7 год.
regulatorna

РКЕ ќе одреди тарифи за водни услуги за осум мали општини

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на подготвителна седница ќе разгледува неколку решенија за утврдување тарифи на водни услуги на општини со помалку од 10.000 жители за регулираниот период од 2019-2021 година.На денешната седница треба да бидат утврдени тарифите за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, како и  за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈПКД „Тополка“ Чашка, ЈПКД „Росоман“ Росоман, ЈП „Водовод и канализација“ Македонски Брод ЈП „Пелагонија“ Кривогаштани, ЈКП „Комуналец“ Пехчево, ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар, ЈКП „Пела хигиена“ Могила и ЈПКД „Дебрца“ Дебрца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Недела против лажни вести

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од денеска до 18-ти овој месец ја одбележува Неделата против лажни вести.Целта е да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата што лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.-Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд лажни вести и манипулации, што некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.Преку Неделата против лажните вести се сака да се отворат овие прашања, да им се понудат на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.“Во рамките на Неделата против лажните вести, денеска, утре и на  15 ноември ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.На 14 ноември  предвиден е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ ќе дебатираат Сашо Ордановски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија го почнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24

 Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“.Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес ХанСостанокот ќе трае три дена, за време на кои експертските тимови ќе ги чешлаат седумдесетте страници од европското законодавство (acquis communautaire/аки) посветен на овие теми. Дипломатски извори за МИА објаснуваат дека станува збор за обемна област, во која се дискутираат низа различни теми, како азил, миграција, и низа граѓански и кривични материи.-Техничкото објаснување на аки-то за поглавјето 24 ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Брисел за да ги запознае земјите со законодавството и стандардите на ЕУ во овие области, изјави за МИА портпаролката Маја Коцијанчич.Таа потсетува дека Европската Комисија ја започна потребна подготвителна работа и “ќе продолжи да ја поддржува Поранешната југословенска република Македонија во нејзините напори да постигне опипливи и одржливи резултати посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, области кои имаат важен импакт врз животите на граѓаните“, рече Коцијанчич.До крајот на оваа година треба да се одржат ушти три скрининг состаноци за поглавјата 3 (слобода на услуги), 5 (јавни набавки) и 32 (финансиска контрола)

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Овде никој не го заклучува својот дом: Која е најбезбедната држава на светот?

Со само 37 илјади жители на површина од 160 квадратни метри, Лихтенштајн спаѓа во една од најмалите, но и најпосебни земји во светот.Државата речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во земјата има само неколку затвореници.Секој кој е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во Лихтенштајн се чувствуваат толку безбедно што поголемиот дел од нив не ги заклучуваат вратите од своите домови.Швајцарија во една прилика извршила инвазија на Лихтенштајн – швајцарските војници, наоружани со пушки но без куршуми, во текот на една воена вежба случајно ја преминале границата. Еднаш годишно, сите жители се поканети на забава, односно на пиво во градините на дворецот Вадуз.Пред пет години постоеше можност да се изнајми целата држава за една вечер. Имено, во соработка со сервисот “Airbnb” беше понуден простор за сместување за 150 гости, дегустација на вино со принцот и креирање на персонализирана валута, а ваквото задоволство изнесуваше 70 илјади долари.Химната на Лихтенштајн “Oben am jungen Rhein” ја има потполно истата мелодија како химната на Велика Британија – “God Save the Queen”.Во Лихтенштајн, официјален јазик е германскиот, но жителите воглавно не го говорат. Поголемиот дел од нив се служат со алеманското наречје кое е поинакво од стандардниот германски јазик.Се до 1984 година, поради пропаѓањето на трите референдуми, жените во Лихтенштајн немале право да гласаат на изборите. На референдумот можеле да излезат само мажи, така што тој успеал по четвртиот обид, со 51,3 отсто од гласовите “за”.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува судењето за „Монструм“

 Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.На претхдното рочиште на 25 октомври исказ даваа вештаци вработени во ДНК лабораторијата при Министерството за внатрешни работи. Вештаците кажаа дека во возилото „опел омега“ биде утврдени четири ДНК профили, меѓу кои и на обвинетиот Алил Демири.Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите  Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово. Судијата Огнен Ставрев кажа дека Министерството за правда побарало екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор.Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка. Семејствата на убиените на минатото рочиште  реагираа за темпото со кое се води случајот, а обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да бидат закажани повеќе рочишта наеднаш.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Помпео: Саудиска Арабија да побара одговорност од вмешаните во убиството на Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Ријад треба да побара одговорност за сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.– Стејт департментот нагласи дека САД ќе побараат одговорност од сите вмешани во убиството на Кашоги, а Саудиска Арабија треба да го направи истото, се наведува во соопштението од Вашингтон.Помпео, исто така, повторно повика за прекин на воените дејствија во Јемен и наоѓање мирно решение меѓу страните во конфликтот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три недели додека не бидат локализирани пожарите во Калифорнија

Ќе бидат потребни околу три недели за целосно локализирање и целосно гаснење на шумските пожари кои во последните денови зафатија неколку десетици илјади хектари во американската држава Калифорнија. Пожарникарите соопштија дека оганот бил локализиран на само 25 насто од подрачјето. Најмалку 25 луѓе загинале,а над 250.000 добија налог за евакуација на подражјето на Сакраменто и Малибу. Во гаснењето на пожарите биле ангажирани 8.000 пожарникари. Калифорнија и пред една година беше зафатена со неколку шумски пожари.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Илјадници Бугари блокираа патишта поради цени на горива и даноци

Илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите.Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“, незадоволни од зголемувањето на животните трошоци во најсиромашнат земја членка на ЕУ, јавуваат агенциите.Протести се одржани во повеќе од 20 бугарски градови, при што десетици возачи со часови блокираа патишта, вклучувајќи го и патот кон Грција.Некои бараа и оставка од коалициската Влада на десниот центар на премиерот Бојко Борисов.

Свет | пред 7 години

7 год.
jabolka-1

За 1 денар 2 килограми јаболка – овоштарите од Ресен ги фрлија јаболката на буниште

Катастрофалната ниска цена која владата им ја понуди на овоштарите за откуп на јаболката по цена од 1 денар за 2 килограми, ги револтираше производителите на јаболка.Тие одлучија да го фрлат својот род.Откупот на овогодинешната реколта на јаболката во цела држава се одвива во катастрофални услови, а особено во преспанско-ресенскиот регион каде оваа овошка е најмногу застапена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
alibaba

„Алибаба“ сруши рекорд за „Денот на самците“, заработи милијарда долари за 85 секунди

Кинескиот трговски гигант „Алибаба“ постави нов рекорд на „Денот на самците“, кога компанијата за 85 секунди, онлајн успеа да продаде производи во вредност од една милијарда американски долари.Растот доаѓа во значаен период кога „Алибаба“ е под притисок од успорување на кинеската економија, се појавуваат нови ривали во индустријата на електронската трговија, но и тровската војна со Соединетите Американски Држави.„Алибаба“ претходно месецов ја намали прогнозата на годишните приходи за дури шест проценти.Денот на самците се одбележува во Кина од 1990 година, како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе.

Свет | пред 7 години

7 год.
osmani

Османи во Брисел на средба со Хан и претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во својство на Главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, денеска ќе ја предводи владино – државната делегација во Брисел на работна сесија со претставниците на Европската Комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, соопштија од кабинетот на Османи.За време на посетата, како што посочуваат во соопштението, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voda

Без вода дел од корисниците во Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради преповрзување од стара на нова мрежа која постепено ќе се става во функција во текот на денот без вода за пиење од 9 часот па сè до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над 5. кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.„Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места со цел во иднина да не се соочуваме со досегашните проблеми“, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.Оттаму исто така додаваат и дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45915472_1103387549836703_952914442524295168_n

(ФОТО) Мицкоски и Ѓорчев заедно ги шетаа децата, Тарчуловски ги остави дома

Пратеникот Влатко Ѓорчев вечерва заедно со неговите деца Марта, Филип, Никола и Катерина присуствуваа на натпреварот Вардар-Барселона, во Спортскиот центар Јане Сандански.+Заедно со нив беше и партискиот шеф на Ѓорчев, Христијан Мицкоски кој дојде со својот син. Единствен кој немаше татковски грижи беше пратеникот Јохан Тарчуловски, кој не ги поведе неговите три деца на натпреварот.„Со Вардар пораснавме, со Вардар ќе остареме. И во победи и порази, љубовта кон клубот останува.Момци главата горе, ќе дојдат победи, за заедничка радост и заедничка гордост!#СоСрцеЗаВардар #НапредВардар “, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.Инаку македонскиот шампион Вардар доживеа пораз вечерва во СЦ „Јане Сандански" со 26:30 од Барселона во рамките на седмото коло на ракометната Лига на шампиони. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
46025516_206154926949905_1765463817602465792_n

Фондот за иновации и технолошки развој со торта прославија 15.000 лајкови

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски објави фотографија на својот Фејсбук профил на која тој сече торта поради собрани 15.000 лајкови.„Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15.000 лајкови на страната на Фонд за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество.Ви благодарам!“, напиша тој.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=206154923616572&set=a.125001301731935&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
43425708_10214332963971819_1338724469891399680_n-1

Државата на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот

„Како изгледа бесплатното основно образование во Македонија:- Прибор за хигиена (сапун, тоалетна, бришачи) во училиштето - на товар на родителите- Работни тетратки - на товар на родителите- Школски прибор, ташна, блокови за цртање, прибор за техничко и тетратки - на товар на родителите- Обезбедување на училиштето - на товар на родителите- Униформи - на товар на родителите- Училишни детски списанија - на товар на родителите- Ужинка - на товар на родителите- Еднодневни училишни едукативни екскурзии - на товар на родителите- Организирани училишни посети на музеи, театри, кина - на товар на родителите- Организирани повеќедневни училишни екскурзии - на товар на родителите- Задолжително осигурување на учениците - на товар на родителите- Котизација за учество на државни и регионални натпревари - на товар на родителите.Ако имате две деца помножете ги сите овие трошоци со два. Единствено, барем засега, не се наплаќа престојот во училиштето. Зборувајте ми за бесплатно основно образование. Само за споредба во Холандија сите овие горе наведени работи се бесплатни, односно на товар на државата. Во Скандинавските земји е слично, ако не и исто. Во Германија 80% од горе наведените ставки се на товар на државата. Бидејќи тие се сиромашни, а ние доволно богати да го плаќаме сето ова од свој џеб. Патем зборувајте ми и за патриотизам и научете ме како тоа треба да си ја сакам државата која што на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот. Јебала вас држава, јебала. Тажна, Северна и раскантана. Ама ич не ми е битно ни како ќе се вика, ни дали ќе постоиФејсбук статус на Александар Левески

Коментари | пред 7 години

7 год.
sobranie-3

Ребалансот на Буџетот 2018 усвоен од Собранието на РМ

Собранието на РМ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2018 година. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на Ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.-Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита-рече Тевдовски.Владата усвои предлог-законско решение со кое овие средства ќе бидат сразмерно распределени на општините, во износ од 51% од пријавените доспеани, а неисплатени обврски. Со законското решение ќе се постави и механизам за спречување на можноста за трупање неплатени обврски во општините.Со Ребалансот приходната страна на Буџетот е незначително коригирана, за 0,5% надолу. Ова е резултат на: намалувањето на приходите што ги остваруваат буџетските корисници на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси. Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7% од БДП. Со ова се задржува определбата за постепена фискална консолидација.Со Предлог-ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8%. Како што беше посочено, тоа се прави пред сѐ заради блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата. Интеграцијата на земјава носи безбедност и сигурност, кои се најважни при носењето одлуки од страна на инвеститорите. Неизвесноста може да влијае негативно на економијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје шести најзагаден град во светот

Според податоците објавени на веб страницата air visual, според квалитетот на воздухот Скопје се наоѓа на шестото место помеѓу десетте најзагадени градови во светот.Повеќе од две недели во Скопје воздухот е константно загаден, а во последните неколку денови загаденоста е над 150 ПМ честички.Граѓаните се жалат дека мириса на изгорена пластика.Според последните податоци највисока концентрација на канцерогени ПМ10 честички покажува мерната станица на Бит Пазар каде се измерени 174.Мерната станица во Ѓорче повеќе не работи откако пред една недела истата покажа енормна загаденост.Исто така, инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година, а во Лисиче од 5 октомври.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Sergej-Popov

(ВИДЕО) Попов до Шилегов: Фатете се за работа или поднесете си оставка

74 години слободно Скопје, 74 години со љубов секоја генерација се вградува во градот и неговиот развој. Денеска Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денот на ослободување на Скопје потсетува на обврската која ја има секоја градска власт за поубаво Скопје, ова денеска на прес-конференција го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.-Во моментите кога се сеќаваме на ослободувањето и ги чествуваме сите жртви, но и преживеани борци на НОБ кои го ослободија Скопје се соочуваме со бришење на историјата и нивно изоставување од преамбулата со отргањето на АСНОМ, што претставува неблагодарност кон нашите дедовци и прадедовци што го ослободија градот. Нашиот град веќе една година е запоставен. Купишта проблеми, а никаде решение. Кучиња скитници напаѓаат луѓе, ѓубрето не се чисти редовно, а кога тоа се прави се претставува како некој голем проект, а не секојдневна обврска. Проекти нема, а проблемот со загадувањето кое веќе десетина дена ни тропа на врата се заканува и оваа зима да биде горлив проблем за скопјани, потенцира Попов.Тој додава дека Шилегов нема решение за намалување на загаденоста на воздухот, иако пред избори ветуваше експресно решавање. Сега наместо да се фати за работа организира стенд ап настапи за својата не работа.-Господине Шилегов, на скопјани не им е до смеа, особено не затоа што Скопје веќе десетина дена е меѓу десетте најзагадени градови во светот, а вас очигледно затоа не вие гајле. Повикуваме итно да престанете да правите комедија од цел град и да се фатите за работа. Во спротивно поднесете си оставка од функцијата! Скопје има граѓани кои го сакаат и кои сакаат овој град да биде модерен, напреден, град во кој секој ќе може себеси да се реализира, а не град во кој што не може да се реализираа ни најосновните потреби на човековото урбано живеење. Токму затоа  ние Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мотото ,,Го сакам Скопје” со симболичен марш од Музејот на град Скопје до Плоштад Македонија ќе порачаме дека Скопје се сака со дела и дека на Скопје му требаат нови идеи и решенија, а не неработа и неспособност, истакна Попов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски: И обезбедувањето на Груевски има одговорност доколку оневозможуваат спроведување на правдата

По информацијата дека екс премиерот Никола Груевски во текот на вчерашниот ден не го прими решението на Кривичниот совет, по што требаше да замине во затвор, пратеничката Фросина Ременски предупредува дека одговорност има и неговото лично обезбедување, се разбира доколку оневозможуваат да се спроведе законот.-Со законски измени од 2013 година Никола Груевски доби право на 6 обезбедувачи, возило и шофер, онолку долго колку што бил на функцијата на трошок на МВР. Тие привилегии ги користи ден денес. Обезбедувањето е од шестата управа при МВР 24/7.За сите прашања поврзани со негово обезбедување и достапност за органите на прогонот и судот одговорност имаат и лицата што го обезбедуваат. Судот може да побара обезбедување и овозможување и на судска достава.Секое оневозможување на спроведување на законот и правдата од страна на овластено лице како лично обезбедување е на линија на кривично дело, напиша пратеничката Ременски на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
41897906_1985141868198682_8841070576861708288_o

Утре без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и КанализацијаИсто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања