7 год.
daniela_rangelova1

Рангелова за ВМРО-ДПМНЕ: Ни треба разум и храброст, а не очај и паника

„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!“, напиша пратеничката Даниела Рангелова на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/236729489819716/posts/1154922164667106/„Проевроатлански ориентирано а не изолирано!Ни треба разум и храброст а не очај и паника!Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!Ни треба зајакнување а не недоверба!Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!Честит 23ти Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба!“, додава таа во објавата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски: Историското ВМРО од сите искушенија излегувало посилно, похрабро и поодлучно

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил упати честитка по повод денешниот празник.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1091791177663007/?type=3&theater„Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitko-janev

Митко Јанчев: Мицкоски и Николовски да ми се извинат, во спротивно ќе ги тужам!

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и довчерашен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, побара јавно извинување од страна на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и портпаролот Александар Николовски.Тој е реагира поради обвинувањата кон него кои Николовски ги изнесе на вчерашната прес – конференција, и тврди дека се неосновани, а односот на Мицкоски и Николовски, крајно непрофесионален. Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на Јанчев.-На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но и лично како индивидуа. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК даде предлог за мое разрешување од функцијата потпретседател.Како лидер на најголемата политичка партија во Република Македонија му доликува разрешувањето од функцијата потпретседател да го води крајно професионално па дури и да упати благодарност до мене за моите досегашни вложувања во партијата, но уште поважно да ја почитува функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ која од досега сработеното носи само успех најмногу за Општина Кавадарци но и за ВМРО-ДПМНЕ.Напротив на вчерашната прес-конференција од г-дин Александар Николовски кон мене беа упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков. Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Христијан Мицковски и Александар Николовски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување и од г-дин Христијан Мицковски и од г-дин Александар Николовски. Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.Различниот став и различното размислување во една нормална модерна партија треба да бидат прифатени, дискутирани и потоа заеднички да се најде вистинскиот пат, но тоа не е случај и со ВМРО-ДПМНЕ. Моето залагање за партијата ќе продолжи со сите мои способности и целосна професионална посветеност. Различните ставови во една партија и почитувањето на истите можат само да водат кон прогрес и плодна почва за развивање на дискусии и создавање на темели за партија која ќе се движи кон посветла иднина. Мојата почит кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ е голема и ќе продолжам гордо како Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да дејствувам во интерес на граѓаните – потенцира Јанчев.https://www.facebook.com/MitkoJanchev/posts/2283647995192582?__xts__[0]=68.ARDgScVphVCsA3fcvHtB0rvx6Wjppvlev147IOQzqhuGdT9FGcznjAdlKREKuLRsZuOKNaomqo4hrlGtVCqjA-HLwKK0oruFyiteK8YwCzNJX1IoAFI8ObbLAFprxO5Zdw2wi7ByBb4khnvfmkZ5Qdma0kVbC8HnZy2shVpkAjN20lDr0yFoMUa8tn1tq2pXRpKQmEbHVDE50hEtj6NMq7A&__tn__=-RЦК на ВМРО ДПМНЕ вчера со тајно гласање го разреши Јанчев, но ги исклучи од партијата и Никола Тодоров и Сашо Мијалков. На социјалните мрежи кавадаречкиот градоначалник добива поддршка од граѓаните, но и пораки дека се задоволни од начинот на кој ја извршува својата функција, без оглед на разрешувањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-todorov

Тодоров е разочаран: Денот на ВМРО го дочекав во тага

„Денот на Македонската револуционерна борба, за мене ден на ВМРО, оваа 2018 година го дочекав со голема тага и разочараност. Но, не од фактот што е даден предлог за мое исклучување од партијата на која и го посветив мојот живот и мојата младост, на која со мојата напорна работа, многу самoжртва и посветеност заедно со соборците од општинските, месните комитети и кимовите, и донесовме многу победи и причини за славење. Не, тоа не е причината за мојата разочараност, бидејќи знам дека не ме исклучија и не можат да ме исклучат од мојата партија“, напиша на својот фејсбук профил поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.https://www.facebook.com/TodorovNikola/posts/2197510540283621?__xts__[0]=68.ARCSyzHt8qtysDsmrgraim24_7t09mtY2TvgldFJ9kzUAX3mI76c6yaLeFjnDvCiegpDKTan35lvmZ8N4kj7L3gTwW6NBp0eu1OEQKLw2PhI2gaUjWuD3UORldt63dzFXvy-gvbeU5gNDaBMQFUoDWx-v1N186RLU5ggf1bzP5uYmKR21pkweKtD6b-zJfIcv0ZUG8uaGHhuDF3xqofBpk4&__tn__=K-RМе исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти - ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција. ВМРО преживеала и поминала многу, ќе ги преживее и нив. За разлика од нивната фракција, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ е Европска, модерна, центар-десна партија, во која искрено членуваат македонски родољуби, интелектуалци, работници, домаќини луѓе, народот. Македонскиот народ. Напатениот и илјада пати злоупотребениот и изневерен македонски народ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата е со ограничен мандат, не повеќе од 8 години(два мандата), унијата на жени е почитувана организација која обезбедува целосна рамноправност помеѓу мажите и жените во управувањето со партијата со најмалку 40% учество на сите нивоа на управување, од конгресот на партијата па до секој КИМ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ постапката за избор на нов претседател на партијата почнува најмалку 9 месеци, а најмногу 1 година пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, со далеку поголем број на делегати и со сериозно поголема застапеност на УМС, УЖ и Унија на ветерани на конгресот, и со поголема партиципација на општинските комитети, односно со делегирање на 1 делегат на секои 250 членови. Општинските комитети самите ги бираат делегатите, бидејќи е нелогично и недемокртски нив да ги поставува претседателот на партијата, а тие потоа да го бираат него. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ УМС има најмалку 3 претставници во ИК, и е евро-атлантски ориентирана(како што и беше, а знам дека и сега е). Унијата на ветерани е мудроста и чувар на вистинската вмровската доктрина и е застапено со тројца преставници во ИК. Поранешниот претседател не може веднаш да биде прогласен за почесен, туку тоа може да се направи по најмалку 8 години по неговата смена. Во мојата ВМРО, забранет е непотизмот и забрането е раководството од ОК и ИК да си ги вработат сите роднини во државната администрација, или да си ги постават на високи партиски или државни функции. Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија. Како што кажав мојата ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум сеуште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ и никој, никој не може да ме исклучи од мојата партија.Семејството, државата и партијата ми се најважните.Нека е честит денот на македонската револуционерна борба,Да живее ВМРО-ДПМНЕ,Да живее Македонија„ напиша Тодоров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kunovdks

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ

„Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО. Моите омилени колумнисти и новинари се фокусирани на исклучувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ како одраз на едно неподносливо отсуство на демократски капацитет за поинакво, различно мислење. Исклучувањата во сегашната опозиција се направија со еден единствен состанок на Извршен во еден ден“, се огласи на Фејсбук Софија Куновска.https://www.facebook.com/skunovska/posts/10156896570541812„По тој повод не знам дали смеам да потсетам а да не бидам анатемисана, дека и СДСМ не е вакцинирана од истатата појава но единсвената разлика е што дејствува само малку поелегантно. Но навистина, многу малку поелегантно. При десетици живи сведоци, жртви на елиминација, највисокото раководство на СДСМ не се либи да го критикува својот политички конкурент за нетолеранција кон инакумислечките.И ако случајно некој се прашува, тоа е одговорот зошто во првите редови недостигаат многу умни и искусни борци, пред се личности, од редовите на СДСМ. И нека не знам многу за нив, иако знам, но за себе сигурно знам, дека различното мислење во два-три наврати, “скапо” го платив.Мојата реакција за прославата на една приватна компанија во новиот стар театар за што челниците на СДСМ се правдаа со партиско соопштение , спротиставувањето да гласам за Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни во Пржинската влада, несогласувањето Лиле ДОМ да биде дел од пратеничките листи, беа доволна причина за моја елегантна елиминација. Промената на Статутот на партијата за да може “шефот” да именува локални претседатели на општински организации (а не како порано да бидат избирани од членството на соодветна конференција), познато како ВМРОИЗАЦИЈА на СДСМ е уште пострашна приказна за која исто така не пропуштив жестоко да реагирам. Контрареакциите беа еднакво брутални како овие во ДПМНЕ.Па мислете си вие дека е нешто различно ваму или таму.И да се разбереме, не жалам за ниту една своја постапка и не се жалам што денес сум надвор од играта. Моите различни ставови беа свесно изразени и подготвена бев за “цената“ затоа што верував и верувам во прогрес на нашата држава доколку неа ја водат луѓе со интегритет, храброст и верба во вредности. Во спротивно го имаме ова што го имаме.А кога сме кај Скопје 2014 и гласањето на Канческа за отворање на постапката за измена на Уставот, пристојно е сите ние да се запрашаме дали со ова е легализирана најголемата идеолошка пералница на народните пари.Смеам ли јавно да го запрашам премиерот на РМ дали е подготвен бројчаникот на Триумфалната капија да го стартува од минус една милијарда или и тој и неговите лојалисти и понатаму немушто ќе не убедуваат дека гласањето нема да го загрози владеењето на правото и борбата против корупцијата, како европски вредности?Не за друго, туку просто боли тоа Скопје 2014 затоа што заради него прскокнувавме полициски барикади, бев една од нагласните или највокалните, верно ги бранев ставовите на мојата партија, се изложив на многу непријаности од тогашниот режим кој цутеше во својот зенит, вложив многу енергија и во Советот на Град Скопје и во Собранието како пратеник, а денес сведочам на бришењето на задникот со сето тоа од страна на моите сопартијци.Ниту оградата околу Влада не е помрдната а камо ли нешто повеќе. Толку од вредностите и заедничката борба, засега. Но, она што можеме веднаш и е здраво за сите нас, е со ист аршин да ги мериме работите на двете страни. И за демократски капацитет и за чесност и за принципиелност“, стои во објавата на Куновска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44329380_2208483799430265_2150457367391633408_o

Охридските екологисти ставени под медиумско ембарго?

Никој не го слуша крикот на екологистите од Охрид и веќе трет ден во локалните медиуми нема ни збор за објавата на „Охрид СОС“ кои на Фејсбук обелоденија скандал со депонирање на градежен шут и материјал во срцето на Студенчишко Блато кое е заштитена зона на ендемска флора и фауна.За овој скандал деновиве ќе треба да се произнесат и централната и локалната власт.Интегрално го објавуваме постот на Охрид СОС:ДЕПОНЕНТИДодека Општина Охрид и Ohridski Komunalec по медиумите се фалат дека комплетно ја исчистиле дивата депонија кај локалитетот Мауцкер, никој од нив не сака со жителите на општината, со своите сограѓани да сподели дека на другата страна на градот, во изолиран појас, најистурен дел од Студенчишко Блато, за жал отсечен со изградбата на неколку локални улици кои ја спојуваат главната сообраќајница и рекреативната патека, но сепак со флора и фауна типична за блатни екосистеми, се депонираат огромни количини земја, градежен шут, и локалитетот од ден на ден енормно се шири.Некој свесно уништува природно живеалиште, за одредена цел. Иако тука има и приватни парцели, помеѓу нив има и државно земјиште. Кој одобрил, кој дозволува или кој замижува за овие активности? Овие ли се приоритетите на Проф. д-р Јован Стојаноски - Градоначалник на општина Охрид? Сега на оваа локација, утре каде? Претходно, недалеку оттука, се исекоа десетици стари стебла, и сè уште ниедна институција не се прогласи за надлежна, односно не се дозна кој дал одобрение за сеча. За таква транспарентност баравте мандат?По сè изгледа, Горица е новото градежно Елдорадо, целиот овој зелен појас е на мета на урбаната мафија, на сопствениците на имоти, на инвеститорите, на локалната самоуправа. Секој со својот интерес и пресметка. Тоа се виде и на последната „јавна расправа“ во општинската зграда, каде сакаше да се протурка т.н. Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ за дел од ТК Горица, плански опфат 2 во КО Охрид 4, Општина Охрид. Изготвувач беше консултантската куќа „Енвиро ресурси“, истите оние кои подготвуваа вакви нацрти и за ТРЗ Љубаништа, оној мегаломански проект на Субрата Рој.Нова власт, исти навики, исти постапки. Дали е ова таа Европска Македонија, за која толку се залагате? Ако сте за узурпација, за уништување, за бетонирање, зошто не сте барем искрени кон јавноста, кон UNESCO, дека ви е помила парата и личната корист отколку статусот на природно и културно наследство? До кога ќе се тера ова лицемерие, овие тајни операции, оваа манипулација на јавноста дека никој ништо не знае или дека не е надлежен? 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Skopje_-_Ministry_of_Foreign_Affairs_of_Macedonia

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собранието на Република Македонија.„Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги смета наводите во коментарот како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Република Македонија и за сите нејзини граѓани. Пратениците во Собранието на Република Македонија, со целосно почитување на сите демократски принципи и предвидената парламентарна процедура, донесоа одлука која ги рефлектира децениските заложби на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како стратешки приоритети за кои постои најширок можен општествен консензус, а што добро им е познато и на нашите руски пријатели“ се наведува во реакцијата на МНР.Од Министерството за надворешни работи потенцираат дека, останувајќи посветена на евро-атлантската интеграција, Република Македонија и во иднина ќе се залага за развивање и унапредување на односите и со Руската Федерација, врз основа на традицоналното пријателство на нашите народи, како и меѓусебното почитување и уважување на правото на самостоен и слободен избор на сопствената иднина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

ГДУ: Денот на Македонската Револуционерна Борба е потсетник за еден сон

„Денот на Македонската Револуционерна Борба е потсетник за еден сон, сон кој го гледаме безмалку на секоја стара фотографија во нашите домови, сон упорно сонуван од генерации пред нас. Имаме обврска да си спомнеме за тие сонувачи, за знајните и незнајните кои упорно, со генерации веруваа во слободата, во правдата, во Независна Македонија.Посакувам и ние денеска со истиот жар да веруваме во слободата, да се бориме за правдата и да ја сакаме Независна Македонија. Посакувам да ја имаме таа енергија која секому од нас му дава сила да ги води своите борби. Ви посакувам секогаш да победувате во борбите,да го совладувате секој предизвик во животот и нека ни е честит Денот на Македонската Револуционерна Борба“, се вели во соопштението на Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_2824

(ВИДЕО) Владина делегација положи цвеќе во чест на 23 Октомври

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима за домашните компании, Зоран Шапуриќ, во чест на празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври”, положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.Во составот на Владината делегација беа и Националниот координатор во Владата на Република Македонија за здруженијата на бранители, Стојанче Ангелов и Драган Василевски, советник за одбрана на Премиерот на Владата на Република Македонија.Во честитката до граѓаните, министерот Шапуриќ подвлече дека „Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври“ нè обврзува заеднички да ги водиме нашите идни битки – за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија.Истакнувајќи ја храброста на нашите револуционери, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, министерот подвлече дека македонскиот народ низ историјата секогаш бил определен кон западно-европските цивилизациски вредности и порача дека наша должност е да продолжиме по тој пат, патот кон НАТО и ЕУ.Во чест на 23 Октомври – Денот на националната борба, денот кога во 1893-та година во Солун беше основана Македонската револуционерна организација (МРО), на споменикот на Гоце Делчев, симболот на македонската револуционерна борба, положија цвеќе и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на РМ, на АРМ, на Сојузот на борците на РМ, како и претставници на МАНУ, на УКИМ, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Делегација на ДОМ положи цвеќе по повод 23 Октомври

По повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација на ДОМ во состав Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за подршка и развој на туризмот, Слаѓана Стаменкова Томиќ претседателка на Комисијата за животна средина и Анета Поповска од општинската организација на Тетово, положија свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
b9834986-resize-820x0x100

ВМРО-Народна го честиташе 23 Октомври

ВМРО-Народна партија упатува честитка до целата нација по повод празникот Денот на Македонската револуционерна борба и 125 години постоење на ВМРО.„Овој историски ден всушност ја отсликува непрекинатата борба на Македонскиот народ која пренесена во континуитет продолжува и денеска со стремежот за економско воздигнување, унапредување на човековите права, благосостојба но и зачувување на ова парче земја односно стремежот за безбеден и сигурен живот во Македонија.Со остварувањето на вековниот сон кој како дел од Уставот на македонските револуционери, Македонија – независна и суверена држава, се остваруваат и идеалите на нашите предци, но и идеалот на новите генерации, да ја видат Македонија како дел од големото Европско семејство и НАТО алијансата. Нека е за многу години и нека е вечна организацијата!“ се наведува во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Член на ВМРО-ДПМНЕ: Немаше странски служби, прислушуваше Мијалков

Член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за НОВА изјави дека “немало никакви странски служби, не прислушуваше Мијалков”.На вчерашната седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ најдраматичен момент, според извори на НОВА, била иницијативата за предлогот ОК да го исклучи од членство во партијата Сашо Мијалков. Иницијативата ја поднел потпретседателот на партијата Александар Николовски кој истапил со став дека партијата мора да расчисти со “материјалистите” за да се врати на идеалите на партијата а со тоа да им се овозможи и делување на “идеалистите”, вели член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ кој побара анонимност.Николовски, според истиот извор, во своето излагање по иницијативата навел повеќе информации околу тоа како Мијалков профитирал финансиски благодарејќи на привилегиите кои му ги овозможила партијата. Николовски навел дека партијата за негови лични интереси десетици пати гласала за промена на закони кои биле единствено во служба на задоволување на лукративните интереси на Мијалков.На нашето прашање околу ставот на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за улогата на Груевски за сите обвинувања на сметка на Мијалков, нашиот извор нагласи дека во врска со тоа ќе се произнесат наскоро.Николовски во своето излагање исто така нагласил дека партијата претрпела огромни штети поради тоа што, како што рекол Николовски, Мијалков а не странски служби, го вршеле прислушувањето при што најголем дел од прислушуваните се членови на ВМРО ДПМНЕ. Николовски во своето обраќање исто така го обвинил Мијалков дека тој физички му се заканувал на пратеникот Муковски за да го принуди да гласа за поддршка на уставните измени.Иницијативата на потпретседателот Николовски била прифатена едногласно. Што се однесува до исклучувањето на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров тој, како што велат нашите извори од ЦК на ВМРО ДПМНЕ, бил обвинет за непринципиелна соработка со политичките противници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев: Учиме од историјата, чекориме силно и храбро кон иднината

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, со порака сите идни предизвици – за мир, стабилност, подобар живот во Македонија, да ги водиме заеднички.„Храброста на дејците на македонската револуционерна борба, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, е мотивот кој не води секој ден на патот Република Македонија да ја исправиме пред светот како достоинствена во нејзиното единство и во остварувањето на државните цели. Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации“, пишува во честитката на премиерот Заев, во која уште упатува повик да чекориме цврсто и одлучно кон европското семејство заедно, затоа што изолација никогаш не носи ништо добро.„Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, како што се стремеа и основоположниците на македонската револуционерна борба, и држава на која ќе бидеме горди, вложувајќи се себеси, како што се вложуваа плејадата учесници во создавањето на нашата државност“, се вели во честитката на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi-vo-cheska-so-princot-karel-shvarcenberg

Џафери се сретна со принцот Карел Шварценберг

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со принцот Карел Шварценберг, заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика. На средбата присуствуваше и Јан Липавски, заменик-претседател на Комисијата за одбрана во Домот на пратеници во Парламентот на Чешката Република и пратеници членови на Комисијата.Принцот Шварценберг го поздрави започнувањето на процесот на уставните измени. Тој истакна дека секогаш го оценувал спорот меѓу двете земји како крајно бесмислен, кој само го отежнува процесот на стабилизација на регионот. За Република Македонија тоа значеше застој од речиси три децении, време кое неповратно помина, но сегашните позитивни поместувања даваат надеж дека ќе се направи силен исчекор во евроатлантската интеграција. Чешката Република силно ги поддржува аспирациите на Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО, место кое природно ѝ припаѓа.Претседателот Џафери изрази голема благодарност за силната чешка поддршка и за искреното и децениско пријателство. Со изгласувањето на потребата од измена на Уставот на Република Македонија покажаа дека поголем дел од пратениците имаат висока државничка свест за стратешките државни приоритети, издигнувајќи се над партиските интереси. Поканата за членство во НАТО и добивањето датум за преговори претставуваат видливи резултати на правилна политика и јасен сигнал за натамошните активности на тој план.Претседателката на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Чешкиот парламент, Јагода Шахпаска, посочи дека верува во градењето на мостови на пријателство, преку примерот на соработка меѓу парламентите на Република Македонија и Чешката Република.Пратеничката Владанка Авировиќ ги запозна домаќините со идните чекори во постапката за измена на Уставот, заедничко изнаоѓање на најсоодветни концепти за подобрување на текстот на уставните амандмани, со цел имплементација на Договорот.Беше истакнато дека особено се почитува високо професионалниот ангажман на чешките полицијаци, кои заедно со македонските полицајци патролираат на јужната граница и секојдневно спречуваат обиди за илегален влез на мигранти.Соговорниците споделија уверувања за интензивирање на билатералната меѓупарламентарна соработка, особено меѓу пратеничките групи за соработка и ресорни комисии, во функција на споделување на чешките искуства во евроатлантските интеграции.Во рамките на официјалната посетата, претседателот .Џафери оствари и протоколарни средби со Војтех Филип, заменик-спикер на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република и со Милан Штех, претседател на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, на кои беа разменети мислења за политичката состојба во двете држави и за начините за унапредување на билатералната соработка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата од улицата “Аминта Трети“ со улицата “Коста Кирков“ во Скопје.Сообраќајката се случила помеѓу “Пежо 307“ управуван од Г.Љ.(25) од Скопје и “Фолксваген Голф“ управуван од С.Ј.(29) од с.Глумово-скопско.Во незгодата со повреди се здобиле возачот С.Ј. и сопатникот од истото возило Б.С.(27) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар на С.Ј. му биле констатирани телесни повреди, додека на Б.С. му биле констатирани тешки телесни повреди.Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Автомобил удрил во 74-годишен тетовец

Автомобил „Рено Клио“ вчера попладнето во Тетово удрило во 74-годиешен тетовец. Возилот го управувал 44-годишниот Д.Т. од с.Сараќино.Пешакот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skolo-4

Кисела Вода ќе го плаќа обезбедувањето во училиштата

Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно, како што информираат од општината, оваа обврска била на товар на родителите.„Преземањето на оваа обврска од страна на Општината има за цел намалување на трошоците на училиштата и искористување на средствата во други цели кои ќе овозможат подобрување на условите за учениците и вработените во истите“ се наведува во соопштението.Од таму известуваат дека локалната самоуправа по претходно спровдена постапка за јавни набавки, ја избрала Агенцијата за обезбедување „Бранител“, која, како што појаснуваат, од вчера па се до истекувањето на договорот до 31.08.2019 година ќе врши 24 часовно обезбедување на објектите.Благодетите од обезбедувањето во сите 13 училишни објекти (централни и подрачни) ќе ги уживаат вкупно 5280 ученици, како и вработените во нив. Физичкото обезбедување од понеделник до петок, во временскиот период од 07:00 – 17:00 часот ќе го врши по едно лице во објект. Додека, за време на викендите, во сабота и недела, во периодот од 00:00 -24:00 на објектите ќе се врши патролно обезбедување со минимум 10 обиколки на растојание  од минимум два часа. Покрај ова, објектите ќе бидат безбедни и во периодот на зимскиот и летниот распуст на учениците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тешко повреден работник кој паднал од машина „валјак“

Триесетидевет годишен работник од Гостивар е тешко повреден откако на каменоломот покрај магистралниот пат Гостивар-Маврово, при качување на работна машина „валјак“ во камион, во еден момент работната машина се навалила при што истиот паднал и се здобил со фрактура на пршлен.Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Николовски: Додека ВМРО-ДПМНЕ одеше во опозиција, Мијалков се грижеше за тоа како да го зголеми капиталот

Извор на порталот, кој присуствал на седницата, вели дека еден од позвучните говори го имал потпретседателот Александар Николоски кој истакнал дека потребно е да се стави крај со матното минато на партијата и луѓето кои се најодговорни за тоа.Николоски рекол дека има луѓе кои се материјалисти и идеалисти. И додека едни се бореле за идеали за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, други се бореле за зголемување на своето лично богатство, и заштита на својот капитал.-Додека ВМРО-ДПМНЕ се соочуваше со тешки моменти, одење во опозиција лица како Сашо Мијалков во исто време го зголемуваа својот капитал, добиваа удел во хотел, променуваа сопственост во земјоделски задруги, формираа компании и акции во банки. И практично се доведе во ситуација едните да се бориме да го одржиме ВМРО-ДПМНЕ на власт затоа што силно верувавме дека постојат идеали, и дека се соочуваме со зло како СДСМ и Заев а тие другите се бореа за власт само да го заштитат своето лично богатство и личен комодитет и затоа прават се сега за да себе си се заштитат вклучително и коалиции со оние против кои ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори, СДСМ, рекол Николоски, пренесе ЛИДЕР.Целата анализа, почитајте ја на ЛИДЕР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Иванов: Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги мрази поткупливите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.„Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел. Пред точно 125 години неколкумина храбри Македонци го формираа Македонскиот револуционерен комитет кој на народот му даде надеж дека со свои сопствени сили може да биде свој на своето. Неброени македонски патриоти ги положија своите животи за остварување на овој идеал.Денес, нивниот сон за слободна и независна Македонија е реалност. Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна и независна држава Република Македонија да биде обезличена.Во речиси сите одлучувачки моменти од нашата историја, народот носел мудра одлука. Така беше и овој пат. На референдумот одржан на 30 септември народот со негласање јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно на волјата на народот.Потребна е храброст за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата. Храброст што им овозможи на македонските револуционери и борци да го остварат својот сон.Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги презира страшливите и поткупливите. Без почит кон минатото, без свој идентитет и самосвест ниту има просперитетна сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија.Затоа, да не ја губиме надежта и љубовта кон Република Македонија, бидејќи само како суверена и независна држава таа ќе биде заштитник на нашата слобода и нашето човечко достоинство.Нека ни е за многу години Денот на македонската револуционерна борба.Да живее Република Македонија!

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања