„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
policija-2-1

Исчезна 14-годишно девојче од Битола

На 05.01.2019 година во 16,05 часот во СВР-Битола, С. А. (49) од Битола  пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А. М. (14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi-talad

Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод Божик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод Божик.„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на сите верници од православна исповед да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Божиќ и да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и задоволни, со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба за Вас почитувани граѓани и за модерна и европска Република Македонија“, се вели во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kire-lazarov-1

Кире Лазаров со пријателите од "Форца" однесоа поклони за дечињата на одделот за онкологија

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата , посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди. Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години , секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од " Форца“, објави Факултети.мкПри посетата Лазаров им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз.Дел од дечињата беа заминати за празниците дома, нивните подароци од Кире и " Форца" медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.извор: Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Охриѓанка на куќна слава била физички нападната, ја удриле со шише

Ноќеска, во 03:40 часот по полноќ, во Полициската станица во Охрид, 25-годишната В.Н. од Охрид пријавила дека околу 03:00 часот, додека била на домашна прослава во домот на лицето Н.Л., била физички нападната од 23-годишниот С.К., кој ја удрил со шише.– Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMGP1383

Земните охриски ангелчиња ја пееја „Вечниот бог“, ја донесоа радосната вест

Со ѕвезди, ѕвончиња најмладите охриѓанчиња ја ширеа радосната вест за Христос. Годнава по шести пат се одржа Бадниковата поворка. Околу 500 дечиња од Охрид, Дебрца и Велгошти денеска ја пееја песната „Вечниот бог” од црквата Св.Ѓорѓиј,  движејќи се низ централното градско подрачје пристигнаа на  Градскиот плоштад каде беа пречекани и дарувани со пакетчиња од в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Потоа продолжија кон црквата „Света Богородица” во Каменско, каде со ручек ќе ја завршат поворката.-Традицијата и обичаите се дел од културата на секој народ, па така и на македонскиот. Денеска го прзануваме Бадник, ден пред Христовото раѓање. Овие дечиња кои со насмевка и со полни срца радост ни го најавија Христовото раѓање се синоним на традицијата и обичаите, изјави Георгиески.Од Организацискиот одбор  велат дека вложиле многу љубов во овој настан, кој од година во година е се помасовен.-После шест години години вложувајќи многу љубов во овој настан, годинава успеавме да го достигнеме рекодниот број од над 500 деца учесници. Се надеваме дека бројката ќе се зголемува од година во година. Што повеќе деца, толку поголема е радоста, истакна Летка Филиповска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
misel-2

Хуманоста треба да ја имаш во душата, семејството на адвокатот Наумоски израдува 20 семејства, им подели ваучери

„Сите треба да го почуствуваат празникот, Божик е голем празник. Душа ме боли кога гледам дека има семејства кои неможат да си дозволат ништо за овој ден“, раскажува познатиот адвокат Мишел Наумоски, кој традиционално и годинава се сети на помалку имошните.Хуманоста не се стекнува, треба да ја имаш од раѓање. Семејството Наумоски се едни од охридските семејства кои традиционално пред Божик, а во чест на нивната слава Св. Наум која се слави ден пред Бадник помагаат онаму каде што треба.Денеска поделија ваучери на 20 семејства. Адвокатот вели дека се обраќаат во црквата од каде добиваат список на семејства на кои им е итно потребна помош.„Помагаме онолку колку можеме, дај боже со оваа наша инцијатива, да потикнеме и други да се влучат во вакви акции“, вели адвокатот Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
misel-2

(ВИДЕО) Хуманоста треба да ја имаш во душата, семејството на адвокатот Наумоски израдува 20 тина охридски семејства

„Сите треба да го почуствуваат празникот, Божик е голем празник. Душа ме боли кога гледам дека има семејства кои неможат да си дозволат ништо за овој ден“, раскажува познатиот адвокат Мишел Наумоски, кој традиционално и годинава се сети на помалку имотните.Хуманоста не се стекнува, треба да ја имаш од раѓање. Семејството Наумоски се едни од охридските семејства кои традиционално пред Божик, а во чест на нивната слава Св. Наум која се слави ден пред Бадник помагаат онаму каде што треба.Денеска поделија ваучери на 20 тина семејства. Адвокатот вели дека се обраќаат во црквата од каде добиваат список на семејства на кои им е итно потребна помош.„Помагаме онолку колку можеме, дај боже со оваа наша инцијатива, да потикнеме и други да се влучат во вакви акции“, вели адвокатот Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oro-bugarija

(ВИДЕО) Различни обичаи за Бадник - Во Бугарија се заигра оро во замрзната река

Илјадници православни верници во Бугарија денес пливаат во ладните реки и езера по чесниот крст, пренесува агенцијата „Тајуг“. Облечени во свечена облека со традиционален вез во Бугарија од рано утрово се слави Богојавление или по тамошно Јордановден.Традиционаното „машко оро“ со тапани и песни се играше во студените и замрзнати води на реката Тунџа во Калофер Ова орово Калофер е уникатно и се игра само во градот повеќе од 100 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Охрид жена нападната од домашни кучиња на сограѓанин, нападнат и тој што и помогнал

Кучиња на охриѓанец тешко повредиле жена, а потоа и човек кој сакал да ѝ помогне.На улицата „7 ноември“ во Охрид, во попладневните часови на 05 јануари, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња во сопственост на 38-годишен сограѓанин.„Притоа, друго лице се обидело да и помогне на жената, но и тоа било нападнато. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Општата болница во Охрид“ изјави портапролот на СВР Стефан Димоски.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против сопственикот на кучињата кои биле од силна раса која може да биде исклучително опасна доколку агресивно се одгледува, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pentagon

Трета оставка на висок функционер во Пентагон

Кевин Свини, шеф на персоналот на Пентагон, поднесе оставка само неколку недели откако од функцијата се повлече министерот за одбрана, Џим Матис.“По две години во Пентагон, решив дека е вистинско време да се вратам на приватниот сектор”, вели Свини, кој стапи на функцијата во јануари 2017 година.Американските медиуми објавуваат дека оставката на министерот Матис следуваше по ненадејната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги повлече сите војници од Сирија, како и половина од 14-тте илјади војници распоредени во Авганистан.

Свет | пред 7 години

7 год.
Georgievski

Божикна честитка од в.д градоначалникот на Охрид Георгиески

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, в.д. градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.- Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да се почитуваме меѓусебно и заедно да работиме за подобар град. Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности. Тоа е празник на радоста и достоинството. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници и со нашите семејства. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ.Христос се роди!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Badnik1

Коледарчињата традиционално и во домот на претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, денеска домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ" од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓањеСопругата на македонскиот претседател, г-ѓа Маја Иванова, од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.[caption id="attachment_19242" align="alignnone" width="640"]  [/caption]„Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Св. Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина" истакна г-ѓа Иванова и додаде дека честитајќи го Божиќ посакува Христовата светлина да влезе во секој христијански дом и да го осветлува патот на слогата, на радоста, на љубовта и на успесите.Сопругата на претседател на Република Македонија, г-ѓа Иванова, изјави дека семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.[caption id="attachment_19243" align="alignnone" width="800"]  [/caption]„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната „Вечниот бог" ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот", рече г-ѓа Маја Иванова.Децата учесници во бадникарските поворки ја пеат песната „Вечниот Бог" и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Со божиќната каланда (песна) „Вечниот Бог" се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог" потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vakcini

(ВИДЕО) Новата влада на Италија ММР вакцината ја прогласи за штетна, кај нас граѓаните се плашат од исправноста на вакцините и аутизам?

Италијанската влада ги смени сите членови на Советодавниот одбор за здравство откако утврди дека задолжителните детски вакцини (MMR/TDAP) го уништуваат имунитетот на било која од шесте болести!Министерот за здравство на Италија , Џулија Грило, ги отстранила сите 30 членови на Советот за повеќе здравје, во понеделникот, тврдејќи дека е време „да се има нов простор”, објавил Гардијан. Советот е најистакнато тело на техничко-научни експерти во земјата, кои ја советуваат владата за здравствената политика.Не можете да пронајдете легитимен MSM извештај за оваа тема. Наместо тоа, сите извештаи се за клевета, Италијанците ги нарекуваат глупави, назадни, “завера”, “против вистинската наука” …. Тие мора да го напишат тоа, бидејќи еугенските програми се едно од нивното најголемо богатство, со внимателно поставени, целосно компромитирани луѓе, кои со стравопочит од сите клучни позиции ги држат своите шепи на измамата и кои без никакви проблеми дозволуваат уништување на нашите деца. Италија прва го срушила целиот срам со вакцината. Италија не е Зимбабве или Хрватска, тие се очигледно првата земја во светот која зборува со авторитет.И во Македонја се крена голема прашина, откако министртвото за здравство кажа дека децата кои не примиле вакцина против морбили, нема да можат да одат во градинка и во училиште, и покрај тоа што образованието е задолжително во Р Македонија.Граѓаните својот револт за присилна вакцинација го изразуваат на социјалните мрежи каде постираат видеа ивештаи преку кои сакаат да ја докажат за штетноста на вакцините.На интернет има многу видеа преку кои се тврди дека штатноста на вкцините е признаена од судовите. Постираат и докази дека вакцината предизвикува аутизам.  

Коментари | пред 7 години

7 год.
prestrelka

Полицајци добиле пријава за семејно насилство, па биле физички нападнати

На 06.01.2019 година во 00 часот  при преземање на службени дејствија по пријавен настан „поплака и семејно насилство“ полициски службеник бил физички нападнат од Ј. О. (21) од Гостивар. Ј.О. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
puska

Маж погоден со куршум при лов

На 05.01.2019 година околу 11.00 од страна на лекар во Итна медицинска помош  во Демир Хисар пријавено е дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од с.Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.По негово кажување, со повредата се здобил во с.Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52)  од с.Обедник.Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во куќа во Скопје поради заборавен вклучен шпорет

На 05.01.2019 година околу 23.55 часот во Скопје на ул.“Ѓорги Поп Христов“ настанал пожар на првиот кат од куќата на С. С. (72).Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М.им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Маж кој бил на стоп-листа на МВР се обидел да излезе од Македонија

На 05.01.2019 година во 17,45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од  Република Македонија,  при контрола  на К. Б. (25) од с.Долно Палчиште -Боговиње, било утврдено дека евидира на стоп-листа и е предмет на потрага.К.Б. е лишен од слобода и предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Франција во пламен, евакуиран државниот секретар

Портпаролот на владата и државниот секретар во кабинетот на премиерот Бенџамин Гриву биле итно евакуирани откако 15 демонстранти насилно влегле во просторот на Министерството.https://twitter.com/BrebsomClaude/status/1081633574061776897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081633574061776897&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021503-francuska-u-plamenu-drzavni-sekretar-hitno-evakuisan-citava-zemlja-je-blokirana-a-centar-kana-je-u-vatri-fotoСе уште нема информации дали се работи за „Жолтите елеци“ или некои други. Демонстрантите влегле во Министерството и се упатиле кон автомобилите.Евакуирани биле портпаролот, како и државниот секретар со своите најблиски соработници. Опозцијата ги повика министерот и владата конечно да ја смират ситуацијата, бидејќи земјата е блокирана, а секој нов ден и носи штета на економијата на Франција.Ситуацијата посебно ескалираше во Кан, каде во центарот на градот беше запален оган.Вчерашниот протест на „Жолтите елеци“ започна мирно, ноподоца ресторан на брод кој се наоѓа на леватта стрна на Сена изгоре, а исто така повеќе возила беа превртени и запалени.

Свет | пред 7 години

7 год.
untitled-620x350

(ВИДЕО) Демонстрант во Париз го истепа полицаецот кој фрлаше солзавец

Демонстрациите на „Жолтите елеци“ во Париз вчера се заострија. Полицијата фрлаше слзавец на демонстрантите, откако претходно тие фрлаа со разни предмети кон нив.Најголем хит на социјалните мрежи стана видео снимката на која еден од демонтрантите жестоко му возврати на полицаецот. На видеото може да се забележи како мажот, кој по начинот на кој удира изгледа на професионален боксер, го натера полицаецот да се повлече. Полицаецот се обиде со штитот да се заштити од силните удари, но не успеа.https://twitter.com/deutsch365/status/1081589628908589056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081589628908589056&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021495-demonstrant-u-parizu-goloruk-prebio-policajca-koji-je-bacao-suzavac-pesnicama-je-kosio-sve-pred-sobom-svi-iz-zandarmerije-pobegli-videoФранцуските медиуми известуваат дека на вчерашниот протест на „Жолтите елеци“ имало многу помалку демонстранти за разлика од оние кои се одржаа минатите месеци.  

Свет | пред 7 години

7 год.
ivanov

Честитка од Иванов до поглаварот на МПЦ: „Кога се поздравуваме со радосните зборови – Христос се роди – да се потсетиме дека со Христос се роди и надежта за спасението на човештвото

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.Ваше Блаженство,Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник, Рожденството Христово – Божиќ.На првиот Божиќ, семоќниот Бог стана човек и се изедначи со беспомошните луѓе. Господ Исус Христос се роди на маргините на општеството, во обесправено и прогонето семејство кое таа вечер немало ниту свој дом. Оттука, Божиќ е израз на Божјата солидарност со луѓето. Како дел од неговата земна мисија, Тој ги исцели болните, им помогна на сиромашните, им посвети внимание на заборавените, им даде достоинство на отфрлените, надеж на безнадежните и им понуди откупителна љубов и простување на сите. Христос ги рушеше човечките бариери што ги делеа луѓето на богати и сиромашни, слободни и неслободни, вредни и помалку вредни, создавајќи духовно променети луѓе кои го менуваат духот на општеството. Нам во Република Македонија ни е неопходно обновување на духот на солидарноста и на социјалната правда.Затоа, кога се поздравуваме со радосните зборови – Христос се роди – да се потсетиме дека со Христос се роди и надежта за спасението на човештвото преку промената на човековото срце. Со променето срце да го празнуваме Божиќ, имајќи љубов за нашите семејства и пријатели, почит за нашите соседи и сограѓани и солидарност за сите луѓе. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите верници им посакувам домови исполнети со мир и радост.Христос се роди!Навистина се роди!д-р Ѓорге Иванов

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања