„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Capture-16

Талат Џафери на средба со министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец кој престојува во официјална посета на Република Македонија.Претседателот Џафери се заблагодари за поддршката што Република Словенија ја дава за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Неговата посета во овој клучен момент за Република Македонија кога Амбасадата на Република Словенија станува контактна точка за НАТО, е уште една потврда за пријателството меѓу двете држави кое се негува со децении, истакна претседателот Џафери. Тој го информираше соговорникот за процесот на уставните измени и за реформските процеси во Собранието на Република Македонија во контекст на процесот на пристапување во НАТО и изрази надеж дека, најдоцна до почетокот на наредната година, земјата и официјално ќе биде триесеттата земја членка на НАТО.Министерот Ерјавец го изрази своето уверување за скорешното членство на Република Македонија во НАТО, што секако ќе придонесе за стабилноста во безбедносен аспект на државата, но и за стабилноста во економска смисла, со што ќе се овозможат поголеми перспективи за младите. Балканот сеуште не е стабилен, нагласи министерот Ерјавец, а членството на Република Македонија ќе биде позитивен сигнал во таа насока, иако потешкиот дел од работата доаѓа после членството во НАТО, кога ќе биде потребно да се преземат поголеми реформи и да се обезбеди соодветен процент од буџетот за одбраната, за што рече тој, Република Словенија стои на располагање да ги понуди сите свои ресурси и експертиза,.Соговорниците беа едногласни дека одличните билатерални односи, без отворени прашања, треба да бидат зајакнати во процесот на хармонизацијата со законодавството на ЕУ, како и во доменот на економијата, животната средина и другите области од заемен интерес, по принципот на научени лекции и добри практики во процесот на пристапување на Република Македонија за членство во Европската унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50026185_2004271792959216_8820072340017643520_n

(ВИДЕО) Додека лекарите кршеле лепче со паричка, пациентите чекале во ходник

За време на празникот Василица, додека пациентите чекале да бидат примени на преглед на одделението за ортопедија во болницата во Прилеп, докторите кршеле лепче со паричка, пишува Фокус.„Имаше околу 20-тина луѓе кои што чекаа преглед, а лекарите ги затвораа вратите. Не примаа луѓе ни со скршеници. На видео записот е родител на 15 годишно девојче. Ги молеше да им го извадат гипсот, бидејќи го носеше 15 дена плус од закажувањето на термин на вадење“, вели еден од пациентите.Во соопштението од директорот на прилепската болница, Драги Богојески се вели дека ова ова не е вистина и дека сите пациенти тој ден биле прегледани од доктор ортопед.видеото можете да го погледнете тука

Македонија | пред 7 години

7 год.
mobilen-telefon

Стартува новиот мобилен оператор во земјава со префикс (074) - без обврзувачки договор

Денес, на 22-риот роденден, кабелскиот оператор Телекабел го најави стартот на новата услуга - мобилна телефонија.Веста ја објави на социјалните мрежи Роби Телекабел, сопственикот на познатата кабловска телевизија која ќе оперира и во мобилната телефонија преку префиксот 074.Како што пишува сопствениот, ќе се нудат пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно. Пакетот од 300 денари нуди 200 минути кон сите мрежи и 1 гига интернет, тој од 500 денари нуди 10 гигабајти интернет и неограничени разговори, додека пакетот од 1500 денари нуди неограничени разговори и неограничен интернет во мобилната мрежа. Цената на смс пораките ќе биде 3 денари.https://www.facebook.com/telekabel/posts/2170025859728422Продажбата на пакетите започнува на 21 јануари, информира сопственикот на познатата комуникациска компанија.Инаку на денешен ден пред 22 години, беше направен првиот кабелски приклучок. Следуваа години на постојан развој, ширење на кабелската мрежа во 13 градови, старт на првиот кабелски интернет, фиксна телефонија, оптика до секој дом.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-sazdovski

Второобвинетиот за убиството на Саздо: Не сум виновен, во моментот кога застанавме пушев марихуана

Второобвинетиот Скендер Демири, во исказ пред судот на рочиштето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, рече дека не е виновен и дека не знае зошто воопшто застанале со возилото, бидејќи во моментот конзумирал марихуана.– Не сум крив, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме, изјави Демири, во исказ пред судот.Демири, во исказ пред судот, рече дека кога излегол од возилото видел како Јетон се упатува кон Бесир и Никола кои се туркале и го држел Бесир за да го оттргне. Во тој момент Никола се обидел да го удри Бесир, а како што кажа, тој влегол меѓу нив и се обидел да ги раздели.Објасни дека го потурнал Никола, на кого му се сплеткале нозете и паднал, а потоа паднал и тој самиот врз него. При падот се здобил со гребаница покрај десното око за која не знае дали му ја предизвикал Никола или самиот се повредил. Кажа дека не збележал дали Никола е во несвест зошто се уплашил од насобраните луѓе кои почнале да ги пцујат, туку само станал и почнал да бега, а пред него бегале и Јетон и Бесир.На прашање од одбраната, рече дека, најверојатно Никола лошо паднал и од тоа починал бидејќи од два три удари од Бесир не можел да почине, како и дека не се сеќава дали имало метален ормар на местото каде паднале со Никола.Демири, пред судот, кажа дека пет години консумирал марихуана, а поинтензивно во последните три, но дека не купувал бидејќи имал другари кои се занимавале со тоа и секогаш кога ќе им побарал му давале. Рече дека не е зависник од марихуана и оти консумира три цигари дневно со марихуана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шекеринска: Недели не делат од членството во НАТО

Македонија не очекува проблеми во процесот на пристапување кон НАТО, а според проценките на Владата, до седнувањето на заедничко столче со сојузниците не делат неколку недели.По средбата со нејзиниот словенечки колега Ерјавец во Скопје, министерката Шекеринска оптимист дека Грција ќе го исполни својот дел од договорот, по што ќе следува процедурата за прием на Македонија во НАТОПренесувајќи ја безрезевната словенечка поддршка за Македонија, Ерјавец потенцираше дека ја разбира жртвата што земјава ја дава на патот кон евроинтеграциите. Нагласи дека и Словенија пред 15 години морала да прави болни компромиси за влез во НАТО и ЕУ.Агендата на министерката Шекеринска денеска беше пополнета и со посетата на шефот на Бирото на националната гарда на САД. Генералот истакна дека со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе ја поздрават Македонија како најнова членка на НАТО.Американскиот генерал нагласи дека највисоките воени лидери на САД се свесни и благодарни за се поголемата воена способност на Македонија, што придонесува кон стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-9

Уништена големата авионска бомба која беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред неколку дена беше пронајдена при ископ на градежни работи во центарот на Скопје кај старата железничка станица.Бомбата по пронаоѓањето беше транспортирана до стариот пат кон скопско Батинци, по што е пренесена на воениот полигон Криволак каде денеска било извршено нејзиното уништување.Од ДЗС целат дека авионската бомба била тешка 250 килограми, нејзината ширина изнесувала 40 сантиметри, а должината 120 сантиметри. Се работи за досега најголемата експлозивна направа откриена на скопскиот регион.„Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија“, велат од ДЗС.Апелираат доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства.

Скопје | пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

Мицкоски бара вонредна состојба поради загадениот воздух

Во ситуација кога како држава се соочуваме со сериозни проблеми и порази, сменето име, идентитет, нелегално прогласена двојазичност, сиромаштија, имаме пресметка на власта со пазарџиите, но и пензии кои се кратат во однос на законски предвиденото, целата држава се соочува со уште еден значаен проблем, каде цената е здравјето на граѓаните, а тоа е проблемот со загадениот воздух.Проблемот е пресериозен и многу покомплексен од секојдневните дефокусирачки теми кои ги наметнува власта. А бледите чекори кои се превземаат се само маска да се покрие неспособноста. Последиците од несправувањето на власта со проблемот, се преполни болници, деца и повозрасни кои страдаат од респиратнорни заболувања, изгубено здравје. Загадениот воздух подразбира бавна смрт во кој се губат животи. Владата мора да дејствува. Се работи за здравјето на 2 милиони граѓани.Не сакам да се разбере ова мое обраќање како политизација на проблемот, туку напротив како вклучен аларм и краен апел институциите на власта да престанат со декларативните мерки, да започнат суштински да се справуваат со проблемот, веднаш и без одложување. Секој поминат ден без решавање на проблемот подразбира нарушено здравје и загубени животи.Нема оправдувања. Речиси две години се на власт, а ситуацијата не е подобрена. Ветуваа чист воздух, а добивме држава која е на првото, повторувам првото место по најзагаден воздух во светот. Ова подразбира дека сите мерки на институциите се неадекватни и несуштински, и преставуваат вистинско фијаско.Овој проблем не може да се реши со празни политички флоскули туку со целокупна мобилизација на стручниот и научен потенцијал на државата, како и барање помош од странски експерти и користење на нивното искуство со справување на ваков тип проблем. Одговорите и решенијата треба да ги даваат експерти, но и да се има политичка волја истите да се спроведат.Потребно е прогласување на вонредна состојба, за да се заштити здравјето на граѓаните. Владата да престане со празната демагогија и таа има обврска да го заштити здравјето на граѓаните преку спроведување на примарни и секундарни мерки предложени од научната јавност.Немојте да ја користите состојбата за политичка промоција бидејќи државата се соочува со катастрофа. За жал државата е заложник на лажните ветувања за чист воздух и неспособноста да се реши проблемот.Не ни требаат лаги какви кажуваше оваа влада дека ќе дошол животот и одеднаш воздухот ќе се прочистел. Тоа не само што не е така, туку е и доказ дека за политички поени си играат со здравјето на граѓаните. Потребно е дејствување бидејќи ситуацијата е пресериозна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mtv-2

Вработените во МРТВ се жалат на условите: Во рудник да не ставеа ќе беше подобро

Вработените во зградата на Македонската радио телевизија се жалат на лоши услови за работа, откако во објактот изби огромна поплава, а потоа лифтовите беа исклучени.Тие за „Скопје 1“ се жалат на лошата миризба која ја има во зградата, притоа, велат дека не е хумано да се качуваат и симнуваат од 20-ти кат, оти дел од нив имаат и здравствени проблеми. Надлежните неми на нивните укажувања, никој не презема одговорност, а очигледно нема ниту намера да ги поправи лифтовите.„Да работевме во рудник, ќе беше подобро“, искоментира вработена која екипата на „Скопје 1“ ја сретна во зградата на МРТВ.Вработените во зградата на МРТВ се жалат и поради тоа што не можат да ги одржат состаноците со нивните клиенти, поради тоа што лифтовите се дисфункционални, а тие работат на најгорните катови. Во објектот на Македонската телевизија се сместени повеќе јавни и државни претпријатија, администрација од повеќе области.Според неофицијални информации санирањето на дефектот може да потрае и повеќе од еден месец.

Скопје | пред 7 години

7 год.
50840587_2091133444263452_2525936718511603712_n

ЗНМ ја осудува заканата за убиство упатена кон Ацо Кабранов

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува вербалната закана за убиство упатена кон новинарите и уредникот на 1ТВ Ацо Кабранов од страна на бизнисменот Зоран Азманов.„Овие закани претставуваат брутално кршење на правата на новинарите и обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата. Бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Македонија активно да го следат овој инцидент во насока на брза разрешница. Само со строга санкција на нападите и заканите може да се спречи дополнително насилство кон новинарите.Повторно потсетуваме дека доколку граѓаните сметаат дека медиумите известуваат непрофесионално на располагање ги имаат Советот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика во медиумите. Медиумската саморегулација е најдобриот начин да се заштитат граѓаните од евентуално непрофесионално новинарство и непринципиелна работа на медиумите“, пишува во реакцијата на знм.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sazdo_komita-678x381-36jhagx7hzqhqehk62lszk

Бесир Беља: Го удрив 2-3 пати Никола Саздовски, не сакав да го убијам

По половина година молк во судницата одекнаа изјавите и на двајцата тепачи на Никола Саздовски Саздо, кој почина на скопките клиники. Бесир Беља жали за смртта. Не сакал да убие никого, и не тргнал со таква намера. Со обвинетите Секендер Демири и Јетон Лужа тргнале на кафе, а кружејки со „мерцедесот“ поминале покрај автобуската постројка во Автокоманда. Бесир пред судот рече дека застанал, бидејќи му се причинило дека ја видел неговата братучетка. Излегол да провери, а враќајки се назад им се сретнеле погледите со Саздо.„Го загледав сега покојниот и заклучив како да сака да ми направи нешто. Му пријдов и го прашав зошто ме гледа. Ме опцу, го опцув. Започнавме расправија. Го удрив 2-3 пати, и тој ме удри еднаш во слабианта, еднаш ме промаши. Тој тргна наназад, му се сплеткаа нозете и падна. Но, бидејќи се насобраа луѓе не видов дали удри во нешто, и дали падна во безоснание“, сведочеше Беља.Беља, на налетот прашања од адвокатите, судот и  таткото на Саздо,  рече дека го познавал од социјалните мрежи, но не и лично. Најмногу сомнеж во исказот на Беља имаше татко му на Саздо.Адвокатот на оштетеното семејство го спротистави Беља со претходните сведоци, кои сведочеа дека на заминување, Беља го удрил со нога во пределот на вратот.Види повеќе на Телма ТВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
azmanov-boki

Бизнисмен обвинува дека Боки 13 му барал рекет од 50 илјади евра, сопственикот на 1ТВ демантира

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ, тој вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50 000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција.„Јас никогаш не сум бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага, а ваму му даваат документи на Бојан Јовановски да ме рекетира. Финансиска полиција не смее да дава документи и доколку ги има треба мене да ме повика“, вели Азманов. Тој побара од институциите да испитаат кој е тој што на нелегален начин контактирал со Бојан Јовановски за да му ги даде документите. Никогаш не сум контактирал ниту еден судија, ниту обвинител, како што пишува во најавата за ‘Инсајдер’, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители, ниту контактирам со судии, посебно не во врска со градежништвото“, вели Азманов.Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрлил обвинувањата на Азманов дека му побарал рекет од 50 000 евра.„Каков рекет, какви 50 000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор“, изјавил Јовановски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-meso-960x540

Владата набавува месо за министрите од 40 илјади евра

Владата набавува свежо месо за скоро 2,5 милиони денари или скоро 40 илјади евра. За свежото месо кое ќе треба да го конзумираат министрите е распишан тендер, каде критериум за доделување е најниска цена.Во понудата, фирмата која ќе сака да конкурира треба да испорача јунешки бифтек, јунешки мускул, јунешка кртина, јунешки бут без коска, јунешки џигер, јунешко шкембе, јунешки ребра, кременадла. Од телешки производи министрите ќе јадат кременадли, бифтеци, ребра. Во владината кујна ќе се готви и свинска кременадла, свежо филе, свински врат и бут, заедно со јагне и цело прасе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Грчкиот парламент в четврток ќе гласа за Договорот од Преспа

Грчкиот парлемент в четврток ќе гласа за Договорот од Преспа. Одлуката е донесена на состанокот на претседателот на грчкиот парламент со неговите заменици. Партениците дебатата за Договорот ќе ја започнат в среда во 10 наутро, а истата ќе се затвори четврток навечер, најдоцна во 2 по полноќ. Тајмингот ќе зависи од пријавените пратеници за дебата. Собраниската процедура за усвојување на Договорот во Грција ќе стартува денеска со расправа во Комисијата за надворешни работи, која треба да заврши до утре. СИРИЗА и во неа обезбеди мнозинство откако Спирос Данелис по напуштањето на партијата Река не е сменет како член на Комисијата туку продолжува како независен партеник. Со тоа СИРИЗА има 28 од вкупно 55 гласа во Комисија за Договорот.Приближувањето на терминот на гласање за Договорот се повеќе ја вжештува политичката сцена во Грција. По распадот на пратеничката група на Независни Грци, денеска се распадна и пратеничката група на партијата Река, откако денеска уште двајца нејзини пратеници објавија дека ја напуштаат, поради несогласување со ставот на партијата околу Договорот за името. Со тоа бројот на пратеници на Река кои ќе гласаат за Договорот, но сега како независни пратеници се искачи на три. Се намали и пратеничката група на Движење за промена откако од неа е исклучен лидерот на Демократска левица, Танасис Теохаропулус, поради најавата дека тој ќе гласа за Договорот.

Свет | пред 7 години

7 год.
49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Клучна недела за евентуалните предвремени избори

До крајот на оваа недела би требало да биде појасно: дали оваа пролет, заедно со претседателските, ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Можен термин е 5 мај, денот кога се планира одржување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката треба да ја донесат владеачките партии и да и одговорат на ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно посочува дека избори на нов собраниски состав – мора да има. Во наредните денови, прашањето ќе биде разгледано во партиските органи на СДСМ, пишува Телма ТВ.Во владеачката СДСМ мислењата се поделени. Дел од раководните лица се согласуваат со меѓународните пријатели дека не е време за нови избори, туку за прикажување резултати од реформите во безбедносната, правосудната и економската сфера. Другиот дел објаснуваат дека реформскиот застој со кампањата за претседател треба да се прошири и да се искористи за добивање постабилно парламентарно мнозинство. Во ВМРО-ДПМНЕ  исто така се уверени во својот добар рејтинг, па прифаќаат задолжителната Пржинска Влада да има мандат од 50 или 60 наместо 100 дена. Доколку партиите се договорат, предвремените избори би требало да се распишат во првата половина на март.

Македонија | пред 7 години

7 год.
asdasdasd

Наумовски се сликал во автобус за да личи на светски лидер, јавноста вели дека изгледа како кловн

Опис на слика: (Лева страна) Градоначалникот на Ѓорче Петров се сликал во автобус; (Десна страна) Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превозДодека европските лидери со години одат на работа со велосипед, јавен превоз и пешки, градоначалникот на општина Ѓорче Петров денес се качи во автобус, но веројатно само за да се фотографира. Наумовски под фотографијата на која позира напиша „Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“.Герила акцијата која ја направи Наумовски според јавноста е смешна. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како може ова да се сфати како позитивен пример, кога Наумовски делува несериозно и позерски на фотошопираната фотографија. Јавноста се сомнева во тоа дека градоначалникот на Ѓорче Петров навистина се возел со јавен превоз, односно велат дека само се качил во автобус на ЈСП за да се фотографира и објави на социјалните мрежи.Фотографиите на светските лидери објавени на социјалните мрежи се спонтано фотографирани од страна на патници, медиуми, минувачи, а тие не позираат, како што е случајот со Наумовски.Погледнете дел од нив:[caption id="attachment_22094" align="alignnone" width="599"] Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз[/caption][caption id="attachment_22095" align="alignnone" width="600"] Ада Колау, градоначалничка на Барселона, се вози во подземна железница.[/caption][caption id="attachment_22096" align="alignnone" width="398"] Марк Руте, премиер на Холандија, на работа оди со велосипед.[/caption][caption id="attachment_22097" align="alignnone" width="600"] Со велосипед на работа оди и градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармен.[/caption]Наумовски во периодов е актуелен оти во буџетот предвидел повеќе пари за неговата плата. Во јавноста се правда дека тој нема да зема повеќе пари и дека буџетот е така искреиран во случај да се промени законот за плати. Според познавачите на оваа проблематика, теоријата на Наумовски не држи вода. Во ваков случај, Наумовски би требало да испроектира повеќе пари за капитални инвестиции, нови објекти, одржување на зелени површини, а не за повисока плата.Јавноста се шегуваше на негова сметка, па пишува „Можеби е разочаран што нема да зема поголема плата, па почнал да се вози со јавен превоз да заштеди некој денар“, „Човече, ако овој се вози во автобус, ја никогаш повеќе нема да се качам“, „Добро што е со кловновиве од градоначалници, овој сигурно се сликал во автобус зошо така му кажале од ПР секторот и ја утнал работата“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Намалување на цената за закуп и бесплатни спортски сали за лица со посебни потреби

Град Скопје предвидува измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје.„Преку дополнувањето на Одлуката, се овозможува бесплатно користење на спортските сали на установите во сопственост на Градот, за лицата со посебни потреби кои учествуваат во спортски активности организирани од сојузи, здруженија на граѓани, организации или друг облик на здружувања. Клучниот услов за да се овозможи ова е правните субјекти преку своите проекти, програми, активности или манифестации да бидат дел од Програмата за спорт и млади на Град Скопје.Покрај дополнувањето на Одлуката, Градот предвидува намалување на висината на почетната цена за закупнина на просторот што се дава во закуп со јавно наддавање. Наместо досегашните 0,5% по м2 од вредноста на недвижната ствар, се предлага минималната цена да изнесува 0,3% по м2 со што поевтинува услугата за закуп на недвижниот имот на Град Скопје за сите субјекти кои имаат потреба од нивно користење.Целта на предвидените измени и дополнувања на Одлуката е да им се овозможи на лицата со посебни потреби полесна достапност на спортските сали за одржување на спортски активности, но и да се поттикне спортот и спортската рекреација кај овие граѓани. Финансиското олеснување кое се предвидува и за почетната цена на закупот има за цел да им заштеди од буџетите на корисниците, да предизвика зголемена заинтересираност на граѓаните за користење на недвижностите со кои располага Градот и доближување на институциите кои се под надлежност на Град Скопје до граѓаните. На овој начин се олеснуваат условите за користење на градските институции од граѓаните и истите се ставаат во функција на нивните потреби.Измените и дополнувањата на Одлуката ќе бидат предложени на следната седница на Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода дел од Аеродром поради уличен дефект

Денес поради уличен дефект Ф-150мм. во висока зона на Бул.Јане Сандански бр18 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од Бул.Асном, Бул.Јане Сандански од бр.18 до бр.20 како и кула 7 и кула 9 висока зона до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

(Видео) Груевски на шопинг во Будимпешта

Вчеравечер Никола Груевски е снимен од страна на унгарските портали во трговски центар во Будимпешта. На видеото тој во раката носи хартиена кеса, па според тоа може да се заклучи дека бил на шопинг.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50866781_311526149481038_3263050838486024192_n-2

Вонреден инспекциски надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите во Аеродром

Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот.„При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат. Општина Аеродром ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи.Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sela

Алијанса за Албанците: Надлежните да го испитаат приватниот Универзитет на Рамиз Мерко

ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, кои што имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование (како што е случај и сегај) ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја, велат од Алијанса за Албанците.„Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот.Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци.Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања