„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
najstariot-covek-japonec

Почина најстариот човек на светот

Најстариот човек на светот, Масазо Нонака, почина на 113 години, објавија јапонските медиуми. Членови на неговото семејство рекле дека Нонака умрел мирно во сон во својот дом во градот Ашоро.Тој бил роден 25 јули 1905 година, а пораснал во големо семејство кое работело со гостилница. Денеска тој бизнис го води неговата внука. Нонака ја надживеал својата сопруга, како и три од своите пет деца.

Магазин | пред 7 години

7 год.
aeromexico

(Видео) Мексиканска авиокомпанија со рекламна кампања го исмеа Доналд Трамп

Мексиканската авиокомпанија „Аеромексико“ смисли рекламна кампања со која го исмева американскиот претседател, Доналд Трамп.„Прва дестинација за Мексико е Америка, но прва дестинација за Америка не е Мексико“, почнува рекламата. „Затоа отидовме во еден типичен американски град да видиме дали некој од жителите би сакал да отпатува во Мексико“, продолжува рекламата.https://twitter.com/ksieff/status/1085933954446905351?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1085933954446905351&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2580%2FИако во САД живеат 325 милиони жители, авиокомпанијата наишла на оние кои никако не планираат да го посетат Мексико. Но кога после критиките за Мексико, луѓето од компанијата ги замолиле учесниците во анкетата да направат ДНК анализа за утврдување на потеклото, се утврдило дека секој од нив имал мексикански гени.Па така, во зависност од процентот добивале попусти на летовите. На пример ако некој е 18 проценти Мексиканец добил 18 отсто попуст.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ljubov-decko-devojka

Истражување: Вистинската причина зошто остануваме во несреќни врски

Според најново истражување, причината поради која остануваме во несреќни врски не е стравот од осаменост.Ако вашата врска полека избледува и се чувствувате несреќно, мора да признаете дека не е лесно да се збогувате со партнерот или партнерката. Психолози од Универзитетот во Јута одлучија да го истражат проблемот. Резултатите покажале дека останувањето во несреќни врски не произлегуваат од стравот од осаменост туку од фактот дека во суштина луѓето се алтруисти.Што се случува? Си замислуваме дека не можеме да напуштиме одредена личност затоа што таа зависи од нас и не може без таа врска. Истражувањето докажува дека колку повеќе другата половина е зависна од нас, толку потешко се одлучуваме да го прекинеме односот. Остануваме во врска затоа што се грижиме за чувствата на другата личност.Во истражувањето учествувале 1 348 луѓе кои биле во романтична врска најмалку 10 недели и 500 кои размислувале за раскинување по најмалку два месеца.„Ако испитаниците сметале дека другата половина е цврсто определена за тој однос, тогаш ретко се одлучувале за раскинување, иако тоа не бил идеален однос“, вели Саманта Џоел, психолог од Универзитетот во Јута.„Ние едноставно не сакаме да ги повредиме нашите партнери и навистина се грижиме за потребите на другите“, додава таа.Но, постоеле сомнежи околу јасното читање на сигналите – некогаш погрешно сметаме дека партнерот или партнерката е зависна од нас. Исто така поминуваме многу време анализирајќи колку ќе биде болно раскинувањето. Се чини и дека раскинувањето е признавање на неуспех и ние едноставно создаваме магичен круг.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: За само две години Заев натера повеќе од 70% од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината

Нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ. Писма, уставни измени, капитулантски договори со кои дел по дел аболицираниот Заев се откажува од се што е македонско, македонското вековно име, јазик, историја, култура. Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност, велат од опозициската СДСМ.„Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави.Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија.За само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии.Илјадниците граѓани кои побегнаа како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава. Нема да можат да ја препознаат државата од црнилата во кои е завиена, од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт на аболицираниот Заев.Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aerodrom-620x350-1

(ВИДЕО) Америка блокирана поради снежната бура, откажани 1550 летови

Повеќе од 1550 летови од САД се откажани поради големата снежна бура.Меѓу најтешко погодените аеродроми е меѓународниот аеродром Логан во Бостон, додека од Регионалниот аеродром Манчестер-Бостон во Њу Хемпшит закажано е полетување на само три авиона.https://twitter.com/usatodayvideo/status/1086664120278097921?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1086664120278097921&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3025561-amerika-blokirana-zbog-zimske-oluje-otkazano-1550-letova-udar-i-na-zeleznicki-saobracaj-foto-videoИсто така откажани се сите летови на меѓународниот аеродром во Берлингтон.Снежната бура која ги погоди западот и североистокот на Америка создаде проблеми и кај другите видови транспорт.Американската железничка компанија Амтрак соопшти дека очекува од денес сите возови да проолжат да се движат според распоредот, откако викендов голем дел беа откажани.https://twitter.com/AirportWebcams/status/1087030362776240129?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1087030362776240129&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3025561-amerika-blokirana-zbog-zimske-oluje-otkazano-1550-letova-udar-i-na-zeleznicki-saobracaj-foto-video 

Свет | пред 7 години

7 год.
Capture-15

Музиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро!

Не стивнуваат позитивните реакции за музиката на нашиот најистакнат диџеј со светска кариера, диџеј Галоски. Последниот музички новитет е дека една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа неговото најново издание насловено како ‘Shake It Down’.Темата е во соработка со српскиот продуцент Ra5tik и официјално излегува на 15ти февруари преку италианската издавачка куќа Art & Music Recordings.Ова не е првпат име од калиброт на Дејвид Гета да го поддржи нашиот диџеј и продуцент, но е поттврда за големината на нашиот артист. Следната недела веќе е најавена и премиера во радио емисијата на холандскиот супер-стар диџеј и продуцент Ники Ромеро.Инаку ‘Shake it Down’ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019та на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бјурен – Армада Мјузик.Галоски последниве неколку години важи за еден од најистакнатите музирачи од земјава и е именуван како едно од најбрзо растечките диџејски имиња од Југо-источна Европа, само минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји ширум светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски Ултра Мјузик фестивал во Сингапур.

Магазин | пред 7 години

7 год.
slika-03

Богоев: Како резултат на ликот и делото на Тоше воспоставивме соработка со Нова Градишка

Ликот и делото на Тоше Проески ги спои Општина Карпош и хрватската општина Нова Градишка.Денеска, заврши десетото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.За прв пат, оваа година турнирот доби и меѓународен карактер, при што покрај екипите од повеќе македонски градови, учество земјаа и екипи од Хрватска, Албанија и Грција.Првото место го освои екипата од Нова Градишка, второто место му припадна на тимот од Корча (Албанија) и третото место за екипата од родното место на Тоше, Крушево.Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев зборуваше за вмрежувањето и соработката со Нова Градишка.- Тоше и денеска спојува и поврзува! Како резултат на неговиот лик, дело и хуманост воспоставивме соработка со Нова Градишка.На мое големо задоволство, успеавме турнирот да добие и меѓународен карактер, затоа што Тоше беше личност – космополит, отворен за сите!Продолжуваме со поддршката на овој турнир, рече Богоев.На доделувањето на трофеите се обрати и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ кој се заблагодари за целокупната организација и гостопримството на локалната самоуправа.Во текот на целиот турнир гостите уживаа во песните на Тоше кои беа изведувани од талентирани млади ученици.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivor

Мицковски: Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника поради загадениот воздух

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух, напиша на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.„Ниту една конкретна мерка не презедоа, шминка до шминка, алиби до алиби. Домаќинствата биле, не можеле ништо, ќе требале години, а кога требаше да дојдат на власт, ветувања, ќе се мерело, ќе се возело еколошки, немало градби да има.Па Град Скопје со таа градба кај Јужен, го загади градот за уште толку. Насекаде се гради ко лудо, додека сте договорени со градежна мафија да раскажувате како имало пад во градбата, па уште на цел памет да изјавувате дека слободна механизација немало да остане оваа година. Цела држава е депонија, цела држава ја загадуваат неколку големи газди и ништо не правите, освен пред избори да им поделите на градоначалници пари наводно да преместат депонии еден километар. Дрисла ќе ја затваравте, Дрисла ве јебала, се што кажавте излажавте. Една шајка не тргнавте од СК 2014-та, очи и слух немате за никаква сугестија, узурпација на јавен простор оставивте, една тераса не тргнавте, барокот им го доградувате и сервисирате. Како не ви е срам, вие не сте власт, вие сте корумпирани гниди кои го оправдувате и легитимирате режимот и неговите симболи. Вие немате ефективна власт, прво зошто сте неспособни, второ зошто немате никаков културен хоризонт и вредносен систем, вас ве занима само да товарите магарето и да раскажувате приказни. Градот се распаѓа, буквално, вие го доуништувате тоа што требаше да почне да се менува и спасува. Ма што се објаснувам бе ја, реалноста е пред очите на сите, каков пропалитет сте вие“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно време, од утре нови врнежи

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер со променлив правец. По одделни котлини ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од 2 до 9 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од -2 до 5 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд во пониските места, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во вторник, особено во западните и јужните делови. По котлините ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Делчево и Смојмирово.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
plava-dupka

Конечно истражена Мистериозна Голема сина дупка во Белизе

Мистериозна Голема сина дупка во Белизе конечно е истражена. Минатиот месец научна експедиција меѓу кои бил и милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на групацијата Virgin, се упатиле на дното и како што објавува Дискавери сега веќе се знае што има на нејзиното дно.https://twitter.com/Discovery/status/1069346022038691841?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1069346022038691841&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Fkonechno-se-znae-shto-ima-na-dnoto-na-misterioznata-sina-dupka%2FГолема сина дупка во Големиот корален гребен ги изненадила нуркачите, и тоа непријатно.Групата стигнала до дното со помош на подморницата Aquatica и  стигнала до ѕид од сталактити, за кој Бренсон  укажува дека дупката се состои од пештери што првично биле формирани на суво тло, односно се наоѓале на површината.„Оваа дупка е доказ дека нивото на океанот може драстично да порасне, но и до катастрофално ниво. Нивоата мора да бидат неколку стотина метри пониски. Пред 10.000 години нивото на морето пораснало за 91 метар кога се стопило многу мраз. Тоа е еден од најстрашните потсетници на опасноста од климатските промени“, истакнал Бренсон.-За жал видовме пластични шишиња на дното на дупката - напишал Бренсон на блогот.Покрај пластичните шишиња на дното се наоѓале и остатоци од ракови и други морски животни кои потонале на дното.Инаку ова е втората најдлабока таква морска дупка на светот после Змејската дупка во Јужното кинеско море.

Магазин | пред 7 години

7 год.
hotel-francija

(ВИДЕО) Пожар во познат хотел на француските Алпи, има загинати, повредени ...

Најмалку две лица загинаа а над 22 се повредени во пожар во хотел во познатиот ски ресорт Куршевел во француските Алпи. Во хотелот се наоѓа 60-тина луѓе, главно странци, јавува „Мирор“.француските медиуми објавуваат дека луѓе скокале од балконите да се спасат. Причината за трагедијата се уште не е позната.Пожарникарите се на терен и ги спасуваат луѓето кои останале заробени во хотелот.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-micko

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ има прислушкувани разговори од владеењето на Заев

Нови прислушкувани разговори се подготвени за објавување во јавност,  дознава „Скопје 1“ од упатени извори во процесот.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поседува нелегално прислушкувани телефонски разговори во периодот по 2016 година, дознава „Скопје 1“ од извори во партијата.Во сниманите разговори од изминативе три години, генерално се слушаат гласови на актуелни политичари, министри функционери. Темите се поврзани со пазарења за судски процеси, добивање гласови од пратеници, јавни набавки, но и други важни прашања,Овие информации вечерва ги потврдија и функционери од највиското раководство во ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секојдневно добивале докази за незаконитости во работењето на власта, а се децидни дека за тоа кога тогаш ќе понесат одговорност.Од партијата велат дека немаат намера да влегуваат во преговори за носење Закон со кој би се спречило нешто, што би довело до правна разврска и понесување одговорност на сторители на различни криминални дела.„До нас секојдневно стигнуваат материјали и документи од незаконското работење на кадри на оваа влада, на локално но и на централно ниво. Македонија не е веќе заробена држава. Криминалци ја окупирале Македонија. Ова е страшно што се случува во Македонија. Инаку за нелегално емитување на прислушкувани материјали ние како партија секогаш сме имале јасен став дека незаконски стекнати присклушкувани материјали не смеат да се емитуваат или да бидат користени како докази во судска процедура. СДСМ и Зоран Заев откако ја уништија правната држава и владеењето на законите и уставот за политички цели сега ќе се обидат да донесат законски решенија со кои ќе сакаат да ги покријат криминалите кои секојдневно ги прават“, коментира висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1.мк“.На прашањето дали ќе ги објават снимките кои ги поседуваат, односно што ќе прават со материјалите, функционерот на опозицијата вели „Откако ќе биде поразена оваа криминална влада, прв приоритет ќе биде враќање на правната држава и владеењето на правото, а сторителите на криминал ќе бидат изведени пред лицето на правдата без разлика на име и презиме, партија или функција“.Функционерот од раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира дали станува збор за телефонски разговори или друг вид на снимани разговори.Всушност, ова сценарио е познато на политичката сцена. Сегашниот премиер, тогашен претседател на СДСМ, Зоран Заев во 2015 година ја услови ВМРО-ДПМНЕ велејќи „Бомбите ќе продолжат ако нема договор за обвинител“. Првата т.н. бомба на Заев беше објавена на 9 февруари 2015 година.Имајќи во предвид, дека овие информации сега излегуваат во јавност, се отвора дилемата дали на истиот датум, но 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ ќе го возврати ударот кон сегашната владеачка гарнитура на СДСМ. Иако од опозицијата се противат на јавно објавување прислушкувани материјали, но, имајќи во предвид фактот дека во минатото, јавноста можете да види снимки добиени со ПИ-мерки, разговор на Заев и Груевски во кабинетот во Владата, можноста за повторно бомбите да се чујат во јавноста, не се исклучува.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Низа мерки и препораки кои мора да се почитуваат , загадувањето енормно високо во земјава

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерното место Битола 2, Тетово и Струмица.Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.Согласно заклучоците од записникот од 40-тата седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, стапуваат на сила следните препораки и мерки:Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.Владата на Република Македонија:Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.Да обезбеди ограничување на работите на градежните објектиМинистерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.Министерството за здравство:Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сѐ до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.Државниот инспекторат за животна средина:Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А - ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А - ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50%) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите коишто произведуваат топлинска или електрична енергија.ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikolovski-1

Николовски: Mакедонија е силно посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска учествуваше на состанокот во организација на Федералното министерство за земјоделство и храна на Сојузна Република Германија и Постојаната работна група за регионален рурален развој- SWG, што се одржува во Берлин. Темата на состанокот беше „Потенцијалите на трговската размена“. На состанокот присуствуваше и државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику. Овој состанок се одржува во рамки на меѓународниот саем за земјоделство и храна „Зелена недела“.Меѓународните министри дебатираа за олеснување на трговската размена со земјоделски производи преку отстранување на бариерите и овозможување на побрз проток на стоки. Еврокомесарот за безбедност на храна и претставникот од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri) потенцираа дека трговијата со земјоделско прехранбени производи е многу важен дел од Заедничката земјоделска политика на ЕУ, а особено трговската либерализација и почитување на потпишаните договори за слободна трговија.Германската министерка Julia Klöckner изрази подготвеност за голема поддршка на земјите од Западен Балкан за нивна интеграција во ЕУ.Министерот Николовски во своето обраќање пред министрите, посочи дека Македонија е силно посветена на олеснување на трговијата и од 2003година, како член на светската трговска организација е потписник на неколку билатерални и мултилатерални договори за слободна трговија, вклучително Договорот за асоцијација и стабилизација со Европската унија, како и ЦЕФТА договорот со земјите од Западен Балкан и Молдавија.„Целосно сме посветени на промоцијата и зајакнувањето на регионалната соработка, бидејќи тоа ќе води кон олеснета трговија помеѓу земјите од Југоисточна Европа, за да се постигне заедничката цел односно зголемена конкурентност на секторот за земјоделство и храна. Ова е наведено и во Декларацијата на министрите за земјоделство која што во ноември минатата година ја потпишавме во Струга и во таа насока ќе продолжиме да бидеме конструктивен партнер во регионалниот дијалог и во сите регионални иницијативи кои ќе ја забрзаат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија. Ја користам оваа прилика да ја повикам Германија да ни помогне во скрининг процесот и сите реформи на коишто работиме во односи на земјоделството, а со цел да се доближиме до Европската Унија“, изјави министерот Николовски.При тоа, Николовски посочи дека минатата година МЗШВ презеде иницијатива за олеснување на трговијата и воведување на брзи зелени линии на границите за земјоделските прехрамбени производи. Целта на оваа иницијатива е да се поедностават инспекциските процедури кои се однесуваат на сите царински процедури и да се намалат формалностите, да се разменуваат податоци помеѓу органите, взаемно да се признаваат националните Програми на овластените економски оператори, под услов тие да се усогласени со соодветните закони на ЕУ. Николовски ги покани присутните министри и од Југоисточна Европа, Сојузното Министерство за Храна и Земјоделство на Германија и Европската Комисија, во рамките на нивните капацитети, да го поддржат овој процес и да се искористи целосниот потенцијал на трговијата со земјоделски производи во нашиот регион.При посетата на саемот „Зелена недела“, министерот Николовски имаше средба со министерот за земјоделство на Египет, АбуСетејт, на кој што разговараа за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи, зголемување на извозот на македонски земјоделски производи во Египет особено на македонското јаболко. Во последните неколку години египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко, поради што на состанокот беше отворено и прашањето за изнаоѓање на начин за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко која што го прави неконкурентно на пазарот во Египет, како и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија. Министрите се договорија да започнат преговори во рамки на техничката работна група која ќе се формира согласно Протоколот за соработка во земјоделството. А на 11-ти февруари, министерот Николовски ќе биде во официјална посета на Каиро, во рамки на која што ќе се разговара и за други форми на соработка, особено во делот на науката и истражувањето, програми за обука во делот на наводнување и поврзување на комапниите од двете земји преку организирање Б2Б средби.Инаку, во рамки на саемот „Зелена недела“, се одржа и Глобалниот форум за храна и земјоделство (GFFA), на кој што на меѓународните министри им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел, која што зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството. Меркел порача дека дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку пристап до повеќе и попрецизни информации, а воедно со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија ќе може да се минимизира фрлањето на храна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija

(ВИДЕО) Демонстрантите се судрија со полицијата во Атина

Судир помеѓу демонстрантите и полицијата на протестот во Атина против Договорот од Преспа. Најмалку 15 повредени. Маскирани со фантомки, дел од демонстрантите се обидуваа да го поминат полицискиот кордон и ги нападнаа полицајците со предмети и пиротехнички материјали, кои возвратија со солзавец и шок бомби.На платото пред грчкиот парламент се случија бројни инциденти, каде со автобуси од другите делови на Грција пристигнаа уште илјаници граѓани.Група маскирани лица со грчки знамиња веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.Тие со тврди предмети, шишиња, чадни бомби и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која возврати со шок бомби и солзавец, додека опонетите на Ципрас држеа патриотски говори на бината. Иако закажан за 14 часот по локално време, граѓаните уште два часа претходно почнаа да се собираат пред грчкиот Парламент. Тие носеа грчки знамиња и плакати со пораки „Македонија е грчка”, „Референдум сега” и „Овој Договор е предавство”.За безбедноста беше ангажирано силно полициско обезбедување - над 1.500 полицајци и воздушна контрола со хеликоптери.Протестот е организиран од т.н. Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија. Меѓу граѓаните има и поддржувачи на „Златна зора“ и свештени лица, а пред присутните се обратија претставници на здруженијата кои бараат повлекување на македонско – грчкиот договор.Во интервју за весникот „Авги“, грчкиот премиер Ципрас изјави дека договорот е историски чекор за двете земји, а ратификацијата е патриотска должност. Договорот од Преспа е во фокусот на грчките медиуми откако македонскиот парламент го заврши својот дел, а сега на ред се грчките парламентарци.Во текот на оваа недела се очекува гласање за ратификација на договорот, а во пресрет на гласањето пратениците кои го поддржуваат договорот добивале закани преку телефон.Алексис Ципрас пак со владина кампања. Со објавување на текстот на Преспанскиот договор во весниците, како што велат, имаат за цел објективно да ги информираат граѓаните за придобивките од договорот.Весникот „Реал њуз“ има интервју со вицепремиерот Бујар Османи, под наслов „Грција е главниот гарант за нашите евроатлантски амбиции“. 

Свет | пред 7 години

7 год.
naredba

ЈП Комуналец Неготино со наредба - Не доаѓајте пијани на работа

Директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, со писмена наредба им истакна на вработените да не доаѓаат на работа во алкохолизирана состојба, и да не пијат алкохол додека се на работа, бидејќи во спротивно ќе заработат отказ. Исто така, таа им нареди да го почитуваат и работното време и своите работни задачи, објави fokus.mk.Не е познато дали на вработени во неготински Комуналец им се случило пијани да доаѓаат на работа и дали токму такви случки ја ,,прелиле” чашата на директорката, но наредбата која е истакната на јавно место, пред просториите на ЈП Комуналец, не предизвика големо изненадување кај неготинчани. Во градот на виното и ракијата, каде речиси секое семејство произведува алкохол за домашна употреба, многумина практикуваат да испијат по некоја чашка како ,,загревање” пред работа. Утринско кафе и ракија е традиција во многу семејства во Неготино и Кавадарци.Текстот во целост на fokus.mk.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pretepan

19- годишен скопјанец претепан во Крушево

19- годишен скопјанец физички нападнат во Крушево, откако претходно се расправале во ноќен клуб.Вчера во 02 часот и 50 минути во Полициската станица Крушево, 19- годишниот Н.Х.Л од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02 часот и 20 минути во Крушево бил физички нападнат од лицата М.Ф., М.З. и уште две лица, со кои претходно имале расправија во ноќен клуб во Крушево.По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Сообраќајка на патот Крива Паланка - Куманово, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово кај месноста викана Просеченик во атарот на селото Псача.Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека патниот правец е во прекин во двата правца од 15:40 часот поради сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Стапуваат на сила интервентните мерки против загадувањето, се запираат сите градежни активности

Соодветно препораките на централната и градската власт и заложбите на Општина Аеродром, ги активираме дополнителните интервентни мерки кои се однесуваат на целата територија на Општината, конкретно:- Општина Аеродром ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност,- Ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини,- Се намалува до 50% употребата на службените возила;- Продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби;- Со цел заштита на децата, почетокот на второто полугодие на учебната година се одложува за два дена во основните и средни училишта. Согласно препораките на Министерството за животна средина и Интерсекторската група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух второто полугодие ќе започне на 23.01.2019 година.- Работниците на отворено ќе работат од 11.00 до 17.00 часот;- Бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски;- Се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни;Овие мерки со воведуваат веднаш по известувањетo од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.Општина Аеродром е посветена на борбата против загадувањето преку целата година. Локалната самоуправа реализира мерки, меѓу кои набавка на прочистувачи за воздух во сите градинки, субвенции за печки на пелети за индивидуалните домаќинства, набавка на нови 1.800 високоизраснати садници и дополнителна менахизација за чистење на јавните .површини. Во соработка со градската, централната власт, граѓанскиот сектор и сите засегнати страни работиме на креирање ефикасни интервентни мерки, како и наоѓање трајно решение за загадувањето.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања