„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
neofit-206733

Бугарски патријарх: Со промената на името на Македонија, ќе се придвижи црковното прашање

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.– Се уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање, изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.Прашан каква е позицијата на БПЦ за афтокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.–  Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме, рече патриајрхот Неофит, без да соопшти повеќе детали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пожар во Прилеп - изгоре куќа

На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77). Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Викендов во Скопје 34 сообраќајни незгоди, 75 возила се подигнати со "пајак"

Во текот на изминатите денови (18, 19 и 20.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди од кои 16 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 18 со материјална штета.Во сообраќајните незгоди 34 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 114 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 57 возачи од кои: 12 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 10 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи поради неносење пропишана зимска опрема, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 115 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
kinezi-1

(ФОТО) Непријатна случка за кинески туристи во Охрид

Туристи од Кина утрово биле непријатно изненадени, кога биле опколени од кучиња скитници.Фотографиите ги испратија очевидци. Тие кажуваат дека туристите биле видно вознемирени затоа што кучињата кои биле во голем број ги опколиле туристите и им лаеле.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бесплатно скијанње на Маврово за учениците кои одат во училиште поради загадувањето

Денес и утре скијањето во Ски центарот Маврово ќе биде бесплатно, но само за учениците од основните и средните училишта.Од Ски центарот велат дека оваа акција е поради аерозагадувањето во градовите и додаваат дека ги очекуваат сите на чист воздух. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ја криел марихуаната во машините за перење на баба му, обвинение против 27-годишник од Богданци

Против 27-годишник од селото Селемли во Општина Богданци е поднесен обвинителен акт за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што соопштија од велешкото јавно обвинителство при претрес во домот на неговата баба е откриена марихуана скриена во двете машини за перење.„По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот, во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии. Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, информираа од Обвинителство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tuzbi-1

Граѓаните пополнуваат тужби против Владата и Промената на името - Македонија

На социјаните мрежи се шерува пост во кој граѓаните се повикуваат да пополнуаат тужби против Владата и Промената на името - Македонија.Сакам да ве известам дека можете од понеделник да доаѓате пред Собрание на местото кај што беа шаторите и да пополните ТУЖБА - предложена и по иницијатива на Т.Каракамишева со ваши лични податоци,а ние ентузијастите ќе ги однесеме на посочената адреса кај што ќе се испраќаат групно сите тужби против нелегитимната власт и ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!, пишув во објавата на ФБ.Тие уште додаваат:(Предлог до ентузијастите од сите градови во Мкд да отворите пунктови по нашиов пример и по неколку часови да пополнувате тужби од граѓаните за да им помогнете и да се соберат во што поголем број).

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabanovce

На Табановце сакал да помине со туѓ пасош

На 20.01.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патната исправа што ја дало на увид лицето Ќ.А.(31) од Република Албанија, не му припаѓа нему. Бил извршен преглед на неговиот багаж, при што била пронајдена и албанска лична карта на име М.Д.(23) од Република Албанија, врз основа на која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Лицето било приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fd0bd52c52881228c2a8bfedb05cce0a_w790-696x403

Поставени прочистувачи на воздух во сите училници во 23-те средни скопски училишта

Во секоја училница од 23-те средни скопски  училишта во изминатиот месец е поставен прочистувач на воздух, односно вкупно 572, за што Град Скопје инвестираше околу 11 милиони денари.-Тргнувајќи од фактот дека  учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се  инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес. Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, соопшти Град Скопје во пресрет на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Пратеник отстранет од коалиција во грчкиот парламент затоа што ќе гласа за Договорот од Преспа

Претседателот на Демократска левица, Танасис Теохаропулос, е избришан од пратеничката група на Движење на промена во кое коалицира заедно со ПАСОК поради неговиот став да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.-Ставот на господинот Теохаропулос да гласа за Договорот од Преспа, објективно му служи на господинот Ципрас и неговите планови и овој став не може да биде прифатен, соопштуваат од Движење на промена за одлуката на лидерката Фофи Генимата да го избрише Теохаропулос.Од Демократска левица коментираат дека нивната позиција им служи само на националните интереси.Одлуката за поддршка на Договорот од Преспа, Демократска левица ја донесе на вчерашниот состанок на Централниот комитет на партијата.Говорејќи за радиото „Тема 104.6“, претседателот на партијата, Танасис Теохаропулос ги потврди натписите во грчките медиуми дека му било предложено носител на пратеничката листа на Движење на промена на ниво на цела Грција на следните избори, доколку не гласа за Договорот од Преспа.

Свет | пред 7 години

7 год.
dragana-donacija

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци собра над 80.000 денари за операција на 15-годишната Драгана

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаја да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото, пишува Фокус.мк.Дарко и навивачката група вчера утрината поставија пункт на градскиот плоштад во Кавадарци, каде сите верници можеа да го целиваат и даруваат крстот. Тие најавија дека средствата што ќе се соберат се наменети за Драгана, на која и е потребна итна операција во странство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagaden-vozduh

Бизнис план на Македонија: Извоз на загаден воздух, прдни да земам чист воздух

Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ жестоко реагираат за проблемот кој Македонија го има со загадениот воздух. Тие сметаат дека државата е неспособна да се справи со овој проблем, за дел од нив крив е премиерот Зоран Заев, а за останатите Шилегов. Други пак, се пошегуваа на сметка на Владата.

Коментари | пред 7 години

7 год.
makraduli

Макрадули најави чист воздух кога Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, до тогаш граѓаните да се мобилизираат

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули ги повикува граѓаните на мобилизација за справување со загадениот воздух. Според него, кога нашата државата ќе влезе во ЕУ и НАТО најголем приоритет ќе треба да биде решавање на овој проблем.„По мое длабоко убедување проблемот со загадениот воздух е најголемиот предизвик на општеството после интеграцијата во НАТО и ЕУ. И откако со исклучителен ангажман на владата, а пред се со напорите на Премиерот Заев се заокружи тој процес, на ред (иако не треба ова да биде дел од некоја листа, туку приоритет број еден) доаѓа борбата за намалување на аерозагадувањето. Затоа владата немаше дилема и одлучи:- за прв пат дефинира посебна владина програма;- за прв пат одвои средства;Јас знам дека не постои влада што сама го решила овој проблем, но знам дека одговорноста е на владата и ние што повеќе сме инволвирани;- Ама знам дека многу граѓански организации и деловни субјекти можат да помогнат;- Но знам и дека планот за чист воздух е кредибилно, базирано на наука решение;- и знам дека ќе донесе резулатат;- знам дека на поединци, особено засегнати од бизнис интереси им смета, ама знам дека јас ќе истрајам на овој план, затоа што тоа е решението кое носи добро за сите;На тој пат, знам ни треба и транспарентност и инклузивност, ама знам и дека ни треба кредибилност и да се обидеме да ги изгбегнеме дезинформациите; само така ќе успееме сите заедно;Знам на пример дека во Прилеп нема мерна станица на Министерството за животна средина. Не ми е пријатно кога ми посакувате канцер за мене и моето семејство ама знам тоа е кога сте јавен функционер и мора да трпите се, ама не можам да разберам интелектуалци, особено новинари кога споделуваат фатаморгански податоци базирани на аматеризам од Али експрес. Јас можеби ќе се разболам, ама тоа не им дава за право на никој да креира хистерија во јавноста. Да, во Македонија има загадување и тоа големо, ама лажните вести не помагаат, туку масовна акција за:- забрана на јагленот како извор за затоплување;- замена на нееколошките греења со еколошки;- еко налепниците за возила;- забрана за палења на стрништа;- повеќе зеленило насекаде, особено во градинките и школите;- повеќе зелени ѕидови и кровови;- регулирање на отпадот;- да го одблокираме градот од зградурини;- повеќе да приклучиме на централно греење;Да нема дилеми, моја е одговорноста, не барам алиби. Ама и знам дека повеќе граѓани и граѓански организации се приклучија на планот отколку што посакаа канцер. Време е да се реши загадувањето. Затоа, Ве замолувам за масовна мобилизација и заедничка борба за спроведување на #ПланЗаЧистВоздух“, пишува Макрадули на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
afganistan

12 лица загинаа во напад на воена база во Авганистан

Најмалку 12 лица го загубија животот, а повеќе од 30 се ранети во нападот на талибанските екстремисти на воената база и полицискиот центар за обука на истокот на Авганистан.Во соопштението се наведува дека најголем дел од нив се војници.Нападот се случил во источната авганистанска провинција Мајдан Вардак. 

Свет | пред 7 години

7 год.
karleusa

Босанскиот фудбалер се огласи по големиот скандал со Карлеуша: „Душко знаеше за нашата афера“

Деновиве главна веста во светот на шоубизинисот е скандалот на Јелена Карлеуша која наводно имала афера со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката, но и пораки од допишувањата со фудбалерот. Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека не е таа на фотографиите и дека се монтажа.Огнен најпосле се огласи и стави крај на шпекулациите, пренесува „Ало“.„Никогаш не сум бил фан и никој никогаш нема да може така да ме претстави. Душко знаеше за нашата афера, а јас не сакам повеќе да бидам дел од оваа приказна“ вели Огнен за „Ало“.Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда. Чанда беше уб*ен враќајќи се од погреб, а Јелена скршена од болка му посвети песна. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Се зголемува бројот на загинати лица во експлозијата во Мексико

Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод во централно Мексико порасна на 85 лица, аад десетина лица се водат како исчезнати.Властите сметаат дека несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и ја пробиле цевката, пренесува Ројтерс.Ова е една од најлошите експлозии на нафтовод во Мексико, вели агенцијата.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Промена на цената на горивата

Денеска напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените, кои најверојатно ќе поскапат.Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната комисија за енергетика денеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_8756

Родителите прашуваат: „А, после два дена ќе има чист воздух?“

Поради континуираното загадување на воздухот, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.По ваквата одлука на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство граѓаните на социјалните мрежи коментираа дека оваа мерка нема да го реши проблемот:Александра Рајчина Спасовска пишува:  За децава во градинка што одат не важи, друг воздух дишат они, а и родителите што ги носат.... Поголема глупост после епидемијата немав прочитано ццццАндријана Велкова Воиновска коментира: А после два дена ќе има чист воздух?Жаки Маки Терезиева пишува: Што ви текна во последен момент, а тие што се договараат да ги чуваат нивните деца додека родителите се на работа, не ви е гајле што чудна земја сме.Дијана Миланова коментира: Леле после два дена излегувајте надвор и диште чист воздух, колку што можете.Елизабета Василевска пишува: За два дена ќе се решил порблемот, кои детски глупости и што значи школите ќе бидат функционални без деца само со наставници подобро и тие да не одат на работа за да не се трујат...Анета Крстевска коментира: Ако не се радуваат децата..Само проблем е што саботите ќе ги обработуваат...„Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“, наведуваат од Владата.Во овој период Владата, нагласуваат оттаму, ќе ја следи состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучи околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.Според временската прогноза и утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрод до 8 степени во Дојран.Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.Воедно покрај продолжениот распуст, Град Скопје апелираше да се користи јавниот превоз за што донесе одлука тој да биде бесплатен во главниот град додека трае енормното загадување. Од вчера и цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг се двојно зголемени,  а донесена е и одлука за  прекинување и градежните активности на градилиштата под наглежност на  Град Скопје.Државните институции и јавните претпријатија треба да ја намалат до 50 проценти употребата на службени  возила. Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да спроведува контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух, со препорака инсталациите со А – ИСКЗ дозвола да го намалат капацитетот на производство до 50 прценти. Оваа мерка нема да важи за инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.Од Министерството за внатрешни работи, пак, Град Скопје побара зачестено да ги контролира издувните гасови на возилата и да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од Градот Скопје. Од МВР се бара и да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација  не е Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница.Извор: Skopjeinfo

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimitrov

Димитров: Во Грција има отпор на Договорот, а ние затоа го нарековме историски

И најжестоките противници на ова историски помирување во догледно време, како што ќе се гледаат резултатите од ова историско приближување ќе го оправдаат овој чекор, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Сител во врска со Договорот од Преспа, пишува Независен весник.Тој истакна дека внимателно ја следел состојбата во Атина, каде денеска се одржуваа протести против Договорот од Преспа, имал неколку телефонски разговори со различни страни. Нагласи дека бројката од 60 илјади учесници на протестите е драстично помала во однос на оние во февруари кога имало околу 140 илјади граѓани, што значи дека трендот е позитивен.-Овој жесток отпор во Грција, еден од органзаторите го спореди Договорот со национална трагедија, Мицотакис рече дека е национален пораз. Истиот Договор се доживува неразлично како и кај нашата опозиција, тоа покажува каков бил јазот меѓу двете страни и зошто ние и светот тој Договор го нарекуваме историски, рече Димитров.Очекуваме гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот да се случи кон крајот на следната недела и искрено се надева дека ќе биде поддржан со апсолутно мнозинство.Во врска со уставните измени и напорите за добивање двотретинско мнозинство Димитров нагласува дека делумна амнестија имаше за 27 април. –Факт е дека имаме едно многу поделено општество и дека мора да најдеме начин повеќе да бидеме заедно, но тоа не може да се прави на сметка целосно да се загрози принципот на одговорност оти многу ќе биде тешко сите ние да најдеме волја да одиме напред, ако има општа неказнивност, рече Димитров.Нагласи дека амнестијата за 27 април не допира на нешто на што особено се посветува внимание во ЕУ, а тоа е корупцијата.– Мораме овој период сега од денеска се до денот кога ќе може да се вметнува нашиот напредок во извештајот на ЕК да дадеме се од себе како држава, администрација, општество да создадеме амтосфера дека Македонија е толку цврсто решена да чекори напред што практично ќе биде непријатно да не се влезе во тој консензус меѓу земјите членки, додаде Димитров.На прашњето за можноста со претседателските да се одржат предвремени парламентарни избори Димитров нагласи дека тој по природата на ресорот што го води е уаптен да ја има големата слика во вид.-Од една страна разбирам, на некој начин Владата беше предизвикана од опозицијата да размислува за вонредни парламентарни избори во ситуација кога сите анкети велат дека опозицијата ќе загуби. Втор аргумент може да биде тоа што решивме едно големо прашање и инстиктивно сакаме да си го освежиме легитиметот пред народот, вели Димитров но напоменува дека од друга страна државниот интерес налага овие месеци што претстојат до објавување на извештајот на ЕК да се искористат за тоа, бидејќи и ЕУ се соочува со свои предизвици во периодот што престои.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kanada

Канада во следните три години ќе прими над милион мигранти

Канада во следните три години ќе прими 1.080.000 мигранти, пишува Бусинесс Инсидер.Оваа држава со речиси 37 милиони жители се соочува со проблеми како што се стареењето на населението, пад на наталитетот и следствено, недостиг на работна сила па одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.– Растот на бројот на мигранти, особено на економските, ќе ни помогне да ја одржиме работната сила, економскиот раст и да ја стимулираме иновацијата, пишува во извештајот на владата.Но треба да се има на ум дека канадската влада не “повикува” секого во нивната татковина. За да се квалификувате за постојан престој во таа земја, мора да имате најмалку една година завршено образование по завршувањето на средното образование, една година работен стаж и течно да зборуваат англиски или француски јазик.Канада минатата година одобри постојан престој за околу 310.000 мигранти, а годинава таа бројка може да се зголеми на 350.000, во 2020 година на 360.000, додека во 2021 година се планира пораст на мигранти во Канада за 370.000 луѓе. Ова значи дека Канада секоја година ќе прима број на мигранти еднаков на еден процент од населението во целата земја, што не е необично за држава во која еден од пет жители е роден надвор од државата.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања