„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
policija-22

Скопјанец кој бил под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон вработени на бензинска пумпа

На  05.01.2019 во 01,30 часот во бензинска пумпа на бул. Србија С.Г (46) од  Скопје, кој бил под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени на бензинската пумпа.По добиената пријава, С.Г. е приведен од страна на полициски службеници и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Разбојништво на бензинска пумпа на автопатот Тетово-Скопје

На 04.01.2019 година во 22,20 часот било пријавено  дека на автопатот Тетово-Скопје кај с.Арнакија,  две лица извршиле разбојништво во бензинска пумпа и од вработените одзеле пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина, дали се со името кое Заев и Ципрас го договорија

Зоран Заев и Оливер Спасовски или го кршат Уставот и законите набавувајќи бланко обрасци за патни исправи со променето име Северна Македонија или прават криминална зделка во која што набавуваат огромна количина обрасци со името Република Македонија, а за десетина дена планираат да го сменат уставното име, изјави Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција.„Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски неодговорно и криминално управува со МВР и буџетот со кој располага ова министерството. Според информациите кои ги објавија медиумите околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина на само неколку дена пред гласањето на уставните промени во Собранието.Власта која најави гласање на уставните измени до 15 јануари набавила околу 240.000 бланко обрасци. Дали овие обрасци се со името Република Македонија или со името кое Заев и Ципрас го договорија“, вели Ѓорѓиевски.Тој додава дека доколку обрасците се со името Република Македонија, а власта го промени името на државата во Собрание тогаш тие 240.000 обрасци вредни милиони евра ќе бидат неупотребливи и ќе треба да се уништат, а парите дадени за нивна набавка ќе бидат директна штета за државата.„Во вториот случај доколку обрасците за пасоши се со името Северна Македонија, што ќе се случи доколку името не помине во Собрание, дали повторно истите се неупотребливи и ќе треба да се уништат.Заев и Спасовски мора да одговорат, колку ќе ги чинат граѓаните нивните аматерски потфати? Колку пари од буџетот наместо за целисходни работи ќе завршат по кој знае кој пат на буниште?Дали ваквата набавка на обрасци кои потоа ќе се уништат е всушност планирана активност на власта и зад истата се кријат бизнис интереси?Заев и Спасовски се должни да одговорат!Набавката на обрасци за пасоши на само неколку дена пред гласањето на уставните измени во Собранието за промена на името е неодговорно трошење на парите на граѓаните.Ваквиот аматеризам и неодговорен однос кон МВР и парите на граѓаните мора час поскоро да запре. Очекуваме Оливер Спасовски да смогне сили и да понесе одговорност за сите пропусти и грешки кои ги направи изминатиот период раководејќи со МВР“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Заев и СДСМ се обидуваат да купат гласови, но не со пари од Вице туку од граѓаните

Зоран Заев е прочитан и ја губи поддршката за неговите антидржавни и криминогени политики. Затоа, Заев и СДСМ, пред избори се обидуваат да купат гласови, но не со пари од Вице , туку со пари од граѓаните. Вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, а граѓаните плаќаат за оваа масовна операција, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски.„Вработувањето на ќерките и синовите на Фрчкоски, Бучковски, Бејта, Цафери, Грчев и десетици други послушници на Заев беше само почеток.Во период на државни празници, власта вдомува над 300 нови партиски војници во администрацијата.Ова е класична корупција и обид за купување на гласови пред претстојните избори. Оваа операција на Заев на годишно ниво ќе ги чини граѓаните преку два милиони евра кои ќе им ги зема преку покачената акциза и зголемените даноци.За ваков криминал во правна држава се одговара.Тоа што до вчера беше обемна, масовна, спора, неефикасна, неевропска администрација, сега станува јасли за секој еден партиски војник на СДСМ.Па нели ќе спроведеа мала и ефикасна јавна администрација? Каде е најавената „фунционална анализа за вишокот превработени во администрацијата, пред оваа акција за партизација? Ова ли се капиталните проекти на СДСМ, прелевање на парите од буџетот во партиските џебови, преку партизација на администрацијата“, вели Стоилковски.Тој додава дека се распишани над 300 огласи за вработувања во министерства, владини агенции, дирекции и тела кои во овие десетина дена се објавиле огласи за вработување, Од советници до копиранти, од келнери до шанкери и кафекувари, со плати од 15 до 35 илјади денари. Ова е само продолжување на трендот на партизација на она што до вчера беше главна теза на СДСМ дека администрацијата мора да е мала и професионална.„СДСМ го спроведува партискиот проект мрежа за партизација на општинските и државните јавни претпријатија, на администрацијата, потоа измислува нови работни места како заменици директори со цели кабинети за задоволување на поголемите апетити, а сега во очи на претседателските избори во празнични денови повторно ја полни администрацијата.Забелешки на партизацијата од СДСМ има и од Европската Комисија но тоа за нив сега не е важно.Важно им е да се јадат живи луѓе да се смени и пополни се од министер до хигиеничар и партиската членска книшка да биде замена за личните документи и да е главна од одење на лекар до вработување.Епа вака не се враќаат 600.000 иселени колку што ги пребројуваа. Вака само дополнително се редат нови и нови чевли пред владата.Со ваква груба партизација власта испраќа порака дека во државата нема место за професионалци, за вредни, за работни, за образовани, туку само за партиски кадри.Зар во ова власта смета дека никој нема да препознае кршење на сите норми, дека се спроведуваат коруптивни, криминогени вработувања во очи на избори, дека се спроведува црна партизација врз грбот на чесните.И повторно ќе посочат дека ако нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, администрацијата ли ќе биде виновна.Овие црнила мора да сопрат. Во државата мора да има ред да се почитуваат нормите, да се спроведуваат вистински реформи. Затоа црнилата мора да запрат а ќе сопрат кога ќе им го видиме грбот. Колку побрзо заминат толку подобро за сите во Република Македонија“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Министерство за здравство: Вакцините не се со истечен рок на траење

Министерството за здравство информира дека МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со истечен рок на трање.„МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година.Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА  со рок на траење 07.2019 година и сериски број A69CE583A со рок на траење 05.2019 година.Во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година со повеќегодишна јавна набавка, кое Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог за оваа набавка е објавен на 27.10.2018“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
thumb

Досега вакцинирани 1018 деца, нема нови случаи на заболени од морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден, до 13:00 часот вакцинирани се 28 деца со МРП вакцина.„Досега, вакцинирани се вкупно 1,018 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска (05.01.2019 година) и утре (06.01.2019 година) ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот“, велат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_002

Мицкоски: Верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски.На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок.-Делото на Св. Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Топлификација со апел до граѓаните да не го исклучуваат целосно греењето

Топлификација денес упати апел до граѓаните во наредниотперид да не го исклучуваат целосно греењето поради заштита на грејните инсталации од замрзнување.„Во врска со метеоролошките најави за следниот период кои предвидуваат екстремно ниски температури, апелираме до потрошувачите на системот за централно греење во индивидуални станбени објекти-куќи, деловни објекти и објекти за образование, целосно да не го исклучуваат греењето поради заштита на грејните инсталации од замрзнување“, велат од топлификација

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

(ФОТО) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат

Експремиерот Никола Груевски деновиве е фотографиран како подигнува готовина од банкомат во Будимпешта.Фотографијата се продаваше на медиуми, а сега е јавно објавена на социјални медиуми. Фотографирана е од македонец кој бил во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Притвор за лице кое неовластено произведувало и пуштилo во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми.

пред 7 години

7 год.
48417327_1170442663080456_1914354060123701248_n

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Од 11 часот престанува да важи забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во куќи во Битола и село Голема Речица

На 04.01.2019 околу 10 часот во СВР  Битола  пријавено е дека  истиот ден околу 08,00 часот настанал пожар во куќа на ул. Благојче Силјановски, сопственост на В.В.Ф. Пожарот е изгаснат од Територијална против пожарна единица од Битола. Извршен е увид од СВР Битола.На 04.01.2019 година околу 01,00 часот во с. Голема Речица-Тетово, пријавен е пожар во куќа на Л. З. (27). Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единицаТетово.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
untitled-2-620x350

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Пукање во куглана во Калифорнија, три лица се убиени

Во куглана во Калифорнија дошло до пукање, а полицијата потврди дека три лица се убиени. По напаѓачот се уште се трага.„Истрагата е во тек, ве молиме да се држите подалеку од местото на несреќата“, соопшти полицијата на Твитер.https://twitter.com/TorrancePD/status/1081463746583769088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081463746583769088&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021329-pucnjava-u-kuglani-u-kaliforniji-ima-zrtavaПолицијата потврди дека три лица се убиени, а четири се ранети.На видео снимката која се појави на социјалните мрежи може да се забележи маж како лежи на подот во крв и полицаец кој се обидува да му помогне.https://twitter.com/worldnewsevery/status/1081487714069827584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081487714069827584&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021329-pucnjava-u-kuglani-u-kaliforniji-ima-zrtavaЕден од сведоците изјави дека слушнал четири пукања и дека наводно две лица се погодени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Куманово, еден со тешки телесни повреди пренесен во Скопје

На 05.01.2019 година околу 01.30 часот во Куманово, на ул.,,Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д. (26) и патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33). Б.Д. и И.Ј., како  и сопатниците А.С.  и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово.Кај Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје. Увид извршила екипа на СВР Куманово,а известен е и јавен обвинител. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
badnikarski-ogan

МЖСПП: Апелираме до граѓаните да не палат бадникови огнови со цел да се избегне загадување на воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.Исто така, Министерството ја поздравува одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелира до другите општини во дражавата да се приклучат кон оваа иницијатива.

Македонија | пред 7 години

7 год.
problem

Македонска домаќинка со сериозен проблем - јавно бара помош

На социјалната мрежа Фејсбук на групата „Женски домаќински муабети“ , статус во која „македонска домаќинка“ бара помош, поточно совет...Статусот во целост гласи вака:

Магазин | пред 7 години

7 год.
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

За три недели истекува рокот за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

За околу три недели односно на 25- ти јануари истекува рокот за доставување документација за јавниот оглас за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата.  Ова е втор јавен повик за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии, што го објавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.„Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство укажува сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите“, велат од МЗШВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Излета возило од патот Кадино-Миладиновци, возачот итно пренесен во Скопје

На 04.01.2019 година во 20.00 часот се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост, во која патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.Со повреди се здобил С.Н.,  кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани  тешки телесни повреди. Извршен е увид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Заев посакува консензуален кандидат за претседател, ДУИ размислува за Талат Џафери

Во ДУИ се размислува за самостоен настап во првиот круг на претседателските избори. Од партијата како најсериозен кандидат се спомнува претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.ДУИ, неофицијално, не би поддржале консензуален кандидат за претседател во првиот круг, бидејќи со тоа нивната поддршка кај албанското гласачко тело уште повеќе би се намалила, а нивните гласови би ги презела Алијансата на Албанците.Инаку премиерот Зоран Заев истакна дека посакува да има консензуален кандидат, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите.-Досега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот – истакна неодамна премиерот и најави дека веднаш потоа ќе ја отворат дебатата.Посочи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.-Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите – рече Заев и додаде дека се надева оти ќе биде избран кандидат за кој ќе биде чест да застанат и да го промивираат како иден претседател на Република Македонија.Премиерот очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во изминатите два дена фатени 17 лица под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 04/05. 01. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 133 возачи, a кај 17 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 17 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 17 возачи од сообраќај, а откриени се и 26 останати прекршоци.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања