„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Avstrij-1

(ФОТО и ВИДЕО) Скопје1.мк во Австрија

Екипа на Скопје1.мк деновиве престојува во Австрија во градчето Bad Hofgastein кое претставува центар на зимскиот монденски туризам во Австрија.Bad Hofgastein е опкружен со ски ресорти, а спа центрите се со термални води.По враќањето од Австрија, екипата на Скопје 1 ќе објави поопширна промотивн репортажа.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-22

Почнале вербална расправија во кафана, а потоа го удрил со чаша

На 13.01.2019 година во 00,25 часот во СВР-Битола Т.Ш.(40) од Битола пријавил дека истиот ден околу 00,00 часот во угостителски објект лоциран на улицата “Генерал Васко Карангелевски“ додека седел на маса со Н.В. започнале вербална расправија, по што Н.В. го удрил со чаша и му нанел повреда.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
o-leto-1

Мецосопранот Петровиќ и тенорот Каранац со воодушевувачки настап на „Охридско лето“ среде јануари

Бура од емоции и вистинско уживање во класичната музика приредија синоќа младите српски солисти, мецосопранот Александра Петровиќ и тенорот Стеван Каранац кои заедно со Српскиот камерен оркестар одржаа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Љубовта кон музиката ги згреа срцата на бројната публика која и покрај студеното време и снегот уживаше во внимателно одбраниот репертоар со дела од Росини, Шопен, Сичински, Крајслер, Елгар, Лехар, Чајковски, Маскањи, Дебиси, Штраус и Калман.Како што истакна директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, овој настан со исклучително талентирани уметници е посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, кој, како што додаде, несебично го помагаше фестивалот.-За жал, не успеавме до крај да ги реализираме нашите заеднички визии за напредокот на оваа национална установа и останавме без нашиот искрен пријател и поддржувач. Не постојат зборови со кои можеме да ја утешиме болката за загубата на семејството, ниту зборови со кои ќе ја искажеме благодарноста за неговиот придонес во градењето на успешната приказна наречена „Охридско лето“. Во овој момент ја нема насмевката на нашите лица, но покрај тагата, чувствуваме гордост и чест што бевме пријатели со човекот што го красеше добрината, искреноста и човечноста, рече Поповиќ.Младата уметница Александра Петровиќ првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“, но како што нагласи, е воодушевена од организацијата на концертот и гостопримливоста на домаќините.-На фестивалот „Охридско лето“ настапувале мои колешки и пријателки, но јас ја немав таа можност се’ досега. Навистина огромна е честа зашто знам дека на овој фестивал што постои долго, настапувале многу еминентни уметници, рече мецосопранот Петровиќ.И според тенорот Стеван Каранац, концертот на „Охридско лето“ бил воодушевувачки, не само за публиката, туку и за самите уметници.– Исто како и публиката, и ние уживавме на сцената. Со мојата колешка Александра завршивме оперски студии во Народниот театар така што имаме прилика да соработуваме со големи стручњаци како што е маестро Ѓорѓе Павловиќ со кого го изведовме овој концерт, но и со нашите помлади колеги од оркестарот, додаде Каранац.Уметничкиот директор и диригент на Српскот камерен оркестар, Ѓорѓе Павловиќ, рече дека воодушевувачка е идејата, фестивалот „Охридско лето“ да ја прошири културната понуда и надвор стандардниот термин во лето.– Овој ансамбл првпат настапува на „Охридско лето“, и тоа, во една специфична ситуација кога фестивалот ги шири своите габарити преку целата година, што е одлична идеја и значаен потег бидејќи се работи за фестивал од исклучително значење за регионот, со огромна традиција и со многу квалитетни уметнички понуди. Таквите летни понуди сега се прошируваат и преку годината, со што значајно ќе се влијае врз културната понуда. Ја поддржуваме реализацијата на ваквата идеја и посакуваме да трае долги години, истакна маестро Павловиќ.По завршувањето на 58-то издание, „Охридско лето“ организира два концерти надвор од востановениот фестивалски термин. На 18 декември минатата година настапи еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, а еден месец претходно, во фестивалската историја се впишаа и имињата на пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко од Русија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Тони Михајловски: Започнува борбата за Независна и Слободна Република Македонија, никогаш Северна

Актерот Тони Михајловски, кој воедно е и член на извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по изгласувањето на уставните измени со кои се менува уставното име на земјата, се огласи на Фејсбук„Денеска зборот Татковина е избришан од нашиот речник. Денеска започнува борбата за Независна и Слободна Република Македонија. НИКОГАШ СЕВЕРНА!“,пишува на својот Фејсбук профил Тони Михајловски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
tepacka1

Бугари се степале пред хотел во Скопје

На 12.01.2019 година во 11,20 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(35) од Софија-Р.Бугарија пријавил дека истиот ден околу 10,50 часот на булеварот „8-ми Септември“, пред влез на хотел бил физички нападнат од Д.Р.(58), П.Р.(56) и Р.Ј.(32), сите од Софија-Р.Бугарија.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија на француските Алпи, починаа две лица

Починаа двајца припадници на планинската патрола кога се активирала една од експлозивните направи кои се користат за предизвикување на лавини, соопшти француската полција. Несреќата се случила во местото Морилон на француските Алпи.Во тек е истрага за причината за експлозијата. Планинската патрола е задолжена за спречување на потенцијални опасности по скијачите.Во Морилон денес има предупредување за можност на појава на лавина поради големите количини на снег кои паднале во текот на ноќта. 

Свет | пред 7 години

7 год.
h_54828099-202427

(ВИДЕО) Брутално нападнат новинар на протестот на жолтите елеци во Франција

За време на протестите на жолтите елеци во Франција, до сега се случиле неколку напади на новинари, пишува thelocal.fr.На едно од видеата може да се забележи напад на вработен во LCI телевизија. Поради ваквите напади скоро сите известувачи имаат личен чувар. За сега е нејасно зошто дошло до нападот на новинарот.https://twitter.com/paris_normandie/status/1084131549405167617?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084131549405167617&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.thelocal.fr%2F20190113%2Fnumber-of-yellow-vest-protesters-surges-but-violence-downНападната била и една новинарка која ја опколиле  неколку лица додека била во својот автомобил. Лицата биле учесници на протестот и и се заканувале дека ќе ја извадат од колата и ќе ја силуваат, но таа била спасена од страна на други учесници во протестот.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се судрија минибус и камион, загинаа шест лица

Шест лица од Швајцарија загинаа во сообраќајна несреќа на северот на Шведска.Во сообраќајната несреќа е повредено едно лице.Шведските медиуми велат дека камион на рударската компанија Kaunis Iron удрил во минибусот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Panos-Kamenos-620x350

Панос Каменос поднесе оставка поради Северна Македонија

Грчкиот Министер за одбрана, Панос Каменос поднесе оставка во знак на протест против договорот за новото име на Македонија.Министерот Каменос, е против договорот со Македонија кој беше потпишан минатата година во Преспа.„Спорот за името не ми дозволува да не ја жртвувам министерската фотелја“, соопшти Каменос по состанокот со Ципрас.Тој за време на состанокот му заблагодарил на премиерот за соработката и му рекол дека прашањето за името повеќе не му дозволува да биде дел од оваа влада.Парламентарните избори во Грција се предвидени за октомври оваа година. Коалицијата на Ципрас има 153 места во парламентот од вкупно 300,

Свет | пред 7 години

7 год.
pucnjava-u-americi-1-620x350

(ВИДЕО) Потера по маж кој бил пријавен за семејно насилство во Америка

Еден маж е убиен од страна на полицијата вчера на автопатот во градот Калабасас во Калифорнија.Потерата започнала кога полицијата реагирала на повикот поради семејно насилство во градот Камарило.Осомничениот избегал со украдено возило, а на автопатот удрил во заштитната ограда.Полицијата за сега не го соопшти идентитетот на убиениот маж, но изјави дека бил баран во друга држава. Се уште нема информации дали тој бил наоружан.

Свет | пред 7 години

7 год.
V

(ФОТО) Вевчанци се пошегуваа со платата од 500 евра - започна Вевчанскиот карневал

„Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред официјалното отворање на Вевчанскиот карневал.Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски уште еднаш потсети дека локалната самоуправа не учествува во изборот на маските и оти тие ги дознаваат за време на дефилето.„Ние не учествуваме во изборот на маски, можеме само да апелираме. Немаме увид во што ќе бидат маскирани василичарите“, рече градоначалникот Јанкоски.Вевчанскиот карневал започна синоќа со изложба на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од авторот Анастас Ќушкоски и настапот на рок групата Културно Уметнички Работници, на култната група Архангел, Галија и диџеј Рутбој.Вечерта пак, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе етно-состави, меѓу кои и Баклава.Утре пак на 14-ти јануари точно на пладне е традиционалното палење на маските.Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0500

(ВИДЕО) Османи: ДУИ е против предвремени парламентарни избори

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето обраќање ги потенцираше важноста на решавањето на овој повеќедецениски спор за започнувањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.„Направивме историски успех. Сите ние заедно, политичарите, пратениците, институциите, вие медиумите, граѓаните, Македонците и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците, сите граѓани кои ја чувствуваат оваа земја како своја, кои ѝ посакуваат напредок, просперитет, сите оние кои посакуваат стабилна и безбедна иднина за своите деца“, истакна Османи на почетокот од своето обраќање, посочувајќи на извесноста на евроатлантската иднина на земјава по изгласувањето на уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа.Исто така тој изјави дека ДУИ е против распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале заедно со претседателските„Доколку има избори ние како партија би имале многу подобри резултати во споредба со 2016 година, но во овој момент најбитно е сите сили да бидат насочени кон реформите за да не се изгуби драгоцено време за евроинтегративните процеси“, изјави Османи

Македонија | пред 7 години

7 год.
MTV

МРТ најави санкции за уредникот на албанската спортска редакција

Македонската радио телевизија најави санкции доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс кај уредникот на албанската спортска редакција, Мустафа Адеми. Санциите следуваат по бурната реакција на социјалните мрежи во кои тој беше спомнуван дека во преносот од мечот Македонија-Јапонија македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов го насловувал како „играчот со бројот пет“, неизговарајќи му го името и презимето.„Македонската радио телевизија е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност.Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси“, соопштија од МРТ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
134301833

Велешанец измамен за огревни дрва, му одзеле 7,860 денари

На 12.01.2019 година во 11,30 часот во СВР-Велес Б.Т.(60) од Велес пријавил дека на 11.01.2019 година околу 12,00 часот во домот на пријавителот дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик.Пријавителот се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата. Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот е разочаран од губењето на името, а Заев, Шекеринска и Димитров слават

Најголема демагогија и срам за државата е кога однародените Зоран Заев, Никола Димитров или Радмила Шекеринска стојат пред табла на која пишува Влада на Република Македонија и притоа честитаат и се фалат со насилната смена на Уставот за бришење на името Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во ситуација кога Македонија и народот е разочаран од губењето на името само Заев , Шекеринска и Димитров слават. Македонија денес не слави, Македонија е завиена во црно бидејќи продадоа, погазија и уништија се. Залудни се фалбите, залудни се повторените ветувања за истите лаги. Залудно е криењето зад наводни реформи како изговор за бегството од избори.За помалку од една година Заев, Димитров и Шекеринска потврдија дека се октроирани на власт за една намена. Заев, Шекеринска и Димитров и покрај сите ветувања и колнења го сменија Уставот со цел промена на уставното име. Лажеа, лажат и продолжуваат со лагата. Спротивно од националните и државните интереси, спротивно на волјата на граѓаните изразена и на референдумот во 1991 и на референдумот 2018 година, ја жртвуваа Македонија, нејзината посебност, историја, култура. Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!Гласањето во Собранието за смена на Уставот со цел промена на уставното име беше спроведено на сила, со уцени, со закани, со злоупотреба и газење на судскиот систем- со злоупотреба на се’ што претставува демократија. Ниту го сменија ниту ќе го сменат впечатокот за својата криминогеност, насилство, корупцијата и неспособност за реформи. Ова е само и само– Предавство и Кариеризам! Со бришењето на Македонија сметаат на заштита за личните и партиските интереси врз грбот на народот, врз идентитетот, врз историјата, јазикот, културната посебност.Така не се постигнуваат вредности. Тоа не се реформи. Името не беше пречка овој криминален картел на власт да се бори со корупција, да се обезбеди повисок стандард, да се градат школи, градинки, да се унапреди здравството, образованието и земјоделието. Го променија името ликови кои се корумпирани, аболицирани за криминал и сега тие ветуваат европски вредности. Лицемерие!Доста е. Не бегајте. Излезете на избори! Не се тоа избори за фотелји, тоа се избори каде ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antonijo-milosovski

Клетвата на Прличев за оние кои го го предаваат достоинството на поколенијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил го искоментира изгласувањето на уставнте измени со стихови од Григор Прличев.„Глигор Прличев за оние што го предаваат достоинството на поколенијата и ја силуваат вољата на народот:"Тога грмкиј плач народен небо процепил."Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да нематСтамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!"Милостивиј Бог послушал патричка горешча клетва;Слава нихна, семе нихно погубил со шум.И сега во куќи нихни ткае пајак пајажинаИ на пусти стрехи нихни хукат хутове.“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makedonija-bahrein

Македонија го совлада Бахреин со 28:23

Македонската ракометна репрезентација ја совлада екипата на Бахреин со 5 гола разлика. Македонија имаше одличен старт на натпреварот, поведе со 6-2 но потоа следуваше црн период, дури 11 минути не постигнавме гол, а Бахреин со серија од 5-0 дојде до водство од 7-6.Во продолжението беше изедначено, но во финишот имавме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12:8.“Одигравме максимално во одбраната, но во нападот бевме послаби. Ако нападот не го подобриме нема да имаме шанса со следниве екипи“, истакна по натпреварот репрезентативецот Филип Талевски.„Подобро игравме во одбрананата, мислам дека Бахреин се мачеше во нападот. Последните 10, 15 мин игравме порелаксирано. Се надевеме дека утре ќе го дадеме најдоброто од нас. Утре е најважниот натпревар за нас. Хрватска е за нијанса посилна. Тие се фаворити, но ќе дадеме се од себе“, вели Филип Лазаров.„Позитвни сме и има добра атмосфера. Хрватите никогаш не биле скромни, знам како тие ќе играат, тие мислат дека со овај начин на подготовка ќе стигнат многу далеку. Но, ќе пробаме и ние ќе го дадеме максимумот, на утрешниот натпревар со Хрватска“, истакна капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.Следен натпревар на Македонската решрезентација е утре во 18:00 часот, против репрезентацијата на Хрватска. После тоа имаат еден ден одмор.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Да живее Северна Македонија

На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев апелираше до опозицијата да не го попречуваат прогресот, со што би се нанела штета на народот, но и на себе си.„Апел до опозицијата барајте да го испорачаме тоа што го ветивме но заборавете на опструкциите и не го попречувајте прогресот, така нанесувате штети на народот, земјата и себе си. Бидете дел од новите поглавја, тука сме политичарите и на власт и во опозиција за граѓаните“, изјави Заев.„Да живее Македонија, да живее Северна Македонија“, рече Заев на крајот на прес-конференцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Министерство за здравство: Хоспитализирани уште две деца со морбили

„Денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 2 деца суспектни на морбили.Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај и има 1 година и едно 9 месечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни.Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината.Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините.Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, информираат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Бетмен Велит: Никогаш Северна, секогаш Македонија

Богдан Илиевски или познат како Бетмен Велит,  се огласи на Фејсбук по изгласувањето на промената на името.,,Никогаш Северна, секогаш Македонија”, напиша на Илиевски на Фејсбук и објави фотографија од македонскиот пасош.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157005797867138&set=a.10150739391587138&type=3&theaterИнаку Богдан Илиевски беше обвинет за тероризам за случувањата од 27-ми април во Собранието.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања