„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
sudski-sovet-plati

Судскиот совет си ги зголеми платите, ни помалку ни повеќе туку за по 21.000 ден

Жарко Караџоски, Претседателот на Судскиот совет како претседателот на Судскиот буџетски совет, заедно со членовите донел одлука за зголемување на платите на ова тело за 21.000 денари, објави 1ТВ претпладнево, приложивајќи и документ со вчерашен датум.Станува збор за зголемување на платите за 35 отсто, а дејството ќе биде ретроактивно и ќе има исплата на овој надоместок и за платите од септември и октомври.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vladika-petar

Владиката Петар: Развод - само после неверство!

Преспанско – пелагонискиот владика Петар во телефонски разговор во Централниот дневник на 1ТВ одговори на неколку прашања во врска со денешното излагање кое предизвика бурни реакции во јавноста.Во врска со вашата сугестија до младите, мислите дека тоа го прават од каприц или сепак за тоа има посериозни социо-економски проблеми?Владиката Петар: Проблемите се многустрани, но конкретно проблемот е во тоа што денешнте млади понесени од западниот начин на живеење не живеат според потребите, туку желбите. А во тој случај нема ограничување на желбите и во таа смисла никогаш нема да бидат задоволни.Дали сте разговарале со младите или дали МПЦ се обидела да изврши влијание врз младите во однос на обезбедување домови и работа?Владиката Петар: Јасно е дека нашите млади што одат на запад се современи заробеници, тие таму работат и тие се таму граѓани од втора категорија, се додека не станат полноправни граѓани на таа земја.Што е со оние на кои таков им е изборот и не сакаат да стапат во брак?Владиката Петар: Јас сум должен како владика да ги кажувам ставовите на Црквата и во таа смисла знаеме дека здраво семејство е ако тоа се формира на време. Денешните т.н. пробни бракови до каде доведуваат и на крајот нема ништо од тоа. Истото се случува и при разводите. Јас не сакам да им судам кој е виновник, а кој не. Развод на брак следува само во исклучителен случај односно неверство.Дали сметате дека жените имаат премногу права?Владиката Петар: Не велам дека имаат премногу права, туку дека често пати, повеќето сакајќи да покажат дека се рамноправни ја запоставуваат својата улога како жена и мајка. Во смисла кога ќе треба улогата на жената да ја врши мажот. Мајчинството е една, татковството друга работа.Дали имате иницијатива да им помогнете на млади брачни парови кои се сиромашни?Владиката Петар: Секако дека тука црквата е вклучена и тоа го прави. Не е наша должност да го фаворизираме некој. Помагаме и ќе го правиме тоа понатаму, но не сакаме тоа јавно да биде, бидејќи би било фалење, а со тоа нема да биде примено како добро дело пред Бога.Дали црквата ќе ги пријави парите кои ги заработува, да дава фискални, да плаќа даноци?Владиката Петар: Треба да разбереме дека црквата треба да се раководи согласно зацртаните принципи како непрофитна организација во врска со тоа се знае од кои нешта е ослободена.извор:либертас.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
milioner

Наумче Здравески од Охрид е најновиот милионер – добитник на Џек Пот на Државната видео лотарија

Наумче Здравески од Охрид е најновиот во листата милионери на Државна видео лотарија на Република Македонија, откако освои добивка е вредна 1.640.646 денари.Милионер Џек Пот добивката е освоена на 18.12.2018 година во „Спорт Лаиф Трејд“ во Охрид, а Наумче е добитник на наградата за месец декември.– Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, тој го подигна добитниот Милионер Џек Пот, вреден 1.640.646 денари. Скромен, но и расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Пред Нова Година со неа, се менуваат и желбите и очекувањата од 2019. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде ја освои добивката, тоа и ќе се случи. Добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси, добивката да се случи токму на ова место. Најверојатно дел од парите ќе ги потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување, информираат од Државна Видеолотарија.извор: faktor.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
pulmologija

На Пулмологија се одбележа ,,св.Никола“ , молитва од свештеник , свеќи и погача

Со христијански верски ритуал, свеќи во раце, поп, молитва, погача и славско јадење распослано на клупите од амфиетатарор, колегиумот на Клиниката за пулмологија, на чело со директорот д-р Дејан Доиќ, го прослави верскиот празник ,,св. Никола“.Овој верски празник е прогласен за слава на Клиниката за пулмологија и токму поради тоа вработенитете го одбележаа со верски ритуали.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Судијата Владимир Панчевски преку ТВИТЕР најавува нов скандал :Обвинителите не биле само прислушувани, тие биле и следени

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, најави нов скандал поврзан со обвинителите од ОЈО.„Нов скандал ќе го стресе обвинителството! Обвинителите не само што биле слушани туку било следено и снимано нивното движење со видео надзор, никој нели не го провери ова??? Го прашал ли некој Јовевски за ова???“, напиша Панчевски на Твитер.

пред 7 години

7 год.
snimka-katica-janeva

Објавена снимка од телефонот на Катица Јанева

Порталот Експрес.мк пишува дека на социјалните мрежи кружи видеоснимка направена со телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, најверојатно снимено во просториите на СЈО или за време на некоја посета на обвинителката на некоја институција каде што морала да го остави телефонот пред состанок.На видеоснимката во која имал увид порталот, но од безбедносни причини не е објавена, се гледа како Јанева во придружба на женско лице доаѓа најверојатно до безбедносниот магацин каде што во СЈО или друга институција поради заштита од прислушување се чуваат телефоните на вработените по што таа го зема телефонот и оди низ канцеларијата. Специјалната обвинителка не е свесна дека земањето на апаратот и одењето е снимено со нејзиниот телефон но во случајот она што е неверојатно е како се случило нејзините приватни или службени видеоснимки да излезат во јавност, пишува Експрес.мк.За да се почитува правото на Јанева на заштита на приватноста expres.mk нема да го објави видеото, но скандалозното истекување на видео снимка од телефонот на еден од најзаштитените македонски јавни функционери покажува дека безбедносните протоколи на СЈО чија линија и телефонски апарат користи Јанева се пробиени.Тој што дошол до видео од телефонот на шефот на СЈО веројатно веќе се обидел да дојде и до прислушуваните разговори и други важни документи и податоци од СЈО, констатира порталот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48362998_274397916592710_712603029378957312_n

(ФОТО) Автомобил излета од патот

Автомобил Пасат фолсфаген излета од патот на ул. Ристо Чадо во Охрид. Во несреќата повреден е возачот на автомобилот.СВР веќе е на терен и ги утврдува причините за несреќата. Портпаролот на СВР Стефан Димовски детали за несреќата најави за подоцна по завршувањето на истрагата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
european-brown-bear-1477814960720-620x350

Мечка изела 40 килограми кокаин, па ја нарекле Пабло Ескобар

Мечка од Грузија е наречена Пабло Ескобар бидејќи додека шетала низ шума во Националниот парк Чатахучи Окони налетала на 40 платични кеси полни со чист кокаин, во декември 1985 година.Бидејќи била гладна, мечката ги изела сите 40 килограми кокаин и умрела на лице место.„На планетата не постои суштество кое би можело тоа да го преживее“, вели медицинси истражувач кој бил задолжен за истрагата по пронаоѓањето на безживотното тело на мечката.„Стомакот буквално до врв и беше исполнет со кокаин. Никој не знае како мечката успеала да остане жива толку долго и да го изеде целиот кокаин од кесичките“, изјавил тој.Оние кои ја нашле мечката всушнст барале кокаин за кој верувале дека исчезнал.Неколку месеци порано, телото на полицаецот Ендруа Торонтона е пронајдено заедно со 70 кесички колумбиски кокаин, околу 4000 долари, два пиштола и нож.За време на еден од неговите летови во 1985 година имало проблем со моторите на авионот, па морал да го напушти. За време на неговата евакуација тој фрлил дел од дрогата во Националниот парк.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Strawberry-Moon-2018-meaning-name-June-full-moon-explained-979797

Не заборавајте, замислите желба за време на последната полна месечина во 2018 година

Последната и најјака полна месечина во 2018 година ќе имате прилика да ја видите на 22 декември. Поради студените денови во кои се јавува неа ја викаа и Студена/Ладна Месечина, а поради тоа што во прашање е последната полна Месечина во годината, позната е и како Долга месечева ноќ. Според верувањата, на оваа полна Месечина треба да посакате некоја желба и таа ќе ви се оствари.Имајте на ум дека оваа полна месечина ќе биде во знакот на Ракот, во четвртотот поле на домот и семејството. Емоциите ќе бидат многу нагласени, а бидејќи Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да бидат лесни. Многумина ќе се вратат во минатото со помош на сеќавањата кои можат да бидат и добри и болни, што зависи од аспектот во личниот хороскоп. Секако, бидете во друштво на семејното опкружување и прославите. Избегнувајте расправи и гледајте собирите да ги доведете во енергијата на љубовта, топлината и хармонијата. Бидејќи Венера ќе биде во знакот на Шкорпијата таа ќе направи добар аспект со Нептун, па има и добри шанси таа вашите негативни емоции да ги трансформира во хармонија и љубов.Пред многумина од вас се убави и хармонични случувања за време на оваа полна Месечина, но некои можат да имаат стресен и тежок период. Најголемо влијание ќе осетат лицата од првата декада на Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата. Бидејќи полната Месечина паѓа во првата декада на Ракот, така сите кои се родени во првата деката на секој знак ќе почувствуваат јаки вибрации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
les-620x350

(ВИДЕО) Погребната поворка наместо на гробишта завршила во болница

Погребната поворка со телото на 65-годишна Аргетинка, која починала минатата среда во Буенос Ариес, наместо кон гробишта ја одвела пред болница.Возачот на погребното возило и членовите на семејството слушнале звуци на тропање од ковчегот, па наместо на гробишта ја однеле до најблиската болница за докторите да го прегледаат телото.Станува збор за лажна информација, кога докторот потврдил дека жената е мртва најмалку 24 часа.На видеото може да се забележи како докторот, вработените во болницата, како и членовите на семејството стојат до погребното возило и проверуваат што се случува во ковчегот.

Свет | пред 7 години

7 год.
oh-leto-1

ФОТО: „Охридско лето“ со незаборавен концерт на маестро Арчиули

Еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, синоќа во Македонската опера и балет во Скопје приреди незаборавен концерт во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.На концертот што се одржа со поддршка на Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со неговата екселенција, Амбасадорот Карло Ромео, меѓу другите, присуствуваа и министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, како и претставници на Дипломатскиот кор во државава.За публиката што синоќа уживаше во неповторливите звуци на пијаното на Арчиули, по завршувањето на концертот беше приреден и свечен коктел во организација на Италијанската амбасада.Пијанистот Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика Санта Фе, како и на меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо. Предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест гостин професор на многу американски универзитети.Репертоарот на овој ислучително талентиран и виртуозен пијанист е огромен и опфаќа дела од Бах до современа музика, со силен афинитет кон композиторите од Соединетите американски држави.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Беровчанка изнајмила рекетари да изнудат 10.000 евра од скопјанец

Секторот за внатрешни работи – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с. Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с. Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, велат од МВР.На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра. Делото не било пријавено од оштетениот. Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар “Кирил и Методиј” во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра.По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица “Македонија” каде требало да се сретне со четворицата пријавени.На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С. се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа, на Комисијата за уставни прашања. Комисиската расправа продолжува со дебата по Уставниот закон кој се донесува на важењето на амаднманите, внтрешната употреба на името Северна Македонија и државјанството. Опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ не учествуваа на расправата.Пратеникот пак од опозиската ГРОМ , Панчо Минов, е задоволен од измените во амандманот за заштита на македонскиот идентитет и гранцијата на границите, но и понатаму има забелешки од кога да се применува новото име и во делот на Преамбулата.Расправата за уставните измени се одвиваше екпресно.Пратениците на опозициската БЕСА и Алијансата на Албанците гласаа воздражно за три од четирите предлог-амандмани, а конечниот свој став ќе го изградат на пленарната седница за амандманите.Амандманите треба конечно да бидат на собраниска седница на 9 ти јануари. За да се усвојат потребно дво третинско мнозинство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
cipras-2-960x720

Цаноски: Ципрас со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.„Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година.Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор , со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко . Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” - сакам да нагласам, тоа е посебен успех .Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите Лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски на Фејсбук.https://www.facebook.com/sefer.canoski/posts/10215988705103259Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2423

Заев со највисок рејтинг за претседателски кандидат

Претстојните претседателски избори ќе бидат длабоко вкопани во партиските ровови, со мали изгледи за консензуален кандидат, при што 12,4% од граѓаните за иден претседател би му дале доверба на актуелниот премиер Зоран Заев, а веднаш по него на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Никола Димитров со по 8,2% поддршка. Ова го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.Веднаш зад нив на листата се Стево Пендаровски со 6,8 проценти, и Бујар Османи со 6,5, и поранешниот кандидат за претседател Имер Селмани со 5,8%. Сепак не се за занемарување речиси 19% од граѓаните кои идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, како и 15% кои се уште не одлучиле.Анкетата покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
48-Great-Escape-tom-odell

Tоm Odell доаѓа во Скопје

Суперквалитетниот TOM ODELL доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.Сме имале можност да го гледаме ТOM ODELL во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!

Магазин | пред 7 години

7 год.
zeni

За првпат во Македонија ќе се доделат оскари за жени во спортот

На гала-вечер насловена „Вечер за жени во спортот“ која ќе се одржи утревечер (20 декември) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, за првпат во Македонија ќе бидат доделени спортски оскари. Организатор на настанот е Здружението „ТАКТ“.– На оваа свеченост е предвидено да се слави успехот, најдобрите спортски постигнувања на жените спортистки во 2018-та година, во вкупно 13 категории. Целта настанот е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Република Македонија, да се актуализира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни во спортскиот сектор, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.Нагласи дека со статуетките кои ќе се доделат ќе им се оддаде признание на силата,инспиративноста и моќта на жените.Настанот го организира граѓанската организација „ТАКТ“ а поддржувачи на настанот се Стејт Департмент САД и Амбасадата на кралството на Шведска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според рихтеровата скала вечерва мерните станици регистрираа во Грција.Податоците од сеизмолошките станици покажуваат дека епицентарот на земјотресот бил во јужна Грција на длабочина од 12 километри.Епицентарот е во близина на Метони, засега нема информации за штети или повредени.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_2114

(ВИДЕО) Заев: Охрабрен сум дека успешниот политички процес и помирувањето отвораат интеграциска 2019 година за Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде изјава по работниот ручек со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ со лидерите од Западен Балкан, билатералната средба со европретставничката Могерини, како и средбата со претседателот на Европскиот Совет, Туск.Во изјавата, премиерот Заев соопшти дека Македонија од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск ја има поддршката за храброто лидерство што води кон успешно завршување на политичките процеси во насока на отпочнување преговори со ЕУ во јуни 2019 година.Премиерот Заев рече дека таква поддршка е изразена и од претставничката за надворешна и безбедносна политика, Могерини. На средбата со Могерини посебно е дадена поддршка за донесениот Закон за амнестија и е нагласено помирувањето како важно за успешна реализација на процесите, како и за граѓаните во државата.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за работниот ручек што го организираше европската претставничка, Могерини, со лидерите на Западен Балкан, рече дека поминал со изразена заедничка согласност за решавање на билатералните прашања во духот на регионалната стабилност, при што било констатирано дека државите можат да си помогнат едни на други во процесите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Untitled-5

(ВИДЕО) Жена се обиде електричен автомобил „Тесла“ да го наполни со гориво

Жена се обидела да го наполни со гориво електричниот автомобил од бреднот „Тесла“. Ваквата, како што писшуваа дел од медиумите, интересна сцена се одиграла на една бензинска станица во САД.Најголем дел од бензинските пумпи во САД функционираат на принципот самопослуги, па жената три минути се обидувала даа го пронајде капачето од резервоарот на автомобилот. Таа не успеала бидејќи моделот “С” кој го управувала е електричен.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања