7 год.
Нема фотографија

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета.„Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и тројца поради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и седум пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР

Скопје | пред 7 години

7 год.
tetovski-balisti-porachuvaat-kje-gi-ubieme-srpskite-reprezentativci-za-direktno-mesto-na-ep-foto

„Војводи“ против „Балисти“ – Инцидентите на пауза, омразата продолжува

Инцидентите помеѓу навивачките групи на Тетовските фудбалски клубови „Шкендија“ и „Тетекс“ – „Балисти“ и „Војводи“ престанаа, и од минатата недела до денес, не се регистрирани нови случаи. Сепак, омразата и нетрпеливоста помеѓу овие две навивачки групи продолжува и понатаму, и е далеку од надминување. По средбата со МВР, двете групи истапија со свои ставови за настанатата ситуација, пишува Цивил Медиа.„Војводите“ реагираа први, со соопштение на нивната страница, и остри реакции кон порталите кои известиле дека „Војводите“ им пружиле рака на помирување на „Балистите“. Тие бараат од сите медиуми да го објават нивното соопштение во кое меѓу другото, се вели: „На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на Шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација.“ Како една од причините за непомирување со „Балистите“, навивачката група на Тетекс го наведува името на навивачката група на „Шкендија“ – „Балисти“ за кое велат дека е навредливо за секој Македонец, бидејќи е поврзано но нивната историја и поттикнува ораза и нетрпеливост.„ Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме.“- се вели во дел од соопштението на Војводите.Од навивачката група на фудбалскиот клуб „Шкендија“, во изјава за ЦИВИЛ Медиа и Дрејт по инцидентите од минатата недела, велат дека немаат намера да се занимаваат со нив. Сепак, водачот на навивачката група, Исак Лума, изјави дека сака да испрати две пораки до членовите од „Војводи“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

ЗАМСТАС бараат превземање на соодветни мерки за случајот на КАРИЛ

Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС најостро ги осудува насилствата во здравството акцентирајќи го и последниот  немил настан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).„Апсолутно е недозволиво една хумана професија каква што е сестринската да биде жртва на вакви насилства. Физичкиот напад над медицинската сестра, која била на своето работно место е атакт и на целата фела.Зарем покрај сите голготи со кои се соочуваме изминативе години и со кои се обидуваме да се избориме за нашите права, сега сме во ситуација кога треба да се плашиме и за својот живот?!Аларманта е состојбата во нашето здравство бидејќи безбедноста при работа е една од основните начела која треба да ја има секоја професија. Главното прашање е зошто ни се случува сето ова? Што е тоа што го пропуштаме и зошто вакви ситуации ни се случуваат само во јавните здравствени установи? Постои ли виновник за направениот пропуст и загрозениот живот на медицинската сестра?Како и до сега, Унијата транспарентно, јавно и гласно ќе зборува за неправдите и работите кои мора да се променат. Осудувањето на овој чин од страна на Министерството за здравство е нивна морална обврска но, истотака и превземањето на соодветни мерки.Во последните изјави на МЗ се вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат дежурства на полицијата. Прашањето е зошто и до сега не беа истите вклучени, знаејќи дека ова не е прв ваков случај? Дали е ова единствениот начин и што е тоа што треба да го промениме внатре во здравствените институции како не би се случувале вакви инциденти и во иднина?Од името на над 5000-то членство на Унијата апелираме до сите надлежни институции сериозно да ги прифатат нашите критики и да превземат соодветни мерки.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pokana-eng

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон„ ќе биде отворена на 10 ноември, со почеток во 19 часот, галерија Eville Soe во Софија.„Хексагон„ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба.Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добиваат универзални уметнички димензии.Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.Изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 09 декември.

Магазин | пред 7 години

7 год.
viktorija

Исчезнатата Викторија се врати дома

Петнаесетгодишната Викторија која пред една недела беше пријавена за исчезната, вчера се вратила во куќата на нејзините родители. Како што соопштуваат од МВР, нејзината мајка ја известила полицијата дека малолетничката се вратила дома во село Суводол.За сега не е познато што се крие во позадина на исчезнувањето на девојчето, но од полицијата соопштуваат дека се испитуваат деталите за нејзиното исчезнување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

СЈО во 6 часот утрово влезе во сите фирми на Орце Камчев

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев !Информацијата предмалку за Скопје1.мк ја потврдија и од СЈО.Според првите информации СЈО од 6 часот утрово врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
holangjanec

Холанѓанец сака да ја промени годината на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот“

Еден Холанѓанец смета дека треба да има право законски да ја промени својата година на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот”, пишува УНИЛАД.69-годишниот Емил Рателбан сака официјално да има 49 години бидејќи на тој начин може да се врати на работа и да добие шанса да го видат повеќе жени на „Тиндер“.Емил, кој е гуру за самопомош, тврди дека неговите лекари му кажале дека има тело на 45-годишен маж, па затоа поднел барање во документите да му го променат датумот на раѓање на 11 март 1969 година, иако бил роден на 11 март 1949 година.Локалните власти го одбија неговото барање поради што тој ги тужеше повикувајќи се на тоа дека „трансродовите луѓе можат да го променат полот, па и тој би требало да може да ја промени возраста”.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozar

Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

 Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан ФранцискоПожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Хрватска поднесена прва пријава за ширење лажни вести

Хрватската полиција поднесе пријава против еден 34-годишен маж, кој измислил приказна дека бил нападнат од мигранти, што претставува прва тужба во Хрватска за ширење лажни вести.Мажот снимил видео на кое инсценирал дека бил нападнат од мигранти во местото Оточац, по што видео снимката и ја предал на една новинарка, раскажувајќи и ја приказната за измислениот напад.Смимката била објавена на една локална телевизија, по што реагирала полицијата по службена должност, при што открила дека мажот воопшто не бил нападнат, поради што против него покрена прекршочна пријава за ширење лажни вести.Согласно хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење лажни вести е предвиена парична казна или казна затвор во траење до 30 дена.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ципрас вети нови 10 илјади работни места

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека во идната година, кога му истекува мандатот, ќе бидат отворени 10 илјади работни места во јавниот сектор и враќање на парите на илјадници јавни службеници оштетени со мерките за штедење. Тој во интервју за телевизијата Алфа рече дека тоа ќе биде можно поради договорот со Грчката црква на свештениците да им се одземе статусот на јавни службеници. Парламентот претходно усвои закон за враќање на околу 820 милиони евра одземени со намалување на платите на 280 илјади војници, полицајци, лекари, судии и професори. Грција во август излезе од програмата за помош, а догодина ја очекуваат парламентарни избори.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дијалогот меѓу Белград и Приштина заглавен поради данокот на српски стоки

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот во Брисел со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која посредува во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и косовскиот претседател Хашим Тачи, изјави дека дијалогот ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече противправните мерки. „Изминатите денови, добивме одлуки од властите во Приштина, во кои тие противправно со ЦЕФТА договорот го зголемуваат за 10 насто данокот на стоки од централна Србија. Никој особено за ова не се возбуди во Европа. Тие зборуваат за формирање на косовска војска што е против бриселскиот договор. Се обидуваат да ја исфрлат Србија од северно Косово и тоа противправно. Не сакаат да ја слушнат нашата одлука“, изјави Вучиќ за РТС. Косовскиот претседател Хашим Тачи пак по разговорите ја обвини Србија дека била „агресивна и арогантна“. Тој додаде дека дијалогот не може да се води со ултиматуми, ниту со агресивен глас.„Останува да се види како работите ќе се движат во иднина“, рече тој, оценувајќи дека е момент за нов замав за да се искористи историската шанса Косово да дојде до признавање.

Свет | пред 7 години

7 год.
rasprava

Продолжува расправата за вториот нацрт-амандман на Уставот

Комисијата за уставни прашања ја продолжи расправата за нацрт уставните амандмани, во рамки на втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија. Таа вчера го усвои Првиот нацрт-амандман за промена на Уставот со десет гласови „за“ и пет проти, со кој се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект, а ја започна и расправата за вториот нацрт амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. И на вториот ден опозицијата и власта останаа на спротивни ставови.Опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името и Уставот се одвивал нетранспарентно и без консензус и оти не е испочитувана волјата на народот искажана на референдумот. Предложија со нацрт-амандман да се обезбеди заштита на сето она што значи менување на уставно име.На ова реплицираше заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој ги отфрли обвинувањата дека процесот бил нетранспарентен и оти не била консултирана опозицијата. Посочи дека биле одрзани шест тет-а-тет средби за да се објасни целиот процес.За вториот Нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор. Опозицијата обвини дека со овој амандман и измените што се прават во Преамбулата се бришат деветте одлуки на АСНОМ, од кои, како што рекоа,  четири имаат државотворно значење. Заменувањето на одлуките со Прогласот, рече не смее да се прави, бидејќи Прогласот е само известување до граѓаните за донесените одлуки. Вметнувањето на Рамковниот договор, според пратениците од опозицијата, е дополнително проблематично и тоа отвора можности за федерализација и бинационална држава. Со ставањето на Рамковниот договор во Преамбулата, се отвора можност да се прогласи албанскиот јазик за службен на целата територија на државата.На ова реплицираше Жерновски, кој истакна дека тоа е апсолутна невистина и груба измама на граѓаните на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grujo

Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да одлучуваат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. За да се оствари тоа потребно е двотретински мнозинство што се поизвесно е дека нема да биде овозможено, со оглед на тоа што независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предлогот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство што пак одлуката на пратениците не го одложува извршувањето на казнатаБарањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.Груевски вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува судењето за смртта на Никола Саздовски

Со воведни зборови денеска ќе почне првото рочиште од судењето за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски. Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р., а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска-Стефановски.Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, тој почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски беше претепан со боксови и клоци во главата и градите, а кога паднал на земјата и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите.Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски кога првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста.Имено, наместо за кривично дело насилство од член 386, став 6 во врска со став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата обвинети, од кои едниот сè уште е во бегство, ќе се води судска постапка за кривично дело убиство извршено на свиреп начин од член 123, став 2, точка 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
delije-pavkov-620x350

(ВИДЕО) „Делиите“ на Павков му пееа под прозор

Звезда во вторникот го победи Ливерпул со 2:0, а вистински херој на црвено-белите беше Милан Павков кој беше стрелец на двата гола.Дел од навивачите најдоа каде живее, па во ноќните часови го посетија.Со пиротехника, почнаа да му пеат под прозор, а фудбалерот излезе на балкон за да ги поздрави. Тие ја пееа навивачката песна која згрме на „Маракана“ по головите на центарфорот.https://twitter.com/ciiciimiicii/status/1060449878852149249?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060449878852149249&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fpacienti%2Feuforijata-ne-splasnuva-delii-mu-peea-serenada-na-pavkov-pod-prozor-video

Свет | пред 7 години

7 год.
1540818041861-tan2018-10-294729740-620x350

(ВИДЕО) Авион удри во бандера

Авион на компанијата Лајан Ер удри во бандера пред полетувањето. Пред една недела авион на истата авиокомпанија се сруши над Индонезија и во истиот загинаа 189 лица, а истрагата е се уште во тек.Авионот Боинг 737-900 се движел по пистата на аеродромот во Бенгкул во Индонезија, и со левото крило удрил во бандера.Патниците биле сместени во друг авион и со доцнење од 4 часа пристигале на посакуваната дестинација.https://videos.dailymail.co.uk/video/mol/2018/11/08/8096828023992765489/1024x576_MP4_8096828023992765489.mp4Надлежните известуваат дека авионот е приземјен и дека истиот нема да може да лета додека не заврши истрагата.

Свет | пред 7 години

7 год.
struja-1

Без струја делови од Чаир, Гази Баба, Ѓорче и Центар

Корисниците од делови од скопските општини Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар денес ќе бидат без електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи.Од 8.30 до 12.00 часот, на улицата „Серава" и дел од улицата „Џон Кенеди" ќе има прекин на електрична енергија, додека во населба Синѓелиќ, од 10.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ".Во Општина Ѓорче Петров, од 9.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров" и во период од 9.30 до 14.00 часот на дел од улиците „Борис Серафов" и „Крсто Раковски", како и дел од булеварот „Партизански одреди" – делот кон „ЈСП – Скопје", ќе има преки на електричната енергија.Од 10.30 до 13.00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од улиците „Козара" и „Шарски одред" во Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
111111111111DSC_5033

Соопштение: По 40 години, Радовиш добиваат ново погребно возило

Општина Радовиш испрати соопштение дека добиле ново погребно возило, истото, ви го презентираме во целост:„Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, градоначалникот Герасим Конзулов изврши примопредавање на нова градежна машина - универзален ровокопач утоварувач, како и промоција на специјалното комунално возило за собирање и транспорт на смет-донација од рудникот Бучим.Во присуство на градоначалникот Конзулов и претседателот на општинскиот совет Коле Чаракчиев, директорот на комуналното претпријатие Дејан Крстев го презентираше новото погребно возило.Директорот истакна дека по 40 години радовишани добиваат ново погребно возило со кое се решава еден долгогодишен проблем на претпријатието со застареноста на возниот парк.Градоначалникот најави и ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите на градот со што продолжува инвестирањето во модернизацијата на опремата на јавното комунално претпријатие“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ФОТО: Лени Кравиц во врска со тинејџерка

Лени Кравиц отсекогаш бил најголем заводник меѓу пејачите, се чини дека со текот на годините не се менува… На листата на жени со кои се забавувал се запишани и Никол Кидман, Ванеса Паради, Мишел Родригез, Адриана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Макартни.Не треба да се заборави ниту актерката Лиза Бонет, единствената која успеа да го однесе пред олтар и со која ја има ќерката Зое. Лени и Лиза беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, и ден-денес се во многу добри односи  и се голема поддршка еден на друг.Лени, кој веќе навлезе во шестата деценија, сепак, не мирува кога станува збор за љубовта… често менува жени и има многу авантури. Иако се чинеше дека конечно се смири покрај 30-годишниот модел Барбара Фијала, со која беше од почетокот на годината, виден е  со друга жена. Тинејџерка, всушност!Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајами пред неколку дена, се шпекулира дека таа се занимава со моделство и дека има само 19 години, иако нејзиниот идентитет сè уште е непознат за  јавноста.Фановите го осудија изборот на познатиот пејач забележувајќи му што е 10 години помлада од неговата ќерка, а имаше и коментари во врска со изгледот на оваа млада дама – многумина не се одушевени од неа по сите убавици што ги имаше Кравиц во минатото.https://www.instagram.com/p/BoUsi4TH6c5/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања