„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
new-ui

Македонска мрежа организирано креирала лажни вести

Белгискиот „ловец на лажни вести“, Мартен Схенк, успеал да разоткрие мрежа на македонски граѓани кои шират лажни вести, и не станува збор за тинејџери од Велес, јавува дописничката на МИА во Брисел.Мартен Схенк и вебсајтот „Nieuwscheckers.nl“ со месеци веќе трагаат по македонските мрежи на лажни вести кои се прославија“ за време на претседателската кампања во САД.Светските медиуми беа тогаш преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Но, никогаш не се откри кој, дали и на кој начин стои зад нив.Но, според Схенк, велешката линија не е воопшто во центарот на оваа мрежа.Според неговите истражувања, кои денеска се на првите страници на сите белгиски медиуми, централна фигура на овој бизнис е припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго“ Бојковски од Куманово. Бојковски тврди дека не е повеќе вработен во Армијата, но Схенк не успеал тоа да го потврди и сѐ уште вели дека има сомнеж.Истражувањата на Белгиецот откриваат дека мрежата на Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно.Схенк разработил софтвер наречен „Trendolizer“, преку кој може да следи кои стории на интернет стануваат вирални. Ако утврди дека сторијата е лажна вест, тој преминува на проверка на факти на неговиот вебсајт „Leadstories“. Благодарение на софтверот Схенк потоа разгледува од кој сервер се објавени вестите и најчесто успева да открие чии се серверите. Така тој лани разоткрил мрежа на лажни вести од Гана.Македонската мрежа била и семеен бизнис. Со Бојковски работела и неговата сопруга, Наташа, чија слика може да се најде на лажни профили на Твитер како оној на некоја „Moly Anderson“ како што покажуваат принт-скриновите на Схенк. Преку неговиот софтвер, Белгиецот успеал да најде десетици профили кои ги споделувале истите лажни вести на интернет во исто време. Имињата на лажните профили се најчесто американски имиња како Џесика, Ема, Моли, Џони и повеќето од нив се сега веќе суспендирани. Суспендирани се и вебсајтовите на кои се објавувале лажните вести, како тапаинфо.ком или твртинфо.ком. Фотографиите употребени на профилите биле најчесто од балкански ѕвезди како Станија Доброевиќ или Викторија Лоба.Слаѓан Бојковски на Твитер го користел својот прекар „Цаго“, со локација во Чикаго, и објавувал „микс на лажни и автентични вести“ објаснува Схенк. Овој налог во меѓувреме е суспендиран од Твитер.Со Бојковски соработувале и негови пријатели од Куманово како Тони и Мирјана Ристески, кои имале вебсајт наречен unisharenews.com, регистриран под името на Тони и чии линкови се објавувале на Фејсбук страници во поддршка на Доналд Трамп. Друг соработник на Бојковски, според истражувањето, бил Виктор Колевски, на чиј налог на Линкедин стои дека е полициски инспектор. Схенк стапил во контакт со кумановецот, кој му рекол дека повеќе не работи за полицијата.Последен пат е објавена лажна сторија на 3 јануари 2019 од страна на Јony Smith, „познат двоец на Слаѓан Бојковски“, пишува Схенк. Смит постирал сторија од вебсајтот ludinfo24.com во Фејсбук групата „Judge Jeanine Pirro Fans“ која брои 53 илјади поддржувачи. Една минута подоцна, Ema Brown, го постира истиот линк во групата Deplorables for Trump и следнатта минута Lisa Sanders исто така го објавува во друга група, блиска до австралиска националистичка политичарка, Полин Хенсон. Ема Браун и Лиса Сандерс се исто така налози кои му припаѓаат на Бојковски, тврди Схенк. Ема има слика од пејачката Александра Пријовиќ, а Лиса ја користи Лоба на својата профилна.Схенк истакнува дека најголем дел од овој бизнис е префрлен на Твитер, бидејќи мерките на Фејсбук за суспензија на лажни профили дава резултати.Схенк успеал, меѓу другото, со својот софтвер да разоткрие 450 лажни женски Твитер налози кои се појавиле од ноември 2018. Меѓу нив, некои 90 носат име Џесика и успеале да соберат над 33 илјади следачи на социјалната мрежа. Твитер за сега суспендирал само десет од овие лажни налози, вели Схенк.Белгиецот го исконтактирал Бојковски пред да го објави истражувањето. Кумановецот прво негирал, но потоа рекол дека „сите во Македонија секако тоа го прават“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6E7A28CF-C923-466A-87E9-CD03C062B154

Верниците го исплукаа Пимен: Северџанот што гласаше против сопствениот народ

За време на одбележувањето на денешниот христијански празник Богојавление Христиво – Водици во Женева – Швајцарија, верниците до извикаа Отецот Пимен.Северџанот што гласаше против сопствениот народ, му велат тие.Погледнете ги видеата:https://www.facebook.com/violeta.v.petkovska/videos/2177895895565077/https://www.facebook.com/goce.nikoloski.355/videos/526892427806371/  

Македонија | пред 7 години

7 год.
32FD4788-0B3F-4325-9291-8675C16D84E5

Во Прилеп, попот го пуштил крстот по тобоган директно во базен

Празникот Водици од година во година станува вистинска продија. Еден од најголемите христијански празници секој го празнува на различен начин, крстот се фрла во кофи, мочуришта, а во Прилеп попот го пуштил по тобиган.Колку и да звучи чудно, оваа информација неофицијално е точна. Никој не очекувал дека свештеното лице би направило ваков гаф, но очигледно ова ќе биде уште еден настан по кој ќе се памети Водици 2019 година. Инаку, крстот заврши во локалниот базен, како и секоја година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Експлозија на нафтовод во Мексико, загинаа 73 лица

Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод во централно Мексико порасна на 73, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.Повредени се 74 лица, а голем дел се водат како исчезнати.Властите сметаат дека вчерашната несреќа се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и ја пробиле цевката, пренесува Ројтерс.Ова е една од најлошите експлозии на нафтовод во Мексико, вели агенцијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
VIK_8062

Тевдовски: Влезот во НАТО ќе придонесе за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели

Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.-Значително забрзување на економскиот раст се забележува кај сите земји од регионот, по пристапувањето во Алијансата. Стабилноста и меѓународната позиција која ја обезбедува членството, придонесуваат за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели. Пред се, тоа се забележува кај странските директни инвестиции. На пример, по пристапувањето во НАТО во Бугарија трикратно се зголемија странските инвестиции, во Албанија двојно - вели Тевдовски.Тој посочува дека новите инвестиции, значат нови работни места, нова додадена вредност, зголемување на обемот на трговија и зголемена економска активност.-На пример, по влезот во НАТО растот на БДП во Бугарија е зголемен од 2,8% на 6,7% во просек. Невработеноста кај земјите кои пристапија во НАТО во 2004 во просек е намалена од 11,4% на 6,3%. Сето тоа резултира со подигнување на животниот стандард, што се покажува и преку растот на номиналниот БДП per capita усогласен за паритетот на куповна моќ, кај овие земји-вели Тевдовски.Неделава кредитната агенција „Фич“, како и реномираниот фонд за управување со средства „Итон Венс“ посочија дека Македонија има напредок во евроатланските интеграции и дека местото и е во ЕУ и НАТО. Од „Фич“ истакнаа дека тоа влијае на забрзување на економската активност, додека „Итон Венс“ ја оценија Македонија како најпривлечна дестинација за инвестирање во Централна и Источна Европа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5dRk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWmpZN01EQV8vNjA3YzI4NzM5ODQ2NTQyMTZkYjYwMWZhY2I5YzhmM2QucG5nkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Америка лансираше шпионски сателит во свемирот

Моќната ракета „Делта 4 Хеви“ со американски шпионски сателит е лансирана во саботата од Калифорнија.Ракетата во космосот испрати сателит од воздухопловната база Ванденберг во 11:10 часот по пацифичко време.Лансирањето беше одложувано повеќе пати до крајот на минатата година поради излевање на хидроген, јаки ветрови и проблем со опремата за комуникација со копното, велат од американската агенција.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја ограбија и уништија македонската економија, Заев се сети на обичниот граѓанин

СДСМ продолжува бесрамно да ја лаже и манипулира македонската јавност. Откако целосно ја ограбија и уништија македонската економија сега криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Зоран Заев наводно се сети на обичниот граѓанин, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Ги зголемија даноците и давачките кон државата, ги зацрнија пазарџиите со катастрофални законски решенија, а нема капитални инвестиции, ниту повисоки пензии и плати за грѓаните.СДСМ ги осиромаши граѓаните со низа лоши законски решенија и погубни економски политики, а сега без срам лаже за некакво си враќање на парите кај граѓаните. Криминалната власт најпрво треба да ги врати милионите евра кои ги украде директно од џебот на граѓаните преку криминални тендери и грантови, измислени раководни позиции и партиски вработувања за партиските послушници.Македонската економија и натаму е последна во регионот, но и во Европа. Додека европските држави доживуваат вистинска економска ренесанса, благодарение на сопствената неспособност Заев се фали со минимален раст и стагнација на македонската економија. Нивото на корупција е единственото нешто кое се покачува овие две години. Рангирањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност покажува дека Заев ја претвори државата во дувло на корупцијата , најлоша во Европа.Доста е економски црнила, време е оваа криминогена власт да замине. Избори веднаш“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ucenici

Утре почнува второто полугодие

По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.Министерството за образование и наука пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд и социнална политика, но Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.Министерот Арбер Адеми неодамна информираше дека е во финална фаза втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование и дека наскоро ќе биде објавена на електронскиот регистар на прописи-ЕНЕР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена марихуана и хероин при претрес на возило во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(32) село Шум, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 16.01.2019 година во село Шум, при претрес во дом и возило на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-13

(ВИДЕО) Црквата „Свети Димитрија“ во Мелбурн под синџири за Водици

Верниците и свештеникот кога утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ во Спрингвел, Мелбурн, наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот. Верниците се револтирани и вознемирени и бараат објаснувања и одговори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
e28k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpnN01EQV8vNzU3ZjM5N2E3MWUxODhjNzA2NmI0ODQzZmNhYWU0YWQuanBlZ5CBoTAB

(ФОТО) Топлотен бран ја погоди Австралија, се очекува зголемување на температурите

Австралија се бори со топлотниот бран кој трае околу една недела, а последиците се многу сериозни.Температурата не паѓа под 40 степени веќе шест дена, а се очекува истата се уште да се зголемува.Повеќе од 60 пожари гореа во Нов Јужен Велс оваа недела.https://twitter.com/CNN/status/951340684212162561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E951340684212162561&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnezapamceni-vreli-talas-zivotinje-umiru-od-vrucine-asfalt-se-topi-bukvalno-foto%2F2xw7jwz

Свет | пред 7 години

7 год.
grip

Грипот во Хрватска зеде замав, Девет лица починаа, а 8.500 се заразени во последните две недели

Девет лица починаа, а 8.500 се заразени во последните две недели во Хрватска. Податоците се изнесени од страна на министерството за здравство денеска. „Имаме пациенти со тешки облици на грип и воспаление на белите дробови. Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак.Сппред Министерот Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика Британија.Директорката на загрепската Клиника за инфективни болести Алемка Маркотиќ наведе дека ситуацијате со заболени е сериозна, но и дека нНема причина за паника, но има за сериозно постапување.

Свет | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Автомобил удри велосипедист, пренесен во Клиничката болница Штип

На 19.01.2019 година околу 19.15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово, Ј.З.(33) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе.Т.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Штипјанец излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак

На 19.01.2019 година во 16.45 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на влез во село Долни Балван, В.Д.(56) од Штип, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.Од ударот возачот В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болнца Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-jovan-krstitel

Денеска се празнува Собор на св. Јован Крстител, дел од моштите има во Бигорскиот манастир

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Именден прославуваат, Јован, Јована, Јоне.Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар.Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември). Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во кои земји во Европа има најголема консумација на кокаин

Кокаинот e илегален стимуланс кој најчесто се користи во Европа, а околку 2% од младите изјавија дека ја користеле оваа супстанца во изминатата година.Организацијата OECD објави податоци за употребата на кокаин во земјите од Европската Унија кај лица од 17 до 34 години во последните 12 месеци.Според нив, најмногу кокаин се користи во Данска, Холандија, Шпанија и Велика Британија. Во овие земји употребата на кокаин е 3% или повеќе.Германија, Естонија, Франција, Хрватска, Италија, Летонија, Словенија, Шведска, Норвешка и Белгија имаат консумација на кокаин од 1,1 до 2,5%.Консумацијата на кокаин во Чешка, Грција, Луксембург, Унгарија, Финска и Бугарија се движи од 0,6 до 1%, додека употребата на оваа дрога во Кипар, Литванија, Австрија, Полска, Португалија,, Романија и Словачка изнесува помалку од 0,6%. 

Свет | пред 7 години

7 год.
mediumi14

СДСМ: Недозволиво е било какво попречување на работата на новинарите, надлежните да го расчистат случајот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија, која известувала од  манифестацијата за одбелжување на верскиот празник Водици, вчера, во Скопје.„Неприфатливо е било каков било физички напад, неприфатливо е било какво попречување на работата на новинарите, тоа е недозволиво.СДСМ очекува надлежните институции што поскоро да го расчистат случајот и напаѓачите да понесат одговороност односно соодветна законска казна“, се вели во реакцијата од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на 15% ДДВ за физички лица

„Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата.Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката.Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев спротивно на волјата на граѓаните се откажа од се што е македонско

Аболицираниот Заев говореше дека не се родил Македонец кој би го променил Уставот со цел промена на уставното име. Излезе дека таков антимакедонски лик се родил и во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Истиот тој Заев спротивно на волјата на граѓаните, со закани и уцени ги протурка уставните измени и го промени уставното име на државата. Не само што го промени името, го промени и идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и народ. Со други зборови се откажа од се што е македонско.Иако во кампања тој се колнеше во своите предци и идни поколенија дека не помислува на ваков капитулантски чин, кога ја превзема власта за спас на својата бедна политичка кариера ги продаде националните и државните интереси.„Поетот“ Заев не така одамна говореше и за македонска жица која доколку се скинела тој „изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жица“. Сега кога сам ја искина македонската жица трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен.Лагите на Заев се црнила за граѓаните, секоја една лага секое едно неисполнето ветување значи црнила за македонскиот граѓанин. Тој самиот е олицетворение на црнилата кои надвиснаа над нашата држава. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, зората ќе ги порази црнилата. На следните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе одлучат дали се „ЗА“ понижена Северна Македонија или „ЗА“ напредна и успешна Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cile-620x350

(ВИДЕО) Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Чиле, а за сега нема информации за евентуални штети или повредени.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 15,6 километри југозападно од градот Кокимбо на длабочина од 53 километри.https://twitter.com/WFP_ADAM/status/1086833830181376000Националната служба за вонредни ситуации на Чиле нареди евакуација на жителите во околината на Кокимбо, но потоа истата е повлечено.https://www.facebook.com/NoticierosTelevisacom/videos/385419422219957/Надлежните соопштија дека земјотресот не може да предизвика цунами.https://www.facebook.com/RedClimaticaMundial/videos/801645203504277/ 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања