„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
svadba-kral

Се ожени со руска мисица и се откажа од кралството - Малезискиот крал абдицираше

Малезискиот крал Мухамед Петти денеска абдицираше, што е првпат монарх во оваа земја да се повлече од тронот пред истекот на петгодишниот мандат. Кралската абдикација стапува на сила веднаш, соопшти Националната палата.Кралската иднина била предмет на шпекулации во јавноста недели наназад, откако тој во месец ноември зел „боловање“.На должност требало да се врати на почетокот на оваа недела, но наместо тоа, од палатата пристигна соопштение дека кралот абдицира.Малезија е монархија со многу необичен систем на избор на крал. Тој се бира на пет години, а изборот се прави помеѓу 9 мина малезиски владетели и тоа на база на ротација.Мухамед Петти е прв монарх кој што абдицира откако оваа муслиманска земја добила независност од Велика Британија во 1957 год.Кралот сепак останува влдетел во својата земја каде што е султан.За време на своето „медицинско боловање“, Мухамед Петти, се оженил со убавицата Оксана, кој бил Мисс на Москва во 2015 год.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жолтите елеци се судрија со полицијата

Француската полиција во судир со „Жолтите елеци“ во Париз употреби солзавец, објавуваат медиумите, но првиот протест во оваа година изгледаше многу послабо за разлика од оние во ноември и декември.Демонстрантите се собраа во 14 часот на плоштадот пред градското собрание на Париз, пред да се упатат кон Националното собрание, при што беа блокирани на кејот на Сена. Тие фрлаа разни предмети кон полицијата, па поради тоа таа употреби солзавец, велат француските медиуми.На првиот протест на Жолтите елеци во седината на ноември во Франција искочија повеќе од  од 280.000 луѓе, на следните протести околу 100 лица беа приведени, десет луѓе го загубија животот, а голем број беа и повредени во судирот со полицијата. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Жена која 14 години e во кома родила бебе

Жена која 14 години била во кома и престојувала во болница во Феникс во САД, родила бебе.Властите покренале истраг со цел да утврдат како жената забременила.Бебето е родено на 29 декември, а докторитe тврдат дека немале информации дека жената е бемена. 

Свет | пред 7 години

7 год.
ubistvo-zadar

Ја убил својата сестра, нејзиниот син и уште една жена, па се самоубил

Во градот Шукошан, во бизина н Задар, денеска се случило тројно убиство и на крај мртов е пронајден и убиецот.Маж со ладно оружје ја убил својата сестра, нејзиниот постар син и уште една жена, која живеела со нив во куќата, неофицијално свекрвата.Полицијата го барала убиецот мислејќи дека е во бегство, но набрзо го нашла мртов во близина на местото на убиството. Како што пренесуваат локалните медиуми, тој сам си го одзел животот.Неофицијално причина за овие убиства се нерасчистени имотно - правни односи. Убиството се случило денеска околу 07:00 часот , но за настанот се разбрало дури попладнево.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin-1

Путин ја посети Детската болница во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин денес по повод големиот христијански празник Божик ја посети Детската болница во Санкт Петербург.Во детската болница моментално се хоспитализирани околу 250 деца.Детската болница е отворена во 2006 година и предвидува нега за деца од три месеци до 18 години. 

Свет | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Иран

Најмалку 31 лице се повредени во земјотрес кој го погоди западен Иран, во близина на границата со Ирак.Според информациите, најголем дел од нив се со полесни повреди. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени по Рихтер.Портпаролот на иранските служби за вонредни ситуации изјави дека 29 лица од повредените се пуштени од болница откако им е укажана помош.Во земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој во ноември минатата година го погоди западниот дел на Иран повредени беа повеќе од 700 лица. 

Свет | пред 7 години

7 год.
920541_573957962634478_1877160628_o

Прв пат откако има семејство на Жерновски му се падна паричката за Бадник

Заменик министерот за внатершни работи, Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил објави фотографија од бадниковата трпеза под која напиша дека за прв пат по 18 години му се паднала паричката.„Првпат откако основав семејство и го прекршувам празничното лепче (на почетокот на четири, подоцна на шест дела), мене ми се падна паричката.Првпат по 18 години !!!И зошто па да кријам дека сум среќен“, напиша тој на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер ја погоди Индонезија само неколку дена откако одрони и смртоносно цунами однесоа повеќе од 430 животи, а најмалку 1500 беа повредени или се водат како исчезнати.Епицентарот бил во северозападните делови, а се уште нема податоци за настанати штети. За сега нема предупредување за цунами. 

Свет | пред 7 години

7 год.
vakcina

Министерство за здравство: До 19 часот вакцинирани се 21 дете

„Денеска до 19:00 часот вакцинирано е 21 дете со МРП вакцина. Или досега, вакцинирани се вкупно 1079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре (07.01.2019 година) ќе работат прва смена од 07:30 до 13:00 часот“, се вели во соопштението од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Расте бројот на жртвите во Грција од студениoт бран

Расте бројот на жртвите во Грција која беше погодена од студен бран проследен со силни снежни врнежи.Пронајдени се двајца мажи по кои се трагаше. Тие се на возраст од 67 и 64 години.Претходно сопругата на 67-годишниот маж беше пронајдена мртва во околината на Атиа.„Телото на 60-годишната жена е пронајдено во автомобил кој се превртил во регионот Кератеа кој се наоѓа на оддалеченост од 45 километри југоисточно од Атина. Полицијата е во потрага по двајцата мажи кои биле во автомобилот“, пренесоа вчера Грчките медиуми.Според информациите 64-годишниот маж им понудил на брачниот пар да ги однесе до продавница.Метеоролозите за утре предвидуваат нов студен бран. 

Свет | пред 7 години

7 год.
ezero-osveteno

Осветено Охридското Езеро од Албанска страна - според Грегоријанскиот календар, денеска славеа Богојавление

Во Албанија , според Грегоријанскиот календар, денеска се прославуваше големиот празник Богојавление – Водици.Неколку илјади верници излегоа во Поградец , со црковни и други свечености да присуствуваат на осветувањето на Езерските води.Традицијата за Водици во Албанија стана помасовна пред околу десет години по примерот на Охрид, кој богојавленските празници ги слави според стариот – Јулијански календар на 19 јануари. 

Свет | пред 7 години

7 год.
kazani

(ФОТО) Eдно лице почина во сообраќајката на патот Ресен-Битола

Во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички, животот го загуби едно лице.До несреќата дошло при судир кај местото викано Кажани, најверојатно поради претекнување на полна лента.

Македонија | пред 7 години

7 год.
turkis

Во Украина, авион на „Туркиш ерлајнс“ - излетал од писта

Инцидент на меѓународниот аеродром во украинскиот град Лавов, за среќа без жртви. Патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ излетал од пистата додека се подготвуваше да полета кон Истанбул.Во соопштението од аеродромот се наведува дека ниту еден од 59-те патници и шестте членови на екипажот не се повредени во инцидентот.Поради инцидентот, кој се случи утрово во 8 часот и 30 минути, одложени се летовите кон Турција, Полска, Германија, Италија, Египет и Велика Британија.

Свет | пред 7 години

7 год.
ZOK_7213

(ФОТО) Прослава на Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска /06.01.2019 година, недела/ се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Љупче Николовски, бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, додека здравичар е Миливое Алексиевски, резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.Градоначалникот Шилегов на присутните и на сите христијани од православна вероисповед им ги честита Бадник и божиќните празници, пожелувајќи им добро здравје и благосостојба.Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 27-ми пат.По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бачев: Македонските попови вечер да фрлат анатема до седмо колено за оние што ги подржуваат уставните измени за бришење на Македонците

„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македоснките попови имаат силна национална должност на вечерашните богослужби низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“, се вели во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49937872_347243082793109_4280404148525989888_n

(ФОТО) 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистуваат снегот во Скопје

Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини, велат од ЈП „Комунална хигиена“.„Во целост беше расчистено централното градско подрачје, како и реонот околу Соборниот храм, а беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на мостовите и на Старата чаршија.Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, во зависност од временските прилики и состојбата на терен“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vakcini

Денес до 13 часот вакцинирани 11 деца

Во текот на денешниот ден, до 13:00 часот вакцинирани се 11 деца со МРП вакцина, или досега, вакцинирани се вкупно 1,069 деца. До овој момент, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка пред угостителски објект во Битола

На 06.01.2019 година во 03,05 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул. ,,Димитар Илиевски Мурато“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ѓ(39)од  Битола и Д.Л (23) од  Битола.По документирање на случајот, ќе бидат поднесени  прекршочни пријави по чл.11 ст.1 од ЗППЈРМ .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Физички нападната скопјанка од неколку лица

На 06.01.2019 во 00.10 часот Е.А(18) од Скопје, пријавил дека на ул. „Црвена Скопска општина“ физички бил нападнат од страна на неколку лица.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kazani

(ФОТО) Сообраќајка на патот Ресен-Битола: Маж, жена и деца тешко повредени

Пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички.Дознаваме дека четворицата патници кои биле во Пасатот - маж, жена и два деца се повредени, додека во кордобата возачот е со потешки повреди.Несреќата се случила на местото викако Казани. Неофицијално Кордобата претекнувала на полна линија.Сообраќајот е во прекин. Се уште нема пристигнато полиција.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања