе го раздолжи Охрид и ќе формира ново јавно претпријатие „Колектор“. Константин зборува и за тековните проекти, а даде одговори и дали размислува да се кандидира на претстојните избори кои ќе се случат оваа пролет.Скопје1.мк: Во буџетот на општината годинава влегоа и милионите евра кои Владата ги трансферира за раздолжување на Охрид кое мора да се заврши во првата половина на годината. Подготвени ли сте за овие преговори со компаниите доверители ?„Советот на Општина Охрид за 2019 година го изгласа најголемиот буџет во историјата на градот , тежок 1.040.000.000 денари , од кои 495.000.000 отпаѓаат на средства кои ќе припаднат на Општината согласно мерките на Владата на Република Македонија за раздолжување на општините . Во Општина Охрид во тек е јавен повик на пријавување на доверителите како ние би биле во можност да формираме првична ранг листа на доверителите , потоа да пристапиме кон преговори со дел од нив во однос на каматите и да ја формираме листата која треба да ја доставиме до Советот на Општина Охрид и истата да добие зелено светло за реализација и исплата . Подготвени сме за преговори со доверителите и во периодот кој следува и за мене како В.Д Градоначалник тоа е една од најважните задачи , затоа што сме временски врзани согласно закон тој процес да го завршиме до 30.06.2019. Овој целокупен процес е исклучително значаен за Општина Охрид и после долги и мачни години кога Општината се гушеше во долгови , за прв пат благодарение на Премиерот Зоран Заев, кој го исполна ветувањето дадено кон граѓаните на Охрид , а тоа е раздолжувањето на Општината , ние сега можеме да зборуваме за раздолжување на една од најзадолжените , ако не и најзадолжената општина во државата “ , вели Георгиевски и го коментира односот на ВМРО ДПМНЕ кон ова прашање:„Мене ми е исклучително криво што советниците во Советот на Општина Охрид од редот на ВМРО ДПМНЕ , не гласаа за овој буџет , со тоа тие не гласаа за раздожување на Охрид , за просперитет и иднина на градот , едноставно нејасно ми е како е можно да не гласаа ЗА Охрид , но сепак , тоа е нивен избор , од кој што еден ден ќе се срамат “, заклучува Георгиевски.Скопје1.мк: Ќе се раздолжуваат ли и јавните претпријатија ?„Една третина од долгот на сите јавни претпријатија во Македонија , отпаѓа на МЈП Проаква Охрид . Кога пред една година и два месеци дојдовме на власт затекнавме таму , јавно претпријатие кое немаше исплатено 3-4 плати и придонеси на работниците и загуба од околу 36.000.000 денари на годишно ниво , а за инвестиции и да не зборуваме .Слична беше ситуацијата и во другите јавни претпријатија , можеби не изразена во толкава мерка , но сепак ситуацијата беше далеку од сјајна , освен во ЈП Нискоградба , каде во споредба со останатите јавни претпријатија состојбата беше донекаде стабилна и консолидирана до некое прифатливо ниво . Согласно законот е предвидено раздолжување и финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Ние и во изминатата година активно работевме на консолидација и раздолжување на јавните претпријатија , па така ЈП Проаква од тежок загубар дојде во ситуација после само една година за прв пат после не знам колку години на работниците да им додели К-15 , а загубите се сведени на минимум . Се постигна нешто за што многу пред нас пробаа , но малку направија , а тоа е уште едно ветување кое го даде Премиерот Зоран Заев и го исполна,  а тоа е решавањето на Колекторот , тоа е завршена работа . ЈП Колекторски систем е во фаза на формирање и со тоа драстично се менува целата слика“.Скопје1.мк: Како ќе оди таму овој процес и кое претпријатие може да очекуваме прво да се раздолжи ?„Во тој дел следуваат драматични и тектонски позитивни придвижувања на кој ние како генерација ќе сме горди . ЈП Охридски Комуналец покрај намалување на долговите , инвестираше сопствени околу 8.000.000 денари и околу 430.000 ЕВРА од кредитна линија на Светска банка со која беа набавени уште 5 комунални возила , една цистерна и еден трактор “.Скопје1.мк: Ќе продолжат ли активностите за промоција и поддршка на туризмот и промотивните активности на саеми и презентации во светот ?„Туризмот претставува водечка гранка во Охрид , ние активно ќе продолжиме во промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација но и во креирање на приказна за Охрид , и ќе работиме на развој и развиток на планината заедно со сите здруженија и поединци кои имаат однос кон природата и културните богатства во насока на развој на алтернативен турирам , хајкинг , алпинизам и велосипедизам . И секогаш ќе сум на страната на природното богатство и дозираното употребување на тоа што само го позајмуваме од нашите деца во моментов на нашето битие на овој свет а тоа е нашиот прекрасен Охрид , и ќе се залагам против изградба на Ски Центар на Галичица и сметам дека е чесно еднаш за секогаш да се најде маж кој ќе престане да ги замајува Охриѓани со луди , економски неисплатливи и неостварливи проекти за Ски Центар на Галичица . Јас сум пасиониран скијач и планинар , и најмногу од сите сакам да имаме Ски Центар на Галичица , но реалноста е сосема поинаква , едноставно таму нема услови за тоа и тоа никогаш нема да се случи и сите претходни најави , ветувања и муабети се само празни дневно-политички муабети .Промотивните активности секако дека ќе продолжат , учеството на саеми ценам дека досега е разбирано како добра можност за прошетка на дел од администрацијата без некој значаен и мерлив ефект и истото во периодот кој следува лично ќе го ревидирам во консултација со релевантни експерти од областа на туризмот“ .Скопје1.мк: Кои се тековните проекти кои во моментов се работат во Охрид ?„Во моментот во тек е изградба на спортска сала во ЕМУЦ , потпишан е договор за комплетна реконструкција на кружниот тек кај Општа Болница Охрид исто така и за довршување на патеката до Хотел Парк , со подобрување на времето започнува комплетна реконструкција на Булевар Туристичка , улица Егејска се надевам до средина на февруари да започне со реконструкција , во село Лескоец сме при крај со неколку краци на канализација кој после застој од околу 2месеци ќе ги продолжиме ... така да , пролетва не очекува вистинска инфраструктурна инвазија во Охрид“ .Скопје1.мк: Имате ли аспирации да сте кандидат на Локалните избори кои не чекаат најдоцна на пролет ?„Моментот на загубата на Градоначалникот Стојаноски ме најде , како негов заменик. Многу часови поминавме заедно во разговори каков Охрид сакаме , каде сакаме да го развиваме градот , имавме голема доверба еден во друг . Тешко беше и е , да се размислува сега на оваа тема , посебно кога тој кобен 15ти Декември до последно бевме заедно . Не знам ... доколку би размислувал во насока на избори и кандидатура тоа веројатно би било во знак на почит кон човекот кој прв имаше доверба во мене , доследно и достојно да го продолжам патот за кој часови и часови на моменти во занес разговараме за нашиот Охрид . Сепак сметам дека е премногу рано за одлука по тоа прашање . Ќе следуваат партиски консултации , разговори и носење одлуки од органите на партијата , сепак не можам да исклучам моја кандидатура на локалните избори во Охрид , доколку партијата и членовите го побараат тоа од мене “.

Македонија | пред 7 години

7 год.
halk-banka

Халкбанк отвора нова осигурителна компанија- ќе работат под името ХАЛК

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на Нова Осигурување АД Скопје се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, Халкбанк АД Скопје и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.Според најавите од Халкбанк, наскоро ќе следува процес на ребрендирање на осигурителната компанија по што ќе почне со работа под брендот на Халк.-Следејќи ја успешната практика на нашата матична банка Халкбанк Турција, која е сопственик на осигурителната компанија Халк Сигорта, а со цел проширување на присутноста на нашиот бренд во рамките на финансискиот пазар во Македонија, отсега под името ХАЛК ќе се нудат и услуги во доменот на осигурувањето. Со оваа капитална инвестиција, убеден сум дека и позицијата на Халкбанк дополнително ќе се зацврсти како успешен и сигурен бренд и ќе дејствува во насока на понатамошен развој на компанијата во финансискиот сектор во земјата, изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк.Халкбанк Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.) е доминантен акционер на Халкбанк АД Скопје и е една од најголемите банки на турскиот пазар, во чија сопственост се и друштвата Халк Лизинг, Халк Факторинг, Халк Инвестиции и Халк Пензиски фонд.Халк Сигорта, пак, е една од најголемите осигурителни компании на турскиот пазар, која својата визија да биде водечка компанија и пример за дејствување во осигурителниот сектор, истовремено применувајќи иновативни и пионерски практики, ќе ја пренесе и на македонскиот осигурителен пазар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: 16 сообраќајни незгоди во три дена во Скопје, а од сообраќај исклучени 40 возачи

Во текот на изминатите денови (11, 12 и 13.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и девет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 111 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 26 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, 11 поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 195 мандатни платни налози и 102 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Во Гостивар лишени од слобода лица кај кои е пронајдена марихуана

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 13.01.2019 околу 23 часот и 45 минути, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар ги лишиле од слобода А.И.( 24 ) од Гостивар и Т.С.( 25 ) од Долна Бањица, кај кои е пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: 2019 ќе биде година на напредок, интеграција, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин

Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, велат од СДСМ.„Спроведувањето на Договорот од Преспа ги отвори перспективите, процесите за членство во НАТО и ЕУ се во финална фаза.Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија и отворање на првите поглавја.2019 ќе биде година на интергација, но и година на економски раст и развој и повеќе пари кај граѓаните.Предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата.Платите ќе растат во сите сектори, вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто, а преку зголемената помош за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.Оваа година се воведува уште една клучна мерка, граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги, со што во секое семејство ќе се обезбеди дополнителен годишен приход.Реформираниот систем на социјална заштита, ќе обезбеди лицата приметли на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а ќе се зголеми и опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток.Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот

Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот. Mакедонскиот народ е разочаран заради губењето на името, идентитетот, историјата и културата, а СДСМ на чело со аболицираниот Заев слават и се гордеат дека ги продале државните и национални интереси, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев спротивно на јасно искажаната волја на македонскиот народ на референдумот тргнаа насилнички да го спроведуваат капитулантскиот договор од Преспа.Иако не добија мандат од граѓаните за овој срамен чин тие сепак по пат на закани и уцени се пазареа со националните и државните интереси и ги променија уставното име и идентитетот на Република Македонија.Заев викаше дека не постои човек кој ќе се дрзне да го менува името и дека промената на името е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Се колнеше во неговите татко, дедо како и сопствените деца, но откако дојде на власт прва и единствена работа на која беше фокусиран беше како да го промени името и како да ја зацрни државата.СДСМ и Заев покажаа дека немаат никаква врска со европските вредности. Корупцијата го достигнува својот зенит, економијата тоне, a граѓаните стануваат се посиромашни, додека функционерите од власта и нивните семејства стануваат се побогати.Граѓаните се свесни дека ова беше власт за една намена и токму затоа нема да дозволат повеќе државата да назадува. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и  конечно да завршат сите овие црнила и зла кои СДСМ и Заев им ги нанесуваат на државата и граѓаните.Заев и СДСМ ќе ги снајде казната токму  од македонските граѓани чии одлуки сега не ги почитуваат.  ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ја порази оваа криминална власт на аболицираниот Заев и СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја исправи неправдата и да го врати тоа што СДСМ  сега го продава. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anita_bezoska

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Овој форум е еден од водечките настани од областа на финансиите на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на финансиски институции и инвеститори. Традиционално, во дискусиите и анализите на учесниците, вниманието е насочено кон најважните прашања за пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде еден од четирите говорници на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки, дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа и изгледите за економскиот раст во регионот. Истовремено, високите претставници на повеќе централни банки ќе говорат и за регионалната инфлација и перспективите на девизниот пазар, за импликациите од структурните промени на платните системи, како и за улогата на банките во монетарната политика. Во програмата на Форумот е предвидено оваа панел-дискусија да следи по воведното обраќање на гувернерот на Австриската централна банка и член на Советот на гувернери на Европската централна банка, д-р Евалд Новотни.Во рамки на Форумот ќе се дискутира и за други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што внимание ќе им биде посветено и на иновациите во банкарството и на прашањата сврзани со иднината на банкарските системи. Одделно ќе се говори и за актуелните состојби на релација пазари на капитал – корпорации – банкарски систем, влијанието на нефункционалните кредити во регионални и глобални рамки и програмите за одржување на стабилноста на регионалните банкарски системи. Според програмата, на Форумот ќе бидат опфатени и прашања за економскиот раст во ЦИЕ и одговорот на монетарната политика, можните влијанија на глобалните трговски војни, новите пазари во Европа и актуелните состојби со пазарите на капитал во ЦИЕ и развојот на пазарот на зелени обврзници. Гувернерката на НБРМ активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања.Овој традиционален форум на „Еуромани“, поради вонсериски големиот број учесници важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставници на институциите носители на политики, така и на претставници на банкарскиот сектор, учесници на финансиските пазари и на инвеститори. Во рамки на своето учество, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе оствари повеќе работни состаноци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
talir

Предметот „Талир“ на СЈО ќе го води судијата Осман Шабани

Педметотот од обвинителството насловен како „Талир“ оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, согласно АКМИС системот е распределен на понатамошно постапување кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје.Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во „Талир“, под обвинение се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“. Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, се уште се наоѓа кај судија за оценка на обвинителен акт.Kривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода, додека обвинетата Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство. Судот ја осуди на двегодишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.

пред 7 години

7 год.
wizzair-1-750x400

Денеска ќе се потпише нов договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолини

Денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставници на авиокомпанијата „Визер“, ќе потпишат договор за финансиска поддршка на евтини авиолинии. Ова ќе биде трет догов меѓу Владата и оваа компанија. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
akcija-nasi-bansko

Видео од спасувачката акција на македонски сноубордери и скијачи во Банско

Тричасовна акција спасувачка акција во Банско. Бугарските медиуми објавија снимка од спасувачката акција на петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија . За среќа тие синоќа успешно беа извлечени.Во акцијта учествувале 10 спасувачи кои применале алпинистичка техника за извлекување.Бугарските медиуми објавуваат дека акцијата била многу ризична и за спасителите. Тие како што пишуваат медиумите ги искирале и своите животи, затоа што постолела огроман можност да предизвикаат лавина.

Свет | пред 7 години

7 год.
sv-vasilij-veliki

Денеска се празнуваат Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година

Сурова, сурова годинаголем клас на нива,голем грозд на лозажолт мамул на леса,живо здраво до година.до година до амина.Ќе дајте или не ....Оваа песна ја пејат дечињата коледарчиња кои на овој ден им соопштуват на блиските дека пристигнала Новата Година. И на Василица како и на Бадник групи деца најпрвин околу заедничкиот оган, а потоа одејќи по куќите низ селото или градот, пеат пригодни песни за што добиваат подароци. И овие песни како и коледарските од Бадник немаат развиена мелодија туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на почетокот и на крајот, а и во мотивска смисла се блиски. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година:Денеска е 1 јануари според стариот клендар (односно 14 јануари според новиот) . Верниците од христијанска вероисповед денес празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.(Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…)Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Роден е во овој град, во 329 година, од побожни родители, татко кој исто така се викал Василиј и мајка Емилија. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката. Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сè уште го споменува. Умрел на 1 јануари 389 (според некои 379) поради што црквата секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики. Празникот Свети Василиј се совпаѓа со Обрезание Господово, овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја.Како што се пее во еден тропар „Слегувајќи Спасителот при родот човечки го прими повивањето во пелени; не се одврати од плотското обрезание…“ Христос, како што од љубов и човекољубие го прими повивањето со пелени, така го прими и плотското обрезание. Тоа крајно снисходење и понижување Христово, од црквата се смета за голем Господов празник.“Со обрезанието Исус покажа дека примил вистинска човечка природа. „Тоа е многу значајно, затоа што во древната црква се појавила една ерес која се нарекува докетизам и која тврдела дека Христос не прими вистинска човечка природа, вистинско човечко тело, туку привидно тело.“

Македонија | пред 7 години

7 год.
1547416038731-untitled-1-copy-620x350

Пукање во хотел во Аризона, почина 18-годишна девојка

Најмалку шест лица се ранети, а една девојка е убиена при пукање во хотел во центарот на Финикс, во американската сојузна држава Аризона, соопштија американските власти.Инцидентот се случил во хотел околу 11 часот и 30 минути по локално време.Според информациите од полицијата, двајца мажи имале расправија со група луѓе, при што еден од осомничените извадил пиштол и почнал да пука.Повредени се вкупно шест лица, а според медиумите една девојка (18) починала. Три лица се во критична состојба.Еден од осомничените е исто така повреден и во моментов се наоѓа во болница. Полицијата објави дека се уште се трага по вториот осомничен.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Пукање во трговски центар, две лица со сериозни повреди

Две лица се повредени при пукање кое се случило пред трговски центар во Солт Лејк сити во американската држава Јута.Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути по локално време. Повредени се момче (20), кој е во критична состојба, и девојка (20)  која се здобила со сериозни повреди.Полицијата е во потрага по три лица кои се поврзани со пукањето. 

Свет | пред 7 години

7 год.
avion-munja-620x350

(ФОТО) Падна авион во близина на Техеран со десет членови на екипажот

Падна авион „Боинг 707“ на територија на Иран во кој се наоѓаа десет членови на екипажот.Се претпоставува дека причина за тоа се лошите временски услови.https://twitter.com/FarsNews_Agency/status/1084690273567940609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084690273567940609&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023524-srusio-se-avion-sa-10-clanova-posade-olupina-pala-u-blizini-teherana-uzrok-pada-lose-vremeАвионот полетал од Киргистан и истиот носел товар и 10 членови на екипажот. Новинската агенција Фарс извести дека леталото ја згрешило пистата и удрило во оградата.Спасувачите се моментално на терен, но се уште нема информации дали некој ја преживеал несреќата.https://twitter.com/FarsNews_Agency/status/1084703746490290177 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со повремени врнежи од снег

Времето денес ќе биде претежно облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува. Утринските температури во одредени места ќе се спуштат и до -16 степени, а наксималната дневна температура во југоисточните делови ќе се искаќи до 4 степени.Во Скопје не очекува облачно време со повремени врнежи од снег со слаб интензитет и температура од -10 до -2 стпени.Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а во следните денови ќе преовладува стабилно време со услови за магла по котлините. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла на патните правци Тетово-Желино и Градско-Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Намалена видливост од 50 до 100м. поради магла има на патните правци Тетово-Желино и Градско-Неготино.Од превентивни причини воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар-Стуга“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
srpska-policija

Страшна сообраќајна несреќа во Србија, пожарникари извлекуваат луѓе од камиони

Страшна сообраќајна несреќа се случила вечерва во Србија. Пожарникари извлекуваат луѓе од камиони. Несреќата се случила на автопатот Нови Сад – Суботица, пренесуваат српските медиуми.Во несреќата се судриле два камиони.Здравствената состојбата на возачите засега е непозната. Според очевидци сообраќајот на автопатот се одвива по една лента. Неофицијално камиони кои се судриле превезувале дрва.

Свет | пред 7 години

7 год.
gadonacalnik-polska

На бина избоден со нож градоначалникот на Гдањск, се бори за живот

Градоначалникот на полскиот град Гдањск прободен со нож за време на добротворен настан, објавија агенциите, цитирајќи ги локалните медиуми.Адамович се бори за живот во болница.Додека се одржувал најголемиот хуманитарен настан во Полска , непознат маж се качи на бината , му пришол на градоначалникот и му зададе неколку удари со нож пред шокираната публика.Кога се качил напаѓачот на бината извикувал дека се вика Стефан и дека неправедно лежел во затвор за време на владеењето на владата на либералите , а потоа му се нафрлил на Адамович , кој доаѓа од опозициската Граѓанска платформа.Mажот бил совладан на самото место.фото: Reuters / Agencja

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања