Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Најнови вести

2 мин.
media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

(Видео) Русија ја подготвува ракетата „Сармат“ за оперативна употреба

Русија успешно го тестираше новиот интерконтинентален балистички проектил „Сармат“, објави агенцијата Reuters.Според информациите, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за тестирањето од командантот на стратешките ракетни сили, Сергеј Каракаев.Путин најави дека Русија планира ракетниот систем „Сармат“ да го стави во борбена готовност до крајот на годинава.Во меѓувреме, Кремљ повторно порача дека војната во Украина се приближува кон крајот.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека постојат основи за продолжување на мировниот процес меѓу Русија, Украина и САД.„Подготвените темели во рамките на мировниот процес ни овозможуваат да кажеме дека крајот навистина се приближува“, рече Песков.Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва нема намера да ја заврши војната и предупреди дека Украина се подготвува за нови руски напади.Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци организирал повеќе рунди преговори меѓу завојуваните страни, но конечен мировен договор сè уште не е постигнат.

Свет | пред 2 минути

5 мин.
media-library5cp8oq9d8eqg4kY8sSl

Хегсет ќе го придружува Трамп на патувањето во Кина

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, потврди дека ќе го придружува американскиот претседател Доналд Трамп на претстојната посета на Кина.Посетата доаѓа во период на неизвесност околу примирјето со Иран и зголемени геополитички тензии.Запрашан за продажбата на оружје на Тајван, Хегсет изјави дека Трамп ќе ги донесе сите одлуки поврзани со тоа прашање.„Претседателот наскоро патува и јас ќе бидам со него, а тој ќе ги донесе сите одлуки поврзани со тоа“, рече Хегсет.Се очекува Трамп денеска да отпатува од Вашингтон за Пекинг.Во меѓувреме, иранскиот амбасадор во Кина изјави дека Пекинг може да одигра важна улога во намалувањето на тензиите меѓу САД и Иран.

Свет | пред 5 минути

14 мин.
media-librarymqoh3dm430uo851tgsN

(Видео) Шпанскиот премиер за потегот на фудбалската ѕвезда: „Израел спроведува геноцид“

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Израел спроведува геноцид врз Палестинците, коментирајќи ја поддршката за Палестина што ја покажа фудбалерот Ламине Јамал за време на прославата на титулата на ФК Барселона.Санчез на прес-конференција во Мадрид беше запрашан за потегот на 18-годишниот шпански репрезентативец, кој за време на прославата на шампионската титула носеше палестинско знаме.„Шпанија ја призна државата Палестина. Од самиот почеток го осуди нападот на Хамас, но и геноцидот што го спроведуваат израелските власти во Појасот Газа“, изјави Санчез.Тој додаде дека Израел не го почитува меѓународното право, ја спречува можноста за решение со две држави и ја блокира хуманитарната помош за Газа.Фудбалерите на Барселона титулата ја прославиле пред околу 750.000 навивачи, возејќи се низ градот со автобус со отворен покрив, а Јамал во рацете држел палестинско знаме.Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека разговарал со Јамал за потегот, но нагласи дека тоа е негова лична одлука.Поддршка за Палестина во Шпанија претходно изразија и бројни јавни личности, меѓу кои режисерот Педро Алмодовар и актерката Пенелопе Круз.Најголемата опозициска партија во Шпанија, Partido Popular, го критикуваше потегот на Јамал, оценувајќи дека политиката не треба да се меша со спортот.

Свет | пред 14 минути

22 мин.
media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Иранците ни рекоа дека ќе добиеме „нуклеарна прашина“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен оти Иран ќе престане со збогатување ураниум и ќе се откаже од каков било обид за развој на нуклеарно оружје.Во интервју за радио-емисијата „Sid and Friends in the Morning“ на WABC, Трамп рече дека лично учествува во разговорите со иранските претставници.„Сто проценти ќе престанат“, изјави Трамп, одговарајќи на прашање дали верува дека Иран може да биде спречен да развие нуклеарна бомба.Тој додаде дека Иранците му порачале дека САД ќе добијат „прашина“.„Јас тоа го нарекувам нуклеарна прашина, бидејќи тоа е соодветно име. И ќе ја добиеме“, рече американскиот претседател.Трамп истовремено нагласи дека Вашингтон нема потреба да брза кон постигнување договор со Техеран.„Нема ништо да забрзуваме, имаме блокада“, изјави тој.

Свет | пред 22 минути

25 мин.
pentagon

Пентагон: Војната со Иран досега ги чинела САД 29 милијарди долари

Американската воена операција против Иран досега ги чинела САД околу 29 милијарди долари, што е повеќе од првичната проценка од 25 милијарди долари што Пентагон ја достави до Конгресот пред две недели.Информацијата ја соопшти Џеј Херст, кој моментално ја извршува функцијата контролор на Пентагон, за време на сослушување пред Комитетот за буџетски издвојувања во Претставничкиот дом.Според него, проценките постојано се ревидираат поради новите трошоци за поправка и замена на опрема, како и поради оперативните трошоци за одржување на американските сили на терен.Американската телевизија CNN претходно објави дека проценката од 25 милијарди долари била потценета и дека не ги вклучувала трошоците за санирање на штетите врз американските бази на Блискиот Исток.Еден извор за медиумите изјавил дека реалната цена на конфликтот, доколку се пресметаат поправките и замената на оштетената опрема, би можела да достигне меѓу 40 и 50 милијарди долари.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека Пентагон ќе сподели дополнителни информации за трошоците „кога тоа ќе биде релевантно и потребно“.

Свет | пред 25 минути

30 мин.
media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Американски министер за одбрана: Прашањето за муницијата е пренагласено

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека Пентагон има доволно муниција и оружје, отфрлајќи ги предупредувањата дека американските резерви се сериозно намалени поради воените операции.„Прашањето за муницијата е непотребно пренагласено“, изјави Хегсет, додавајќи дека американската војска точно знае со какви резерви располага.„Точно знаеме што имаме и имаме доволно од сѐ“, порача тој.Неговите изјави доаѓаат само неколку дена откако демократскиот сенатор Марк Кели предупреди дека американските залихи на оружје значително се намалиле.Во интервју за CBS News, Кели изјави дека е „шокантно“ колку длабоко САД навлегле во сопствените резерви за време на конфликтот со Иран.Тој посочи дека се намалени залихите на крстосувачки ракети „Томахавк“, ракетите ATACMS, пресретнувачите SM-3, како и ракетите за системите THAAD и Patriot.Според Кели, обновувањето на овие резерви може да трае со години, што би можело да ја направи Америка поранлива во евентуален иден конфликт со Кина.

Свет | пред 30 минути

35 мин.
media-library433fia5tje119pkLLLS

Детали за нападот во училиштето во Ченто: Поранешен ученик го нападнал деветтоодделенецот, детето е во стабилна состојба

Градоначалникот на Гази Баба, Боби Стевковски, реагираше по инцидентот во ООУ „25 Мај“ во Ченто, каде 15-годишник со остар предмет повреди ученик од деветто одделение.Тој посочи дека напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето, кој минатата година го завршил образованието таму.„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение“, напиша Стевковски.Според него, по разговор со семејството на повреденото дете, бил информиран дека ученикот е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување.„Лицето кое го извршило нападот е обезбедено од страна на Министерството за внатрешни работи. Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам најостра осуда на ваквиот чин. Насилството не може да се оправда со ништо“, додава Стевковски.Тој посочи дека Општина Гази Баба е во постојана координација со надлежните институции кои преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Претходно, МВР соопшти дека на 11.05.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, по пријава дека во основно училиште на подрачјето на Гази Баба со остар предмет нанел тешки телесни повреди на друг 15-годишен ученик.Неофицијално, повреденото дете е оперирано и се наоѓа во болница.

Скопје | пред 35 минути

38 мин.
media-library8pv9pqo5ks43bnDRj21

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“.Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.Претседателката детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие, пак, ја предочија можноста за интензивирање на канадско-македонските односи на највисоко ниво.Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на државата.

Македонија | пред 38 минути

39 мин.
media-libraryblalbfgagbm7275S8At

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата.Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети.Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните резултати од работата, со тековните програми и активности, како и со предизвиците во обезбедувањето поддршка на децата без родителска грижа, младите и семејствата во социјален ризик.Според нив, особено важна е психосоцијалната поддршка на младите по напуштањето на системот за згрижување, при развивањето животни и професионални вештини, продолжувањето на образованието, вработувањето и домувањето.Претседателката оцени дека во изминатите 25 години СОС Детско село со својата работа претставува пример за посветеност, хуманост и професионален пристап во грижата за децата во ризик.За неа, организацијата има особен придонес во промоцијата на семејните вредности преку креирање семеен модел на алтернативна грижа.За продолжување на оваа значајна мисија, таа смета дека е потребно партнерство меѓу институциите и граѓанскиот сектор, со цел креирање одржливи решенија за долгорочна грижа и поддршка на децата и младите.На крајот, претседателката нагласи дека со заедничка соработка и поддршка може да се обезбеди секое дете да расте во семејство опкружено со љубов, почит и чувство на сигурност.

Македонија | пред 39 минути

1 час
policija-policaec-35

МВР приведе девет возачи кои возеле без возачка дозвола

Министерство за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле лишени од слобода девет возачи поради безобѕирно управување возило, при што сите управувале без возачка дозвола.Според МВР, четворица возачи биле приведени во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп.Од полицијата посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од Министерство за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат забрана за управување или ако се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-library6p1u5g1h3d4jbsmtz7d

Град Скопје доби ново специјално противпожарно возило, располага со цистерна од 6.000 литри

Град Скопје соопшти дека ја модернизира Противпожарна бригада на Град Скопје со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции.Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет.Од Град Скопје посочуваат дека станува збор за вредна донација од општествено одговорна компанија, која значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза и ефикасна интервенција.Воедно, од локалната власт најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.

Скопје | пред 1 час

1 час
media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Мицкоски сака да се занимаваме со спинови наместо со вистината за ЕУ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски намерно создаваат спинови и конфликти со цел да ја избегнат вистината за европскиот пат на државата.Филипче обвини дека власта континуирано манипулира со јавноста и креира лажни наративи за евроинтеграциите.„Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат македонските граѓани. Создаваат вештачки конфликт за да се сокрие вистината“, рече Филипче.Тој додаде дека, според него, зад блокадите на европскиот пат стои обид за заштита на криминални интереси и продолжување на „грабежот на државата“.Во своето обраќање, лидерот на СДСМ ги спомена и, како што рече, „Орбановите медиуми, фармите на тролови и ботови“, обвинувајќи ја власта за ширење лажни вести.„Граѓаните сега јасно гледаат. Најголеми предавници на иднината се Христијан Мицкоски и неговата криминална организација“, изјави Филипче.Тој порача дека, според него, најголем патриотизам е признавањето и потврдувањето на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европска Унија.

Македонија | пред 1 час

2 час.
media-libraryn25379i08luhekDoQuK

Дејвид Гета за Денот на независноста, со концерт во Скопје, влезот 35 денари

Светски познатиот француски диџеј и продуцент Дејвид Гета ќе биде главната музичка ѕвезда на прославата по повод 35 години независност на Македонија.Настапот е закажан за 8 септември 2026 година во Национална арена „Тоше Проески“, а организацијата е во соработка меѓу Владата и Aвалон Продукција.Бобан Милошески од Авалон најави дека во Скопје ќе пристигне спектакуларното шоу на Дејвид Гета со продукцијата „Монолит“, кое според него претставува едно од најголемите музички и продукциски шоуа во Европа.Наместо класични билети, посетителите ќе плаќаат симболични 35 денари за регистрација, со цел да се почитуваат ограничувањата на капацитетот на стадионот. Едно лице ќе може да резервира најмногу две влезници преку електронска регистрација.Организаторите очекуваат голем интерес и од регионот, а најавено е дека промоцијата на настанот ќе се реализира и во соседните држави.Од Авалон Продукција информираа дека дополнителни информации за регистрацијата ќе бидат објавени на нивните платформи.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја кријат вистината за процесот на евроинтеграција и прашањето за уставните измени.Филипче посочи дека бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, јасно порачала дека прашањето за внесување на малцинствата во Уставот „не е билатерално, туку европско прашање“.„Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија“, рече Филипче.Тој се повика и на изјави на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, како и на еврокомесарката Марта Кос, кои, според него, испратиле пораки дека напредокот кон ЕУ зависи од реформите и исполнувањето на обврските.Филипче обвини дека власта создава „вештачки конфликти“ за да ја сокрие вистината и да го блокира европскиот пат на државата.„Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка“, изјави лидерот на СДСМ.Тој додаде дека без уставни измени нема продолжување на преговорите со Европска Унија.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
heroin-pakuvanja

Кривична за 39 годишен маж за продажба на хероин

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М. (39) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот продал хероин на едно лице, а дрогата била пронајдена и одземена.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-librarycuv8lbqa7nkefbq4mTm

Кривична пријава за кичевец поради нелегално оружје

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Ш. (63) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 октомври 2025 година полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории што ги користел пријавениот, при што бил пронајден и одземен ловечки карабин „ЦЗ Брно БЗ 24“ со калибар 7.9 x 57 милиметри.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Полицијата приведе две лица во одделни акции за дрога

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 11:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода З.Д. (40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истиот ден, во 17:15 часот на улицата „Кузман Јосифовски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б. (31) од Прилеп, со престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана.По документирање на настанот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-libraryjc68uu1t7l1mcUuuLNo

Новиот Закон за пробација воспоставува поефикасен систем, посилна ресоцијализација и поголема заштита на жртвите, вели Филков

Министерот за правда Игор Филков на денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација изјави дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување санкции и примена на пробациски мерки.Според него, со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување санкции.„Со ова законско решение воспоставуваме јасен и модерен пробациски систем кој носи три клучни резултати: поефикасно извршување на мерките во заедницата, посилна ресоцијализација на лицата опфатени со санкции и повисоко ниво на заштита на жртвите“, рече Филков.Тој посочи дека Управата за извршување на санкциите добива проширена координациска и надзорна улога, додека Секторот за пробација ќе биде централен носител на стручните процеси.Законот предвидува и воспоставување единствен електронски регистар за лицата опфатени со пробациски мерки, како и проценка на ризик во текот на кривичната постапка по барање на суд или јавен обвинител.Министерот нагласи дека во новата правна рамка се вградени стандарди за човекови права, недискриминација, заштита на личните податоци и примена на презумпцијата на невиност.Воедно, предвидени се подобри алатки за работа на пробациските службеници, електронски надзор при куќен притвор и засилена координација со Министерство за внатрешни работи и другите институции.Посебен акцент во законот е ставен и на заштитата на жртвите на кривични дела, особено во случаи на семејно и родово базирано насилство.„Резултатот е поголема безбедност за граѓаните, помал ризик од повторување на кривични дела и поефикасна правда што делува во заедницата“, порача Филков.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
vozacka-1

Приведена 18-годишна девојка без дозвола зад волан

СВР Битола соопшти дека на 12 мај во 02:40 часот на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К. (18) од селото Кукуречани.При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувала Е.К., при што било утврдено дека возела без да поседува важечка возачка дозвола.Од СВР Битола информираат дека по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-libraryqsej9jjb3i3h1EnGUAV

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалците

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошоски на денешната прес-конференција остро ја критикуваше одлуката на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.На прес-конференција, Милошоски обвини дека Абази „одработува за Филипче, Заев и Ахмети“ и дека одлуката за запирање на постапката е „контроверзна и лукративна“.Според него, јавноста во случајот видела „перење пари, криминал и труење на животната средина“, додека обвинителството оценило дека нема доволно докази за кривично дело.Милошоски посочи дека меѓу осомничените биле и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски.Тој праша зошто постапката е запрена токму во период кога Ковачевски е недостапен за органите на прогонот и побара одговор дали биле сослушани сите засегнати страни.„Ковачевски треба да се врати. Да одговара. Ако е невин, нека го докаже тоа пред судовите“, рече Милошоски.Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Ислам Абази веднаш да поднесе оставка.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

21-годишник завршил на Клинички по напад со остар предмет на Бит Пазар

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 12 мај во 03:00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.Н. (21) од прилепско.Според пријавеното, на 11 мај околу 23:30 часот на подрачјето на Бит Пазар тој бил физички нападнат од машко лице, кое употребило остар предмет.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
media-library0h13pdi271292DQ6AFH

Малолетничка нападната во двор на училиште во Бит Пазар

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 13:00 часот во СВР Скопје, М.Д. (52) од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од соученичка.Според пријавеното, инцидентот се случил на 8 мај околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.Во пријавата се наведува дека настанот бил сниман со мобилен телефон од друг малолетник.Од МВР информираат дека биле известени стручните служби во училиштето и дека по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
media-library4no5aa5qldshc530Oag

Скопјанец измамен за 22.500 евра за наводен откуп на државно земјиште

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 10:30 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 22.500 евра.Според пријавеното, тој телефонски стапил во контакт со лице А.„Н“, со кое се договорил дека заедно со неговиот познаник В.„Н“ ќе му завршат работа за откуп на државно земјиште.Во повеќе наврати им ги давал парите, а откако сфатил дека бил измамен, случајот го пријавил во полиција.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
krazhba-na-kola

Му украле чанта со пари од совозачката страна на автомобил, додека возачот бил во автомобилот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И. (41) од Скопје пријавил дека околу 00:10 часот, додека бил во своето возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта.Според пријавата, во чантата имало пари, банкарски картички, лични документи и други предмети.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
media-library6i0j4s0nr6vl4pH7tMQ

Нападнати ученици од основно училиште на екскурзија во парк-шумата Гази Баба

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 11:06 часот во СВР Скопје било пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана од основно училиште од подрачјето на Аеродром, во парк-шумата Гази Баба неколку ученици биле физички нападнати од други малолетници.Според пријавата, на еден од учениците му бил одземен личен накит.Подоцна, во 16:13 часот, А.К. (47) од Скопје пријавил дека неговиот 13-годишен син и уште двајца негови соученици, во периодот од 11 до 12 часот, биле физички нападнати од неколку малолетници додека биле на екскурзија во парк-шумата Гази Баба.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања