7 год.
44877102_1940361816268471_1567015957497380864_n

(ФОТО ВЕСТ) Зелен пазар стана депонија

На социјалните мрежи жителите на Скопје реагираат на нечистотијата и отпадот присутен во градот, особено околу „Зелен пазар“. Според нив ова е сликата која што секојдневно може да се забележи во овој дел од градот.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1940361829601803&id=100008840138745„Чист Центар, наш сон!Вака е денес околу Зелен Пазар.“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
knavs-tatkoto-na-melanija-tramp

Таткото на Меланија Трамп дојде во Словенија поради тужба за повреда на честа

Прв пат откако неодамна стана американски државјанин, таткото на американската прва дама, Меланија Трамп, Виктор Кнавс, допатува во Словенија поради приватна тужба за клевета и повреда на честа, која пред повеќе од две години поднесе против новинарот Бојан Пожар.Кнавс вчера даде исказ во окружниот суд во Љубљана, каде се појави во придружба на адвокатката и одби да даде изјава на новинарите кои го обиколија кога излегуваше од судот и им порача дека се понападни од американските колеги.За време на излегувањето од судот, Кнавс им дофрлил на новинарите: „Бај, бај“.Неговата адвокатка, Наташа Пирц Мусар, која во Словенија ги застапува правните интереси на Меланија Трамп, изјавила дека новинарот Пожар е тужен бидејќи во неговите независни публикации и таблоиди своевремено наведувал дека Кнавс во младоста бил во затвор, што е неточно о се смета за клевета.Како што се наведува, се работи за наводи дека Кнавс во младоста, кога се занимавал со продажба на авто-делови, бил осомничен за затајување данок, односно со трговија на црно и дека затоа бил осуден на затворска казна.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Отворено писмо од Мијалков до Мицкоски: Твојот рејтинг го градеше преку мој грб

Сашо Мијалков упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Писмото ви го пренесуваме во целост. Христијан,Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата.Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да извади и да презентира ниту еден, повторувам НИТУ ЕДЕН доказ против мене. Лагите кои ми беа накалемени, беа фабрикувани заради личен интерес. Некој кому не му оди прифаќањето од јавноста, градеше сопствен рејтинг врз мојот „грб“, на сметка на мојата чест, углед и достоинство.Затоа сега уште еднаш со индигнација ги отфрлам лажните обвинувања фрлени врз мене од луѓето кои до вчера се потпираа на мојот труд, резултати и авторитет.Oткако поминаа неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ пред членството и јавноста за тврдењата против мене, јавно те повикувам за обвинувањата заради кои бев формално  исклучен од партијата, да презентираш докази пред органите на партијата и јавноста.Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!!Во спротивно  вештачкото и со лажни аргументи создавање еуфорија против мене, презентирано како „Панорама 2“ нема никако поинаку да се разбере отколку како обично, подмолно, егоистично барање виновник и алиби за серија твои грешки и на раководството на партијата. Сами измисливте „Панорама 2“. Без противник. Се боревте против дух, бидејки немаше противник, а противник немаше бидејки таков не постоеше. Самите го лажевте членството преку соcијалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „Панорама 2“, и дека или вие или јас ќе сум победел. На почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години.Ако ти и неколкумина твои соработници мислите дека со мое исклучување и јавно оцрнување ќе добиете доверба на граѓаните, сакам исто така јавно да ти кажам дека сте на погрешен пат, како што сте на погрешен пат со многу други политички одлуки и чекори, за кои и самите сте свесни, нешто што го знам од личната комуникација со повеќемина од раководството.За жал, времето ќе го докаже тоа.Тој што ви кажал дека со вештачко правење на т.н. „Панорама 2“ , со лажни аргументи, со невешто смислено „филмско сценарио“ за наводен план за пуч и наводно пресретнување на пучот, прикажувајки некаква измислена победа против измислен противник, креаторот на овој „бурлески план“ мора да е сериозно залутан во политиката.Без елементарни докази, верувајки дека така ќе се повтори успехот од 2006-тата, креаторот на овој филм заборавил да ви каже дека за тоа, пред се треба да имате чесен однос меѓу самите себе во раководството на партијата , наместо еден со друг да си се лажете, да си се оговарате, да си правите интриги и да сте неискрени. Потоа потребен е чесен однос кон членството кое го заслужува тоа, и секако чесен однос кон македонскиот народ и граѓаните на Македонија, наместо дволични игри, кои народот ги чуствува и препознава.Затоа Христијане те повикувам да одговориш на неколку прашања:Зошто ако сакаше да го одбраниш името, не застана цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведеше илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата?Приказната дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27ми април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка.По таа теорија ВМРО не треба веќе никогаш кога е во опозиција да организира протести. Ако некој мисли дека има смисла оваа теорија, нека се запраша зошто митингот од 2-ри јуни или неколкуте т.н маршови во различни градови низ Македонија не се претворија во 27-ми април?Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому  ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласувањe?Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против договорот со Грција, зошто oткако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против“ и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за“? Со таква победа на народот, ќе се оневозможеше и ќе станеше безсмислен понатамошниот притисок врз пратениците на ВМРО, кој притисок беше предвидлив и ти знаеше дека ќе се случи. Со таква блескава и чиста победа на „против“ над „за“ не СДСМ, туку ВМРО ќе беше во ситуација да бара нови избори наместо да бара виновници за неуспесите и грешките на претседателот на партијата.Ако ти веруваше во тоа, односно знаеше како што тврдиш дека власта ги апси луѓето со политички монтирани обвиненија за 27ми април и за случаи конструирани од СЈО, со крајна цел да ги уцени пратениците и нивните семејства за двотретинско мнозинство, зошто барем еднаш јавно не побара од претседателот Иванов да ги заштити за да не се предмет на уцена ? Со тоа ќе се овозможеше заштитените пратеници да го одбранат името во парламентот. Наместо тоа им кажуваше на пратениците и другите под политички прогон дека кога ќе дојде ВМРО на власт тогаш ќе им помогне. Без трошка совест, твоите луѓе од врвот на партијата сите нив ги нарекуваа „инфицираните“.Зошто раководството медиумски бегаше од темата „политички прогон“ се до неодамна кога и некои членови на актуелното раководство се нападнати со прогонот? Дали се калкулираше со предвидливоста на настаните кои доаѓаа?Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата?Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?Зошто веднаш по твојот избор за нов претседател запреа секојдневните протести пред министерството за правда пред затворот Скопје каде беа прiтворени десетици лица со фабрикувано обвинение за тероризам? Зошто? И зошто потоа со месеци не ја отвораа таа тема во јавноста?Зошто цели 3 месеци по објавувањето и потпишувањето на договорот со Грција, ти немаше никаков став како ќе се постапи на референдумот, и остави огромен простор други помали партии, групи, поединци и којзнае чии скриени експоненти да го водат членството во бојкот, а однапред СДСМ кажа дека по истиот одлуката ќе ја пренесе на решавање кај пратениците? Еден прилично предвидлив процес.Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници а потоа да излезеш „чист“ од целата ситуација, среќен дека друг ти го решил и тргнал проблемот со името и си ја понел вината со себе?Дали сакаше да дојдеш на власт со веќе решено име, а виновници за тоа да се СДСМ и неколку политички прогонети пратеници на ВМРО, а ти да си „патриотот“? Дали за ова отворено со недели не зборувавте низ канцелариите во ВМРО?Дали ти играше крајно валкано и нечесно со чувствата на нашето членство, чуствата на македонскиот народ и со судбините на жртвите од СЈО и 27ми?Зошто Христијане во партијата на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говореше едно, а во јавноста друго, се до неодамна, кога пред повеќе недели нагло ја прекина комуникацијата со мене и по трет пат заради лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата ? За личните мотиви за оваа промена на курсот и катастрофалните последици по Македонија и ВМРО ќе зборуваме дополнително.Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат „за“ со цел да се решело прашањето ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејки се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава?За крај, бидејки мене ми се префрла дека сум бил свртен кон материјалниот интерес, а не кон партијата и идеологијата, јас кој и пред и по државната функција живеам работејки во приватниот бизнис,, сакам да те прашам: додека јас кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас „ја ставав главата во торба“ во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и теритојалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?Колку што јас знам, професори на факултет има многу, но само еден професор во Македонија, кој претходно немал сопствен бизнис, има милионски вредни хидроцентрaли кои носат милионски заработки во евра, а сето тоа без никаков ангажман, само врз основa на добиената концесија доделена од владата на ВМРО?Зошто имате потреба да лажете за да ме оцрните?Зошто лажете дека сум се заканувал на Крсто Муковски и на другите пратеници?Зошто лажете дека сум дал пари на пратениците?Зошто лажете дека по гласањето во парламентот сум бил на некаква прослава на СДСМ?Зошто вие како раководство и ти Христијан како претседател ги остави на цедило и Крсто и другите пратеници удобно чекајки во фотељата за на нивен грб да станеш премиер со лаги и интриги, со ароганција и нечесни валкани игри?И сега ви треба виновник?Го лажевте ЦК?Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината?Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ. Да слушнат малку за твојата дволичност и двоен морал.Со лаги и интриги, со местење на други луѓе од партијата да ви се жртви за да вие дојдете на власт, нема да успеете. Така само ќе ја урнисате и партијата и Македонија.Многу жалам заради тоа. Бидејки јас сум во ВМРО уште кога некој од Вас беа во пелени како на пример Александар кој го пуштивте да Ви е гласноговорник, и кој деновиве ќе добие од мене тужба за клевета и навреда, па најпрвин со него ќе се видиме на суд. Нека докаже дека сум го правел тоа за што лажно ме обвини. Барем да имаше храброст ти да го кaжеше тоа, а не да пушташ други.Многу жалам што со ваков карактер и капацитет ќе ја урнисате партијата која многу чесни патриоти макотрпно ја градеа додека некои од Вас беа во ЛДП, а други во ДП на Гошев, и плукаа по нас вмровците дека сме биле необразовани, прости и неизбањати.Го излажавте и ЦК, и ОК Центар и целата држава и народ.И не само за ова. Генерално земено нечесно се однесувате и делувате, народот тоа го чуствува. затоа година и пол со ваков СДСМ, во услови кога го менуваат името и уставот, ВМРО не може ни да се изедначи на анкетите на јавносто мислење и доверба.Бидејки и покрај катастрофалните грешки на СДСМ, народот не ти верува Христијан. Ти чита од очите дека многу лажеш. Ако не се промениш, не е проблем што ти нема да станеш Премиер, туку што ВМРО и Македонија ќе бидат губитници.Луѓето кои ти ги постави во партијата се фрапирани од твоето лажење. Како си можел пред полна сала претседатели на комисии, пред неколку месеци да дадеш инструкција да подготвуваат програма, секој во својата област, кажувајки дека не мора се што ќе се вети да се спроведе, дел може да се вети, а да не се исполни. Тоа никогаш порано го немало во ВМРО. Твоите луѓе ти се чудат. Ако твоите луѓе не ти веруваат, како ќе ти веруваат останатите. Ако нив ги лажеш, што останало за останатите.Запомни уште еднаш: со лаги и интриги не се освојува доверба на народ.Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Те гледам, и тебе, и некои други чавчиња од раководството и партијата, и се потсетувам на онаа народната: „секоја чавка сонува да се испогани на главата на орелот кога ќе го види паднат“. Ме видовте силно нападнат од СДСМ, па тргнавте со лаги и интриги против мене да си го поправате нискиот рејтин и доверба.Периодов што претстои народот и членството ќе го видат твоето лажно лице. Народот и членството ќе видат колку ти си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност . Дали ќе организираш филибастеринг(блокирање на собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне на време со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата ? Дури и Левица има храброст да повика и да излезе на протест, а каде си ти Христијане ?Ти не си патриот каков што сакаш да се преставиш. Добро те запознав. Ти си ЛАЖЕН ПАТРИОТ!!! Времето ќе го докаже ова.Да живее ВМРО!Да живее Македонија!

Македонија | пред 7 години

7 год.
h_54733339-768x949

ВИДЕО: Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер, тој бил во него

Се урна хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот тим Лестер, веднаш по натпреварот меѓу неговиот тим и тимот на Вест Хем. Хеликоптерот се урнал на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“, а во него бил и тајландскиот милијардер, Вичаи Шриваданапраба, пренесуваат светските медиуми.На местото на несреќата имало голем пожар, а со оглед дека инцидентот се случил веднаш по натпреварот, на стадионот се уште беа присутни навивачи. Како што рекол некој очевидец, тешко дека некој ја преживеал несреќата, затоа што хеликоптерот веднаш по падот се запалил.Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор.https://twitter.com/MabzCiteh/status/1056276419322527744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1056276419322527744&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2585%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b2%25d0%25b5%2FВластите најавија детали за инцидентот и за бројот на жртвите.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Починат маж донесен во болницата во Тетово

Шеесетиседум годишен маж од село Глобочица во Република Косово, а со место на живеење во Тетово, вчера бил донесен со автомобил во тетовската болница, каде му била регистрирана смрт.Увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид во возилото со косовски регистарски ознаки, паркирано пред влезот на службата за брза помош, каде на совозачкото седиште се наоѓало безживотното тело на човекот„Братот на починатото лице Л.С(72) од с.Глобочица Р.Косово, а со место на живеење во Тетово, појаснил дека околу 05:30 часот Л.А дошол пред неговиот дом во Тетово и побарал од него да го префрли до Клиничкиот центар во Тетово и се пожалил на проблеми со срцето. Л.С со возило го донел неговиот брат Л.А до Клинички центар Тетово, каде од страна на дежурен лекар било констатирано смрт кај Л.А. По наредба на ЈО на телото на починатиот извршена е обдукција и по обдукцијата истиот е предаден на фамилијата за погреб“ се наведува во соопштението на МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum-stoilkovski-vmro

(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ е седиштето на оние кои што ги погазија правото, правдата, демократијата и државата

Зад мене е центарот на грозоморието во кое што е втурната Република Македонија. Зад мене е центарот на акцијата за обезличувањето на Република Македонија, за етноцид врз македонскиот народ! Зад мене е дувлото на криминалот кој владее со државата, со буџетот, со улиците, со општините, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, од пред седиштето на владеjачката партија СДСМ.„Тука е центарот од каде беше прифатено криминалното противзаконско потпишување на капитулацијата, мафијашкото изигрување на референдумот и акцијата како уценети и одметнати да изгласаат промена на Уставот. Ова е седиштето на оние кои што ги погазија правото, правдата, демократијата и државата.Тука се оние кои прифатија да ги води аболициран помилуван криминалец како Зоран Заев и да бидат негови и поданици на соседните интереси на штета на Македонците и на Република Македонија.Со колку концесии, тендери, лиценци, градежни плацеви, полиња со дрога, цели компании, фамилијата го зголеми капиталот? Колку тежеше пред Евро за Вицето, колку тежи сега? Колку киловати струја чини Уставот? Колку милиони вреди продажбата на националните и државните интереси за мафијашкиот клан?Зад мене е зградата на незаменливите додека не се избрише Република Македонија и се што останува и означува македонско, нејзината историја, традиција, култура, посебност, постоење и иднина. Зад мене е центарот на македонската капитулација.Сето ова е спротивно на митот за државност со кој со лаги сакаат да го задржат во оваа зграда. Но само како трофеј. Ниту им е до граѓаните, ниту до државата, ниту до интеграциите. Ниту некогаш им било!Со лидер кој што ги прифати сите уцени за да го продолжи својот век во беззаконие, заедно со за него незаменливата банда одродници. Единствено им е важно да го продолжат криминалното владеење со пљачкосување на државата и продажба на националните интереси.Република Македонија победи на референдумот. Република Македонија ја отфрли капитулацијата. Договорот од Преспа нема никаков легитимитет. Уставните измени кои што произлегуваат од него немаат никаква важност!Насилството мора да запре, доколку се сака вистински да се тргне напред со вистински вредности, со почитување на човековите права и слободи, и почитување на демократијата преточена во Уставот и законите, правото и правдата. Се друго води кон бескрајна незапирлива поделба!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кај 18 возачи утврдено присуство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27/28.10. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 88 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден  од нив одбил  да подлежи  на алкотестирање. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 19 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 19 возачи од сообраќај, а откриени се и 23 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 8 прекршочни платни налози“, известуваат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mitko-janev

Митко Јанчев негира дека ги отпуштил вмровците вработени во Кожувчанка

ВМРО ДПМНЕ смета дека некој центар намерно со спинови и измислици го насочува вниманието на измислени случувања во партијата за да се пренасочи вниманието на јавноста од аферите и бизнисите во Владата.Тврдењата кои ги објавија некои портали и страни на Фејсбук дека Митко Јанчев по смената од партиската функција во знак на одмазда отпуштил од работа неколку лица кои работеле во ВМРО ДПМНЕ, а плата ја обезбедувала Кожувчанка се целосно неточни - тврдат за „Скопје1“ Митко Јанчев и високи партиски извори во ВМРО ДПМНЕ.„ Не е точно тоа. Измислица е , нити сум се одмаздувал нити сум отпуштил, нити сум вработувал на таков начин. Сето тоа е неточно “ - изјави за „Скопје 1“ Митко Јанчев.Од партијата ВМРО ДПМНЕ на оваа тема велат:„ Би замолиле малку да се занимава јавноста со СДСМ, затоа што веќе ја трошат втората година од мандатот. Вакви глупости кои кружат по медиуми и социјални мрежи навистина не се достојни за коментар. Јавноста повеќе треба да се запознае со работата на семејните фирми на Заеви, колку тендери земал министерот Ангѓушев и на колку фирми продава електрична енергија и слично “ - коментираат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Ким Кардашијам позира со црнец

Ким Кардашјан објави нова провокативна фотографија на која рекламира нова линија козметички производи, а нејзините фанови не се многу импресионирани.Ким позира во металик боди во боја на кожата покрај сосемa голo момче, а во преден план требаше да биде златната сенка на нејзините очни капаци. Сепак, вниманието на нејзините пријатели повеќе го привлече необично тенката половина на Ким и многу помалиот задник.https://www.instagram.com/p/BpVUY8CHuf6/?utm_source=ig_embedВеднаш ја обвинија за фотошоп. „Па, ова не е Ким“, „Дали е ова двојничка?“, „Лудо е што во ‘Фотошоп’ го намали својот вештачки задник“, беа само некои од коментарите.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Pingvini

Геј-пингвини во Австралија станаа татковци

Двајца мажјаци на жолтоногиот пингвин од сиднејскиот аквариум, кои изградија заедничко гнездо и на кои им беше доверена грижата за оплоденото јајце, станаа татковци на здрав потомок, објавија австралиските медиуми.Вработените во аквариумот првин ставиле лажно јајце во гнездото на двајцата мажјаци Магик и Сфен за да проверат како двојката геј-единки ќе се снајде во улогата на родител.Кога успешно го положиле тестот за родителство, на хетеросексуалната двојка пингвини им било доверено едно од двете оплодени јајца. Имено, вообичаено е пингвините да го напуштат вториот потомок затоа што им е тешко да најдат храна.Младенчето е родено на 19 октомври и е првиот субантарктички пингвин што дојде на свет во аквариумот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
adis-sehovic-davor-vujinovic-830x0

Идентификуван убиецот на полицајците во Сараево

Сараевските полициски иследници го идентификувале главниот осомничен за убиството на двајцата нивни колеги во петокот, а станува збор за 32-годишниот Његослав Милинковиќ од Источно Сараево кој претходно бил приведуван поради учества во кражби на автомобили, пишуваат во саботата вечерта локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.По Његослав Милинковиќ, кој е во бегство, распишана е полициска потерница.Полицајците, 43-годишниот Адис Шеховиќ и 46-годишниот Давор Вујиновиќ беа убиени во петокот утрото во сараевската населба Алипашино поле, кога во текот на рутинска контрола наишле на лица кои се обидувале да украдат автомобил „голф“. Еден или повеќе напаѓачи од автоматска пушка веднаш запукале, при што Шеховиќ бил убиен на самото место, а Вујиновиќ им подлегнал на тешките рани во болница.Милинковиќ, кој е осомничен дека е извршител на овој напад, во полициските евиденции е воден од 2016 година, кога заедно со двајца соучесници бил фатен во кражба на автомобил во сараевската населба Илиџа. И тогаш дошло до престрелка во која крадците пукале врз полицајците кои возвратиле на огнот и раниле еден од нив по име Саво Петричевиќ кој подоцна починал во болница.Милинковиќ и неговиот втор соучесник Бојан Кошарац се уапсени, а во текот на истрагата во гаражата во Источно Сараево во сопственост на Милинковиќ е најден автомобил БМВ кој претходно бил украден во Сараево. Овој случа никогашт не добил судски епилог, иако е подигнато обвиените пред Судот на БиХ.Милинковиќ бил повторно уапсен во јуни годинава во акција на полицијата на Република Српска против припадници на криминални групи кои организирано крадат автомобили.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најјакиот лек: Го поправа помнењето за 80%, топи маснотии ги подобрува видот и слухот

Еден од најмоќните природни лекови, не само што ќе ви го подобри помнењето за 80%, туку и ќе ви ги истопи масните наслаги со кои се борите со години.Клучната состојка е ренот кој е богат со витамин Ц, калиум, витамините Б1, Б2 и Б6, како и железо, магнезиум и фосфор.Ренот го забрзува метаболизмот, отстранува умор и поттикнува развој на добри бактерии во стомакот.Состојки: 125 грама рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажици цимет и парче ѓумбир (околу 2 сантиметри).Подготовка:Во блендер испасирајте ги ренот и ѓумбирот. Исцедете сок од лимон, додајте го во блендерот, добро измешајте, па додајте мед и цимет. Добра поврзаната смеса ставете ја во стаклен сад.Два пати дневно земајте по една лажица од смесата пред оброк, а доколку вежбате тогаш пред тренинг.Практикувајте го ова три недели и нема да се покаете кога ќе ги видите феноменалните резултати.

Магазин | пред 7 години

7 год.
risteski-696x413

ВИДЕО: Внукот на Тоше во Лондон ја сними својата прва соло песна

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними својата прва соло песна во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон.Песната се вика „We are blood“ и Кристијан ќе ја изеде на концертот во чест на Тоше кој ќе се одржи на втори ноември во арена Борис „Трајковски“.[embed]https://www.facebook.com/kristianristeski.9/videos/10209734318273859/[/embed]Кристијан денеска објави дел од спотот на својот Фејсбук профил.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Црвен метео аларм на Јадранот, се очекуваат бранови од шест метри

Поради обилните дождови и невремето кои се очекуваат во поголем дел од Јадранот, на сила е црвен метео аларм, додека за останатите делови на Хрватска вклучен е жолт аларм, пренесе српски „Блиц“.Најлошо, според прогнозите, ќе биде на Истра, каде денеска јужниот ветер е засилен, а во Лабин е измерен ударот на ветерот од 96 километри на час, пренесе Индекс.хр.На Истра утре се очекува невреме со силен јужен ветер, а како што наведува државната метеоролошка служба, средната брзина на ветрот ќе изнесува до 90 километри на час, а најсилниот удар ќе биде над таа брзина.Исто така, се очекува и обилни врнежи од дожд, некаде и повеќе од 100 литри по квадратен метар. Големи количини дожд се очекуваат и во далматинското крејбрежје.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бројот на жртви во синагогата во Питсбург се искачи на 11

Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци.Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу сто луѓе.Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.– Омразата и насилството на верска основа немаат место во нашето општество, истакна Сешенс.Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Скопјанец се сомничи за кражба во Брза пошта, вработената ја заклучил во тоалет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека на 16.10.2018 година, заканувајќи се со пластичен пиштол, извршил разбојништво во канцеларија на Брза пошта во Аеродром, при што одзел значителна сума пари, а вработената ја заклучил во тоалетот и избегал. При извршување на грабежот лицето не било маскирано. По неговото идентификување и лишување од слобода, извршено е и препознавање на осомничениот.Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, но судијата донесе Решение со кое на лицето му определи мерка куќен притвор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека криминалниот картел на Заев брои милиони на своите сметки, граѓаните се борат за егзистенција

Додека криминалниот клан на власт предводен од Зоран Заев ги брои милионите на своите сметки, граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија и се борат за својата егзистенција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Државата во рацете на кланот Заеви е третирана како лична сопственост, а буџетската сметка како лична банкарска сметка на криминалниот картел која служи за исплата на партиски и државни функционери, преку криминалните грантови и тендери. Над 460.000 граѓани секојдневно гладуваат, живеејќи на работ на сиромаштија. На граѓаните им се враќаат спомените од мрачните 90-ти и криминалната транзиција, фирми кои заминуваа во стечај и олигарси блиски до власта кои ги бројат своите милиони. Од ветените проекти за намалување на сиромаштијата, единствено остварено ветување е мерката за укинување на радиодифузната такса од 130 денари. Психолошката граница на задолженост од над 50% од БДП е веќе пробиена, а државата со сигурност се движи кон т.н. „грчко сценарио“ и банкрот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата порачуваат дека владата на СДСМ треба да одговори кога граѓаните ќе ја добијат платата од 500 евра?-Заев треба јавно да објасни кога докторите ќе ја добијат платата од 100.000 денари, на истиот начин на кој што ги делеше и своите ветувања. Нема ништо од ветувањето за младинската гаранција, нема ни трага ни глас од двојно поголемите стипендии за студентите, што им ги ветуваа пред да дојдат на власт, а наместо тоа студентите доживеаја во 21 век да немаат топла вода и греење. Животот дојде единствено за криминалниот картел предводен од Зоран Заев и никој друг. Животот дојде за Кочо, Вице и оние кои добија милиони од тајните грчки фондови за распродажба на националните и државите интереси. Маските се паднати, на граѓаните им е јасно дека СДСМ работи единствено за спас на политичката кариера на Зоран Заев. Крајно време е транзиционите политичари да заминат од политичката сцена, а граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, просперитетна и демократска Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

На комбе кое превезувало вработени од “Јасен” му откажале кочниците, еден мртов

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“. Според првичните информации, несреќата се случила кога на службено возило – комбе, во кое се превезувале петмина вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело. Притоа, еден од патниците починал, возачот е потешко повреден, додека останатите патници се здобиле со полесни повреди.По извршениот увид, дежурниот јавен обвинител нареди обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Меѓудругото, ќе се проверува и сервисната историја и претходното одржување на возилото.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Битолчанец се заканувал на пратеници преку Фејсбук, МВР го гони

СВР Битола во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Битола поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.По консултации со Основното јавно обвинителство Битола А.С. бил повикан на службен разговор во полициска станица, каде појаснил дека објавите ги направил преку својот мобилен телефон.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Македонија нема случај на „западно-нилска треска“

Министерството за здравство ја демантира објавата на некои медиуми дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“.„Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено присуството на вирусот на западно-нилска треска. Пациентот, којшто се издвојува во прилогот на 1ТВ, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје.Ги уверуваме граѓаните дека министерството во континуитет ја следи состојбата, за евентуалната појава на вирусот на западно – нилска треска, но и за евентуална појава на други вируси, велат од министерство за здравство.Оттаму додаваат дека, Министерството за здравство во ниту еден момент немало намера да прикрие какви било информации.„Новинарката од 1ТВ во изминативе неколку недели беше во постојан контакт со министерството. Со прилогот којшто беше емитуван на телевизијата 1ТВ, се создава неоснована паника и страв кај граѓаните. Вчеравечер, испративме реакција до медиумот 1ТВ, меѓутоа воопшто не е пренесена оваа реакција на тој медиум. И затоа Министерството за здравство повторно бара од медиумот 1ТВ во целост да ја пренесе оваа реакција“, стои во соопштението од МЗ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања