„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Makedonski-pasos

Околу 25% од населението се иселило од Македонија

Статистиките за миграцијата се во фокусот на сите земји од регионот во последниве години, а според најновите истражувања на чешкиот картограф, лингвист и математичар Јакуб Марин, 24,8 проценти од населението се иселило надвор од Македонија.Најмногу жители, кога станува збор за Балканот, ја напуштиле Босна и Херцеговина. Според Марин, со миграцијата структурата на населението во некои земји многу се изменила. БиХ има најголем процент на иселување. Според податоците на Марин, 43,5 отсто од граѓаните на БиХ живеат надвор од својата матична земја, а повеќето од нив имигрирале во Хрватска.Шпанија има најниска стапка на емиграција, со само 2,7 проценти, а од Германија се иселиле 5 проценти од жителите.Кога станува збор за земјите од регионот, Албанија е втора, од каде што се иселиле 38,8 проценти од населението. 20,4 отсто си заминале од Хрватска, додека 10,9 отсто од луѓето ја напуштиле Србија. Податоци се од 2015 година, но тие и денеска не се многу различни, можно е само некои бројки да се зголемиле.

Македонија | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Михајловски: Мицкоски донесе светлина во ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски како лидер ја врати довербата на народот во ВМРО-ДПМНЕ, рече Тони Михајловски во вечерашното гостување во „Отворено на Алфа“.-Се враќа довербата во ВМРО-ДПМНЕ на народот. Христијан Мицкоски како лидер донесе светлина во ВМРО-ДПМНЕ, ја реструктуираше целата партија. Тоа што се прават работи кои не им се допаѓаат на политичките противници значи дека партијата се движи во права насока. Големината на Мицкоски е тоа што нема никаква концесија кон никого, вели Михајловски.На народот му е потребен политичар кој ќе биде искрен кон него, додава Михајловски, а Мицкоски очигледно им пречи на многумина, оти сака да го задржи и зачува минатото.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tito-petkovski

Тито го повика Талат да ги потпише указите на законите

„Во Уставот јасно стои дека шефот на државата одговара ако не ги почитува уставните одредби. Одговорноста е кривична или политичка – импичмент.Токму затоа мислам дека многу помала грешка ќе направи собранискиот спикер Талат Џафери ако сам го потпише указот во споредба со грешката што веќе ја направи Иванов преку директно кршење на Уставот, вели поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со непотпишување на указот за Законот за употребана јазиците и за Договорот од Преспа од страна на претседатело Ѓорѓе Иванов.Токму затоа мислам дека многу помала грешка ќе направи собранискиот спикер Талат Џафери ако сам го потпише указот во споредба со грешката што веќе ја направи Иванов преку директно кршење на Уставот, вели поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со непотпишување на указот за Законот за употребана јазиците и за Договорот од Преспа од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов.„Јас лично сметам дека Џафери треба да го направи тоа“ – вели Петковски, како што пренесува Слободен печат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48390923_318572935649486_6159880754923831296_n

Вонредно метео предупредување: Силни ветришта, студ, дождови и снег од 20 см

Под влијание на влажен и студен бран денес во вечерните часови ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од дожд кои подоцна на планините, како и во некои пониски места ќе преминуваат во снег.Пообилни врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта, во северните делови, локално од 10 до 15 л/м2, а во ноќните часови врнежите во западните делови насекаде ќе бидат од снег, повремено ќе се интензивираат и ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см.Попладне ќе дува умерен западен, а во текот на ноќта засилен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до 80км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdovski-1-777x437

Од 1 јануари наместо персонален, граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход

Фирмите немаат причина за загриженост, УЈП е во постојана комуникација со нив ќе им помага да ги подготват софтверите за даночната реформа да почне навреме и без проблеми. Од 01 јануари наместо пероснален данок граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход. За приходите до 90.000 денари данокот останува 10%, а сумата над тоа ќе се доплаќаат уште  8% данок. Прогресивното даночење не е новина и Тевдовски очекува успешен старт.Освен даночната реформа Министерствто за финансии годинава направи десетина клучни реформи. Почната е финансиската консолидација што придонесе долгот да се стабилизира. Во текот на 2019 ќе продолжат аукциите на ДХВ два пати месечно, а новото задолжување ќе изнесува 17 милијарди денари. За догодина Тевдовски очекува да продолжи трендот од последните неколку месеци кога економијата остварува позитивни резултати.Тевдовски очекува во 2019 да продоли и трендот на раст на платите. Просечната нето плата заклучно со октормври надмина 24.800 денари и во однос на истиот период лани е зголемена за 6%.

Македонија | пред 7 години

7 год.
spasovski-21

(ВИДЕО) Спасовски: Ги активираме советите за превенција - ја зголемуваме безбедноста

Присуството на полицијата, нејзината отвореност кон граѓаните - секогаш и секаде е од примарно значење - како заради поефикасно остварување на полициските работни задачи, така и заради поблиска, односно потесна соработка меѓу полицијата и граѓаните, чии што сервис е таа, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на локалниот совет за превенција на општина Конче.- Функционирањето на локалниот совет за превенција овде во општина Конче е уште еден чекор во насока на целосно остварување на концептот што го афирмираме со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија за - полицијата како сервис на граѓаните. Практично, подинамично приближување на полицијата до граѓаните во локалните средини, независно дали се работи за урбани или рурални средини, меѓусебна редовна комуникација, информирање, едукација а се со цел да се подигне општиот степен на сигурност и безбедност на граѓаните и на нивните материјални добра. А истовремено драстично преку низата превентивни активности и соработка да се намали стапката на криминалитет во локалните средини - рече Спасовски.Во локалните совети за превенција покрај надлежни полициски службеници и претставници на локалните власти имаат можност да партиципираат непосредно и конкретно невладините организации и граѓаните.- Се надевам дека Локалниот совет за превенција при општината Конче ќе ја оствари својата корисна мисија. Полицијата од своја страна ќе стори се што е во нејзина моќ, согласно своите законски надлежности и обврски, да даде максимален придонес во функционирањето на советот.Ова е во склоп на активностите што ги преземаме, се со цел поголема безбедност на граѓаните и кои даваат резултати. Резултатите од работата на полицијата се гледаат и од последната анкета на ОБСЕ, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Но, ние не се задоволуваме со тоа и во иднина ќе работиме за овие бројки уште повеќе да се зголемат - рече Спасовски.Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Конче Благој Илиев, на која се разговараше за меѓусебната соработка.- Многу важно за безбедноста е да има партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но сега ја обновуваме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата- рече Спасовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-12

(ВИДЕО) Заев: Национална стратегија е за да градиме држава во која различните заедници ќе соработуваат

Во организација на Владата на Република Македонија денеска се одржа Отворен ден за Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија, кој предизвика голем интерес и на кој учествуваа повеќе од стотина претставници на граѓанските организации од целата земја.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со министерката за правда Рената Дескоска, зеде учество на отворениот ден со граѓанските организации за изработка на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, истакна дека различностите на нашето општество се наша предност и наше заедничко богатство, и дека од исклучителна важност е Стратегијата да биде жив инструмент за превенција од опасноста од доминација на една етноцентрична култура.„Тоа не е моделот кон кој се стреми нашата земја. Моделот на Република Македонија започнува со почитувањето на сите заедници. Тој модел повикува да градиме држава во која различните заедници ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат“, нагласи претседателот на Владата на РМ Заев.Премиерот Заев истакна дека треба да ги паметиме, но никогаш да не им дозволиме да се вратат на сцена политиките на поделби и предизвикување конфликти, туку толеранцијата и солидарноста во концептот „Едно општество за сите“, што е заедничка вредност за сите граѓани на Македонија.„Дозволете ми да изразам едно многу лично чувство: Мене лично, како на Зоран Заев, едноставно ми е несфатливо како во нашата заедница ни се протнаа злосторствата од омраза. Таквите појави не ѝ доликуваат на нашата земја, на едно демократско општество и треба да направиме сè тие инциденти да бидат изложени на јавност и осудени“, потенцираше премиерот Заев, кој додаде дека треба да направиме сè што можеме за да ја запреме омразата.Токму затоа, истакна премиерот Заев, отворениот ден за консултација за изработка на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество е добра прилика граѓаните, претставниците на заедниците и политичарите, кои меѓусебно си ги разбрале и прифатиле разликите, да се посветат на заедничките цели и да бидат носители на заедничкото Едно општество за сите.„Процесот на консултација за изработка на Националната стратегија за едно општество го најавува духот во кој ќе се исцрта стратегијата. Низ максимално отворена и широко инклузивна постапка упатуваме покана за учество на претставници на граѓанското општество и на сите останати кои сметаат дека можат да го дадат својот драгоцен придонес во седумте тематски кластери за подготовка на стратегијата: правна рамка; образование; култура; медиуми; локалната самоуправа; младински политики; и во сферата на општествената кохезија и интеграција“, рече премиерот Заев и нагласи дека Република Македонија докажа дека има политичка и општествена волја да биде модел за успешно и функционално општество еднакво за сите.Вклучувајќи се во дебатата, министерката за правда Рената Дескоска истакна дека целта на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија, е да го претвори идентитетот, со сите свои особености, во лост за соработка и заедништво кој потоа ќе биде во функција на заедничката определба - нашата држава да се развива согласно интересите на граѓаните.Министерката за правда, Рената Дескоска истакна дека е потребна проактивна улога на институциите во насока на заштита на различностите - суштината на интеркултурализмот. Во таа насока, министерката подвлече дека Министерството за правда е во процес на измени и дополнувања на Кривичниот законик, каде најзначајната измена на овој законик се токму делата на омраза.„Кривично дело на омраза е дело мотивирано со непријателски однос, пристрасност или предрасуди кон жртвата како припадник на определена социјална група. Како дело од омраза изречно предвидено со одредбите на овој Законик, се смета кривично дело против физичко или правно лице и со нив поврзани лица или имот кое е сторено во целост или делумно поради реална или претпоставена (замислена, вообразена) карактеристика или поврзаност на лицето што се однесува на раса, боја на кожа, националност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост, пол, родов идентитет, сексуална ориентација и политичко уверување“, потенцираше министерката Дескоска.Во воведната сесија на денешниот Отворен ден за Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам свое учество имаше и Рубин Земон, советник на премиерот за развој на мултикултурното општество, кој информираше за текот и постапката на креирање на стратегијата, како и за наредните чекори што ќе бидат преземени во таа насока.Во завршницата на денешниот настан, на кој со свои сугестии учествуваа голем број претставници на граѓанските организации, помеѓу бројните дискутанти од присутните, се разговараше за концептот на Едно општество и како тој е нов чекор во надминување на досегашните пракси на креирање на јазови помеѓу различните групи. Предлози од граѓанските организации стигнаа за самите термини и дефиниции кои би се користеле за овој концепт, а би биле за широка едукација на граѓаните. Родовите и малите не мнозински маргинализирани групи беа адресирани преку претставници на граѓански организации кои работат на соодветната тематика и воедно имаа предвидени иницијативи кои би ги вклучиле во Националната стратегија.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, се заблагодари за покажаниот нагласен интерес за учество во креирањето на стратегијата, кој го оцени како суштински бидејќи доаѓа од организации и од нивните претставници кои имаат непосредно искуство кое доаѓа од долгогодишниот контакт со животот и реалноста на нашите сограѓани од сите заедници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makraduli_1_4

Осоговските Планини ќе се прогласат за заштитено подрачје

Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули учествуваше на состанокот со сите клучни засегнати страни за дефинирање на предлог- граници и зони за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини.Истакнувајќи дека заштитените подрачја се приоритет на Министерството, не само во рамки на овогодинешната програма за зачувување на природата на Македонија, туку и во Стратегијата за заштита на природата и Стратегијата за заштитата на биодиверзитетот, заменик министерот Макрадули ја поздрави иницијативата на градоначалниците од Источниот плански регион (ИПР) кои го препознааа и прифатија предизвикот да ги прогласта Осоговските планини за заштитено подрачје, тврдејќи дека реализацијата ќе има исклучително позитивен придонес во зачувувањето на природата во државата.- Верувам дека, благодарение на Програмата за зачувување на природата на Македонија, ова ќе претставува уште еден голем успех, резултат на соработка на различни институции и чинители и очекувам дека веќе во 2019 година ќе можеме да се пофалиме дека Осоговските планини се прогласени за заштитено подрачје. Заедно со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје, ќе се зголеми процентот на заштитени подрачје во Македонија, ќе се унапреди имплементацијата на Стратегијата за заштита на природата и Стратегијата за заштита на биодиверзитетот, а сето тоа ќе биде во прилог на исполнување на условите од конвенциите и таргетите на Европската Унија за заштита на природата - истакна Макрадули во своето обраќање.Тој додаде и дека преку Програмата за зачувување на природата на Македонија - фаза 2 ќе биде промовиран и концептот на за екосистемски услуги, односно генерирање на финансиски средства преку подобрување на поврзаноста меѓу заштитеното подрачје и оние кои ги носат одлуките, како локалната самоуправа, Владата, или бизнис заедницата.Обраќање имаше и Николчо Илијев - претседател на Совет на ИПР и градоначалник на општина Кочани кој изјави:- Она што го дала природата треба одговорно да се користи и сметам дека природните реткости треба да се заштитат за да останат за идните генерации. Ова е долготраен процес и затоа сме овде да дебатираме и да побараме поддршка од институциите, со крајна цел да ги прогласиме овие подрачја за заштитени подрачја.Активностите за прогласување на Осоговските планини се спроведуваат во рамки на Програмата за зачувување на природата на Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а ги реализира Македонското еколошко друштво во партнерство со Министерството за животна средина и мпросторно мпланирање и локалните самоуправи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makraduli

Макрадули: Праг на алармирање против загадувањето

Ако и утре продолжи загадувањето ќе има праг на алармирање, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. Тој додаде дека бил дефиниран праг на информирање односно, според министрот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило. За надминувањето на прагот на информирање, информирана е јавноста и институциите кои се задолжени за тоа.– Така е секаде во светот. Бидејќи минатиот пат беше јасно дека за кратко време ќе дува северен ветер, бидејќи таа е композит одлука и зависи од два фактори и од податоците од Хидрометеоролошкиот завод и од мерните станици, затоа не се прогласи, додаде Макрадули одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини.Инаку годинава за првпат годинава во буџетот е одвоена ставка за секторот животна средина со тоа што планираат да повикаат независни експерти кои ќе направат мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации со цел да добијат вистинска слика од каде доаѓа загадувањето, за да можат да преземат мерски и проблемот да биде доведен во нормални граници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грешка или не - Албанија го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Фердинанд Нуку, Кујтим Прифити, Роберт Туци, Нестор Бабамето, Невзат Шеху, Астрит Кинани, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Брахја, ова се имињата на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија, од Албанија. Спиокот по грешка се појави на интернет и тоа не само имињата туку и тајните податоци за нив. Во податоците кои протекоа на интернет има детални податоци за нив , не само нивните имиња, туку и марка на автомобил, регистрации, броеви на лични карти и пасоши, оперативен ранг, детали за нивните патувања, па дури и нивните секојдневни навики.Остра реакција на овој пропуст имало во НАТО, чија што членка е Албанија, бидејќи, како што објави „Индепендент“, „кој успеал да влезе во албанскиот систем, влегол и во системот на НАТО“.Овие детали беа објавени на сајтот на албанското министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на разузнавачката агенција ШИШ. Сега цел свет има пристап во информациите за албанските агенти, колкави им се платите, па дури и кои водоинсталатери, мајстори и автомеханичари ги користат.ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надоворешно-разузнавачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozar

Старица се задушила во пожар во куќа во Прилеп

Прилепчанка почина при задушување од чад откако претходно избувнал пожар во куќата во која се наоѓала.Како што соопшти МВР, пожарот избувнал вчера околу 20 часот во куќата лоцирана на улицата Митко Цветановски во Прилеп, сопственост на М.К.(82).Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа, а во куќата е пронајдена почината М.К. која најверојатно починала од задушување.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prezentacija_datagovmk-3

(ВИДЕО) Промовиран порталот за отворени податоци

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска го промовираше новиот портал за отворени податоци. На јавната расправа за придобивките од зголемувањето на транспарентноста на институциите се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, амбасадорката на Велика Британија, Н.Е. Рејчел Галовеј, министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, Неда Малеска од Центар за управување со промени и Љупчо Вангелски од МАСИТ.Амбасадорката Галовеј, презентирајќи свои лични искуства од користењето на отворените податоци во Велика Британија, зборуваше за важноста од овој процес и можностите кои произлегуваат по отворањето на податоците.„Кога една влада објавува поголем дел од податоците што ги поседува, покажува дека не ги крие од граѓаните. Објавувањето на податоците е предуслов за да имаме Влада до којашто граѓаните имаат лесен пристап и од којашто добиваат поквалитетни услуги. Кога граѓаните на едно место можат да најдат информации за училиштата каде да што сакаат да ги запишат своите деца и како тие училишта котираат, или пак податоци за здравствените работници и цената на услугата којашто тие ја нудат, тогаш граѓаните имаат подобри информации за тоа како се трошат нивните пари и како системот може да испорача подобри резултати за нив. Преку овој пристап се промовира култура на отвореност каде граѓаните се активно вклучени и се води сметка за нив. На овој начин граѓаните ги перципираат владите како ефективни“, истакна амбасадорката Галовеј.Министерот Поповски се осврна на заложбите на Владата за зголемување на отвореноста и транспарентноста на сите институции.„За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата , самоиницијативно, го стави своето работење на увид на граѓаните. Јавноста за прв пат има можност да го следи и анализира трошењето на средствата на граѓаните од страна на владините функционери. Но, тоа беше само еден сегмент. Со системското и организирано отворањето на податоците Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми внатрешната ефикасност на државните институции, и да овозможи создавање на нови услуги, ресурси за анализи, за подготвување на извештаи, за креирање иницијативи и други активности кои можат да ги инспирираат отворените податоци. Проактивното објавување на податоци ќе ги намали барањата и ќе го олесни пристапот до информации од јавен карактер. Концептот на отворени податоци е цел што инспирира, цел што не приближува кон општествата засновани на знаење, на отворени ресурси достапни за сите, во интерес и за доброто на заедниците“, рече министерот Поповски.Во моментов на порталот за отворени податоци се објавени 111 податочни сетови, од 42 институции. Министерот Манчевски ги претстави техничките можности што ги нуди порталот, како и дел од податоците кои веќе се објавени.“Преку порталот за отворени податоци сакаме да ја подобриме испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Тој исто така овозможува да се зголеми учеството на граѓаните при креирањето на политики и при анализа на испорачаните резултати. Со еден збор, преку порталот за отворени податоци ја носиме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво. Отворањето на податоците директно и позитивно ќе помогне и во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, дава можност за отворање и на нови бизниси“, посочи министерот Манчевски. Како што информираше тој, дел од податоците достапни на порталот се објавуваа за прв пат, дел се и претходно објавени, но сега се достапни на едно место, систематизирани и во формат којшто е лесно разбирлив, но остава и простор за понатамошна анализа и дополнително користење.“Порталот за отворени податоци е жива материја и постојано ќе се зголемува бројот на институции и бројот на податоци. Тоа ќе биде процес кој никогаш нема да заврши. Тоа ќе значи и дополнителен притисок од јавноста за поголема транспарентност и отворање на податоците. Тоа е здраво, ќе ги мобилизира институциите, ќе ја крене свесноста за важноста од транспарентноста кај сите институции и на крајот ќе ја направи власта подобра. Во тој дел, сакам да потенцирам дека и секој од вас само со едноставна регистрација може да дава забелешки, коментари, и што е најважно може да бара да се објават податоци кои до тогаш нема да се објавени. Оваа можност за интеракција овозможува сите да бидат дел од овој процес и заедно да го правиме овој портал алатка од која секој ќе може да има корист“, заклучи министерот Манчевски.Во своето обраќање Неда Малеска, од ЦУП, ја потенцираше локалната димензија на порталот за отворени податоци, како и придобивките за граѓанските организации.„Покрај зголемувањето на транспарентноста, со порталот за отворени податоци се зголемува и знаењето. Тоа е од особена важност при развој на нови бизниси, но и при анализите на граѓанските организации. На овој начин се зголемува и притисокот врз работата на институциите и со тоа се креираат и подобри политики. Податоците кои ги создаваат локалните заедници и нивното објавување ќе придонесат и кон зголемување на локалниот развој“, рече Малеска, споделувајќи искуства и од Велика Британија, но и од општините во Македонија.Една од главните придобивки од отворените податоци е отворањето на нови бизниси и развој на претприемништвото. За овие аспекти од процесот, зборување Љупчо Вангелски од МАСИТ.„Новите технологии и податоци го менуваат секојдневното живеење. Тие се основа на развојот. Тука сакам да потенцирам дека начинот на којшто се објавени податоците е многу важен и овозможува понатамошна обработка. Исто така, ажурирањето на податоците за нас како бизниси е многу важно. Порталот за отворени податоци остава голем простор за развој на нови бизниси и тоа ќе го постигнеме со заедничка соработка во наредниот период“, истакна Вангелски.Стратегијата и порталот за отворени податоци се изработени во рамки на проектот „Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација“ имплементиран од Центарот за управување, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
integra

Основана е „Интегра - Македонска конзервативна партија“- им се приклучуваат досегашни партиски активисти

Нова партија за која основачите тврдат дека е најдоброто за Македонија. Формирана е „Интегра - Македонска конзервативна партија“. Во моментов се пополнуваат притапници.„Поддржете го новиот бастион на македонската идеја, со пополнување на дигиталната анкета, со пополнување на образец за судска регистрација на ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија и доколку сте во можност со финансиска поддршка“, напиша еден од основачите на партијата Проф. д-р Љупчо РИСТОВСКИ.Од партијата тврдат дека лидерскиот тим е проширен со вториот појас...морални столбови, кредибилни ликови кои се потенцијалот на нацијата, потенцијал кој е новата политичка сила на Македонија...Цели на партијата се:- Македонија во зона на „полн “ демократија (според методологијата на Economist Intelligence Unit (EIU), со минимум од 72 компоненти)- Мекедонија во кругот на просперитетните нации (мерено/следено преку Индексот за човековиот развој ХДИ – Индекс за просперитет; УНДП/UNDP)- Македонија со двојно повисок животен стандард за два изборни циклуса (мерено/следено со нова методологија во сите сегменти)- Македонија општество на среќни и задоволни граѓани (цел: внесување во кругот на првите 30 нации и држави на сите референтни скали за мерење на “subjective well being”, “happiness scales” and “life satisfaction”)Според програмата на партијата го предагаат проектот „Захеј“и формирање на фонд „Македонски инвестиции“.Од пртијата планираат многу капитални инвестиции, меѓу кои и гасификација на целата територија на Р Македонија, а во социјалнта компонента нудат поддршка за чечење на тешки дијагнози во странство и еднократна привремена поткрепа на минусот на ФЗОМ , како и со ослободување на системот за влез на дополнителни приватни осигурителни друштва/ фондови.Претседател и Соосновач на Институт за доблесна и вредносна политика ИНТЕГРА, Проф. д-р Љупчо РИСТОВСКИ, Доцент (професор) на Политички науки и Политички системи; Разрешување на конфликти и Регионална и меѓународна безбедност. Доктор по политички науки и Доктор по теологија со завршени докторски студии по теологија во САД, Дипломиран економист – економска политика и развој,15 години институционална меморија на разни раководни позиции во Владата на Република Македонија во професионалниот дел на администрацијата, од кои 10 години државен советник за анализа на политики и координација.Автор на повеќе книги: Политичка визија – Вредносен модел на политички поредок, Тајната на просперитетните нации, Најдоброто за Македонија, Демистификација на догмата, Анализа за абортусот, ...

Македонија | пред 7 години

7 год.
siniot-kit-zrtva

КОД: Прва жртва на видео играта Синиот Кит во Македонија 14 годишно момче се обеси

14 годишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, трагедијата силно одекна на истокот, но и на социјалните мрежи. Момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на КОД пристигна анонимна дојава од жител од овој регион дека момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит. Во селото Кучичино се се случува на сред село. Жителите расположени за разговор, но кога ги прашавме за случајот реакцијата им беше дека темата им е премногу болна, објави Телевизија Телма.Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.Видео игрите станаа секојдневии на децата и тинејџерите. Направени се на принципот на наградување, која што е и една од мамките за младата популација. Психолозите и педагозите предупредуваат дека постои зависност од видео игри, а сипмтомите се исти како и кај зависност од алкохол, дрога.Светот сериозно работи на оваа тема. САД и одредени европски држави веќе имаат центри, во кои се одвикнуваат младите од видео игри, а во самиот воспитно образовен процес и отворено се говори за нив.Кучичино е на само10 километри од Кочани и сеуште е живо село. Во него учат 35 ученици од прво до деветто одделение на кого модерните медиуми им се достапни без проблем. Наставниците кои отворено говореа пред камерата на КОД и родителите сметаат дека треба да се отворат очи и да имаат контрола на тоа што работат децата на компјутерите или паметните телефони.извот: Телевизија Телма

Македонија | пред 7 години

7 год.
obrtno-vozi-2

(ФОТО и ВИДЕО) Автомобил возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Тетово

На првата скопска патарина кон Тетово утрово автомобил возеше во спротивна насока и среќа и чудо е што не се случи трагедија.Видеото е објавено на Ѕидот на сообраќајниот срам.https://www.facebook.com/ivanbojan.bundaleski/videos/10216890666724232/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нов судар на пруга во Србија - утрово воз удри во автомобил

Возачот на автомобилот во кој утрово удри воз на пругата кај Врњачка бања бил во алкохолозирана состојба, изјавила министрката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, објави Блиц.ср.Патничкиот воз кој сообраќал од Краљево во Јагодина, утрово во 05:50 мин удрил во автомобил кај Врњачка бања. Тешко повредено е 21-годишно момче кое било во возилото.

Свет | пред 7 години

7 год.
svr

Сообраќајна несреќа во Струга, возач на мопед префрлен во болница

На 23 декември оваа година, во 07 часот и 30 минути, на улицата „ЈНА“ во Струга, случена е сообраќајна незгода во која учесник е мопед марка „Хамачи Соник“ управуван од Е.Ч.(34) од Струга. Тој, со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Струга, каде е задржан на натамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поевтинуваат горивата во Македонија за половина денар

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со oдлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит.Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски: Заев сега ќе го потурнат и храбрат за да се кандидира за претседател, мислат дека така ќе избега од одговорноста

-Ветуваа живот, а донесоа само страдање. Му го кратат лебот на народот поскапувајќи го, цената на горивата вртоглаво расте. Ова е анти економска и антиреформска влада. Но денеска ништо не може од нив да не изненади, секој збор што ќе го слушнеме знаете дека ве лажат и знаете си кажуваат и неостваруваат. И затоа Заев сега ќе го потурнат и храбрат за да се кандидира за претседател на државата затоа што така мисли дека ќе може да избега од одговорноста за се ова што и се случува на државата, за сите лажни и неостварени ветувања, за сите неправди, но ќе му порачам овде да не се лаже. Тоа е билет во еден правец, а одговорноста ќе го стигне. Бил премиер или не. Таа ќе си дојде. Затоа што вистинска правда мора да завладее. Па дури и за Зоран Заев , истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на 27-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pratenici-amnestija

Поднесени 12 од вкупно 33 барања за амнестија

До утрово, поднесени 12 од вкупно 33 барања за амнестија. Рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за крвавиот четврток истекува утре. Дека ќе бараат амнестија досега кажаа пратеникот Крсто Мукоски, Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, а најверојатно и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Јане Ченто и Игор Југ, пак, кажаа дека нема да бараат амнестија.Законот за амнестија стапи на сила на 20 декември откако беше објавен во „Службен весник.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања