„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
policija-2-1

На Долно Блаце уапсено лице барано од Интерпол

На 12.01.2019 година во 18,50 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“ за влез во  Р. Македонија при пасошка контрола било констатирано дека Б.Ш.(47) од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“.Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
edward-snowden

Сноуден: Кашоги ќе беше жив доколку Израел не и ја продадеше технологијата на Саудиска Арабија

Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги се уште би бил жив додколку израелската компанија NSO не и ја продала технологијата на Саудиска Арабија.„Постои можност Кашоги се уште да би бил жив доколку NSO не и ја продала опасната технологија на Саудиска Арабија, која е земја со долга историја на кршење на човековите права“, изјави Сноуден во интервју за израелскиот весник Jediot ahronot.Тој додаде дека иако компанијата NSO тврди дека спасува животи, таа го прави токму спротивното.Во интервју за иститот весник, директорнот на NSO, Шалев Хулио призна дека „Pegasus“ е софтвер кој може да се користи за да ги зарази мобилните телефони со вируси и преку нив да собира податоци. Но, тој негираше дека тој софтвер е користен за пришлушување на телефонот на Кашоги пред неговото убиство во саудискиот конзулат во Истанбул на 2. октомври.Сноуден вели дека би сакал да верува дека NSO не го хакирал телефонот на Кашоги, но постојат најмалку две можности да се шпиунира за време на разговорите: жртвата и личноста со која жртвата разговара.„Според доказите, производите на компанијата се вмешани во хакирањето на телефоните на три лица кои биле во контакт со Кашоги“, изјави Сноуден.Во ноември минатата година Сноуден преку видео линк од Русија се обрати на конференција во Израел тогаш тој го обвини NSO дека продава дигитално средсто за крадење, а не само за фаќање на криминалци и спречување на терористички напади, и дека истото не се користи само за спасување на животи, туку и за заработка.

Свет | пред 7 години

7 год.
hasis-1

При операција во Арапското Море, запленети над три тони хашиш

Над три тони хашиш вреден околу 112 милиони долари биле запленети при операција во Арапското Море. Дрогата ја откриле австралиски војници кои се качиле за проверки на брод што пловел во меѓународни води.Австралискиот брод учествувал во операција за безбедност во Блискиот исток во која беа и 33 држави. Тоа е шести голем товар со наркотици запленет за време на меѓународна операција во изминатите шест недели.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев по пат на уцени и закани ја погазија волјата на граѓаните и го променија името

Македонија е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјатам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот.Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила.Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија, сега прославува и се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.Ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски на нелегален и на криминален начин го променија името и идентитетот на Република Македонија.Оваа влада за една намена предводена од аболицираниот Зоран Заев , две години ништо не сработи. Ја заковаа државата на дното, редат порази на секое можно поле, граѓаните стануваат се повеќе сиромашни, а криминалците од власта единствено ги шират своите сметки и бизниси.Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на Заев и СДСМ. Тие се уверија дека оваа власт дојде за една намена и за ништо друго не е способна освен да носи црнила и да ниже капитулации.ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена. Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-3-1

СДСМ: Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани

Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани. Децениските стратешки приоритети и интереси на државата, членството во НАТО и Европската унија се во финална фаза на исполнување, велат од владејачката СДСМ.„Македонија оди напред, сврте нова страница кон сигурна и стабилна иднина. Македонскиот идентитет е загарантиран и обезбеден.Од изолирана, поделена и заробена држава, денес Македонија се развива како модерна, европска држава на еднакви граѓани, земја пријател на регионот и демократскиот свет.НАТО и ЕУ не се само голема, историска можност за напредок, безбедност и стабилност, членството значи и нови инвестиции, нови и добро платени работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.Интеграциски процес кој засилено се движи напред го интензивира економскиот раст, ја прави државата поатрактивна за сериозни странски инвестиции и позитивно влијае врз конкурентноста на домашните компании.2019 година ќе биде година на економија и развој.Платите растат во сите сектори, се зголеми финансиската поддршка за претпријатијата, навремени и зголемени субвенции за земјоделците, повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Повратот на Данок на додадена вредност од 15 отсто за граѓаните кој треба да се реализира оваа година, ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат напредок во евроинтеграциите, економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Lepce-paricka

Обичаи за Василица: Зошто верниците ставаат паричка во лепче и палат огнови?

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozari-1

Пожар во болница за рехабилитација во Еквадор, загинаа 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар кој изби на клиниката за рехабилитација за зависници во Еквадор, соопштија локалните власти.Пожарот избил во петокот кога пациентите запалиле душеци во обид да избегаат од клиниката која ги намала потребните дозволи за работа, соопшти началничката на полицијата.Вакви импровизирани центри за лекување има многу во земјата.Полицијата ќе ги уапси сопствениците на клиниката.

Свет | пред 7 години

7 год.
vreme

Облачно со појава на магла, од утре нови врнежи од снег

Времето денес ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. По одделни котлини со појава на слаба магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно западен и северозападен правец. У тринската темепратруа на целата територија на државата ќе биде под нула, а во некои предели ќе достигне и до -11 степени. Дневната темпертура ќе се движи од -3 до 2 степени.Во Скопје облачно време со температура од -6 до 0 степени.Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
stoilovv

За МРТВ 2 Стоилов стана играч со број 5 - кој дозволи мешање на политика во спортот ?

Корисниците на социјалните мрежи реагираат на постапката која ја направил коментаторот на МРТВ2, кога репрезентативецот Столе Стоилов го преставувал како “играчот со број 5”. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:„Дали ќе сноси некој одговорност за ова крајно непрофесионално однесување на државниот телевизиски канал?“, се пишува на соијалните мрежи.За потсетување Стојанче Стоилов е голем противник на последните случувања во државата. По вчерашното гласање за уставните промени тој објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук, во кој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!Инаку македонскиот пикер Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Спорт | пред 7 години

7 год.
ogan-3

(ФОТО) Оган пред општина Центар

Неколку деца запалија оган пред општина Центар. Во малото паркче наспроти општината се горат картони и се шири чaд.Тие оганот го користат за да се стоплат. Покрај огнот има и две возрасни лица, кои најверојатно се нивни родители.Општината се наоѓа на 20 метри од нив, но никој не реагира. До огнот има и паркирани возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zapaljen-autobus-u-tunelu-620x350

(ВИДЕО и ФОТО) Се запали автобус кој превезувал хрватски ученици во тунел во Швајцарија

Денес во Швајцарија се случи несреќа во која целосно изгоре автобус кој пренесувал средношколци од Сплит.Сите ученици на време излегле од автобусот и за среќа никој не е повреден.Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Учениците во Швајцарија биле на скијање седум дена и денес тие се враќале кон Сплит.Според наводите на еден родител на многу ученици од автобусот им изгореле документите, па и мобилните телефони, така што не успеале да јават што им се случило, а на некои им изгореле куферите со облека.https://twitter.com/PoliceValais/status/1084113288319979522?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084113288319979522&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fjugosfera%2F3023254-autobus-sa-djacima-iz-splita-potpuno-izgoreo-u-tunelu-sekunde-su-ih-delile-od-smrti-foto-video„Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека сите се добро. Сепак, првиот час време поминав во страв, зошто не знаев никакви детали, а после еден час, едвај успеав да го добијам синот“, раскажа еден од родителите.https://twitter.com/PoliceValais/status/1084073273841934337?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084073273841934337&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fjugosfera%2F3023254-autobus-sa-djacima-iz-splita-potpuno-izgoreo-u-tunelu-sekunde-su-ih-delile-od-smrti-foto-video„Сите ученици сега се наоѓаат во пожарникарскиот дом во близина на тунелот во кој се случи несреќата. Сите се на сигурно и на топло“, соопштија швајцарските власти.

Свет | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Власта повеќе нема легитимитет, итно распуштање на Собранието

„Левица изразува револт и најостра осуда на процесот на усвојување на уставните измени. Распишаа против-уставен референдум со манипулативно прашање. Полнеа кутии. Не го почитуваа резултатот на референдумот. Амнестираа пратеници за да им ги гласаат уставните измени. Направија политички дил за да избега Никола Груевски. Го променија Кривичниот законик за да спасат осудени лица од затвор и за себеси да си ги олеснат идните злоупотреби на власта. Неодлучноста, пасивноста на ВМРО - ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување!Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните. Ништо што ветија на изборите не исполнија. Во безброј наврати премиерот го лажеше сопствениот народ, едно зборувајќи, правејќи го токму спротивното. Продолжија со коруптивното и клиентелистичко владеење, полнејќи ги институциите со партиски војници, шурувајќи со крупниот капитал, осиромашувајќи го народот. За такво владеење - не ги добија гласовите на изборите.Поради сето ова, Левица бара од власта под итно да го распушти Собранието и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори.На крај, ги повикуваме граѓаните да не паѓаат со духот. Огромно е разочарувањето. Огромно е чувството на немоќ. Огромна е апатијата. Но, ако се откажеме од борбата, само полошо ќе биде. Мора да се самоорганизираме и да се спротивставиме на коруптивните врхушки кои ресичи 30 години нѐ цицаат, нѐ осиромашуваат, ни го прават животот мизерен. Ако не за нас, барем за нашите деца, не смееме да се откажуваме од борбата. Борбата продолжува! Таа никогаш и не заврши“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава против прилепчанец поради објава на Фејсбук со закани по живот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“од Кривичниот законик на Република Македонија.На 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8e2k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWTJZN01EQV8vMTYyMzhmODAzN2UwNDQ1OGNiZTRkZWQ2OTBkZDg1ZmMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Спасени пет деца во Банско, возеле надвор од скијачките стази

Во ски центарот Банско во Бугарија се спасени 5 деца од Србија на возраст од 12 до 15 години, кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.Бугарското национално радио објави дека седум припадници на службите за спасување одговориле на повикот за помош кој децата го испратиле вчера околу 4 часот.Според информациите децата се во добра здравствена состојба, без сериозни повреди, но биле исплашни поради тоа што им се случило.На тој предел пред неколку дена беа пронајдени две лица кои исто така возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Свет | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Разбојници се заканувале со пиштол и одзеле 23.000 денари од маркет во Скопје

На 11.01.2019 година во 20 ч. било пријавено дека во маркет на улицата „Методија Митевски“ во Скопје три лица од кои едниот се заканил со пиштол, од вработените одзеле околу 23 илјади денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се расправале во казино во Велес, а потоа го нападнал со метален предмет

На 11.01.2019 година во 06,20 часот било пријавено дека во Велес, во казино на улицата “Благој Ѓорев“, откако дошло до вербална расправија помеѓу Ѓ.Н.(35) и С.М.(44) и двајцата од Велес, Ѓ.Н. излегол од казиното и по кратко време се вратил и со метален предмет го удрил С.М., притоа упатувајќи закани и кон В.Н.(43), кој седел до С.М..Ѓ.Н. е приведен во Полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанка завршила во болница откако шофер на ЈСП ја згмечил со вратата

На 11.01.2018 година во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила и А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Му земале 5000 денари, а како гаранција му оставиле лажна нараквица

На 11.01.2019 година во 16,55 часот во Полициската станица Центар Љ.С.(28) од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари.Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат. Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg-605x420

Од первентивни причини забрана за камиони на патот Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Од превентивни причини на 11.01.2019 год. во 16.30ч воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар-Струга.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Експлозија на цистерна во Нигерија, загинаа 60 лица

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на цистерна која пренесувала нафта во Нигерија, соопштува полицијата. Најмалку 22 лица се со тешки изгореници и истите се хоспитализирани.Експлозијата се случила кога повеќе лица се собрале околу превртената цистерна со цел да ја соберат нафтата.https://twitter.com/DailyPostNGR/status/1083997542411526144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083997542411526144&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023165-60-ljudi-stradalo-dok-su-skupljali-naftu-teske-nesrece-sa-stravicnim-ishodom-se-ponavljaju-eksplozija-cisterne-u-nigeriji-fotoСведоците велат дека има и до 60 загинати лица.„Полицијата пронајде неколку тела, а голем дел од нив се изгорени“, изјави еден од сведоцитеЕксплозијата најверојатно била предизвикана од електричен генератор кој бил користен да испумпување на горивото. Се уште нема информации зошто цистерната се превртела.https://twitter.com/solaogundeko/status/1084027634588286977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084027634588286977&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023165-60-ljudi-stradalo-dok-su-skupljali-naftu-teske-nesrece-sa-stravicnim-ishodom-se-ponavljaju-eksplozija-cisterne-u-nigeriji-fotoНигерија е еден од најголемите произведувачи на нафта, а во слични несреќи во изминатите години животот го загубија над сто лица.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања