„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
tunel-soobrakajna-nesreka

Заспал на воланот и се забил во горниот дел на тунел

Сообраќајна несреќа за среќа без жртви се случи во Словенија, за што објавено е застрашувачко видео.Бе-ем-ве, што го управувал 44-годишен маж, одеднаш, пред тунел, со голема брзина удрил во банкина покрај патот, налетал на косина што послужила како рампа да го лансира во воздух, по што возилото се забило во горниот дел на тунелот и повторно паднало на коловозот.Првичните резултати од истрагата покажале дека возачот најверојатно заспал на воланот. Возачот, за големо чудо, поминал со лесни повреди.

Свет | пред 7 години

7 год.
iseluvanje

Босна има најмногу иселеници, а Македонија во регионов на третото место

Дури 43,5 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина, живеат надвор од матичната држава, а најголем дел од нив живеат во Хрватска. Ова го покажа мапата на картографот Јакуб Марин, пренесува „Клих.ба“.Во регионот, пак на второ место е Албанија, од каде се иселиле 38, 8 посто од жителите, по што следи Македонија со 24,8 проценти од кои најмногу во Турција. Од Црна Гора заминале 22,1 отсто, од Хрватска 20,4 отсто, а од Србија 10,9 проценти од жителите.Според овие податоци, најголем број Словенци се преселиле во Германија, a Албанци во Италија.Во светски рамки, Германците се селат во САД, а Британците во Австралија, пренесе „Клих.ба“.

Свет | пред 7 години

7 год.
gruevski-trajkovski

Трајковски не бил единствениот цариник во посета на Груевски?

Извори од опозицијата тврдат дека и лицето кое е снимено како седи до Груевски во ресторан во Будимпешта, исто така било вработено во Царинската Управа на Македонија, пишува Дојчевеле.Александар Трајковски, кој неодамна беше фотографиран во Будимпешта во друштво на Никола Груевски, најверојатно не бил единствениот вработен од Царинската Управа на Македонија, што бил на средба со поранешниот премиер кој минатиот месец доби азил во Унгарија.Истиот ден кога Трајковски авионски заминал за Будимпешта, според неофицијални информации, кон истата дестинација со возило од Скопје тргнале уште две лица. Како што велат извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за нив е познат идентитетот на едниот кој во полупрофил е снимен на 12-ти декември од унгарската „24“, кој разговара и седи непосредно до Груевски во ресторан во Будимпешта. Велат дека на снимката е лице од Скопје, исто така вработено во Царинската Управа на Македонија. Според нашите соговорници, тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но, не бил познат за пошироката јавност. Според нив, условно речено, „попознат“ бил неговиот брат, чие име испливало на површина по објавување на некои од опозициските „бомби“, во кои низ разговор Јанкулоска го открива нејзино незадоволство од „учество на вагабонти од МВР во изборно 'средување' на состојбите во Охрид“.Логистичка шема?Нашите соговорници велат дека немаат информации кое е лицето што го придружувало овој цариник, но сметаат дека „некој во партијата сигурно знае“, алудирајќи дека посетата сигурно не е случајна, а веројатно ни изборот на лица кои заминуваат на средби со Груевски во Будимпешта.Разработена ли е шема за логистичка поддршка на Груевски, со лица кои не се на функции и се помалку познати за пошироката јавност, со цел помалку забележливо да ги остваруваат посетите на Груевски, да разнесуваат пораки и други нешта?Поради деновите од викендот, надлежните во МВР и во Царинската Управа не беа достапни за потврда или демант на ваквите наводи, поради што, ДВ нема да го објави идентитетот на цариникот кој го посочија негови сопратијци.Истиот ден (12.12) кога беше објавена снимката од Груевски и неговото друштво во ресторанот во Будимпешта, од Јавното обвинителство најавија дека во наредните две недели ќе излезат со информации за резултатите од предистражната постапка за начинот на кој Груевски ја напуштил земјата. До денес такви информации се уште не се објавени.БудимпештаНа преглед за синуситеЦаринската управа на Република Македонија веќе отвори истрага за отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта во друштво со Груевски. Од Царината соопштија дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството. Тој доставил Извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.„Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективниот договор. За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, медиумите ќе бидат навремено информирани“, беше наведено во соопштението минатата недела.Александар Трајковски, кој е советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, на минатонеделното рочиште за предметот „Насилство во Центар“, во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта, за што приложил и медицинска документација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

“Македонија-Блокира“: МИА троши милиони евра народни пари, а го лаже народот со невистини информации

Македонската информативна агенција (МИА) која се финансира со буџетски пари од даночните обврзници срамно го навреди народот со ставањето на своите капацитети во функција на марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, велат од „Македонија-Блокира“.„МИА го допре дното, МИА падна на најниско ниво со лажни информации за вчерашната блокада на патот Кичево - Охрид кај Другово и блокадата на централниот булевар во Кичево, дотолку повеќе, информацијата на МИА беше преземена од повеќе медиуми во Македонија.МИА информираше за организирано веење руски знамиња на протестите иако такво нешто немаше. Инаку, за нас, веењето руски знамиња не е спорно, но, поводот за секојдневните блокади не е од таков карактер, а се разбира, по повод други соодветни настани со задоволство ќе вееме и руски знамиња. Патем, останува прашањето зошто од МИА нема ниту збор за антимакедонската слика во Кичево и околината кои се преплавени со албански знамиња.Сето ова МИА го прави со манипулативната фотографија од пред започнување на настанот инфромирајќи дека имало десетина протестанти иако Булеварот во Кичево беше блокиран, не со 10, туку од повеќе од 500 протестанти.Патем, кога сме кај посетеноста да им ја освежиме селективната меморија на полтроните од МИА дека токму нивниот газда Зоран Заев сеуште го држи светскиот рекорд во посетеност кога на т.н. НАТО-журка во Охрид организирана од СДСМ имаше само еден посетител“, се наведува во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

35 сообраќајки во Скопје во изминатиот викенд, едно лице со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (21, 22 и 23.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 35 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 14 со телесни повреди и 20 со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 22 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 82 возачи од кои: 55 затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет затоа што биле возачи почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување

Скопје | пред 7 години

7 год.
zapleneti-stotina-metri-ribarski-mrezhi-229465

Пронајдени девет рибарски мрежи во Охридско Езеро

На 24.12.2018 година  во времето од 22,00 до 02,00  часот при вршење на патролна дејност  во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро пронајдени се девет рибарски мрежи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во куќа во Прилеп, загина едно лице

На 23.12.2018 година околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар.  Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi

Пронајдени 55.000 парчиња пиротехнички средства

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и  СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства.Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-trcat

Почна пријавувањето за третото издание на „Охрид трчат“

Од денеска, официјално започнува пријавувањето за учество на третото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ која ќе се одржи на 2 јуни следната година. Вљубениците во трчањето, луѓето со позитивен дух и енергија, сите спортисти и рекреативци своето учество можат да го пријават исклучиво онлајн на интернет страната Ohridtrcat.mk.Заинтересираните за учество на Атлетскиот викенд, „Охрид трчаТ“ ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 и 10 километри. Стартниот пакет за трката на 5 километри и тим билдинг трката на 5 километри до 31 јануари изнесува 400 денари, до 31 март чини 500 денари, а до 26 мај кога е последен ден за пријавување е 600 денари. Стартниот пакет на трката на 10 километри и тим билдинг трката на која учествуваат најдобрите атлетичари од нашата земја и многу атлетичари ширум светот ќе чини 700, 800 односно 900 денари според датумите од трката на пет километри. За најдобрите во трката на 10 километри има и парични средства и награди од спонзорите кои се објавени на официјална страна.Третото издание на „Охрид трчаТ“ ќе претрпе одредени измени во настаните кои се во склоп на настанот. Трките на различностите и средните училишта ќе останат и Детската трка исто така, луѓето позади сцената на „Охрид трчаТ“ ќе имаат свој ден, а мала промена ќе има во Ноќната трка, која ќе се одржи во петок на 31 мај два дена пред главниот настан на 2 јуни. На 1 јуни (сабота) сите пријавени на определено место ќе си ги подигнат стартните пакети и ќе одбројуваат до почетокот на најголемата спортска манифестација во Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
t8-1

(ФОТО) Толку магла има што Груевски може и низ Скопје се шета

Смог и магла утрово во Скопје. Тоа, ги инспирираше корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ да го кажат своето мислење низ шеги.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
saso-vasilevski

Пратеникот Василевски денес ќе бара аменстија за упадот во Собранието на 27 април

Рокот од пет дена за поднесување барање за амнестија за настаните поврзани со 27 април, истекува утре.Според најавите, денеска барање за амнестија треба да поднесат пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Очекувањата се дека барања во текот на денешниот и утрешниот ден ќе поднесат најголем дел од обвинетите.Досега, познато е само дека амнестија поднеле четворица, меѓу кои и пратеникот Крсто Мукоски. Останатите тројца се Никола Митревски Кољо, Младен Додевски и Оливер Радулов.Според дејствата во обвинението за настаните од 27 април, акт на насилство за судењето што е во тек во кривичниот суд сториле 4 лица: Влатко Трајков, Никола Митровски – Кољо, Јане Ченто и Дејан Давидовски – Дешо, кој е недостапен за органите на прогонот. Во обвинението пишува дека сите обвинети сториле акт на насилство за да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата. Обвинетите пратеници дејствувале како организатори и овозможиле да влезат граѓаните и насилниците. Крсто Мукоски и Сашо Василевски двапати ги отстранувале металните огради од собраниската врата за да влезат лицата со фантомки, а други тројца нивни колеги ги повикувале што помасовно да влезат во Собранието.„На 27.4.2017 година од 14.30 до 22.30 часот, за време на одржувањето на констутитутивната седница на Собранието на РМ , веќе обвинетите Крсто Mукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пеиќ, Абдулфета Аљими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанчо Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, да оневозможат и да спречат избор на претседател на Собранието на Република Македонија, предизвикале акт на насилство, го загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во Собранието на РМ, со што создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, пишува во обвинението.Судот има рок од пет дена од приемот на барањето да донесе решение дали ќе некого го следува амнестија или не, а за тоа претходно потребно е да прибави и мислење од јавен обвинител. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

(Видео) Македонија е далеку од Европа со оваа власт, вели Мицкоски

Власта само на зборови е проевропски ориентирана, но не и по делата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговиот говор по повод 27-мата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.„Па ќе прашам еве овде европски ли е премиерот да бега од дебата со лидерот на опозицијата, што толку многу ја бараше кога беше тој лидер на опозицијата? Бега и се моли што побрзо да заврши процесот со Уставните измени, а и за економијата нема што да каже, се разбира. Ако излезе на дебата ќе мора да збори и за криминалите што се случуваат. Јас досега се уште не сум видел во Европа премиер што бега од дебата.Европски ли е да се претепа човек во Струмица, да го претепаат кукавици со фантомки само затоа што се дрзнал да го критикува братот на премиерот? Европски ли е тоа?Европски ли е да се води прогон кон опозицијата и да се прави полициска опсада на нејзиниот штаб, претресувајќи ги возилата и луѓето кои што влагаат и злагаат во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ?Европски ли е една фамилија на власта, сестрата да е директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет. Ќерката пак државен секретар во секретаријатот за европски прашања, а мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ. Ова го има браќа и сестри само во СДСМ. Каде се сега оние шарени кои што се удираа по градите фарбајќи ги новоизградените објекти во Скопје и во другите градови ширум Македонија барајќи правдина барајќи мир? Овие си се вдомија многу пристојно во институциите, а овие останаа дома. Има место за секого, дојдете застанете рамо до рамо со нас да се спасиме од овие измамници кои што ја запоседнаа Владата на Република Македонија“, изјави Мицкоски.Македонија е далеку од Европа со оваа власт, посочи претседателот на партијата во својот четириесет минутен говор и додава дека како што тргнало и наредната година нема датум да добиеме за преговори. „Нема затоа што ништо не работат. Не затоа што штанцаат закони на хартија, туку затоа што во дело во пракса никаква примена нема“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
razvod

Расте бројот на разводи во Македонија

Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак.Најмногу бракови, 1. 771 или 12.9 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 отсто.Според статистиката, најчесто во прв брак стапиле 93.1 отсто жените, а 91.4 отсто мажите. Во втор брак и во трет брак почесто стапуваат мажите.Жените најчесто застанувале пред матичар на возраст од 20 до 24 години, а мажите пак од 25 до 29 години.Според припадноста кон етничката заедница на соприжниците, најмногу бракови се бележат кај македонската заедница – 7.291, потоа на албанската – 4.878, на турската – 489, на ромската – 463, на српската – 110, на бошњачката – 108, а најмалку кај влашката каде има само девет брака.Бројот на разводите минатата година, според ДЗС, бележи зголемување од 0.5 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.994 разведени бракови.Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу во декември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Стотици криминалци пуштени на слобода сега дивеат по улиците

Дури ни рекордната загаденост на воздухот и ПМ честичките не можат да го покријат криминалот на улиците како последица на владеењето на СДСМ. Црнилото во кое СДСМ ја втурна државата резултира со зачестени вооружени пресметки,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие за граѓаните на Република Македонија. Криминалната власт на СДСМ повеќе не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните ниту во нивните домови затоа што со улиците владеат криминалци, лихвари и насилници.,,МВР со СДСМ и Оливер Спасовски стана синоним за корупција. Тие наместо да се борат против истата и да го одржуваат редот и мирот во државата се занимаваат со матни зделки и сомнителни тендери. Наместо заштитници на граѓаните станаа заштитници на криминалците.Со СДСМ и Спасовски, Република Македонија секојдневно се повеќе тоне во криминал. Стотиците криминалци кои ги пуштија на слобода сега дивеат по улиците. Зачестија грабежите, убиствата, вооружените пресметки, а секој граѓанин стравува дека може да биде застрелан по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев е се уште на слобода и прашање на време е кога уште еден недолжен граѓанин ќе стане негова жртва. Граѓаните на Република Македонија наместо заштита добија убиства, престрелки, кражби запалени автомобили на секој чекор.Македонските граѓани сакаат власт која ќе се грижи за редот, мирот и безбедноста, а не Влада која го заштитува криминалот. Оливер Спасовски докажа дека е најнеспособниот министер за внатрешни работи и симбол за политички прогон. Граѓаните стравуваат за своите животи и животите на своите најблиски и нивната иднина. Затоа Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Црнилото кое ја зафати Република Македонија со СДСМ мора да заврши што поскоро”, соопшти партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kiracoski

(ВИДЕО) Кирацоски: Минималната плата ја зголемиувме на 12.000 денари , а 2018 беше година на рекорден износ на странски инвестиции

Македонија доби покана за членство во НАТО и наскоро станува 30 земја членка на Алијансата.Започна скриниг процесот со Европската Унија, а во јули 2019 година може да започнат преговорите за членство и отворањето на првите поглавја, рече генералниот секретар и пратеник на СДСМ , Александар Кирацовски.Ставивме крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто не влечеше надолу. Со Договорот од Преспа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност трајно ги заштитивме и обезбедивме.Минималната плата ја зголемиувме на 12.000 денари и таа се однесува на сите стопански гранки, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои претходно добиваа пониски плати. Денес, околу 90.000 граѓани добиваат повисоки плати, 90.000 семејства имаат поголем семеен буџет, подобар стандард, подобра живејачка.Растот на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година. Согласно растот на платите, растат и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Исправувме и една децениска неправда, го решивме проблемот со стечајците. Околу 8.100 стечајни работници добиваат по 7.596 денари месечен надоместок.За прв пат сериозно ги намалуваме трошоците за граѓаните. Трошоците за нотарските и извршителските услуги се намалени од 50 до 90 отсто, а со новите тарифници 16 ставки целосно се укинуваат. Донесовме сериозно финансиско олеснување за голем број наши сограѓани.Ставивме крај на репресивната казнена политика и воведовме опомена пред казна. Крај на злоупотребите, самоволието и изживувањето врз фирмите и граѓаните со нова праведна казнена политка.Глобите се намалуваат за 75%, а нивната висина ќе биде пропорционална на прекршокот. Истовремено, за првпат се воведува градација помеѓу малите средните и големите претпријатијаГо реформиравме системот на социјална заштита, создадовме систем кој извлекува од сиромаштија и заштитува ранливи граѓани.2018 беше година на рекорден износ на странски инвестиции. Само во првото полугодие од годината забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.Сериозно се инвестира и во инфраструктурата, во нови патишта, пруги, мостови. Преку сериозен инвестициски циклус, се градат нови и се реконструираат повеќе патни правци низ целата држава.Зад нас е година во која беа обезбедени повеќе пари за земјоделците, се инвестираше во зголемен ученички и студентски стандард, во нова опрема во здравството.Почитувани граѓани,Следната 2019 година е година на економијата и подобар животен стандард.Трендот на раст на платите ќе продолжи и во 2019 година. Обезбедуваме раст на платите во сите сектори.Вработените во здравството, образованието, градинките, социјалната заштита, одбраната, судството, полицијата во 2019 година добиваатпоголеми плати за 5 отсто. Додека лекарите специјалисти добиваат поголема плата за 10 отсто.Преку зголемената државна помош за претпријатијата, ќе растат платите и во приватниот сектор.Лицата приматели на социјална помош добиваат и до 300 отсто повисока социјална помош а околку 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.Се намалуваат трошоците за земјоделците. Со воведување на мерката зелена нафта, се обезбедува 30 отсто поддршка за земјоделските стопанства при набавка на нафта за земјоделска механизација.Во наредната година сериозно ќе се зголемат средствата за гасификација, за инфраструктурни проекти, ќе се градат и реконструираат автопати, ќе се инвестира во железничкиот сообраќај, ќе се градат водови и канализациски мрежи.Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата.Во 2019 година продолжуваме да работиме домаќински, одговорно и во интерес на сите граѓани.Како одговорна партија остануваме посветени на политиките што обезбедуваат капитални инвестиции, економски раст, повеќе пари и членство во НАТО и ЕУ, рече Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија се гуши - енормно загаување низ целата земја

Нема спас од аерозагадувањето. Проблеми со неговите штетните последици имаат и младите и старите.Додека граѓаните постојано реагираат и апелираат, надлежните институции и властите без конкретни мерки.Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.Мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина утрово регистрираат високи концентрации на штетните ПМ10 честички во речиси сите делови на земјата. Најалармантно е во скопската општина Центар каде се измерени 302 милиграми ПМ 10 на метар кубен, по што следуваат реонот околу Ректораттот со 180, општина Карпош со 179, Битола со 159, Струмица со 156, Тетово и Кавадарци со 134 милиграми на метар кубен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

281 жртва во цунамито во Индонезија, евакуирани 12.000 жители

Стотици полицајци и доброволци се обидуваат да најдат преживеани по цунамито кое ја погоди Идонезија. Најмалку 281 лице го загуби животот, а повеќе од 1000 се повредени.Околу 12.000 жители се присилно евакуирани.  Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стотици жртви од вулканското цунами во Индонезија, жртви се вадат секоја минута

Во предбожикната миса попладнево во Ватикан, папата Франциско ги повика верниците на заедничка молитва за стотиците жртви во Индонезија. Папата од плоштадот Свети Петар во Рим им рече на насобраните верници дека неговите мисли и молитви се со Индонезијците погодени од насилна природна катастрофа.Тој рече дека духовно е покрај сите што останале бњез дом или страдаат на каков било начин.Инаку спасувачките тимови во Индонезија секоја минута наоѓат безживотни тела. Бројот на загинати во вулканското цунами по од ерупција на вулканот Кракатау постојано се зголемува..Официјалната бројка засега е повеќе од 220, но се стравува дека ќе има многу повеќе, особено поради фактот што дури околу илјада лица се повредени, а многумина се водат за исчезнати. Делови од крјбрежјето на индонезиските острови Суматра и Јава, се целосно срамнети со земја, по што властите упатија апел и до локалното население, но и до големиот број туристи да бидат што подалеку од океанскиот брег.„Во овој период од годинава има многу туристи. Задутре е Божик, но за жал се случи оваа природна катастрофа. Сега луѓето се исплашени, локалното население од страв не се враќа дома, хотелите се испразнети. Сите доброволно заминуваат во привремените центри за згрижување.“ - изјави Аулиа Ариани – Црвен крст на Индонезија.На интернет се појави снимка од моментот кога голем бран погоди рок концерт на кој настапуваше бендот Севентин, на плажата Танјунг Лесунг.Околу 200 вработени на државната електродистрибуција и нивните семејства се собрале на плажата да присуствуваат на забавата, кога огромното цунами го погоди местото.https://twitter.com/EricssenWen/status/1076686593543462913?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076686593543462913&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b4-%25d0%25b8-%25d0%25bf%2FФронтменот на бендот објави на Инстаграм дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека по останатите тројца членови на бендот и неговата жена се трага.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Авиосообраќајот се нормализира - утринава се реализираа сите полетувања и слетувања

Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран, објави МИА.Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страницата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.извор: МИА

Скопје | пред 7 години

7 год.
Angelka-Peeva

Потенцијален кандидат на ЛДП за претседател на државата Ангелка Пеева Лауренчиќ

Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, доколку партијата донеси одлука на претседателските избори да настапат самостојно.Ангелка Пеева Лауренчиќ се повлече од политичките води по пратеничкиот мандат од ЛДП од 2002 до 2006. Во политиката влезе со либералите на Стојан Андов, а пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади .Пеева-Лауренчиќ веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.Родена е во Штип и е мајка на две деца. Нејзиниот покоен сопруг, Иво Лауренчиќ, претставуваше пионер во маркетинг бизнисот во поранешна СФРЈ, а потоа и во Македонија каде што ја основаше агенцијата „Идеа плус". Во оваа маркетинг агенција активно работела и потенцијалната кандидатка за претседател на државата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања