ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
davos-forum-1170x780

Kоја е целта на форумот во Давос и што ќе се случува таму?

Некои од најбогатите и најмоќни луѓе на светот ќе учествуват на Светскиот економски форум кој денес започнува во Давос. Но, која е целта на овој форум и што ќе се случува таму?Сè зпочнало во 1971 година како мала конференција посветена на управувањето. Основачот Клаус Шваб имал скромна цел – да ги запознае европските компании со американските техники на управување. Од таа почетна точка, Давос прерасна во годишно собирање на кое учествуваат околу три илјади елитни претставници од светот на бизнисот, финансиите, политиката и јавните работи. Мисијата на самиот Светски економски форум (WEF) е – „унапредување на состојбите во светот“.WEF се одржува во конференцискиот центар во срцето на Давос, мало скијачко одморалиште, каде делегатите слушаат говори, панел-дискусии и учествуваат на семинари. Освен тоа, во луксузните хотели во опкружувањето се случуваат и неофицијални и неформални средби меѓу припадниците на елитите, проследени од лобисти, експерти за односи со јавност и новинари.Во Давос доаѓаат и најмоќните политичари на светот. Оваа година домаќини меѓу останатите се и францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Тридо, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и многу други.Американските претседатели традиционално не учествуваат на овој настан, но оваа година Доналд Трамп ги изненади сите со својата одлука да се приклучи на собирот. Исто така, во Давос ќе се појават и Марк Бениоф од Salesforce, Карлос Госн од Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance и Сер Мартин Сорел од WPP. Токму овие делегати од светот на бизнисот најмногу плаќаат за самата конференција, затоа што годишното корпоративно членство чини меѓу 60.000 и 600.000 швајцарски франци.Освен нив, на WEF учествуваат и претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Обединетите нации, како и претседателите на националните банки.Во Давос доаѓаат и челниците на добротворни и невладини организации, трговски унии, угледни научници... Секоја година на конференцијата се појавуваат и претставници од светот на богатите и славните, за да додадат и малку гламур за пошироките маси. Оваа година во Давос доаѓа и актерката Кејт Бланшет како и музичарот Елтон Џон.На собирот ќе се расправа на теми како нееднаквоста, сиромаштијата, иновациите, технолошките промени, заштитата на околината и корпоративната општествена одговорност. Официјална главна тема на годинешниот собир е „Создавање заедничка иднина во поделениот свет“. Сепак, реалноста е таква што бројни светски челници не доаѓаат во Давос да разговараат за интеграција или заедништво, туку затоа што ова е совршена прилика за networking, чиј главен дел се случува во приватните соби за состаноци како и на забавите што се организираат во луксузните хотели.Освен тоа, владее и општа фама дека појавувањето во Давос е потврда за личниот статус, пишува „Индипендент“.Бројни политичари доаѓаат токму заради тоа, но и затоа што ова е и можност за обезбедување на инвестиции од големите играчи од приватниот сектор. Геополитичките цели исто така се едни од стожерните на средбата во Давос, за што сведочи и настанот од 1998 година, кога Грција и Турција ја потпишаа Декларацијата од Давос, која овозможи избегнување на војна меѓу овие две земји.И додека за некои WEF во Давос е прилика да се укаже на бројните социјални, економски и политички проблеми во светот, за неговите критичари, како што е поранешниот стратег на Трамп -  Стив Бенон, Давос претставува место каде светската елита кова заговор против најсиромашните слоеви од општеството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
star-avtobus

ЈСП пушти автобуси од пред 20 години во време кога важат мерки за намалување на аерозагадувањето

Додека граѓаните се гушат во енормно загадениот воздух, власта несериозно се однесува кон граѓаните.Иако локалната власт како една од мерките против загаденоста ја наговести бесплатно користење на јавен превоз, денеска од ЈСП наместо да пуштат нови автобуси, на некои линии се пуштени стари автобуси кои допринесуваат за загаденоста, пишува Курир.

Скопје | пред 7 години

7 год.
granica-carina

Царинската управа започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на возила

Царинската управа на Република Македонија започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли.„Проценката на вредноста на употребуваните моторни возила се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet, а не како досега со каталози во хартиена форма од постар датум.Царинењето на употребуваните моторни возила и понатаму ќе се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила и тоа:Во Царинарница Скопје (ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Блаце и ЦИ Тетово), во Царинарница Куманово (ЦИ Куманово и ЦИ Деве Баир), во Царинарница Штип (ЦИ Штип, ЦИ Делчево и ЦИ Велес), во Царинарница Гевгелија (ЦИ Гевгелија, ЦИ Кавадарци, ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село) и во Царинарница Битола (ЦИ Битола, ЦИ Меџитлија, ЦИ Прилеп, ЦИ Охрид и ЦИ Струга).Пребарувањето во електронскиот каталог ќе се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог. Пребарувањето ќе се врши исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот.На овој начин, со воведување на овој електронски систем на пребарување по број на шасија, пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила.При поднесување на царинска декларација за увоз на употребувани моторни возила нема да се наплаќа надоместок за пребарување во електронскиот каталог, односно ниту увозниците, ниту нивните застапници нема да поднесуваат барање за проценка на вредноста на употребувани моторни возила и нема да подлежат на никакви трошоци поврзани со пребарувањето во електронскиот каталог.Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија.Истовремено, престанува и досегашната обврска за задолжително фотографирање на секое употребувано моторно возило при неговото увозно царинење“, велат од Царинската управа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Herald-Koci

Хералд Кочи: Вистинскиот број на Албанци во Македонија е околу 15 отсто

Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа пописот во 2004 ми раскажуваа за наеднаш расцветаните албански села во “планините” кои со децении биле пусти. Ако се споредат резултатите од повеќе последователни пописи, очигледно е дека податоците се нагодувале. Ќе си дозволам да го наречам пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин”. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број на Албанците во Македонија изнесува околу 15 проценти – изјави во едно старо интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ” на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.Платформата од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент”, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави своевремено за Програмата „Гласот на народот” со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи.Кочи тогаш потенцираше дека ,,бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozari-1

Пожар во Битола, изгореа неколку простории

На 21.01.2019 година околу 06.30 часот во Битола на улица „Коле Лачето“ настанал пожар во помошна просторија, сопственост на З.П. и И.П.Од извршениот увид било утврдено дека од пожарот е оштетена печка на пелети со котел а целосно е изгорена и помошната просторија. Од пожарот оштетена е уште една просторија. Извршен е увид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кумановец кој се барал за издржување на казна затвор се обидел да излезе од Македонија

На 22.01.2019 година во 01,50 часот на Граничен премин Табановце, за влез во Р.Македонја се пријавил С.С.(32) од Куманово и при извршената пасошка контрола е констатирано дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година, за сторено кривично дело "тешка кражба" по член 236 став 1, а во врска со член 22 од КЗ.Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
heroin-111

Пронајдени хероин, марихуана и прашкаста материја кај тројца скопјани

На 21.01.2019 година околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Ципрас му откажал љубов на Заев

Првата официјална средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се случи лани ова време во Давос. Таа го постави правецот по кој изминатата година се одвиваа преговорите меѓу Македонија и Грција. Договорот од Преспа деновиве чека да се дигне последната „рампа“ - ратификацијата во грчкиот парламент.Утре во Давос патува македонскиот премиер Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектешки. Во рамки на самитот Заев ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.Во Давос, кој неминовно буди асоцијации за решавањето на долгогодишниот спор меѓу двете земји, што на меѓународен план се смета за вонсериски успех, годинава ќе го нема Ципрас. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

По објавата на „Скопје 1“ од ЈСП: Превозот е бесплатен, пријавете ако апаратот за наплата е вклучен

Автобускиот превоз во Скопје и денеска е бесплатен поради загадувањето на воздухот.„Одлуката, која е дел од мерките за намалување на загадувањето на воздухот и е на сила од 12 часот од неделата, 20 јануари, ќе важи сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена“, соопшти ЈСП.Од таму ги повикуваат граѓаните да пријават доколку во некој од автобусите е вклучено апаратчето за наплата.„Ве молиме да пријавите (гаражен број на возило, линија) доколку забележите случај на вклучен валидатор на режим за наплата, со оглед на тоа дека и покрај системско известување до возачите за штелување на валидаторите на ‘контрола режим’, регистрирани се инцидентни ситуации на непочитување на наредбата од страна на некои возачи“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1.trajanov-kabinet

Демократски сојуз: За демократизација на државата треба да се промени Изборниот законик

„Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата и демонтажа на "еднопартискиот систем", треба да се направи голем исчекор, а тоа е да се промени Изборниот законик, со кој ќе се определи Македонија да биде една изборна единица.Само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на битни одлуки за перспективите на државата.Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсира двете партии, ВМРО -Д0МНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.Демократскиот сојуз смета дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори.Демократскиот сојуз ги повикува сите помали партии заедно да се ангажираме и се избориме за фер услови за политички натпревар“, се вели во соопштениет на Демократски сојуз.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50280495_545016145966366_1008424579837722624_n

Активистите лути на Шилегов поради Вардариште, ќе спроведуваат акција

Активисти на здруженијата за заштита на животни, вчера од Вардариште ја зеле оваа кучка, која пред еден месец била донесена од заловувачите на кучиња, со малечки, но сите умреле во стационарот.Волонтерите со сопствени средства и пари од донации, ја однеле на ветеринар и сега се борат за нејзиниот живот.Лути се на градоначалникот Петре Шилегов, кој, велат, буквално ништо не направил за Вардариште и покрај многубројните ветувања.Прашуваат, што се случува во Вардариште со донациите,  храна, покривки, вакцини и други потребни средства за згрижување на кучињата, бидејќи од таму или ги вадат како живи скелети или не излегуваат живи.Секоја сабота, активисти одат во скопскиот стационар за бездомни кучиња, Вардариште, каде носат храна и кебиња.Но, потребни им се волонтери кои ќе им се придружат во акциите.„Секој кој сака да помогне на било каков начин дали со храна, лекови или ќебиња пишете ни. Ве очекуваме! Тие не имаат само нас, да не ги изневериме“, стои во повикот за акција од иницијативата за згрижување на бездомни кучиња „Daisy Family Rescue“.Тие изминатиов период ги посетуваат кучињата во стационарот и споделуваат фотографии од нив, со цел да ги мотивираат граѓаните да вдомуваат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana-novo

Велешанец под истрага поради продажба на дрога

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по Наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

Ја почитуваат ли Мијалков и Камчев мерката куќен притвор?

Додека се шири листата на бегалци по кои е распишана меѓународна потерница, полицијата редовно ги проверува поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, кои се во куќен притвор, осомничени во последниот случај на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“. Досега полицајците што отишле во нивните домови, на адресата каде што го издржуваат куќниот притвор, утврдиле дека двајцата ја почитуваат мерката и не излегуваат од дома. Специјалното јавно обвинителство редовно добива известувања од Министерството за внатрешни работи за спроведувањето на мерката и досега сите осомничени, кои околу новогодишните празници беа пуштени дома, се придржуваат на правилата.Од Специјалното јавно обвинителство велат дека интензивно работат на истрагата за овој случај за кој остануваат нешто повеќе од три месеци да се поднесе обвинение. Со оглед на тоа дека за кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена затворска казна од најмалку пет години, притворот може да трае шест месеци и во тој период СЈО треба да собере докази и да го поднесе обвинението. Случајот „Империја“ беше отворен во периодот кога поранешниот премиер Никола Груевски требаше да биде спроведен во затвор. Додека новинарите го чекаа него пред Шутка, во притвор заврши најбогатиот Македонец, Орце Камчев и четворица други негови соработници - Ненад Јосифовиќ, директор на Стопанска банка, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“, сопственикот на компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски и сметководителката на фирмите на Камчев, Зорица Арсовска. Сите се осомничени за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

Претседателка на ДОМ: Не е време за предвремени избори

Маја Морачанин е пратеничка во македонскиот парламент, а минатата година дојде на чело на ДОМ, единствената зелена партија во нашата земја. Спроти претседателските избори, Морачанин во интервју за „Независен весник“ порачува дека новиот претседател треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните, како и дека Македонија заслужува да добие и жена на оваа позиција. Како припадник на зелените, таа е убедена дека иднината на планетата и човештвото е во зелените политики. Македонија мора многу повеќе да вложува во заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.Г-ѓа Морачанин, каков е ставот на ДОМ за консензуалниот кандидат и како ќе настапите околу претседателските избори? Сметате ли дека е добро да има и парламентарни?- Во тек е внатрепартиска дебата околу настапот на ДОМ на претседателските избори, по која органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука. Досега не сме имале разговори со коалицискиот партнер и очекуваме наскоро да ни биде презентирана идејата за консензуален кандидат. Она што е клучно за ДОМ, е личниот и професионалниот интегритет на кандидатот или кандидатката за претседател. Тоа треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните и што ќе работи во интерес на сите граѓани, посветен на соработка со останатите држави и на евроатлантските интеграции на земјата. Исто така, за нас како зелена партија се многу важни ставот, посветеноста и разбирањето на заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.Во однос на предвремените парламентарни избори, сметам дека не е момент за тоа. Јуни ќе дојде набрзо и очекуваме да добиеме дефинитивен датум за почеток на преговори со ЕУ. За тоа е потребно да се реализираат реформите и мислам дека тоа треба да биде фокусот на Владата и Собранието.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
prasanja-zaev-angusev

Заев ги тестира Пендаровски, Димитров, Шекеринска и Спасовски

Оваа недела ќе имаме сериозни разговори, и во рамки на нашата партија и во рамки на владејачката коалиција околу тоа дали ќе одиме и на предвремени парламентарни избори, односно кој ќе биде нашиот кандидат за претседател на државата, порача вчера вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа вели дека, како човек кој има позиција и на „Бихаќска“ и на „Илинденска“, сака прво да ги соопшти своите ставови во партијата, а потоа и во медиумите, одговарајќи на прашањето дали е за вонредни избори и дали е заинтересирана да го наследи Ѓорѓе Иванов.„Сега целиот фокус е на она што го најавивме на почетокот на нашиот мандат, следните неколку недели да го реализираме тоа што го најавуваме и со тоа верувам дека на вистински начин ќе заслужиме поддршка на кои било избори. Не да зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера, и завчера, и изминатата година“, додава Шекеринска.„Скопското крило“ е за предвремени избориПремиерот Зоран Заев, по завршувањето на зимскиот одмор, од вчера ги презел работите во свои раце и почнал да ги координира активностите за следниот период. Извори од партијата брифираат дека внатре постои расположение да се удоволи барањето на опозицијата и да се распишат предвремени парламентарни избори, но оти најголем проблем биле заканите од меѓународните партнери дека во тој случај пропаѓа секоја шанса земјава да се фокусира на потребните реформи и да добие позитивна оценка во јуни за старт на преговорите за членство во Европската Унија. Несогласувањата со ДУИ кои, барем на хартија, цврсто ги бранеле позициите на Брисел и на Вашингтон, се проценува дека би се разрешиле и би се нашол заеднички јазик.Како поддржувачи на идејата да се стави на тест довербата на граѓаните кон владата и кон СДСМ, се споменуваат имињата на вицепремиерката Шекеринска, како и на министрите Рената Треневска-Дескоска и Дамјан Манчевски. Министерката за правда веќе јавно се изјасни дека треба да се оди на вонредни избори и оти тоа им го соопштила на сопартијците. Против „скопското крило“, наводно, ништо против нема ниту Заев, но тој сакал најпрво да се „договори“ со партнерите од ЕУ и од НАТО.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од денес поскапи цени за горива

Од денеска по полноќ поскапеа малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ за 3,5 денари.Со тоа, литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61,00 денар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63,00 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ  58,50 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cipras

„Вистината за преспанскиот договор“

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор и да се дознае вистината.„Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.Овој договор, нагласува Ципрас, е камен-темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција АНА.„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничките групи. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор“, рече Ципрас.

Свет | пред 7 години

7 год.
zagaden-vozduh

Загадениот воздух го зголемува ризикот од мозочен удар

Загадениот воздух го зголемува ризикот од мозочен удар. Потврдено е дека предизвикува промени во мозокот, проблеми во учењето и паметењето, дури и депресија. Им штети на бремените жени и фетусите. Го зголемува ризикот од срцев удар.Како да се заштитиме од загаден воздух?Веќе и умерено загадување на воздухот може ризикот од мозочен удар да го зголеми за третина. Американски научници од Браун Универзитетот ги проучувале медицинските податоци за 1.705 жени со просечно доба од 71 година и собраните резултати ги споредувале со информациите за степенот на загадување на воздухот.Во просек, ризикот за исхемиски мозочен удар бил 34% поголем во деновите кога е забележано умерено ниво на загаденост, отколку во деновите кога нивото било ниско.Истражувачите додаваат дека најизразено било влијанието од загадување предизвикано од сообраќајот.Студија на научници од Харвард покажала дека загадувањето на воздухот е можно да се поврзе со когнитивните способности кај лицата од постаро животно доба.Француски истражувачи предупредија дека дури и куса изложеност на загаден воздух може да го зголеми ризикот од срцев удар.Негативното влијание врз здравјето се проучува подолго време, а е утврдено:Тоа може да ја намали ефикасноста на инхалаторите што се користат за третирање на астма; долгорочна изложеност може да доведе до промени на мозокот и со самото тоа да резултира со потешкотии во учењето и паметењето. Освен што му штети на срцето и белите дробови, загадениот воздух е поврзан и со дијабетесот.Француските стручњаци од Универзитетот во Париз анализирале податоци од 34 студии за поврзаноста помеѓу краткорочната изложеност на загаден воздух (до седум дена) и последиците по здравјето. Попишаните загадувачи биле озонот, јаглеродниот моноксид, азотниот диоксид, слуфурниот диоксид и честичките, а сите освен озонот се поврзани со благо зголемен ризик од срцев удар.Овој додатен ризик е благ во однос на „класичните“ фактори на ризик за срцев удар-висок крвен притисок, пушење или шеќерна болест, но стручњаците нагласуваат дека е сеедно битен оти многу лица се изложени на загаден воздух.Која е причината за таквите резултати? Стручњаците понудија неколку објасненија:На пример, претходни студии покажале дека изложеноста на загаден воздух ги зголемува воспаленијата во нашиот организам кои се поврзано со ризикот од срцев удар. Исто така, изложеноста на загаден воздух може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвта да ја направи понаклонета на згрутчувања.Студијата е објавена во списанието Journal of the American Medical Association.Едно истражување на Универзитетот Охајо, пак, покажа дека долгорочното изложување на глувци на загаден воздух може да предизвика физички промени во мозокот, проблеми во учењето и паметењето, па дури и депресија. Глувците биле изложени или на филтриран или на загаден воздух 6 часа на ден, 5 пати неделно во период од 10 месеци, што претставува половина од животниот век на глушецот. Загадениот воздух се состоел од честички на материи кои се како оние што ги создаваат автомобилите, фабриките или прашината од околината. Честичките се ситни, со околу 1/30 од дебелината на просечно човечко влакно и можат да допрат длабоко во белите дробови или други органи во телото. Концентраицјата на честичките на кои биле изложени глувците е еквивалентна на онаа на која луѓето можат да бидат изложени во некои загадени урбани средини.По 10 месеци истражувачите спровеле бројни тестови со кои го испитувале однесувањето на животните. Во тестовите на учење и паметење глувците биле сместени во средина на осветлена кутија и имале две минути за да пронајдат излез кој води до темна кутија каде што се чувствуваат полагодно. Имале 5 дена време да откријат каде се наоѓа излезот. На глувците кои вдишувале загаден воздух им требало подолго време, а во дополнителни тестови исто така им требало повеќе време за да се присетат каде се наоѓа излезот.Во друг експеримент глувците изложени на загаден воздух биле подепресивни во однос на глувците кои вдишувале филтриран. Глувците кои вдишувале загаден воздух покажале повисоко ниво на анксиозно однесување во еден тест, додека во друг не.За да ги пронајдат одговорите како загадувањето на воздухот доведува до такви промени во учењето, паметењето и расположението, истражувачите го тестирале хипокампусот на глувчешкиот мозок. Резултатите покажале јазни физички разлики во него кај оние што биле изложени на загаден воздух во однос на оние кои не биле изложени.Во други студии е откриено дека хроничното изложување на загаден воздух води до распространување на воспалителни процеси во телото, што се поврзува со здравствените проблеми кои ја вклучуваат и депресијата. Таквите воспаленија се очигледни во хипокампусот. Хемиските преносници кои ги предизвикуваат (провоспалителните цитокинини) биле повеќе активни во хипокампусот на глувците кои вдишувале загаден воздух, одошто кај глувците кои вдишувале филтриран.Проблемот со бремените жени:Оплодената јајна станица и фетусот можат понекогаш да реагираат на отровите кои видливо негативно немаат влијание врз возрасните лица. Во раната бременост станиците на фетусот се посебно чувствителни поради брзото намножување и диференцијација во специфични органи и органски системи. Бројни научни истражувања сугерираат дека загадувањето на околината може на многу начини негативно да дејствува врз фетусот.Германски научници од Универзитетот во Хамбург утврдиле дека жените кои живеат во подрачја со високо ниво на загаденост просечно двојно почесто раѓаат близнаци. Зачестеноста на раѓање на близнаци била најголема кај жените кои живеат во близина на места каде што се согорува токсичен отпад. Научниците веруваат дека добиените резултати можат да се објаснат со влијанието на токсините врз нивото на женските хормони естроген и гонадотропин, кои влијаат врз процесот на формирање на јајните станици (естрогенско дејство).Научници од Центарот за детско здравје на американскиот универзитет Колумбија посматрале 60 новороденчиња во загадени квартови на Њујорк (Харлем, Вашингтон Хејтс и Саут Бронкс) и покажале дека ДНК на неродените деца може да биде оштетена дури и пред раѓањето ако нивните мајки вдишуваат загаден воздух. Во рамките на студијата се посматрани деца кои се изложувани на полицикличноароматски хипокарбонати, карциногени полутанти кои ја преминуваат плацентарната бариера, а во воздухот доаѓаат како продукти на согорување (градски сообраќај, греење, пушење…). Мајките непушачки пополнувале прашалници и носеле воздушни монитори во текот на последното тримесечје од бременоста. Се испитувала крвта од папокот на новороденчињата, со посебно внимание насочено на хромозомите кои носат ДНК.Забележани се просечно 4,7 неправилности на хромозомите на 1.000 бели крвни зрнца кај новороденчиња на мајки кои им припаѓале на групата со ниско ниво на изложеност, а 7,2 неправилности на 1.000 бели крвни зрнца кај новороденчиња од групата мајки со висока изложеност на загаден воздух.А како да се заштитиме од загадениот воздух?Тој е дефинитивно проблем пред сѐ за оние кои живеат во градовите. Главни виновници се озонот, јаглеродниот моноксид и штетните честички кои се наоѓаат во воздухот. Овие загадувачи ги надразнуваат белите дробови и дишниот систем, а можат да им ги влошат проблемите на лица со болести на дишниот систем, како што се астма, бронхитис или емфизем.Ако имате болест на срцето или белите дробови, лете би требало колку е можно повеќе да вежбате во затворен простор. Доколку морате да излезете, тоа нека биде наутро или приквечер, кога сонцето не е на својот врв и нивото на озонот е ниско.Штетните материи можат да предизвикаат воспаление на белите дробови, надразнетост на слузницата на дишните патишта. Процесот на дишење се зголемува и тоа станува потешко, а телото не прима доволно количество кислород.Јаглеродниот двооксид од тутунскиот дим и испуштените гасови од автомобилите: прекумерното количество на јаглероден двооксид може да предизвика главоболка, збунетост и зголемена телесна температура.Озонот, кој е голем дел смог, е резултат на интеракција на сонцето и хемикалии. Предизвикува отежнато дишење, лицето подлабоко и побрзо дише. Како резултат на тоа, вежбањето станува стресно и тешко.Еве неколку совети за заштита од загаден воздух:-немојте да трчате покрај пат по кој сообраќаат голем број камиони или автомобили;-надвор вежбајте исклучиво наутро или приквечер;-вежбајте во затворен простор колку е можно повеќе;-ако почувствувате каква било потешкотија во текот на дишењето, веднаш престанете со вежбање и посетете го својот доктор.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Процесот на деинституционализација дава резултати, веќе нема деца во Домот за деца без родители 11 Октомври

Започнатиот процес на деинституционализација од страна на Министерството за труд и социјална политика се спроведува успешно и дава сериозни резултати, велат од СДСМ.„Во Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, веќе нема сместено ниту едно дете. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства.Претходно, пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и сите се вклучени во редовниот образовен процес.До крајот на 2018 година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години денес тие се сместени во мали групни домови каде што добиваат 24 часовен надзор и им е пружена сета потребна поддршка.Досега, преку проектот за деинституционализација бројот на деца сместени во институции е намален за 60 отсто.Заложбите на владата предводена од СДСМ и надлежното министерство се до 2020 до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години кои ќе бидат сместени во институции.За таа цел процесот на деинституционализација продолжува и во следниот период“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
penzos

(ВИДЕО) Пензионер кој го насмеа целиот регион, има лек против грип

Во саботата во Загреб е снимен постар господин кој дава своја дефиниција за борба против грипот.„Не постои грип, 82 години никогаш не сум бил болен, ниту сум бил кај доктор. Срамота, пензинерите го уништија здравството. Ме боли раката, ме боли ногата, се ме боли - вежбај пи*ка ти матер“ изјави тој во анкета за N1 телевизија.Исто така тој додава дека секој ден вежба и дека никогаш не пиел апчиња во животот.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања