„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
detska-klinika

Единствениот детски ургентен центар затворен поради недостатокот на кадар

Недостаток на педијатри и медицински сестри причина да се затвори единствениот детски ургентен центар во државата. Само последнава година од овој центар си заминале тројца специјалисти.Поради недостакот на лекари, болните деца со леукемија и дијабет ќе се мешаат со заболени од грип. Амбуланата каде се ретираат ургентни пациенти е во ист ходник со специјалистичките ординации.Одговор за тоа кога ќе проработи детскиот ургентен центар нема ни министерот за здравство. Според Венко Филипче овој проблем е последица од политиките што ги наследиле од минатото.-Нема компромитирање на тријажата за пациентите. Но знаете, овој недостиг на кадар е заради политиките кои биле спроведувани сите години резултира со тоа сега да имаме сериозен дефицит. Веќе почнавме да го надополнуваме бројот на вработени. Имаме проблем со бројот на специјализации заради недостиг на ментори, вели министерот за здравство, Венко Филипче.Ургентниот Центар на Клиниката за детски болести беше отворен во 2013 година со подршка на турската организација ТИКА.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот во својот дом неовластено заради продажба држел поголема количина наркотична дрога и тоа: 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 35 грама, четири пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 1,17 грама, како и синтетички опијат – метадон во шест шприца со вкупен волумен од 6,5 милилитри, како и 307 пластични шишенца метадон исполнети со поединечно количество 1мл – 70мл синтетички опијат.Ценејќи дека се уште постојат законските основи поради кои на лицето му беше определена мерка притвор, надлежен јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетиот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
uvo-nos-i-grlo-2

Современа опрема за хируршки интервенции и нови апарати за анестезија на клиниката за уво, нос и грло

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија.Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на врвните регионални центри од областа на оториноларингологијата.Станува збор за најнова генерација столб за ендоскопска хирургија на нос и параназални синуси, што претставува светски стандард за минимално инвазивна хирургија. Набавен е и ултразвучен нож, со што на пациентите ќе им биде достапна и ултразвучна операција на крајници, а секако е вредно да се спомене и воведувањето нова оперативна техника, ултразвучна увулопалатопластика, за решавање на проблемот со рчење, познат како опструктивна слип апнеа.Исто така е набавен и флексибилен фибероптички ендоскоп, кој овозможува дијагностички оториноларинголошки преглед на носот и грлото, како и фибероптичка интубација кај пациенти кај кои е невозможен друг начин на интубација, процедура која се врши само на Клиниката за уво, нос и грло.- Оваа опрема е наменета за прецизна дијагностика и софистицирана хирургија, која ја олеснува работата на лекарите-оториноларинголози и го подобрува здравјето на пациентите, потенцираше министерот Филипче.Вториот дел од новата опрема се состои од два нови, најсовремени анестезиолошки апарата, надополнети со хемодинамски монитори, модул за следење на длабочината на анестезијата, како и три видеоларингоскопи со монитор за ендотрахеална интубација.Со видеоларингоскопите почнува новата ера на ендотрахеална интубација, за која се планира да се спроведе и адекватна обука за сите специјалисти и специјализанти по анестезиологија, оториноларингологија и сродните гранки.- Со помош на видео записите на процедурите, кои ќе ги изведуваме со новонабавените апарати, може да се следи целата постапка на прегледот и интервенцијата, со истовремена едукација на специјализантите и специјалистите, што претставува една од главните дејности на Универзитетската клиника по оториноларингологија , изјави директорот на Клиниката за уво, нос и грло, д-р Јане Нетковски.Новата опрема е набавена од буџетот на Клиниката и чини околу 130 илјади евра.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Двајца охриѓани нападнале полицајци

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(34) и Д.Д.(26), двајцата од Скопје за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 30.07.2018 година околу 11,55 часот во Охрид на бензиската пумпа кај местото  “Билјанини извори”, при преземање на службени дејствија за легитимирање од страна на двајца полициски службеници, првопријавениот го стартувал возилото, при што ги повлекол полициските службеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hakeri

Најмалку три години хакери ги читаат преписките на европските дипломати, ja пробиле комуникациската мрежа на ЕУ

Хакери имале пристап до дипломатската комуникациска мрежа на Европската унија три години, објави Њујорк тајмс.Според објавениот извештај, хакерскиот напад бил откриен од кибернетската компанија Ареа 1, која му дала на весникот повеќе од 1.100 пораки.Претставници на ЕУ велат дека информациите кои биле означени како „доверливи“ и „тајни“ не биле подложни на хакерскиот упад, кој го открила компанијата за сајбер-безбедност „Ареа 1“.Еден од експертите изјавил за американскиот весник дека методите со кои се служеле хакерите биле многу слични на оние кои ги користи кинеската војска.„По една деценија искуство во проучување на кинеските сајбер-операции нема сомнежи дека оваа кампања е поврзана со кинеската власт“, рекол тој за Њујорк Тајмс.Пресретнатите пораки, познати како дипломатски депеши, откриваат една преписка во која дипломати го опишуваат состанокот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин како „успешен“, (барем за Путин). Во друга порака има детали за приватната средба на кинескиот претседател Шји Џјинпинг и високи претставници на ЕУ оваа година.Според новинската сторија под хакерски напад биле и други институции, меѓу кои и Обединетите Нации.Информациите до кои дошле хакерите се класифицирани, додека весникот и официјалните лица на ЕУ велат дека повеќе чувствителни документи се чуваат во посебен систем.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за охриѓанец оти фалсификувал исправа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  Р.Џ.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување на исправа“, против Џ.Д.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  “соизвршителство“ во врска со “фалсификување на исправа“ и против М.П.(40) од село Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“.Првопријавениот, набавил лажна сообраќајна дозвола и увозна царинска декларација за патничко моторно возило „Фолксваген Јета“ на која како сопственик го прикажал второпријавениот, по што истите ги употребил во постапка идентификација на патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија - Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од  Законот за возила.Потоа, третопријавениот,  во МВР – Отсек за управни работи Струга, наведената документација ја поднел во прилог на барањето за регистрација на наведеното возило. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Постара жена нападната додека возела на булевар во Скопје

На 18.12.2018 година во 09,40 часот В.Д.(52) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 08,15 часот на улица “Франклин Рузвелт“ во Скопје по претходно недоразбирање во сообраќајот била физички нападната од страна на непознато лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Кривична пријава за стружанец поради „измама при добивање кредит или друга погодност“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против У.М.(54) од село Франгово, струшко и И.Н.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “измама при добивање кредит или друга погодност“.На 08.01.2015 година првопријавениот склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило, помеѓу него како купувач и второпријавениот, како продавач.По ова, на 15.01.2015 година второпријавениот поднесол барање идентификација на наведеното патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија - Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од  Законот за возила, а потоа на 29.01.2015 година во МВР – Отсек за управни работи Струга, првопријавениот поднесол барање за регистрација на наведеното возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fondacija-jncev

Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше 120- прочистувачи за воздух

Донацијатата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци каде се школуваат 3.500 ученици. Вредноста на пречистувачите е 2.214.000 денари. Фондацијата ќе продолжи со други донации наредната година.Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот , работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко, во најдобрите македонски производи .Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.Овие прочистувачи на воздух ќе се поставуваат во следниве училишта:ООУ Димката А.Габерот Кавадарци – 15 прочистувачиООУ Димката А.Габерот Ваташа – 19 прочистувачиООУ Тоде Х.Тефоф- 19 прочистувачиООУ Гоце Делчев – 18 прочистувачиООУ Страшо Пинџур – 22 прочистувачиООУ Тошо Велков Пепето – 23 прочистувачиЈанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на Основните училишта од Кавадарци-праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова фондација водат многу сметка. Фондацијата и во иднина ќе вложува таму каде ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активностите поврзани со тоа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Фатен тетовчанец кој крадел во тетовски џамии

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ш.(29) од Р. Албанија  за сторени кривични дела „тешка кражба“  и „тешка кражба во обид“.Во периодот од  30.10.2018 до 13.12.2018 година во село Пирок и во Тетово, пријавениот заедно со уште едно непознато лице, извршил тешка кражба во верски објекти – џамии, така што со употреба на физичка сила и погоден предмет  делувале  на влезните врати од објектите, влегувале внатре и одзеле околу 22.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stop-policija

Арачиновци превезувале Авганистанци, полицијата ги бркала на пат кон Скопје

На 18.12.2018 година во 21,45 часот на автопатот Скопје - Гевгелија, во близина на тунелите кај Демир Капија, од страна на полициски службеници  при  даден знак за запирање на патничко моторно возило „Опел астра“, возачот кој го управувал возилото не застанал и продолжил со движење кон Скопје, а кај клучка Демир Капија се упатил кон село Корешница, каде застанал. Во возилото биле пронајдени три лица од Авганистан. По преземени мерки, биле приведени Д.Р.(18), кој го управувал возилото и Е.Ј.(21), кој бил сопатник во истото, двајцата од Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Четири лица со закани изнудувале пари од скопјанец

Секторот за внатрешни работи - Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с.  Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с.  Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 од КЗ. На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра.Делото не било пријавено од оштетениот.Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар "Кирил и Методиј" во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра. По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица "Македонија" каде требало да се сретне со четворицата пријавени. На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С.  се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Скопје | пред 7 години

7 год.
naum-stoilkovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Никола Димитров

Од опозициската партија сметаат дека тој веќе нема кредибилитет да ја претставува државата..

Македонија | пред 7 години

7 год.
Katica

Јанева со свој став за Законот за амнестија

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја спореди денеска амнестијата која во 2016 година ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, со Законот за амнестија кој беше вчера изгласан во Собранието. Според Јанева, амнестијата на Иванов влијаела на работата на СЈО така што го блокирала обвинителството за два месеци.-Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. За Иванов беше врз основа на непознати податоци. Иванов немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше обвинителството. На Oсновното јавно обвинителствo и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакал да коментирам нешто што не е во мој домен, изјави обвинителката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хороскопски знаци кои се многу тешки за сакање

Додека некои луѓе многу лесно се вљубуваат, за други тој процес е многу потежок, па затоа потрагата по сродна душа ја сметаат за заморна и лесно се откажуваат од неа. Погледнете кои хороскопски знаци се најкомплицирани кога е љубовта во прашање…ШкорпијаНеверојатниот интензитет на чувствата може да ги исплаши припадниците на овој знак. Шкорпиите се мистериозни и затворени, па затоа треба да бидете многу внимателни со нив. Со текот на времето почнуваат да се отвораат пред другите, ако им докажат дека заслужуваат, но тој процес може да биде тежок и исцрпувачки. Поради тоа, Шкорпиите честопати започнуваат кратки врски кои се засноваат само на физички контакт.ВодолијаЧудни и единствени. Водолиите се горди на својот живот и прават сè што можат за да се заштитат. Ако почувствуваат дека некој се обидува да им промени нешто, ќе го исклучат од својот живот и нема да му дозволат да се врати. Доколку сте вљубени во Водолија, добро подгответе ги нервите, бидејќи мора да бидете екстремно трпеливи со нив. Тие бараат многу посветеност за да им докажете дека можете да се вклопите во нивниот живот.ОвенЗа Овенот карактеристично е тоа што има огромна енергија и секогаш е во движење, па одбива да го забави темпото. Кога влегуваат во врска, Овните бараат некој кој ќе ја задоволи секоја нивна потреба. Тие знаат што сакаат и одбиваат да прифатат нешто помалку, па ако некој ги изневери, тие едноставно продолжуваат понатаму. Нивните високи очекувања се тешки за секој кој ќе се обиде да живее со нив и му создаваат голем притисок на партнерот. Токму затоа, на Овните им треба некој кој е доволно силен и самостоен за да може да се справи со сиот притисок што припадниците на овој знак ќе му го предизвикаат.ДевицаПостојат две причини зошто Девиците толку многу се борат со љубовта. Првата е таа што тие се многу независни и самостојни поединци, па одбиваат да се потпрат на другите. Тие се гордеат на својата способност сами да се соочуваат со суровиот свет, со леснотија управуваат со својот живот и тешко им е да се прилагодат на другите. Другата е таа што Девиците многу бавно стекнуваат доверба, што дополнително ги комплицира работите. Во секој момент ги држат очите ширум отворени за да можат внимателно да го заштитат своето срце.ЈарецСосредоточен на деталите, Јарецот живее живот далеку од своите емоции. Неверојатно тешко е да се открие неговата емоционална страна. Наместо да ја чувствуваат страста и романтиката во врската, тие го минуваат време анализирајќи ги предностите и недостатоците на потенцијалниот партнер. На крајот, овој пристап станува посличен на работен ангажман отколку на магична љубов. На Јарецот му треба помош да си го стиши мозокот и да почне да го слуша своето срце, за да може да ги открие емоциите што се наоѓаат длабоко во него.СтрелецАвантуристичкиот дух и подготвеноста за акција го одбележуваат животот на Стрелците, па затоа тие постојано бараат енергија. Стрелците одбиваат да бидат врзани и без проблем скокаат од врска во врска, секогаш барајќи нешто ново и возбудливо. Таквиот начин на размислување е лош за љубовните односи, бидејќи веднаш ги прекинуваат врските со сите што ќе се обидат да ги смират. Ако не сте подготвени да трчате со Стрелците, ќе останете во прашина. Освен тоа, на Стрелците многу брзо им здодеваат работите, па ако врската се смири, што е неизбежно, во некој момент тие ќе продолжат со потрагата.ЛавСо оглед на тоа што е многу самоуверен и моќен, нема знак кој привлекува поголемо внимание од Лавот. Меѓутоа, под таа маска на егоцентризам, се наоѓа многу ранлива личност, која постојано бара внимание. На Лавовите им треба некој кој ќе го храни нивното его, додека и понатаму ја негуваат сликата на силна личност во јавноста. Тие веќе ја пронашле нивната прва љубов, а тоа се тие самите, па сите што влегуваат во врска со Лав, мора да бидат свесни дека секогаш ќе бидат на второ место.

Магазин | пред 7 години

7 год.
market

Декември нема да го преживеете ако немате барем 500 евра

Тоа значи дека едно семејството со само еден вработен со просечна плата, која во Македонија е околу 25.000 денари, не можело да ја наполни потрошувачката кошничка што ја стокмил Синдикатот. Во иста ситуација биле и семејствата со двајца вработени кои примаат минимална плата од 12.000 денари, а такви во државата има многу.Најмногу пари за полнење на кошничката одат за храна. Дури 42 проценти, во што синдикалците и статистичарите горе-долу се поклопуваат. Во кошничката на ССМ се ставаат храна и пијалаци вредни околу 13,5 илјади денари. Домувањето чини околу 10,5 илјади денари, што е 32 проценти од вкупниот трошок за егзистенција на просечното семејство.Хигиената, како личната така и во домот се одржува со малку над 2.000 денари, или со седум проценти од вкупно потрошените средства со кои всушност се обезбедува егзистенцијалниот минимум, без никакво претерување, а уште помалку луксузирање.Тука некаде е и трошокот за превоз, додека пак за купување облека и обувки се двојат само 6,7 проценти од парите или 2.179 денари. Тоа значи дека во еден месец гардеробата не можат да ја подноват сите членови на семејството кои имаат потреба од тоа, ниту ако ја купуваат по најниските цени на нашиот пазар.Трошокот за култура е уште помал. Месечно изнесува помалку од 2.200 денари или само 3,29 проценти од вкупно потерошените пари за полнење на кошничката со неопходни производи и услуги за преживување во ноември годинава. Ако се суди според проценуалниот трошок во рамките на вкупните давачки во месецот, излегува дека македонските граѓани се многу здрави, или дека не се грижат многу за своето здравје. За него месечно издвојуваат минорни околу 700 денари или 2,14 проценти од вкупно потрошената сума.Ако се сумираат елементите од кои се состои синдикалната потрошувачка кошничка излегува дека македонските граѓани работат само за да си обезбедат храна за која трошат 10,5 илјади денари и да ги намират потребите за домување во кои влегуваат трошоците за комуналии од над 8.000 денари и уште за одржување на домот, набавка на покуќнина и опрема, трошок кој во минималната варијанта надминува 2.000 денари. Останатите околу 10.000 денари просечното четиричлено семејство треба да ги распореди многу умешно за да може со нив да се облече, да се обуе, да ја одржува хигиената и плус културно да се издигнува. Во синдикалната потрошувачка кошничка не се пресметани ратите за кредит кој го имаат поголемиот дел од домаќинствата, ниту пак за враќање на позајмените пари од роднини и пријатели за да се преживее претходниот месец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deca-autizam-zagaden-vozduh

Загаден воздух и натаму има, но маските за заштита се потрошени

Граѓаните на секаков начин се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух во главниот град. Во последните неколку денови нивото на штетните ПМ10 честички во воздухот во повеќе скопски населби беше и до 10 пати над дозволеното.Како една од начините за заштита граѓаните ги користат маските со активен јаглен. Најевтините се 140 денари и нивниот рок на употреба е 120 часа,  а во една од аптеките може да се најдат маски и за 900 денари.Од аптеките изјавуваат дека деновиве маските се трошат многу бргу и дека ги потрошиле резервите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ujp_smetki

Од идната година, УЈП ќе гледа колку пари имате на сметка и кој ви ги префрлил

Од УЈП велат дека се подготвени за имплементација на новите законски решенија. Пристапот до приливите на сметките на граѓаните им е потребен за подготовка на Годишната даночна пријава, која од наредната година ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или корегираат.„Носителите на платен промет се должни да доставуваат до Управата за јавни приходи податоци за приливи на средства на сметки на физички лица, а на писмено барање согласно и постоечкиот Закон за управата за јавни приходи, носителите на платен промет се должни во секое време да достават податоци согласно барањето. Управата за јавни приходи податоците ги користи исклучиво за даночни цели.- велат од УЈП.Од Министерството за финансии велат дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени. Тврдат дека и законот за банки и законот за УЈП се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prokopis-pavlopulos-35wp9qpc5beosfb5amqfpc

Грчкиот претседател смета дека Македонија своеволно го толкува договорот од Преспа

Грција сака да воспостави добрососедски односи со Македонија, но нема да прифати своеволно толкување на договорот за името, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.„Ако договорот дојде до ратификација, ние нема да прифатиме своеволни, па дури и иредентистички толкувања на преспанскиот договор“, рече Павлопулос пред грчките претставници кои работат во европските институции, говорејќи во Брисел.Шефот на државата посочи дека Грција ги поздравува изгледите за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ, сѐ до решавање на спорот за името.„Само кога целиот процес ќе биде завршен и утврдиме дека уставната ревизија содржи гаранции, тогаш може да има покана за прием во НАТО, како и започнување на преговорите за пристапување кон Европската Унија“, додаде грчкиот претседател.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trajkovski-gruevski

Дали другарот на Груевски, Александар Трајковски водел дупла архива во Царина?

Дали во Царината се водела дупла архива? Дали документи што доаѓале на адреса на Царинската управа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ? Дали архиварот го почитувал кодексот на работење? Овие прашања се поставуваат во и надвор од Царинската управа, откако институцијата соопшти дека ќе испита имало ли злоупотреба во отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски. Трајковски во Царинската управа работи како архивар.„Архиварот ги отвора сите документи без ознака за тајност. Но од каде да знаеме дека не копирал и доверливи документи за партиски потреби. Во архива стигнува документација за јавни набавки, за стоки за двојна употреба, документи со цени, такви каде што има податоци за контроли и за истраги... сè до фактури за службени трошоци“, неофицијално укажуваат извори од Царинската управа.Официјално, Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.Повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања