7 год.
Нема фотографија

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, во второ читање.Расправата почна вчера, а согласно собранискиот Деловник, може да трае најмногу три дена.Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението истакна дека ребалансот базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП.-Се врши минимална корекција на приходната страна на Буџетот и приспособување на одделните делови од буџетската потрошувачка до крајот на годината. Позначајни дополнителни средства се алоцираат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Со цел подобрување на фискалната позиција на општините се предвидуваат и три милијарди денари за финансиска поддршка на општините и единките корисници основани од нив, пред сѐ училишта, за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, објасни Тевдовски.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта води катастрофална економска политика, а со ребалансот, наместо да овозможи реализирање капитални инвестиции, значително ги крати средствата, посебно за здравството и образованието. Тие сметаат дека е погрешна и одлуката за финансиска поддршка на општините со која, преку алоцирање поголем дел од буџетските пари, ќе им се помогне на локалните самоуправи да ги подмират или намалат долговите.Реплицираше министерот Тевдовски, потенцирајќи дека фискалните параметри се одлични, а остварувањето на приходите е според проекциите што е првпат случај по подолго време.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба.Синоќа пред затворот новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми беа во исчекување на Груевски. Официјални информации за тоа дали решението му е доставено немаше, но неофицијално, биле направени три обиди од судските курири во неговиот дом лично да му го достават решението.Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес. Решението на Груевски може да му биде врачено в понеделник, кога поранешниот премиер треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.Груевски завчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kamcev

30-дневен притвор за Орце Камчев, спроведен е во Шутка

Доцна ноќеска судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски.Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка.Во новата истрага на СЈО кривично се гонат вкупно 13 лица. Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

Неколку граѓани пред домот на Груесвки, не даваат да оди во Шутка

Група на граѓани се собира пред домот на екс-премиерот Никола Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка.Групата граѓани кои се собираат пред домот на екс-премиерот носат знамиња со сонцето од Кутлеш.Судскиот курир кој требаше да му го достави решението за јавување во затворот во „Шутка“ вчера три пати се обидел да го добие Груевски на адресата по лична карта, но не успеал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ го осуди Груевски затоа што влегол во службено возило

„“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази.Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт.Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт.Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките  нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев.Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев.Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои,  а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата.Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси.Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне,  граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско.Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре.  Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

Твитер галерија: Орце ја купил Шутка оти ќе градел хотел, а ќе се смири и со Мијалков

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.ЕВН известува дека од 03.10.2018 година, напојувањето  на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, ќе биде исклучено. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување  од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.-наплатна станица Петровец во период од 24.10.2018 до 24.11.2018 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Од 16.10.2018 ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино, од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота, во наредните 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница. Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

Груевски се уште не се појави во „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски ниту утринава не се појавил во истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да одлежи двегодишна казна, дознава „Фокус“ од извори во затворот.Тој во текот на вчерашниот ден не го примил решението на Кривичниот совет со кое се известува дека неговото барање за одложување на издржувањето на казната не се прифаќа, бидејќи во неколку наврати судскиот доставувач не успеал да го пронајде.Штом Груевски го прими лично решението тоа веднаш станува извршно, односно мора доброволно да се упати во затворот, бидејќи во спротивно ќе биде спроведен со полиција. Сепак постои можност екс премиерот во текот на денешниот или утрешниот ден самиот да се упати кон „Шутка“, без да го прими решението. Доколку тоа не го стори, решението во понеделник ќе му биде предадено во Кривичниот суд, се разбира, доколку се појави на судењето за случајот „Титаник“.Груевски на двегодишна затворска казна беше осуден како обвинет во случајот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ghfghfh

Боркица ги известила судските доставувачи дека Груевски не е дома

Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Никола Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле, објави ТВ 24.Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-1

Твитер галерија: Грујо го бркаат низ Скопје како покемон

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Гостиварка паднала од балкон при обид да поправи ролетна

Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон.Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј, вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните плочки. Од падот се задобила со повреди на главата и медицинско возило пренесена во гостиварската болница.По укажаната помош У.Ј. итно префрлена е и задржана на скопските клиники.Извршен е увид и се расчистува случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rociste

Милион ипол евра за бивши функционери

Државата издвоила милион ипол евра за бенефиции за поранешни функционери, од министри и пратеници до директори на јавни претпријатија и државни органи. Тие и по престанокот на мандатот добиваат апанажа. Некои од нив имаат лични возачи и обезбедување, пишува Радио Слободна Европа.По смената на власта, 70 поранешни функционери кои ги назначува Владата, 39 пратеници и десетина поранешни функционери кои ги назначува Собранието една година по завршетокот на мандатот добивале апанажа. Според пресметките од податоците што ги добивме од институциите, за апанажа се потрошени над милион ипол евра.Пратениците, министрите и други функционери кои ги назначува Владата, Собранието и Претседателот имаат законско право да добиваат плата од државата и по завршувањето на нивниот мандат.Груевски зел 16 илјади евра, Димитриев не сака апанажаПоранешниот премиер Никола Груевски, искористувајќи го правото на апанажа со плата од 84.514 денари, од државата за една година добил 16 илјади и петстотини евра. Според податоците од Владата, барањето Груевски го поднел на 19 јануари 2016 година, кога на негово место застана привремениот премиер Емил Димитриев, односно кога му престанал работниот однос. Оттаму додаваат дека Димитриев не побарал апанажа, зашто по престанокот на неговиот мандат седна во пратеничката клупа.Според одговорите кои ги добивме од Владата, по смената на власта, 70 луѓе, кои како функционери ги назначува Владата, побарале да го искористат правото на апанажа. Тоа право го искористиле поранешниот портпарол Александар Ѓоргиев, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. На оваа листа се и поранешниот директор на Државниот архив Филип Петровски, кој ова право го користел до крајот на јуни. На листата на оние кои и по завршувањето на функцијата живееле на државна сметка се и Влатко Поповски, кој ја водеше Агенцијата за вработување, потоа Шабан Салиу, кој беше назначен како в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, државни секретари, директори на казнено-поправни установи, на инспекторати, на управи кои се дел од разни министерства, членови на комисии за продажба на земјоделско земјиште...Од бившите министри само Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески јавно потврдија дека 12 месеци користеле апанажа откако си дадоа оставки по случувањата на 12 мај 2015 година.Според Законот за именувани и избрани лица, поранешните функционери можат да добиваат плата и до една година по престанокот на мандатот, во зависност од тоа колку време седеле на функционерската фотелја. Дополнително, правото на апанажа можат да го искористат и доколку сами си поднесат оставка или, пак, доколку се разрешени од функција.И додека чекаме од Владата, како што ни ветија, да соопштат колку пари отишле за апанажа, по слободна пресметка може да се каже дека најмалку 730 илјади евра за оваа намена се потрошени од владината сметка, ако се земе предвид дека најмалата можна плата според законот за плати на функционери е 53 илјади денари. (Според тоа, ако за еден функционер месечно се одвојувале по 53 илјади денари, тоа годишно е речиси 10.500 евра за еден човек. Ако оваа годишна плата се помножи по 70, колку што функционери примале апанажа, се стига до бројката од речиси 730 илјади евра.)Но, во овие бројки не спаѓаат апанажата за Груевски, пратениците кои по парламентарните избори не се вратија во собраниските клупи, како и функционери и членови на управни одбори кои ги назначува Собранието.Па така од обвинителството ни потврдија дека поранешниот Јавен обвинител Марко Зврлевски го искористил правото на апанажа. Според законот за плати, неговата изнесувала 67 илјади денари, односно за една година добил 13 илјади евра.На пример двајца од петтемина членови на Антикорупциската комисија, по давањето на оставките, сега го ползуваат правото на апанажа, останатите се вратиле на претходните работни места.Барања за апанажа до Собранието поднесоа и поранешните членови на Државната изборна комисија, односно поранешниот претседател Александар Чичаковски, кој беше назначен од редот на експертите по Пржинскиот договор, потоа членовите Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.Нивните оставки дојдоа по големиот притисок во јавноста кој настана откако американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли обелодени дека членовите на ДИК си поделиле 12 бонуси за изминатите изборни циклуси. Претходно на мета беа и нивните барања за патни трошоци од неколку илјади евра.Апанажата ја олесни собраниската каса за околу половина милион евраСо законот се предвидува пратеник да може да добива и плата и до година ипол со цел да го исполни старосното право за пензија.По промената на составот на пратеници во Собранието по последните парламентарни избори во 2016, правото на апанажа го искористиле 39 пратеници. Според законот за плати за избрани лица, тие од државата земале една година плата и собраниската каса тоа ја чинело околу половина милион евра.Правото на апанажа го губат само оние функционери кои по државничката функција му се враќаат на претходниот професионален ангажман.Кој сè користеше полициско обезбедување?Покрај апанажата, поранешните функционери имаат право и на други бенефиции. На пример поранешниот премиер Никола Груевски има право на шестчлено полициско обезбедување кое сам го избира, како и на службено возило и возач десет години според принципот колку дена како премиер толку денови и бенефиции по симнувањето од власт.Додека, пак, неговиот следбеник Емил Димитриев од државата, според законот, доби лично обезбедување во времетраење на година ипол, колку што бил на функција привремен премиер.„Да, го искористив тоа право согласно законот за влада, тој период помина и повеќе не го користам ниту возилото, ниту обезбедување“, ни одговори Димитриев.Од Министерството за внатрешни работи не сакаат да одговорат колку пари од нивната сметка се потрошени за обезбедување на поранешните премиери, нити за обезбедувањето на поранешните функционери кои тоа право го користеле и до три години откако им завршил мандатот. Оттаму само кратко ни пишаа дека тоа биле класифицирани информации.„Бидејќи бараните информации се од доверлива природа, односно со одреден степен на класификација заради кои било воспоставено обезбедување на поранешните функционери, истите не може да се споделат со јавност“, се вели во писмениот одговор од МВР.Оваа привилегија за шестчлено обезбедување на поранешните премиери е донесена во 2013 година, со измени на законот за влада. Поранешната власт го правдаше тоа со аргументот дека така ќе се зајакнела позицијата на премиерот во борбата против криминалот и корупцијата не стравувајќи од одмазда кога нема да бидат на власт. Тогашната опозициска СДСМ, пак, нешто подоцна поднесе и предлог измени на законот со цел укинување на одредбата со која Груевски ќе има право десет години на лично обезбедување. Според тогашното образложение на СДСМ, немало потреба да се трошат пари за такво нешто, затоа што во МВР има надлежни органи кои во случај на опасност ќе можат да се грижат за него во зависност од процената за ризик и со тоа ќе се заштедат повеќе пари во буџетот.Државата до пред три месеци плаќаше за шестмина обезбедувачи и две возила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Тоа право го уживаше Мијалков три години откако си поднесе оставка од директорското место, пишуваа медиумите.По смената на власта до летово, вакво право уживаа и поранешните функционери Никола Тодоров, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска како и поранешните директори на УБК Владимир Атанасовски и Љупчо Андоновски.Ваквата привилегија поранешните функционери ја добија во 2016 година со измената во уредбата за личности и објекти кои се обезбедуваат. Според неа, министерот за внатрешни работи може да им одреди обезбедување на поранешни функционери доколку постои висок степен на опасност по нивниот живот во времетраење на опасноста.Претседателот на државата со најмногу привилегии по завршувањето на мандатотЛично обезбедување, службен возач, посебен кабинет по негов избор и персонал од најмногу три стручни лица, платени материјални трошоци, како и пензија од речиси две илјади евра, се привилегиите што ќе ги добие претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов по завршувањето на неговиот втор мандат. Иванов ќе се пензионира на 58-годишна возраст, додека неговиот претходник Бранко Црвенковски замина во пензија на 51 година. Но, Црвенковски овие права ги искористи подоцна, затоа што му беа ставени во мирување додека раководеше со партијата СДСМ. Според буџетот за 2018 година, годишните трошоци за поранешен претседател изнесуваат 160 илјади евра.Во оваа сума не влегуваат пензијата на Црвенковски и пензијата на сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма која изнесува 30 проценти помалку од платата која за време на мандатот ја добивал Трајковски. Пензискиот фонд за нив двајца годишно издвојува речиси 35 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски: Во ЕУ се лиферувани лажни вести дека користиме притисоци и закани врз пратениците

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше околу собирот на народните партии на Европа во Хелсинки и за лажните вести кои беа продуцирани за време на неговиот престој таму. Притоа тој посочи дека кај меѓународната заедница владее погрешна перцепција околу вистинските настани кои се случувале на самиот самит.„Во меѓународната заедница за жал владее погрешна перцепција дека некој овдека од ВМРО-ДПМНЕ користи насилни методи дека се служи со закани ги притиска пратениците што е комплетно погрешно и погрешни вести стигаат од тука. Видовме дека и каналот на тие погрешни вести преку кој иде еден пратеник од една соседна земја кој ги лиферува тие вести и кои апсолутно не се точни, рече Мицкоски.Притоа посочи дека имал можност да разговара за вистинските настани кои се случуваат во Македонија и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека никогаш не подржувал и го осудува секој вид на насилство, закани и уцени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aleksandar-Naumovski

Градоначалникот на Ѓорче со отчет по една година на функцијата

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски денеска ги презентираше резултатите по една година работа. Наумовски ги презентираше и проектите и плановите за периодот што следува, најавувајќи и голем број инфраструктурни проекти, кои според него ќе ги подобрат животните услови во оваа општина. Меѓу другото, Наумовски рече дека Општина Ѓорче е меѓу трите општини во земјата, кои немаат долгови.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44149956_308171456676666_2823516525502136320_n

Нацрт-амандманот за Преамбулата помина на собраниската комисија

Со девет гласа „за“ и седум „против“ во Комисијата за уставни прашања помина и вториот нацрт амандман кој се однесува на измените во Преамбулата. Со измените одлуките на АСНОМ ќе се заменат со Прогласот од АСНОМ и ќе се додаде Охридскиот рамковен договор.За опозицијата со вториот нацрт амандман се бришат најважните државотворни документи за македонскиот народ и се урива правно државниот континуитет на историјата на државата. Власта, пак останува на ставот дека предлогот е добар и прифатлив и оти со него се апсолвираат сите девет одлуки од АСНОМ.Пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Власта со еден амандман одлучи да ги избрише деветте историски одлуки на АСНОМ како конститутивни акти во процесот на создавање на Република Македонија.Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред членовите на собраниската комисија истакна оти е мошне важно за вакви прашања коишти се од највисок интерес за државата да постои отвореност и подготвеност за дијалог за работите да бидат изработени на најдобар можен начин.Пратеникот од ГРОМ Панчо Минов предложи во Преамбулата да се вметне и референца со која што ќе се спомене Уставот од 1991 година.На денешната седница беше отворена и расправата за третиот нацрт амандман со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Расправата продолжува утре во 11 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва има седница на која ќе расправа за настапот на партијата на Конгресот на ЕПП во Хелсинки.Исто така, се очекува да се разговара и за ситуацијата со нивниот поранешен лидер, Никола Груевски кој ги поминува последните часови или денови на слобода, со оглед на тоа што има упатен акт за одење во затвор, а сите жалби му беа одбиени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20180916184701

Орце Камчев донесен во Кривичниот суд

Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со комби беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, известуваат репортерите на Алсат.АЛСАТ М објави видео од спроведувањето на Орце Камчев во судот.Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.Во оваа истрага на Катица Јаневао сомничени се тринаесет лица, а освен Камчев, меѓу нив е и поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков. Предистрагата на СЈО покажала дека има основи да ги гони за неколку дела – злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, како и измама и перење пари од периодот 2002 до 2013.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20.4.kamcev

Орце Камчев оди 30 дена во Шутка

ПРВО НА СКОПЈЕ1.МК  Мерката 30 дневен притвор е за обезбедување на негово присуство.Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на бизнисменот и сопственик на “Орка Холдинг”, Орце Камчев, неофицијално дознава “Скопје 1” Камчев доцна попладнево беше на распит во судот, откако СЈО поднесе обвинение против него, бидејќи е опфатен во случајот “Империја” објавен денес.Специјалното јавно обивнителство утрово влезе во голем број фирми кои се доведуваа во сопственост на Јордан Камчев. Од СЈО не соопштуваат кои се фирми, утрово, биле постени од тимови на истражители, но повеќе од извесно е дека истражителите и полицијата влегла во „Орка холдинг“, болницата „Систина“ и „Стопанска банка – Битола“. Во кулоарите се шпекулира дека СЈО вршел претреси и во хотелите „Мериот“ и „Ибис“, во центарот на Скопје, но и во битолска „Пелистерка“.„По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети, кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име 'Империја', против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“ - информираат од СЈО. Од СЈО појаснуваат дека утрово биле извршени 12 претреси и дека во рамки на акцијата „Империјал“ биле приведени пет лица. Инаку, освен потврда дека меѓу осомничените се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и мајката и сестрата на главноосомничениот, Јордан Камчев од СЈО и најава дека тие ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка. Според непотврдени сознанија на Телевизија 24, СЈО ќе побара мерка притвор само за Камчев, додека за другите ќе се побараат други мерки за нивно обезбедување. СЈО најавува брзо проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правни барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела, ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
igor-djambazov_0

Игор Џамбазов итно однесен во болница

Шоуменот Игор Џамбазов денеска е итно однесен во болница. Игор, наводно е хоспитализиран затоа што му се влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“. Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор.Ова не е првпат Игор да е во болница. Пред две години тој имаше проблеми со срцето по што му беа ставени стентови.Игор требаше да одржи концерт пред крајот на годината, но и тој е одложен за февруари следната година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
45796456_363392094431009_2275123474672386048_n

ФОТО: Возило на велешка Брза помош кое носело повредено дете, удрило во дива свиња

Директорот на велешката болница Димитар Стровјаноски на својот фејсбук профил информираше дека екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имала сообраќајна несреќа. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:“Вечерва екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат… По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба.За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар. По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје.Благодарност до Брзата помош од Скопје која ги превзема нашиот пациент и нашата повредена медицинска сестра”, напиша Стровјаноски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања