Мицкоски разочаран оти Груевски ќе оди во затвор
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека одбивањето на жалбата на Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон.-Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани, рече Мицкоски.
Македонија | пред 7 години
Груевски 16 часа е недостапен на телефон
Експремиерот Никола Груевски, кого новинарите го чекаат да се појави во затворот Шутка за издржување на затворската казна од 2 години за случајот “Тенк” веќе 16 часа не е достапен на својот мобилен телефон, велат негови пријатели за “Скопје 1”. Тие додаваат дека неколку пати се обиделе да го контактираат преку пораки, но залудно, бидејќи Груевски не ги добивал пораките, а последната активност му е вчеравечер.Судот денес ги одби сите жалби поднесени од адвокатите на Груевски, за одложување на казната. Експремиерот треба да го добие упатниот акт за одлежување на затворската казна, по што треба да се јави во затворот. Но, сеуште не се знае дали Груевски го добил решението. Доколку тој сам не се јави во затворот, ќе биде приведен. Ако во случај, Груевски не биде достапен за органите на прогонот, во краен случај, за него ќе биде распишана потерница.
Македонија | пред 7 години
Вакцинацијата за сезонски грип продолжува од понеделник
Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година).„Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Станува збор за четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.Но, паралелно со Министерството и 10-те центри за јавно здравје самостојно реализираа постапки за јавна набавка за 13.100 комерцијални количини вакцини, како и претходните години, a годинава се обезбедени вкупно 41.000 доза вакцини против сезонски грип, односно годинава бројот на вакцини е за околу 45 отсто поголем, во однос на претходните сезони.Напоменуваме дека секој Центар за јавно здравје самостојно врши проценка за обезбедување на потребните количини вакцини за подрачјето кое го покрива“, велат од Министерство за здравство.Вакцината против грип е незадолжителна, но препорачана за хронично болни и возрасни пациенти.
Македонија | пред 7 години
Груевски избегал за да не оди во затвор?
Властите не можат да го најдат Никола Груевски ? Дали Никола Груевски е достапен за властите и каде е во текот на целиот денешен ден ? Ова прашање кружи меѓу новинарите кои цел ден не се во можност да стапат во контакт со екс премиерот кој последен пат на апликациите Вибер, Ватсап и Телеграм бил вклучен вчера во 22 часот и 31 минута.Од тогаш тој е исклучен , а не е достапен ни на повици на мобилниот број со кој претходно комуницираше.Денес судот донесе конечна одлука дека Никола Груевски мора да оди во затвор по пресудата за случајот „Тенк“ од како претходно се исцрпија сите можности за одлагање на отслужувањето на казната од 2 години.Груевски се покажа како добро информиран и во неколку наврати јавно ги предвиде постапките на судот и пресудата.Неговото интернет исчезнување од синоќа го отвора прашањето дали тој знаел денес каква одлука ќе донесе судот и дали можеби презел некакви чекори претходно ?ГРУЕВСКИ ДЕНЕС НЕ СЕ ЈАВИЛ ВО СУДОТ ? !Никола Груевски нема пасош, бидејќи истиот му е одземен како мерка за обезбедување. Тој секој петок мора да се јавува во судот, за да го потврди своето присуство во земјава. Денес никој во судот не можел да потврди дали Груевски дошол да се пријави.НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ КОМЕНТИРА ДЕКА ИЗБЕГАЛНа социјалните мрежи веќе кружат постови дека Груевски избегал од земајта, а државата се споредува со Турска серија.
Македонија | пред 7 години
(ВИДЕО) Роденденска дружба со лицата од домот „Мајка Тереза“
По повод роденденот на општина Карпош, денеска, градоначалникот Стефан Богоев го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, а кој е во состав на ЈЗУ Герентолошкиот завод „13-ти Ноемви“.- Општина Карпош прославува 42 од своето постоење, и за таа цел, веќе две недели, имаме бројни активности со кои го одбележуваме, за нас, овој значаен датум. Во тој контекст е и денешната посета на Домот „Мајка Терезa“, со цел да ги посетиме оние кои ни се блиски и драги, а кои живеат тука во нашата општината. Идната недела е и Вашиот јубилеј - 60 години од постоењето на Герентолошкиот завод, така што тоа е уште еден повод да се подружиме и да поминеме пријатни мигови заедно, им порача градоначалникот Богоев на постарите лица кои престојуваат во оваа установа.Во оваа пригода, тој на сите жители на овој дом, им врачи пригодни подароци, 70 пакети со кондиторски производи и средства за лична хигиена.Во топла атмосфера, со весела игра и песни од најмладите-дечиња од градинката „Орце Николов“, постарите жители на Карпош минаа еден час во разговор со својот градоначалник и вработените во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, а домаќини на гостите од Општината беа директорката на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“ - Скопје д-р Салија Љатиф Петрушовска и Дејан Петров, раководител на одделот „Мајка Тереза“.На овој начин Општината уште еднаш ја потврди континуираната грижа што ја води за најстарите жители од својата територија.
Скопје | пред 7 години
Во недела „Скопје на точак“
Замислете град со стотици илјади точаци. Тоа било Скопје во 60-те години кога немало место каде да го паркираш својот велосипед. Стари и нови, од пони до партизан велосипеди, мали и големи, сите вртеле педала низ улиците во градот покажувајќи дека животот може да тлее во здрава средина, без издувни гасови, стигнувајќи на работа, дома, во школо, на факултет, на средба, секаде со велосипед.Време е да се врати духот на минатото и да им се покаже на сите граѓани на Скопје дека градот може да живее на велосипед. Сојуз на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје во недела, 11.11.2018, во 11.00 часот, го организира велосипедскиот караван Скопје на точак со партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје. Секој е поканет да се пријави и да дознае повеќе за оваа иницијатива на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocak. Тука може да најдете информации и за наградите во склоп на лотаријата која ќе се одржи по самиот круг низ градот.Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед на овој настан секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче. Агендата е:-11:00 - 12:00 поделба на стартни броеви - лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден)-12:00 Старт на караванот-12:30 Крај на караванот-12:35 - 13:00 Лотарија-13:00 - 13:30 Велосипедски дружењаСтартот на Скопје на точак е од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица М. Т. Гологанов и се вози право до Католичка црква.Од таму се продолжува по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. Кочо Рацини. Таму се вози преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.Пријавувањето е бесплатно на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocakи завршува во сабота, 10 ноември 2018 година, во 23.59 часот.
Скопје | пред 7 години
Се зголемува безбедноста во сообраќајот во Аеродром
Денеска се реализираше сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“ пред трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром.Оваа акција е дел од едукативните проекти од областа на сообраќајот, во кои се вклучени ученици од седмо и осмо одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“.Специјално формираните училишни сообраќајни единици составени од ученици од овие две основни училишта ќе имаат посебна улога во однос на регулирањето на сообраќајот, под надзор на полициските службеници.Акцијата ја спроведува Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со Општина Аеродром и компанијата „Пнеуматик“.Општина Аеродром ги поддржува овие акции за безбедност на сите учесници во сообраќајот, а во таа насока неодамна постави хоризонтална и вертикална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.
Скопје | пред 7 години
Делегација на Град Скопје во официјална посета на Бордо
Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот Шилегов, членови на Советот на Град Скопје, како и на повеќе директори на градските јавните претпријатија се во повеќедневна посета на градот Бордо, Република Франција.За време на средбата остварени се поголем број на средби со претставници на администрацијата, јавните претпријатија и институции на Градот Бордо од областа на урбанизмот и урбанистичкото планирање, јавниот превоз, како и подигнување и одржување на зелени површини.Во рамки на посетата градоначалникот Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Бордо, Алан Жипе (Alain Juppe) на која градоначалниците дискутираа на повеќе теми, пред се од областа на инфраструктурата, јавниот превоз и урбанистичкото планирање. Градоначалниците разговараа и за регионалните случувања, како и за продлабочување на соработката помеѓу двата града и можностите за размена на искуства.
пред 7 години
Во понеделник без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол
Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и КанализацијаИсто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.
Скопје | пред 7 години
Судот повторно го одби Груевски, тој мора во затвор
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во случајот „Тенк“.На седницата Кривичниот совет според фактите и доказите во жалбите, донел решение со кое ги одбил жалбите и го потврдил решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките, Основниот суд Скопје 1 – Скопје.Ова значи дека откако Груевски ќе ја добие одлуката на рака, ќе треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.
Македонија | пред 7 години
Камчев и Мијалков биле прислушувани како осомничени во „Империја“?
Осомничените во најновата истрага на СЈО, „Империја“, биле под посебни истражни мерки, што значи дека најверојатно нивните телефонски комуникации биле прислушувани, но со наредба од судот, а за потребите на истрагата. Ова во своето соопштение го открива СЈО, по што може да се заклучи дека и обвинетиот за масовното нелегално прилушување, Сашо Мијалков, бил прислушуван, но на легален начин.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, се наведува во соопштението на СЈО.Од Специјалното јавно обвинителство денеска информираа дека по спроведена опсежна предистражна постапка отворена е истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Македонија | пред 7 години
Камчев соопшти дека е подготвен на соработка со СЈО
Компанијата „Орка холдинг“, чиј сопственик е Орце Камчев , во негово име соопшти дека е подготвена да соработува со СЈО.„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност, изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економските проспиритет во земјава“, стои во пишаната изјава која е испратена како соопштение во име на Орце Камчев.
Македонија | пред 7 години
НАЈНОВА ВЕСТ : Уапсен е бизнисменот Орце Камчев
Бизнисменот Орце Камчев е еден од приведените по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство, се вели во соопштението.Од СЈО истакнуваат дека Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.
Македонија | пред 7 години
СЈО ги сомничи Камчев и Мијалков за „Империја“
Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство, се вели во соопштението.Од СЈО истакнуваат дека Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.
Македонија | пред 7 години
Груевски ќе остане пратеник
Собранието денес одлучуваше за одземањето на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Пратениците со 58 гласа „за“ и 29 „против“ не изгласаа одземање на мандатот. Пратеникот Груевски не беше присутен на расправата.Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде предлог мандатот да му биде оземен.За Груевски да во врати мандатот, потребно беше потврдно да гласаат 80 пратеници односно 2/3 од вкупниот број.
Македонија | пред 7 години
Богојески: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ требаат итни мерки за санација на последиците
Се грижам за иднината на ВМРО-ДПМНЕ и не сакам да се реализираат последиците кои ги најавија европските партнери, вели членот на партијата Петар Богојески по средбите со функционери на ЕПП.Петар Богојески, неодамна разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со експресно исклучените членови на партијата - пратеничката Емилија Александрова и поранешниот партиски функционер Никола Тодоров, присуствуваа на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки, на лична покана од нејзиниот претседател Жозеф Дол. Токму на оваа втора партиска постава ѝ беше посветено исклучително внимание, за што сведочеа голем број нивни средби со претставници на ЕПП. Богојески за ДВ ги сподели впечатоците и пораките од соговорниците, но и нивната загриженост за насоката во која се движи најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Но избегна поконкретно да ги коментира наводите што неофицијално доаѓаат од кругови на ЕПП, дека ако партијата не се демократизира, може да биде исклучена од ова семејство, целосно да ја загуби поддршката, да биде прогласена за антизападна структура што шири евроскептицизам...
Македонија | пред 7 години
Закажано „оставање на третите деца пред Влада“, откако е укинат додатокот
Неформална ФБ група започна кампања за ,,масовно оставање на трето дете пред Влада“.,,Оставањето“ е закажано за 11 ноември од 11 часот до 16 попладне.,,Поради укинување на мерката додаток за трето дете, настанот е организиран со цел да им се помогне на оние кои не можат да се снајдат со проблемот ,,каде да го остават своето трето дете“-стои во ироничната покана на овој настан закажан на ФБ.Во ироничен продолжуваат:*НАПОМЕНА*-Без лажење, знаеме кое ви е второ дете и прво-Без манипулации, да го донесете на комшијата иако личи на вас-Без лажни вести околу овој настанОваа иронична реакција на социјалните мрежи осамна по најавата на владата дека ќе се укине додатокот за трето дете.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објасни дека по направените анализи, утврдено е дека мерката не ја остварила својата цел, а додатокот во принцип го добиваат и семејствата кои немаат финансиски проблеми, па поради тоа средствата не се распределни праведно на социјално загрозените кои имаат потреба од ваква помош.Висината на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) за 2018 година е во износ од 8.362,00 денари.На овој линк може да ги прочитате условите за стекнување на право за оваа помош.
Магазин | пред 7 години
Како заработуваат Вилијам, Кејт, Хари и Меган
Британското кралско семејство е едно од најбогатите во светот, а кралицата Елизабета е во врвот на најбогатите монарси на нашето време. Нејзините потомци и роднини исто така имаат многу пари, но, спротивно на верувањето на многумина, принцовите и принцезите кои не се директни потомци на круната, сепак, треба да работат.На пример, иако се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија се ангажирани на вообичаени работни места. Принцезата Беатрис работи во софтверска фирма неодамна промовирана во Лисабон, каде што се дружеше со Јелена Ѓоковиќ. Принцезата Евгенија е директор на уметничка галерија.Принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и нивните жени се вработени во кралската палата и нивната работа е да го промовираат кралството. Од страна на кралицата Елизабета доделени им се бројни задачи, па така одат на хуманитарни настани, отвораат училишта, болници, се грижат за фондации и го посетуваат целото кралство за да им се доближат на обичните смртници.Нивните патувања, облека и други трошоци делумно се покриени од страна на даночните обврзници, а исто така имаат и приватна сопственост, како и наследство од принцот Чарлс. Вилијам и Хари го имаат наследството на нивната покојна мајка Дајана.Од ноември минатата година, дел од нив е и Меган Маркл. Поранешната актерка, освен од даночните обврзници, сè уште заработува сопствени пари. Иако таа ја напушти актерската кариера, нејзините сцени сè уште се појавуваат и парите се слеваат на нејзината сметка. Пред да се омажи ја продаде куќата во Канада, па затоа на нејзината сметка има 1,6 милиони долари.Иако многумина ги нарекуваат паразити, британските принцови и принцези навистина остваруваат добивка во својата земја. Некои истражувања покажуваат дека кралското семејство е еден од најважните брендови на Велика Британија и има огромно влијание врз туризмот. На пример, свадбата на Хари и Меган на Велика Британија и донесе приход од 500 милиони фунти.
Магазин | пред 7 години
Прегазено 5-годишно дете
Вчера околу 15.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Ресен, Н.Ј.(20) од село Царев Двор, управувајќи патничко возило „JEEP LIBERY“, удрила во петгодишно девојче од Ресен.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Битола.Увид на местото нa настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.
Македонија | пред 7 години