„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
matis

Еден од најголемите светски поддржувачи на Преспанскиот договор, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис дава оставка

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во почетокот на идната година заминува од функцијата. Тој во писмото за неговата оставка наведува дека неговите погледи не биле „во согласност“ со оние на претседателот Доналд Трамп.Според функционерот кој е познат и по прекарот „Бесно куче“ не може да се градат добри односи со Русија и Кина на сметка на западно-демократските вредности.Притоа тој, меѓу другото, ги спомнува политиките на Трамп спрема Русија и Кина. Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер објави дека секретарот за одбрана ќе се пензионира кон крајот на февруари идната година. Американските конгресмени, и од Демократската и од Републиканската партија, веднаш изразија негодување околу заминувањето на Матис за кој се смета дека е еден од посигурните во администрацијата на Трамп.Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка пред консултативниот референдум и порача дека Преспанскиот договор е од неопходна важност за земјата да биде примена како рамноправна во НАТО.

Свет | пред 7 години

7 год.
avtopat-stip-skopje

Како се вози по новиот автопат Штип - Скопје, објава на ѕидот на сообраќајниот срам

На ѕидот на сообраќајниот срам низа коментари за неправилно обележан со сообраќајни знаци новиот автопат Штип- Скопје.Имено возачите се жалат дека поради немање табли со насока да се знае на каде се вози, проморании се да вртат во круг многу километри.Ова е најновата објава на ѕидот на сообраќајниот срам:„Новиот автопат Штип - Скопје возеш 40 км и затворен.Кај Свети Николе си има нова табла Скопје и возилата си одат за Скопје, ама не стигнуваат.И вртиш назад во обратна насока, возеш по автопат ...Блокадата треба да е на почетокот на автопатот или па...?“

Македонија | пред 7 години

7 год.
48425330_1129586843883440_3497116067807887360_o

Продолжија протестите на ВМРО ДПМНЕ

Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга којашто ќе нѐ води кон просперитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.-Нашата борба штотуку почна. Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, порача Мицкоски.Тој додаде дека тие нема да се повлечат и обвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП.По четврти пат сме заедно во овие декемвриски, студени денови. Денеска е можеби и најстудено од сите декемвриски денови, кога ја газевме истата траекторија. Но целта е иста. А, целта е една и единствена, сите заедно да им порачаме на овие внатре МАКЕДОНИЈА, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:Ќе ве замолам, ќе замолам и со еден огромен, громогласен аплауз до припадниците на МВР што се овде вечерва со нас. Ние сме ваши браќа и сестри, синови, роднини, комшии, пријатели. Ние сме само загрижени за иднината на нашата татковина и иднината на нашите семејства. Затоа сме овде и ќе останеме овде се додека не ги видиме оние натрапници како ја напуштаат оваа зграда позади нас.Кога влегуваа внатре на ширум распослан црвен килим се колнеа во жицата, се колнеа во дедовината, се колнеа во татковината, се колнеа дури и во најмилото, во децата, дека нема да чепкаат онаму каде што најмногу боли. Не само што чепнаа туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме. Некој ми вели доста зборуваш за економија, државата се распаѓа. Не се распаѓа државата, затоа сме ние тука. Затоа е ВМРО-ДПМНЕ тука и Коалицијата „За подобра Македонија“. Затоа сме ние тука и ширум улиците, и ширум булеварите, и ширум плоштадите во нашата мила Република Македонија.Борбата штотуку почна браќа и сестри. И нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Затоа мора сите заедно мотивирани и сложни да бидеме. И да истраеме, и овие декемвриски и јануарски, и февруарски месеци и март ќе дојде, а во април доаѓа големата победа која што ќе најави предвремени парламентарни избори.Кога народот ќе дојде и ќе им каже на овие луѓе внатре излажавте еднаш ви помина, двапати не измамивте но третиот пат дојдовме по своето, а секој од вас ќе ја добие заслужената казна, најпрвин тоа што и го направи на татковината Република Македонија, тоа што го направи на нацијата и македонскиот народ и конечно на крај тоа што им го направи на сите граѓани во Република Македонија, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џеј Ло доби тужба од 150.000 долари поради објавување на сопствена фотографија

Поради објавување на сопствена фотографија на социјалните мрежи, Џенифер Лопез доби тужба од  150.000 долари.Таа на Инстаграм објави фотографија на која напиша „Денес беше добар денот“, но набрзо стигнаа лоши вести.Мајкл Стјуарт, професионален фотограф, изјавил дека ја фотографирал Џеј Ло во месец јуни, а фотографијата ја заштитил.Мајкл е бесен бидејќи Џеј Ло или некој од нејзиниот тим се осудил без дозвола да ја користи неговата фотографија.Стјуарт сега ја тужи Џеј Ло и нејзината продукциска куќа поради кршење на авторските права.

Магазин | пред 7 години

7 год.
v22h5ow1M6-sam-doma-2018-mekoli-kalkin-povtorno-go-zaigra-likot-na-kevin-internetot-eksplodirase

Реклама која ќе нѐ потсети на детството

Google неодамна објави нова реклама со Меколи Калкин, познатиот актер од познатиот филм „Сам Дома“. Триесет години подоцна, се потсетуваме на овој филм кој ни ги украде срцата.Рекламата би можела да биде најдобра за оваа година, судејќи по коментарите на воодушевената екипа на социјалните мрежи.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Сопружници уапсени пред кафеана во Мичурин, агресивно се однесувале кон полицајци

Сопружници ноќеска биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување кон полициски службеници.Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил пред угостителски објект на улица “Анастас Митрев“ во Скопје.-Б.Л.(26) и неговата сопруга А.М.Л.(22) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Утре без вода корисниците на улицата „50 дивизија“ и дел од Клинички центар

Утре од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „50 дивизија" и дел од Клиничкиот центар во Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок од ф 100 мм на таа улица.Прекинот ќе трае до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-7

(ВИДЕО) Илон Маск на пробно возење во тесниот тунел во Лос Анџелес

Милијардерот Илон Маск ја одведе новинарката Гајл Кинг од Си-би-ес на пробно возење во тунелот во Лос Анџелес.„Не можеме да излетаме од шините, нели?“, плашливо го прашува таа Маск.„Не сакам да се движиме побрзо од ова, не благодарам“, му одговара Кинг на Маск, кој вели дека се движат многу побавно од планираните 240 километри на час.Тој во интервјуто во текот и по возењето ги наведе причините кои го поттикнале да го изгради тунелот. „Пред сè тука е големиот метеж во Лос Анџелес кој ме убива“, вели Маск.Тој го отвори тунелот со визија да направи револуција во превозот во милионските градови со сообраќаен метеж.

Магазин | пред 7 години

7 год.
S7ak9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWmpNN01EQV8vM2FkMDk3NmUzZTZlYTVmNzAyYTU0ZjM2ZTRhYzlkNWYucG5nkZMCzQJCAIGhMAE

Срби шверцувале дрога од Бразил во кикирики и пченица

Меѓународна банда на криумчари на кокаин од Бразил со месеци организирала транспорт на дрога во Велика Британија и Франција. Позади оваа банда најверојатно стои нарко бос од Србија.Според информациите се претпоставува дека позади ова криумчарање на кокаин стојат Срби, а полицијата уште во април годинава започнала со тајана акција, за време на која запленила повеќе од еден тон кокаин.„Целта на оваа нарко-банда бил транспорт на кокаин со бродови од Бразил, Сао Паоло до Англија и Франција. Полицијата во изминатите месеци запленила 450 килограми кокаин кој бил скриен во товарот со пченица, а на 29 октомври запленет е околу еден тон кокаин кој бил скриен помеѓу кутиите со кикирики“, велат медиумите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Откриени страшни детали за убиството на две Европејки во Мароко

Тројца радикални исламисти убиле две туристки од Данска и Норвешка, во Мароко, така што ги избоделе со нож, додека на едната ѝ ја отсекле главата.Данкињата Луиса Вестерагер (24) и Норвежанката Марен Уеланд (28) се убиени додека биле на кампување во Мароко. Локалните жители ги пронашле мртви. Едната била убиена во шатор, а другата надвор од него.Жените пред исчезнувањето се видени во Маракеш заедно со три мажи со кои тргнале на планинарење.Данските власти соопштиле дека овие убиства ги сметаат за терористички чин. Како што пренесува британскиот „Sun“, убијците викале: „Ова е одмазда за нашите браќа во Сирија“.Утрово извор од полицијата изјавил дека осомничените се уапсени откако локалните медиуми ги објавија нивните фотографии. Станува збор за 33-годишен Р.А., 27-годишен А.Е. и 25-годишен О.А.Наводно, постои снимка од тој ужасен настан, а скандинавските земји се обидуваат да проверат дали е оригинална. 

Свет | пред 7 години

7 год.
valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

ТВ21: Повредениот Беља барал средба со градоначалникот на Чаир поради стопирана плата

Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.Како што објавува телевизијата, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината.По ова неофицијлано објавува ТВ21, градоначалникот повикат други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.МВР го потврди вооружениот инцидент велејќи дека едно лице е повредено откако било пукано од огнено оружје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivor-mickovski-11

(ВИДЕО) Мицковски: Премиер што не се грижи за својот град, како може да се грижи за друго?

По објавувањето на фотографиите видео снимки од село Костурино, Општина Струмица каде се ложат гуми во печки за вар, при што загадувањето е огромно, колумнистот Ивор Мицковски се огласи на социјалните мрежи. Според него премиер кој не се грижи за својот град, како би можел да се грижи за било што друго.„После Струмица бил еден од најзагадените градови.  Па премиер што не се грижи за својот град, а бил градоначалник 3 мандати, и ова го дозволил со години, како може да се грижи за било што друго.  Какви лажови, каква превара. Вие сте дамбетер од ратни профитери“, напиша Мицковски на Фејсбук.https://vimeo.com/307105775?fbclid=IwAR0CPWly40Wu1yu6B4Oon1kvi-jsQHKcClwXuAFMaxvLsMWaihcJ_pUgrPw

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Села ќе го оспори Законот за амнестија пред Уставен

Алијансата за Албанците најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за амнестија.– Собранието по скратена постапка донесе закон за амнестија. Со Законот ќе бидат амнестирани одредени луѓе директно вмешани во настаните од 27 април. Алијансата за Албанците не беше присутна на гласаањето и го осудува овој чин. Во процедура сме за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон – рече пратеникот Сурија Рашити.

Македонија | пред 7 години

7 год.
valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Пукано во економскиот директор на Клиниката за Гинекологија

Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.„Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.Беља пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети, а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016-та, според информации објавени од медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан, но епилогот од истрагата е непознат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возач на „57“ физички нападнал патничка

Е.Ц.(40) од Скопје вчера пријавила дека била нападната од возач на автобус на ЈСП.-Околу 08,45 часот во автобус на ЈСП со број 57 на улица „Васил Ѓоргов“, Е.Ц. се упатила кон возачот за да му каже да застане за да се симне, по што тој отворил вратата и физички ја нападнал.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Ќе се проверуваат вакциналните картони, невакцинираните да се вакцинираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, уверува дека вакцините се безбедни и се единствената превентивна мерка со која се заштитуваат децата од морбили, односно мали сипаници. Тој информира дека се преземени итни и неопходни мерки за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата од морбили што се појавија во детска градинка во Радишани.„Поради актуелниот случај со морбили во детска градинка во скопската населба Радишани, каде има 5 заболени деца и еден возрасен, од кои сите се во стабилна состојба, заедно со Комитетот за имунизација и Комисијата за заразни заболувања, како и Државен здравствен и санитарен инспекторат, преземени се итни и неопходни мерки за да го спречиме понатамошното ширење на болеста“, изјави министерот Филипче.Градинката во населбата Радишани ќе биде затворена 15 дена. Од Министерството за здравство информираат дека веќе е извршена дезинфекција на целиот објект. Во неа биле запишани 223 деца, а во овој период во просек ја посетувале 104 деца.Филипче потенцираше дека сите мерки што се преземаат во моментов се превентива од ширење на болеста и се однесуваат за целата територија на земјава.„Препорачуваме, вакциналните пунктови во здравствените домови да спроведат вакцинација за сите деца на возраст од 1 до 14 години на територијата на целата земја, кои досега биле пропуштени или невакцинирани од која било причина. Но, само како вонредна мерка за децата од скопската населба Радишани, се препорачува вакцинација од 6-месечна возраст. Сите деца кои ќе бидат вакцинирани во овој момент, а се на возраст од 6 месеци до 15 месеци подлежат на примање на уште една доза вакцина од 18 до 24 месеци“, изјави Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.Лицата на возраст над 14 години до 45 години кои биле во непосреден контакт (фамилијарен или друг) со заболените лица, да се повикаат во Центрите за јавно здравје – Скопје за да се провери нивниот вакцинален статус и доколку не се вакцинирани, да се вацинираат.Во моментот Министерството за здравство има во залиха доволна количина на МРП-вакцини за спроведување на горенаведените активности. Министерот за здравство упати апел до родителите кои имаат мали деца од предучилишна и училишна возраст задолжително да ги вакцинираат децата.„Се формира работна група поврзана со изготвување на измена и дополнување на важечката законска регулатива поврзана со надзор на заразни заболувања и спроведување на вакцинација. Во работната група ќе учествуваат експерти од повеќе области од превентивна здравствена заштита, примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита, правни експерти и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ). Единствената превентивна мерка со која ќе го заштитат здравјето и животот на своите деца. Колективниот имунитет е еден од клучните фактори за неширење на болеста и за спречување поголеми епидемии. Секоја епидемија треба да се сфати сериозно, со целосна одговорност како на институциите, така и на населението. Министерството за здравство гарантира дека вакцините се комплетно безбедни“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
russia-earthquake-1654502

Земјотрес од 7,4 степени во Русија, можна е појава на цунами

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, на истокот на Русија. Како што јавија локалните медиуми, издадено е предупредување за цунами.Потресот се случил на длабочина од 33 километри во Берингово Море, со епицентар на 80 километри источно од брегот на Камчатка.Најблиско населено место до епицентарот е селото Николскоје. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Свет | пред 7 години

7 год.
tamara

Тамара Тодевска за Влатко Илиевски: Во овие најсреќни денови, фалиш да го споделам тоа со тебе

Македонскиот пејач Влатко Илиевски почина во јули оваа година откако беше пронајден мртов во својот автомобил. Семејството, колегите и пријателите тешко го поднесоа неговото заминување.Тамара Тодевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша статус во кој потенцираше дека го мисли секој ден и дека и недостига во овие среќни моменти.„Ми текнува на овој дел од концертот кога се појави Морал и Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив. Колку плачев од среќа зошто знаев дека во тој момент беше најсреќен на светот. Ова  беше музика која најмногу му лежеше и најмногу му стоеше. Ваков го запознав и ваков ќе го запаметам.Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција,емпатија.Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме расплаче. Фалиш друже. Во овие најсрќени денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. Секој ден помислувам на тебе, не можеш да не ми пројдеш низ главата. Многу те сакав и засекогаш ќе постоиш во моето срце длабку врезан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат ,колега…“ напиша Тамара на „Фејсбук“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
48417064_1953739871409997_6203854631555039232_o

(ФОТО) Во струмичко се ложат гуми во печки за вар

Од граѓанската иницијатива О2 на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од селото Костурино, Струмица, на кои може да се види како во печките за гасење вар се ложат гуми.„Ложење гуми во печки за вар кај Костурино, Општина Струмица.Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.Секо кој знае/л и бил/е одгвоорен и надлежен во било каков конктекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор“, велат од О2 Иницијатива.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crven-krst-dedo-mraz

(ФОТО) Дедо Мраз ги посети малите херои во Државна болница

Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар, на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организираа показна вежба. Членови од Тимот маскирани во Дедо Мразовци, се спуштаа по јаже и им делеа подароци на децата хоспитализирани во двете клиники. Вежбата се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2098067137170102&id=1460662487577240

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања