„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје, еве кои улици ќе бидат затворени

Утре со почеток во 11.00 часот во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“ ќе се одржи манифестација во склоп на Бадникови поворки.„Манифестацијата ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски“. Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.Од  тие причини Одделението за Безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу соборниот храм. МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од Министерството за внaтрешни работи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-kasami

Ќе се шири Пандорината кутија: Касами барал бришење на “македонски народ и државјанство”, Заев размислува

Претседатеот на Беса, Билал Касами на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села  и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.Инаку Премиерот Зоран Заев вчера оствари средба со, Касами, за да бара поддршка за уставните измени.По средбата од Владата немаше многу детали освен дека ќе се одржи уште еден состанок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pestera-pred-Soboren

Утре ќе се одржи најголемиот Божикен настан во регионот

Недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.„Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема Божикна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.За Божикниот концерт ќе бидат задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава со наслов „Најдобриот подарок за Божик“ - ненадминливите Снежана Коневски - Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.Манифестацијата пред Св.Димитриј завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со Божикни пакетчиња.Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.Празнуваме, се радуваме! - е мотото на овогодишната манифестација на која се ќе биде бесплатно за сите, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божик ќе ја почувствува секое детско срце.Организатор на целокупната манифестација е Здружението „Бадникови поворки“ кое постои веќе 3 години, а традицијата на организирање Бадникови поворки е возобновена од 2011 година, најпрво само во Битола и Охрид, за потоа постепено да се прошири и во останатите градови и населени места во земјава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Министерството набавувало вакцини една недела пред да прогласи епидемија на морбили?!

Твитер заедницата во последните денови постојано коментира за епидемијата на морбили која го зафати Скопје. Голем дел од кментарите кои ги објавуваат се со негативен контекст насочени кон Министерството за здравство.“Министерството за здравство на Македонија распошало тендер за набавка на вакцини, недела дена пред да прогласи епидемија. Неверојатни се овие паранормални сподобности на здравствените власти”, пишува твитерџиката Јована Стојковиќ.Откако Венко Филипче повика децата итно да бидат вакцинирани, јавноста реагираше оти тоа е право на избор и никој не може да одлучи за ова прашање освен родителот или старстелот. Вчера во Скопје се одржа и протест против вакцинацијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се запали брод во Истанбул, евакуирани 15 лица

Турската обална стража спаси 15 членови на екипажот на товарен брод кој се запали во Мраморното море, во близина на Истанбул.Турското министерство за сообраќај и инфраструктура соопшти дека членовите на екипажот се  безбедни и евакуирани од бродот, а нивната здравствена состојба е исто така дбора.И покрај големата штета, не дошло до излевање на нафта, велат локалните медиуми и доават дека  пожарникарите го ставиле пожарот под контрола во рок од еден час.

Свет | пред 7 години

7 год.
1036939669

Почна едномесечна кампања со која жените се поттикнуваат да не се депилираат

Почна едномесечна кампања која поттикнува жени да не си депилираат делови од телото, пишува Курир.Цел на кампањата под наслов Januhairy е жените да се поттикнат да ги сакаат и прифатат влакната на телото додека истовремено собираат пари за добротворни цели.Основачка е Лора Џексон (21), а за учество во кампањата се пријавиле жени од целиот свет.На идеја дошла откако морала да „пушти“ влакна на нозете поради една претстава.Минатиот месец почна кампања во која сега учествуваат жени од Британија, САД, Канада, Германија, Русија и Шпанија. Лора верува дека ќе собере пари за органзиацијата Body Gossip која учи млади како на здрав начин да го доживуваат своето тело.

Магазин | пред 7 години

7 год.
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците со предложениот буџет ќе добијат цели 19 милиони евра помалку

СДСМ отворено манипулира и ги лаже земјоделците. Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само уште една лага во низата на лаги на СДСМ кон земјоделците, во ситуација кога владата на СДСМ и Зоран Заев драстично ја зголемија акцизата за нафта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ води политика на кражба и лажење. Зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта.СДСМ повторно ги излажаа земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста е сосема поинаква. СДСМ ја прави истата манипулација како минатата година, односно со предложениот буџет од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку.Земјоделците едвај преживуваат. СДСМ донесе црнило и во земјоделието. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака.Земјоделците се жртва на политичкото цунами на СДСМ.СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците и затоа мора да замине.Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа криминогена власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
a67k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRrN01EQV8vYTQxZTZkMjc2ODgyMGVhYTg1ZjYyOGI5OGY1ZjY4OGUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB-1

Наоружани пирати со „калашникови“ киднапирале шест Руси

Наоружани пирати нападнале руски товарен брод и киднапирале шест членови на екипажот, соопшти Федералната агенција за речен и помоски сообраќај, а утрово информацијата е потврдена од страна на Русија.Пиратите биле наоружани со автоматски пушки „AK-47“, а членовите на екипажот ги куднапирале откако украле дел од работите на бродот, велат локалните медиуми.Бродот кој има 24 членови на екипажот се наоѓал на околу 55 милји од Бенин кога пиратите го извршиле нападот.Од рускиот Конзулат во Бенин работат на пуштање на киднапираните морнари.

Свет | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Престанува да важи забраната за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со слаб интензите врне на сите патни правци во државата.Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, а престанува да важи забраната за тешки товарни возила од  10.00ч. на патниот правец Крак-Маврово- Дебар и обратно.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
7hk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTm1NN01EQV8vYjI0NDdkMGJjM2NiMDE4Zjg0YTgyZTdmMDIyZDBiYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Најсилна тропска бура во Тајланд во последните 30 години

Голем број на куќи се оштетени од паднати дрва, а дошло и до прекин на струја откако силна тропска бура го погоди Тајланд.Станува збор за најсилна  бура во последните 30 години, јавува Ројтерс.Поради бурата беа откажани летовите, а евакуирани беа повеќе од 28.000 луѓе во седум тајландски провинции.За сега има само една жртва, а тоа е рибар чиј што чамец за превртел во областа Патани.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бачев: Граѓаните ќе ги платат сите трошоци за изборите, според законот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев преку Фејсбук статус го изрази своето незадоволство во врска најновите измени на Изборниот законик и како што вели овој закон е дискриминаторски. Тој додава дека граѓаните ќе ги платат сите трошоци за изборите, па да внимаваат за кого ќе гласаат.„Најновите измени на Изборниот законик кои ќе важат од претседателските избори.Телевизиите за време на изборната кампања на секој час програма ќе емитуваат девет минути кампања од кои четири минути за власта СДСМ, четири минути за опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и една минута за сите останати партии.Значи дискриминаторски закон кој им дава осум минути кампања на час на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а само една минута за сите останати партии.Странските гади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од ЕУ и НАТО го оценија законот како високо демократски!И уште поважно. За првпат сега со закон се пропиша изборната кампања целосно да се плати од буџетот.Значи, изборите целосно ќе бидат на товар на даночните обврзници. Па, внимавајте како и за кого ќе гласате, ем со ваши пари ќе се тера кампања, ем после да не се лутите како што тоа го правите 28 години!На следните избори народот нема да биде во право ако згреши“, напиша Јанко Бачев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода неколку улици на Водно поради дефект

Денес поради водоводен дефект од ф-100 на раскрсницата на улиците Славејко Арсов и Христо Чернопев во населба Водно прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. Христо Чернопев и дел од ул. Славејко Арсов населба Водно до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tevdoski-1

Тевдовски: Во 2018 имаме највисок раст на просечната плата години наназад

Во 2018 година во Македонија имаме највисок раст на платите години наназад. Ако порано платите растеле со стапка од 1,5% и 2% годишно, во првите 10 месеци од 2018 просечната плата има раст од 5,7%. Тевдовски посочува дека клучни приоритети на Владата се растот на платите од една страна, а од друга - отворање на нови работни места, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Канал 5 телевизија.-Во 2018 економијата се движеше напред и тоа пред се поради приватниот сектор. Платите растеа. Во првите десет месеци од 2018 растот на просечната плата е 5,7%.Тоа е највисок раст ако споредите со многу години наназад. Платите во Македонија порано растеле со 1 и пол, 2 проценти, сега имаме неколкукратно повисок раст. Индустријата растеше со стапка од скоро 6% изминатава година. Извозот има континуирано двоцифрена стапка на раст. Стапката на невработеност се намали, изнесува 20,8 проценти. Имаме околу 14 илјади новоотворени работни места. Сево ова покажува дека економијата се движи во вистинска насока, вели Тевдовски.Тој посочува дека даночната реформа нема да има влијание за најголем дел од вработените. За неа, вели, имало долга дебата во јавноста и прикажани се анализи дека најголем дел од вработените ќе добијат даночно олеснување, бидејќи истото е зголемено од 7.500 на 8.000 денари.-Рамниот данок беше карактеристика на поранешни социјалистички земји, кои имаа слаби институции и не веруваа во институциите. Како што почнаа да ги подобруваат институциите, полека почнаа да се откажуваат од рамниот данок и воведуваа прогресивен. Во сите земји кон кои се стремиме, како земјите од ЕУ, САД, има прогресивен данок, со многу поостри стапки од оние кои што се предлагаат тука - вели Тевдовски.Тевдовски посочува дека јавниот долг е стабилизиран. Ако на крајот од 2016 година тој изнесувал 48,8% од БДП, на крајот од 2018 година тој е намален на 48,2%.-Од претходната Влада наследивме огромни обврски кои ги сервисираме. На пример, во 2019 имаме долгови за враќање од повеќе од 10-тина милијарди денари, покрај буџетскиот дефицит кој поради постепената фискална консолидација го намалуваме и ќе изнесува околу 17 милијарди денари-вели министерот за финансии.Тевдовски очекува годинава капиталните инвестиции да се реализираат со побрзо темпо. Како што посочува, главните проблеми кај проектите се разрешуваат, што особено се чуствувало во последниот квартал од 2018. Тој вели дека нивото на капитални инвестиции е реално и разумно, а реализирањето на капиталните инвестиции, заедно со инвестициите од приватниот сектор ќе придонесат за раст на бруто инвестициите од 4,2 проценти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
swisslion

Свислајон производствто на кечап и мајонез го сели во Македонија

Погонот од фабриката Свислајон (Swisslion) во Невесиње се затвори, од исклучиво економски причини. Фабриката производството го префрла во Македонија и Србија.Ова го истакна директорот на Свислајон Требиње, Александар Којовиќ потенцирајќи дека производството на сокови фабриката го префрла во Горни Милановац, додека производството на кечап и мајонез во Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49678536_2434347466593440_1608486576864624640_n

(ВИДЕО) Отежнато се вози по патиштата, ЈП Македонија пат неможе да стигне?

Од вчера ЈП Македонија пат го немаат исчистено автопaтот до Грција.Автопатот Демир Капија - Гевгелија изгледа вака.https://www.facebook.com/monika.stefanovska.50/videos/10217995435585747/Лизгави патишта и препорака за крајно внимателно возење. Сообраќајот по патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар и на Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. На регионалниот пат Р-1203 од с. Рогачево до г. п. Јажинце, поради силен ветер наместа има наноси од снег.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на СДСМ и Зоран Заев

СДСМ и Заев донесоа црнила за младите во Република Македонија. СДСМ ги разочара младите. Дури 83,7 проценти на млади лица на анкетата на порталот Факултети.мк одговориле дека би заминале од Република Македонија кога би можеле и би имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Фрапантни се процентите кои покажуваат дека младите не се задоволни од оваа криминогена влада на СДСМ на која единствен приоритет и се бизнис интересите и милионските тендер склучени во четири очи.Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев, се што им ветуваа брда и долини, а немаат направено ништо.За СДСМ младите никогаш не биле приоритет. Младинската гаранција, изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата како и подобрување на студентскиот стандард, погодност за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои останаа само празно слово на хартија“, велат до опозициската партија.Тие додаваат дека СДСМ и Заев ги измамиле младите. СДСМ и Заев за скоро две години од нивниот мандат освен што ги излажале и манипулирале студентите, покажале и дека немаат намера да направат ништо добро за младите.„Фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е во младите. Затоа ВМРО - ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.СДСМ и Заев се директно одговорни за уништување на младите и затоа мора час поскоро да заминат. На Македонија и требаат млади кои одново ќе треба да ја издигнат државата од пустошот кој го направи Заев и СДСМ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milos-ostojic-3-830x0

Адмир Хоџиќ уапсен поради криење на убијците на Милош Остојиќ

Адмир Хоџич кој и е познат на полицијата вчера вечер беше уапсен од страна на сараевските специјалци. Тој е осомничен дека учествувал во убиството на 30-годишниот Милош Остојиќ од Источно Сараево.Според српските медиуми Хоџич е обвинет дека ги криел лицата кои ја извршиле ликвидацијата. Најверојатно станува збор за две лица.Нив полицијата не ги затекнала во станот кој го користи Хоџич и по нив се уште се трага. Станот на осомничениот е претресен и од него се земени некои докази.  

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Во 2019 година ќе обезбедиме повеќе пари за земјоделците и капитални инвестиции

Во оваа 2019 година Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците, капитални инвестиции и силна поддршка за земјоделството, велат од СДСМ.„Земјоделците добиваат 10,5 милијарди денари или околу 160 милиони евра.Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и мерката „зелена нафта“, односно поддршка на земјоделските стопанства од 30 отсто при набавка на гориво за земјоделска механизација. Оваа мерка ќе ги намали трошоците за производство на земјоделците.Минатата 2018-та беше година на повеќе пари за земјоделците, на крупни инвестиции во земјоделството, водостопанството, во развојни мерки, ИПАРД програми.Се реализираа крупни инвестиции во водостопанствотото, започна изградбата на браната Конско во Гевгелија, изградба на системот за наводнување на тетовски Полог, обезбедени се 28 милиони евра за системите за наводнување Лисиче во Велес и Чашка, како и Јужен Вардар трета фаза.Младите фармери добија најголема поддршка досега со исплатени околу 4 милиони евра за грантови.Силно се поддржа лозарството. Земјоделците добија историски највисока цена на откупот на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока цена во последните 6 години на откупот на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).Склучени се договори за набавка на над 700 трактори на оние на кои им се најпотребни.Во 2018 година склучени се рекорден број договори преку ИПАРД програмата.ЕУ одобри нови 15 милиони евра за конкретни проекти во земјоделството.Светска банка, го поддржа земјоделството во Македонија, со околу 30 милиони евра . Утрвдени се приоритетите на инвестирање на овие средства, прв приоритет се нови откупно - дистрибутивни центри и решавање на пласманот.Во 2019 следуваат нови мерки за поддршка на интегрирани проекти во преработувачката индустрија, зголемена поддршка на сточарството, мерки со кои ќе се влијае на зголемување на извозот, откупот и на примарното производство“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Маж избоден до смрт пред неговиот син

Маж (51) беше избоден до смрт пред својот 14-годишен син во воз во Британија.Полицијата трага по убиецот кој според информациите е црнец на возраст помеѓу 20 и 30 години, слаб, со брада и облечен во црно. Надлежните апелираат до граѓаните доколку забележат некој кој личи на напаѓачот веднаш да ја контактираат полицијата.Патниците велат дека кондуктерот и возачот се обидувале да го спасат пред да дојде брзата помош, но безуспешно.

Свет | пред 7 години

7 год.
tramp-2

Трамп: Можам да прогласам вонредна ситуација за да го изградам ѕидот на границата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е спремен блокадата на американската влада која почна на 22 декември да трае неколку години. По состанокот со највисоките функционери на Демократската партија, Трамп изјави дека би можел да прогласи вонредна ситуација со што би го заобиколил мислењето на Конгресот и би изградил ѕид на границата со Мексико.Исто така тој додаде дека нема да потпише никаков предлог закон додека не се одобрат средствата за финансирање на ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико, на што демократите се противат, пренесува Би-Би-Си.Трамп најпрво позитивно го оцени состанокот во Белата куќа и го опиша како „многу продуктивен“. Но на одговор на прашање на новинарите тој призна дека се заканил дека ќе ја блокира работата на федералните агенции доколку тоа биде потребно.На прашањето дали размислувал да ги употреби претседателските овластувања за вонредни ситуации со цел да го заобиколи Конгресот, тој одговорил позитивно.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања