„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
zelen-karton

Од годинава задолжително зелен картон, без разлика дали патувате или не

Зелениот картон ќе се спои со полисата за автоодговорност, па така секој сопственик ќе треба да го извади кога ќе го регистрира возилото, објави МИА.Оваа измена ќе биде законски регулирана најдоцна до крајот на оваа година и ќе произлезе од потребата да се усогласат нашите закони со европските директиви.За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.„Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, рече Попоски во интервју за МИА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Снег и ниски температури во Грција, една жена го загуби животот, а две лица се исчезнати

Една постара жена е пронајдена мртва, а двајца мажи се водат как исчезнати откако снежна бура ги зафати некои делови од Грција.Температурата на воздухот во централна и северна Грција е под нула степени во текот на целата недела. Снегот предизвика и проблеми во сообраќајот, како и пренасочување на авионите.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1081589939006001154?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081589939006001154&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021506-snezna-apokalipsa-u-grckoj-pronadjeno-bezivotno-telo-zene-koja-se-zaledila-u-autu-ima-i-nestalih-a-u-ponedeljak-stize-jos-hladniji-talas-videoТелото на 60-годишната жена е пронајдено во автомобил кој се превртил во регионот Каратеа одалечен на околу 45 километри југоисточно од Атина. Полицијата трага по двајцата мажи кои биле во автомобилот.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1081349623011262469?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081349623011262469&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021506-snezna-apokalipsa-u-grckoj-pronadjeno-bezivotno-telo-zene-koja-se-zaledila-u-autu-ima-i-nestalih-a-u-ponedeljak-stize-jos-hladniji-talas-video„Сопругот на починатата жена и уште еден маж кои биле во автомобилот се водат како исчезнати од четвртокот на 3. јануари“, изјави полицијата.Метеоролозите во понеделник најавуваат нов студен бран во Грција . 

Свет | пред 7 години

7 год.
sneg-skopje-3

Град Скопје: Екипите на зимската служба интензивно работат на расчистување на снегот

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари, велат од Град Скопје.„Покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ на терен со механизација и рачно го чистат снегот од тротоарите, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на чистење на сливниците.Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4 000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4 500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт.Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. И оваа сезона Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони, кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужувааат перманентно во текот на целата сезона.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, се нведува во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
orban-11

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на улици против Орбан

Илјадници луѓе протестираа по централните улици на унгарската престолнина Будимпешта , против новиот закон кој му дозволува на работодавачите да бараат од вработените да работат прекувремено до 400 часа годишно, пренесува “Ројтерс”.Вчерашниот протест, организиран од опозициски партии, синдикати и граѓански организации, беше насочен главно против новиот работен закон, наречен од критичарите “робовски закон “.Измените на Законот за работни односи усвоени минатиот месец од страна на унгарскиот парламент наидоа на силни критики и ги предизвикаа најголемите улични протести во повеќе од година дена. Демонстрантите протестираа по улиците на позадината на врнежи, како стигнаа до зградата на Парламентот на брегот на Дунав, носејќи транспаренти како ” Да го изметеме режимот “.“Ние не сме согласни со речиси сè што се случува , откако оваа влада дојде на власт (во 2010 година) – од корупцијата до псевдодемокрацијата “, истакнаа говорниците.https://twitter.com/griffwitte/status/1081578860808994816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081578860808994816&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Filjadnici-lugje-na-ulicite-na-budimpeshta-marshiraa-protiv-orban-video

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Бразил

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди вчера западниот дел на Бразил, во близина на границата со Перу.За сега нема информации за евентуални штети или повредени.Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на потресот е регистриран на околу 90 километри западно од местото Тараука, а на длабочина од 575 километри.Исто така силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди границата на Перу и Бразил во август минатата година.

Свет | пред 7 години

7 год.
polska-pozar

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во Полска, во која загинаа 5 девојчиња

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во куќа во Полска, каде се наоѓала играчницата „Ескејп рум“, во кој загинаа пет тинејџерки и повредено е едно момче, соопштија локалните власти.Несреќата се случила за време на прослава на роденден, која избувнал пожар во таканаречена „Ескејп рум“ просторија. Во пожарот загинаа 5 девојчиња на 15 годишна воздраст, а едно момче е хоспитализирано со тешки изгореници. Портпаролката на полицијата на Кошалин информира дека телата на девојчињата биле пронајдени откако пожарникарите успеале да го изгаснале пожарот.По трагичниот настан, од денеска во Полска сите вакви центи за игри ќе подлежат на инспекциски контроли.Полскиот претседател Анджеј Дуда на својот профил на Твитер изрази жалење за катастрофална трагедија во Кошалин. Екпертски тимови вршат детална истрага за причините за избувнување на пожарот, а во наредните денови ќе излезат со целосен извештај за трагедијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кирацовски: Секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот, нека ве грее огнот на среќата

По повод големите христијански празници, Бадник и Рожденство Христово – Божиќ, генерлниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во свое име и во името на СДСМ, упати честитка до сите православни верници кои ги прославуваат, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан и до членовите на Синодот.Во честитката Кирацовски наведува дека симболиката, големината на Христовото раѓање – Божиќ е секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот.„Дозволете да посакам во секој од нас да се роди добрина, љубов и човечка почит. Нека ве грее огнот на среќата, радоста и семејната топлина. Да се почитуваме, да дадеме придонес во негувањето на човековите вредности, многу значајни и за општеството кое сите ние заедно го градиме.Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божиќ! За многу години, Христос се роди! “ стои во честитката на Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdovski3

Тевдовски: Годишната плата порасна за 6%, а невработеноста ја намаливме на 20,8%

Стабилноста и меѓународниот статус кои ги носи членството во НАТО, влијаат на одлуките за инвестиции, како на домашните, така и на странските инвеститори, вели во интервју за месечникот ЗАМАН министерот за финансии Драган Тевдовски, говорејќи за очекувањата за економски раст.Тој вели дека со пристапување во НАТО, земјата ќе добие подобар меѓународен статус и ќе биде во друштво на најразвиените земји. Како што посочи, искуствата од другите земји покажуваат висок раст на странските директни инвестици по влезот во НАТО Алијансата. Ако се земе просек од пет години пред и по пристапувањето на Бугарија и Албанија, кои ни се соседи, се забележува неколкукратен раст на странските инвестиции.-Кај Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Кај Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП и тоа во време на светската економска криза. Значи, ефектите можеле да бидат и поинтензивни. Кај Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти. Тоа е прилив на свеж капитал, нови фабрики, нови производствени капацитети, нови работни места, нови производи, пренесување на know-how.-вели Тевдовски.Тој посочи и дека во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО.Во интервјуто Тевдовски зборува и за оценките на економијата во 2018 година. Тој посочи дека согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, од почетокот на годината просечната плата е повисока за 5,7%. Ако порано годишно платата растела 1 или 2 отсто, сега растот е скоро 6%.Невработеноста заклучно третото тримесечје во 2018 година е намалена на 20,8%, и најниска досега, вели во интервјуто Тевдовски и посочува дека во овој период отворени се 14.239 нови работни места.-После подолг период се враќа довербата на инвеститорите. Првите девет месеци од 2018, странските директни инвестиции достигнаа 316 милиони евра, што е значително повисоко од вкупниот годишен износ претходната година. Извозот во 2018 е за 16% повисок во однос на 2017 година. Расте индустријата, но и услужниот сектор - вели Тевдовски.Тој посочува дека во второто и третото тримесечје економијата забележува солидни остварувања на бруто-домашниот производ со 3% раст. Она што е исклучително важно, вели Тевдовски, е што овој раст е генериран од приватниот сектор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски: Божиќ го симболизира раѓањето на надежта за подобра иднина која ќе ја креираме заедно и заедно ќе ја живееме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на членовите на Синодот на Македонската православна Црква и на сите православни верници им го честита христијанскиот празник Раѓањето Христово – Божик.„Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво како и на сите православни верници да им го честитам еден од најголемите христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ.Овој голем ден нека ви донесе здравје, радост, светлина, љубов, среќа и топлина во вашите домови која ќе ве следи во текот на целата година. Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме, хуманоста, разбирањето и меѓусебното почитување. Исус ги освои срцата на луѓето со својата благост и љубов, ја победи смртта и ни ја врати надежта, неговите дела нека бидат пример за сите.Божиќ го симболизира раѓањето на надежта, надеж за подобра иднина, подобро утро за идните поколенија. Иднина која ќе ја креираме заедно и заедно ќе ја живееме.Влегуваме во година на предизвици и одлуки. Тешкото секојдневие на луѓето, црнилата и растечката сиромаштија преовладуваат во секојдневието на граѓаните, и тоа се заедничките тешкотии кои мора да бидат надминати. Да си спомнеме за сите оние граѓани кои овие празници ги дочекуваат со напластени проблеми, со неизвесност која преовладува и живот кој станува потежок. Несигурноста да биде замената со стабилност, да градиме иднина, да се избориме за подобар живот.Светлоста на еден од најголемите христијански празници нека биде водилка за секој еден на патот на личниот успех и среќа, бидејќи успехот на поединецот е успех за сите. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ.Христос се роди,Навистина се роди!“, се вели во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
koledari-111

Земните „ангели”- коледарчињата, на Бадник го најавуваат празникот

Бадник или ден пред, Христовото раѓање, Божик. Бадник очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. Тие одејќи од врата до врата, пеејќи коледарски песни , не известуваат за Божик.За добрата вест домаќините ги наградуваат, со тоа што имаат, овошје,костени, оревчиња, бомбони и по некоја паричка.Вака е во раните утрински часови, а инаку денеска во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.Децата учесници во бадниковите поворки ќе ја пејат песната „Вечниот Бог“ и ќе носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.Идејата за овие бадникови поворки потекна од свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник.Бадникови поворки на радоста иствремено, покрај во Скопје, ќе се одржуваат во 34 населени места низ земјата, и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо Село и Рогачево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49739202_2151807688266757_4933392602339737600_n

(ФОТО) Дали градот ќе фрли сол или ќе чека да се стопи снегот сам од себе?

Снегот во Скопје кој започна да врне утрово веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците. По улиците се вози споро и крајно внимателно. Сега за сега нема чистење на снегот, иако градските власти изјавија дека подготвени ја дочекуваат зимата. Дали градот ќе фрли сол или ќе чека да се стопи снегот сам од себе?

Скопје | пред 7 години

7 год.
mirjana-najcevska

Најчевска до Макрадули: Не не потценувај, загадуваат Цементара, Железара и стотина мали фабрики без филтри

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил изреагира на изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот.„Ма не ме зезај.Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.Дај бре не не потценувај.Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја . Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.Дај бре гони се.Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
36963485283_527d51a418_o-1

Дијаспората со повик до Мира Стојчевска да не ги гласа уставните измени и промената на името

Со отворено писмо припадници на делчевската дијаспора во странство упатија Барање до пратеничката Мира Стојчевска да не ги гласа уставните промени и промената на името.„Апел од дијаспората до пратениците во се уште македонскиот парламентПовик до пратеничката од Општина Делчево , Мира Стојчевска да не ги гласа уставните промени и промената на името!Гневни и крајно разочарани од предавничкиот антимакедонски глас на одредени пратеници во македонскиот парламент, со кој се овозможува промена на уставот на државата, ние делчевчани од дијаспората, кои живееме во државите надвор од Македонија, ја упатуваме нашата порака до наведената пратеничка за преиспитување на одлуката и не гласање во закажаниот термин на 9 јануари 2019 година во македонскиот парламент.Самиот факт што легитимноста на пратениците произлегува од изборните програми на партиите и од волјата на народот, сите пратеници кои ќе гласат за уставните промени а не соодејствуваат со нивните претходни партиски програми , стануват де факто повеќе нелегитимни и немат никаква политичка тежина. Нивните гласови се нелегитимни и неважечки , бидејќи легитимноста произлегува од народот и за народот.Македонската држава е производ на долготрајната историска борба преточени преку Илинден и Асном, потврдени со референдум од 1991 година како и со последниот од 30 септември . Тоа е легитимниот чин од уставот и правната поставеност.Пратеничке,водете се од гласот и волјата на народот што ви ја доверил довербата и потврдена со бојкотот на референдум, секоја друга материјална или политичка водилка е ништовна и само уништувачка .Благодетите кои ги уживате и имате во сегашниот момент, не се вечни и имат свој крај а исто и свои последици. Мирот и честа е одлука на секој избран преставник на народот. Не го нарушувајте внатрешниот македонски мир и придобивка.Со секој изминат ден ние делчевчани распрскани по светот , ја согледуваме тажната слика на градот на Гоце како и неодговорниот однос на власта кон македонизмот.Ставете крај на уништувањето на тој процес со вашето не гласање за уставните промени предвидени од 9 јануари.Вашиот приод ќе биде и нашиот одговор за во иднина .Одлучете на која страна од вистината ќе застанете!Херој или предавник ќе биде запишано во македонската историја.Ваш избор и сносење на одговорноста!Делчево, 5 јануари, 2019 година.Дијаспора Делчево-Италија, Швајцарија, Англија, СловенијаКоординативно тело на дијаспората во ЕвропаПотпишани Дијаспора Делчево:1.Ангеловски Ванчо2. Ангеловска Христина3. Арсов Душко4. Арсов Ванчо5.Димев Раде6.Димитриевски Дарко7. Георгиевски Зоран8. Георгиевска Ирена9. Жежоска Весна10. Жежоски Горан11. Жежоска Гордана12. Јовановски Орце13. Јовановски Роберт14. Колевска Сања15. Миленковски Ванчо16. Милчевски Велче17. Петровска Билјана18. Пеловски Ангелчо19. Пеловски Љупчо20. Пеловска Ранка21. Пејчиновски Злате22. Пејчинова Славица23. Симоновски Тони24. Соколов Марјанчо25. Стојчев Владо26. Стојчев Јован27. Стоименовска 28. Наташа29. Стоиловски Драган30. Трајановски Горан31. Цветковски Горан “, се вели во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Badnikovi-povorki

(ВИДЕО) По повод Божикните празници, спот за песната Небо и земја

Здружението „Бадникови поворки“ направија божикен подарок за верниците со спот за песната „Небо и земја“ во која учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас).Пејачите денес ќе имаат концерт во Скопје на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Кмениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња.Манифестацијата е закажана за денес од 11 часот, на која се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
makraduli

Макрадули: Од вечерните огнови можеме да заклучиме кој придонесува во создавање на ПМ честичките

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули вчера на својот Фејсбук профил објави фотографија од зголемени вредности на загаден воздух. Според него причина за тоа се огновите кои најмногу придонесуваат за создавање на ПМ честичките.„Пагански или не, од вечерниве огнови може да заклучиме нешто. Очигледно не треба да се има дилема кој најмногу придонесува во создавањето на ПМ честичките. И каде треба да се бара решението. А тоа е замена на греењето со дрва и други додатоци во нив. Затоа брзо ќе отвориме повик за замена на греењето со дрва заедно со дефинирање на зони на ниска емисија“, напиша Макрадули.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Студениот бран продолжува, минималната температура денес -17 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно. Локално, особено во северните делови, ќе провејува слаб снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Утринските температури на целата територија на државата ќе бидат под нула, а во одредени места ќе достигнат и до -17 степени. Дневните температури ќе се движат од -4 до 6 степени.Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура од -8 до 2 степени.Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога во поголем дел од земјава температурата ќе се спушти под -10, a на некои места под -15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, интензитетот на сообраќај е умерен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Слаб снег провејува во К.Паланка-Страцин-Павлешенци-Штип-Сарамзалино-Маврово и на П.Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bolnica-cekalna

(ФОТО) Синот на Амди Бајрам чекал ред за да прими вакцина

По повиците на Министерството за здравство  за вакцинација на децата, на социјалната мрежа Твитер има бура од реакции и шеги, а една од нив е дека синот на Амди Бајрам чекал ред да прими вакцина бидејќи се уште учел основно образование.Во продолжение погледнете ги и другите.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од следната недела нова цена на горивата

Во понеделник односно вторник по празниците, Регулаторна Комисија за енергетика треба да ја објави новата цена на горивата во Македонија.Пред две недели цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.Останува да видиме дали не чека зголемување или намалување на цената.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2-2

(ФОТО) Попова Шапка ги очекува првите туристи, утре бесплатно скијање

Скијачката сезона на Попова Шапка почнува од недела (06.01.2019 година), а традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно.„Овозможени се условите за официјален почеток на новата скијачка сезона во нашиот најголем скијачки центар „Попова Шапка“. Ги покануваме сите љубители на скијањето и снегот, утре со почеток во 9 часот заедно да ја отвориме сезоната со традиционалното бесплатно скијање на првиот ден од сезоната.Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата – „Церипашина“ и ски - лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Нивниот капацитет изнесува околу 1800 скијачи за еден час. Како новина од сезонава на сите патеки ќе има електронски ски билети со што се очекува намалување на метежот на жичниците и ски лифтовите.За двоседот „Св. Илија“ во тек се финалните работи од завршната фаза по инсталирање на опремата за контрола и управување на жичницата. Оваа жичница ќе биде ставена во функција дополнително.Од официјалниот почеток на зимската сезона ќе важат вообичаените цени за ски – билетите. Сезонскиот билет е 9.500, дневниот билет, кој важи од 9 до 15 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15 часот, е 600 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина од оваа година е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања