Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M
7 год.
Нема фотографија

Грчките медиуми ја потенцираат слабата излезност на референдумот

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македонија акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „ЗА“.„Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36.6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен:Гласот „ЗА“ договорот треба да се почитува“; „Референдум во ПЈРМ: „ДА “со 91 отсто, но без излезност“; „Браво од Ципрас за Заев за одлуката да продолжи со спроведување на договорот“; „Заев: За Преспа ќе одам во Собранието, ако не успеам ќе распишам избори“; се дел од насловите во грчките медиуми.Новинарите во Грција, детално ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер во однос на резултатот, изјавите на лидерот на ВМРО, но ги споменуваат и можните сценарија во однос на процесот на уставни промени, јавува дописничката на МИА од Атина.На референдумот гласаа над 650 илјади луѓе, а над 90 отсто гласаа „ЗА“, изјави во неделата вечерта, премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека народот направи важен избор и одлуката што ја донесе не беше лесна, но требаше да се донесе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од опширниот текст посветен на вчерашниот референдум.АНА-МПА, ги пренесува и изјавите на Христијан Мицковски, на Али Ахмети и на Талат Џафери, како и ставот од МОСТ.– Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, во неделата се обврза дека ќе продолжи да се стреми кон спроведување на Договорот од Преспа, барајќи гласање во Собранието за да се реши спорот со Грција за прашањето за името, и покрај тоа што излезноста на необврзувачкиот референдум во неделата не надмина 50 отсто од изборното тело, што е потребно за да се смета за валиден, пишува информативниот портал реал.гр што е онлајн издание на весникот „Реал њуз“.– Кусо по завршувањето на изборниот процес, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, говореше за победа на „ДА“ без да ја спомене малата излезност и додаде дека „волјата на граѓаните треба сите да ја почитуваат – пишува „Катимерини“.Грчките медиуми пренесуваат дека доколку не се постигне мнозинство во Собранието за уставните измени, тогаш ќе се распишат предвремени избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin

Растечките тензии на Балканот тема на разговорот меѓу Путин и Вучиќ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека растечките тензии на Балканот ќе бидат една од темите на претстојниот разговор меѓу рускиот и српскиот претседател, Владимир Путин и Александар Вучиќ, иако, додаде тој, посетата на српскиот претседател на Москва не е директно поврзана со ова прашање.„Средбата беше планирана пред неколку месеци, па затоа нејзината реализација не е поврзана со порастот на тензиите во регионот“, рече Песков во Москва, а пренесе агенцијата „Тасс“.Тој нагласи дека народите на двете земји ги поврзува заедничка историја, пријателски чувства и многу широки трговско-економски врски.„Се разбира, растечката тензија на Балканот ќе биде на дневен ред на разговорите кои, повторувам, беа испланирани пред неколку месеци“, истакна Песков.Вучиќ е во работна посета на Русија, а со Путин ќе разговара во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЕУ: Сега парламентот да ги почне следните чекори за спроведување на спогодбата

На 30 септември граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на својата земја. Во мирно и демократско гласање, мнозинството од оние што го остварија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за својот европски пат, се вели во заедничкото соопштение на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан за консултативниот референдум во Република Македонија.Парламентот сега ќе биде повикан да ги почне следните чекори за спроведување на спогодбата за името одлучувајќи да ги усвои уставните измени.Ова е историска можност не само за помирување во регионот, туку и за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската Унија. Сега сите политички и институционални актери треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички линии. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани, пишува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Со оваа одлука, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 – 75 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 67 денари за литар.Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,399 денари и новата цена ќе изнесува 35,750 денари за килограм.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crvenkovski11-696x462

Бранко Црвенкоски не гласал на референдумот

Поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски на гласачкото место 2809 се обидел да гласал со пасош, но го немало на избирачки список, известува набљудувачот на „Цивил“ – Центар за слобода.Црвенкосвки во разговор со набљудувачот на „Цивил“ рекол дека ќе се жали во Државната изборна комисија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вилијамсон: Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради Русите

Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради загриженоста за зголемената руска агресија во регионот, изјави денеска британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон.Тој рече дека британска Влада моментално прави „Стратегија за одбрана на Арктикот“ која предвидува распоредување стотици командоси во Норвешка следната година и создавање нова воена база.Според него, Русија повторно ги отворила старите бази од периодот на Советскиот сојуз кои не биле користени со години и ја зајакнала активноста на подморниците, што значи дека Британија мора да ги заштити своите интереси.Вилијамсон рече дека британските министри за загрижени дека „додека се топи мразот на Арктикот“, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да „заземе земја и таму да ја интензивира својата активност“.– Наши ловци „Посејдон“ ќе ги следат руските подморници. Тие ќе не штитат и ќе им помагаат на нашите НАТО сојузници. И ќе продолжиме да тренираме со нашите норвешки пријатели, со 800 кралски маринци. Мораме да покажеме дека сме подготвени да се соочиме со заканите, рече Вилијамсон.Во ноември, Британија ќе распореди 3.000 војници во Норвешка како дел од НАТО вежби.Тој додаде дека 2.000 млади ќе се тренираат и за борба против хакерски напади како дел од проект со национален центар за кибер безбедност.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот.„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се наведува во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија“, велат оттаму.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voda

Украл морска вода од Јадранското море, мора да плати 1.500 евра

Германец, кој овие денови бил на плажа во близина на Трст во својот камион натоварил 24.000 литри морска вода, е приведен од локалната полиција по дојава од граѓани. Тој е казнет со 1.549 евра, а „украденото“ море морал да го врати во заливот во Трст.Полициајта открила дека 48-годишниот германски државјанин кај населбата Баркола, близу дворецот Мирамаре во својот камион неовластено од Јадранското море испумпал 24.000 литри вода.Германецот при испитувањето признал во полиција дека морската вода сакал да ја превезе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три лица исчезнаа на грчкиот остров Евија

Реткиот медитерански ураган наречен Зорба, кој ја погоди Грција донесе силни ветришта и врнежи од дожд, а најмногу е погоден грчкиот остров Евија, каде што засега три лица се водат за исчезнати. Ситуацијата е критична и на јужниот полуостров Пелопонез.Агенцијата „Ројтерс“ објави дека грчката државна телевизија објавила дека на Евија исчезнати се еден млад човек и средовечна двојка, лицата се пријавени дека исчезнале од градот Мантуда, кој се наоѓа на островот.Во написите во медиумите се наведува дека службата за цивилна заштита почнала операција за пребарување и спасување на населението во најпогодените места.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери

Во Белград денеска почнува дводневен седми Самит на 100 бизнис лидери.На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго.На присутните преку панели ќе се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.Главна тема сае очекува да биде и како да се искористи четвртата индустриска револуција како отскочна даска и на тој начин да се направи „квантен“ скок до развиениот и глобално конкурентниот регион.

Свет | пред 7 години

7 год.
idioti

Заев и Ципрас синоќа разговарале телефонски

Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија за Договорот. Според нивната оценка, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам. Грција, како што се посочува, го почитува изборот на граѓаните од соседната земја. Сепак се додава дека ,според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат заемното разбирање меѓу народите. -„Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот. Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас синоќа по завршувањето на гласањето, имале телефонски разговор. Како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас го поддржал Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува академската 2018/2019 година

На универзитетите во Македонија денеска е првиот ден од академската 2018/2019 година, која согласно со новиот Закон за високото образование почнува на 1 октомври наместо на 15 септември.Првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  симболично ќе биде одбележан на Филозофскиот факултет каде што ќе се обрати ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sad

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот, со кои Македонија ќе го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот на Република Македонија на 30 септември, на кој граѓаните ја изразија својата поддршка за членство во НАТО и Европската Унија со прифаќање на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција.САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот, со што на Македонија ќе ѝ се дозволи да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ, придонесувајќи за регионалната стабилност, безбедност и просперитет, соопшти американскиот Стејт департмент.Со оглед на тоа што македонскиот парламент сега почнува да размислува за уставните измени, ги повикуваме водачите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен учесник во западните институции, вели Стејт департментот во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vanhaute1

Ванхојте: Не губете време и пари на нови избори, продолжете со работа

Честитки за многуте граѓани кои го поддржуваат Преспанскиот договор и нивната иднина во ЕУ, напиша на својот фејсбук профил Питер Ванхојте, поранешен посредник на ЕУ во процесот од Пржино.„Нема кворум за референдумот за промена на името на Македонија? Штета што од 2016 година, не се направени сериозни напори за детален преглед на регистарот на гласачи и за преиспитување на начинот како да се справи со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.За Владата: Ја повикувам Владата да не поднесе оставка, но да продолжи со работата, ова е ваша проклета должност! Не губете време и пари за предвремени избори, но  ангажирајте се во решавањето на многуте проблеми во вашата земја.Работа за подобрување на економијата, владеење на правото, здравствениот систем, образованието, … И не заборавајте: една загубена битка не значи дека сè е загубено. Да, прифатливо решение за прашањето за името е можно, врз основа на компромисот склучен со Грција – и се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одлагање. Одете на тоа!“ порача Ванхојте

Свет | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев: Ако нема двотретинско мнозинство избори во ноември

Ова е прилика да им се заблагодарам на сите граѓани, и на тие што гласаа и на тие што не гласаа.Упатувам благодарност и на членовите од вмро дпмне кои што и покрај притисоците излего на гласање.Граѓаните кажаа едно големо да, сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска Македонија граганите да ги следат процесот, и да работат за заедничка цел и да е одведеме нашата земја таму каде што припаѓа во еу и нато изјави на пресконференција премиерот Зоран Заев.Алтернатива за еу и нато нема, да не си играме со нашата иднина да ги ставиме националните интереси на и пред се. Ова е време кога заедништвото на политичките претставници е најбитно. Друга демократска алатка во спротивно која преостанува, се предвремени парламентарни избори.Мнозинство од излезените граѓани гласаа за, и немам намера да поднесам оставка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-392410

За Хан референдумот е успешен, повика пратениците да гласаат “за” договорот со Грција

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи во Брисел за исходот од референдум:– Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата – напиша Хан на Твитер.Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ДИК ги почасти пица присутните кои го следат референдумот

Вечерва во седиштето на Државната изборна комисија се присутни голем број на домашни и странски медиуми кои во текот на целиот ден ги исчекува резултатите од референдумот.ДИК одлучи да ги почасти медиумите, но и сите вработени со пица од позната скопска пицерија. Освен пица, присутните добија и кафе и вода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcko-mnr-860x672

Според грчкото МНР, Грција останува обврзана кон договорот од Преспа

Во соопштението се наведува дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“.„Резултатот од референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија, како консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „ЗА”, но без соодветна  излезеност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа Договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија“, соопштија од МНР.Од таму додаваат дека „климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од Договорот и го спречуваат взаемното разбирање меѓу народите.“„Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа“, се додава во соопштението.

Свет | пред 7 години

7 год.
timthumb

За Каменос референдумот е неважечки поради малиот одѕив

Денес на Твитер, грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, напиша дека референдумот во „ФИРОМ“  е „неважечки“ поради малиот одѕив.Лидерот на партијата Независни Грци (АНЕЛ) изјави дека неговата партија никогаш не би гласала за ратификација на Преспанскиот договор.Според последните резултати од ДИК излезеноста на референдумот беше 453 954 односно 35,76%.

Свет | пред 7 години

7 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Талат Џафери: Денеска не гласав, моето име го немаше на избирачкиот список

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги искажа своите импресии по референдумот одржан денеска во Македонија. Првиот човек на Собранието не гласаше на референдумот поради тоа што неговото име го немало на избирачкиот список.„Не можев да го искористам демократското право, моето име не беше на избирачкиот список. Се надевам дека се работи за изолиран случај, и дека немало други вакви случаи“, изјави Џафери.Тој истакна дека референдумот ќе биде основ за идните процеси кои ја очекуваат земјата во идниот период.„Граѓаните денеска со референдумот ги поставија темелите на иднината на Македонија. Се надевам дека ова е една подобра иднина и овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период. На крај дозволете ни да им честитам на граѓаните за овој значаен ден“, рече Џафери.tv21.mk

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања