7 год.
avtobus-zapalen

ФОТО: Изгоре автобус на АРМ, војниците едвај се спасиле

Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запалил автобус на АРМ, пишува Курир.Автобусот бил полн со војници кои се превезувале до касарната „Илинден“ кога избувнал пожарот. Војниците едвај излегле од автобусот. Поради брзината на пожарот војниците немале време ни да ја земат опремата од автобусот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maja

Лилјана Поповска замина, прв човек на ДОМ е Маја Морачанин

Прв човек на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) од вчера епратеничката Маја Морачанин, која на тоа место ја наследи својата парламентарна колешка Лилјана Поповска.Под мотото „Зелени вредности – трајна визија“, на 4-от конгрес на ДОМ се собраа околу триста делегати, кои избраа нов Централен и Надзорен одбор на ДОМ. Потоа за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.На Конгресот се обрати и досегашната претседателка Лилјана Поповска, која го искажа задоволството што ДОМ е денеска, по 12 и пол години работа е стабилна партија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44671221_1712531848875331_1436318307383771136_n

DW: Писмото на Мијалков не остава простор за помирување

Допрва ќе следат потреси во ВМРО-ДПМНЕ. Вакви се првичните оценки по долгото писмото кое вчера до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, го упати Сашо Мијалков - поранешен директор на УБК, поранешен партиски функционер и прв братучед на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во писмото тој „ги отфрли лажните обвинувања фрлени врз него од луѓето кои до вчера се потпирале на неговиот труд, резултати и авторитет“, а бидејќи поминале неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ за тврдењата против него, го повика Мицкоски јавно да ги презентира доказите пред органите на партијата и пред јавноста, пишува DW на македонски.„Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има, и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласување? Кој и како издејствува, ти Христијан, кој беше ставен во предистражната постапка за предметот 'Талир', поврзан со финансирање на партијата во време кога ти беше Генерален секретар, да бидеш тргнат од листата? Дали ти не се испазари за себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?“, прашува Мијалков во писмото.Повеќе: Временската машина на МицкоскиПешевски: Вмровските работи да се решаваат во паријатаВакви јавно разменети обвинувања преку отворени писма се реткост во оваа партија, која дури и во најкритичниот период за неа (по „бомбите“ во 2015 година) успеваше да создаде впечаток за внатрешно единство. Претходно, последното отворено писмо што беше упатено до сѐ уште неизбраниот лидер на партијата, стигна од Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за економски прашања (2009-2017) и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во пресрет на Конгресот во Вландово, Пешевски упати серија искрени и добронамерни совети до идниот лидер, сите темелно образложени. Се чинаше дека таа објективна анализа со препораки може да биде одличен патоказ за новото раководство. Нецела година потоа, друг вид на писма циркулираат до раководството. Го прашавме Пешевски, кој тогаш доби забелешка дека „доцни“ со советите во неговото писмо, како го оценува вчерашното писмо на Мијалков?, DW на македонски.„Мислам дека при пишувањето на ова писмо на Мијалков му имаат помогнато и други луѓе со свои информации, сугестии и мислења, па јас го гледам како писмо на една поголема група на луѓе кои се нашле засегнати од последните одлуки на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи веќе подолго време не сум член на ниту едно партиско тело, не можам од прва рака да ги коментирам овие случувања внатре во партијата. Но, писмото има и сериозна лична димензија, бидејќи Мијалков се повикува самиот на личната комуникација што ја имале со Мицковски подолг период, и тука освен нив двајца, навистина е тешко за кој било од страна да знае што навистина се случувало меѓу нив. Делува дека определени меѓусебни ветувања и очекувања не биле исполнети. Интересно е што Мијалков во писмото отвора дилема за истрагата во предметот 'Талир' за кој СЈО досега нема покренато обвинение, и ќе биде интересно и важно за ВМРО-ДПМНЕ да се види како ќе се одвива овој предмет, кон кого ќе биде насочен, а кон кого нема, кој какви изјави дал во истрагата и слично“, вели Пешевски.Според него, „такви дилеми постојат и за уште неколку други предмети на СЈО и за улогата на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај своето интензивно партиско ангажирање во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега ги нема во ниту еден случај на СЈО или пак се изоставени во некои од обвиненијата и новите истраги".„Веројатно времето ќе ги расчисти овие дилеми. Следува веројатно прилично тежок период за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за целата партија, и ова писмо само тоа го навестува. Според мене е најважно колку што е можно побрзо да се поправат односите на партијата со меѓународната заедница, да се фати сериозен приклучок и учество во реформските процеси, особено на правосудниот систем, а за партијата најдобро е колку што може вмровските работи да се решаваат внатре, наместо преку медиумите. Ако се погледне наназад, ВМРО-ДПМНЕ имало историја на вакви разидувања, но речиси без исклучок подоцна доаѓало и до некакво помирување. Затоа е важно секој да биде внимателен во реториката, зошто полесно заздравува нешто што е пукнато, од она што е скршено“, сугерира поранешниот вицепремиер, DW на македонски.Повеќе: Што готват Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕНе е оставен простор за помирувањеНо, се чини дека односите во партијата се и повеќе од скршени, за што сведочат ставовите на Мијалков.„Додека јас, кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас 'ја ставав главата во торба' во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и територијалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?“, прашува Мијалков.Според комуникологот Петар Арсовски, ова е писмо кое не остава простор за помирување.„Прво, постои она нормална борба околу брендот на партијата која се повторува секогаш при вакви расцепи. Тука има еден наратив за стандардните обвинувања околу тоа кој ги застапува вистинските вредности на партијата и нејзината идеологија, дали се тоа избрканите или останатите. Кај ВМРО-ДПМНЕ во овој случај тоа е поткрепено со еден втор лајтмотив, а тоа е кои се всушност вистинските вредности на партијата - прозападни или антизападни. Кај овие два мотиви приказната е предвидлива: секој тврди дека тој е вистинскиот 'вмровец', а останатите ги напуштиле и предали вистинските вредности, и секој се бори дека неговата интерпретација на вредностите е онаа вистинската. Тоа во оваа фаза го тврдат и Мијалков и Мицкоски, значи тука нема ништо ново“, вели Арсовски.Но, смета дека нов елемент е острината и нападноста со која писмото прави дистинкција помеѓу Мијалков и сегашното ВМРО-ДПМНЕ.„Ова не е писмо кое остава простор за помирување - напротив, тоа е индикативен наратив за отцепување, непријателство и дивергентни политички патишта. Мислам дека сепак ваквиот наратив е премногу политички корисен во моментов и за Мицкоски, но уште повеќе за Мијалков, за да не побуди сомнеж околу неговата автентичност“, смета Арсовски.Мијалков - спонзор на изборот на МицкоскиДо утрово од партискиот лидер немаше никаков одговор на писмото од Мијалков, ниту првична партиска реакција, но дознаваме дека тоа предизвикало дебата во тесни кругови и извесна вознемиреност, особено по тврдењата на Мијалков од каде дошло вистинското влијание врз пратениците.„Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат 'за' со цел да се решело прашањето, ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори, фалејќи се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава? Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници, а потоа да излезеш 'чист' од целата ситуација? (...) И сега ви треба виновник? Го лажевте ЦК? Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината? Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ“, обвини Мијалков.Извор од партијата, упатен во внатрешните состојби, не се сомнева кои се мотивите за ова писмо.„Мијалков беше главниот спонзор на изборот на Мицкоски. И затоа ова што се случува е толку жестоко. Точно е дека Мицкоски сака да излезе чист од процесот. Но, лично не верувам дека Мицкоски охрабрувал пратеници да гласаат за уставните промени. За Мијалков не сум толку сигурен“, вели нашиот соговорник.ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за упадот во собранието од 27-ми април.Наредиот период сѐ ќе покажеНо, авторот на писмото навестува дека и тие дилеми наскоро ќе се расчистат.„Периодов што претстои народот и членството ќе видат колку си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш Собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност. Дали ќе организираш филибастеринг (блокирање на Собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне навреме со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата (...) Ти не си патриот каков што сакаш да се претставиш. Добро те запознав. Ти си лажен патриот! Времето ќе го докаже ова“, пишува Мијалков.Тој го праша Мицкоски и зошто веднаш по неговиот избор за нов претседател запреле секојдневните протести пред Министерството за правда и пред затворот „Скопје“ каде биле притворени десетици лица обвиненети за тероризам, зошто потоа со месеци не ја отворал таа тема во јавноста, и зошто играл крајно валкано и нечесно со чувствата на членството, на македонскиот народ, и со судбините на жртвите од СЈО и 27-ми април?Ваквото прашање ѝ претходи на најавата дека ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за упадот во собранието од 27-ми април, DW на македонски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44940855_2190211724601810_6028307167705038848_o

Срушено засолништето на жената која живееше спроти Железничка

Спроти ВЕРО ЏАМБО во Маџар Маало, на отворениот простор долги години престојуваше Елизабета во колиба која самата ја имала направено.Општина Центар реши да го среди просторот и да ја дислоцира Елизабета. Во соработка со МТСП и локалниот Центар за социјална работа на Елизабета и биле понудени решенија, вклучително и преместување во шелтер за бездомници во Чичино село, но таа ништо не прифатила.Пред неколку дена инспекторите од Општина Центар со механизација и асистенција на полицијата го урна живеалиштето на Елизабета и го расчисти просторот.„Иако наредбата беше да целосно засолништето се сруши и исфрли во истиот ден, успеавме да се договориме со инспекторите да креветот, постелнината, шпоретот на дрва и некои основни работи останат на располагање на Елизабета и таа да ги префрли во една куќа во Маџар Маало. Исто така и сопственикот на механизацијата се понуди да бесплатно и ги пренесе работите на жената.На оваа жена и беа понудени солуции, сепак таа решава да не ги прифати, но како и да е во целата комплицирана ситуација, сепак се покажа мала човечност од сите кои беа на терен што не е пример секогаш (за жал)“, се вели во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sara

Семејството на Сара се обрати до јавноста со благодарност за хуманитарните акции

Почитувани,Изминативе месеци нам, како на семејство, ни се случи она од што се плаши секој човек, посебно секој родител. Болеста дојде тивко и не остави без зборови, но со верба и надеж во системот, уште повеќе во луѓето, во нивната хуманост и добрина, во Бога и во себе.Денес, вербата е и во граѓаните на Охрид, Република Македонија, но и целиот свет, кои се со нас и кои јасно покажаа колку големо срце имаат и дека се тука кога е најпотребно.Нема зборови со кои би ја искажале нашата благодарност до СИТЕ, без оглед на тоа што, колку, како и од кого е донирано. За нас Секоја Донација е доказ дека сме првенствено луѓе и дека знаеме да си  подадеме рака во најтешките моменти.Од најмалата хуманитарка која служеше чај за да и се помогне на Сара,  Охридските Херои кои продаваа своја облека и ситници, девојчето својата омилена играчка, образовните институции со чии активности се гордееме, приватните и државните институции, медиумите, спортисти, музичари, уметници, верски заедници, роднини и пријатели, нашето пошироко семејство, познати и непознати кај нас и во странство, најмалите и најголемите компани, сите хумани луѓе до оние кои ненамерно ги испуштивме, а сепак заслужуваат да се спомнат  - ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ НА СИТЕ.Здравјето и доброто на Сара се наш врвен приоритет. Во оваа прилика сакаме уште еднаш да испратиме благодарност до државните здравствени институции, но ние сепак се одлучивме за лекување во Германија, пред се` поради успехот кој е постигнат во лекување на многу деца. Токму тоа е причината поради која веруваме во нив.Се направија многу акции, се собраа средства и чувствуваме потреба да Ве информираме дека изодивме повеќе од половина пат до целта. Ако продолжиме со ова темпо, за 15-тина дена се надеваме дека ќе ја собереме потребната сума, која на Сара ќе и овозможи лекување со најголеми шанси за успех на третманите.Ви благодариме ОД СРЦЕсемејство Настески

Македонија | пред 7 години

7 год.
sega

Меркел го коментираше капутот на Путин, тој не ја сфати шегата

Лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција се сретнаа во Истанбул за да разговараат за Сирија.Камерите забележаа една интересна ситуација, додека челниците излегуваа надвор од зградата во која се одржа состанокот.Рускиот претседател Владимир Путин го закопчувал капутот, а германската канцеларка Ангела Меркел го прашала: „Дали е сибирски капут?“. Со оглед на тоа што во Истанбул било релативно топло со 17 степени, на Меркел ѝ паднало невообичаено што Путин носи капут.Путин на оваа шега на Меркел одговорил само кусо: „Не“.

Свет | пред 7 години

7 год.
bolsonaro

Десничарот Болсонаро победи на претседателските избори во Бразил

Екстремно десничарскиот конгресмен Жаир Болсонаро победи во вториот круг од претседателските избори во Бразил, соопшти Централната изборна комисија на таа земја. Со скоро сите пребројани гласови Болсонаро доби над 55 насто од гласовите, победувајќи го левичарот Фернандо Хадад од Работничката партија кој доби нешто над 44 проценти од над 147 милиони луѓе со право на глас. Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш му ја честита победата. „Ќе ја смениме судбината на Бразил заедно. Не можеме да продолжиме да флертуваме со социјализм, комунизам, популизам и левичарски екстремизам“, изјави 63 годишниот Болсонаро пред приврзаниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
kosovo-1

Блиц: 11 ноември можно е да биде пресуден датум за преговорите Белград-Приштина

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.Весникот наведува дека претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседтаелот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, како и со Тачи.Според весникот, на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“. Весникот пренесува и изјави на аналитичари кои тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција.

Свет | пред 7 години

7 год.
idioti-4

180 амандмани за ребалансот на Буџетот на ВМРО-ДПМНЕ

За предлогот на Владата за ребаланс на Буџетот за 2018 година денеска треба да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе подготвиле 180 амандмани за ребалансот, а партиите на Албанците во Македонија најавија десетина амандмани.Министерот за финансии предлага вкупните приходи во Буџетот да бидат 192,5 милијарди денари, на место првично планираните 193,5 милијарди денари, а вкупните расходи да бидат 210,5 милијарди денари место првично планираните 211,7 милијарди денари.Со ребалансот Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување треба да добијат повеќе пари за да може непречено да се исплаќаат пензиите и за да можат граѓаните непречено да ги остваруваат правата на здравствена заштита и боледување, како и правото на надомест по основ на невработеност.Процедурата за донесување на ребалансот на Буџетот треба да заврши за околу 20 дена.„Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември“, изјавија од Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-4

Без струја делови на Карпош, Сарај, Илинден, Гази Баба и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 90, 92, 94 и 96, дел од ул.Осло, дел од ул. Војвода Васил Чакаларов. (Општина Карпош)Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од село Рашче ( опш. Сарај), Индустриска зона Илинден, с. Стајковци, с. Марино, населба Белви и околина, с. Кадино, Населба Илинден, с. Јурумлери, с. Брњарци, Индустриска зона Марино, с. Арачиново, с. Белимбегово (Општина Илинден и Гази Баба)Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од с. Морани (Општина Студеничани)Во периодот од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, подуличка 11. (Општина Кисела Вода)

Скопје | пред 7 години

7 год.
dom

Како ќе го спаси Уставен суд зеленилото кај „Мајчин дом“?

Безизлезен и се позамрсен станува случајот околу изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“, во Аеродром. Додека градоначалникот Златко Марин вели „општината нема солуции“, а инвеститорот Фатми Етеми – сосема легитимно, со документи и дозвола за градба – потенцира оти ништо не го спречува да продолжи, на граѓаните им се сервира одлуката на Уставниот суд како единствен спас. А таа се очекува во среда, кога оваа точка е ставена на дневен ред на седница.Префрлањето на топката кај уставните судии нагласено го прави токму Марин, кој во своето последно интервју, се правда дека општината ќе крахира ако се доведе во ситуација да треба да му плати оштета на Етеми.-Инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. За илустрација, Општина Аеродром во моментов има на располагање околу четири милиони и 800.000 евра, а нашиот основен буџет за цела 2018 година изнесува околу девет милиони евра. Ова би значело комплетен крах на буџетот на Општина Аеродром и огромни штети за граѓаните, вели Марин во интервју за локалната телевизија МТМ.Марин се ослободи себе си и од товарот на вина, па одговорноста што работите стигнале до тука, ја префрли и врз јавноста: требала да биде позаинтересирана кога тој апелирал да не се носи ДУП-от, за време на борбата за градоначалничка фотеља.-Сакам да потенцирам, вопшто не е точно дека не се бара решение, напротив, направивме многу да најдеме решение. Го бараме сега, но и апелиравме да не се носи ДУП за да не се донесеме во оваа позиција. Тогаш, за жал, јавноста не покажа интерес за оваа тема како сега, нагласува Марин.Инаку од досегашната пракса на Уставниот суд не може да се каже дека многу може да се направи во насока на спас на зеленилото кај „Мајчин дом“. Особено ако се знае дека инвеститорот настапува целосно правно регуларно, односно законски.Марин тврдеше дека барале алтернативно земјиште во општината каде Етеми би можел да гради, откако пред неколку недели граѓаните остро, на протести, се спротивставија на стартот на никнувањето на деветкатницата. Друга парцела не беше најдена. Етеми имаше и средба со граѓаните во обид да ги убеди, но бесцелно. Аеродромци не отстапуваат. Но ниту инвеститорот.А Марин сета одговорност ја префрли кај минатото раководство од ВМРО ДПМНЕ, и в среда кај Уставните судии.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vreme

Ветровито и облачно со температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, со температура до 23 степени.Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на неделата.Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота пак се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-3

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлог-законот за амнестија, СДСМ е против, а опозицијата не сака да членува во комисија за помирување

Предлог-законот за амнестија за сите обвинети за собраниските случување на 27 април минатата година, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе во Собранието со барање за скратена постапка. СДСМ смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е мешање во работата на судството и дека ова прашање треба да се реши преку комисија формирана во Собранието. Денеска се очекува Владата да ги поднесе и уставните амандмани.Со неприфаќање на предлог-законот за амнестија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, власта само ќе покаже дека е за една селективна правда во насока на она што се нарекува уцена на дел од пратениците, кои спротивно на својата волја, како обвинети и осудени, не може да донесат одлука по сопствена волја за едно вакво прашање како што се уставните измени.Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку предлогот за амнестирање на сите инволвирани во случувањето од 27-ми април не се спроведе во една брза постапка во Собранието, тоа ќе значи само дека оваа капитулантска власт сака да спроведе само една селективна правда.„Тоа ќе значи дека власта ќе сака да ги задоволи само оние пратеници кои прифатија поданички да ги поддржат капитулантските политики кои произлегуваат  од еден ништовен договор потпишан во Преспа“, рече Стоилковски.Од друга страна, пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека разговараат со сите пратеници, и од опозицијата и од владеачката партија и коалицијата за помирување и подавање рака треба да ја спречи поделбата на општеството на партиска или која било друга основа. За него предлог-законот за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на Република Македонија. „Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење на правото“, рече Костадинов.Од СДСМ најавуваат формирање на собраниска комисија за помирување која треба да ја води претседателот на Собранието Талат Џафери. Од опозициската пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие нема да учествуваат во работата на една комисија за која не се знае концепцијата за нејзината работа и крајната цел.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44945952_799556383711356_4665111284126056448_n

Му вратија на Ванхојте: Кога ќе те собере некој на пешачки, тогаш ќе реагира државата

Откако посредникот во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхојте, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук поради преголемата брзина со која се движат возилата низ градот, тој доби коментар дека државата ќе ги превземе соодветните мерки кога некој ќе го удри на пешачки.„Друже Ван Хојт, кога ќе те собере некој на пешачки сосе точак, ондак државата ќе ги превземе сите мерки за откривање на тркачите моторџии на Партизанска. До тогаш, загледувај лево десно кога преминуеш на зелено. Тенкју“, стои во објавата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
peter-vanhojter

Ван Хојте: Мотори возат со 100 километри на час, кој ќе преземе мерки?

Посредникот во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхојте, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук поради преголемата брзина со која се движат возилата низ градот и праша кој ќе ги превземе потребните мерки.„Додека се движев по Партизанска, во рок од половина час, 8 брзи мотори поминаа движејки се со брзина поголема од 100 километри на час, во подрачје каде дозволена е брзина од само 50 километри на час. Кој ќе превземе мерки околу тоа?“, напиша тој на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mkd-396091

Македонија загуби од Грција

Македонија го загуби мечот со Грција со резултат 28:26.Макеедонската ракометна репрезентација добро го почна мечот во Кожани со водство од 5-1, но Грција изедначи на 8-8. Првото полувреме го завршивме со предност 13-12. Во вториот дел успеавме да постигнеме предност од три гола 18-15.На десетина минути пред крајот Грција дојде до водство кое успеа да го задржи до крајот на натпреварот.Најефикасен во составот на македонската репрезентација беше Кире Лазаров со 8 голови, а по него следеше Талески со постигнати 6 голови.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нова замена на министри: Самка ќе го менува Аксел, Амди е морална поддршка

Самка Ибраимоски наскоро ќе го смени својот министер во Владата на Зоран Заев.Како што дознава „Скопје 1“ наскоро ќе биде разрешен министерот без ресор Аксел Ахмедоски. Неофицијално ова доаѓа како последица на своевидното одметнување на Аксел Ахмедоски од контролата на Самка Ибраимоски. Како што дознаваме Ахмедоски почнал лобирање за смена на Самка Ибраимоски од кормилото на ПЦЕР, а во меѓувреме Амди Бајрам застанал на страна на неговиот коалиционен парнер Самка Ибраилоски.Самка Ибраимоски за „Скопје 1“ вели дека кога ќе дојде време ќе кажи зошто е сменет Аксел Ахмедоски, и дека него никој не може да го смени од ПЦЕР до 2020 година.„ Кога ќе дојде до смена тогаш ќе кажеме зошто. Како ќе ме разреши мене кога јас сум претседател на партија. А зошто да не останам на чело на партијата, сум до 2020 година, уште 4 години, членството ме бара. Се знае како се менува прецедател на Конгрес . Некој ако сака сам да си прави конгреси нека си прави, тоа е негова рабтоа. Јас сум претседател до 2020 година после тоа ќе видам дали ќе се кандидирам или ќе е некој друг.“ - изјави за „Скопје 1“ Самка Ибраимоски.Амди Бајрам целосно застанува зад Самка Ибраимоски, и тврди дека Аксел Ахмедоски не знаел ни Ромски Јазик.„ Ние со Самка сме во заедничка коалиција. Интересите се заеднички за Македонија и Ромите. Министерот не го постави на Самка , тој е лидер, а Аксел нестручно ја работи својата работа и не гледам успех кај министерот без ресор, не гледам активност. Прво не знае Ромски. Тој е од Делчево и нема искуство. Го поддржувам Самка, треба да го смени и да си стави свој лојален човек, а не да му копа гроб. Самка го поставил него, тој Аксел е никој и ништо нема избирачко тело . Самка може она што не одговара да го смени и така“ - изјави за „Скопје 1“ Амди Бајрам. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
1540705145-cATWALK

(ВИДЕО) Мачка прошета на модна ревија во Турција

Мачка прошета на модна ревија во Турција. Инцидентот се случи на „Esmod International Fashion Show“ кој се оддржа оваа недела во Истанбул. Публиката беше повеќе воодушевена од мачката, отколку од колекцијата.„Сите беа шокирани“, изјави модниот дизајнер Göksen Hakkı Ali.https://www.instagram.com/p/BpW_NfWn4ub/?taken-by=hknylcnВидеото кое се појави на социјалните мрежи за има повеќе од 200.000 прегледи.Се уште не се знае како животното успеало да влезе и да се качи на сцената.

пред 7 години

7 год.
sumska-policija-2-696x522

Распишан оглас за работа: Шумската полиција бара 45 лица

Врз основа на член 82ж став 2 од Закон за шумите („Службен весник на Република Македонија” бр. 64/2009, 24/2011, 53/201 1, 25/2013, 79/2013, 147/2013, 43/2014, 160/2014, 33/2015, 44/2015, 147/2015, 7/2016 и 39/2016) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 046397/1 од 1. 6. 2015 година, измените на Правилникотбр. 0411 933/2 од 1. 12. 2015година, бр. 0411314/3од 8. 12. 2015 година, бр. 042753/2 од 20. 2. 2016 година, бр. 045362/2 од 13. 6. 2016 година, бр. 046948/1 од 1 1. 7. 2016 година, бр. 048800/3 од 29. 9. 2016 година, бр. 041 0445/1 од 1. 12. 2016 година, бр. 04994/1 од 1. 2. 2017 година, бр. 042947/1 од 1 1. 4. 2017 година, бр. 045497/1 од 31. 7. 2017 година, бр. 042591/1 од 3. 2. 2018 година, бр. 045444/1 од 26. 4. 201 8 година, бр. 0461 12/1 од 17. 5. 2018 годинаи 048025/3 од 3. 8. 2018 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува;ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2018За вработување на шумски полицаец ШУМ0207Б01001Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас на неопределено време за 45 (четириесет и пет) овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работното место шумски полицаец.Општи услови:да е државјанин на Република Македонија,активно да го користи македонскиот јазик,да е полнолетен,да е физички и психички способен за вршење на работите на шумската полиција,со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,Посебни условида има ниво на квалификации V A или ниво на квалификации IV според Националната рамка на високообразовните квалификации и стекнати 180 или240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку средно образование,со или без работно искуство,да е соодветен за работното место што се докажува со потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет,да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје (Вработениот во рокод 6 месеци од денот на вработувањето има обврска да се сгекне со уверение за шумски полицаец сошасно Закон за шумите, во спротивно мупрестанува вработувањето) да има уверение за положен испит за шумски полицаец(Вработениот во рок од 1 година од денот на вработувањетоима обврска да се стекне со уверение за шумски полицаец согласно Закон за шумите, во спротивно му престанува вработувањето)Работни задачи и обврскиЈа чуваат шумата,Да ги спречат, легитимираат, приведат лицата затечени во вршење на кривично дело со кое се нанесува штета на шумата,Вршат преглед насите средства со кои се превезува или пренесува дрво и други шумски производи, на сите места каде што се чува дрво и други шумски производи,Вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено кривичнодело,Ja следат и известуваат за состојбата на шумите во врска со бесправните сечи и шумските кражби, шумските пожари, растителните болести, шумските штетници.Доставување на документацијаУредно пополнета пријава која може да се подигне ЕДИНСТВЕНО од Секторот за човечки ресурси во МЗШВ,Уверение за државјанство(во оригинал или копија заверена на нотар)Лекарско уверение од медицина на трудот (во оригинал)Уверение дека нема забрана за вршење професијадејност и должност (од централен регистар, во оригинал)Диплома за завршено образование(оригинал или копија заверена на нотар)Потврда за положен психолошки тест(оригинал или копија заверена на нотар)Потврда за положен тест за интегритет(оригинал или копија заверена на нотар)Кратка БиографијаНАПОМЕНА:Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањеПријавата за вработување се доставува во рок од 20 дена од моментот на објавување наогласот на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со назнака “До Сектор за Човечки НЕ ОТВАРАЈ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО ЈАВЕН ОГЛАС БРО! 02/201 8 ул. Аминта Трети број 2 Скопје”Постапката заселекција ке се врши сошасно Законот зашумите, Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за работните односи.Селекцијата ке ја врши комисија формирана со решение од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.Испитот ке биде составен од 40 прашања oд вкупно 350 прашања објавени на Веб страната на министерството, со максимален број 60 поени.Интервјуто носи 40 бодови и ке се спроведе од страна на комисијата на кандидатите што освоиле минимум 51 од вкупниот број бодови oд испитот.Распоред на работно време– Работни денови –понеделникнедела-Работни часови неделно 40часови– Работно време во смени 3 смениПаричен нето износ на плата: 16. 870, 00 денариПредвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се Македонец(ка) 30, Албанец(ка) 10, Турчин(ка) 2, Ром(ка) 2, Бошњак(чка) 1.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мигрант уапсен во Велика Кладуша убил петмина во Македонија?

Илегален мигрант кој е уапсен од полицијата во Бихаќ е осомничен за учество во убиство на пет лица, потврди Мујо Коричиќ , заповедник на полицијата, пишува Досие.Тој потврдил дека се работи за човек кој е уапсен пред две недели за разни други кривичнии дела, а со дополнителни проверки е утврдено дека за него е распишана потерница за убиство на пет илегални мигранти во Македонија.Корилиќ не го потврдил ниту открил идентитетот на уапсениот, но истакнал дека полицијата се соочува со многу кривични дела и зголемен број кривични дела отккао е започната мигрантската криза на овие простори.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања