„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
ministerstvo

Одгледувачите на овци го кренаа својот глас - се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција

Одгледувачите на овци одржаа мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството.Се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со 2.000 – 5.000 евра загуба поради ниската цена на јагнето.-Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Сакаме уште еднаш да укажеме дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.Одгледувачите на овци изјавија дека не бараат профит, туку егзистенција. Доколку државата не им помогне проценуваат дека за три години земјава ќе остане без овци. Тие бараат 1.500 денари субвенции за грло овца и 1.000 за оставено женско јагне, како и поддршка од државата ако откупната цена на јагнето е пониска од производната. Ресорниот министер ги прими на средба и им вети дека ќе ги разгледа нивните барања, а одговор ќе добијат на крајот на идниот месец.„Јагнето сега за нова година се откупи за 140 денари, а наша производна цена е 170 денари. Таа производствена цена стои во министерството, а јагнето ни го откупуваат по цена од 120 до 140 денари, па дури и 110 денари“, рече Митко Јанков – одгледувач на овци.Овчарите досега имале неколку состаноци со Николовски на кои присуствувале и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, како и директорот на Јавното претпријатие за пасишта Љуљзим Фејзулаи. Ги искажале проблемите со кои се соочуваат, но од надлежните, кои ги ислушале, не добиле конкретен одговор.Додаваат и дека се многу револтирани од начинот на работење на Министерството, и од ова на сегашната, но и од тоа на претходната власт.Според нив, смешно е зголемувањето на субвенциите за оставено женско јагне, од 1.000 на 1.100 денари. Цената, пак, на јагнето е многу ниска, под производната, и овој проблем се провлекува со години.Денеѓниот протест е поддржан од Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.

Скопје | пред 7 години

7 год.
izgrev-3

Османи: Во СЕП е сконцентрирана најсилната експертиза за успешен старт на преговорите во 2019

Денеска во хотел „Изгрев” во Струга, започна годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања, на која, под работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, предводени од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во следните три дена, ќе ги сумираат резултатиоте од процесот на европски интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите но и предизвиците кои ја очекуваат земјава во наредната 2019 година.„Без лажна скромност, улогата на Секретаријатот за европски прашања изминатава 2018 година беше исклучително успешна, на што сум особено горд, а што е потврдено и од бројните соработници, меѓународни пријатели, но како поврда се покажува и во сите истражувања на јавното мнение“, истакна Османи во своето воведно обраќање. Во иста насока Османи ја посочи претстојната 2019 година како година кога СЕП ќе преземе уште поголем товар во предводењето на општествените процеси во земјава, имајќи ги предвид преговорите кои се очеквуа да добијат финализација во на јунските самити.„Верувам во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес, и верувам дека во 2019 гоидна ќе ја оправдаме довербата која ни ја укажува државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно, јавноста“ изјави Османи пред присутните, најавувајќи зголемвуање на капацитетие и на СЕП, како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура која како галвен преговарач ја предводи.На стартот на конференцијата свое воведно обраќање имаше и заменикон на Османи во преговарачкиот тим и главен технички преговарач Бојан Маричиќ, кој ја претстави преговарачката структура, псотавеноста на работните групи, а зборуваше и за очеквуњата од СЕП, на експерстко и технилко ниво, како главен костур на самата преговарачка структура.На конференцијата се обратија и Државната секретарка во Секретаријатот за евроски прашања, Калинка Габер и Државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев кои зборуваа за очекувањата од СЕП, за капацитетите со кои располага институцијата и начините за нивно унапредување.Годишната конференција на Секретаријатот за европски прашањ се одржува традиционално кон крајот на годината на која Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции. Од денеска во наредните три дена на голем број работилници кои се во склоп на годишната конференција ќе се направи анализа на досегашниниот евроинтегративен процес, ќе се анализираат предизвиците, капацитетите, а се со цел соодветна подготовката на Секретаријатот за европски прашања за претстојниот процес на преговори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

(ВИДЕО) Дескоска : Очекувам целосна поддршка од Собранието за Законот за судовите

Министерката за правда, Рената Дескоска денеска одржа прес-конференција посветена на позитивното мислење од Венецијанската комисија за Законот за судовите.Во своето обраќање министерката Дескоска истакна:Сакам да информирам дека конечно после четири години ги имплементиравме препораките на Венецијанската комисија кои се однесуваат на Законот за судови.Венецијанската комисија после оценска мисија во Македонија, во 2015 година усвои мислење со бројни забелешки и препораки кои се однесуваа на системот на дисциплинска одговорност и разрешувањето на судиите. По тоа мислење донесени се уште две мислења во 2017 и во октомври 2018 кои укажуваа на одреден напредок во имплементирањето на препораките.По добивањето на мислењето во октомври оваа година, пристапивме кон процес на интензивни консултации со експертите на Венецијанска комисија за одредување на деталите на кои треба да обрнеме посебни внимание во драфтирањето на измените на законската рамка. Текстот кој Владата го усвои и го испрати во Собранието на Република Македонија го испративме на повторна потврда на Венецијанската комисија и вчера добивме одговор и оценка на нацрт законот кој е во собраниска процедура.Во својот одговор Венецијанската комисија изразува задоволство од одличната соработка меѓу Владата и Венецијанската комисија. Во писмото се наведува дека предложените измени на Законот за судови се во согласност со препораките на Венецијанската комисија изразени во претходните мислења. Истакнуваат дека текстот на Законот за судови е сега многу појасен, внатрешно покохерентен и подобро го изразува европскиот пристап на одговорноста на судиите.Во писмото се наведува дека нивните препораки се соодветно имплементирани. Единствена препорака која можеме да ја допрецизираме во законодавната постапка е воведување изрична одредба дека при укинување на суд, судиите кои би се трансферирале во понизок суд, треба да ја задржат платата која претходно ја примале.Ова писмо денес ќе го испратам до претседателот на Собранието на Република Македонија да го сподели со пратениците. Во реформските приоритети кои ги добивме како задача во процесот на евроинтеграции, особено значајно место има позитивната оценка на Венецијанската комисија за Законот за судовите. Таа оценка ја имаме и официјално и очекувам сите пратеници кои го поддржуваат процесот на евроатланстаките интеграции на Република Македонија да дадат поддршка на предложените законски измени.Клучните измени во овој закон се следните:1. Се пооструваат критериумите за избор и напредување на судиите. Тоа е препорака која ја добивме од Европската комисија и која ја спроведуваме во овие измени.2. Се овозможува судиите кои ќе бидат предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители да ја извршуваат судиската функција во намален обем.3. Се проширува листата на позиции заради кои може да мирува судиската функција и тоа: Ако судијата е именуван или избран за член на Судски совет на Република Македонија, судија на меѓународен суд, судија на Уставен суд, Јавен обвинител на Република Македонија, директор или заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители.4. Се воведува можност судиите да работат до 67 години.5. Како потешка дисциплинска повреда, за која може да се поведе постапка за разрешување на судија се утврдени:потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со која се нарушува угледот на судот и неговиот углед;грубо влијание и мешање во вршењето на судиската функција на друг судија;ако одбие да поднесе изјава за имотна состојба и интереси согласно закон или ако податоците содржани во изјавата во голема мера се невистинити или;очигледно прекршување на правилата за изземање во ситуации во кои судијата знаел или требало да знае за постоење на некоја од основите за изземање предвидени со закон.6. Како нестручно и несовесно вршење на судиската функција заради кое може еден судија да се разреши се подразбира:ако во две последователни оценувања не ги исполнува критериумите за успешност во работењето, по вина на судијата без оправдани причини, за што е оценет со две негативни оценки, а согласно постапката утврдена со Законот за Судски совет на Република Македонија;ако е осуден со правосилна судска пресуда на казна пониска од 6 месеци, а која е директен резултат на постапување во вршење на судиската функција, намерно или со свесна небрежност;ако неовластено издава класифицирани информации, односно изнесува информации и податоци за судски предмети со што се повредува обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон и кога јавноста е исклучена согласно закон;ако без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени во работа или на друг начин ја одолговлекува постапката;ако не го зема предметот во работа заради што настапува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривично дело;ако земе во работа предмет кој не му е распределен преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети во судовите;ако намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на судијата.7. При тоа како критериум при разрешување на судија, ќе треба да се води сметка за:повредата е сторена со намера или очигледна небрежност по вина на судијата без оправдани причини и;повредата предизвикала тешки последици.8. Полесна дисциплинска повреда според законот се смета:полесни повреди на јавниот ред или други полесни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот и неговиот углед;ja користи својата функција и угледот на судот за остварување на свои приватни интереси;неисполнување на менторски задолженија;повреда на правилата за отсуство од работа;непосетување на задолжителните обуки или;не носење судска тога за време на судењата.9. За утврдена одговорност на судија, Советот може да изрече една од следниве дисциплински мерки:писмена опомена;јавен укор;намалување на платата во висина од 15 % до 30 % од месечната плата на судија во траење од еден до шест месеца.На крајот, уште еднаш повторувам дека очекувам целосна поддршка од Собранието на Република Македонија за донесување на овие законски измени.

Скопје | пред 7 години

7 год.
spasovski

Спасовски: Се усогласуваме со европските стандарди и обезбедуваме поголема безбедност

Желбата да станеме дел од големото евро-атлантско семејство, конечно, постапно се трансформира во реалност и сега од нас се бара да покажеме подготвеност и конечно да го отпочнеме процесот на интегрирање преку исполнување на стандардите во клучните сфери, рече министерот за внатрешни работи и заменик на претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски на денешната конференција во организација на институтот Прогрес во соработка со Калеви Сорса фондација од Финска.- Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на Европската Унија со Западен Балкан со Акцискиот План претставуваат клучни документи на кои не гледаме како наметната обврска, туку се вистински патоказ како да продолжиме понатаму во остварување на стратешките реформи. Реформите се повеќе од неопходни со цел исполнување на обврските за членство во ЕУ, меѓутоа на реформите гледаме и како неопходност која на институциите и општеството, преку нивниот континуиран развој и надградба, ќе им овозможи да ја гарантираат демократијата, човековите права и владеење на правото. Веднаш по објавувањето на Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување и зголемен ангажман на ЕУ со Западен Балкан, Владата на Република Македонија проектираше низа мерки, кои со реална динамика на реализација ги преточи во новиот реформски план, Планот 18 - рече Спасовски.Високо на нашата агенда во новиот реформски план, Планот 18, рече Спасовски, секако дека е реформата на безбедносниот сектор, елиминирањето на заканите од тероризмот, борбата против организираниот криминал и корупцијата.- Приоритетите веќе се имплементираат во пракса. Во ноември оваа година е етаблирана Оперативно техничка агенција, исто така донесен е пакетот закони неопходни за реформа на системот за следењето на комуникациите. Активно работиме на реализација на следната приоритетна точка од нашата агенда- реформа на разузнавачките и безбедносните служби. На овој клучен реформски процес му претходеа низа компаративни анализи, дебати,споделување искуства со нашите стратешки партнери. И овој реформски процес се спроведува на транспарентен начин, со обезбедување на инклузивност на сите релеватни чинители. За таа цел, Владата формираше работната група во која партиципираат претставници од државните органи на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, претставници од судската власт и јавното обвинителство, претставници од Собранието на Република Македонија, Народниот правобранител, како и претставници од научната јавност и граѓанското општество. Врз основа на предлог на наведената меѓуресорска работна група, Владата го усвои моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со планот за негово воспоставување. Имплемантацијата на овој модел имплицира издвојување на Управата за безбедност и контраразузнавање од Министерството за внатрешни работи - рече Спасовски.Во изминатиот период се презедоа исклучително важни активности кои во основа ги дефинираа контурите на новата Агенција за внатрешно разузнавање, но и активности како треба да се унапреди системот на координација меѓу безбедносно-разузнавачките служби. Пакетот на закони за имплементација на новиот модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем е веќе изготвен , објавен на ЕНЕР со цел запознавање на јавноста, по што ќе следи меѓуресорска консултација со засегнатите државни органи. Согласно утврдената агенда, во средината на наредниот месец, пакетот на закони ќе биде доставен до Владата.- Активно сме посветени и на зајакната борба против организираниот криминал и тероризмот, што всушност е една од приоритетните цели утврдени во Стратегијата за кредибилна перспектива за Западен Балкан. Со јакнењето на координативните структури за борба против тероризмот и насилниот екстремизам, преку назначувањето на Национален координатор за борба против тероризам и спречување на насилен екстремизам, неговите двајца заменици и формирањето на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам обезбедивме структура која обезбедува поддршка и континуирано ја следи и анализира состојбата со насилниот екстремизам, радикализацијата и борбата против тероризмот. Добра основа за реализација на конкретните активности во оваа област се двата стратешки документи усвоени на почетокот на 2018 година - Национална стратегија за борба против тероризам и Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам со акциски планови. Потребата да се делува превентивно во спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата налага јакнење на улогата на локалните совети за превенција, поблиска соработка со локалното население, верските заедници, образовните институции, казнено поправните установи и младински организации. Како и за другите безбедносни предивици со кои се соочуваме, така и овде настојуваме да го применуваме начелото на проектирање на мерки за превенција, со цел да ги намалиме ризиците од тероризмот - рече Спасовски.Свесни за потребата од заедничко и унифицирано дејствување, потенцира Спасовски, во октомври 2018 година потпишавме Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан, кој произлезе како резултат на заложбите од Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан летово во Софија.- Ефикасната борба против организираниот криминал и корупција, што е и еден од приоритетите утврден во Стратегијата, ја наметнува потребата од постојано зајакнување и унапредување на механизмите за борба против организираниот криминал, ослободени од политичките влијанија и притисоци. Мотивирани од потребата од имплементирање на највисоките европски стандарди кои ќе обезбедат спроведување на неселективна борба против сите облици на организираниот криминал, го воспоставивме Националниот координативен центар за борба против организиран криминал, кој е единствен од ваков вид во регионот и има за цел да ја олесни размената на информации и податоци помеѓу институциите кои партиципираат во неговото работење, а со тоа и да ги идентификува во рана фаза преклопувањата помеѓу институциите при превземањето на активностите согласно нивниот законски делокруг на работа. Резултатите се веќе видливи,што не уверуваа дека сме на вистинскиот пат - рече Спасовски.Бенефитот од остварената соработка на национално ниво е видлив во повеќе сегменти од полициското работење преку сузбивање на организирани групи и водење заеднички истраги со надлежните институции. Пример за добра меѓуинституционална соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство е формирањето на Националната единица (TaskForce) за спречување на трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Преку проактивното работење на оваа Единица повеќе од двојно во споредба со минатата година е зголемен бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе.- Досегашното наше искуство не уверува дека не постои посветена борба против организираниот криминал ако од криминалците не се одземе неосновано стекнатиот имот. Во таа насока, пред нас ја поставивме целта за јакнење на националните капацитети за спроведување на финансиски истраги, паралелно со истрагите за организиран криминал, што во основа се основните постулати на Националната стратегија за водење на финаниски истраги која е усвоена од страна на Владата во февруари оваа година. За таа цел ќе формираме посебни, специјализирани единици за водење на финансиски истраги во МВР, Царинска управа, Финансова полиција и во истражните центри на основните јавни обвинителства. Длабоко сум убеден дека нашите напори ќе ја постигнат и вистинската цел: испорачување на конкретни, видливи резултати во борбата против организираниот криминал - потенцира Спасовски.Исто така, досегашното искуство, рече Спасовски, не уверува дека меѓународната соработка е клучот за успешно сузбивање на организираниот и сериозен криминал. Искуството кое Република Македонија го има од учеството во заедничките истражни тимови е повеќе од позитивно, особено во делот на обезбедување докази бидејќи криминалните активности најчесто се извршуваат на територијата на две или повеќе земји членки. Заедничките истражни тимови се исклучително корисна алатка.- Западен Балкан како регион кој повеќе пати во минатото беше зафатен во периоди на војни и конфликти, претставува едно критично подрачје од аспект на контролата на нелегалното оружје. Една од заканите со кои постојано се соочуваме е недозволената трговија со оружје. Мерките насочени против овој криминал се адресирани во Националната стратегија и Акцискиот планза контрола на мало и лесно оружје за периодот 2017-2021. Стратегијата е изготвена во корелација со најновите политики и сугестии на ЕУ и останатите партнери од областа. Освен тоа, посветени на зајакнување на регионалната соработка, на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон во јули оваа година го усвоивме патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје/огнено оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, Во насока на реализирање на стратешката рамка во борбата против компјутерскиот криминал на национално ниво Република Македонија донесе Национална стратегија за сајбер безбедност. Во овој стратешки документ е преточена визијата на Република Македонија за обезбедување на едно безбедно, сигурно дигитално опкружување - рече Спасовски.Се движиме по добра насока, нагласи Спасовски, благодарејќи на одредниците дадени во Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на Европската Унија со Западен Балкан и акцискиот план.- Многу скоро очекувам дека ќе добиеме нови одредници, преку долгоочекуваниот почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, кои ќе придонесат кон континуирано реформирање, напредок и конечно усогласување со европските стандарди, со цел обезбедување поголема безбедност, а со тоа и подобар и поквалитетен живот за сите - рече Спасовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трагедија во Гостивар : Камион прегазил жена, починала на лице место

Женско лице загинало денеска во сообраќајна несреќа која се случила околу 13 часот и 40 минути во Гостивар. Полицијата ја потврдила несреќата, а според првичните информации жената била прегазена од камион, јавува локалниот портал Гостиварпресс.Набрзо по настанот пристигнала екипа на Брза Помош, а лекарите констатирале смрт.Јавен обвинител и полициски екипи веќе се упатиле на местото на несреќата за да извршат увид, а се уште нема информации за идентитетот и возраста на прегазеното лице.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48364357_2002617993186520_7468203955940491264_n

Во најава интензивни врнежи од снег и во Македонија

Циклонот НЕВЕН ќе ни донесе интензивни врнежи од снег во земјава. Според најавите веќе во текот на утрешниот ден ќе имаме ново зголемување на облачноста и најпрвин на запад ќе има врнежи кој ќе бидат претежно од снег иако накратко на некои од пониските места можно е да бидат од дожд и снег, кон крајот на денот и навечер врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места со што ќе дојде до формирање на снежна покривка на повеќе места додека на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
biljanini-kanal

Речиси два месеци Билјани извори се без вода, помошниот канал се исуши

Речиси два месеци Билјани извори се без вода, а помошниот канал кој се наоѓа веднаш до каналот, се исуши. Овој канал беше изграден за да се прифатат и канализираат водите што неконтролирано се слеваа на овој дел од брегот, но поради недостатокот на вода и тој пресуши. Во него деновиве може да се видат трски и други водени растенија.“Ние не ја користиме каптажата над Билјанини Извори за водоснабдување на градот со вода за пиење.Црпењето е запраено.Целата вода е усмерена кон Студечишкиот канал за да има и вода и кислород плашицата која тука ќе презими.Еден дел е наменет за мрестилиштата во Хирдобиолошкиот завод.Низ Билјанини Извори не тече вода бидејќи нема дотек од врвовите на Галичица”,велат од Проаква.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sah-1

Во Ѓорче Петров во училиштата наместо физичко играат шах

„Воведувањето на шахот во училиштата воведе нов стандард и тежина на часовите по физичко воспитување и образование. Драго ми e што интересот за оваа дисциплина е се поголем. Поддржуваме вештина со која се менува начинот на размислување, се развива логиката, а со тоа и интелегенцијата. Како општина, организиравме меѓуучилишен турнир во шах, каде учество земаа најдобрите ученици од 6-те основни училишта. Решени сме да го вратиме достоинството на шахот во Македонија !“, напиша градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
putin

Путин се отвори пред новинарите: „Ќе се женам“, рече

Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин обично е приватна работа. За време на денешниот годишен настан, на кој Путин одговара на новинарски прашања, тој малку се отвори и му порача на еден новинар, дека како пристоен човек и тој еден ден мора да се ожени.„Како пристоен човек, мора да го сторам тоа еден ден“ одговори Путин, но не откри која би можела да биде неговата идна невеста.Путин го праша новинарот дали тој е женет, а кога тој му одговри дека е во брак, Путин се пошегува: „Тој е женет и сака јас да бидам добро исто така“.Инаку приватниот живот на рускиот претседател е една од најдобро чуваните тајни, за што тој неволно и кратко одговара на прашања поврзани со неговото семејство. Тој беше во брак повеќе од 30 години, поточно од 1983 година, со Људмила Путин, квалификуван лингвист од Санкт Петербург. Во 2013 година тие објавија дека се разведуваат.

Свет | пред 7 години

7 год.
kontrolori-tepaat

(ФОТО) Контролори на ЈСП тепале патник

„Еве во каква држава живееме во која владее законот на посилниот.Линија бр.2 некаде околу 12:35 часот...двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото.Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано недоличен“, Објави на својот ФБ профил Зоран Т.Фотографијата која е постирана остава човек без зборови...

Скопје | пред 7 години

7 год.
calendar

Во 2019 ќе имаме седум продолжени викенди

Во 2019 година, македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.Првиот продолжен викенд ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е во петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е во петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е во недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е во петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е во недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан бајрам.Програма на неработни денови за 2019 годинаВо согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ– 1 јануари (вторник), Нова година,– 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,– 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниоткалендар,– 1 мај (среда), Ден на трудот,– 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители,– 4 јуни (вторник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,– 2 август (петок), Ден на Републиката,– 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) енеработен ден,– 11 октомври (петок), Ден на народното востание,– 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,– 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) енеработен ден.За граѓаните од православна вероисповед– 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,– 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),– 26 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,– 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,– 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед– 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,– 25 декември (среда), првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед– 11 август (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.За граѓаните припадници на српската заедница во РМ– 27 јануари (недела), Свети Сава.За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ– 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ– 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ– 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ– 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.За граѓаните припадници на турската заедница во РМ– 21 декември (сабота), Ден на наставата на турски јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ново намалување на цената на горивата

Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавува ново, значително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба на следната корекција закажана за во понеделник.Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари. Тоа е скоро 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.Тогаш, регулаторот ја намали цената на бензините за 1,5 а а дизелот за 2,5 денари.Доколку трендот на намалување продолжи со ова темпо, за очекување е во понеделник да имаме уште една надолна корекција која би се движела во рамките од последното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Igor-Jug-1

Игор Југ и Јане Ченто нема да бараат амнестија

Игор Југ и Јане Ченто на судиската Кацарска и рекоа дека нема да поднесат барање за амнестија, бидејќи како што кажаа не го признаваат селективниот закон и бараат за правдата да одлучува суд, а не политички елити. Кацарска им одговори дека таа нема да одлучува за барањата, туку за тоа ќе решава кривичниот совет од судот.Инаку, денешното рочиште продолжи откако претходно судот дозволи на паузата, одбраната на обвинетиот Митко Чавков да се запознае со дополнителните докази декласифицирани од МВР, бидејќи неговиот адвокат во текот на вчерашниот ден не бил достапен за да му бидат врачени доказите, кои на самиот старт лично на рака му ги достави судиката Кацарска.

пред 7 години

7 год.
jovan-partizan

И „ПАРТИЗАН“ се прости од градоначалникот Стојановски: „Почивај во мир Јоване“

Во саботата почина градоначалникот на Охрид и голем навивач на Партизан, Јован Стојановски (1970-2018). Тој и додека ја обавуваше градоначалничката функција наоѓаше време да присуствува на многу натпревари од Црно Белите.Почивај во Мир Јоване, напишаа на својата официјална страна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
site-vo-Ohrid

Откажана манифестацијата „ од 20 до 20 - сите во Охрид“

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти - СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година.Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма, информираат од Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaevi

Се сакале уште од средношколските денови: Љубовната приказна на Зорица и Зоран Заеви

Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходниции и од вечерните генерациски излегувања.Почнале да се забавуваат дури по една година дружење.– Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.Сопругата на премиерот во истата прилика откри дека се познаваат уште од деца, од времето кога родителите на Зоран живееле во стан во истото маало, оддалечено на триста метри од нејзината зграда. Првата комиуникација ја имале кога таа била во трето, а Зоран во четврто одделение, на настава во природа во некогашното детско одморалиште во местото Суви Лаки, Беровско. Но, тогаш било далеку од симпатии и од љубов. Нивното познанство прераснало во нешто посериозно во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.Кога Заев ѝ предложил брак веќе работел во семејната фирма во која се вработила и таа самата. Набргу дошла ќерката Александра, нивното прво дете. Кога се родил синот Душко, Зоран веќе бил пратеник. Крстен е по еден од четворицата чичковци на Заев, кој починал кога на свет дошол неговиот син.Извор: Женски магазин

Магазин | пред 7 години

7 год.
rama-jajca

(ФОТО) Пратеник од опозициската Демократска партија го погоди пемиерот Рама со јајца

Седницата на Парламентот на Албанија на кратко беше прекината, затоа што пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше премиерот Еди Рама со јајца .Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница.Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Свет | пред 7 години

7 год.
obama-dedo-mraz

Обама облечен како Дедо Мраз - во посета на детската болница во Вашингтон

Бившиот американски претседател Барак Обама во детската болница во Вашингтон, се појави облечен како Дедо Мраз да им додели новогодишни подароци.На големо воодушевување на сите присутни, во негов стил тој се појави в болницата и почна да ги прегрнува сите присутни, да разговара со пациентите и вработените, а на сите дечиња им додели и симболични подароци за празниците.За време на посетата на болницата, тој им се заблагодари на сите вработени за тоа што секојдневно се грижат за болните дечиња, а дури сними и видео за сите оние кои не биле во можност да се запознаат со него.„Имав можност да зборувам со некои од дечињата и нивните неверојатни семејства во време што очигледно е тешко за нив. Можам само да замислам колку во тие ситуации им се потребни вакви добри доктори и сестри на сите нив, да ги сослушаат, да им помогнат, да ги прегрнат. Тоа е најважното нешто. Ова е одличен пример за тоа што е најважно во оваа празнична сезона“, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

38-годишна тетовка без знаци на живот донесена во тетовската болница

Не е позната причината за смртта на 38-годишната Т.С.Т. од Тетово, која вчера нешто после 18 часот била донесена во клиничката болница во Тетово без знаци на живот. Увидот ќе покаже како починала тетовката, врз која според МВР немало траги на насилство.„Вчера ( 19 декември ) околу 18 часот и 20 минути, во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, била донесена 38-годишната тетовка Т.С.Т. На нејзиното безживотно тело немало траги на насилство. Извршен е увид, а телото нa телото на починатата е предадено на семејството.“, соопштија од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Пијан кичевчанец кршел инвентар и се заканувал на перосналот

Приведен кичевчанец кој ноќеска по полноќ го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект во селото Трапчин Дол.-Денеска во утринските часови односно во еден часот и 40 минути, во угостителски објект во кичевското село Трапчин Дол, нарушен е јавниот ред и мир. Во видно алкохолизирана состојба, Б.З. 31-годишен од Кичево започнал да упатува вербални закани и навреди кон персоналот во угостителскиот објект по што, започнал да крши дел од инвентарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и додаде дека Б.З. е приведен по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања