„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
50182990_743269149392452_4899072832937394176_n

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Маврово маѓепсува, снегот ги исполни капацитетите

Најелитниот зимско-летен туристички центар во македонија-Маврово го развива туризмот во сите области, почнувајќи од скијањето, атрактивните спортови, се до летното уживање во езерските води или под дебелите сенки на густите шуми.предност е што овој предел е целосно населен и со голем број сместувачки капацитети.Но, сместувачките капацитети се исполнети овој викенд. Сместување се наоѓа само во околните села.Во продолжение, ве оставаме да уживате со фотографиите кои ги направи нашата фоторепортерка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bogojeski-1

(ФОТО) И Петар Богојески пред бадников оган, но во Крушево

„Бадникарска радост со Деварот од Крушево“, напиша на својот фејсбук профил Петар Богојески, некогашниот заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ.Богојески е од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ . Тој имаше различен став од оној на лидерот и партијата и повикуваше масовно да се гласа на референдумот.Од статусот на Богојески може да се види амбиентот во Крушево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бесплатен паркинг во Охрид на Божик

Јавното претпријатие Билјанини Извори известува дека на Божик јавниот градски паркинг ќе биде бесплатен за сите корисници.„ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 07. 01 2019 година (понеделник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.Во духот на овој празник ЈП Билјанини Извори ја донесе ова одлука како почит кон еден од најголемите христијански празници за православните верници“, велат од претпријатието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Граѓаните не се откажуваат од традицијата и покрај апелите и годинава се палат огнови

Зборот „Бадник“, на старословенски значи да бидеш буден. Токму поради ова истражувачите сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеење и будност покрај обредниот оган.Граѓаните не се откажуваат од традицијата. Бадикови огнови се палат на секоја улица, маала, низ градовите. Верниците велат дека дека слушнале за апелите на Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје кои повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови, но според нив традицијата не смее да се прекине.Потсетуваме дека од министрството за живтна средина велат дека палењето на огновите на отворено, независно од поводот е строго забранет и за таквиот прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата.Од Македонската православна црква велат дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите. Тие апелираат, наместо да се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат на оние на кои им се најпотребни, а христовото раѓање да се одбележи со присуство на богослужба во црквите. Од МПЦ уште додаваат дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера. Сметаат дека огновите се пагански, а не христијански обичај.Но и покрај сите апели, вечерва во Скопје, како и во другите градови низ земјава има запалени огнови, колку да се испочитува традицијата нели ...

Македонија | пред 7 години

7 год.
thumb

Министерство за здравство: Вакцинирани се вкупно 1058 деца, нема новозаболени лица од морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден вакцинирани се 62 деца со МРП вакцини. Или вкупно, досега вакцинирани се 1058 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре (06.01.2019 година) ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dacic

Дачиќ: Не се очекува решение наредната година освен ако некој не ја притисне Приштина

Ако некој не ја притисне Приштина, нема да има ни дијалог, ни решение помеѓу Белград и Приштина, порачува Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.На прашањето дали се очекува некој вид решение во кој било формат во наредната година, Дачиќ вели дека не се очекува, освен „ако некој не ја притисне Приштина“.Она што е добра работа, е тоа што сега може да се види каква е реалната слика и кој овде претставува проблем. Но, ниту овде не треба да се очекува од некои земји да ја менуваат политиката што ја имаа кон овој простор, вели Дачиќ.Тој притоа потсетува дека новото раководство на американската администрација, на чело со претседателот Доналд Трамп, има желба да го реши ова прашање.– Некој претходен претседател би напишал писмо на Вучиќ во кое би му порачал дека мора да го признае Косово и да го реши проблемот. Но, Трамп напиша дека треба да се дојде до решение кое е во интерес и на Србите и на Албанците и тоа е таа голема промена, вели Дачиќ.На прашањето на чија поддршка се надева Приштина кога цврсто се држи до ставот да не ги повлече таксите на српската стока, што е услов на Србија за продолжување на дијалогот, Дачиќ одговара дека тие сметаат на западни ментори, но се прашува кој во светот може да ги поддржи тие мерки и одбивањето воопшто да се дојде до компромис.

Свет | пред 7 години

7 год.
badnikova-pestera

За Божик кај и да си дома да си - се е подготвено за прослава на Бадник и Божик

Песната „Вечниот Бог“, утре ќе ечи низ државава. Најмладите во повеќе градови низ земјава ќе бидат дел од Бадникови поворки. Се предвидува да учествуваат над 10 илјади деца.Недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.„Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема Божикна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.Учесниците во Божиќните поворки носат и ѕвезди што ја симобилизираат ѕзвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде бил роден Исус.. Пештерата пак го претставува Рожденството христово..

Македонија | пред 7 години

7 год.
nrok9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTUdJN01EQV8vMDRhM2E5OTIyNmU5ODIyZWYxZmQxNDY1YTQyZjA1MDEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Снегот предизвика хаос во Германија и Австрија

Силните врнежи од снег предизвика хаос во сообраќајот во делови од Германија и Австрија, па властите мораа да затворат некои патишта, а и да откажат железнички и авио линии.На аеродромот во Минхен, вториот најголем аеродром во Германија, откажани се 120 летови, а голем број од летовите се одложени додека не бидат исчистени пистите од снегот и додека не се стопи ледот од авионот.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1080579580958855168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080579580958855168&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fhaos-zbog-snega-u-nemackoj-i-austriji-zatvoreni-putevi-obustavljeni-letovi-lavine%2Fc9qh37gОд австриската железница соопштуваат дека неколку линии се затворени поради опасност од лавина. Властите соопштуваат дека се затворени и неколку патишта, вклучувајќи го и патот до градот Бишофсхофен, кој треба да биде домаќин на овогодинешното натпреварување во ски скокови, бидејќи за само една ноќ паднале повеќе од 50 сантиметри снег.https://twitter.com/WirtschaftDE/status/1081564758011084802?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081564758011084802&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fhaos-zbog-snega-u-nemackoj-i-austriji-zatvoreni-putevi-obustavljeni-letovi-lavine%2Fc9qh37gРегионалните власти во Салцбурк изјавија дека постои можност од појава на лавини кои можат да направат проблеми на патиштата и железницата.Австрискиот јавен сервис извести дека малото село во Тиролу е евакуирано поради можноста за појава на лавина предизвикана од силниот ветер.https://twitter.com/Muenchen24/status/1081563313517977600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081563313517977600&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fhaos-zbog-snega-u-nemackoj-i-austriji-zatvoreni-putevi-obustavljeni-letovi-lavine%2Fc9qh37gОколу 600 жители и туристи се заробени во селото Селтакл поради блокираните патишта.Метеоролозите предвидуваат големи врнежи од снег и во наредните денови особено на југот на Германија, Австрија и Швајцарија.

Свет | пред 7 години

7 год.
izlizgan-avtomobil

Возачите прашуваат: Спиете ли мирно Македонија пат?

Лизгави патишта низ земјава. Возачите револтирани на ЈП Македонија Пат. Се чини дека и годинава се соочуваме со истите маки. Освен препораки за внимателно возење , ништо друго. Возачите оставени сами на себе да се снаоѓаат по лизгавите патишта. Сообраќајот по патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.На ѕидот на сообраќајниот срам предмлку поставена фотографија од излизган автомобил со коментар: Спиете ли мирно Македонија пат?Автомобилот се излизгл на патниот правец Прилеп - Битола, потоно од Тополчани за Ерековци после бензиската пумпа 1 км.Фотографијата јасно покажува по какви патишта се вози во државава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jane-cento

Хакери го избришаа писмото од Јане Ченто до неговиот син, но подржувачите повторно го постираа

„Хакерите работат, писмото од Јане Ченто до неговиот син Методиј Ченто кое го објавивме овде достигна преку 2.500 лајкови и преку 100.000 прегледи но некој го избришал. Сепак за да остане запомнето ќе го објавиме повторно“, напишаа на отворената група на социјалната мрежа фејсбук „Слобода за Јане Ченто“.Во продолжение писмото на Јане Ченто до неговот синМил мој сине Методиј,Втора година како ќе ја дочекаш без твојот татко да биде покрај тебе и да се радува на дочек на новата година.Сега си мал и нема да можеш да го сфатиш сето ова што ми се случува мене и на нашата фамилија, но кога ќе пораснеш ќе сфатиш која жртва ја дал твојот татко, а то е за да го зачува достоинството и честа на нашата фамилија.Знам дека и ти и јас имаме голема празнина поради тоа што долго време не сме еден покрај друг, и премногу ми недостасуваш, но цената која треба да ја платам за нашето име и презиме е таа што ми се случува овие изминати 13-14 месеци.Ти ќе растеш со високо дигната глава дека твојот татко се борел за Македонија во судбоносни моменти и дека не попуштил пред никого и по цена да бидеме разделени.Кога ќе пораснеш ќе сфатиш што всушност значи оваа цена, на улица твоите другари нема да викаат дека потекнуваш од фамилија на кодоши, туку од фамилија на чесни и достоинствени предци, бидејќи нас во крвта ни тече тоа, да се бориме за правда.Знам дека ти недостасувам многу и ти мене и знам дека никогаш нема да го вратам времето и да гледам како мојот син расте без својот татко, но тука е твојата мајка која ќе те воспита како што треба, да бидеш чесен, достоинствен и праведлив.Не знам уште колку време ќе не држат разделени, но запомни дека татко ти еден ден ќе се врати дома со високо крената глава.Идеалите по кои оделе нашите предци барале жртви.Таа жртва што ја давам денес јас е за твое и твоите врсници подобро утро, борба во која ќе докажам дека вреди да се бориш за вредности и правда, а не да бидеш кукавица и да го избереш полесниот пат и да направиш предавство.Сега тоа го нема, но нека ние бидеме последните жртви кои ќе ја платат цената за оваа држава кој е стекната со многу крв и труд на нашите претци.Ти носиш славно име и презиме, дадено ти е по твојот прапрадедо Методија Андонов Ченто и секогаш ќе бидеш горд што сум те крстил Методиј Ченто во тоа сум уверен.Многу луѓе сакаат да ја запрат директната крвна линија на Ченто, бидејќи сеуште им е страв од македонскиот народ кој го воскресна Ченто и неговата идеологија.Тој беше невино осуден и одлежа долго време во затвор но правдата стигна еден ден и беше рехабилитиран и ослободен од сите обвиненија.После толку време таа среќа или несреќа дојде на мои плеќи, да го понесам товарот на тоа, за мене свето презиме и таа света борба за Македонија.Јас застанав на браникот на татковината кога беше потребно, но исто како и на Ченто ми е конструирано обвинение за тероризам.Еден ден, без разлика како ќе заврши овој судски процес ти ветувам дека ќе се вратам и ќе го надополниме изгубеното време и сета љубов што требаше да ти ја дадам како татко додека беше мал а јас не бев покрај тебе.Едниствено сум среќен во овие тешки моменти што знам дека твојата мајка е херој и ќе те одведе на вистинскиот пат бидејќи знам дека ќе те гледа како зеница во окото и дека ќе те воспита со сите морални вредности.Извини што сега не можам да бидам покрај тебе ни на слава, прослави, нова година, родендени и слично, но…..еден ден сине, еден ден ќе бидам покрај тебе.Среќна нова 2019 година мил мој синко и се надевам дека за брзо ќе бидам покрај тебе и да бидеш јунак голем кога ќе пораснеш, бидејќи ти си Ченто, а Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини.Те сака твојот таткоЈане Ченто30.12.2018

Скопје | пред 7 години

7 год.
5-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Повторно крв на улиците на Белград - на сред бел ден убиство

Небојша М (38) зет на Александар Шарц, член на криминалната банда „Пинк Пантер“, убиен е денеска на Баново Брдо. Српските медиумите објавуваат дека се работи за грешка, затоа што според нив мафијашкиот клан го барал неговиот дедо, а не зетот.Видеото кое го објавија медиумите најверојатно е од видео надзорот од куќата.На видеото се гледа како Небојша кој излегол со детска количка, за да ја спакува во багажникот од автомобилот. Тој стои до автомобилот и го отклучува багажникот.По 30 тина секунди, неколку метри од него затанува бело возило. А знчајно за истрагата е тоа што автомобилот од кој излегува убиецот има и регистарски таблички.Маж во бела јакна, без маска или фнтомка излегува од втомобилот и со торба во раака, приоѓа кон метата, мислејќи дека оди кон вистинската мета, пишуваат српските медиуми.Убиецот, вади пиштол и испукува неколку куршуми во телото на Небојша, кое прво стои, а потоа паѓа на бетонот.По убиството убиецот во бела јакна, седнува на сувозачкото место и заминува.

Свет | пред 7 години

7 год.
49770244_10210791944154633_1907874745475399680_n

Потребни се уште 4.300 евра за операција на Кристијан, да му помогнеме!

Кристијан Андреев е дете на 14-годишна возраст кое боледува од многу тежок облик на аутизам и епилепсија. Закажани се три сесии-операции на матични клетки во Турција кои ќе чинат 38.600 евра.За неговите родители сумата е преголема и затоа истите ги замолуваат граѓаните да им помогнат во битката, да донираат.Тие ја пренесуваат и желбата на неговата сеситричка Јована која посакува Кристијан да дојде на нејзиниот роденден и да ја прегрне наместо како досега да ја гребе и скубе.Да ја покажеме хуманоста со тоа што ќе завртиме на броевите 070-143-161 за корисници на Т-мобиле и 143-463 за корисници на Вип.Можете да помогнете и преку уплата на жиро сметка на име Кристијан Андреев 210-7000006478-05 за Македонија и IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE – Цел на дознака: Донација за Кристијан од странство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Сега кога марионетата Заев призна дека брише се што е македонско, што ќе прави македонскиот народ

Со вчерашното интервју за грчкиот „Ефимерида тон синдактон“, марионетата Зоран Заев целосно ги отвори картите дека со договорот со Преспа се раѓа нова нација во новата држава Република Северна Македонија и дека се признава грчкиот карактер на Македонија во регионот, велат од Единствена Македонија.„Со ваквите изјави за бришење на Македонците од светската мапа на нации, марионетата Зоран Заев требало да го разубеди лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да гласа во грчкиот парламент за ратификацијата на Договорот од Преспа.Како и да е, маските паднаа. Зоран Заев цело време ја лаже и манипулира македонската јавност дека со договорот од Преспа е заштитен македонскиот јазик и идентитет а во вчерашното интервју за грчки медиум самиот Заев сето тоа го демантира поклонувајќи ја на Грција македонска историја, наследство и култура во регионот.Сега кога самиот Заев на отворена сцена го брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традиција на македонскиот народ, што ќе прави македонскиот народ“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg

Полицајците кои беа заглавени во Танушевци, со хеликоптер вратени во Скопје

Граничните полицајци кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег, денеска се вратени во Скопје со полициски хеликоптер, информираат од МВР. Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри кој ги блокирал локалните патишта.Граничните полицајци останаа во станицата и по завршувањето на нивната 4-дневна должност, а од МВР рекоа дека тие имале доволно храна и биле во постојана комуникација со нив.Денеска претпладне е извршена смена на полицајците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

СДСМ: Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и нема причини за сомнеж

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која цела деценија ги уништуваше здравствениот систем, погрешно го менаџираше, ги понижуваше пациентите и лекарите, велат од СДСМ.„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за чии  интереси се набавуваа лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет без сертификати во Македонија?Лошото управување со здравството, неквалитетните инсулини и лекови во Македонија кои ги внесуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ се најсилни причини што граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. Падот на опфатот на имунизација се директна последица од тоа.СДСМ веднаш штом ја презеде одговороноста да го води здравството го смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Во Македонија повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа“, велат од партијата.Тие исто така додаваат дека уништувањето на здравството заврши  со заминување на ВРМО-ДПМНЕ. Пропустите во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на наделжните здравстени институции.„Епидемијата на морбили што се појави е веќе под контрола, се делува конкретно но и превентивно. Резултатите се видливи, во моментов, нема новозаболени.Граѓаните се навремено и точно информирани, само врз основа на факти и медицински докази.Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и во нив нема причини за сомнеж.Владата предводена од СДСМ гради современ, оджлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: Станува збор за редовна испорака на бланко обрасци за патни исправи, ВМРО-ДПМНЕ собира политички поени

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите за наводни неправилности при набавка на бланко обрасци за патните исправи.„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди непречено издавање на патни исправи на граѓаните, а политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и многу пати до сега, ја лаже јавноста во обид да добие некакви политички поени.Ја информираме јавноста дека во тек е испорака на бланко обрасци за патни исправи и таа е во согласност со Анексот на Договорот за изработка на патни исправи и лични документи склучен во 2017 година, каде е утврдена количината на обрасци што треба да бидат испорачани за 2018 и 2019 година.Станува збор за редовна испорака, вообичаена како и секогаш до сега, со цел да се обезбеди навремена испорака на патни и лични исправи за граѓаните.МВР има задача да обезбеди патни исправи за граѓаните и постапува токму според своите надлежности. Согласно законските процедури, доколку бидат изгласани уставните измени во периодот што следува, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување на сила на измените. Во меѓувреме, патни исправи мора да се издаваат непречено, односно да се одговори на барањата на граѓаните.Количината на пристигнати обрасци е соодветна на предвидената динамика на потрошувачката од претходните години и е во согласност со преземените договорни обврски“, велат во демантот од Министерството за внатрешни работи. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Нападнати двајца малолетници пред угостителски објект

На 05.01.2019 во 02.10 часот Е.Н (37) од Скопје пријавила дека на 04.01.2019 година околу 22.30 часот пред угостителски објект на ул. „Есперанто“ била нападната нејзината ќерка од страна на М.Ѓ.Во исто време М.С. (17 )од Скопје пријавил дека на истата локација бил физички  нападнат од страна на непознато лице. Се работи на целосно расчистување на случајот 

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_01

Мицкоски: Заев велеше дека ќе направел се да го рестартира Југохром, но тоа се само обични шарени лаги

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓани, членови и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Јегуновце.Мицкоски на средбата најпрво се осврна на црнилата кои ги спроведува Зоран Заев и СДСМ, како и на лошата економска политика која директно удира врз граѓаните на Република Македонија. Како што рече тој владата на СДСМ воведува нови даноци за граѓаните кои што не само што го отежнуваат животот на граѓаните туку го прават и многу посложен.Според него, владата на СДСМ брутално ги манипулира граѓаните со изговор дека со покачување на даноците се зема од богатите а се дава на сиромашните, нагласувајќи дека ваквите штетни мерки кои се носат се само во интерес на нивните криминални бизнис интереси склучени во четири очи.-Практично донесоа низа мерки кои подразбираат само едно, а тоа е како од граѓаните да земат за да стават во Буџет и од таму да им врват тендерите. А како ќе им врват тендерите во четири очи, тоа е многу едноставно. Немаат совет за јавни набавки да ги контролира, сами си прават технички спецификации, си објавуваат, тарифата е јасна од 10 до 15 процени се движи,зависи од големината на бизнисот, местото на испорака и тоа се знае каде во еден ресторан на југоисточна Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.Мицкоски, додаде дека Зоран Заев и Кочо Анѓушев во 2017 година во Јегуновце и им ветуваа подобар живот, како и рестартирање на фабриката Југохром, но и после долг период се уште нема ништо од нивните ветувања, објаснувајќи дека нивните ветувања се само шарени лаги.-Овде во Јегуновце дојдоа 2017 година, јуни месец кога премиерот гордо велеше дека ќе направел се за да ги врати луѓето на работа, да го рестартира Југохром. Па после него есента чинам, октомври дојде Анѓушев и велеше до мај, ако не е мај тогаш јуни сигурно стартува со работа Јегуновце. Но, еве помина мај, јуни, помина и октомври и ноември, декември, еве и јануари дојде 2019 година и сега имаме ново ветување ако не минатите мај и јуни, сега оваа 2019 година сигурно овие ќе било. Но, тоа се само обични шарени лаги. Нема ништо да се случи, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Maja-Slavena

(ВИДЕО) Славева: СДСМ ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат

Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Република Македонија? Кампањите на Заев и Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување и лажењето, но и Заев и Филипче избегаа. Дали повторно и Заев и Филипче ќе избегаат од одговорностa за епидемијата?Лицемерието на СДСМ нема граници. Од опозиција во 2011 година водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните.Според СДСМ од опозиција масовното вакцинирање никогаш не се практикува во ек на епидемија, затоа што бил потребен период за да се создаде имунитет а самата вакцинација не е доволна да се спречи епидемијата. Според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега“, вели Славева.Таа додава дека односот на власта кон клучни прашања за здравјето на граѓаните покажува дека тие единствено водат грижа за собирање на ситни политички поени и на ништо друго.„Последица од прибирањето на ситни политички поени е и ситуацијата со епидемијата која директно е причинета од неодговорноста на СДСМ.Обвинуваа дека вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра, во ек на епидемија. Крајно лицемерие и неодговорност кон граѓаните и кон нивното здравје.Тогаш ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат! СДСМ менува ставови за политичките поени. Политички поени не смеат да се прават на грбот на децата!Граѓаните секојдневно ги согледуваат лицемерието и неспособноста на оваа власт. Овие црнила мора да си заминат. Црното владеење на СДСМ ќе заврши! Ќе изгрее зората за Македонија“, изјави Славева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Ја турнал трафостаницата на земја, па ги одзел бакарните намотки

На 04.01.2019 година во 09,10 часот во Полициската станица Прилеп  вработен во ЕВН-Македонија, пријавил дека во временскиот период од 08,00 часот на 03.01.2019 година до 02.00 часот на 04.01.2019 година во м.в.„Поводеници“ непознат сторител ги одвртел завртките од ормарот на 50 киловатна трафостаница и ја турнал на земја, по што ги одзел бакарните намотки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања