ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
94-_45244979442_o

Владата ќе ја одржи 116-та редовна седница

Денешната, 116-та редовна седница на Владата на Република Македонија, ќе биде отворена со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи амбасадорот на оваа земја во Република Македонија, Стефан Горда.Седницата на Владата на РМ потоа ќе ја продолжи својата работа со повеќе точки на дневниот ред од Програмата за работа и од интерес на граѓаните, како што е донесувањето одлука во врска со Информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија“, што ќе ја презентира Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, на оваа седница на Владата ќе ја претстави својата Програма за работа и Финансиски план за 2019 година, а на предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата ќе ја разгледа Предлог - програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за оваа година.На денешната седница на Владата на РМ ќе биде расправано и за Информацијата за Програмата на Економски Реформи 2019-2021 година, на  Министерството за финансии.Генералниот секретаријат на Владата на РМ ќе ја предложи на усвојување Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, а на предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на седницата на Владата ќе се најдат Предлог-Годишната програма за заштита на природата за 2019 година, и Информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја неколку села во Скопје

Корисниците од селата Говрлево, Долно и Горно Соње, Чифлик, Св. Петка, Сопиште и Ракотинци денес од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ во местото викано Чупријан во село Батинци, општина Студеничани.Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
lazni-vesti

Разузнувач од АРМ контролирал сајтови за лажни вести, Русија не стои зад тоа

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.„Она што Русите го прават е кампања на амплификација. Користат лажни твитер налози или лажни ФБ профили. Се случувало да користат скриншотови од вакви сајтови или наслови. Но, не мислам дека работат за Русите, пред сѐ сакаат пари да заработат, а Русите ќе видат дека некоја статија е вирална и ќе помогнат да ја шират. Опортунистички. Не е дека Русите ги создаваат сториите или дека ги насочуваат во одреден правец, туку гледаат да посеат поделба. Поттикнуваат две спротивставени страни и потоа ќе организираат протести, и слично. Русите објавуваат и статии во полза на Хилари Клинтон. Луѓето мислат дека Русите му помагаа само на Трамп, но тоа не е точно, тие само сакаа поделба да создадат“, вели Схенк.Вработени во АРМ и полициски инспектор се дел од кумановската група која последниве години лесно заработуваат од отворање на нови сајтови и пласирање на лажни вести. Тимот на белгискиот истражувач Мартен Шенк покажа дека во случајот со Куманово не се работи за вештите тинејџери од Велес кои брзо дошле до лесна заработувачка пред претседателските избори во САД. Овој случај отвора и други безбедносни прашања во македонската армија и полиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Грција до четврток ќе треба да даде „амин“ на договорот

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент денеска во 10.30 часот по локално време ја продолжува расправата за нацрт законот според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот спор околу името со Македонија ќе трае четири дена.Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис ече дека ќе има доволно време за сите пратеници да ги изразат нивните ставови, бидејќи пленарната седница може да трае минимум 28 часа.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Внимателно возење, магла во Битола и на Стража, снег на П.Шапка, Ѓавато и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража. Слаб снег провејува на П.Шапка, Ѓавато и Буково кој во моментов не се задржува на коловозот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и температури од 2 до 5 степени.Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови од утре и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Промоција на филмот „Ти си Алеф“ со Игор Џамбазов утре во МОБ

На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет,  ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ , чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.Ти си Алеф е играно - документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по  патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму.Улогата на Алеф ја игра Игор Џамбазов. Посебен белег на вечерта се настани што го отсликуваат патот до Алеф: концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), понатаму ликовна изложба со мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар, хуманист), како и изложба на фотографии на тема: „Од пепелта до вистината со Алеф“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

(ФОТО) Власта најави бесплатен јавен превоз, ЈСП ги уклучи дел од апаратите

Поради големите концентрации на ПМ10 честичките во главниот град за време на викендот, беа преземени привремени мерки со цел нивно намалување.Една од мерките беше и бесплатен јавен превоз во текот на овие денови. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека апаратите за картички во дел од автобусите на ЈСП се вклучени и работат. Патниците се револтирани и коментираат дека е неодговорно надлежните вака да си играат со нив. Прашуваат кој ќе им ги надомести искуцаните возења. Тие велат дека во дел од автобусите работат апаратите, а во дел од нив не, па не знаат дали се уште важат мерките за бесплатен превоз."Ве известуваме дека и денес 21.01.2019 година, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. За прекин на важност на одлуката ќе бидете навремено известени", стои на веб страната на ЈСП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
htrrrr

Кекеновски: Крајно време е за расчистување и одговорност на судиите, обвинителите и останатите функционери

Професорот Кекеновски на својот Фејсбук профил напиша дека крајно време е за расчистување и одговорност на судиите, обвинителите и останатите функционери„Со завршувањето на ненародните измени на Уставот на РМ и со промената на името од страна на 80 послушници, како и со останатите дејствија кои ги пропуштија или одмолчеа надлежните правосудни и други институции јавно ги поставувам следниве прашања:Дали е потребно и понатаму да постои ова политизирно и недоследно СЈО кое се девалвира до крајни граници?Дали со вакво правосудство односно со вакви судии и обвинители можеме да го изодиме патот кон ЕУ?Дали со нашите одродени политичари кои повеќе мислат за својот џеб отколку за државата ќе си ја зачуваме државата“?Тој бара одговорност и најстроги казни за несовесно работење на судиите, обвинителите и одговорност на корумпираните и одродени политичари кои сеуште ја креираат политиката во Македонија.Граѓаните на РМ не заслужуваат да бидат сведоци на:Корумпирано судство и обвинителство и корумпирани политичари, недговорно судство и обвинителство и недоговорни политичари, политичко судство и судии аналфабети и Селективна правда“, пишува Кекеновски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
azmanov

МАН: Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите, клеветите и навредите

Македонската асоцијација на новинари најостро ги осудува заканите и неоснованите лаги кои јавно Зоран Азманов во континуитет ги шири по потреба за новинари, уредници и медиуми во Македонија.„Го повикуваме Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите клеветите и навредите кои денеска ги изрече на прес конференција.Ги повикуваме надлежните институции да се вклучат и да ги преземат сите мерки за заштита на новинарите и медиумите.Го потсетуваме Зоран Азманов дека медиумскиот сектор е строго регулиран, сите легални и регистрирани медиуми во Македонија, работат по строги европски правила и закони кои важат во Република Македонија“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева до Османи: Сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката Тања Каракамишева. На тоа професорката реагираше преку ствојот Фејсбук профил и му порача дека правилата на употреба на малцинските јазици во државите мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Му благодарам на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи што си го покажа своето вистинско лице нарекувајќи ме "деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалиционите партнери како да биде повлечен од Венецијанската комисија".Тој "деструктивен елемент" кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој нема да можете да го повлечете до 2020 година додека му трае мандатот во Комисијата.Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа. Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Тоа што Вие, г-дине Бујар сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот е проблем на Вашата партија, но не и на правната наука и експертската анализа.Како доктор по медицина, Вие Бујар очигледно немате поим за стандардите и правилата поврзани со употребата на малцинските јазици во светот.Токму затоа Вие немате никакво право да зборувате за правните правила, а уште помалку имате право да се мешате во работата на Комисијата и хипотетички да претпоставувате кој врз кого може да има влијание при донесувањето на одлуките.Г-дине Бујар, Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со Вашите финти и игри си ги создавате политичките добивки.Венецијанската комисија е сериозно експертско тело кое на темелен и аргументиран начин ги проценува и анализира правните акти.Вашиот коментар дека Комисијата ќе биде под влијание на моите "субјективни ставови" ја покажува вашата елементарна некултура и непознавање како функционираат институциите со кои за жал вие имате секојдневен контакт!И да, за ваквиот Ваш срамен јавен коментар ќе бидат информирани претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија за да се разуверат во Вашиот демократски капацитет“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
e4OsOsT06NZcZXZ3rqkfY83zXB5B390Kz8lmrtMI

Уништена авионската бомба што беше пронајдена кај старата железничка станица

„Согласно процената на пиротехничарите за најбезбедно уништување на неексплодираните убојни средства, авионската бомба во петокот на 18.01.2019 година беше успешно дислоцирана од местото (стар пат с. Батинци) во 14:45 часот.Истата се транспортира на воениот полигон Криволак каде денес беше извршено нејзино уништување. Авионската бомба имаше тежина од 250 кг, широчина 40 см и должина од 120 см. Дирекцијата за заштита и спасување постапи и ги презеде сите активности за уништување на неексплодираните убојни средства согласно процедурите.Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија.Доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, Веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства“, велат од ДЗС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50301911_861105720888059_4697401750200516608_n

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад

За време на извршувањето на своите секојдневни активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје неретко се изложени на разни видови ризици и опасности.„Во текот на денешниот ден, во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, нашите оперативци забележале шок-бомба. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи“, велат од ЈП „Комунална хигиена“. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
trajkovski-gruevski

Царинската управа покренува дисциплинска постапка против пријателот од Груевски?

Александар Трајковски, лицето кое го посети екс премиерот Никола Груевски во Будимпешта, инаку вработен во Царинската управа предмалку на социјалната мрежа фесбук објави дека денеска му бил доставен предлог за покренување на дисциплинска постапка.Трајковски на ФБ напиша:Денес околу 16:20 часот (работното време во Царинската управа е до 16:30 часот) до мене како вработен и официјално беше доставено она што пред неколку денови го кажав во изјава за дел од медиумите, односно предлог за покренување на дисциплинска постапка против мене како вработен во Царинската управа. Како што кажав пред неколку дена започна да се реализира една фингирана дисциплинска постапка во која се прекршуваат мноштво закони. Ме теретат дека сум постапил спротивно на Законот за Царинската управа односно дека сум извршил злоупотреба на боледување. Злоупотребата на боледување сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи) а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење.Оваа покрената постапка значи директен атак врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И конечно оваа постапка не значи ништо друго освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како Советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Како граѓанин на Република Македонија ми се кршат основните човекови права и слободи, ми се крши уставно загарантираното право на здравствена заштита како и можноста да се грижам за сопственото здравје онака како што јас мислам дека е потребно. И како граѓанин ќе поднесам соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.Како Советник избран од граѓаните на Општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните преставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно делување и носење на одлуки, напиша Трајовски на ФБ.https://www.facebook.com/1090575180/posts/10212875090887304/Инаку Царинската управа во декември месец 2018 годотвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта. Од Царина го испитуваат неговото отсуство од работа во Царинската управа.Истрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работните односи (член 81) и колективниот договор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tunte

(ФОТО) Томислав Тунтев скокна во езеро

Адетот за Водици го направи и екс пратеникот, сега директор на Агенција за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев. Како што објави на социјалната мрежа фејсбук, Тунтев се искапил во попладневните часови.Инаку Тунтев е охриѓанец и живее во старот дел на Охрид, во месноста Сараиште.

Македонија | пред 7 години

7 год.
luka-1

На малиот Лука му треба наша помош - отстрането му е едно око, да му помогнеме да го зачува другото!

Да бидеме хумани и да му помогнеме на малиот Лука кој се бори против ретка болест- тумор на очи.Семејството ги моли за помош сите хумани граѓани да помогнат, Лука да може повторно да гледа со едното око, бидејќи за жал, другото му е отстрането со цел да се спречи ширењето на болеста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorcev

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Владата на Зоран Заев и СДСМ апсолутно ги разочарува сите категории на граѓани, ги разочарува младите, ги разочарува старите, ги разочарува и вработените и невработените, истакна на денешната прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение интегралниот текст од прес конференцијата.Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари кои што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите.Секогаш кога СДСМ е на власт удира по пензионерите. После законските измени со кои што им забрани на пензионерите да работат на пазарите и да заработуваат дополнителни приходи, сега со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ повторно го намалува покачувањето кое што е законско покачување на пензиите.ПочитуваниСДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории на граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ.Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира.Уште еднаш пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи се анулира и се крати зголемувањето кое што требаше да го имаат пензионерите а кое што беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ. Сега СДСМ тоа го укинува.Удираат по младите, удираат по пензионерите, со поголемите даноци удираат по сите, по вработените, удираат и по невработените, удираат со зголемената цена на дизелот по земјоделците, нема категорија која што не е засегната.СДСМ повторно ја казнува онаа генерација на граѓани кои што останаа без работа за време на криминалната транзиција на СДСМ. Истите транзициони политичари, истата структура, истата гарнитура која што ги остави без нивните фабрики, без нивните работни места, сега ги остава со помали и помали пензии.Почитувани,Пензионерите заслужуваат поголемо внимание. Пензионерите заслужуваат зголемување на нивните пензии, како што младите заслужуваат шанса, повеќе вработувања, повеќе фабрики и повеќе инвестиции.Никој во Македонија не ја заслужува оваа најнеспособна гарнитура во историјата на Република Македонија.Уште еднаш бараме СДСМ да води грижа за пензионерите, бараме да останат истите законски решенија кои што важеа за пензионерите со ВМРО-ДПМНЕ, да си растат пензиите како што си растеа претходно затоа што сега на пензионерите им се анулираат и им се кратат законските зголемувања на пензиите кои што требаа да им се случуваат секоја година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49914655_230917804508441_932845288710733824_n

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ протуркаа четири членови на Оперативно-техничката агенција

Денес на Комисијата за изборите и именувањата каде се избираа членови на Советот за граѓански надзор на Оперативно-техничката агенција, владеачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ протурка четири членови од предвидените седум кои што треба да вршат надзор врз оваа агенција, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.„Имено, на огласот за пријавување за членови имасе 8 кандидати од кои тројца беа со непотполна документација и со самото тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како што е и логично бараа огласот да се поништи и да се распише нов.Иако на предходната седница сите пратенички групи, освен СДСМ беа согласни со овој предлог денес од страна на координаторот на ДУИ дојде предлог да се изврши парцијало гласање односно да бидат избрани само четири члена од предвидените седум.Намерата на СДСМ и ДУИ беше јасна со оглед на тоа дека предложените кандидати се добро познати на јавноста како учесници во шарената револуција и таканаречени експерти кои работат за интересите на СДСМ.Сакаме да дадеме до знаење на јавноста дека со изборот на овие четири членови на Советот, тој уште непочнат со работа го сметаме како крајно партиски, а не граѓански како што впрочем треба да биде.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за изборите и именувањата гласаа против овој штетен избор на членови и сакаме да дадеме до знаење дека владеачкото мнозинство го партизираше и овој Совет кој што треба да извршува една сериозна функција како што е надзор врз ОТА“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
majkrosoft-2

(ВИДЕО) Премерот Заев оствари средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји, Анке ден Ауден

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.На средбата беше заклучено дека соработката со оваа врвна и светски позната ИТ компанија ќе се продлабочува и во таа насока Мајкрософт претставува сериозен партнер на Република Македонија, особено во процесите на дигитална трансформација и обезбедување на сајбер безбедност. Беше разговарано да се работи на заедничка платформа којашто ќе опфаќа соработка на повеќе полиња, а целта што треба да се постигне е граѓаните да почувствуваат директни придобивки од дигитализацијата на одредени процеси и услуги.„Со нашето зачленување во НАТО се зголемува потребата, но и наша обврска е да работиме на зголемување на безбедноста и сигурноста на сајбер просторот. Во тој процес исклучително важна е помошта што Мајкрософт како водечка ИТ компанија во светски рамки може да и ја пружи на Република Македонија“ порача премиерот Заев.Премиерот Заев ги информираше генералната менаџерка и претставниците на компанијата Мајкрософт дека оваа година е планирано намалување на данокот од добивка за информатиката и информациони технологии од 10% на 3% и оцени дека оваа мерка заедно со нашето членство во НАТО ќе претставува доволен поттик за компании од ИТ секторот да ја препознаат Република Македонија како стабилна земја и долгорочна бизнис дестинација и да реализираат нови инвестиции во Република Македонија.Во таа насока премиерот Заев информираше и за финансиската поддршка предвидена преку Планот за економски раст за компаниите и за развој на нови иновативните проекти на младите луѓе. Целта е да се поттикне креативноста на младите луѓе да создаваат, да ги препознаат новите перспективи што се отвораат со членството на земјата во НАТО и да почувствуваат сигурност од државата и мотив да останат, живеат и работат во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Димитров: Со членството во НАТО, ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на земјата

На покана на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, денеска, Министерот Димитров учествуваше на панел дискусија насловена „НАТО - повеќе од Алијанса за стабилност и безбедност“, што се одржа во Собранието на Република Македонија.Настанот беше поддржан од Министерството за одбрана и Евро-Атлантскиот совет на Македонија, кој се одржува во рамките на официјалната посета на министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец.Во своето излагање на панелот, министерот Димитров ја акцентираше важноста од интеграцијата на земјата во Алијансата, како наша долгорочна стратешка цел и визија на многу македонски генерации, земјата да биде дел од големото европско и евро-атлантско семејство, безбедносно сигурна, економски просперитетна и политички стабилна.Во оваа прилика МНР Димитров, истакнувајќи ги придобивките од членството на земјата во Алијансата, го пренесе своето уверување дека со нашето членство во НАТО, дополнително ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на земјата, а ќе послужи и како позитивен пример во регионот, директно придонесувајќи за регионалната безбедност и стабилност: „ Членството во НАТО, покрај стабилност, предвидливост, сигурност, значи и семејство на вредности. Да се биде моќна држава не значи само да се има моќна армија, туку силна демократија и силни институции, кои ќе го насочуваат компасот во вистинскиот правец.”На панел дискусијата говореа и заменик претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, а се обратија и Министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец како и амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања