„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
KING0531

Лицата во социјален ризик ќе добиваат оброк преку нов иновативeн модел „Сите сити“

Бездомниците коишто преноќуваат во прифатниот пункт Момин Поток во Скопје денеска добија оброк преку најдобро рангираното иновативно решение за искористување на вишоците храна избрано на јавниот повик „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).Со иновативниот модел “Сите сити“ по неколку пати во неделаtа оброк ќе добиваат 3 различни категории на граѓани: лица кои имаат, или немаат можност за самостојна подготовка на храна и лица во социјален ризик, стари и изнемоштени лица, а храната ќе ја подготвуваат лица со попреченост.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, најави дека со предложениот модел ќе се обезбедува храна за 3-4 пати повеќе граѓани отколку до сега, а „Сите сите“ и „Ајде Македонија“ е еден од начините преку кој ќе се развива социјалното претприемаштво коешто ќе нуди различни услуги за најаранливите категории граѓани.„На овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. Министерството за труд и социјална политика подготвува Стратегија за создавање на социјално претприемништво како еко систем за развој на социјалните претпријатија во Македонија. Овие претпријатија ќе бидат од голема помош за државата, бидејќи ќе нудат социјални услуги на кои ќе биде купувач самата државата, но истовремено и ќе имаат обврска да вработуваат ранлива категорија лица со што ќе допринесат за процесот на инклузија на различните во општеството“, рече Царовска.Директорот на Фонодт за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски рече дека социјалните иновации се тренд што го воведуваме во Македонија.„Со проектот Оброк за сите ќе овозможиме креирање на нов систем за помош за оние наши сограѓани кои имаат реална потреба. Новиот систем ќе се заснова на поефикасно искористување на сите вишоци храна што во моментот, за жал завршуваат на отпад. Во Македонија 30% од храната се фрла што ја става на високото осмо место во светот на земји кои фрлаат храна според бројот на жители. Во периодот што следи, Фондот ќе реализира повеќе други иницијативи во делот на социјалните иновации “, изјави Деспотовски.Иновативниот модел освен достава на храна предвидува и кампања за подигнување на свеста на компаниите и граѓаните, креирање на прирачник за безбедна употреба на вишоците на храна, но и воведување на иновативна веб платформа која ќе ги поврзува бизнисите и граѓанските организации. Меѓу другото, вишоците на храна ќе се објавуваат на веб платформата и истите ќе може навремено да се превземана од граѓанските организации, со планирање на количини, лица и време на подигнување на храната.Решението го изготвија неколку непрофитни организации предводени од „Ајде Македонија!“ и нивните партнери, националниот Црвен Крст на Р.М., Здружението за испитување материјали и развој на нови технологии АД (ЗИМ) и Дама-Л“ кое работи со лица со попреченост со што се поттикнува и развојот на социјалното претприемништво во Македонија преку инклузија на лицата со посебни потребни.Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и оваа година ќе се пилотира на подрачјето на Куманово, Прилеп и Скопје, а планот е понатаму да стане системско решение низ цела Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
puska

Пукал мислејќи дека е волк, но повредил 29-годишен маж

На 12.01.2019 година во 13,00 часот било пријавено дека во атар на с.Негорци-гевгелиско на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од с.Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола.Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија.Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Одземени седум покер апарати од локал во Тетово

На 12.01.2019 година во времето од 19,20 часот до 22,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово била извршена контрола во Тетово на улицата “107“ во локал за приредување на игри на среќа при што биле пронајдени и одземени седум покер апарати, за кои немало соодветна документација.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-6

(ВИДЕО) Градоначалникот на Ѓорче Петров во кафана пее српски хитови, а танчерки му играат до маса

Градоначалникот на Ѓорче Петров запеа српски хитови, а до него играше девојка.Видеото е направено во познат скопски ресторан, со кој општината има договор, а често со службени картици се плаќале сметки, дознава Скопје 1.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2159166681063229/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, ниту има капацитет да донесе економски просперитет

Секој нормален и чесен Македонец е разочаран заради продажбата на националните интереси и губењето на името, идентитетот, историјата и културата за кои со векови се бореле нашите предци. Само криминалниот картел на чело со Зоран Заев се гордее и слави дека ја преименувал сопствената земја, Република Македонија, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.„Костадин Костадинов е дел од екипата на аболицираниот криминалец Зоран Заев која без срам и перде ја погази демократијата, која со уцени и закани се пазареше со националните и државните интереси, која ја погази народната волја и го промени уставот и уставното име.Оваа одлука за која и самиот Костадинов гласаше го менува името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тоа што Костадинов се радува на оваа негова одлука само говори за нивната зебеганост и отуѓеност од народот.Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, а уште помалку има капацитет да донесе економски просперитет. Тие единствено што знаат е да делат евро за Вицето, тендер за Анѓушев, да ја вработат мајката на Костадинов во државни институции, да ги вработат синовите и ќерките за дебели хонорари.Лажните ветувања што повторно ги кажуваат за 15% поврат на ДДВ, повисоки плати, повисок стандард, подобро образование, здравство и социјална заштита можеа да го направат и без да го променеа името, ако знаеа и ако држеа до зборот даден пред избори.Очигледно дека повторувањата на истите лаги е најава дека планираат да ги продолжат црнилата во Република Македонија, заедно со сите неуспесите, неодговорноста и црните рекорди во економијата. Единствен начин тоа да запре е да се охрабрат СДСМ и да се соочат со народот на парламентарни избори. Народот ќе им каже што мисли за сите нивни штетни и погрешни политики“, се вели во реакцјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија до странскиот измеќар Заев: Ајде да се соочиме со народот на предвремени парламентарни избори

„Марионетата Зоран Заев со бришење на се што е македонско ја фрли Македонија на колена наспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Странскиот измеќар Заев сака влез во НАТО заради заштита на украденото од позиција на власт бидејќи НАТО не го интересира грабежот туку сака само марионети кој верно ќе му служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.Измеќарот Заев сака во НАТО за да ја уништи традиционална Македонија со либералните вредности на НАТО кои наскоро ќе ги воведе како што се  хомосексуализам, истополови бракови, посвојување на деца од истополови бракови, дрогирана младина...Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.Единствена Македонија подржува нови парламентарни избори без оглед на последните дискриминаторски измени на Изборниот законик, со кои, за време на избори партиите во медиумите добиваат девет минути кампања на секој час емитувана програма финансирана од буџетот од кои четири минути за власта СДСМ, четири минути за опозицијата во парламентот ВМРО-ДПМНЕ и само една минута за сите останати партии.Странскиот измеќар Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на избори за исторскта иднина на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија

Македонија | пред 7 години

7 год.
y5Pk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURJN01EQV8vY2FlZTFhNWMzNjM0OTVjM2QyZjQyM2VkMzY1NjVkYmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Загинаа тројца германски скијачи во Австрија, се трага по четвртиот

Тројца германски скијачи загинаа во лавина на австриските Алпи, а уште едно лице се смета за исчезнато.Тројца од нив се извлечени од снегот, но кај истите од страна на спасувачите е констатирана смрт. Телата на скијачите кои биле на возраст од 57,32 и 36 години се пронајдени синоќа во близина на Лех, во најзападната австриска покраина Форалберг, неколку часа откако сопругата на еден од скијачите пријавила дека се исчезнати.Се уште се трага по четвртиот член на групата, но потрагата била прекината поради интензивните врнежи од снег како и од можноста за појава на лавина.Во некои делови од Австрија снежната покривка достигнува и до 5 метри, што претставува рекодна количина на снег.До сега најголема количина на снег од 2 метри е забележана во 1919 година во Лакенхофен.

Свет | пред 7 години

7 год.
rypk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTmpZN01EQV8vN2UyOWE5OWVlYWJjMDMzZGJjYjI1MzA1ZjAxNDQ5NzguanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Лавина затрупа хотел во Швајцарија, три лица се повредени

Снежните врнежи и понатаму создаваат големи проблеми за жителите на Германија, Австрија, Шведска и Швајцарија. Во Швајцарија три лица се повредени кога лавина го затрупа хотелот „Saentis“. Лавината била широка 300 метри, а 25 автомобили се затрупани со снегот.Во последните 10 дена во Европа најмалку 21 лице го изгуби животот во снежното невреме.Во Шведкса и Норвешка снежната бура ги блокираше патиштата, а во Австрија спасувачите успеале да спасат 41-годишен сноубордер од Полска кој излегол од стазата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Slika-Kosta-13-01-2019

Костадинов: Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата оваа година

Македонија заврте нова, светла страница на иднината, на стабилноста, сигурноста и економскиот напредок. Со имплементација на Договорот од Преспа и државничката одлука на мнозинството пратеници за уставни измени, отворени се перспективите, во финална фаза се процесите до членството во НАТО и ЕУ, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата оваа година. По започнувањето на скрининг процесот, во оваа 2019 година се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.Годините изолација, неизвестност и уназадување се зад нас. Македонија денес засилено граби кон интеграција во двата најмоќни светски сојузи, НАТО и ЕУ.2019 година, освен година на интеграција, ќе биде и година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните.За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата.Платите растат во сите секотори.Вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто.Со зголемената помош кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.Оваа година следува имплементација на уште една мерка, граѓаните да добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги. Тоа ќе обезбеди дополнителен годишен приход во секое семејство.Со реформираниот систем на социјална заштита, лицата приметли на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.Истовремено, се намалуваат трошоците на граѓаните за нотарски, адвокатски и извршителски трошоци.Како одговорна и државотворна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pino

Повеќе од месец го нема Пино, МВР ја убедува мајката дека тој сам избегал

Повеќе од 30 дена се трага по Пино кој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода" со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.„Полицијата во Македонија се уште ме убедува дека мојот син избегал од дома. Тие се некомпетентни. 32 дена без мојот Пино“, напиша неговата мајка на нејзиниот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2475061849234439&id=100001919445500&__xts__[0]=68.ARCotA7-cv-zmjIxDsqL-ux0T6G0pdcuiU7Ok06O4L75wTdLFp5Ue__7c9PPKpFHZ7jbQBu3vFAfjvPtD9SUwsUmxog0D9vyFzoaZVS2kNUZQYc2fSoT9dYEjI7hzHZXF1onW_U2fhh8a44DsYl2yJVt4xghVL9ZF30XZG-QDDoN-uig7pqY-p7SpxznTLmomzGgJThyFtdqLe8cXdtZj_bDpT6wFk3xtK_Su3cq3TbKNSM8Ub1GXA8rcbfj5oD1o9co58fIDCCArkp5pbuhWHJeUDKfbB-11hvz&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
MEGA6617

Мецосопранот Петровиќ и тенорот Каранац со воодушевувачки настап на „Охридско лето“

Бура од емоции и вистинско уживање во класичната музика приредија синоќа младите српски солисти, мецосопранот Александра Петровиќ и тенорот Стеван Каранац кои заедно со Српскиот камерен оркестар одржаа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Љубовта кон музиката ги згреа срцата на бројната публика која и покрај студеното време и снегот уживаше во внимателно одбраниот репертоар  со дела од Росини, Шопен, Сичински, Крајслер, Елгар, Лехар, Чајковски, Маскањи, Дебиси, Штраус и Калман.Како што истакна директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, овој настан со исклучително талентирани уметници е посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, кој, како што додаде, несебично го помагаше фестивалот.-За жал, не успеавме до крај да ги реализираме нашите заеднички визии за напредокот на оваа национална установа и останавме без нашиот искрен пријател и поддржувач. Не постојат зборови со кои можеме да ја утешиме болката  за загубата на семејството, ниту зборови со кои ќе ја искажеме благодарноста за неговиот придонес во градењето на успешната приказна наречена „Охридско лето“.  Во овој момент ја нема насмевката на нашите лица, но покрај тагата, чувствуваме гордост и чест што бевме пријатели со човекот што го красеше добрината, искреноста и човечноста, рече Поповиќ.Младата уметница Александра Петровиќ  првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“, но како што нагласи, е воодушевена од организацијата на концертот и гостопримливоста на домаќините.-На фестивалот „Охридско лето“ настапувале мои колешки и пријателки, но јас ја немав таа можност се’ досега. Навистина огромна е  честа зашто знам дека на овој фестивал што постои долго, настапувале многу еминентни уметници, рече мецосопранот Петровиќ.И според тенорот Стеван Каранац, концертот на „Охридско лето“ бил воодушевувачки, не само за публиката, туку и за самите уметници.- Исто како и публиката, и ние уживавме на сцената. Со мојата колешка Александра завршивме оперски студии  во Народниот театар така што имаме прилика да соработуваме  со големи стручњаци како што е маестро Ѓорѓе Павловиќ со кого го изведовме овој концерт, но и со нашите помлади колеги од оркестарот, додаде Каранац.Уметничкиот директор и диригент на Српскот камерен оркестар, Ѓорѓе Павловиќ, рече дека воодушевувачка е идејата, фестивалот „Охридско лето“ да ја прошири културната понуда и надвор стандардниот термин во лето.- Овој ансамбл првпат настапува на „Охридско лето“, и тоа, во една специфична ситуација кога фестивалот ги шири своите габарити преку целата година, што е одлична идеја и значаен потег бидејќи се работи за фестивал од исклучително значење за регионот, со огромна традиција и со многу квалитетни уметнички понуди. Таквите летни понуди сега се прошируваат и преку годината, со што значајно ќе се влијае врз културната понуда. Ја поддржуваме реализацијата на ваквата идеја и посакуваме да трае долги години, истакна маестро Павловиќ.По завршувањето на 58-то издание,  „Охридско лето“ организира  два концерти надвор од востановениот фестивалски термин. На 18 декември минатата година настапи еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, а еден месец претходно, во фестивалската историја се впишаа и имињата на пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко од Русија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе од 2,3 тони кокаин запленети во Суринам

Во Суринам полицијата заплени повеќе од 2,3 тони кокаин , што е најголема заплена во оваа јужноамериканска земја, соопшти полицијата.Кокаинот бил откриен во пристаништето на главниот град Парамарибо, вели директорот на полицијата.Дрогата била скриена во осум контејнери меѓу вреќи со ориз. До сега никој не еупасен , но полицијата тврди дека има четворица осомничени.Дрогата била наменета за пазарот во Европа. Детали не се соопштуваат зашто истрагата е во тек , а Суринам во последните години стана главна точка за пренос на кокаинот од Јужна Америка кон Европа и САД. 

Свет | пред 7 години

7 год.
wQEpM-amerikanci-likvidacija-lider-islamska-drzava

Ликвидиран лидерот на Исламската држава

Еден од првите луѓе на најозлогласената терористичка организација на светот бил ликвидиран во Авганистан, потврдија синоќа од американската армија.Портпаролот на американските сили во Авганистан, Џубон Менди изјави дека еден од највлијателните лидери на џихадистите, Хетаб Емир бил убиен во акција на американските сили која што била изведена на 10-ти јануари во областа Нангархар во Авганистан.„Елиминирањето на Џубон Емир ќе помогне во заштитата на недолжните Авганистанци од нападите на Исламската држава и ќе ја намали нивната присутност во провинцијата Нангархар“, порача Менди.Припадниците на Исламската држава имаат силни упоришта на истокот од Авганистан недалеку од границата со Пакистан и моментално се една од најголемите и најопасни милитантни групации во оваа земја.Иако Исламската држава веќе неколку години се распаѓа, сепак, на Блискиот исток џихадистите и натаму имаат поддржувачи и контролираат помали територии во неколку држави.

Свет | пред 7 години

7 год.
vERk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVRZN01EQV8vNTk5M2I5MzU2ZjgxYzBiOTgyOTVkYzQ5NTA0YjUwZTIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Загина најмалку 21 рудар во Кина

Најмалку 21 рудар загина во рудник во северна Кина откако истиот се срушил.Спасени се 66 рудари, се наведува во соопштението од владата.Иако бројот на несреќи во рудниците во Кина е намален во последната деценија, сепак Кина и понатаму е на врвот на листата според бројот на настрадани луѓе во рудниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
h_Wk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRRN01EQV8vNDlkMTU4NjFmMWI3YWM2YTY1ZDZlN2IxYTgwMjg0YWYuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Снежна бура го погоди САД, загинаа пет лица

Снежна бура го погоди западот на Америка каде најмалку пет лица го загубија животот во сообраќајни несреќи во Мисури и Канзас, а голем број летови на аеродромот во Сент Луис се откажани.Како што пренесува Ројтерс, бурата се движи кон Вашингтон. Според метеоролозите, бурата ќе ги погоди деловите од Колорадо до среден Атлантик.Во петокот од снежната бура беа погодени Канзас и Мисури, а истата се шири кон Ајова, Илиноид, Индијана и Охајо, изјави метеорологот од американската метеоролошка служба Ендру Орисон.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсен Албанец кој го барал Интерпол порaди тешки кражби

На 12.01.2019 година во 04,30 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“за влез во Р.Македонија бил приведен Л.Ш.(33) од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка

Македонија | пред 7 години

7 год.
dsss_1

Демократски сојуз: Со имплементација на Преспанскиот договор треба да запрат меѓусебните обвинувања и поделби

Со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред, велат од Демократски сојуз.„Вистина е дека нема македонец кој се радува што се менува името на државата, но непобитен факт е дека овие болни процеси ги отвораат вратите на Македонија кон европските стандарди и вредности.Евроатланските процеси се моторна сила и само од нас зависи членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија.Преспанскиот договор е завршена работа, сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме, да ги забрзаме реформите, да обезбедиме законите да важат подеднакво за сите, да се спротивставиме на криманалот и корупцијата, да создадеме услови за бизнис и нови работни места, за развој на спортот и за враќање насмевката кај сите граѓани.Сме за создавање амбиент и услови за одржување на демократски и фер претседателски избори, како и за парламентарни избори но во редовниот законски рок (2020 година).Во овие историски моменти потребно е разумно и одговорно однесување, како битни предуслови за стабилност и јакнење на внатрешната кохезија и единство“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vevchani

Денеска сите во Вевчани - започнува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2019 година“.Традиционачно од маските први поминуваат зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавиот Август, но она што ги прави специфични вевчанци е тоа што ќе го искреираат двете василичарски друштва Горна и Долна маала за остантите маски, а се однесува на случувањата во изминатите 12 месеци.Специфично за овој карневал е тоа што до последен момент, до дефилето не се откриваат маските.Градоначалникот Сашо Јанкоски информира дека патот до Вевчани и улиците низ населбата се чисти и сместувачките капацитети се исполнети.Инаку Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупави Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќаjот се одвива по влажни коловози, можност за појава на магла и голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Од превентивни причини  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец  Дебар-Струга.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anne-elisabeth-falkevik-hagen-830x0

(ВИДЕО) Потрага по сопругата на норвешкиот милионер, киднаперите бараат 9 милиони евра

Норвешката полиција во склоп на истрагата за киднапирањето на Ел-Елисабет Фалкевик Хаген, сопругата на норвешкиот милионер, објави видеоснимки од надзорните камери на кои се гледаат неидентификувани лица.На снимките се гледаат три лица како минуваат покрај канцеларијата на милионерот, која се наоѓа во близина на неговата куќа, на денот кога исчезна неговата сопруга.Полицискиот истражител Томи Броске моли во полиција да се јави мажот кој се гледа на видеоснимката како поминува покрај канцеларијата, а потоа многу брзо се враќа назад. Исто така ги молат да се јави велосипедистот и другио пешак кои исто така се гледаат на снимките од надзорните камери.„Полициајта прими повеќе од 100 дојави. Некои од нив ни се значајни, но се уште не сме ги пронашле осомничените“, рече Томи Броске.Хаген (68) е грабната на 31. октомври минатата година. Истрага е веднаш покрената, но полицијата до сега ја спроведуваше во тајност „поради многу сериозни закани“.Според информациите од норвешките медиуми, во куќата на двојката е пронајдена порака на која пишува дека таа ќе биде убиена доколку не плати откуп или пак ако се вмеша полицијата.Киднаперите бараат 9 милиони евра за нејзиното ослободување, објави норвешката национална РТВ НРК и додаде дека тој износ го бара во криптовалутата монеро, вид на дигитални пари слични на биткоинот.Богатството на сопругот Том Хаген се проценува на 174 милиони евра. Го стекнал со бизнис со недвижности и енергетика. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања