„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
49010903_10156918835882290_1669420227080749056_n

Да и помогнеме на 11- месечната Бисера Здравковски, итно се потребни две операции

Да бидеме хумани и да и` помогнеме на малата Бисера Здравковски на која и е откриена ретка вродена срцева аномалија. Итно се потребни две операции во Германија.Нејзиното семејство ги замолува сите хумани граѓани да донираат за 11- месечната Бисера.https://www.facebook.com/goran.zdravkovski.7/posts/10156918835942290

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прогласени најдобрите трговски објекти за 2018 година

Градот Скопје и агенцијата „SWOT Research“, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи, и годинава ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.- Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2018 година. Неговата цел е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје. Со задоволство истакнувам дека Скопје има со што да се пофали. Без разлика дали станува збор за бутици, салони за мебел, супермаркети или продавници за домаќинство, ги следиме светските трендови и напредуваме во секој поглед. Ве охрабрувам да продолжите да се борите, иако знам дека не е секогаш лесно. Тука сме за вас секогаш кога ќе ви биде потребна поддршка, бидејќи кога напредувате Вие, напредува и Градот – рече денеска Тодоров.Тој упати благодарност до Агенцијата „SWOT Research” за успешната реализација на овој проект.За најдобри трговски објекти за 2018 година се избрани следните:Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“1. Горење2. Нептун3. ЕлипсоКатегорија „Модни додатоци и накит“1. Божиновски2. Сигма3. АБ бижутеријаКатегорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“1. Дел стор2. Ај Стаил3. Duna iStoreКатегорија „Парфимерии и козметика“1. Ри – Ма2. Анабела3. ЛогонаКатегорија „Салони за мебел“1. Стиллес2. Акрон3. Кристина ДамилКатегорија „Супермаркети“1. Рамстор2. Гранап3. ВероКатегорија „Бутици“1. Тудорс2. Ламас3. Бонати ФиореКатегорија „Домаќинство“1. Технополис2. Лусо3. JyskПризнанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 12-ти пат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gjorce-petrovk

Отворена фитнес-зона во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров ја доби првата фитнес-зона на отворено преку Агенцијата за млади и спорт. Опремена е со девет справи и една за лица со посебни потреби.– Вложувањето во спортот е вложување во сопствената иднина. Општината не ги штеди ресурсите кога е во прашање младоста, здравиот живот и инвестиции во спортската инфраструктура. Отворањето на фитнес-зоната е само продолжување на проектите кои имаат за цел стимулирање на младите да спортуваат, а со тоа се создаваат подобри услови за тренирање и развивање на вештините. Во спортот нема политика, има само талент и напорна работа. Токму затоа апелирам на совесност до сите граѓани да не се вандализира ова спортско катче кое е за добро на сите жители на општина Ѓорче Петров – вели градоначалникот Александар Наумоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48423829_2123701194342748_2925557612650954752_n

Изречена казна за излегување од градилиште со валкани тркала

Градските комунални инспектори денеска согласно со Законот за јавна чистота изрекоа казна на правен субјект за излегување на товарно возило со валкани гуми на тркалата од градилиште на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.Градските комунални инспектори согласно Законот за јавна чистота вршат редовни надзори и контроли на градилиштата во Скопје во однос на излегувањето на товарните возила од градилиштата со валкани гуми на тркалата и покривање на камионите со церади.

Скопје | пред 7 години

7 год.
6-7

Мицкоски присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски  вечерва присуствуваше на  Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.Мицкоски на  Светата литургија по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ беше придружуван од  членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.Исто така на литургијата вечерва присуствуваа претседателот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев, пратеникот Влатко Ѓорчев, заменик градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи...

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Поради врнежи од снег се воведуват забрани за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведуват забрани за тешки товарни возила. На патните правци Крак-Маврово-Дебар, Крак-Стража и патниот правец Битола-Ресен и обратно, на превојот Ѓавато.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48365212_10218732384290040_6010095445513076736_n

Реалноста на Скопје, од надвор свети, од внатре жално и бедно

Една слика,  илјада зборови. Ова  е реалноста која владее во Скопје. Од едната страна се лицата кои питачат, а од другата луксуз и украси во вредност од 13 милиони денари.Граѓаните велат дека украсувањето не е начин на славење. Нова Година треба да се слави со честитки, а не со украси, велат тие. Други пак велат дека приоритет е животот и безбедноста на бездомните деца, а дури потоа едномесечното задоволство од елката и светилките што ги „заслепуваат“ сиромашните граѓани. Парите што се фрлаат за украси, требаше да се инвестираат против заградувањето на воздухот и инфраструктурата или да им се помогне на социјално загрозените категории, велат граѓаните.„Ова е ништо, три четири дена, една недела и завршува. Ќе беше многу подобро да се донираа во хуманитарни цели“, изјави граѓанин.Неколку граѓани бараат дури и повеќе, тие не се задоволни со украсувањето на градот.260 илјади евра потроши град Скопје за украсување на градот за новогодишните празници. Според договорот за украсување, се предвидува во центарот на Скопје елка од 20 метра, како и украсување на 20 улици, булевари и други јавни површини. Меѓу овие точки на договорот, се спомнува и плоштадот Филип Втори. Според договорот, на фонтаните пред црквата св.Димитрија требаше да се постават светилки во форма на елка. Но, продавачите што се секојдневно тука велат дека овој плоштад  воопшто не е украсен.„Овој дел од градот, нема украси, мислам овој дел преку мостот не е украсен. Светилките исто така не работат навечер“, изјави продавач.Украси нема ниту во паркот „Жена Борец“. Според договорот, на бандерите требаше да има светкави топки и на борчињата и грмушките да има светкави мрежи. Првата фаза од договорот опфаќа украсување на одредени места, а рокот беше до 5 декември. Втората фаза од договорот опфаќа отстранување на поставените украси и декорации до 25.01.2019.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nacalnikPSkocani

(ВИДЕО) Екс командирот на ПС Кочани мете во затворска ќелија со осуденици кои ги наместил да лежат робија

На социјалните медиуми е објавено видео, за кое се тврди дека лицето кое е снимено како мети ќелија е екскомандир на Полициската станица во Кочани. Објавувачот на видеото вели дека лицето кое мети ги наместил затворениците да лежат затвор.„Уште една снимка од бившиот кочански командир на ПС Кочани како мете.... Вано, јас и Ангелчо Кралов кога те шамаревме во опатија и ти кажавме дека шамари јадеш поради правда за дечките што ги намести во Детонатор случајот не ме веруваше!!!П.С Началниче јас сега ке направам некоја глупост што фаќа затвор до 6 месеци и ќе влезам кај што си ти.... а натаму ти мисли му ја, има бааги кофи со вода во затворот во Струмица, јас ќе ги носам кофите со мојата инвалидска количка, твое е да внимаваш и да не се сопнеш - бидејќи ќе се удавиш“, пишува под објавеното видео на социјалната мрежа Фејсбук.https://www.facebook.com/blagojco.gorgiev.3/videos/2361607150535006/

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-14

(ВИДЕО) Во с.Белица, Кичевско најмилите животинчиња си одат кај мештаните на гости

Во с.Белица – Кичевско на нивната официјална страница споделија видео каде срниче слободно оди и јаде во домот на домаќините, пишува.Вистинска реткост е да се погледне ваква работа говори еден од мештаните, бидејќи овие животинчиња се нежни и мили и треба долго време да стекнат ваква навика..https://www.facebook.com/belica.mk/videos/2394343663970961/

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Пресметал колку вреди работата на неговата сопруга низ дома

На еден блог кој го води извесен Стивен, осамна текст, кој го обиколи светот. Причината за тоа е што многу луѓе, всушност, се пронаоѓаат во него!„Размислував, но никако не можам да си дозволам дадилка и домашна помошничка… Мојата жена е принудена да ја остави работата и во целост да се посвети на куќата и детето. Го храни, му менува пелени, го теши кога плаче… но тоа е само почеток!Да, таа е мајка и природно е да се грижи за своето дете, но размислете колку пари мора да дадат мајките кои, поради работата, не можат!“Стивен дури и пресметал колку на годишно ниво би чинело се` што неговата сопруга извршува:Просечна заработка на дадилка – 705 долари неделно, 36.660 годишно.Чистење на куќата – 50 до 100 долари секој пат, или 5.200 годишно.Купување намирници – 65 долари секој пат, 4 пати неделно, или 13.520 годишно.Готвење – 240 долари неделно, 12.480 годишно.Финансиски помошник (располагање со буџет, плаќање сметки) – 15 долари на час, 5 часа неделно, 3.900 долари годишно.Организација на собирање на семејството – семејни ручеци и др – 75 долари на час, 4 часа, 3 пати годишно, вкупно – 900 долари годишно.Перење облека – 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.Вкупната сума годишно изнесува 73.960 долари!„Чувствувам срам, бидејќи некое време ништо немам купено за неа. Се чувствувам неугодно бидејќи таа цело време мислеше дека премногу троши и сите наши приходи ги фрла залудно“.„Таа ме сака мене и нашиот син, секако без никаква парична надохнада! Меѓутоа, мораме да замислиме за тоа дека нивната работа објективно вреди многу повеќе.“„На овој чуден начин, сакав да изразам длабока почит. Таа вреди повеќе од секој скапоцен камен на светот.“

Магазин | пред 7 години

7 год.
1-15

Едно бегство ја крена Македонија на нозе, а „Фчерашни новости“ ги обедини опозицијата и власта

Едно бегство ја крена Македонија на нозе. А, додека сите го бараат избеганиот папагал, караванот си врви. Сепак, додека трае оваа потрага, само едни вести успеаја да ги обединат и опозицијата и власта, и тоа – пародични вести. Да, во последната епизода на „Фчерашни новости“ можевте да видите и политичари од власт и од опозиција, и пејачи и актери, и водители и новинари, дури и претседател на Собрание.И Љубомир Фрчковски и Илија Димовски, па и Талат Џафери, имаат една молба – Томе врати се. Доколку сте меѓу оние малкумина што не го гледале ова новинарско благо, погледнете го тука:

Магазин | пред 7 години

7 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски смета дека ја заслужил амнестијата

Денеска и утре се последните два дена за поднесување барањата за амнестија за случувањата од 27 април. Барањата до скопскиот Кривичен суд се доставуваат лично или по пошта.Меѓу првите што побараа амнестија е пратеникот Крсто Мукоски, обвинет дека ги отворил вратите во Собранието по што почна хаосот во законодавниот дом. За разлика од него, Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека не сакаат милост, туку правда.Законот за амнестија во четвртокот вечерта беше објавен во „Службен весник" откако на него стави потпис претседателот Ѓорѓе Иванов. Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
risto-paligora-203676

Почина Ристо Палигора, заштитникот на црковните споменици во Битола

Почина еден од најголемите заштитници на културното и историско наследство и богатство во битолскиот регион, Ристо Палигора, советник, конзерватор и историчар на уметност, вработен во битолскиот Завод и музеј. Палигора почина ненадејно денес во 57. година од животот, обавувајќи секојдневни обврски.Зад себе остави огромно дело. Скоро и да немаше проект за реставрација и конзервација на ѕидното сликарство и архитектурата на цркви и манастири во Пелагонискиот и Преспанскиот регион во кои не беше вклучен. Беше еден од најголемите истражувачи на историјата на храмовите и делото на зографите. Експерт достапен за медиумите кој јавно зборуваше за проблемите од областа на заштитата на спомениците.Јавноста го памети и како учесник во сложен конзерваторски потфат во кој беше спасено ѕидното сликарство од опожарената црква „Св Петка“ во село Долно Егри, како и фреските и иконите од старата црква „Св. Димитрија“ во село Долно Чарлија во Битолско. Беше спасено целосно ѕидното сликарство над 250 метри квадратни и иконите од иконостасот.Палигора водеше долгогодишна битка за да се издвојат пари за реставрација на бисерот на сакралната архитектура од 19 век, црквата „Свето Преображение“ во село Гопеш.Беше неуморен чувар на галеријата икони Маловишта, каде има дела од Дичо Зограф, Трпу Зограф, Јован Зоград, Михајло од Самринаи други значајни автори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Во Кочани, три жени се тепале за еден маж

Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој,  емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25, пишува Телевизија старИзвесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.Случајот го потврдуваат и од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката. Во официјалната информација за настанот, за кој во Кочани нашироко се дебатира стои:„На 23. 12.2018 година, во 19.45 часот во ПС Кочани,  В.М. 48 од Кочани, пријавила дека на ул Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.,

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Да не дозволиме да се вратат политиките на поделби меѓу луѓето

"Нашата намера е да ги паметиме, но никогаш да не им дозволиме да се вратат на сцена политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на наши и ваши. Нека останат само во сеќавања, секако, за никогаш повеќе да не се повторат". Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“ што се одржа во Владата на РМ.Толеранцијата, како што посочи премиерот, е најважниот услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи."Мене лично несватливо ми е како во нашата заедница и се протнаа злосторствата од омраза. Таквите појави не и доликуваат на нашата земја, на едно демократско општество и треба да направиме се тие инциденти да бидат изложени на јавност и осудени", рече Заев и додаде дека треба да направиме се за да ја запреме омразата, да им застанеме на патот на оние кои сеат омраза и да не влегуваме во тој ланец на злото.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-333826-696x376

Човекот кој ја кубеше за коса Шекеринска поднесе барање за амнестија

Меѓу 38 барања за амнестија, кои се поднесени до денес, се наоѓа и барањето поднесено од Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор бидејќи при упадот во Собранието на 27 април ја кубеше Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат потврди дека во име на својот клиент поднел барање за амнестија.За време на судењето Ангелов ја призна вината, рече дека се кае за извршеното дело, за кое законот предвидува казна од 3 до 10 години затвор. При читањето на пресудата судијката Џанета Бектовиќ порача дека оваа пресуда ќе служи за пример за останатите граѓани. Ангелов бараше казната затвор да биде преиначена во условна, но Апелација ја одби жалбата.Според Законот за амнестија, помилување не може да добијат организаторите и подготвувачите на нападот во Собрание, за кои има основани сомненија, како и лицата кои извршиле физичко насилство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Снежното невреме започна во Македонија: На овие места е најкритично

Од УХМР дадоа предупредување за вечерва дека се очекуваат врнежи од снег.Инаку од АМСМ информираат дека од 20,15 часот поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведуват забрани за тешки товарни возила на патните правци Крак-Маврово-Дебар и Крак-Страж.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Aвтомобилите украдени од скопски автосалон пронајдени во Гостивар

Во текот на викендот три автомобили марка „мерцедес“, „БМВ“ и „порше“, за кои полицијата информираше дека се украдени од автосалон во Скопје, биле пронајдени во Гостивар, пренесува порталот Гостиварпресс.Според првичните сознанија, возилата биле пронајдени на различни локации во Гостивар, а едното од нив („мерцедесот“) бил паркиран во близина на автобуската станица.За сега нема информации за сторителите на кражбата. Се очекува МВР да соопшти повеќе информации во врска со случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
D0065093A55B42E69C4A6D6407E4EBC8-e1416651071153

Ќерката на Невзат Бејта минатата недела се вработила во МЕПСО за плата од 600 евра

Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, е вработена во државната компанија МЕПСО, каде што добива плата од 36.500 денари, потврдиле оттаму за Фокус. Информацијата вчера на својот фејсбук профил ја објавил новинарот Зоран Божиновски, кој напишал дека Фиторе потпишала договор минатата недела.Од петокот во МЕПСО како нов референт за јавни набавки е вработена Фиторе Бејта Акику, ќерка на Невзат Бејта, напишал тој.Од МЕПСО велат дека Фиторе била избрана на огласот за вработување како најдобар кандидат. Од таму додаваат дека договорот за вработување бил склучен во четвртокот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cinema_1

Маж убиен со нож во кино додека гледал филм

Во кино во трговски центар во Полска за време на прикажување на детски филм бил убиен маж во кино салата, пренесуваат полските медиуми.Телевизијата Н24 објави дека нападот се случил во градот Шчеќин, кога напаѓачот избодел двајца мажи со нож.Портпаролката на полицијата потврди дека еден од двајцата мажи починал, објави АП. Напаѓачот е веднаш уапсен, но мотивот на нападот не е познат.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања