7 год.
44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Скопјанец вршел разбојништва низ казина

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против  Ш.И(27) од с.Грчец поради основано сомнение дека извршил три кривични дела “разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу  408.000 денари.Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на август годинава на подрачјата на Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, сите во објекти на казино „Сенатор“, и  на идентичен начин - на местото на настаните доаѓал со моторцикл марка Кимко (без регистарски ознаки) се паркирал пред казината, влегувал во истите и со закана со пиштол од вработените  барал пари.. Првото кривично дело Ш.И. го извршил на 03.08. околу 21:45 часот на ул.Ѓорче Петров, второто кривично дело го извршил на 11.08. околу 17:00 часот на ул.Вангел Димов во клуб казиното Сенатор, и третото кривично дело го извршил на 28.08. околу 10:45 часот на ул.Народен Фронт во клуб казиното Сенатор. Притоа во третиот случај пријавениот откако ги зел парите од касата при излегување од казиното со закана со пиштолот и употреба на физичка сила ги удирал играчите во казиното и барал да му ги дадат парите, по што го напуштил објектот.Врз основа на преземените оперативни мерки и активности обезбедени се материјални докази, а на 06-ти минатиот месец на ул.Козле во близина на детското игралиште покрај кејот на река Вардар пронајден е моторциклот марка Кимко без регистарски таблици, кој е предаден за крим-техничко вештачење.Скопјанец

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Професорка уапсена поради секс со малолетничка, ученик ја видел на “Порнхаб”

Четириесет и деветгодишната Дон Џанини, учителка во четврто одделение во Пало Алто, Калифорнија и сопруга на висок припадник на американската војска, е уапсена за инцест и останати 20-тина други прекршоци, откако ученик од нејзиното училиште ја препознал.Ученикот ја забележал професорката од неговото училиште додека гледал видеа на сајтот за возрасни „Порнхаб“. На видеото ја препознал и неговата соученичка, инаку член на семејството на професорката Џанин, по што веднаш пријавил кај директорот на училиштето.Тоа не било единственото видео каде што Џанини има сексуални односи со малолетното девојче (14), за кое не се открива во каква семејна врска се, затоа што Џанини е мајка на две малоленти деца.По кренатата истрага, Џанини е уапсена и во моментот е во притвор, каде ќе остане до крајот на истрагата. Одредена е кауција од 1,75 милиони долари.Професорката имала сексуални односи со девојчето од ноември 2014 година, до следниот ноември. Обвинителството смета дека токму девојчето ги објавувало снимките.

Свет | пред 7 години

7 год.
0F65C87E-2E38-4050-9CA0-493DB6E8E3E3

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски

Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи предвид оти тој подолго време игра „соло“ во парламентот. Но, само неколку дена подоцна, откако договорот со Грција ја мина првата фаза, а ВМРО-ДПМНЕ направи чистка во своите редови, ексминистерот за надворешни работи отворено стана во одбрана на лидерот Христијан Мицкоски, пишува Независен весник.„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, сепак, покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите. Со тој став ја заслужи мојата поддршка и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Македонија“, нагласи Милошоски.Информациите однатре говорат дека во последниот период се интензивирале средбите меѓу него и Мицкоски, при што биле надминати сите недоразбирања. Милошоски, наводно, му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти во пресрет на промената на Уставот, претседателските избори и евентуалните предвремени избори што може да се случат заедно со претседателските на пролет.Во тој контекст, според нашите сознанија, со Милошоски е договарано тој да биде нов потпретседател на партијата, односно да го заземе местото на разрешениот Митко Јанчев. Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот.„Немам коментар“, ни одговори Милошоски на прашањето дали е точно дека ќе стане трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
82646F84-C7DA-446F-B189-AE558506CF22

Македонија прогласена за најлошо место за живеење во Европа

Македонија е на последното место во Европа според „одржливиот квалитет на животот“, вели консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп (БКГ), една од водечките светски советнички фирми за бизнис-стратегии, во својот извештај за 2016 година, објави МКД.мкБКГ ја мери „одржливата благосостојба“ на една земја врз основа на 44 различни индикатори, а БДП-то по жител е само еден од нив. Индикаторите, меѓу другото, ги мерат стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата, слободата на печатот и многу повеќе.Горната мапа е базирана на извештајот на БКГ за 2016 година.На неа Македонија има најниска оценка, 42,9, а веднаш пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5.Следуваат (од долу нагоре) Молдавија со 44,5, Босна и Херцеговина со 48,5, па Украина со 49,1 и Албанија со 50.Најубаво се живее во Норвешка (чиста 100-ка), па во Холандија (95), Финска (94,9) и Германија (93,6).Од другите на Балканот најдобро котира Словенија со 63,4, а по неа се Грција (62,6), Србија (53,7), Хрватска (50,4) и Бугарија 48,6.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Груевски ќе го одложува одењето во затвор бидејќи имал обврски како пратеник

Во понеделник преку својот адвокатски тим, екс премиерот Никола Груевски и официјално ќе побара да му биде одложено издржување на две годишната затворска казна пресудена за набавката на луксузниот мерцедес. Информацијата за Телма ја потврдија и адвокатите на Груевски кои не сакаат да прецизираат поради што ќе се бара одлагањето.Само кратко ни рекоа дека одлагањето на затворската казна ќе се бара поради неодложни обврски на Груевски кои произлегуваат од неговата работна позиција и функцијата која ја извршува во моментот како пратеник.Законот предвидува вкупно 8 дозволиви причини за одлагање на затворската казна. Меѓу нив има здравствено-медицински причини, семејни и деловни причини кои судот може да ги прифати и да ја одложи казната. Во зависност од причината, затворската казна може да се одложи најмногу за една година.Од адвокатскиот тим на поранешниот премиер ни потврдија дека во барањето ќе наведат најмалку две причини за одложување на затворот, а ти ќе бидат поврзани со обврските кои произлегуваат од пратеничкиот мандат.

пред 7 години

7 год.
8DFF6EB7-7CBC-4E8B-8AC8-F37BFC49B68C

Само три македонски пејачи ќе настапат на концертот посветен на Тоше

На 13 октомври годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.Каролина Гочева, заедно со сестрите Тамара и и Тијана Дапчевиќ се единствените македонски пејачки кои ќе настапат на концертот. Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ и уште пет други имиња од српската естрада ќе бидат дел од ова случување.„Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено“, велат од фондацијата. На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret place“(Скришно место)  кој содржи десет песни на Англиски јазик. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Мирјана Најчевска: Јас сум против помирување, а за применување на законот

Јас сум против помирување и против простување и против заборавање и против пикање на ѓубрето под килим и против гушкање со луѓето кои кога биле на власт ме тепале и против христијанското вртење на другиот образ.Јас сум и против омраза и против реваншизам и против освета и против враќање здраво за мило и против да видат сега тие како е.Јас сум бре еднаш да почнеме да го применуваме законот и да го прекинеме кругот на политички пазарења и да воспоставиме цврсти мерила на вреднување кои ќе важат еднакво за сите и да ги заштитиме граѓаните од минатите и сегашните и идните злоупотреби на моќта.Мирјана Најчевска - Фејсбук статус

Коментари | пред 7 години

7 год.
tose

Британски “Тајмс“ со статија за Тоше

Британскиот весник „Тајмс“ му посвети статија на легендарниот македонски пејач Тоше Проески во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува „Тајмс“, во текот на својот краток живот, успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа одбележани со војни.Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува „Тајмс“, додавајќи дека собранието во државата на денот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот или во некоја од црквите со цел да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.На хуманитарните концерти низ целиот Балкан тој неуморно собираше помош за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во изградба на училишта во својата родна Македонија, додава „Тајмс“.Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000 посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој обичај го заврши со зборовите „Ве сакам сите“, пишува “Тајмс.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8794f47b-4390-4885-a43e-9ee0ae704da7-large16x9_1280x720_60829P00PRSNF

По 20 години, погребан студентот чие убиство ја промени Америка

Метју Шепард, 21-годишен студент од Вајоминг, вчера конечно беше погребан во Националната катедрала во Вашингтон, точно 20 години откако беше брутално убиен само затоа што бил хомосексуалец. Овој случај не само што доведе до значајна промена на закони, туку и засекогаш ја промени Америка.„Важно е што конечно му најдовме дом на Мет. Дом што други можат да го посетуваат, дом што е сигурен од оние кои го мразат и дом што толку многу го сакаше уште од мал“, изјави неговиот татко Денис Шепард.Шепард имаше само 21 година кога беше ограбен, претепан и оставен врзан на ограда на голем студ. Тој почина шест дена подоцна, на 12 октомври 1998 година, во болница во Колорадо.Арон Меккини и Расел Хендерсон беа осудени на доживотен затвор за киднапирање и убиство, откако признаа дека го нападнале Шепард поради неговата сексуална ориентација, а не за да го ограбат. Стравувајќи дека гробот на Метју ќе биде вандализиран, неговите родители сите овие години ја чуваа урната дома.Смртта на Шепард помогна да се зајакне движењето за правата на ЛГБТ заедницата во САД, а во 2008 година, Барак Обама потпиша закон именуван според него, со кој федералните закони против омраза беа проширени и на сексуална ориентација и родов идентитет.

Свет | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

Доктор од Клинички: Албанка не знаеше да каже што и е оти не знаеше македонски

Докторот Игор Николов, напиша статус на својот Фејсбук профил, дека примил пациентка од Кичево, Албанка, која не знаела да му објасни што и е маката, бидејќи не го познавала македонскиот јазик.Докторот ја опиша дека средношколката, иако била добра ученичка, немала познавање на јазикот на државата во која живее.„И така денес на Клиника во Скопје ја примивме Вјолца. Петнаесет годишна средношколка од Кичево.Во Скопје на Клиника, ја пратиле докторите од нејзиниот град, заради тоа што „нешто„ бубрезите не и работеле добро. Вјолца е примерна ученичка, културна, воспитана.Единстевна тешкотија ми е, што не може точно да ми објасни која и е маката заради што ја пратиле во болница. Вјолца е одлична ученичка во средно училиште во Кичево.Јас со моето познавање на официјалниот јазик во државава, со познавање на два светски европски јазици како француски - ниво Ц2, англиски на ниво - ФЦЕ, и со основно ниво А1 познавање на албански јазик кој го учев еднаш на курс, не можам да се разберам со оваа млада госпоѓица која има некаква мака, има некаква тешкотија. Иако живееме заедно во истава оваа држава, одиме на исти места на одмор и таа и јас во Струга, сепак не можеме да се разбереме. Среќа, тука е татко и кој ни помага, преведува и ја кажува маката и болката на Вјолца.Заради тежината на работата и тешките пациенти на нашата клиника, лекарите и медицинскиот персонал кој зборуваше албански, ја напуштија клиника и си најдоа работа на други клиники. Најдоа подоходовни и понаградени гранки во медицината. Среќа татко и на Вјолца е тука и преведува...Каде е проблемот?Дали е проблемот во образовниот систем, кој што НЕ создава млади луѓе, кои што ја познаваат својата околина и своето опкружување? Се создаваат, млади луѓе кои што не можат да се разберат во средина малку подалеку од сопствениот етникум. Млади луѓе кои си се доволни сами на себе и на кои им е доволно да бидат опкружени само со своите.Или пак, Дали е проблемот до мене??? Бидејќи и покрај мојот мултикултурен дух, и покрај волјата за запознавање на своите соседи и блиските, сеуште не успевам да се разберам со ваквите пациенти.!?!Или пак, проблемот е во тоа што што во оваа земја секој е затворен и опкружен во својот свет кој што му е близок и кој што и најлесно го познава, и нема систем кој ќе наметне потреба или чувство и неопходност да знае за другиот, да се објасни како ми е мене а како нему, и да се разбере и објасни со другите и со непознатото, дури и кога има силна болка и мака?Дали ќе имавме потреба да се разбереме доколку никој немаше мака? Дали со ваков образовен систем можеме да продолжиме понатаму? Дали се неопходни повеќе проекти со кои ќе се зближуваат младите или бар ќе ја запознаваат другата култура и јазик? Дали? И Како понатаму?До каде ќе одиме? Како ќе функционираме вака, кога се создадоа генерации кои што не можат да се разберат една со друга. ?Сепак и покрај се, продолжуваме за доброто на пациентите....Продолжуваме да се бориме за здравјето на сите оние, на кои што им е потребно....“https://www.facebook.com/igor.g.nikolov/posts/10156293246988929

Скопје | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Приведени три лица поради силување на малолетничка

Три лица се приведени, а по двајца е распишана потерница откако во полиција било пријавено силување на малолетно девојче во едно гостиварско село, соопшти МВР.„На 26 октомври по претходно добиена пријава за обљуба на малолетнo женско лице од гостиварско село направена во неколку наврати, извршен е претрес во домот на Н.Е. (58), каде биле затекнати и Б.М.(55) и А.М. (62).Тројцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а за Џ.С. и А.Р. е распишан централен распис“, велат од МВР.Од таму додаваат дека полицијата работи на расветлување на случајот и утврдување одговорност за сите инволвирани во него.

Македонија | пред 7 години

7 год.
berovo-truenje-zivotni-anima-mundi

(ВИДЕО) „Анима мунди“ бара итна истрага и казна за два нови случаи на насилство врз животни

Од здружението за заштита на животни „Анима мунди“, информираат за два случаи на насилство врз животни, кои биле извршени во ист ден и за нив бараат итна истрага и казна за извршителите.„Загрижени граѓани ни доставија видео материјали за случај во Зелениково, каде повозрасен “човек” со ножици сече уши на куче во двор! И случај во Велес каде малолетник бездушно неколку пати крвнички удира мало кутре кое едвај тежи 5 кг!Нагласуваме дека случајот во Велес не е изолиран, бидејќи во пораки ни стигнуваат сè повеќе и повеќе видеa од истиот малолетник како малтретира животни“ велат од „Анима мунди“.https://www.facebook.com/maggie.gjorgieva/videos/10156328726723937/За двата случаи, како што информираат, известена е полицијата и АХВ, а за случајот во Велес дополнително ќе бидат известени и социјалните служби.„Им благодариме на загрижените граѓани, кои ни ги испратија видео материјалите и жалиме што морале да посведочат на одвратните настани, кои за жал веќе се секојдневие кај нас. Ова веќе е црвен аларм дека навистина институциите вклучувајќи ја и полицијата мора да се посветат на спречување и казнување на насилството. На малолетникот и на неговите родители мора да им се предочи сериозноста и кривичниот карактер на деликтот додека не е предоцна. Дека имаме сериозен проблем сведочи и тоа што неговите другари, 15 годишници неговото девијантно однесување го оправдуваат со тоа дека кучето е негова сопственост. Зарем можете да спиете мирно додека малолетници кои треба да бидат нашата иднина сметаат дека насилството врз животно може да се оправда со тоа што малтретираното животно е во сопственост на неговиот мачител. Што ќе биде кога истите тие деца ќе бидат родители?“ прашуваат од здружението.За жал, како што велат оттаму, убиецот на Идриз , кој го обезглави среде ден помина само со казна од 1000 евра.„Зарем за вакво опасно однесување постои цена која може да се плати? Дали безбедноста на останатото население има цена? Ова се монструозни дела, а за жал ниту се први ниту последни во нашава држава и не смеат повеќе да бидат игронирани! Тие се дрзнуваат да мачат и убиваат животни зошто не чувствуваат закана од институциите и законите и од ништо не се плашат! Во Македонија нема одговорност за убивање на животни! Дали имаме намера конечно да станеме правна држава?“ оценуваат од „Анима мунди“.Здружението ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Се менува законот за абортус

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста.„По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација.Волјата на жената ќе биде на прво место. Се измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена, како и задолжително формирање на Комисија до 22-рата гестациска недела од бременоста.На Единствениот Национален Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за прекинување на бременоста“, велат од Министерството за здравство.Практиката на примена на важечкиот Закон за прекинување на бременоста покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус.Дополнително, Комитетот за човекови права и Комитетот за културни и социјални права на ООН имаат изразено загриженост во однос на „условите воведени со Законот за прекинување на бременоста од 2013 година со кои може кумулативно да се ограничи пристапот до легален абортус“.Со промената на Законот ќе се укинат постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус. На жената ќе и се даваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременост ќе може да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого, како и да и` се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници.  Дополнително ќе се намалат глобите поврзани со прекршоците.Со оваа законска промена ќе се оствари правото на жената на безбеден абортус!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-6

(ВИДЕО) Арсовски: 460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат

„460.000 граѓани во Република Македонија секојдневно гладуваат.Граѓаните на Република Македонија тонат во сиромаштија. Животот кој што го ветуваше оваа власт на СДСМ дојде само за нивните функционери во Владата и за семејствата на блиските до СДСМ.Според последниот извештај на Државниот завод за статистика стапката на сиромаштија во Република Македонија изнесува 22,2%“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа значи дека 460.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија. Скоро две години откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе и повеќе тонат во долгови и осиромашуваат. За жал животот кој го донесоа СДСМ за граѓаните е повеќе од трагичен.СДСМ со задолжувањата ја проби психолошката граница и секој ден само повеќе се задолжуваат, и истите тие задолжувања ќе ги отплаќаат идните генерации.СДСМ треба да одговори кога граѓаните ќе ја добијат платата од 500 евра?СДСМ исто така треба да одговори кога докторите ќе ја добијат платата од 100.000 денари?СДСМ да одговори кога студентите ќе ги добијат двојно поголемите стипендии, што им ги ветуваа пред да дојдат на власт?Но за жал, наместо овие лажни ветувања, граѓаните од ден на ден се повеќе ги трпат последиците од неспособната влада на СДСМ.За Зоран Заев и криминалниот картел околу него не се приоритет граѓаните, туку ним приоритет им се криминалните бизниси и тендери кои што си ги доделуваат помеѓу нивните семејства и помеѓу нивните функционери.Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси на Република Македонија, животот во Република Македонија од ден на ден станува се понеподнослив.Што побрзо си заминат од власт толку подобро за граѓаните на државата“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Marija-Zaharova-860x680

Захарова контра Бејли: Амбасадорот беше во Собрание и управуваше!

Портпаролката на Министерство за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, со спротивно тврдење од тоа на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, околу неговата улога во случувањата во Собрание во петокот при отворањето на Уставот за амандмански интервенции во согласност со Преспански договор.„Повторно се слушаат обвинувања на сметка на Москва за мешање во внатрешните процеси во Македонија. Тоа што Метју Палмер го рече во Скопје за мешањето на Русија е смешно. Би сакале да потсетиме дека токму САД, а не Русија, уште на 19 октомври со апсолутно нечесни методи, со помош на уцени, закани, поткупувања на пратеници, ја протуркаа во Парламентот на Македонија одлуката за почеток на процедурата за измени на Уставот на Македонија. Токму американскиот амбасадир во Скопје се наоѓаше во зградата на Собрание и непосредно управуваше со тие процеси“, изјави Захарова на вчерашниот брифинг со новинарите, додавајќи дека против Преспански договор не е Русија, туку македонските избирачи, кои го покажале своето мислење на референдумот на 30 септември.„Позицијата на Русија за името на македонската држава е непроменета: самите страни мора да најдат долгорочно решение, без надворешен притисок и наметнување вештачки рокови и услови, потпирајќи се на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правната рамка и резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН“, нагласи таа.Бејли, пак, за ТВ 21 завчера негираше дека влијаел на случувањата во Собрание пред една седмица, а гласањето го следел дома пред телевизор.„Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од Амбасадата вечерта и, како повеќето граѓани на Македонија, го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба“, изјави американскиот амбасадор.

Свет | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Велиновска до Иванов: Влезете во играта како вистински Византиец и „виетнамски“ растурете ги ко бугарско собрание цијашкиве импланти

НОВИНАРКАТА МИРКА ВЕЛИНОВСКА СО ПРЕДЛОГ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, ЃОРГЕ ИВАНОВВи истекува вториот мандат како Претседател на Република Македонија. Државата ни е окупирана. Власта е неуставно поставена, па е нелегална и нелегитимна. Чиста фингерајка изрежирана од надвор и насилно инсталирана со домицилни платеници како локални подизведувачи на работите. Иако Уставот Ви ги дава, Вие не ги искористивте своите овластувања за да го попречите ова блудничење над мнозинскиот македонски народ.  Не ја браневте ни државата ни нејзиниот суверенитет ни суверениот и државотворен македонски народ. Јасно ни е дека и Вие како и сите други „мажишта“ во политиката, сте стаписани од страв или од љубовна далдисаност кон претставниците на единствената опција чии цивилизацијски вредности се Ваш идеал. Но, здравиот разум на секој Македонец му кажува дека идеал и политички приоритет на секој што бара мандат од истиот тој народ за свој ангажман, мора да бидат националните и државни интереси на Република Македонија и нејзините државјани. Ништо друго и ништо поинакво. Најмалку материјална компензација. Како што „црква без бог е куплерај“ така и „држава без граници, институции и суверен народ е јавна куќа со дива коцкарница“.Претседателе,  освен ако не сте ослепеле и оглувеле во меѓувреме, увидовте дека „стратегијата“ за „еден е изборот“ и „тактиката“ на смкнати гаќи кон секој што има американски или британско-германски пасош не само што не даде никаков позитивен резултат, ами напротив. Ниската точка на топење на македонските политичари не е никаква мудра политика, туку фиксно утврдена цена за курвање на сметка на македонскиот народ. Вие сите, без исклучок, не сте драгоцени како килибарот (и тој има ниска точка на топење) за да ве чуваме како народно богатство. Без своја вина, македонскиот народ стана жртва на сопствените политички избраници. Ако сме виновни, виновни сме што верувавме на зборовите, а не на делата. Затоа сега не веруваме никому. Ние господине Иванов се срамиме од секој од вас. И решивме токму на 30 септември да ви покажеме црвен картон. Шут карта. Ние како народ, успешно ја пресретнавме намерата на евроатланските фашисти да ни го наметнат товарот на безвременска вина дека самите доброволно сме решиле да се избришеме од регистарот на живи народи. Вие со Вашиот фасцинантен државнички настап на овогодишното заседание на генералното собрание на ООН речиси се искупивте пред народот и македонската историја. За тоа ви благодариме.Но, сега кога квислиншката хунта „фура“ процедура за промена на Уставот во полза на мафијашкиот „преспански диктат“ со гангстерски избоксувано мнозинство, јавно Ве прашувам што правите Вие? Мислите ли оти констатацијата „македонската историја не може да биде фус нота во нечија друга историја“ е државнички ангажман? Јас мислам дека самиот си ги запишувате мудрите мисли кои идните генерации ќе ги цитираат како историски маркери. Е, ама има тука една зафрканција. Ничија суета не станува сама посебе историска референца. Зборовите преточени во дејство добиваат на историска тежина. И кај Магбет, и кај Хамлет и кај Ричард Трети.Затоа, од мое, но и од името на загрижените Македонци, Ви предлагам итно да се вклучите во куплерајот во окупираното собрание под работно име „уставни амандмани“ оти за тоа уставно сте овластени. Влезете во играта како вистински Византиец и „виетнамски“ растурете ги ко бугарско собрание цијашкиве импланти и од лево и од десно и од цик-цак „центарот“. Предложете еден единствен амандман кои би гласел: Името Република Македонија е непроменливо!  И пуштете потоа да тече дискусијата внатре, а народот да дејствува од надвор. Е ваква „асиметрична“ игра може да им ги растури плановите на „патриотите од ДПМНЕ“ да пројдат како конструктивна опозиција на фашистичка инсталација додека заевистичко-балистичкото дувло да се протне низ нова сеопфатна „амнестија“ за злостори против државата и против цел еден народ.Јас кажав еднаш. Ние Македонците не ги признаваме долговите сторени на наша сметка! Не прашавте и двапати на референдум ви кажавме: Ни име, ни држава не продаваме! Обете не се сопственост на една генерација а најмалку се имот на неколку дузини неодговорни и корумпирани политичари. Шлус! Покажете се! Бидете со македонскиот народ и за Македонскиот народ!Пишува: Мирка Велиновска за Дудинка.орг

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-5

Уапсен командир на МВР

Секторот за внатрешни работи  Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава  против лицето Л.Ј. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Пријавениот во својство на службено лице - вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како командир на шумска полиција – Битола  во периодот од 08.10.2018. година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати побарал поткуп од лице од Демир Хисар, против кое од  страна на пријавениот во својство на службено лице командир на шумска полиција – Битола е поднесена прекршочна пријава по чл.69 од Закон за шуми. Л.Ј. прво побарал поткуп  од осумнаесет метри кубни  дрва или 40.000 денари пари за подоцна истиот да продолжи да бара поткуп од 30.000 денари пари, притоа ветувајќи му дека ќе ја отфрли пријавата на судењето закажано за 26.10.2018 година. Пријавителот за таа цел, според барањата на Л.Ј., требало да му исплати 20.000 денари пред судењето и 10.000 денари после судењето, откако ќе биде отфрлена пријавата“, рече Ангеловски.На 19.10.2018 година, лицето од кое се барал поткупот  го пријавило настанот во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола,  за што веднаш е известено ОЈО Битола и преземени се соодветни мерки и активности.„На 26.10.2018 година околу 13:50 часот  во просториите на Основен суд Битола, Л.Ј. е лишен од слобода веднаш откако примил поткуп од пријавителот. Извршен е личен претрес и кај него се пронајдени 10 банкноти во апоени од 2000 денари, кои претходно од страна на ПС од СВР Битола беа фотографирани и документирани. Од страна на Судија на претходна постапка  од Основен суд Битола на Л.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Борбата со корупцијата е приоритет број еден за Министерството за внатрешни работи. Законите важат еднакво за сите. МВР продолжува да работи во служба на граѓаните“, потенцира Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Центар ја отстрани дивоградбата на скопското Кале

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале.„Импровизираното градилиште претходно, на 18-ти септември, беше затворено од страна на општината, а на инвеститорот му беше наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапи по решението и продолжи со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на истата.Инвеститорот гради градба без поседување ниедна дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале“, велат од општината.Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат законите и правилата за градба, како и да се придржуваат кон законските процедури за изградба на објекти.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Tри лица нападнале полицаец во Тетово

Три лица во Тетово се уапсени откако претходно нападнале полицаец. Според информациите на МВР, вчера во 17 часот од страна на двајца полициски службеници, во Тетово на кружен тек, во редовна сообраќајна контрола бил стопиран автомобил „шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од Р.Ќ (41) од село Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија.Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р. И(29) од с.Слатино, Б. Ш(25) од село Слатино. Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале.Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Топ 5 професии за следните 5 години

Проширувањето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на трудот, пред сè со укинувањето на мануелните работи кои во иднина ќе може да ги извршуваат машини. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на свеста кај луѓето за потребата од човечката креативност и посебни вештини.CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст кај вработувањата ќе се оствари во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.Меѓу добро платените занимања најбарани ќе бидат сметководител(к)ите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Исто така ќе има зголемена побарувачка за наставниц(чк)и, истражувач(к)и на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатер(к)и.Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувач(к)и. Голема ќе биде побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвач(к)и, негувател(к)и, работници во обезбедување и рецепционер(к)и.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања